Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

МОЖНО ЛИ Е ОД СРПСКИ АРГАТ ПРЕКУ НОЌ ДА СЕ СТАНЕ АНТИСРБИН

 Јордан Петровски 21.08.2017

Читам „хвалоспеви“ за „македонските служби“:

Повлекување на персоналот на српската амбасада покажува дека нашите македонски служби почнале ИЗВОНРЕДНО да си ја вршат работата!

Дали има место за „хвалоспеви“ ако се знае дека скоро за сите тие кои работат во СЛУЖБИТЕ, Србија има компромитирачки материјали?! Како на пример, дека за сиве овие 28/9 години тие работеле за интересите на Србија. Да размислиме трезвено како е можно луѓе кои Србија ги има во рака да работат така наеднаш против интересите на Србија! Да размислиме зошто Србија ако навистина и се загрозени интересите во Македонија молчи! Молчи и не споменува дека ако македонските власти ја пречекорат црвената линија која ја замислиле Србите ке објави докази кои луѓе работеле за нив и што работеле за нив. Доволно ке биде Србија само да спомене дека ќе го објават списокот кого се ангажирал сега покојниот Јаначковиќ и на кои задачи, па во Македонија да настане хаос. Ама Србија не го прави тоа. ЗОШТО? Зар треба многу ум и разум да се согледа она што и „слепите“ го гледаат, дека сево ова е представа за лековерните и наивните. За оние кои сеуште веруваат дека УДБа, КОС и СИД се одамна мртви а и дека тие никогаш во Македонија не работеле за Српски интереси, за оние кои несакаат да ги видат аргатите на Србија сега пресвлечени во руво на антисрби од прв заврс, антисрби на чија антисрпштина би позавидел и самиот Ванчо Михајлов дека се само перачи на мозок по налог на СЛУЖБАТА. Ако се подсетат дека тие денешни антисрби вчреа беа антибугари, дека тие денешни антисрби и поборници за влез во НАТО и ЕУ до вчера правеа се да ги убедат граѓаните на Македонија дека НАТО и ЕУ се зандани за Македонците! Дека Бугарите се најголемите злосторници!! Пред нас се изведува Орвелско менување на реалноста!

Но има уште еден феномен најгласните во анисрпската хистерија се оние кои до вчера беа најголеми подржувачи на Србија, оние кои неможеа да смислат Самостојна Македонска држава. 

пс. многумина ке кажат дека фотографијата која сум ја прикачил со текстот нема ништо заедничко со текстот, фотографијата е за Тито, Југославија ... па побарајте одговор  зошто Србите  „КУЌАТА НА  ЦВЕЌЕТО“  ја чуват сеуште во Белград. Нели Тито на Србите и Србија им нанел најголемо зло !!