И ЗА ВРЕМЕ НА СЕСТРА ДОСТИЌ БИЛЕ ВОДЕНИ ДОСИЕАТА !!

 Јордан Петровски 05.10.2016

Објавив текст дека досиеа се воделе во време на Павле Трајанов, мислејки дека решението за дерегистрација кое го имам е од последните дерегистрации ама не било така. Онаа народната кој на друг дупка му копа сам во неа упаѓа пак се покажа како многу точна. Имено глупациве од ДПМНЕ објавија документ од кој се гледа дека засега последната дерегистрација е направена на 05.06.2000 година!!
За да се' стане јасно докрај ке изнесам податоци за времетраењето на министерувањето на Трајанов и на Димовска.
Павле Трајанов е назначен за министер на 30. НОЕМВРИ 1998 година и министерувал се до реконструкцијата во ДЕКЕМВРИ 1999 година.

На 27 ДЕКЕМВРИ 1999 година, Доста Димовска е именувана за министер на МВР.
Значи досиеата не се водени само во време на Трајанов туку се водени и во времето на Доста Димовска. Филип и дружината сакаат да си ја заштитат менторката ама ја закопаа и таа да ти била за лустрација!!

Read 609 times