Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

КОЈ ЈА КОНТРОЛИРА ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА ТОЈ ЈА ВЛАДЕЕ МАКЕДОНИЈА ИЛИ И ЗАЕВ КЕ ЈА ДОЖИВЕЕ СУДБИНАТА НА ГРУЕВСКИ 3

Јордан Петровски 04.07.2017
 
Четвртата направија откако Јаначковиќ амбасадорува во Македонија е планот да се обезбедат материјални докази дека ВМРО ДПМНЕ се финансира од Бугарија!!
Во 1996 станувам „ДЕРЕГИСТРИРАН“,  причината за ДЕРЕГИСТРАЦИЈА ке ја објаснам со цитат од прелогот за ДЕРЕГИСТРАЦИЈА: „Иако беа превземени мерки и активности не беа во целост потврдени сознанијата и податоците поради кој беше заведен ... поради што предлагаме истиот да се дерегистрира од ПО, бидејќи нема основ за понатамошен оперативен третман.“
Од изјавата за „ДЕРЕГИСТРАЦИЈА“ се подразбира дека веќе нема да има следење, нема сослушувања, нема прислушкувања, но не е така. Оттука почнува главната операција која ви го одредува животот. Ако станете соработник ќе немате проблеми во бизнисот, кариерата, ситните и крупните прекршоци, кражби па и убиства. Ако одбиете, инспекторот Кузман вака ми објасни: „со ова си ставил печат и на твоите деца“. 
Тука, во постдерегистрациските постапки на УДБа е најголемиот злостор. УДБа вака го објаснува повикувањето на сослушување после дерегистрацијата: „западнал во моментална финансиска криза која беше искористена како посебен момент за обавување и прифаќање на разговор од истиот.“ На разговорот инспекторите пројавија интерес за мое побарување од фирма од Бугарија кое датираше од 1993 година. Ми дадоа и „совет“: „Во врска со неговиот спор со фирмата **** по наша иницијатива Петровски прифати да побара помош и од бугарската амбасада во Скопје“. Ме заинтересира што е играта, што стои зад ненадејната и неочекувана грижа на УДБа. Проценив дека во играта само можам да настрадам јас, а јас немав веќе што да изгубам. УДБа тоа веќе го одработи, нејзини луѓе ми зедоа сé, еве цитат од службена белешка која го потврдува мојот навод дека службата е замешана во моето економско уништување: „...е наша пријателска врска од порано...зел роба во вреднсот од 1,5 милиони марки и не им дал пари“. Затоа прифатив да го направам следниот чекор. Следниот чекор беше со инспекторот Кузман, со возило кое тој го возеше со цивилни таблички ме одвезе во Бугарската амбасада, состанокот го договорив јас предходно благодарејќи на убавите впечатоци кои ги понел амбасадорот Димитров од мојот ресторан. Бугарскиот амбасадор Димитров неколку месеци пред тоа беше гостин во мојот ресторант, не мој, туку го доведоа луѓе од кумановскиот театар, после театарската представа „ЦРНИЛА“. Му објаснив на господинот Димитров дека имам побарувања од фирма од Бугарија и дека водам легален судски спор и дали можам да очекувам помош од амбсадата-тоа беа инструкциите на УДБа. Амбасадорот беше многу јасен, таква можност не постои, единствено тој може да го замоли економското аташе да провери да каде е и зошто е закочена судската постапка, а да го стори тоа ќе треба да му дадам број на предмет. Му го пренесов разговорот на инспекторот Кузман по патот за Куманово со заклучок дека нема никакви шанси да ми се помогне. Кузман беше упорен да му ги дадам на амбасадорот бараните податоци. Тоа ми беше премногу нелогично и сомнително.
 
