Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

КОЈ ЈА КОНТРОЛИРА ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА ТОЈ ЈА ВЛАДЕЕ МАКЕДОНИЈА ИЛИ И ЗАЕВ КЕ ЈА ДОЖИВЕЕ СУДБИНАТА НА ГРУЕВСКИ 4

 Јордан Петровски 05.07.2017

Втората стратегија на ДБК беше обидот на ДБК револтот и петицијата на Куманвската група, таканареченото „докторско крило“ кои преку петицијата се обидоа да му укажат на партискиот врв за погрешната кадровска политика,  да ги искористи за своите цели! 
На почетокот никој не обрнуваше внимание на групата а и групата несакаше петицијата  да излезе во јавност. колкав бил револтот кај старото членство на ВМРО ДПМНЕ во Куманово зборува фактот дека за два дена на петицијата се потпишаа 137 ВМРО вци, слободно можам да кажам дека сите потписници беа вистинси приврзаници на идеалот на ВМРО.  Петицијата беше пратена до Љупчо Героргиевски, сите министри во владата кои беа именувани од ВМРО ДПМНЕ, до генералниот секретар на партијата!! НИКОЈ не се осмели да каже збор за подршка или осуда.  Но некој од личностите на кои им беше пратена петицијата или пак можеби и самиот партиски врв за да не прикаже како „предавници“ еден комплетен материјал со се петицијата  му беше даден на неделникот „СТАРТ, сопственост на Љупчо Палевски председател на градската конференција на СДСМ на Скопје, значи гласило на СДСМ:
 
 
peticija_Start_1
 
Не посети новинар од „СТАРТ“ во „штабот“ на „бунтовниците“, ресторанот „БАБА ЦАНА“. Кога ни ги покажа материјалите немаше веке што да се сокрива. во еден долг разговор новинарот Маркузанов ја доби од прва рака приказната зошто е револтот. 
Првото писмо сосе потписите на петицијата и поштенските упатници на кого сме ги пратиле документите останаа во Куманово. Некаде 2005 година ги побарав од човекот кај кого беа на чување, тој со гордост во гласот  ми рече дека ги дал на Мики Заовски човек на Б. Змејковски инаку внук на Роте Заовски, шеф на Секторот за економски криминал во МВР, за да ги однесе во Истроискиот Архив на Куманово за да останат како сведоштво за онаа што се случувало во Куманово.  Човекот зеде обврска да појде до архивот и да направи копии и да ми ги прати. Кога отишол во архивот го чекало големо изненадување, такви материјали таму никој не предал. 
Го имам само второто писмо и тоа ке го приложам:
 
ЗОШТО ГЛАСАВМЕ ЗА ВАС!?”
(Отворено до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Љубчо Георгиевски)

Ви се обраќаме уште еднаш за да ве известиме за состојбите во ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Куманово и за вкупните состојби во градот по победата на парламентарните избори 1998 година. Ви се обраќаме свесни за ризикот дека оваа информација нема да допре до Вас. Првото јавување беше на 16 јануари 1999, кога темелно ги образложивме мотивате на петицијата потпишана од 137 членови.
Основата на незадоволството беше приватизацијата и узурпацијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од страна на координаторот Драган Даравелски, монополизацијата на градската кадровска листа и преземањето на апсолутната власт во градот од страна на Драган Далаверски и неговиот татко Томислав Стојановски, актуелен потпретседател на собранието на РМ. Нашата предупредувачка информација за негативниот тренд на водење на партијата во Куманово и сите негативни импликации и реперкусии за градот како и за рејтингот на партијата, беа дочекани “на нож” од страна на Драган Далаверски.
Со одлука на нелегитимна дисциплинска комисија формирана од редуциран ОК беа исклучени носителите на искажаното предупредување. Поради нелегитимноста на новоформираната дисциплинска комисија исклучените членови не се жалеа до Судот на Честа туку, како стои во Статутот на партијата, до Извршниот Комитет ( на 18. 01. 1999 год.) како и до Статутарната Комисија (на 25.01.1999). За жал, досега и од двете партиски институции немаме добиено писмен одговор за нашиот статус.
Не Ви се јавивме порано поради разбирањето за Вашето ангажирање околу состојбите сврзани за Косово и бегалците. Сега тие состојби се на пат на нормализирање и цениме дека сега повеќе време ќе можете да обрнете на состојбите во партијата.
Кадровското екипирање во Куманово заврши. Ефектите се повеќе од разочарувачки. Најголемиот дел од именуваните функционери не се членови на ВМРО-ДПМНЕ, (ако не се смета членувањето од есен 1998 година, односно, по изборите). Повеке од нив немаат соодветна школска квалификација за функциите кои ги обавуваат. Некои од нив имаат судски досијеа (но, не за политички ангажман)...
Со почит, во име на потпишаните на петицијата:
Драган Јаневски, Ѓорѓи Бојаџиев, Јордан Наумов, Ангел Тасевски и Бранко Скендерски
 
