Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

НЕЗАВИСНОСТ? МИЖИ ДА ТЕ ЛАЖАМ! (осми дел)3

Л  Е  Ж  Е  Ќ  И      М  И  Л  И  Ц  А  Е  Ц
(заклучок)

Времената Спогодба, која беше потпишана на 13 септември 1995 година е премногу голема грешка за да таа биде случајна, а како што веќе констатиравме во четвртиот дел, “Ново Сонце - Стари Манипулации”: “Секако, ‘грешка’ подразбира резултат на дејност на ненамерно промашување на целта. ‘Грешки’ не се прават со умисла, т.е. ислланирано или намерно.” Самата спогодба, покрај тоа што ја цементира промената на името која што беше сторена во март 1993 со приемот во ООН под “привремената” референца П Југословенска РМ, исто така ја лишува Македонија од својата сувереност бидејќи Грција се здобива со право:
да решава за “постојаното име” на нашата држава;
да става вето на прием на Македонија во било која светска организација;
да бара од Македонија да се октаже од било кој национален симбол кој што Грција го смета за нејзин (оваа клаузула Грција ја искористи веднаш и побара и доби промена на знамето на нашата држава);
да бара и добие откажување на нашата Република од своите малцинства секаде на светот;
да бара од Македонија да се откаже од било каква историја која Грција ја смета за нејзина;
да Грција се здобие со правото да го менува Уставот на Република Македонија

Сето ова без никави посебни изговори освен фактот дека Времената Спогодба тоа на Грција и’ го овозможува. Веќе еднаш напишавме дека:

“Комунистичкиот систем не’ учи да ги почитуваме само култните личности кои системот ги воздигнува, но не и законите, склучените договори и меѓународните прописи. Затоа лесно успеваат да манипулираат со различните фактички ситуации кога нашата држава доживува неуспех.”

Article 6

1. The Party of the Second Part hereby solemnly declares that nothing in its Constitution, and in particular in the Preamble thereto or in Article 3 of the Constitution, can or should be interpreted as constituting or will ever constitute the basis of any claim by the Party of the Second Part to any territory not within its existing borders.

2. The Party of the Second Part hereby solemnly declares that nothing in its Constitution, and in particular in Article 49 as amended, can or should be interpreted as constituting or will ever constitute the basis for the Party of the Second Part to interfere in the internal affairs of another State in order to protect the status and rights of any persons in other States who are not citizens of the Party of the Second Part.

Еден од латералните објекитиви на мерката за промената на името на Република Македонија е психичкиот удар кој овој чин му го зададе и продолжува да му го задава на македонскиот народ. Македонија е униктен случај во светот каде што друга држава решава за тоа како нашата ќе се вика; дали може да членува во организации и асоциации; кои симболи можеме да ги сметаме за свои; каква содржина смеат да содржат учебниците, весниците, како и говорите на нашите државници, бидејќи Времената Спогодба ја кастрира Македонија со Членот 7. Повторно ќе го поставиме прашањето: За каква независност зборуваме кога се' зависи од желбите и раположенијата на друга држава?! А сето ова со цел да се понижи македонскиот народ и да се чувстува како еден голем неуспех во својот обид да направи своја суверена и комплетно независна држава. Незавсиност која е комплетно и постојано саботирана!

Article 7

1. Each Party shall promptly take effective measures to prohibit hostile activities or propaganda by State-controlled agencies and to discourage acts by private entities likely to incite violence, hatred or hostility against each other.

2. Upon entry into force of this Interim Accord, the Party of the Second Part shall cease to use in any way the symbol in all its forms displayed on its national flag prior to such entry into force.

3. If either Party believes one or more symbols constituting part of its historic or cultural patrimony is being used by the other Party, it shall bring such alleged use to the attention of the other Party, and the other Party shall take appropriate corrective action or indicate why it does not consider it necessary to do so.

