Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

СПАСИТЕЛИ САМО ЧИИ??

01.07.2010

"НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА ПРЕГОВАРА ЗА МОЕТО ИМЕ!" - гласи слоганот на ММДЧП од Канада. Многу убав слоган и што е најважно со патриотски тон. Но, кога ќе се гребне малку подлабоко за да се видат активностите на носителот на идејата, веднаш се доведува во прашање добронамерноста и вистинитоста во наводната загриженост за Македонија и Македонците од страна на носителот на идејата - Македонското Маѓународно Движење за Човекови Права. ММДЧП е комитет за заштита на човековите права на Македонците во светот, основан од Македонски Канаѓани. Тој комитет по името што го носи треба да се грижи за човековите права на Македонците било каде во светот. Но, судејќи по нивната работа, односно по земјите за кои водат случаи, произлегува дека Македонци има само во Албанија, Бугарија и Грција - но Македонци во Република Македонија нема! На таков заклучок не води сознанието дека ММДЧП во овие изминати дваесет години ниту еднаш не реагираше за кршењето на човековите права на Македонците во Република Македонија. А, дал Господ комунистичката власт во Р. Македонија беше и е далеку, далеку по недемократска кон Македонците од властите на Албанија, Бугарија и Грција заедно. За тоа доволно говорат аферите "ДУВЛО", "СИНО ПТИЦА", Правилникот за работа на СДБ 10/92 донесена во октомври 1992 година, со која се овозможува прогон на политички и идеолошки неистомисленици на комунистичката власт во Република Македонија. Правилник врз основ на што се отворени илјадници досиеа.
Прогласот "Никој нема право да преговара за моето име!" наводно го напишале млади, образувани луѓе. Луѓе родени и израснати тука во Канада, луѓе кои треба да знаат што е демократија и како треба да функционира правната и демократска држава, бидејќи од Канада подобар пример како држава на демократијата се сомневам дека има на земјината топка. Тие млади луѓе треба првин да побараат демократизација и декомунизација на Република Македонија. Наспроти тоа, чудна е нивната пасивност кон пораката која беше упатена од Министерот за имиграција на Канада кога на прославата на 50 годишнината на организација Обединети Македонци јавно, јасно и гласно изјави дека Канада секогаш имала разбирање за Македонците кои барале спасение и азил од комунистичкиот режим во Македонија. Да ги потсетам "омладинциве" од Комитетот дека последниот азил од Канадските власти на државјанин на Република Македонија е одобрен во 2005-а година. Во прогласот останаа и без да понудат решение со кое Македонија на легитимен начин ќе ги прекине преговорите. Прекин од кој Македонија ќе поентира и ќе добие нескриени симпатии и подршка од најважните играчи во светската дипломатска политика, прекин на преговори прифатен од САД, Канада и земјите на ЕУ. Ниедна влада од овие држави нема да поддржи неаргументиран прекин на преговорите. Аргументите кои се наведуваат на плакатот на ММДЧП се добро познати и тие на дело не вродија плод. Овој свет тука - САД, Канада, Австралија и ЕУ се ригидни и бараат валидност, а арументите на ММДЧП се невалидни, неважни и неупотребливи како аргументи кои се употребувани до сега во "борбата" за зачувување на името.
Вториот носител на иницијативата за прекин на преговорите е Џорџ Ѓорѓија Атанасовски со неговата партија "МАКЕДЕОНСКА АЛИЈАНСА". И за овој човек како и за ММДЧП нема Македонци во Република Македонија. И тој води грижа само за Македонците во Мала Преспа и во Пиринска Македонија - и тоа строго само за симпатизерите на ОМО. Во неговиот весник "Македонско Сонце", кој излегуваше до скоро, многу тешко ќе се сретнеше статија за кршењето на човековите права на Македонците од Република Македонија, а пак да се сретне натпис за прогонот на симпатизерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ беше непоимливо.
Кога кон сево ова ќе се додаде дека весникот не штедеше простор кој му беше отстапуван на Иван Бабановски - Ице Бабан, сега веќе пензиониран професор на Факултетот за Безбедност, познат по својата оданост на Белград која ја докажуваше со безмилосен прогон и физички и психички малтретирања на дејците на ВМРО и Македонската кауза од после војната до денешни денови. На неговата листа на "трофеи" се вбројуваат основачите на ВМРО ПРАВДА : Дане Поповски, Костадин Смичковски, заедно со Ѓорѓи Доцев, Костадин Диневски, Панде Ефтимов, луѓето кои останаа верни до 1990 година на ВМРО ПРАВДА и со основањето на ДПМНЕ да го пренесат континуитетот на ВМРО и да ја створат денешната ВМРО ДПМНЕ. Jас - Јордан Петровски и уште многу други сме трофеи на Бабанот во самостојна и независна Македонија.
Неговите анти-НАТО и анти-Европски ставови преточени во книги беа омилени теми кои ги пренесуваше "Македонско Сонце".

Работите стануваат се појасни кога на овој двоец од Северна Америка ќе му се додаде и Љубомир Цуцуловски - лекторот и менторот во Високото Политичко Училиште во КУМРОВЕЦ и еден од главните промотори на УЈДИ: Удружена ЈУГОСЛОВЕНСКА Демократска Иницијатива. Тој сега прави салто мортале и од осведочен анти-ВМРО-вец застанува како прв бранител на политиката на Груевски - политика на Грујовото српско ВМРО-ДПМНЕ, политика за божемно зачувување на името а всашност политика на стопирање на демократските процеси и изолација на Република Македонија.

