ГЕРОСКИ ВОДИ МАЛКУ СМЕТКА ЗА ОБРАЗОТ АКО МИСЛИШ ДЕКА ГО ИМАШ, РЕШИ ИМА ИЛИ НЕМА УДБА

 

Jордан Петровски 15.02.2017

Героски во колумна објавена деновиве пишува дека во Македонија сеуште постои УДБа!! Па дури и опнал наслов на негов текст: "Удбашка платформа за разнебитување на Македонија"!! До вчера Героски за тие, меѓу кои сум и јас, а кои говореа дека УДБа е жива и здрава, Героски велеше дека сме параниоци , теоретичари на завери и сл. Е сега што правиме и тој дојде во наше друштво? Героски сега јасно и гласно без срам и перде вели дека УДБа била, и, е жива и здрава сите овие 26 години, време за кое Героски не убедуваше дека се години во кои Македонија е Самостојна држава, а била Демократска држава само во времињата кога СДСМ бил на власт, односно кога Владе Милчин со соросоидните платеници ја креирал политиката на владата на РМ!! Значи според новокмпонираниот параноик Героски, УДБа не "умрела" во ноември 1991 година, значи УДБа не умрела ниту во септември 1992 година, кога со кршења на Уставот од страна на Глигоров, СДСМ ја доби можноста да ја убие УДБа. Ама СДСМ наместо да ја убие УДБа само ја превзеде улогата на Глигоров за исполнување на задачите на УДБа!! Па така човекот кој беше секретар на Форумот за човекови права и кој напиша во Уставот дека нема да има прислушкување и следење без налог на суд, на слово ја "уби" УДБа и ја исфрли главната алатка за држење на власта во нејзини раце, злупотребата на ДБК, откако стана министер во МеВеРето како да реинкарнира во него Ранковиќ па заборави што напишал во Уставот!!

Героски од моментот кога почна да се заговара лустрација во Македонија потроши тони и тони хартија, цистерни со мастило, тера бајти интернет простор да не убеди во мантрата на неговиот мил дародавец Милчин, кој за да си ја спаси сопствената кожа заради соработка со УДБа а со тоа и да и обезбеди опстанок на истата, правеше се, се разбира со максимална медиумска подршка од неговите платеници, да нема лустрација според Резолуциите на Советот на Европа.

Па Милчин отиде дотаму што со притисок преку неговите платеници во медиумите и НВОата го натера и Уставниот суд, во кршење на Уставот на членот 17 со прифаќање на "мислењето" на Милчин дека прислушкувањето за потребите на Владите е Уставно. Што правиме Героски, што за ова си молчел, како да "ниси из ту"!! Си молчел, а од друга страна си бил меѓу погласните во подршка на делото на Мичлин со кое се обезбедувало опстанок на УДБа, а од друга страна се удираш во гради дека си бил објективен, вистинољубив новинар.

Read 1187 times