Како што веќе споменавме, способни и адекватни политичари, луѓе на кои денес на резимето им стои “Државник”, не се ставаат себе си како и својата држава и нејзините поколенија во таква потчинета состојба ако немале скриена намера. Таа скриена намера не може да е ништо друго освен да се блокираат евроатлантските интеграции и да се турне т.е. задржи Македонија во пазувите на Србија. Ова беше од клучна важност за проектот “Опера”, чија цел е токму тоа: краткорочно - задржувањето на српското влијание во Македонија, а долгорочно - обновувањето на Југославија. Секако, за да се исполнат овие оперативни цели Црвената Буржоазија мораше власта да ја има во свои раце, па затоа неминовност беше фалсификувањето на изборите во 1994 година во корист на Киро Глигоров и Сојузот За Македонија.

ШУТРАК ВОЈВОДИТЕ КАКО ПРЕРОДБЕНИ ЧУВАРИ

Во понатамошните статии ќе го анализираме менувањето на улогата на партијата ВМРО-ДПМНЕ, која до 1995/6 година беше против-отров на србокомунистичките змии кои работат против интересите на народот кој живее во Македонија, а по 1996/7 стана дел од хорот на “Опера”. Во прилог на оваа теза одат фатките дека во годините на “независност” партијата ВМРО-ДПМНЕ имаше две Влади (втората е се’ уште на власт), но не стори ништо конкретно за легално и легитимно да ја повлече Македонија од Времената Спогодба, туку обете влади продолжија да пеат по истиот нотен лист и глумат дека се борат за “зачувување на името”. Манипулација иста како онаа кога го изнесоа народот да го слави самиот најсрамен чин во историјата на Репубика Македонија - промената на името во пролетта 1993 година. Лага од исти ков како погоре цитираната изјава од Социјалдемократскиот Сојуз на ПЈРМ дадена на 1 април 1993. Манипулација, бидејќи со приемот на ПЈРМ во ООН во 1993 година, а особено со потпишувањето на Времената Спогодба,

Владата на Република Македонија се откажа од името Република Македонија и прифати да преговара за решение кое ќе биде задоволително за Република Грција. Било каква манипулација од стилот дека “ние сме Македонија бидејќи така ни стои во Уставот” не држи вода, бидејќи во меѓународните односи внатрешните политики, како и било какви билатерлни односи немаат вредност. Она што се важи е под кое име дадената држава фигурира во Организацијата на Обединетите Нации, па според тоа таа иста држава фигурира и во низа други организации под истото име. Името под кое фигурира нашата држава од 1993 година до денешен ден е Поранешна Југословенска Република Македонија. Тоа е името кое Никола Југовиќ Груевски не го дава!

Погубната Времена Спогодба, потпишана во 1995 година од Црвенковски, ја става Македонија во тотално потчинета улога за која нема догледна разврска, бидејќи, иако Грчките политичари не ја смислија оваа перфидна игра, таа ним, како и на нашиве политичари им служи како алатка за собирање на ситни дневно-политички поени – па, затоа не реално е да се очекува брза разврска на овој спор. Но, решението на спорот многу јасно и чисто произлегува од овој серијал како потркепа на текстот “Спасители, само чии?”:

“Единствено решение по нас е враќање на состојбите со името на ниво на кое беа пред приемот во ООН под референцата ПЈРМ. Референца која требаше да трае само два месеци, но бидејќи поминаа сто и кусур пати по два месеци, ПЈРМ веќе не е референца туку е ИМЕ! Значи за прекинот на преговорите да биде прифатен од САД, ЕУ и останатите држави треба да докажеме дека тие одлуки на Македонските власти биле нелегитимни и против волјата на Македонците.
Од ова полесно нешто нема. Едниствено што треба да сториме како Македонци е да ИЗБЕРЕМЕ МАКЕДОНСКА ВЛАСТ која ќе го стори тоа.
Зошто велиме дека овој потфат е многу лесно изводлив? Заради следново:

Во 1991 Претседателот Киро Глигоров, кој не беше избран на демократски општонародни избори, неуставно одби да и даде мандат на патријата со најголем број на пратеници во Собранието, кои пак, беа избрани од народот на општи парламентарни избори; составот и изборот на првата "експертска" влада беше под ДИКТАТ НА БЕЛГРАД - за тоа има пишани сведочења на директните учесници како Стојан Андов, Петар Гошев и други. Изборот на втората влада е исто така противуставен - а во целата игра се вклучува и Уставниот суд со еден бисер од комунистичко толкување на Уставниот закон и вели дека член 10 е чисто декларативна одредба!

