Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ГОЈКО ЈАКОВЛЕВСКИ, ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА „ЈАК“, НА СЕКОЈА ЛАГА ПА И НА ТВОЈАТА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ

Реакција на текстот   Зошто атака врз основачите на ВМРО-ДПМНЕ и врз партијата? од Гојко Јаковлевски објавено на 08.08.2017  во рубликата писма на читатели во „НОВА Македонија“. Очекувам дека ке го објавите во целост моето писмо заедно со сите скенирани докази.

 

Вчера еден мој пријател ме извести дека листајки „Нова Македонија“ од пред некоја недела налетал на текст од Гојко Јаковлевски, текст во кој Гојко, односно Оперативната Позиција за Западен Берлин „ЈАК“ ме обинува дека во мои текстови сум изнесувал фалсификати и невистини, за него, за основачите на ДПМНЕ, за основачите на ВМРО ДПМНЕ. Го побарав текстот за да го прочитам и да видам со што докази Гојко „ЈАК“ ме демантира.  Го најдов текстот на Гојко „ЈАК“   Зошто атака врз основачите на ВМРО-ДПМНЕ и врз партијата? во рубриката ПИСМА и бев изненаден, бидејки „Нова Македонија“ со години не објавила мој текст или интервју со мене, па некој кој е споменат од мене во текстот, со писмо да го демантира онаа што сум го изнел на страниците на Нова Македонија. Затоа бев непријатно изненаден од постапката на уредникот на „Нова Македонија“ бидејки со објавата на писмото на Гојко „ЈАК“, свесно ги довел читателите во заблуда, односно му овозможил на Гојко „ЈАК“ со лаги и манипулации да ме обинува.  Но тоа не е се!  Имено на 12 март 2017 година реагирав со писмо на текстот „Шилегов, не менувај ја историјата!“ потпишан од Гојко Јаковлевски објавен во рубликата писма!! Но моето писмо „Со невистина неможе да се сруши невистина Гојко!!“   „Нова Македонија“ не го објави, ниту пак ме извести за причината за необјавувањето. Кога моето писмо не беше објавено помислив дека Уредникот почитува правило ако не си споменат во текстот да не објавува на реакција!! Ам не било така, тоа правило по се неважи за сите, зашто писмата на Гојко „ЈАК“, „Нова Македонија“ ги обавува како весникот да е во негова сопственост. Објавува писма на Гојко „ЈАК“ иако личностите на кои се обраќа немаат ништо објавено во „Нова Македонија“. Колку што знам Гојко „ЈАК“ не е сопственик, тогаш причина за ваквиот повластен однос на „Нова Македонија“ кон него мора да е од друга природа.

Гојко „ЈАК“ споменува дека моите текстови „ГОЈКО ЈАКОВЛЕВСКИ ДО 16.05.1990 НЕ ЗНАЕЛ ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА ДПМНЕ !!??„ и „ДАЛИ ЉУБЕ И ЉУПЧО МОЖЕЛЕ ДА НЕЗНААТ ДЕКА ГОЈКО Е СОРАБОТНИК НА УДБа-СДБ-УБК“ биле објавени на порталот КОТЛЕ и дека таму ги прочитал. Но не споменува дека писмо со демант, какво што упатил до „Слободен Печат“ и сега до „Нова Македонија“ не упатил до КОТЛЕ што е причината зошто порталот писмото не му го објавил.  Дали Гојко„ЈАК“, со неупатување на демант до поратлот КОТЛЕ, порталот кај што се објавени текстовите за кои тој тврди дека биле клевета, сакал да одбегне полемка? Во тоа сум убеден, како што сум убеден и дека истиот лаже кога вели дека допрва сега ги видел текстовите!! Да го потсетам Гојко „ЈАК“,  дека на 31.12.2016 година, по негов наговор ми се јави извесен Laze Schaarschmidt за да ми „сугерира“ да не пишувам текстови во кој објавувам докумети за тоа кој навистина е Гојко „ЈАК“  и дека Гојко „ЈАК“ ке ми ја прати неговата книга за да ја прочитам. Според зборовите на извесниот Laze Schaarschmidt: „se nadevam vo knigata ce naajdes i nesto medju redovi“. Ако Гојко „ЈАК“ прател демант до порталот КОТЛЕ демантот би бил објавен заедно со текстовите во кои „извесен Јордан Петровски“ објавил „лаги и фалсификати“ и кога оние што ке ги прочитаа текстовите и демантот од  Гојко „ЈАК“,  лесно ке согледаа дека тој ЛАЖЕ па СУШИ!!