 
Но најголем револт предизвика доделување на функции на луѓе кои беа осведочени противници на ВМРО ДПМНЕ, луѓе кои беа водачи на битката Македонија да не се осамостои, луѓе за кои секој кој беше за Самостојна Македонија беше Бугарин!!. 
 
 
КОЈ ЈА ЖНЕЕ НАШАТА ВМРО-ВСКА ПОТ И МАКА
(одговор на Томислав Спасовски во Реагирања од 16.7.1999 година)

Се викам Ѓорѓи Бојаџиев. Во Куманово ме викаат Ѓоре-Егеец. Член сум на ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година.Не беше лесно тогаш да си ВМРО-вец. Помнам убаво колку агитиравме, се расправавме, а богами и се тепавме за ВМРО. Јас сум Егеец. Знам како е да загубиш родна земја.Родителите ми се намавани од Драма. Нема повеќе каде да одам. Затоа оваа парче земја, оваа Македонија –ја сакам.
Сакав, како и сите Македонци, да сме свои на свое. Во ВМРО-ДПМНЕ видов спас и надеж за Македонија. Затоа за мене и за 30-тина активисти тие први години не ни беше тешко со часови да ги убедуваме луѓето да членуваат и да го прифатат ВМРО. Во Куманово требаше да се вложи многу труд за пред луѓето да се симнат сите лаги за ВМРО, кои ги произведуваше СКМ. Велевме дека ВМРО е таа партија која Македонија ке ја направи богата и праведна држава. Македонија, каде за секого ке има работа и парче леб.
Земја каде ќе има среќни и задоволни луѓе, земја од каде младите нема да бегат по белиот свет. Не сакам големи куќи, богатства. Јас сум чесен човек. Носам душа во себе. Верувам во Бога и во неговата правдина. Сите овие мои желби и надежи за Македонија ги поврзав со ВМРО. За мојата ВМРО-вистина платив и цена. Јас и жена ми не работиме. Во 1993 година, со поголема група стари активисти, се кренав против деспотијата на Томе “Далавера”, кој тогаш беше претседател на ОК. Иако имаше одлука на генералниот секретар Борис Змејковски за смена на Томислав Стојановски, тој и покрај тоа остана на функцијата и не намава од партијата. Се жалевме до штабот. Ништо. Тие години бев како болен. Дојде 1998 година, парламентарни избори.....
.....Победивме. Радоста беше голема. Куманово беше освоено. Со гордо дигната глава одев по Куманово. Дојдоа на ред поставувања на ВМРО-вски градски функционери. Одеднаш, гром од ведро небо. Се избираа кадри од ред на роднини на “далавери”, нивни пријатели, луѓе со полициски досиеа. За несреќата и срамот да бидат поголеми, само два-три ако беа членови на партијата.
Ѓоре, човеку, кај да одиш кај да пустиш. На улица не ми се излегуваше. Одев по сокаците за да не се сретнам со луѓето. Кога ме прашуваа: “Ѓоре, она ли е твоето ВМРО за кое ни ја полнеше главата сите овие години”, црвенеев. Имав образ и ова навистина ме погодуваше. Со другите вистински ВМРО-вци почнавме да се допишуваме со штабот....
За да ја пресретнеме намерата за „компромитација“ со објава во „СТАРТ“ која ни ја подготвувал некој од ВМРО ДПМНЕ под итно беше даден коплетниот материјал и изјави на ФОКУС. Неделниците илегуваа во исти ден и така успеавме адутот „СТАРТ“ на партискиот врв да го избиеме од нивните раце! 
Наместо демант или било каков одговор во весник врвот на партијата ги употреби „единици за брза промена на мислењето“ на оние кои не му беа по волја на партискиот врв, па така кај некои од потписниците и „водачите“ на групата беа правени посети во нивните домови, работни простории, некои беа водени во партискиот штаб и им беа клавани пиштоли во уста  за да ги натераат да дадат изјави дека ги повлекуваат потписите или дека биле изманипулирани. Но и тоа на партискиот врв не му успеа, групата остана компактна и уште порешителна да истрае. Тогаш во игра влезе СЛУЖБАТА. Почна посети од високо позицинирани луѓе во СЛУЖБАТА, посети за да ни искажат подршка, ние сите несикусни мислевме дека во СЛУЖБАТА сепак има луѓе кои се подготвени да ги штитат Демократијата и Македонските интереси. Ние во Куманово, зборувам за групата, веке чувствувавме дека се подготвува меѓуетнички конфликт. Јас тоа го напишав во мое интервју за ФОКУС во Јуни 1999 година.  