Изборите 1994 година се бојкотирани заради изборните кражби. Па составот на Патрламентот и владата од 1994-1998 е исто така не легитимен. До каде биле подготвени да одат Глигоров, Црвенковски и Андов во нивната цел за зграпчување на власта и спроведување на анти-Македонска политика најубаво зборуваат снајперистите на Скопските покриви, војската во собранието со наполнето оружје на готовс да пука - а предводена од денешниот началник на Генерал Штабот на Република Македонија - Мирослав Стојановски за време на протестниот митинг кој им следуваше на фиксираните Избори '94.
Дека нашите контакти, а со тоа и нашите видувања и сугестии не се само гола реторика најубаво знае Премиерот Груевски, бидејќи ние сме врската која му ја овозможи минатогодишната официјална посета во Канада.
Групацијата на Ветерани Дисиденти за идните избори во Македонија веќе договори СРЕДБИ со администрациите на неколку држави за ПАРТИЈАТА или пак ГРАЃАНСКО здружение кое ќе ги прифати нашите принципи. Ние нема да учествуваме во власта бидејќи сепак носители на власта треба да се луѓе кои живееле и живеат со секојдневните проблеми. Ние ќе пружаме помош за подобрување на соработката и контактите на Македонија со државите во кои ние живееме.

Групацијата на Ветерани Дисиденти
Јордан Петровски”

ИЗВОР

Пишаното сведочење на Андов за диктатот од Белград под кој беше формирана македонската власт во 1990-1991 година следи подолу. Заради тоа, веќе налик на обид за рушење на ѕид со глава се обидите независноста на Република Македонија да се прикаже како вистинска или како извојувана од народот или благодарение на Духот на ВМРО. Народот и Духот беа само краткорочно злоупотребени во моментите кога на Црвените им беше потребно да направат слика на автентичност.

РАМКА 4

ОД ЧЕКАЊЕ И ОД АЛИБИ ПОЛИТИКА СМЕ НА ОВА ДЕРЕЏЕ

...

СЕГА: Господине Андов, многу контроверзи предизвика Вашето тврдење во неделникот “Фокус”, дека при создавањето на првата македонска влада, под влијание на Белград, Киро Глигоров ги одбил кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за премиер. Во интервју за минатиот број на “Сега”, Глигоров ја отфрли Вашата теза и изјави дека одлучил да ги одбие кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие “не соодветствувале на неговата претстава за профилот и за квалификациите на еден премиер на влада пред која се исправени вонредно тешки задачи”. Да расчистиме најнапред една битна работа - имаше ли Глигоров уставно право да избира и да се води од своите субјективни мислења за кандидатите?
Андов: Не, немаше. Такво уставно право претседателот во Македонија нема. И по стариот Устав, по амандманите со кои беше иновиран, претседателот го немаше тоа право. Значи, Глигоров, 1991 година, во февруари и март, кога одлучуваше на кого ќе го даде мандатот, немаше право да се раководи од некоја негова престава “за профилот и квалификациите на еден премиер на влада пред која се исправени голем број на задачи”. Тој, едноставно, беше должен да го даде мандатот на личноста што ќе му биде предложена од партијата која на изборите добила најмногу пратеници, а тоа беше ВМРО-ДПМНЕ.

Исклучиво на пратениците во Собранието им е дадено право да одлчучат дали ќе го изберат предложениот кандидат или пак тој нема да добие потребно мнозинство гласови. Според тоа, Глигоров во 1991 година, без оглед од што се раководел, го прекрши Уставот и, едноставно, ги третираше како непостоечки резултатите од повеќепартиските избори.

...

СЕГА: Врз основа на што тврдите дека однесувањето на Глигоров во тие години беше раководено од Белград? Имате ли некакви докази за тоа?
Андов: Дека Глигоров сам не решил да не го даде мандатот на било кој предлог за премиер што ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ, туку дека тој став дошол од Белград, на македонската јавност и беше соопштено од еден наш врвен разузнавач, уште пред неколку години, во телевизиската емисија на новинарот

Васко Ефтов “Во центарот”. Таа изјава Глигоров не ја демантираше. А како што знае јавноста, тој со деманти реагира многу често и на поблаги изјави.