Да ги соголам лагите на Гојко „ЈАК“:

Гојко, односно Оперативната Позиција за Западен Берлин „ЈАК“ во писмото го вели следново:

Имено, односниот г. Јордан Петровски во порталот „Котле“ во написот прво во целост го пренесува мојот текст „Како беше формирана партијата ВМРО-ДПМНЕ“. Петровски прави обид со фалсификуван факсимил на писмо, божем го напишал Драган Богдановски и мене ми го испратил и со непостојно сака да ги демантира вистините во текстот. Приложениот факсимил на писмото не е потпишано од Драган, а измисленото писмо содржи куп невистини, лаги, измислени работи, да ги поткрепи своите негаторски тези за формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Немам што да коментирам или, пак, да демантирам,на писмо што го напишал Петровски, тоа е чист и невиден фалсификат. Секое писмото што ми го испраќаше Драган беше потпишано. Во мојата педантно водена архива ги имам сочувано сите писма на Драган. На некојси Петровски, кој не го познавам, не знам која му е целта да ме клевети со сопствено писмо, кое е контрадикторно и не одговара на вистината со која сака да ја оправда својата реакција и да внесе нови историски невистини.

Писмото за кое Гојко „ЈАК“ тврди дека е фаслификат ми го даде потпреседателот на Д.О.О.М и НОФМ  за САД, Трајко Трајковски. Истиот со мене сподели и уште многу други документи меѓу кои и видеата во кои Драган Богдановски сведочи за неговото киндапирање, видеа кои јас ги извлеков од заборав и тие видеа беа прикачени на Youtube во 2009 година. Драган Богдановски и Трајко Трајковски може слободно да се рече дека се соселани, Драган имал голема доверба во Трајко и скоро сета преписка која ја правел и со други луѓе му ја препраќал на Трајко Трајковски. Трајко, кој е следен од почетокот на седумдесетите од  УДБа под псевдоним „ЖЕГЛИГОВО“, е еден од малкумината кои своето досие го објави во целост и беше и е жесток поборник за лустрација--нешто што неможе да се каже за Гојко „ЈАК“!! 

Да се вратам на писмото за кое Гојко „ЈАК“ вели дека е фалсификат. Зар може да се фалсификува писмо кое обилува со детали кои му биле познати само на Драган. За да го фалсификувам тоа писмо сум требел да бидам со Драган 24/7 со години и пак да не успеам. Но да не зборувам многу, еве направив споредба на делови од три писма испратени од Драган во краток временски период.  

 


 

 

 

 

За секој разумен човек доволно е фрлање на еден поглед и да се види дека сите текстови се со скоро иста содржина и се  пишувани на иста машина за пишување. Како сум можел јас да ја имам истата машина за пишување ке биде интерсно да одговори Гојко, односно Оперативната Позиција за Западен Берлин „ЈАК“.

Ке приложам уште еден доказ за тоа дека Гојко „ЈАК“ лаже. Еве го „фасификуваното“ писмо и на сајтот Македонска Нација, сајт на братот на Гојко, Маноил Мане Јаковлевски. 

 

 

 Но има уште еден битен доказ. Тоа е дел од текстот на Гојко „ЈАК“ Како беше формирана партијата ВМРО-ДПМНЕ објавен во „Утрински Весник“ на 07.01.2008 година:

Ми предложи заеднички да ја формираме партијата ДПМНЕ. Истакна дека во Македонија има млади луѓе кои ја поддржуваат идејата и се подготвени заедно со нас да учествуваат во нејзината реализација. Доколку се согласувам, да предложам термин и место за одржување на состанокот и да ги удриме темелите на партијата. Откако добро размислив, ја прифатив идејата, му се јавив на Богдановски и му го соопштив мојот став. Средбата требаше да ја одржиме на 26 и 27 мај 1990 година во хотелот на Илија Грнаров во Целе, близу Хановер, Германија. Но, од оправдани причини состанокот го одржувавме во Минхен на 31 мај и на 1 и 2 јуни 1990 година.