ПОЛИЦИЈА И ПОЛИТИКА мај 1998 година, во неделникот „ДЕНЕС“
Бидејки во случајов се работи за личност која е блиска кон ВМРО-ДПМНЕ- овската опција, можната конструкција, доколку не се работи за самоволие и злоупотреба на службена должност, е ‘полициски” јасна. Преку евентуалното воспоставување “дипломатска” врска за наплата на побарувањата на Петровски од бугарскиот партнер се гради солидна конструкција за предеизборната кампања и познатите, веќе чуени тврдења дека ВМРО-ДПМНЕ се финансира од Бугарија. Во целиов случај зачудува самоувереноста на лицата кои настапуваат во име на Дирекцијата. Со тоа ги компромитираат сите вработени во неа, зашто се знае дека голем дел од нив, како најдобри и најсовесни професионалци, во изминатите години на градењето на македонската државна самостојност на својот грб изнесоа не мал товар од сложените состојби на југословенскиот распад.
 
За чудо по објавата на текстот немаше демант од ДБК, ниту пак протестна нота од бугарската амбасада до МНР.  Тогашната постапка на амбасадата за мене дава објаснување на денешното однесување на Бугарија , поточно на премиерот на Бугарија Бојко Борисов, преголемата љубов кон СДСМ, љубов изградена во времето на МУЛТИГРУП....... 
Таа љубов многу прецизно ја објаснил началникот на КОС генералот Аца Васиљевиќ:
Врските помеѓу службите на Бугарија, Романија, бившата Југославија и покрај промените останале НЕГИБНАТИ!!
Петата направија откако Јаначковиќ амбасадорува во Макеонија е работење на заладување на односите на Македонија со САД и НАТО!! Круна на направијата за аладување на односите со САД беа антинатопротестите  кои завршија со палење на амбасадата на САД!! Дека службата била замешана , поточно организатор на демонстрациите и палењето на амбасадата говори овој дел од текст објавен во ФОКУС:
ЗЕЧЕВИЌ АНИМИРА, БОЈЧЕВСКИ АКТИВИРА

