ЗОШТО ГОСПОДИНОТ ВАНХАУТЕ СТАНА ДРУГАРОТ ПЕРО

 

Јордан Петровски 28.03.2017

 Одговорот на господинот Ванхауте на текстот: ОТКАКО ГОСПОДИНОТ ВАНХАУТЕ СТАНА ДРУГАРОТ ПЕРО ЗАБОРАВИ ДЕКА ЗБОРОТ Е ЗБОР :

 

 

Dear Jordan,


let me make it very clear from the beginning. Though you are free tow write anything and to criticize me as well (no problem with that), I have to inform you that you didn’t get my message. The main problem in Macedonia, but also in other countries of the former Yugoslavia, is that the political elite,but also many citizens, still continue with what they perceived as democracy under Tito. As a result, Macedonia and other countries in the region ended up with a highly clientelism system, where citizens believe they can only get a job via a political party, they can only do business if they do as ordered by those in power. And of course, there is the endemic corruption. It will take a long time to eradicate this.
Concerning the non majority communities, yes, the facts on the ground prove - even today that there is discrimination, even though the situation improved since 2001. But there is still a long way to go. One example: today, the Albanian community is not allowed to question some of the national symbols or to request a formal recognition of Albanian as a de facto second language. For the President, this is immediately a reason to block the formation of the government. The least I would expect is that people learn to listen to each other - step 1: first listen. Step 2: ask additional questions for clarification. Step 3:start a comprehensive discussion on the proposed issues, discuss, amend, make counter proposals if needed and try to reach an agreement (= compromise). By not doing this, the President makes it very clear that the Albanian parties are just second rank citizens, whom you even don’t need to talk to. This is in no way different from the behavior in Tito’s time. Changing this takes courage, the courage to develop an open democracy - and sorry, but in relation to this, I have no connection to Soros, even though I highly appreciate their work, as we share a common ideal about an open democracy, where all citizens are treated equally, where everyone can rely on the same basic rights, where the judiciary is without bias, This is what the current discussion is really about.

Best regards,

Peter

Превод на писмото:

Господине Јордан,
веднаш да ви појаснам. Вие сте слободни да пишувате што сакате и да ме критикувате (немам проблем со тоа), но, морам да ве информирам дека не сте ја разбрале мојата порака. Главниот проблем во Македонија, но исто така и во други поранешни Ју-држави, е тоа што политичката елита, но и многу граѓани, продолжуваат со начинот на кој ја поимувале демократијата под Тито. Како резултат, во Македонија и други држави во регионот, се има развиено систем на клентилизам, каде што граѓаните веруваат дека едниствениот начин да се стаса во вработување е преку политичка партија, дека можат да работат само доколку тоа е наредено од оние во власта. Тука е секако и ендемската копупција. Ќе биде потребно долго време да за ова да се отстрани.

Во однос на малцинските заедници, да, фактите на теренот докажуваат—и денес сѐуште е присатна дискриминацијата, и покрај тоа што ситуацијата е подобрена од 2001 година. Но има уште многу да се сработи. Еден пример: денес, на албанската заедница сѐуште не ѝ е дозволено да отпочне дискусија за некои од државните симболи, или да бара формално признавање на албанскиот како де факто втор јазик. За Претседателот, ова претставува ургентна причина да го блокира формирањето на нова влада. Најмалку што може да се очекува е барем луѓето да се исслушаат—прв чекор: прво слушај. Втор чекор: прашај надокнадни прашања за разјаснување. Трети чекор: заполни општа расправа за предложените прашања, дискутирај, менувај, давај контра предлози за да дојдеш до согласност (=компромис). Одбивајќи да го стори ова, Претседателот даја јасен сигнал дека албанските партии се граѓани од втор ред, со кои не е потребно ниту да се разговара. Ова не е воопшто поразлично од времето на Тито.

Менувањето на ова бара храброст, храброста да се развие отворена демократија—и жалам, ама во однос на ова, јас немам врска со Сорос, иако високо ја ценам нивната работа,
бидејќи ние го споделуваме заедничкиот идеал за отворена демократија, каде што сите граѓани ќе се третираат еднакво, каде сите ќе можат да се потпрат на истите основни права, каде што судството е без пристрастност. Ова е тоа за што се води сегашнава дискусија.

