Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ОТКАКО ГОСПОДИНОТ ВАНХАУТЕ СТАНА ДРУГАРОТ ПЕРО ЗАБОРАВИ ДЕКА ЗБОРОТ Е ЗБОР

 

01.02.2017 Јордан Петровски

Кога господинот Ванхауте ја даде следва изјава:

Проблемот не е една партија да се замени со друга, односно да се тргне ВМРО-ДПМНЕ и да дојде СДСМ. Вие имате системски проблем и тоа е она што треба да се промени. Рано е да се зборува за каков било друг план. 

Помислив дека конечно се надзира почетокот на решавањето на проблемот во Македонија, помислив дека конечно во Македонија дојде човек кој јасно и прецизно лоцирал дека проблемот во Македонија е тоталитрниот едноумен комунистички систем. Заради тоа мое уверување си зедов за слобода да го контактирам господинот Ванхауте и да му дам потврда дека е 100% во право со тоа што проблемот во Македонија го лоцирал во системот. На господинот Ванхауте му испратив едно мое писмо кое беше упатено на 30 септември 2011 до господинот Фуле, писмо во кое во име на Комитетот за Демократизација на Македонија сум се обидел да објаснам каде е суштина на проблемот, да објаснам дека во Македонија нема вистински движења, граѓански здруженија кои се борци за демократија и раскин со тоталитарниот комунистички систем. Еве дел од тоа писмо:

Случувањата од минатата недела на панел дискусијата „Silencing the Press“ се последица на погрешната политика на ЕУ кон Македонија. Имено, за изминативе дваесет години, Еворпската Заедница не изврши притисок врз ниедна власт во Македонија да раскине со комунизмот. Истата грешка ја повторивте и вие сега Господин Фуле со вашите изјави за осуда на едната страна во „спорот“ во споменатиот циркуски скандал.

На мое големо разочарување, Вие застанавте во одбрана на луѓе кои заедно со нивните ментори се главните виновници поради кои во Македонија нема демократија и нема демократски медиуми. Нивниот однос кон демократијата резултираше со премиер и власт олицетворена во Никола Груевски. Борбата на формално две спротивставени страни е всашност внатрешен судир помеѓу идеолошки исти луѓе. Вие, со Вашето вмешување во спорот суштински браните недемократи од недемократи, комунисти од комунисти. Ако навистина сакате да ѝ помогнете на Република Македонија да тргне по патот на демократијата и владеењето на законот тогаш обидете се да проникнете во суштината на проблемот. Обидете се да разберете дека „демократите“ кои ги штитите се истите лажни дисиденти кои протестираа против Тито и таканаречените цревени буржуи. Тогаш менторите на денешниве квази-новинари не бараа демократија и човекови слободи, туку беа лути на Титовото скршнување од комунистичкиот пат. Значи, тие беа комунистички радикали. Превејаниот манипулант Тито им даде звучно име, нарекувајќи ги „анархо либерали“, а со името им додели и возвишени титули на професори, режисери, писатели, глумци итн. Тие и нивните деца денеска се чувари на комунистичкиот Свет Грал. Така во 1990 год. на Македонија ѝ се случи предвесници на демократијата, и наводни борци против комунизмот да бидат професори по марксизам и „анархо либералите“ на кои Тито им го остави аманетот да го сочуваат комунизмот .

Господине Фуле комунизмот кон своите вистински противници секогаш бил немилосрден казнувајќи ги со ликвидации, прогон, затвори, атентати на кариери, економско уништување и бришење на секаква трага за постоење на такви луѓе. Дали такви луѓе гледате во едната или во другата група? Нема Господине Фуле. Вистинските поборници на демократијата и борци за раскин со идеолошкото едноумие Вие и Евроамбасадорите не можете да ги сретнете во Република Македонија. Тие луѓе денеска се или душевно или буквално умртвени. За нив квази-новинарите кои ги земате за ваши штитеници никогаш не напишале збор. Треба да се запрашате зошто овие „демократи“ кои наводно сега се обесправени не проговорија јавно до ден денеска за прогонот на ИДЕОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКИ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ НА РЕЖИМОТ што продолжи со несмалена жештина и по воведувањето на повеќепартизмот во Македонија. Доказ за оваа мое тврдење се преку 4.000 досијеа кои Тајната полиција ги отворила на ИДЕОЛОШКИТЕ И ПОЛИТЧКИТЕ неистомисленици (на Режимот), единствените вистински поборници за демократија и почитување на човековите права на единката. Тоа за преоблечените комунисти е смртен грев. Кога ќе споредите досие отворено во времето на едноумието со досие отворено во времето на безумието, после 1991 год.—време на лажниот повеќепартизам, ќе видите ист вокабулар и исти причини за прогон. Во тие досијеа и случувањата околу нив е доказот дека ова што го доживуваме денес е ништо друго освен внатревежимска пресметка; односно практично олицетворение на желбата на Груевски да воспостави контрола врз целото комунистчко семејство и да стане нов Тито. (Целиот текст:  БРИСЕЛСКИТЕ СЛУЧУВАЊА)