Но еве ја веќе објавената верзија на Бачев, со уште некои дополнителни детали :
- Легендираното покритие за реализирање на сценариото беше организирањето протестен митинг на Србите во Македонија. Црвенковски притоа дава виза членството на СДСМ да се активира за учество на овој протест. За овие детали ќе биде задолжен Миле Зечевиќ, сегашен директор на СДБ, инаку со силни семејни релации со луѓе од југословенските безбедносни структури. Сценариото перфектно ќе функционира.
Во даден момент голем број граѓани ќе дојдат пред амбасадата на САД за насилно да влезат во неа. Во тој момент тајните структури на СДСМ во СДБ, кои цело време се на врска со т.н.оперативен штаб на опозицискиот СДСМ, кој го раководи Црвенковски со своите тогашни најблиски партиски соработници, оценуваат дека е потребно да се изнајде начин еден дел од полицискиот кордон пред амбасадата да се повлече, а останатите да се пасивизираат и да не го попречуваат народот да влезе во амбасадата. Црвенковски му издава таква наредба на Бранко Бојчевски, кој е дел од оперативниот штаб на СДСМ. Бојчевски, пак, му се јавува на својот човек Борко Марковски од скопската полиција, кој раководи со полицијата пред амбасадата, и му ја пренесува наредбата. Истовремено, специјални лица од СДБ од порано веќе инсталирани во службата преку свои агенти шират психолошка пропаганда помеѓу полицајците во стилот 'кого браните', 'оваа предавничка влада е готова' и слично. Во еден момент добар дел од полицијата и ќе потпадне под оваа психолошка пропаганда и фактички самите полицајци обилно им помагаат на 'демонстрантите' да ја прескокнуваат високата ограда со тоа што прават 'живи' скали за да прескокнуваат 'демонстрантите'. За да биде 'легално' повлекувањето на дел од полицијата од пред амбасадата, смислена е варијанта дека е потребно да се одведе дел од полицијата пред хотелот 'Александар Палас' за, наводно, да се заштитат возила на странските претставништва од 'разулавената' маса граѓани- ги објаснува Бачев улогите на главните актери.
Од ова се гледа дека тајната мрежа на СДСМ функционирала перфектно и кога биле опозиција. Имаат свои луѓе во полицијата, свои кадри во судството да заташкаат, и се разбира свои новинари на битни уреднички места за да се прават мутави дека овој скандал беше во нивна режија. А и ефектите нели им биле добро пресметани. Со еден куршум повеќе зајаци: ем одмазда кон Хил, ем девалвирање на новата вмро-овска власт која се покажа некадарна да ја заштити американската амбасада, ем малку да си кренат рејтинг шлепајќи се на емоциите на населението на антиамериканска основа заради воената кампања против Србија. Што би рекол Латас, така Бучко, Бранко и он на состанок проценувале. Еско пак го знае и пироманот, ама ете за сега не го кажува. Потоа задачата во обвинителството и судот ја одработува Бучко и филмот добива 'хепи енд'. 
- Најинтересно во случајов е што во еден момент настапи целосна блокада на сите полициски комуникациски средства (радиостаници-телефони), кое нешто траеше околу шеесетина минути. До ден-денес не е расветлен овој многу битен момент, односно, кој е тој субјект што во критичниот момент имал таква извршна или технолошка моќ и знаење да го блокира системот за комуникации во МВР и да направи невидена диверзија во системот на комуникација, токму во моментот кога беше потребна непрекината и постојана врска помеѓу припадниците на МВР.
Овој детал, за прекин во комункациите, телефонски ни го потврди и Павле Трајанов, кој тогаш беше Министер за внатрешни работи. Инаку дел од заслужните кадри во подготовката и реализирањето на овој 'филм' веднаш по смената на власта беа унапредени. Марковски доби чин на полициски генерал, Бојчевски стана директор на јавна безбедност, а Зечевиќ е сега главен на Управата за безбедност и контраразузнување. 
Шестата направија откако Јаначковиќ амбасадорува во Македонија е обидот за рушење на владата на Георгиевски. За рушењето на владата СДБ ке работи со две стратегии едната коплетно нивна, пак ке цитирам дел од еден текст од ФОКУС, поточно сведочење на еден од актерите во рушењето на владата на Георгиевски а кој бил ангажиран од СДБ 
Трајковски пак опишува како е врбуван за соработник. Заслужува внимание каде високиот функционер што го контактира му посочува дека 'неколку одбрани луѓе од ДБК', меѓу кои е и тој, работат на рушење на владата, на подготовка на скандали, кои за воља на вистината ги имаше колку сакаш. Но, проблемот во нашава приказна е што излегува дека ДБК работела за интереси на една Партија. Уште повеќе, на партија во опозиција. Трајковски или БОЈ, на пример, ја опишува задачата кога требал да пренесе 'доверлива информација' на одредени новинари дека 'владата под 'строго доверливо подготвува акција против неколку познати фирми, а со помош и на експерт за финансиски малверзации од Еуропол......
Борче Трајковски пак ја опишува задачата што ќе ја добие дента кога е обелоденет скандалот 'Големото уво'. Неговата задача како нели 'лице за трансфер на податоци и информации' била да ги намами ВМРО-овците кон бизнисменот Тоше Пикон. Задачата успешно ќе си ја сработи. Впрочем, експресно од ВМРО-овциве и медиумите што тогаш ги контролираа ќе почне да се вергла опцијата или одбраната од скандалот дека фирмата блиска до СДСМ, 'Пикон' има опрема за прислушување. Сепак, и на Бој не му е јасно дали 'информацијата' што треба да ја размножи е вистинита. Има уште еден занимлив детал. БОЈ ќе дотурка дури до Љубе Бошкоски, во тоа време државен секретар во МВР. Бошкоски сепак ќе побарал да ги поткрепи тврдењата за Пикон со некакви документи. И она што е многу симптоматично е што откако на неговата врска од ДБК, 'Михајло' му пренел што бара Љубе од него, овој го смирил дека тоа не е никаков проблем. 
... За само осум дена на мојата домашна адреса, ќе пристигне пратка од ФЕДЕКС, во која ќе ги добијам документите за наводната набавка. Испраќачот на пратката беше фирмата од Сингапур, И сето тоа ме збунуваше. Се прашував како ли само успеаја да го направат тоа? Јас вистински добив документи од Сингапур, за наводната набавка на таква опрема од познатата скопска фирма!
Овој детал покажува дека 'Михајло' не работел на своја рака. Ваква една работа навистина може само Служба да ја обави. 
.......проблемот во нашава приказна е што излегува дека ДБК работела за интереси на една Партија. Уште повеќе, на партија во опозиција.