Ако Гојко „ЈАК“ бил вклучен од прв ден во формирањето на ДПМНЕ, за тоа наводно разговарал со Драган Богановски! Тогаш тој разговор требел да се случи  некој ден или барем недела пред 01.02.1990, односно 23.01.1990 година. Зар во јануари Гојко „ЈАК“ ке закаже средба со Драган Богдановски на која ке се удрат темелите на партијата ДПМНЕ за крај на мај? Малку услул Гојко треба да има во лагите.

Документите подолу говорат нешто друго, поточно како и оние погоре ја демтираат лагата на Гојко „ЈАК“. 

Првата објава на Драган Богдановски за формирање на ДПМНЕ е од 01.02. 1990 со писмо до извесен Душко (објавено погоре), второто писмо на Драган Богадовски е од 03.02.1990 и е упатено до председателот на Д.О.О.М-НОМФ др. Богољуб Андоновски а со писмото Драган на др. Богољуб му праќа и ПОЛИТИЧКАТА ПЛАТФОРМА НА ДПМНЕ :

 

Уште еден доказ дека Гојко „ЈАК“ лаже. На скенов е списокот на луѓето кои се во привременото расководство на ДПМНЕ , тој список носи датум 23.01.1990 година!! А на списокот го нема Гојко „ЈАК“ Јаковлевски!!



 

Гојко, односно Оперативната Позиција за Западен Берлин „ЈАК“,  во продолжение своето писмо вели:

Во текстот г. Петровски, ги повикува основачите на ВМРО-ДПМНЕ, да се осврнат на заслугите на македонската тајна полиција, Службата за државна безбедност (СДБ), која наводно била длабоко инволвирана во самото формирање. А на собирот во Минхен, прв иницијативен одбор за основање на ВМРО-ДПМНЕ: „На иницијаторите за основање на партијата добредојде ќе им посака соработник на македонските тајни служби“.

Со ова писание г. Петровски сака заслугите за основањето на ВМРО-ДПМНЕ да ѝ ги припише на УДБ-а. Господине Петровски, тоа не е точно, тоа е твоја лага и измислица и на твоите истомисленици, кои сакаат заслугите на основачите да се поништат и да ѝ се припишат на УДБ-а. Каков апсурд! Во Минхен, на средбата од Македонија дојдоа: Љупчо Георгиевски, Борис Змејковски и Владимир Транталовски, а од дијаспората присуствувавме Драган Богдановски, главниот иницијатор, организатор и идеолог на партијата и јас Гојко Јаковлески. Ние петтемина на 31 мај, 1 и 2 јуни 1990 година дискутиравме, се договоривме: На 17 јуни 1990 година (недела), во Скопје, во салата „25 мај“ да го одржиме основачкото собрание, го утврдивме дневниот ред, кои лица ќе се обратат на собирот, кои лица ќе ги сочинуваат работните тела на основачкото собрание и кои ќе влезат во управниот одбор, кој ќе биде претседател, кој секретар итн. Немаше соработник на УДБ-а. За недоаѓањето на Владимир Голубовски беше кажано дека не допатувал поради тоа што му бил истечен рокот на пасошот

Гојко не споменува дека за Берлин требело да патува и Дане Поповски. Дане одбива да оди бидејки за одењето негледа причина. Затоа што на 26 .04. 1990 година во Царев Двор во куќата на Дане Поповски е ВМРО СДРМА-ПРАВДА представувано од Дане Поповски  со соработниците и ДПМНЕ представувано од Борис Змејовиски со соработниците договааат се. Спојувањето на двете партии и програмата на партијата ВМРО ДПМНЕ. Програмата била најспорниот дел во преговорите  бидејки Драган Богдановски нескал да прифати ДЕСНИЧАРСКА програма на партија која била Македонија да биде протекторат на САД.