Одговорот на господинот Ванхауте на моето писмо ми даде уверување дека мојата надеж сепак била оправдана. Го испочитував барањето на господинот Ванхауте да му пратам уште мои текстови и размисли. Секогаш пред човек да направи вистинско дело од лукавиот добива понуда да го избере патот по кој ке тргне и се разбира до која цел ке стаса, дали ке стаса до целта да остане запишан во историјата како човек кој направил големо дело или ке го избере патот кој води до целта да остане запишан во историјата како човек кој заради некои ситни погодности го изневерил сопствениот збор, сопствена појдовна идеа, а таа беше СМЕНА НА СИСТЕМОТ. Господинот Вaнхојте лукавиот го стави на искушение нудејки му дружба со Фондацијата Отворено Опшетство Македонија. Превејаните комунистички манипулатори од ФООМ му понудија на господинот Ванхауте слава, почнаа да го канат на трибини кадe му даваа простор да говори, медиумите платени од ФООМ секој ден пишуваа за тоа што рекол Ванхауте. Дали само настапите на трибините, написите во весниците беа причина господинот Ванхауте да заборави на зборот кој го дал, СМЕНА НА СИСТЕМОТ и да стане ДРУГАРОТ Перо во комуњарската братија на ФООМ не би сакaл да шпекулирам.

Последнава порака на Другарот Перо покажа дека Другарот Перо го надмина Другарот Фуере, Другарот Владе, Другарката Мирјана и уште еден куп други Другари и Другарки во битката Македонија да остане бастион на комунизмот, во битката да не се промени тоталитарниот комунистички систем!

 

Macedonia: next round

Interesting development: VMRO-DPMNE leader Gruevski didn’t manage to form new government. He failed, because he was not able to broker a sound compromise with the Albanian parties — mainly DUI, taking into account their demands. Yes, VMRO-DPMNE clearly wants to govern, but on their conditions, considering the Albanian community as second rank citizens — they need them for the quorum, but would do without them if they could.

Now, we can only wait for the President to appoint someone else to form a government. Though the Constitution is not detailed about it, it is clear that, in line with internationally accepted democratic standards, this mandate should now be given to the second party in line. Gruevski in the end was not negotiating as an individual, but as Head of VMRO-DPMNE, representing this party in the negotiations for the formation of a new government. Appointing now someone else from the same party would be a grave mistake, against the spirit of the Constitution, against democratic standards, and it would only result in further delays. If the President would appoint someone from the same party again, it would be a clear signal that they opt for new elections, together with the upcoming local elections — dreaming to win both elections this time.

Sovereignty is one thing, but the international community, including the EU, shouldn’t remain silent if basic democratic standards are not met. Let’s not forget that Macedonia still has the ambition to become one day a member of the EU and NATO, two organizations where democratic standards are critical for all who want to join.

Peter Vanhoutte

Интересен развој на работите: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не успеа да формира нова влада. Не успеа зашто не беше способен да се спогоди на разумен компромис со албанските партии--главно ДУИ, земајќи ги в'предвид нивните барања. Да, ВМРО-ДПМНЕ очигледно сака да владее, но под нивни услови, сметајќи ја албанската заедница како граѓани од втор ред--тие им требаат за кворум, но би работеле без нив доколку можат. 

Сега можеме само да го чекаме Претстедателот да назначи некој друг да формира влада. Иако Уставот не е многу детален по ова прашање, јасно е, дека е во согласност со меѓународнито признатите демократски стандарди, дека овој мандат сега треба да биде понуден на втората партија во редицата. Груевски не преговараше како поединец, туку како Лидер на ВМРО-ДПМНЕ, претставувајќи ја неговата партија во преговорите за формирање на нова влада. Назначување на друго лице од истата партија би било страотна грешка, против духот на Уставот, против демократските стандарди, и ќе произведе нови застојувања. Доколку Претседателот назначи друго лице од истата партија, тоа би било јасен сигнал дека тие веќе се решиле за нови изобри, заедно со локалните коис идат--сонувајќи двојна победа.