Се ближеа Председателски избори и „ничим изазавн“ ми се јави Љубиша Георгиевски за да се „консултира“ со мене за тоа дали да се кандидира како независен кандидат? Јавувањето ми беше чудно бидејки иако му бев на Љубиша еден од најголемите финансиери на Председателската кампања 1994 година, во неговата книга „Председатесли Кандидат“ , никаде не ме споменува. Сепак без многу размислување ја прифатив средбата, но на средбата беше  и „водството“ на „бунтовниците“.  Идеата на Љубиша беше да влезе во трката за председател и ако победи со својот авторитет да издејствува промени во ВМРО ДПМНЕ. Прифатифме, образложението беше многу „силно“ и се совпшаше со нашата идеа и заложба за демократизирање, десрбизирање и декомуњаризирање на партијата. Дојде време за соборање на потписи и изненадување за нас, одеднаш кај „бунтовниците“ се појави група „Змејковисти“ кои најавија дека тие ке го бојкотираат собирањето потписи, бидејки ако Љубиша биде избран за председател тоа ке значи распад на партијата. „Змејковистите“ организирале бојкот не само во Куманово туку низ цела Македонија. Покрај опструкциите од „Змејковистите“ почина и мајката на Љубиша и така Љубиша се откажа од собирање потписи. 
На денот на вториот круг на претседателските избори, недела, јас се сретнав со Љубиша Георгиевски и Борис Стојменов, тогаш се уште министер за финансии. На средбата разговаравме за моменталната ситуација на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Јас и Љубиша имавме исто мислење а тоа беше да се формира нова партија, додека предлогот на Стојменов беше да се формира фракција во рамките на ВМРО-ДПМНЕ. Моето мислење во врска со предлогот за фракцијата беше дека таква шанса имавме за претседателските избори и остана неискористена.
По подолгата размена на мислења се наметна идеја за формирање на третиот политички блок кој би се викал “Унија на Демократски Сили”.Идејата беше во тој блок да влезат ЛДП, Лигата за демократија и групата околу Љубиша Георгиевски.
Водството на таа коалиција требаше да биде колективно. Имаше неколкукратни видувања и состаноци каде присуствуваа Љубиша Георгиевски, Борис Стојменов, Павле Трајанов, Никола Младенов и јас. Атмосферата беше конструктивна и имаше доверба меѓу присутните. Беа направени и контакти со професорот Ѓорѓи Марјановиќ.
Павле Трајанов и Никола Младенов го формираа Демократски Сојуз и така прекина средбите за формирање на Унијата на Демократски Сили  
Во меѓувреме, на групата и се приклучи и Борис Змејковски. Се искристализира идеја за формирање нова партија. Името го даде Љубиша Георгиевски ( ВМРО – Вистинска Македонска Реформска Опција), а тој ги подготви и основните документи и платформата за новата партија. 
За време на тие мои интензивни патувања во Скопје, преку еден мој роднина, на негово барање имав неколку пати видувања со таткото на Бранко Црвенковски. Тој се понуди да посредува во разговорите со син му, кои одеа во следнава насока: во случај новоформираната партија да преземе дел од пратениците и ако се формира нова влада, Бранко Црвенковски премиерското место да му го отстапи на Борис Стојменов. Но, откако го замолив да го праша својот син Бранко, кој го штител Драган Далаверски во судскиот процес против Народна Банка на Македонија и кој му овозможил да е дел од државниот шверц на цигари од почетокот на 1996-1998 год. човекот повеќе не ми се јави!
Му пренесов на Стојменов за понудата од Бранко Црвенковски која ми ја пренесе таткото на Бранко Црвенковски , Стојменов да стане премиер ако се направи ново парламентарно мнозинство. Стојменов како да не беше воопшто изненаден од предлогот  на Б. Црвенковски. Во тој разговор  дојде до несогласување помеѓу мене и Стојменов. Повод беше неговиот наум за купување на пратеници. Тој ми кажа дека ке КУПИ доволно пратеници за да формира мнозинство!!  Се запрашав, зар е можно со луѓе кои ќе ги купуваш за пари да го започнеме процесот на воспоставување на вистинска демократија, а демократија нема ако нема почитување на закони, демократија нема со криминалнци во власта ..... . Ги врзав конците, понудата на Б. Црвенковски и „наумот“ на Стојменов да купи доволно прастеници. Појавата на Змејковски, неговото доаѓање со Љубиша во Куманово, доаѓање после мојот напис во ФОКУС во кој јасно посочив дека Змејковски и Доста Димовска играт за иста екипа.  Се беше готово... повторно да не се успее! Но и Љупчо не седел со скрстени раце и тој тргнал да купува пратеници:
 