Деновиве како круна на походот на лажните спасители на Макеонија е и посетата на лидерот на Обединетата Македонска Дијаспора (организација со која патем нашата Групација на Ветерани Дисиденти нема никакви врски) кој предводи Турски лобисти - советници на Американски конгресмени. Ги води во овој момомент на крената дипломатска тензија помеѓу Турција и најдобриот пријател на САД - Израел. Со тоа покажува дека Македонија ја завзема страната Турција во "битката" за лидерство во регионот. Многу рискантен потег на ОМД, но следејки ги нивните активности не може да се рече дека е од незнаење, туку дека е континуитет на работењето против Македонските интереси.

За да се стане јасно ќе цитирам дел од еден текст на новинарот Цветин Чилиманов кој многу уваво ги отсликува "времето, просторот и причините":

"Ги има барем 25.000. Можеби дури и 40.000. Во секој случај ги има колку еден просечен македонски град, а по број на вработените, дневниот промет и влијанието се една од поголемите индустрии во државава. Секако, зборуваме за кодошите, шпионите, агентите на Службата. Преку ден работат како професори, новинари, пејачки, доктори, академици, фризерки, писатели, цариници, адвокати, службеници, обвинители, судии, боеми, бармени, чистачки... Живеат нормални животи, додека не падне команда. Тогаш, како во филмот во кој Чарлс Бронсон брка хипнотизирани руски агенти распоредени низ САД, некој им се јавува на телефон. Притоа можеби првин им ги чита гореспомнатите стихови на Роберт Фрост, а можеби не губат време на поетски глупости, туку веднаш преоѓаат на работа. Во секој случај, нашиве хипнотизирани кодоши се будат како од сон. Разговорот завршува, а на крајот хипнотизираниот кодош се потсетува дека, што и да направил, неговата работа продолжува, дека останува на линија. Ремембер Трпе, ју хев мајелс ту го бифор ју слип... И, по спуштањето на слушалката, разни нешта се случуваат."

За крај, за и ние - Групацијата на Ветерани Дисиденти да не станеме дел од сценариото ќе ја објасниме единствената законска и прифатлива постапка за ЛЕГИТИМЕН прекин на преговорите по наше видување и истражување.

[Image: 23lzdra.jpg]

За да ги отрезниме оние што се надеваат дека со преговори ќе се постигне зачувување на името ќе го цитираме делот од Времената Спогодба прифатената и потпишана од тогашната Македонската власт:
"Втората Страна е обврзана да не употребува во меѓународните организации друго ИМЕ освен Поранешна Југословенска Република Македонија, СЕ ДОДЕКА, во СОГЛАСНОСТ со Првата Страна, не одбере прикладно име."
Кога ова ќе се прочита и протолкува сите надежи дека ќе успееме да го сочуваме името со преговори се распрснуваат како меур од сапуница.
Единствено решение по нас е враќање на состојбите со името на ниво на кое беа пред приемот во ООН под референцата ПЈРМ. Референца која требаше да трае само два месеци, но бидејќи поминаа сто и кусур пати по два месеци, ПЈРМ веќе не е референца туку е ИМЕ! Значи за прекинот на преговорите да биде прифатен од САД, ЕУ и останатите држави треба да докажеме дека тие одлуки на Македонските власти биле нелегитимни и против волјата на Македонците.
Од ова полесно нешто нема. Едниствено што треба да сториме како Македонци е да ИЗБЕРЕМЕ МАКЕДОНСКА ВЛАСТ која ќе го стори тоа.
Зошто велиме дека овој потфат е многу лесно изводлив? Заради следново:

Во 1991 Претседателот Киро Глигоров, кој не беше избран на демократски општонародни избри, неуставно одби да и даде мандат на патријата со најголем број на пратеници во Собранието, кои пак, беа избрани од народот на општи парламентарни избори; составот и изборот на првата "експертска" влада беше под ДИКТАТ НА БЕЛГРАД - за тоа има пишани сведочења на директните учесници како Стојан Андов, Петар Гошев и други. Изборот на втората влада е исто така противуставен - а во целата игра се вклучува и Уставниот суд со еден бисер од комунистичко толкување на Уставнит закон и вели дека член 10 е чисто декларативна одредба!

Изборите 1994 година се бојкотирани заради изборните кражби. Па составот на Патрламентот и владата од 1994-1998 е исто така не легитимен. До каде биле подготвени да одат Глигоров, Црвенковски и Андов во нивната цел за зграпчување на власта и спроведување на анти-Македонска политика најубаво зборуваат снајперистите на Скопските покриви, војската во собранието со наполнето оружје на готовс да пука - а предводена од денешниот началник на Генерал Штабот на Република Македонија - Мирослав Стојановски за време на протестниот митинг кој им следуваше на фиксираните Избори '94.
Дека нашите контакти, а со тоа и нашите видувања и сугестии не се само гола ретотика најубаво знае Премиерот Груевски, бидејќи ние сме врската која му ја овозможи минатогодишната официјална посета во Канада.
Групацијата на Ветерани Дисиденти за идните избори во Македонија веќе договори СРЕДБИ со администрациите на неколку држави за ПАРТИЈАТА или пак ГРАЃАНСКО здружение кое ќе ги прифати нашите принципи. Ние нема да учествуваме во власта бидејќи сепак носители на власта треба да се луѓе кои живееле и живеат со секојдневните проблеми. Ние ќе пружаме помош за подобрување на соработката и контактите на Македонија со државите во кои ние живееме.

Групацијата на Ветерани Дисиденти
Јордан Петровски