Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ДАЛИ ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ Е МАГИСТЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЗЛОДЕЛАТА НА ИДЕОЛОШКАТА ПОЛИЦИЈА КОГА СДСМ Е НА ВЛАСТ

 Јордан Петровски 28.10.2017

Човек кога најмалку се надева добива потврда за некои работи кои ги напишал и кажал одамна. А тоа што сум напишал, говорел и сѐуште пишувам и говорам, е тоа дека во Македонија нема НВО, т.е. граѓански здруженија кои вистински го застапуваат почитувањето на индивидуални човекови права и слободи, за почитување на Уставот, како и онаа најбитното, да имаат ист критериум и со тоа да ги осудуваат сите починители на таквите прекршувања без оглед од која политичка партија се или која им е идеологијата. 

Жарко Трјаноски, магистер по човекови права, деновиве имаше интересен ФБ статус! ФБ статус кој говори многу за тоа какви „демократи“ и почитувачи на Уставот, како и за резолуциите кои се врзани за почитување на човковите права и слободи се експертите, магистирите и луѓето кои ги водат Хелсиншки Комитет и другите НВОа кои за себе си велат дека се во функција на заштитата на човековите права и слободи.

 

 

Основните белези по кои се препознаваат демократски и слободни општества се Невладините Организации, граѓанските здруженија и медиумите!! Тоа се  најбитните столбови на одбраната на демократија, слободата на говорот, еднаквоста пред законот, и другите белези на слободно општество, и кои секаде во демократскиот свет не се под контрола на власта, ниту под контрола на политичка партија. Во Македонскиот случај, тоа значи дa не се под контрола на Тајната Идеолошка Полиција!!  Тие столбови се оние на кои се потпираат луѓето за да го контролираат системот, да ја контролираат власта, а со тоа работата на институциите. НВОата и Граѓанските здруженија во Македонија се со изместена улога. Тие се центри на политичка моќ иако не се политички партии. Тие се без политички  легитимитет, бидејки не учествуваат на избори и со самото тоа не ја ставаат на проверка нивната подршка на политиките кои ги пропагираат. Тие се параполитички центри, односно тие станаа замена за политичките комесари! Тотално изместена функција на НВОата и граѓанските здруженија, но сосема свесно изместена!!

Тоа изместување најубаво се гледа од статусов на Жарко Трајаноски, бивш член на Хелиснши комитет (во кои НВОа и граѓански здруженија денеска членува Трајаноски незнам), и човек кој се претставува како МАГИСТАР ПО ЧОВЕКОВИ ПРАВА!!

Според оваа што ке следи ке треба да се оцени за какви човекови права Трајаноски е магистар??

Трајаноски бара да им се одземат линценците за образување на студенти и научници на членовите на комисијата која ја оценувала докторската дисертација на Горан Грујовски, сега обвинет за неуставно прилушкување а во чиј состав биле: проф. д-р Никола Матовски, академик проф. д-р Владо Камбовски, проф. д-р Никола Тупанчески (ментор), проф. д-р Гордана Бужаровска и проф. д-р Гордан Калајџиев, а која го оценувала научниот труд на Горан Грујовски во 2014 година!!

Причина за казнување на членовите на комисијата според Трајаноски е затоа што за Горан Грујоски, СЈО од 2016 година води истрага за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало, а од причина за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права!!

Првото прашање до магитерот по човекови права Трајаноски, дали Горан Грујовски е осуден со ПРАВОСЛИНА пресуда за нелегалното, поточно НЕУСТАВНОТО прислушкување?  Одговорот е не, не е осуден!! Трајаноски како магистер по човекови права морал и мора да знае и да се залага за почитување на човековото право за презумпција на невиност , онаа што е запишано и во Уствот на Македонија  во Член 13:

        Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука 

Горан Грујоски бранел докторска дисертација со наслов „Употреба на посебните истражни мерки“, а ја бранел во 2014 година. Во тоа време комисијата незнаела за  НЕУСТАВНОТО прислушкување за кое во 2016 е покрената истрага против Горан Грујовски. А и да знала комисијата, нејзината улога не е да биде судија за лицето Горан Грујовски туку нејзината улога била да го оцени она што го напишал Горан Грујовски во докторската дисертација. 

Постапкава на магистерот за човекови права Трајаноски заличува како на постапките на ОЗНА и УДБА кога подготвувале обвиненија за „внатрешните и надворешните непријатели“, па затоа прави каша попара со времињата кога се случувале настаните според кои магистерот за човекови права Трајаноски го формулира своето обвинение и ја носи  пресудата. Врв на демократија е кога цело е, кога се може сѐ!! Па на Идеолошкиот Полицаец му даваш тој да го смисли обвинението и се разбира тој да ја донесе и пресудата!  Магистерот за човекови права Трајаноски, во случајов зел нешто од 2014, зел друго од 2016, зел  трето од 2017 година, ама со никава поврзаност со докторската дисертација! И изготвува инквизиторско обвинување и за Грујовски и за комисијата. Казната која во своето писание ја изрекува магистерот за човекови права Трајаноски  е одземање линценците за образување на студенти и научници, а следствено на тоа--од каде го црпе ваквото „правничко“ знаење магистерот за човекови права: ОЗНА, УДБа, ЧЕКА, НКВД--сигурно би следело одземање на граѓански права на членовите на комисијата и упатување во некој каменолом на превоспитување со тешка физичка и психичка тортура. 

