СПАСИЌ Е ЖИВА ЛЕГЕНДА НА БАЛКАНСКАТА РАЗУЗНАВАЧКА ЗАЕДНИЦА ИЛИ Е ФАЛИСИФИКАТОР??

 

Јордан Петровски 28.12.2016

Текстот на РЕПУБЛИКА во кој се велича Божидар Спасиќ :

Најпознатиот балкански разузнавач: Заев ја урива Македонија!

 
Живата легенда на балканската разузнавачка заедница и човекот кој во својот работен век директно учествувал во неколку спектакулрани акции на просторите на бивша Југославија и земјите во Европа – Божидар Спасиќ, се осврнува на актуелниот политички момент во Република Македонија.

Спасиќ во интервју за sterna.org.mk, за така наречената бомба на Зоран Заев изјавил дека не е ништо друго освен обид за државен удар и тоа таканаречен “тивок државен удар” во кој нема тенкови и убиства на улиците, туку се реализира на “тивок” начин со подметнување на документи и други активности кои потполно го загрозуваат уставниот поредок на Република Македонија.

– Дотолку повеќе – вели Спасиќ, што документите кои наводно ги поседува Заев, на јавноста и се сервираат на “лажичка” со што, инструкторите на Заев, идејните творци на овој проект, испитуваат на кој начин ќе реагираат владата и премиерот и кои мерки треба да ги преземат за да знаат дали треба да ја засилуваат аферата или да бегаат колку што ги држат нозете…

Поранешниот шеф на југословенското разузнавање не ја исклучува можноста дека во прибирањето на материјалите, учествувал и голем разузнавачки систем со цел да ја застраши властите во Македонија и да покаже дека со опозицијата може да прави што сака и како сака, па дури и да и помогне во прибирање на компромитирачки материјали.

Се на се – вели Спасиќ, оваа афера која во моментов е актуелна во Македонија , претставува класичен пример на злоупотреба на разузнавачки податоци со цел предизвикување внатрешни сукоби во земјата.

Со оглед на тоа што ова не е прва афера од од овој вид во Македонија, убеден сум дека и оваа ќе заврши слично како и минатите “многу врева околу ништо” – вели Спасиќ

Текстот во РЕПУБЛИКА е објавен на 17.02.2016 зошто некој го актуелизира денеска ??

Случајно на форумот КОТЛЕ го најдов овој текст на Бобан Нонковиќ. Текст во кој Нонковиќ го обинува Бижидар Спасиќ дека учествувал во фалсификувањето на досиеата на челните луѓе на ДУИ. Кој ја говори вистината РЕПУБЛИКА или НОНКОВИќ? Поточно на кој Спасиќ да му веруваме ? На Спасииќ кој ги обзнанил досиеата на врвото на ДУИ или на Спасиќ кој тврди дека Заев прави обид за државен удар и тоа таканаречен “тивок државен удар”. 


[Image: 1180y2g.jpg]


[Image: qq24ps.jpg]

BBBB

[Image: qqyhr8.jpg]

 

 

Оригиналниот „Ибар“ се крие на нотар

22.12.2010 | Автор: Петре Ристовски

Оригинални документи заверени на нотар кои докажуваат дека владини претставници и партиски политички лидер соработувале со тајните служби за што добивале и парични надоместоци, вчера беа презентирани во новиот албански бастион на улицата Цветан Димов, во скопски Чаир.
- Наша цел е сите криминалци идентификувани како политичари да ги сместиме таму каде што им е местото, мора политичката елита да се исчисти од неподобните - на вчерашната прес-конференција истакна лидерот на новоформираната албанска политичка партија,
Албански сојуз, Ваљон Беља, кој на новинарите им ги презентираше оригиналните верзии од документите кои пред извесно време беа доставени до Комисијата за лустрација, а кои таа ги отфрли како неосновани поради фактот дека се работи за фотокопија.
Документите со заверен печат на нотар, чиј идентитет се чува во тајност поради опасноста од провалување, под псевдонимот „Ибар“ кои, според Беља, се однесуваат на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, потоа досието под псевдонимот „Мама“ што се однесува на министерот Муса Џафери и досиејата „Вујко“ (Фазли Велиу) и „Стрелец“ (Гзим Острени), според водачот на Албанскиот сојуз сега во оригинална верзија им се достапни на институциите, но се уште размислуваат дали да ги достават до лустраторите.
- Ќе размислиме дали овие документи да ги доставиме до Лустрација, со самото тоа што таму членовите се надгласуваат околу отворените прашања, можно е оригиналите да исчезнат. Загрижен сум, мора овој процес да оди до крај, не смее да се оди против демократијата, а иако ДУИ сака да се прикаже како зрела партија, тие досега не покажаа зрелост при ниедна критика - изјави Беља.
Тој истакна дека иако му дале 48 часа на Ахмети да се повлече од политиката пред да бидат објавени документите за неговото кодошко минато, сепак од ДУИ излегоа само со писмено соопштение. Беља напомена дека самата партија која има 18 народни пратеници треба да биде најзаинтересирана да си ги исчисти внатрешните редови.
- Синот на заменик-министерот за внатрешни работи беше фатен со дрога, но не одговараше пред законот, синот на градоначалникот на Дебар исто така, но и тој помина неказнет. Пратеникот Талат Џафери влезе со пиштол на место каде што се гласа и никому ништо. Мора политичката елита да се исчисти – рече Беља.
Тој запрашан дали чувствува загрозување на неговата лична безбедност, изјави дека има шпекулации оти албански платеници биле ангажирани за негова ликвидација, направи споредба со бугарскиот министер Божидар Димитров, кој си даде оставка откако се утврди дека соработувал со тајните служби, а на прес-конференцијата го цитираше и Шатобријан, кој вели дека „Амбициите без талент се криминал“.
Во саботата Беља испрати ултиматум до Али Ахмети во рок од 48 часа да се повлече од политиката. Подоцна ултиматумот беше пролонгиран до понеделникот до полноќ, но од ДУИ единствено преку соопштение истакнаа дека Ваљон Беља е полтрон на Мендух Тачи и сака да ја кантонизира Македонија внесувајќи раздор меѓу Албанците

Read 1437 times