Мојот одговор:

Почитуван Ванхауте

Јас вашата порака ја разбрав многу добро и затоа и реагирав. Го напишав текстот во кој Ве потсетив дека ЗБОРОТ  Е ЗБОР,  поточно, Ве потсетив на она што беше ваша девиза во текот на преговорите 2015-16, дека треба и мора да се почитува дадениот збор. Вие господине Петер дадовте збор дека ке инсистирате на смена системот, бидејки смената на ВМРО ДПМНЕ со СДСМ нема да донесе промени на системот и за тоа бевте во право 100%. Заради тоа и ја добивте мојата, а и подршката на  многу граѓани на Македонија, кои проблемот на Југославија, тоталитарниот едноумен комунистички систем, а потоа и на Македонија како држава го детектитале одамна, уште пред 1990 година. Затоа тие исти  граѓани многу лесно го препознаа во предизборието отстапувањето на Опозицијата од задачата Промена на Системот  и затоа во голем процент не излегоа да гласаат.  Таа порака ниту Вие, ниту опозицијата не ја разбравте  во постизборието. За да се покрие тој факт, бојкотот на изборите, Тајната Идеолошка Полиција ја понуди ПЛАТФОРМАТА како идеален начин за оттргнување на вниманието.

Тоа што опозицијата на чело со СДСМ не ја „разбара“ пораката  во неизлегувањето на голем дел од гласачите на избори не ме изненади. Тоа е истата Соцојалдемократска политичка фомација којашто неколебливо управуваше со Парламент лишен од опозиција за цели четири години во средината на 1990-тите години. Тие се слепи трагачи по власт и  чувари на Титовиот систем. Меѓутоа, ме изненади и длабоко ме разочара тоа што и Вие не ја разбравте таа порака и постизборно се придруживте на играта на Титовите стуктури за зачувување на тоталитарниот комунистички систем.

Во сите демократски држави изборите се одржуваат по принцип кадешто за време на предизборната кампања партиите на гласачите им ја соопштуваат својата визија и понуда за тоа што тие ке сторат ако дојдат на власт. Кампањата која за овие декемвриски избори траеше две години, беше со една порака и цел, да се изведат криминалците пред лицето на правдата. Изборите беа со една единствена цел, демонтирање на криминалните структури во власта и системот без која криминалот неможе да опстои. Структурата и механизмот низ кои клиентилизмот се перпетуира во македонското општество е тајната идеолошка полиција—УДБа. Токму преку нејзиното делување апстрактната идеја за вработување преку партиска припадност се преточува во реалност. Ако мислевте дека сѐ што е потребно за докажување на лојаност кон Власта беше поседувањето на членска книшка, тогаш морам да Ве предупредам дека вашата замисла за тоа како овој систем фунцкионира е загрижливо наивен. Ако системот навистина фунцкионираше како што го замисливате, тогаш огромниот број на членови ветерани на ВМРО-ДПМНЕ на денешницата немаше да се наоѓаат шиканирани од Државата. Системот фунцкоонира на сите нивоа на општествениот живот, а особено во образованието. Низ течението на својот живот македонскиот граѓанин минува низ редица „контролни пунктови,“ преку што Тајната полиција се осигирува дека само најлојаните на корумпираниот систем на негативна селекција можат да напредуваат, та и да стасаат до врвот на општествената хиерархија. Системот на целосна контрола, и осигурување потполно придржување кон владејачката елита и нејзината догма, не е измислен, ниту воведен во употреба од Груевски. Но, не е ниту систем кој комплетно го измили режимот на Тито. Овој систем на принудна согласност, на измама и издајништво, бил етаблиран уште за време на српската окупација на Вардарска Македонија по завршувањето на Балканските војни.

Демонтирањето на криминалните структури на власта не е возможно без демонтирање на Тајната Идеолошка Полиција, која  од 1991 година функционира под име СДБ/ДБК, инаку според системот на работа,  законите и одредбите кои ги користеше сѐ до 1995 година, а кои потоа само ги преформулира и им ја задржа суштината и приоритетите на работа  остана онаа истата Служба уште од времето Тито кога била  позната  под името УДБа! Наместо да се ползува моментот на рапсадот на Југославија како повод за растурање и ставање на оваа срамна криминална организација ви буништето на историјата, тогашните раководители на македонскиот народ само ѝ дадоа фејслифт и нов живот. За да добиете претстава за тоа колку навистина Владата на Бранко Црвенковски (читај Киро Глигоров) се грижела за растурање на клиентилистичкиот систем на Титова Југославија, ќе ви ги понудам фактите дека сѐ до 1995 година СДБ се раководела според законските одреби на Уставот на СФРЈ од 1985 година, како и тоа дека новите правила за работа на преименуваната ДБК од 1995 година, поради своето сукобеше со Уставот на РМ морале да бида објавени на неуставен начин во ТАЕН Службен весник. Некои од најприминентните припадници на денешниот „граѓански сектор“ тогаш беа водечки фигури во Министерствата за внатрешни, надоврешни работи, правда и образование—истите фигури денес се претставуваат како витези на „отворената демократија.“ А најлошо од сѐ е фактот што тие и денес продожлуваат да ја доминираат македонската академска сцена, на тој начин перпетуирајќи го системот на негативна селекција во бесконечноста.