Поракава на Другарот Перо е многу опасна бидејки е завиткана во обвивка која подгрева етничка нетрпеливост, велејки дека албанската заедница е етничка заедница од втор ред. Тоа е играње со оган. Играта со провоцирање на незадоволство кај некоја од етничките заедниците, беше подгревано незадоволството кај Српската етничка заедница, кај Ромската етничка заедница, кај Албанската етничка заедница заради наводната нивна "другоразредна" положба е стара комунистичка игра, со таа игра е сокриван битниот проблем, а тоа е НЕ почитувањето на индивидуалните човекови права и слободи од страна на комунистичкиот систем. КАКО И КОЈ ЈА ПРАВЕЛ СЛИКАТА ЗА ТОА ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ГЕНОЦИДЕН НАРОД

Во Македонија после 1991 година, прогонувани се десетици илјади луѓе заради своите ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ ставови кои биле различни од комунистичките.
За тоа до ден денеска и покрај Резолуциите на Советот на Европа за осуда на тоталитарните системи во Македонија не е сторено ништо. Ниту еден евроамбасадор, европратеник не инсистирал на спроведување на тие Резолуции. Без спроведување на тие Резолуции нема промена на системот Дргар Перо. Без спроведување на тие резолуции нема почитување на ИНДИВИДУAЛНИ човекови права. Без почитување на индивидуални Човекови Права нема почитување на права на етничките заедници. Македонскатa етничка заедница е заедница на која најмногу и се прекршувани човековите права во Р. Македонија од 1945 па до денеска. Само во 1965 година, близу 137 илјади ЕТНИЧКИ Македонци биле под обработка на Тајната Идеолошка Полиција како противници на тоталитарниот комунистички систем а формално обвинети за соработка со странски служби. Другар Перо се надевам паметите дека и Груевски виновниците за прислушкувањето ги бараше во странските служби.  Бројката на следени-прогонувани ЕТНИЧКИ Македонци од тајната идеолошка полиција во период 1991 па до денеска не би сакал да ја споменувам од причина што неможам да приложам непобитен доказ, но имам индиции дека се изразува со неколку десетици илјади. 

Вториот дел на пораката на другарот Перо, додела на мандат како да ја пишувал јал Владе Милчин, јал Мирјана Најчевска! Жално е човек кој израснал во демокраски систем, систем во кој почитувањето на Уставот е основно правило за да се опстане во политиката, ни објаснува дека поради тоа што Уставот не е многу јасен, ШТО НЕ Е ТОЧНО, било дозволено сега "мандатот да се даде на втората партија во редицата".

Би сакал да верувам дека господинот Ванхауте не бил запознаен со тоа дека членот на Уставот по кој е доделуван мандатот 1992 е ист и денеска. Не е запознаен дека ВМРО ДПМНЕ 1992 година,  поднело представка до Уставниот суд во која бара Уставниот суд да не дозволи прекршување на Уставот. Уставниот суд по преставката на ВМРО ДПМНЕ донел РЕШЕНИЕ со кое постапката на Глигоров ја квалификува како непрекршување на Уставот. Со таквото РЕШЕНИЕ е востановен ПРЕСЕДАН, преседан кој ке биде правило за додела на мандат кога некој ке се повика на него. Се до промена на членот 90, членот 90 до ден денеска не е сменет. ПРЕСЕДАНОТ е дел од Уставното решение за додела на мандат, Другар Перо. (Тексови поврзани со прекршувањата на Уставот при додела на мандат од страна на Глигоров 19911992)

Да се вратам на на 1991/1992 година, председателот Глигоров при двете додели на мандат онаа 1991 и онаа 1992 година го крши Уставот, а со тоа прави ДРЖАВЕН УДАР бидејки не ја почитува изборната волја на граѓаните. Непочитувањето на изборната волја на граѓаните е со цел да овозможи опстанок на тоталитарниот комунистички систем.

За слични дејаниа во Латвија, Европскиот Суд за Човекови Права постапил вака::

Европскиот Суд за Човекови Права (ЕСЧП), во еднаприлика одреди дека примена на лустрациски мерки во однос на дела строени после завршувањето на тоталитарен режим биле прифатливи и не ја нарушуваат Европската Конвенција за Човекови Права (ЕКЧП). Во случајот на Жданока против Латвија централното прашање беше статутарна одредба која забранува на лица кои „активно учествувале после 13-ти јануару 1991. год.“ во Комунистичка Партија на Латвија (КПЛ) да учествуваат во парламентарни избори (1998 и 2002). Одредбата била донесена од Парламентот поради тоа што кратко време после Декларацијата за Независност од 4-ти мај, 1990. год., КПЛ била вмешана во организирање и спроведување на државни удари во јануари и август 1991. год. против новоформираниот демократски режим. Откако било согледано и особено земени во обзир историскиот и политички контекст во кој оспорената мерка била превземена, било заклучено дека било разумно од страна на легислатурата да претпостави дека водечки лица во КПЛ имале анти-демократско држење, поради што ЕСЧП пресуди дека немало прекршување на Член 3 од Протокол Бр. 1. Конкретно, ЕСЧП пресуди дека додека такви мерки не можат да бидат прифатливи во контекст, на пример, на држава која што има долго-воспоставени рамки на демократски институции, сепак може да се сметаат за прифатливи во случајот на Латвија со оглед на историскиот и политички контекст кој водел до нејзиното установување, како и со оглед на заканата кон новиот демократски поредок поставена од препородот на идеи кои, доколку им се дозволи да здобијат корени, можат да станат способни да го возвратат тоталитарниот режим.      

