Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ДАЛИ КОНЕЧНО КЕ ПРИФАТИМЕ СОВЕТ КОЈ УКАЖУВА КАКО ДА ЈА ЗАЧУВАМЕ МАКЕДОНИЈА

23.10.2015

 

Ако партиите не успеат да се договорат и ако договорот од Пржино пропадне, засега не постои план „Б“, посочи на брифинг со новинарите, белгискиот посредник во преговорите, Питер Ванхауте. Тој ја отфрли можноста за ново парламентарно мнозинство.
- Проблемот не е една партија да се замени со друга, односно да се тргне ВМРО-ДПМНЕ и да дојде СДСМ. Вие имате системски проблем и тоа е она што треба да се промени. Рано е да се зборува за каков било друг план - рече Ванхауте.

Многумина, слободно можам да речам сите од опозиционите гласила ја цититараaт и "подржуваат" изјавата на Ванхауте која е дадена како одговор на прашање дали постои план "Б" ако пропадне договoрот "ПРЖИНО".

Но јас сум скептик во тоа дека опозиционите гласила ке и дадат вистинита медуимска подршка на оваа изјава на Ванхауте
Да го цитирами повторно Ванхауте:

Проблемот не е една партија да се замени со друга, односно да се тргне ВМРО-ДПМНЕ и да дојде СДСМ.

Ванхауте јасно и прецизно го лоцира проблемот и уште појасно го кажува РЕШЕНИЕТО на проблемот:

Вие имате системски проблем и тоа е она што треба да се промени.

Значи Македонија има проблем во СИСТЕМОТ  !!!! Без смена на  системот нема да се реши проблемот. Кратко и јасно!!  Но, за жал не е прв пат да се упати порака од ЕУ, Советот на Европа, САД дека во Македонија СИСТЕМОТ е проблем.... Да потсетам на Резолуциите за осуда на тоталитарните режими, Резолуции кои повикуваа да се спроведе лустрацијата, што беше Прашката декларација ако не пораки за смена на системот!

 

[Image: -156d4.jpg]

Досега таквите пораки секогаш биле дочекани од медиумите како и оваа со солзи "радосници" и со размисла како да се минимизира таквата изјава, препорака, резолуција. Што да очекуваме друго од медиуми кои за жал сеуште не ги водат новинари  туку сеуште ги водат ОПШТЕСТВЕНО ПОЛИТИЧКИТЕ работници !!! Работници кои при стапувањето на работа во медиум, склопувале брак со ПОЛИЦИЈАТА или да бидам подобро разбран, склучувани  се УДБАШКОНОВИНАРСКИ бракови!!

Сега изјавата на Ванхоуте од опозициските гласила ако воопшто се споменува ке биде со приказна дека тоа не се однесува на системот во целост, туку само за системот во време на владеење на Груевски. Секогаш ОПШТЕСТВЕНО ПОЛИТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ ја пееа песната дека системот кој го изгради Тито а го надогради Глигоров бил добар, хуман, демократски, дека е донесен нов Устав, најдемократски што може да смисли човечки ум ама  да потсетам дека тој ум, умот на пишувачот на Уставот е ум со комунистички, тоталитаристички менталитет ....  Да не заборавиме за демократските дострели на тие што се нудат да ја вратат демократијата и слободата, во период 1991-1998 прислушкувани се близу ПЕДЕСЕТ ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ на Македонија ... два ипол пати повеке одошто прислушкувала Фамилијата ...и во двата случаја и кога прислушкувал "демократот" Фрчковски и кога прислушкувал недемократот С.Мијалков, Силјан Аврамовски бил на висока финкција во ДБК .....

Поучени од досегашното искуство со поиимањето на демокртијата, почитувањето на индивидуалнирте човекови права и слободи од ОПШТЕСТВЕНО ПОЛИТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ јасно ми е дека тие пак ке се во првите борбени редови на браникот на тоталитарниот едноумен комунистички систем. Систем кој нив ги створил, систем кој ако биде "убиен" и тие, ОПШТЕСТВЕНО ПОЛИТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ со него ке бидат "убиени".

Од оваа што го изнесов како мое видување јасно укажувам дека јас немам ни на крај на умот дека, Ризаов, Героски, Кабрамов, Орданоски, Крамарска ке вршат секојдневен притисок врз СДСМ, се разбира преку свои текстови, СДСМ да го прифати решението  кое го нуди Ванхауте, СМЕНА НА СИСТЕМОТ!!

Но според мене и со  водството на СДСМ е иста работатат како и со ОПШТЕСТВЕНО ПОЛИТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ. Водставата на партиите се деца од УДБАШКОНОВИНАРСКИТЕ бракови. Дали децата ги убијат своите родители, дали ке ја сечат раката која ги чува и храни ....

Еве неколку примери кои јасно ке укажат дека СДСМ нема да сака да слушне а не пак да направи промена на ситемот. Системот го воспостави најголемата инвестиција на СДСМ, Киро Глигоров !!! Изведувачи на работите за воспостауање, продолжување на тоталитарниот едноумен комуистички систем беа: Бранко Црвенковски, Љубомир Данаилов Фрчковски, Силјан Аврамовски, Тито Петковски, Слободан Богоевски, Зоран Верушевски, Хари Костов, Зоран Зечевиќ ....
Дали СДСМ е подготвен овие луѓе да ги изведе пред суд?? Јас сум убеден дека такво нешто немаат ни на крај на умот. Ако СДСМ имаше таква намера, намера за промена на системот, СДСМ тоа ке се обидеше да го "озакони" во договорот "ПРЖИНО", во поглавјето за Специјалниот Јавен Обинител.
Требаше само да се инплементира членот 7 од Резолуцијата 1096, Резолуција за осуда на злоделата на тоталитарните режими на Советот на Европа и да се прифати параграф 26 од мислењето на Венецијанската комисија. Со овиe две работи преточени во препорака во договорот "ПРЖИНО" кој Собранието ке го преточеше во дополнување на постоените закони ке немаше проблем да бидат судени удирачите на темелот на системот за кој Ванхoуте укажува дека мора да се смени.

И нешту уште поважно, тие два додатока , членот 7 и параграфот 26 ке овозможеа по легален пат да им се оневозможи политичко активирање во изборите 2016 година на сите кои учествувале во градењето на тоталитарниот едноумен систем , систем кој ги продуцира сите проблеми. Почнувајки од продуцирање на криминал во власта па до непочитување на индивуалните човекови права и слободи. Или едноставно кажано систем кој од чесни луѓе прави мафиози.
Дали Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски, Владо Бучковски. Никола Груевски биле криминалци пред да станат премиерри!!

Господинот Ванхауте бешe јасен, на потег е господинот Заев.
Груевску не го споменувам бидејки тој во овие девет години бешe во позиција да го смени системот, што стори занеме сите, под сите подразбирам луѓе кои не се партиски слепци.

Да не ми се налутат од ФРОДЕМ и од КСИО-форумот на слободоумни патриоти што не ги споменав. Па еве ке кажам само дека и нивната улога е да се зачува тоталитарниот едноумен комунистички систем


Јордан Петровски