Но, да се навратиме на суштината на постизборниот проблем кој е предизвикан благодарејки на палтаформата на Албанските партии. Дали во предизборието партиите на Албанците ја споменуваа платформата? Дали барањето од страна на Албанските партии, платформата, она што не било споменато во предизборието може да биде основна задача, програма  на новата влада која се обврзува таа да ја исполни? Ке мора да се сложите дека такво нешто не би поминало во ниту една демократска држава. Никаде каде се почитуваат демократските принципи и каде што граѓаните се тие кои дават и земаат власт нема да биде прифатемно од  самите граѓани програмата  на владата да биде заснована врз нешто што не било на оценување пред граѓаните, поточно пред избирачите во предизборието.

Платформата според мое длабоко уверување а и познавањето на работата на Тајната Идеолошка Полиција, е дело СДБ а обзнаента од нејзини соработници. За да почнете да размилсувате во тој правец ке ви посочам дека целиот политички врв на ДУИ е составен од Соработници на Тајната Идеолошка Полиција.  Псевдонимите  „ИБАР,“ „МАМА,“ „ВУЈКО,“ „СТРЕЛЕЦ“ под кои  работеле и работат Ахмети, Фазлиу, Острени итн., за Тајната Идеолошка Полиција им се познати и на врапците. Кога на ова ке се додаде фактот дека сите политички партии, водставата на НВОата и граѓанските здруженија во Македонија се формирани и кадровски екипирани  од Тајната  Идеолошка Полиција сѐ станува јасно како бел ден.

Во сите мои писма до господата Фуере, Фуле, Председателот на Европскиот Суд за човекови Права, Подкомитетот за човекови право во Европскиот парламент, сум укажувал дека основна пречка за демократизирањето на Македонија е неспроведувањето на лустрцијата, која Ви ја споменав и на Вас, а за која вие немате никаков коментар.

Во писмово кое Ви го праќам имате линк од снимка од разговор на представник на нашиот КОМИТЕТ за ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА на МАКЕДОНИЈА со секретарот на Венецијанската комисија, а од причина што Уставниот суд во 2011 година се дрзна да во барањето мислење од Венецијанската комисија не ги даде главните причини заради кои е потребна лустрација во Македонија и после 1991 година.



[Image: hqdefault.jpg]

ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА 1
www.youtube.com

Како е можно за демократи и поборници за демократијата во Македонија  да ги сметате луѓето кои се најгоеми противници на лустрацијата во Македонија, луѓе кои правеле и прават сѐ за да не се промени Титовиот тоталитарен систем?
Македонија, господине Петер, може да опстане и да стане демократска и правна единстевено само како граѓанска држава, што според мое убедување, не подразбира само втотиот по бројност етникум да има поголеми права од другите етникуми.

Во моментов Македонија има многу сериозен проблем, а тоа е спречување на ескалацијата на недоразбирањата околу мандат на влада и толкуањата на Уставот околу доделата на мандатот. Да ве потсетам за толкувањата на Уставот Ви пишував во предхотниот текст,  рошомонијадата околу толкувањата на Уставот кои се созададоа во 1991 и 1992 година, Титовите ученици за да кршејки го Уставот и непочитувајки ја волјата на гласачите се доберат до власт. Голем дел од тие тогашни актери на кршењето на Уставот и непочитувањето на волјата на гласачите се во првиот ешалон на СДСМ—значи луѓе кои сигурно ке имаат високи функции во евентуалната влада на СДСМ. Каква промена да очекуваме? Ке ви кажам промената ке биде само во персонална смисла.

Но она што вие можеби не го гледате во моментот—опасноста протестиве протв платформата како основа за правење на влада и инсистирањето да се направи влада врз основа на платформата може да прерасне во меѓумакедонски судир, судир кој ке однесе и човечки животи, а кој неминовно ке се прошири и на меѓуетнички, со сериозни импликакции на малку поширок регион од границите на Македонија. Ако недајбоже  се случи тоа најголемата вина ке ја има ЕУ, САД и Вие господине Петер. Затоа вратете се на вашиот даден  збор, ПРОМЕНА НА СИСТЕМОТ.

Решението на проблемот е многу лесно и едноставно. Собранието мора да се доконституира со избор на председател и др. Собранието ке треба да избере "влада" која ке биде пак договор под покровителство на ЕУ и САД и која ке спорведе избори во рок од 6 месеци. Таа влада и пратениците од овој состав ке треба да донесат нов изборен закон, кој ке понуди или пропорционален систем ама со Македонија како ЕДНА изборна единица и отворени листи, или пак мнозински систем со ЕДЕН круг на гласање. Забрана на постизборрно коалицирање, а тоа значи и можност за формирање на малцинаска влада, што е единствениот пат кон вистинска граѓанска држава, држава во која поединчените човекови права и слободи ке бидат столбот на демократијата.
 
Македонија само како граѓанска држава може да опстане. Граѓанска држава не подразбира права на еден или два етникума да имат повеке права од останатите етникуми.

 
Read 834 times