ПО "ДЕСТРУКТИВЕЦ" ГО ДЕМАНТИРА ТРАЈАНОВ ПО "ЦРНИ" ГО ДЕМАНТИРА ДАШТЕВСКИ

Јордан Петровски 04.10.2016

На денешната промоција на едицијата на „Црните страници на УДБА – Историја што чека да биде откриена“, Александар Даштевски, еден од промоторите, говорејќи за следењата по осамостојувањето на Македонија во 1991 година, посочи дека овие активности продолжиле и во првите две години од доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ во 1998 година, кога министер за внатрешни работи беше Павле Трајанов, актуелен претседател на Демократскиот сојуз и пратеник во Собранието.

На нашето прашање за коментар, Трајанов ги негира ваквите тврдења и вели дека станува збор за „халуцинации“ на Даштевски, кој заедно со директорот на Државниот архив на Република Македонија, Филип Петровски, и со актерот и уметнички директор на Македонскито народен театар (МНТ), Тони Михајловски, денеска ја промовираше едицијата во Музејот на ВМРО.

– Тоа се халуцинации на лицето што го спомнавте. Кога јас станав министер за внатрешни работи, веднаш издадов наредба да прекинат сите вакви активности и следење лица од политички или идеолошки причини. Во тоа време, 99 осто на раководни позиции на службите во МВР беа луѓе на ВМРО-ДПМНЕ. Што се случувало по 2000 година не знам. Инаку, да имаше нешто такво, веднаш ќе ме лустрираа – ни изјави Трајанов.

 

Изјавата на Даштевски е точна. Досието на Блажо Стојановски ПО "ДЕСТРУКТИВЕЦ" било активно се до 21.01.2000 година ден кога е даден предлог за негова дерегистрација.

 

 

 

 

Убеден сум дека досиеа се водени и во времето кога министри биле Доста Димовска, Љубе Бошковски, дека СДБ прислушкувале излезе на видлина со аферата "ГОЛЕМОТОМ УВО"! Ако не дошло до промени на работата на СДБ во време на власт на ВМРО ДПМНЕ зар ке дошло во време на повтреоното враѓање на СДСМ на власт!!
За времето на оваа власт, власта на Груевски нетреба да се сомневаме дека се водат доисеа. Прислушкуваните материјали кои ги слушнавме се непобитна потврда за тоа.

 

 

Во своето обраќање на промоцијата, Даштевски реторички праша дали за овие случаи не треба Јавното обвинителство да поведе постапка против тие што давале наредби и ги спроведувале следењата.

 

Власта на Груевски нерможе без лага и обид вината, поточно попречувањето Јавното обвинителство да поведе постапка против тие што давале наредби и ги спроведувале следењата после 1991 година да си го симне од себе.
Даштевски како правник треба да знае дека сите дела, за оние за кои имаме докази, значи досиеа водени до 1998-2000 се застарени по сите основи, така да нема основ за било какво поведување постапка од ЈО.
Власта на Груевски, односно самиот Груевски воопшто немаше намера да дозволи да се поведе постапка против тие што давале наредби и ги спроведувале следењата ако го дозволил тоа Груески и Братучедите ке излезеше на видлина дека Јордан Мијалков ке мора да биде на листата на оние кои давале наредби да се следат членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ а со тоа ке паднеше во вода патриотизмот и ВМРТОВШТИНАТА на Јордан Мијалков!!  За тоа најдобро говори фактот што власта на Груевски не ја прифати препораката од Резолуцијата 1096 на советот на Европа содржана во член 7, препорака која ја анулираше застареноста.
Уште еден доказ дека власта на Груевски со умисла ја попречи постапката против лицата кои давале наредби и ги спроведувале следењата e во следново, Груевски го попречи започнувањето на судски процес кој јас го поведов 2007 година, против:

 

 



[Image: krivicnapr9d94.jpg]

Cо груб фаслификат!

Одлукајта на Јавната Обвинителка Драгица Михајловска е флагрантен фалсификат. Зошто тврдам дека е флагрантен фалсификат. Јавната Обвинителка Драгица Михајловска како последна Службена Белешка ја зема Службената Белешка од 18.11.1997 година што не е точно.




[Image: 873613002_d7bc.jpg]



Имено последната службена белешка во моето досие е од 03.06.1988 година. Иако таа службена белешка била приложена како доказ, јавната обвинителка не ја прифатила:





[Image: fotosken-0b97d.jpg]
 
Груевски, министрите за правда Маневски и Беџети, Судскиот Совет, Реупубличкиот Јавен Обинител Зврлевски сите останаа глуви и слепи на моите поплали, укажувања дека дека мојата кривична пријава е отфрлена со груб фаслификат.

 

Read 874 times