ЛАЖЕШ ЗОРАНЕ


ЛАЖЕШ ЗОРАНЕ

 

 
Шефот на Општина Куманово –Дамјановски дооел вчера за прв пат излезе со изјава околу трагичниот настан.
Во негов стил,излегува пред јавноста и бидејќи е скаран со вистината, лаже.
За неговата изјава за 24Вести, можам да кажам само едно, лажеш Зоране.
Но одиме со ред.
Прво, од почит кон семејството Тодоровски немам намера за овој трагичен настан да пишувам долги фељтони со месеци, туку во наредниот текст, после овој, ќе ги презентирам сите докази што ги имам.
Се на релација, Друштво за градежништво АДА ЗОРАН ДООЕЛ, Кирчо Тодоровски –Зоран Дамјановски– ИК Банка–Комерцијална банка–ФЗЦ–Бониер.
Се, не чаршиски муабети, туку материјални докази.
А повод за овој текст е срамната изјава на на градоначалникот во заминување за 24Вести.
Тој вели:
 „Се надевам дека истрагата ќе покаже кои се мотивите и зошто ова се случило. Уште еднаш ќе потенцирам дека ми е многу жал за овој немил настан и сакам да кажам за јавноста дека Тодоровски не бил бизнис партнер во семејната фирма АДА. Тој беше менаџер до 2001 и  оттогаш немаме никаков контакт. Многу ми е жал, потенцирам и не сакам повеќе за тоа да давам изјави, а очекувам дека органите на истрагата ќе го дадат конечниот одговор“,
а за пишувањето на другите медиуми градоначалникот во заминување вели:
 „Единаесет години сум опозиција. Постојано сум изложен на големи притисоци и можеби тоа ме мотивираше уште повеќе да работам и да ги покажам моите заложби за мојот град“
Ајде море, секоја критика за него и неговата весела тајфа е притисок или прогон.
Но,тоа е друга тема, да се вратиме на главната тема на овој текст.
За оваа прилика имам неколку нови прашања до градоначалникот во заминување Зоран Дамјановски, а некои едноставно морам да ги повторам.
 
1.  Ако починатиот Кирчо Тодоровски работел само како менаџер, тогаш по кој основ имал побарувања од фирмата
Друштво за градежништво АДА ЗОРАН ДООЕЛ во висина од 255 000 евра ?
 
2. Ако починатиот Кирчо Тодоровски работел само како менаџер зошто Зоран Дамјановски на судското порамнување од 05-03 2002  ГО ПРИЗНАВА ДОЛГОТ ОД 255 000 евра?
 
3. Ако починатиот Кирчо Тодоровски работел само како менаџер, зошто Кирчо Тодоровски и Зоран Дамјановски
на 12-04-2001, кај нотар ,ПОТПИШАЛЕ И ЗАВЕРИЛЕ ДОГОВОР ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ПРАВА И ОБВРСКИ НАСТАНАТИ ОД УКНИЖУВАЊЕ НА ЗАЛОЖНО ПРАВО, Р.БР. 746/96
 
4.Ако починатиот Кирчо Тодоровски работел само како менаџер,а не како нешто повеќе (ортак во фирмата, на пример )
дали може Зоран Дамјановски да објасни зошто во првиот член од горенаведениот договор пишува вака:
” Договарач, Зоран Дамјановски е сопственик на претпријатието ГП АДА-Куманово кое од Комерцијална банка АД-Скопје има подигнато паричен кредит за кој покрај имотот на претпријатието КАКО ГАРАНЦИЈА дека кредитот ќе биде вратен
Е ЗАЛОЖЕН ИМОТ НА МАЈКАТА НА ДОГОВАРАЧОТ Кирчо Тодоровски, и тоа стан на улица Васил Драгомански бр 2/2 со површина од 125 м2.
 
5.Во која фирма во Македонија, или било каде во светот менаџер на фирма заложува сопствен имот за кредит на својот работодавец?
А бе Зоране? Лажеш Зоране, лажеш !
 
6. Зоран Дамјановски да објасни, пред се од човечки аспект, а потоа и за она што се вика закон и ред,
дали е точно дека САМО ОСУМ ДЕНА по судското порамнување во кое тој и неговата фирма ГП АДА ДООЕЛ
ГО ПРИЗНАВААТ ДОЛГОТ кон Кирчо Тодоровски, и договараат начин на намирување на неговите побарувања,
фирмата Друштво за градежништво АДА ЗОРАН ДООЕЛ потпишала договор за продажба на сопствен недвижен имот, во време кога сметката на фирмата е блокирана и најважно од се …
ДАЛИ ПАРИТЕ ВО ИЗНОС ОД =4.568.650, 00 ДЕНАРИ СЕ ИСПЛАТЕНИ ВО КЕШ.
 
7.Дали починатиот Кирчо Тодоровски знаел за овие трансакции?

 

 
Наскоро многу работи ќе се разјаснат околу ликот и (не)делото на градоначалникот во заминување, Зоран од општината.
Не дека не го знаеме каква цвеќка е,едноставно неговиот неславен крај ќе дојде побрзо отколку што очекувавме.
 

ПРОДОЛЖУВА

Превземено од ПЛОШТАД

Read 627 times