ЛАГИТЕ НА МАНОИЛ МАНЕ ЈАКОВЛЕВСКИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА ВМРО ДПМНЕ 3

ЛАГА ТРЕТА: МАНОИЛ ТВРДИ ДЕКА ТОЈ  И ГОЈКО СЕ ОСНОВАЧИ НА ДПМНЕ ШТО Е ДАЛЕКУ ОД ВИСТИНАТА !

 

 

Јордан Петровски 14.03.2017

 

 

 

Драган Богдановски првото известување дека ке формира партија го испаќа на ПРЕДСЕДАТЕЛОТ на Д.О.О.М др. Богољуб Андоновски-Балкански. Еве го тоа писмо:

 

                   


На скенов е дел од писмото, поточно членовите основачи, со кое Драган Богдановски на 03.02.1990 година го известува председателот на ДООМ , Др. Богољуб Андоновски за основањето на ДПМНЕ и дел од манифестот за основање на ДПМНЕ кој Драган богдановски го објавил на 07 .03.1990 година во Млад Борец. Во манифестор се и имињата на основачите на ДПМНЕ , поточно членовите на КООРДИНАТИВНИОТ ОДБОР, на тој список ги нема Маноил!!

 

 

           

 

Значи  Маноил не се основачи на ДПМНЕ.

Според сведочењето на Диана Транталовска во нејзиното отворено писмо до г-ѓа Димовска по наслов: “Колку што имаш добро правено за партијата, многу повеќе имаш гревови спрема неа“ јасно говори дека биле и изготвени пристапници за партијата ДПМНЕ и веке имало и членови кои се зачлениле во ДПМНЕ! Значи Маноил не бил меѓу тие луѓе!!

Уште помалку Маноил е член на ВМРО СДРМА-ПРАВДА! Основачите на ВМРО СДРМА-ПРАВДА се оние кои учествувале во преговорите со ДПМНЕ за спојување. Во преговорите Мане не учествувал, бидејки 
договорот за спојување помеѓу ВМРО СДРМА-ПРВДА и ДПМНЕ е постигнат на 26 .04.1990 година во Царев Двор-Ресен, Република Македонија!! Според документите од тоа време Маноил не ни знаел за формирањето на ДПМНЕ и за преговорите кои се воделе за спојување на двете партии. 

Маноил во една дискусија на фб вели дека ДПМНЕ е договорено, формирано во Берлин:

Jas nikade nesum tvrdel deka sum bil na sredbata vo Minhen, jas zboruvav za sredbata vo Berlin, a taa sredba bese pred sredbata vo Minhen.

 

Зар е можно ДПМНЕ да е фомирано во Берлин а за тоа да не бил запознаен Гојко Јаковлевски -Гоце?? Зар е можно во Берлин да е формирано ДПМНЕ а ниту Маниол ниту Гојко не се во координативниот оддбор на ДПМНЕ? За да ги разјаснам овие работи ке мора да споменам некои изјави на Гојко Јаковлевски -Гоце 
Гојко Јаковлевски-Гоце во едено свое писмо објавено во Нова Македонија вели:


Ми предложи заеднички да ја формираме партијата ДПМНЕ. Истакна дека во Македонија има млади луѓе кои ја поддржуваат идејата и се подготвени заедно со нас да учествуваат во нејзината реализација. Доколку се согласувам, да предложам термин и место за одржување на состанокот и да ги удриме темелите на партијата. Откако добро размислив, ја прифатив идејата, му се јавив на Богдановски и му го соопштив мојот став. Средбата требаше да ја одржиме на 26 и 27 мај 1990 година во хотелот на Илија Грнаров во Целе, близу Хановер, Германија. Но, од оправдани причини состанокот го одржувавме во Минхен на 31 мај и на 1 и 2 јуни 1990 година.

 
Ако го имаме доказот, манифестот објавен на 07.03.1990 година, во Младе Борец за формирање на ДПМНЕ, зар е можно Гојко Јаковлевски да се договарал со Драган Богдановски пред 07 март 1990 година, за средба во Германија која ке се одржела после два и кусур месеци?? Постои и писмо од Дарган Богдановски во кое се гледа датумот  17 мај  1990 година, датум кога Драган Богдановски со тоа писмо го известува Гојко Јаковлевски Гоце дека основал партија.!

Писмото од Драган Богдановски до Гоце-Гојко, писмо во кое на самиот почеток Драган Богдановски пишува за повекевремено не контактирање помеѓу него и Гојко - Гоце: 



[Image: Dragan17jud6bd.jpg]

 

и дека се прават локални организации по градовите во Македонија ???? Зар може Гојко и Манил да незнаат дека се формират и локани штабови на ДПМНЕ низ Македонија?


[Image: Dragan17ju988a.jpg]

После известувањаето Драган го повикува Гојко да се приклучи на партијата:



[Image: Dragan17ju4357.jpg]

При крајот на писмото Драган бара финансиска помош, нема збор за средба, нема збор за разговори околу името на партијата ....



[Image: Dragan17ju909e.jpg]

Read 1226 times