 
 
Почнаа пресметки помеѓу приврзаниците на Љупчо и приврзаниците на Стојменов и Змејковски, Кумановската група, „докторското крило“ се расцепка , едни останаа неутрални , едни се приклучија на ВМРО а едни се вратија во ВМРО ДПМНЕ....... Љубиша замина за амбасадор во Софија 
Многу бргу работите почна да излегуваат на виделина, поточно да добивам потврда дека моите сомнежи биле оправдани:
 
.....susretima ambasadora Janackovica s vodstvom nedavno osnovane VMRO-VMRO koju sacinjavaju nezadovoljnici iz vladajuce VMRO-DPMNE. Sam Janackovic je optuzbe odbacio kao neosnovane,tendenciozne, nemoralne, netacne... Za svoje susrete s celnicima VMRO-VMRO kaze da su uobicajeni u diplomatskoj praksi svakog ambasadora.
Ми стана кристално јасно дека моето понатамошно останување во Македонија ке е премногу ризично. Дотогаш никогаш не сум помислил дека ДБК ке имало интерес за мене. Две недели пред истекот на рокот за поднесување барања  за увид во личните досиеа  и јас поднесов барање иако неверував дека  ке добијам одговор дека имам досие, но сакав да сум уверен дека е така.  На мое големо изненадување добив известување дека за мене се водело досие од ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ причини!!