Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ДАЛИ ДЕЛ ОД ОНИЕ КОИ СЕ НУДАТ ДА ГО ЗАМЕНАТ ГРУЕВСКИ СЕ ВРЗАНИ ЗА ТАЈНАТА ИДЕОЛОШКА ПОЛИЦИЈА

Јордан Петровски 02.11.2017

Молкот на „РЕФОРМАТОРИТЕ“, ФРОДЕМ, ФОРУМОТ НА СЛОБОДОУМНИ ПАТРИОТИ, за кадровските решенија на владата на Заев за пополнување на комисиите за реформите на УБК,  реформи на судството,  советот за култура; како и за молкот за оркестрираното плукање по ВМРО, искривувањето на историските факти од една веке докажана група на антинмакедонци и барањето за забрана на употреба на името ВМРО пред името на било која партија од „борците“ за враќање на партијата ВМРО ДПМНЕ на идеологијата на ВМРО и идеологијата на десницата е повеке од чуден и неразбирлив за многумина. Тој молк говори дека „РЕФОРМАТОРИТЕ“, ФРОДЕМ, ФОРУМОТ НА СЛОБОДОУМНИ ПАТРИОТИ,  свесно се дел од играта за елиминирање на ВМРО--односно десницата--од политичката сцена. Водачите на комуњарскот систем не се толку луди за да отворено бараат забрана на десничарски партии--коишто се единствените кои би можеле да ја демократизираат Македонија,  вака плукајки по ВМРО, обвинувајки го ВМРО за се што ке им дојде на ум, тие полека но сигурно веке градат амбиент таа забрана да биде прифатлива за многу луѓе. Кога велам многу луѓе тука мислам на оние неинформираните, а невниот број расне благодарение на продолжениот молк на наводната десница!! 

Забраната на употреба на името ВМРО ке го легализира прогонот кој досега го правеше СДБ/УБК на луѓето кои се вистински демократи, десничари и вистински следбеници на идеологија на ВМРО.  За оние што заборавиле и за оние помладите кои сеуште на своја кожа не го почувствувале прогонот кој Службата им го послужи на вистинските демократи,  десничари и вистински следбеници на идеологија на ВМРО, едно потсетување: тој прогон  не престанал никогаш!! Прогонот бил само покриван со разни имиња, односно „линии на работа“  на Тајната Антимакедонска Полиција: Ванчмихајловизам, Бугарски Врховизам, Екстремизам, Соработка со Бугарски служби!! Од 1991 па до 2000 година, го земам тој период бидејки за тој период благодарејки на законот за слободен пристап до личните досиеја обезбедени се непоибитни докази а бројката на прогонуваните е голема, јас само ке наведам моја проценка а тоа е дека биле прогонувани помеѓу 15 и 20 илјади луѓе!! 

За да нема нејаснотии, немам ни на крај на умот да помислам да тврдам дека сите оние кои делуваат во овие групи се свесни на играта а уште помалку дека свесно прифатиле да ја играт играта или пак дека сите се луѓе на Тајната Идеолошка Полиција.

Изведувачите на работите, односно изведувачите на планот на Тајната Идеолошка Полиција поретко се луѓето кои ја покренале иницијативата, во случајов иницијативата за формирање на ФОРУМОТ НА СЛОБОДОУМНИ ПАТРИОТИ,  ФРОДЕМ,  „РЕФОРМАТОРИТЕ“. Обично Тајната Идеолошка Полиција откако ке се формира групата уфрла свој човек во групата или пак врбува човек од луѓето кои ја започнале иницијативата, човек или неколку „човеци“ кои ке го спроведуваат планот на Тајната Идеолошка Полиција, но најголемото зло не се тие уфрлените или врбиваните туку злото е во тоа што дел од луѓето кои биле покренувачи на иницијативата за формирање на групата,  или пак биле оние кои меѓу првите се приклучиле или дале подршка и кога ке почувствуват, согледаат дека „водството“ почнува да одстапува од прокламираното во старт, наместо да реагираат со барање на оставка на водството кое скршнува од „идеологијата“ тие прифаќаат да ги следат. Причината за прифаќањето лежи во фактот дека ја знаат причината на промената, односно знаат дека Тајната Идеолошка Полиција стои зад промената на „идеологијата“--а тоа е знак за кариеристите дека шансите да се дојде на власт се големи. 

За оние кои незнааат или глумат дека незнааат да повторам!! Во Македонија единствено на власт се доаѓа ако те избере Тајната Идеолошка Полиција. Затоа многумина денеска молчат--„не прочитале“--дека во составот на комисијата за реформа на судството се Фрчкоски, Најчевска, Маргарита Николовска, Гордан Калајџиев, Уранија Пировска; дека во комисијата за реформа на УБК е Силјан Аврамовски, заменикот на Сашо Мијалков, дека во советот за култура се најтврдокорните Марксисти и Титовисти: Милчин, Исмаил, Грчев, Арсовски--се извинувам на неспоменатите, а не ги споменав бидејки текстов тогаш ке беше предолг.

Зар можам, односно смеам да верувам во РЕФОРМАТОРИТЕ, кои јасно велат дека тие несакааат растурање на Тоталитарниот Комунистички Систем?


 

РЕФОРМАТОРИ, комунистичкиот систем го реформирале досега илјадници РЕФОРМАТОРИ, ама тој останал ист!! Останал систем на тортура за различно мислење, тортура за различна идеологија од комунистичката, систем на страв, ситем кој води битка за еднаквост во сиромаштијата на обичните луѓе!!

Зар можам да верувам во ФРОДЕМ после коалицијата во која учествуваа на минатогодишните декемвриски избори?

 

 

Ке постапат ли поразлично од Георгиевски кој Слободан Богоевски го назначи за свој советник, или од Груевски кој наместо раскин со Тајната Идеолошка Полиција како еден од главните предуслови за демократизирање на Македонија го назначи Силјан Аврамовски за заменик директор во УБК, или поразлично од Заев кој на зборови ветуваше заедничко пеење на ИЗГРЕЈ ЗОРА НА СЛОБОДТА, а околу субе ги собра Љубомир Фрчкоски, Зоран Верушевски, и Силјан Аврамовски, луѓе кои  почитувањето на ИЗГРЕЈ ЗОРА НА СЛОБОДАТА, химната на ВМРО го сметат како смртен грев и таквите луѓе ги прогонувале и пак ке ги прогонуваат.
Мислам дека десницата, односно верните почитувачи на идеалот на ВМРО несмеат во оваа војна која комунистите и комуњарите ја започнаа и која ке ја водат до последен „жив“ десничар и ВМРО вец да чекаат џелатите да ги водат на „бесилка“ како јагњиња. 
Затоа мора да се обединат околу вистински лидер, лидер кој не бил дел од власта партиска и политчка од 1991 па до денска.