ЌЕБЕ ПОЛНО СО БОЛВИ

Но, вистинската генијанлост на мерката “спор за името” е всушност во тоа што спорот целово ова време игра улога на ќебе со кое се прикриваат вистинските причини за закочените евроатлантски интеграции, а тоа се:

    врските на Македонија со СР Југославија и подоцна Србија за кои опширно зборувавме во “Пропали Абортус”;
    незадоволувачкото ниво на демократија,
    незадоволувачкото ниво на државната транспарентност и еднаквост пред законите;
    нискиот стандард на живеење и општата беда во која се наоѓа Македонија;
    вистинските причини зошто Македонија не беше примена во НАТО во текот на 1990-те, за кои зборувавме опширно во "Пропали Абортус";
    како и реалноста дека Македонија произведува политички азиланти во 21-иот век.

За оние кои се колнат во денешниот дежурен Шутрак Војода, човекот кој што за се' што се фатил за ништо не го биднало – ниту за боскер, ниту за глумец, ниту за балетан, ниту за студент, ниту за економист - па станал политичар верно следејќи ја старата комунистичка синтагма: оние кои не се за ништо, одат во политика - eдна порака на будење од фантазијата која толку многу посакуваат да е вистина. Вам ви се обраќаме директно бидејќи давајќи му поддршка на човекот кој на зборови се декларира како македонски суперпатриот, а со делата се докажува како најголем србоман ја туркате Македонија се’ подблизу до пазувите на Србославија. Забележете дека и Киро Глигоров и Бранче Србоманче Црвенковски своевремено имаа тврди непопустливи ставови во однос на зачувувањето на името, па немаа проблем да го сторат спротивното, па дури и да му кажат на народот дека тоа е добро за него.

Додека Љубчо Георгивески своевремено беше Македонец без пандан, денеска игра Глупав Август - зашто и тој Македонија ја продаде за својата амбиција:

за стане живото олицетворение на Пепелашка - па де’ бил бугараш, де’ Бугарин, де’ внук на српски џандар. Забележете дека Груевски, само за да си ја задоволи својата пуста амбиција да биде “главниот шизик у маало”, притоа лечејќи очигледни комплекси на инфериорност од детството, нема “црвена линија” до каде е подготвен да си поигрува со народот. Забележете дека денеска Македонија е официјано позната како Поранешна Југословенска Република Македонија и дека тоа е името за кое Никола Југовиќ Груевски се бори да го зачува. Овој човек со неговата манипулаторска измислица позната како “Анитквизација” свесно и намерно ја крши Времената Спогодба, собирајќи краткорочни дневно-политички поени, наместо да бара начин да ја извади државата од истата Времена Спогодба. Груевски, наместо да ги троши државните пари на ангажирање на најспособните лобисти и познвачи на меѓународното право што Македонија може да си ги дозволи, истите тие државни пари тој ги фрла на маркетинг кампањи за кревање на неговиот патетично низок рејтинг (Груевски има рејтинг од околу 25%, додека околу 50% од населението никому не му дава поддршка). Наместо да ја употреби силата на македонската дијаспора, која каква-такава е во можност да стори нешто корисно за Македонија, тој постојано прави напори и малверзации
истите тие луѓе кои се подготвени да и' помогнат на државата Македонија да ги оцрни, да ги омаловажи, да ги разочара и да им ги пресече врските кои тие ги имаат градено и гаено со години. Директно ви се обраќаме вам, поддржувачите на Груевски, затоа што во голема мера, вие сте истите луѓе кои одбивте да ги послушате истите овие гласови на разум и до последен момент му бевте тврдоглавиот столб на поддршка и на неговиот претходник Љупчо “со Б” Георгиевски, и далеку подоцна откако веќе стана повеќе од очигледно дека тој не е спасителот кој нашиот народ се’ уште го чека.

Продолжува...

Во име на Групацијата на Ветерани Дисиденти
Шакале