ПОРАКА СО УСЛОВИ ЗА ПРЕКИН НА ВОЈНАТА И СПАС НА ТОТАЛИТАРНИОТ АНТИМАКЕДОНСКИ ЕДНОУМЕН СИСТЕМ

Јордан Петровски 27.10.2016

Гледам на ФБ еуфорија од настапот на Богоевски, те кажл многу, те ја уништил фамилијата .... и други херојски дела искажани во настапот кај Чомовски.
Настапот на Богоевски беше порака до УДБа за тоа под кои услови ОПЕРИСТИТЕ би прифатиле да се прекине војната за да се спаси ТОТАЛИТАРНИОТ АНТИМАКЕДОНСКИ ЕДНОУМЕН СИСТЕМ и да се зачува службата! 

Тајната полиција Тито ја формирал за КОНТРОЛА НА ПАРТИЈАТА.

Еве веродостојно сведочење:

Знаејки го овој факт Вилиам Колби, поранешен шеф на ЦИА им препорачува на бившите комунистички држави за да успешно се демократзираат тие мора во корен да ги сосечат нивните поранeшни служби на државна безбедност и згора на тоа припадниците на тие служби да ги одстранат од влијаниата врз политичката и општествената моќ, бидејки тие се РЕАЛНА опасност за реинтеграција на тие држави, односно се реална опасност за реставрација за старите односи!

Во Македонија во времето кога Колби говори на кој начин најсигурно ке се прекине врската со едноумието на нас ни беше сервирана приказна за ОСУМНИНАТА од МВР кои ја започнале демократизацијата на Македонија. Приказна која Чомовски и сношти ја спомена за да ни објасни дека гостин му е демократ од голем формат, јалити Македонски Хавел и со тоа Чомовски само покажа дека полициско новинарските бракови сеуште беспрекорно функционираат! Покажа дека покрај луѓето на службите за опстанокот на едноумието во Македонија еднаква ако не и поголема вина имаат ОПШТЕСТВЕНО ПОЛИТИЧКИТЕ работници во МЕДИУМИТЕ!!

Дали некој се секјава на некој проглас на ОСУМИНАТА за воведување на повеке партиски систем ?? Не, такво нешто немаше, имаше само стар трик на УДБа, имитација на промени преку персонални рокади за неколкумина, наместо рушење на привидот на нормалноста преку системски смени, судирот на општеството со системот се сведува на ниво на банален судир помеѓу две клиентелистичко-криминално мотивирани групации.

Посочувањето на Сашо Мијалков и Никола Груевски како најголемо зло во Македонија и ако тоа зло се смени од власта дека се ке се врати во нормална состојба, судството нема да биде партиско, медиумите ке бидат слободни со еден збор мед и млеко ке протече по улиците, пак се сведува само на персонални промени, промени кои нема да чепнат ништо од системот.

Богоевски посочи синојка дека Сашо Мијалков бил приведуван за дилање на дрога. Aма Богоевски не посочи по чија интервенција Сашо Mијалков бил ослободуван од кривична одговорност. Не посочи кој е тој кој е над сите институции, кој е тој заради кого и Богоевски и Фрчковски и Трајанов,... без поговор ослободувале криминалец!!

Да се осврнам на нешто многу битно вo коментарите за ликот и делото на Јордан Мијалков од страна на Богоевски.
Би започнал со една многу битна работа искажана од Богоевски, работа која укажува дека Глигоров екпeртската влада ја составил под влијание однадвор, значи под влијание на странска земја!

 

Слободан Богоевски: Експертската влада беше составена под големо влијание на тие сили од надвор, кои не извираа од автентичните македонски интереси,

 

Ако Богоевски како Подсекретар-раководно лице на Службата за Државна Безбедност ги имал тие сознанија зошто не превзел мерки за да ги брани Уставот и Уставниот поредок на Р. Македонија, зошто Глигоров не бил уапсен!

Одговорот може да биде дека во тој момент Глигоров и Богоевски биле на иста ОПЕРСКА линија. Првото разидување е кога Јордан Мијалков се приклонува кон "УДБа" на Милошевиќ. Глигоров за да го амортизира незадоволастово на ОПЕРИСТИТЕ од најавите дека Јордан Мијалков менува страна најавува оставка на Мијалков!! Мијалков не дочека да поднесе оставка!! ОПЕРИСТИТЕ му помогнаа да доживее сообраќајка со тоа сакајки да ги предупредат и останатите кои се подготвуваа да сменат страна што ке ги снајде. За "среќа" Милошевиш на почетокот на 1992 година го уапси делот на ОПЕРА. Глигоров ја распушти експертскта влада, а по се на ОПРИСТИТЕ во Македонија им велел дeка тој е на нивна линија, зачувување на југославија и комунистичкото уредување. Кога таа приказна е истрошена , Дејтон и атентатот, богоевски се повлекува и некоја година потоа богоевски за да му се освети на Глигоров говори јавно дека Глигоров експертската влада ја формирал под влијание однадвор.
И пак молк од институциите кои се задолжени за зачувување на Уставниот поредок на Македонија.

Неможам а да не споменам едно подметнување од страна на Богоевски кое јасно укажува дека УДБАШОТ се може да смени ама дрсурата на УДБа и убедувањето дека таае безгрешна никогаш, подметнување за тоа дека СДБ и УДБа работеле се по слово на Уставот и дека се прислушкувало само во ретки случаеви.
За да го потврди тоа Богоевски укажа дека тоа штомго сториле Груевски и Мијалков прислуШкувајки 25 илјади луѓе не се случило пред 2006 ниту пак во бивша Југославија, туку дека бројот на прислушкуваните бил околу десетина проценти од тие 25 илјади.
УДБа го прислушкувала и Тито а Богоевски се обидува да ни објасни дека не биле под мерка "ПОЛОГ", СИТЕ СЛЕДЕНИ, се разбира ако имале телефони.
Ке биде интерено да дознаем кој процент од постоечките телефони во Македонија во период 1991-1998 е прислушкуван. Јас сум убеден дека ке дојдемем до застрашувачки бројки, бројки кои ке се над 90%!!

Закличок од пораката на Богоевски:
Сашо и Груевски имат избор или да прифатат да бидат судени или КЕ бидат ликвидиранаи од ВМРО!! ВМРО нема такви луѓе а и ВМРО одмна не се служи со ликвидации, ликвидациите се специјалнoст на УДБа, односно комунистичките тајни полиции!!

пс. дека веке во врвот на службата е постигната согласност за помирување говори фактот што и ОПЕРИСТИТЕ и УДБАШИТЕ веке го напаѓаат ВМРО. Aко не ми верувате отворете само ПЛУСИНФО и некое од гласилата блиски до ДПМНЕ ке видите дека едните плукаат против ВМРО а другите го негираат постоењето на ВМРО од 1945 до денеска и КЛУЧНАТА улогата на ВМРО во ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА

Read 3228 times