Да ја дополнам сликата за магистерот за човекови права ке го споменам неговиот текст И „Големиот братучед“ полнел досиеја од политичкo-идеолошки причини, објавен на 07.08.2012 во ОКНО, од кој ке се добие уште појасна слика за магистерот а со тоа и за причината зошто Македонија секој нов ден е сѐ подалеку од демократизирање! Ке цитирам само една реченица која открива дека магистерот е само бранител на прекршителите на човековите права и слободи!

Кој ќе ја понесе политичката и кривичната одговорност за прекршените човекови права со продолжување на полнењето досиеја водени од политички и идеолошки причинии во периодот по 1 септември 2006 година?

Според фб статусот на магистерот, немало „полнењето досиеја водени од политички и идеолошки причини“ пред 01.09.2006 година, па затоа не сум сретнал досега никаде  магистерот за човекови права Трајаноски да спомене за „полнење на досиеа“  за период 1991-1998 година.  Дали неспоменувањето на „полнењето досиеја водени од политички и идеолошки причини“ за период 1991- 1998 година е заради неговата слепа омраза кон демократија, кон слободата на говорот, кон еднаквоста пред законот или пак слепата послушност од некои причини е врзана за личностите: Фрчкоски, Богоевски, Верушевски? Но дека на секоја лага и се кратки нозете, па така и на неговата потврдува самиот магистар за човекови права. Дека имало полнења и пред 1 септември 2006 година признава и самиот магистар со следниов цитат од остиот текст:


Кој му дал овластување на „Големиот братучед“ да продолжи со следењето на здруженија на граѓани, пратеници и други политички активни лица, користејќи ги соработниците од својата мрежа?

Значи,  ако „овалстувањето“ на „Големиот братучед“, односно Сашо Мијалков, било дадено од Фрчкоски, Богоевски или Верушевски тогаш „полнењето досиеја водени од политички и идеолошки причини“ ке било легално и легитимно според магистерот, иако мерките со кои ке биле полнети досиеата  се НЕУСТАВНИ !! Неуставноста на мерките кога е во прашање Фрчкоски, Богоевски, Верушевски, и екипата на СДСМ Титовистичка, магистерот можел да ја види од решенијата за прислушкување кој ги потпишувал Фрчкоски како Министерот на МВР, но според тоа како го толкува и почитува Уставот, тој е министер од времето на НАРОДНАТА МИЛИЦИЈА. Инаку Фрчкоски е и поранешниот генерален секретар на Форумот за човекови права од кого според сваќањето на заштитата на човековите права магистерот го учел занаетот!

Еве како доктор на правни науки инаку сега член на комисијата, избрана од Заев, за реформи на судството ја почитува со Устав загарантираната презумција на невиност:

     

 

Докторот на правни науки и РЕФОРМАТОРОТ на судството  вели:


Ниеден не е невин, апсолутно!! Тоа можат да го потврдат сите што биле вклучени не само јас

А биле вклучени, од инспекторите на СДБ па се до директорот на СДБ, исто размислување како на магистерот за човекови права Трајаноски,  од Идеолошкиот Полицаец на кој си му дал тој да го смисли и исконструира обвинението сега од него бараш тој да ја донесе и пресудата, односно да потврди дека тоа што тој го говори е единствената вистина. Па според овие бисери на магистерот за човекови права Транјаноски и реформаторот на судство Фрчкоски, реформата на судството би требело да биде укинување на судството, затоа што УДБа-УБК е таа која и ке гони и ке пресудува. А тоа значи многу поевтина држава, нема судови, нема адвокати, нема правни факултети! Ке има само Иделошка Полиција и вечерни школи за производство на соработници, инспектори, началници, директори на УБК и министри!

За крај на текстов, РЕШЕНИЕ за прислушкување кое го потпишал министерот на Народната Милиција, Љубомир Фрчкоски, според магистерот Трајански во времето кога немало „полнењето досиеја водени од политички и идеолошки причини“. Во време за кое Бордот за Бегалци на Канада додели АЗИЛ на лице кое било прогонувано од  политички и идеолошки причини!! 



[Image: 6xtev4.jpg]

 пс. дека реформата на судтвото ке оди кон тоа судството да стане уште поревносен извршител на налозите на Идеолошката Полиција, говори фактот што во комисијата покрај Фрчкоски  членуваат уште и: Мирјана Најчевска, Гордан Калаџиев, Маргарита Цаца Николовска, Мирјана Лазарова Трајковска, Уранија Пировска ..... луѓе кои никогаш не кажале збор на осуда за НУСТАВНОТО „полнење на досиеата на политичките и идеолошките противници“ за периодот пред 2006 годна, поточно за период 1991-1998 година, период за кои со отварањето на досиеата се обезбедија непобитни докази дека такво дело постоело а според функциите кои ги имале биле должни да го сторат тоа!!