ИЗНЕНАДУВАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ВЛАДА КЕ БИДЕ ПРЕСЕДАНОТ КОЈ ГО НАПРАВИ ГЛИГОРОВ

Јордан Петровски 20.12.2016

Да потсетам, 1991 година , после првите повекепартиски парламентарни избори, председателот Киро Глигоров не го доделии мандатот на ПОБЕДНИЧКАТА ПАРТИЈА, ВМРО ДПМНЕ. Глигоров кршејки го Уставот се постави во улога на арбитар а не собранието, за тоа каков треба да биде мандатарот.

СЕГА: Господине Андов, многу контроверзи предизвика Вашето тврдење во неделникот “Фокус”, дека при создавањето на првата македонска влада, под влијание на Белград, Киро Глигоров ги одбил кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за премиер. Во интервју за минатиот број на “Сега”, Глигоров ја отфрли Вашата теза и изјави дека одлучил да ги одбие кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие “не соодветствувале на неговата претстава за профилот и за квалификациите на еден премиер на влада пред која се исправени вонредно тешки задачи”. Да расчистиме најнапред една битна работа - имаше ли Глиоров уставно право да избира и да се води од своите субјективни мислења за кандидатите?

Андов: Не, немаше. Такво уставно право претседателот во Македонија нема. И по стариот Устав, по амандманите со кои беше иновиран, претседателот го немаше тоа право. Значи, Глигоров, 1991 година, во февруари и март, кога одлучуваше на кого ќе го даде мандатот, немаше право да се раководи од некоја негова престава “за профилот и квалификациите на еден премиер на влада пред која се исправени голем број на задачи”. Тој, едноставно, беше должен да го даде мандатот на личноста што ќе му биде предложена од партијата која на изборите добила најмногу пратеници, а тоа беше ВМРО-ДПМНЕ. Исклучиво на пратениците во Собранието им е дадено право да одлчучат дали ќе го изберат предложениот кандидат или пак тој нема да добие потребно мнозинство гласови. Според тоа, Глигоров во 1991 година, без оглед од што се раководел, го прекрши Уставот и, едноставно, ги третираше како непостоечки резултатите од повеќепартиските избори.

 

Бидејки на таквата одлука на Глигоров и Уставниот суд остана нем, не регираше за да ја поништи таквата одлука на Глигоров, тоа е правен преседан и секоја наредна таква одлука на било кој председател треба да биде прифатена.

Read 3801 times