 За инволвираноста на СЛУЖБАТА во формирањето на партијата говори екс-разузнавачот Јанко Бачев, во текст објавен 2010 година:

Не  треба да се заборави дека уште од самите почетоци, тогашната Служба за државна безбедност (СДБ) била длабоко инволвирана во самото формирање на партијата

Од колумната на Јанко Бачев: Бившиот кодош на вмровците, денес е заменик-директор на тајната полиција – улогата на тајната полиција во дваесетте години на ВМРО - ДПМНЕ  е превземен и цитатот за кој Гојко „ЈАК“ вели дека е мое тврдење:

Да се навратам на споменатиот собир во Минхен. Имено, веќе од овој прв иницијативен собир за основањето на ВМРО-ДПМНЕ ќе пристигне и првиот извештај во СДБ, бидејќи добредојде во Минхен на иницијаторите за основање на партијата ќе им посака соработник на македонските тајни служби, кој сега е еден од докажувачите за тоа кои се основачите на партијата. Од тој момент, значи, од чинот на создавањето на ВМРО-ДПМНЕ, македонската УДБА и навистина во буквална смисла на зборот ќе стане вмровска судба. Дополнително, по основачкото собрание на 17 јуни 1990 година и запишувањето на ВМРО-ДПМНЕ во официјалните партиски регистри, СДБ во тоа време најголем дел од својата оперативна работа ја насочи токму кон контрола на оваа партија, бидејќи, т.н. внатрешни непријатели требаше да бидат под целосна контрола. Затоа, не случајно во СДБ најексплоатирана е линијата на работа - македонски екстремизам и врховизам!

„Чудно“ е што Гојко, односно Оперативната Позиција за Западен Берлин „ЈАК“ не реагирал, не демантирал и не го тужел Јанко Бачев кога го објавил текстот со за Гојко спорниот дел!!

 Гојко, односно Оперативната Позиција за Западен Берлин „ЈАК“,  во своето писмо вели:

Точно е тоа дека под псевдонимот „ЈАК“, УДБА-а ме водела за оперативна обработка, што е огромна разлика меѓу тоа да бидеш шпион, кодош или соработник на тајните служби. Многу Македонци ме клеветеле во УДБА-а со измислици со непотврдени чаршиски муабети.

УДБа, го водела Гојко Јаковлевски и како ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА од Западен Беррлин:

 

 

Дека ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА е псевдоним на соработник, и тоа соработник кој е инфилтриран во најблиското опкружување на следениот, говорат следните два доказа. Првиот доказ е сведочење на господинот Јанко Бачев, човек кој досега дал многу податоци за работењето на УДБа кои се покажaa како 100% точни!

Инаку, кога се работеше за потребата да се имаат под целосна контрола "безбедносно-интересните" новинари, кои по силата на својата професија и навистина претставуваа опасност за владејчкиот СДСМ, само да споменам дека во такви случаи СДБ не си дозволуваше импровизации, па, покрај примената на оперативно-техничките средства, задолжениот агент на службата имаше обврска да изгради (внимавајте!) квалитетна оперативна позиција-соработник во средината каде што работеше обработуваниот новинар. 

 

Вториот доказ е дел од службена белешка од 1996 година, врзана за следењето на МПО 

Гојко „заборава“ дека јас сум тој кој ги прибра сведочењата од водството на ВМРО СДРМА-ПРАВДА--кое е ЕДИНСТВЕН носител на континуитетот на ВМРО!! Со Дане Поповски еден од основачите на ВМРО СДРМА ПРАВДА  2010 година, го објавивме тескстот УДБАШКОТО ДПМНЕ ЈА ПРОКОЦКА ШАНСАТА ШТО МУ ЈА ДАДЕ ВМРО ПРАВДА!!! во текстот е прикачено писмо од 1992 година, кое Дане Поповски го објавил во „ПУЛС“ под наслов ВМРО НЕ СЕ БОРИ ЗА ВЛАСТ,интересно е што никој од споменатите во писмото не одговори на тоа писмо!! 

За крај на моето писмо:

 

Јордан Петровски полтички азилант во Канада