Морам да споменам уште едно злодело на вашите пријатели Другар Перо а тоа е попречивањето на лустрацијата. Во таа игра беше вклучен и Уставниот суд кој отиде дотаму па во барањето мислење од Венецијанската комисија за тоа дали во Македонија треба да има лустрација за период после 1991 година, свесно ги сокри фактите дека тајната полиција продолжила и во период 1991-1995 да користи дел од законите на бившата држава Југославија. Уставниот суд свесно сокрил дека постојат непобитни докази дека повеке илјади луѓе се следени од тајната идеолошка полиција од Идеолошки и Политички причини. Уставниот суд свесно сокрил дека дел од законите, правилниците според кои работела тајната полиција не се објавувани јавно, значи не биле достапни до граѓаните. Устсвниот суд и покрај јавно презентираните докази за тоа дека министрите на полицијата надвор од Уставот давале,  потпишувале налози за прислушкување, следење а се работи за илјадници случаеви, значи илјадници непобитни докази Другар Перо, Уставниот суд не најде за сходно тоа да го спомене во барањето мислење. Откако разбравме за постапката на Уставниот суд, реагиравме и во разговор со Секретарот на Венецијанската комисија ја прикажавме вистинаската состојба во Македонија, добивме одговор дека во Македонија треба да се спроведе лустација и за период после 1991 година. Вашите пријатели Другар Перо ја одмолчаа оваа вест а нели се борци за човекови права. (Целиот текст: Томас Марктерт: „Досиејата ја менуваат сликата“ )

Во Македонија 1999/2000 година, Беа подотворени архивите на Тајната Полиција и на виделина излезе дека системот на работа на Тајната Полиција останaл ист како и во Тоаталитарнито Југословенски Систем, основна задачa на Тајната Полоција била да се зачува Тоталитрниот Комунистички Систем! А тоа беше потврда дека во Македонија ништо не се сменило. ФООМ, Хеклсиншки Комитет, сегашното опкружување на Другарот Перо не напишаа ни зборт за неуставното прислушкување на десетици илјади граѓани на Македонија, не напишаа ни збор за уништувањето на илјадници семејства заради целта на Тајната Идеолошка Полиција од секој неистомисленик со притисоци, уцени, нудење на поткуп направи свој соработник.
Другар Перо ако не беа ФООМ, Херлсиншки, Уставниот суд,  ГРУЕВСКИ НИКОГАШ НЕМАШЕ ДА ДОЈДЕ НА ВЛАСТ  и затоа станете повторно господин Ванхауте и почитувајте си го ЗБОРОТ! ЗБОРОТ дека "РЕШЕНИЕТО НЕ Е СДСМ ДА ГО ЗАМЕНИ ВМРО ДПМНЕ", РЕШЕНИЕТО НА ПРОБЛЕМОТ ВО МАКЕДОНИЈА Е СМЕНА НА СИСТЕМОТ! Смена на системот ке нема се додека комунистите се на власт, а комунистите се и во СДСМ и ДПМНЕ. 

2005 година, после добивањето на политичкиот азил, подесов тужба до Европскиот Суд за Човекови Права со која сакав да укажам со непобитни докази, одобрениот азил за мене и семејството од Канада и моето досие за прогонот кој е вршен врз мене заради моите Идеолошки и Политички определби. Опредлеби кои биле Македонија да стане демократска држава, држава на владење на законот за сите подеднакво, држава во која ке бидaт почитувани индивидуалните човекови права и слободи. За жал ЕСЧП ја отфрли тужбата од причнина што не сум ги поминал судските инстанци во Македонија, одлука која се граничи со разумот! Mе упатија да се жалам кај Началникот на ГУЛАГОТ за однесувањето на службениците на ГУЛАГОТ кои работат според прописите на Началникот. Ја испочитував препораката на ЕСЧП и тргнав во битка која знаев дека однапред е изгубена. После седум годишни игри мојот обид за судска разврска заврши без да се дозволи да отпочне судскиот процес. Со доказите дека сум го поминал бараниот пат од ЕЧСП поднесов жалба до ЕЧСП и бев одбиен од причина што 2005 година сум поднел тужба до истиот суд за истиот предмет. ЕЧСП во случајот Ждонака против Латвија не барала од Ждонака да ја истера процедурата пред судовите во Латва туку донел пресуда.

Дали Дргар Перо ке се обидете да ми дадете на мене и на дел од Македонската јавност, оној дел кој вие не го гледате ниту се обидувате да го заштитите од комунистичкиот терор, зошто ЕСЧП користел двојни аршини во случајот Ждановка и во мојот случај.