СЕСТРА ДОСТИЌ И БАТА КАРАКАЧАНОВИЌ СЕ САМО МАЛО ДЕЛЧЕ ОД ИГРАТА НА СДБ/УБК

Јордан Петровски 19.10.2016

Оваа прашање го поставив на крајот на првото продолжение од текстов ДЕВЕТТЕ ЈУГОВИЌА ВО БИТКАТА ПРОТИВ МАКЕДОНЦИТЕ СЕКОГАШ СО ИСТИ МЕТОДИ

ВМРО ДПМНЕ од 25 години "самостојност" 14 години е на власт, во тие 14 години водството на партијата не се ни обиде да поведе истрага и таа истрага да заврши со судска постапка за аферите: " БУГАРСКИ ЛЕТОЦИ", "СИНА ПТИЦА", "ДУВЛО", "СТУДЕНСКИ ПРОТЕСТИ", "БУГАРСКА АМБАСАДА", "РУШЕЊЕТО НА ВЛАДАТА НА ГЕОРГИЕВСКИ", "ГОЛЕМОТО УВО" ....
Заклучокот ЗОШТО не го сторило тоа водството на партијата го оставам на читателите!!

На почетокот на второт продолжение ке го додадам прашањето зошто СДСМ не отвори истрага и не покрена сусдска постапка за случајот "БАРАЊЕ ВОЕНА ПОМОШ ОД БУГАРИЈА"??

 


Во текстов ке понудам елементи за размислување, кои можеби ке помогнат секој да си го најде одговорот.

Ке почнам со едно интересно прашање поставено на тв дебата помеѓу председателските кандидати за избор на предсeдател на Бугарија, Трајчо Трајков и Красимир Каракачанов, прашање кое е многу интерсно за Македонија.

Според мене а според реакцијата на Каракачанов, прашањето од Трајчов покрај тоа што беше неочекувано за Каракачанов, со формата со која беше поставено, му даде и до знаење на Каракачанов дека поставувачот знае уште многу работи за врските помеѓу Каракачанов и Доста Димовска и по се и за можните врски на Каракачанов со службите на Србија!. Заради тоа Каракачанов неможеше да дојде на себе десетина секунди и на крај не ни успеа да каже нешто повеке освен па Доста е почината.

 

Но да почнам со ред!!

Каракачанов доаѓа во Скопје 1987 година и по се доаѓа по налог на Бугарската Служба за Државна Безбедност. БДСБ сигурно му подготвува и терен, лица за контакти и се тоа се работи се разбира преку Белград. Да потсетам на изјавата на Началникот на КОС, генералот Васиљевиќ дека врските помеѓу службите на комунистичките држави биле добри, поточно одлични. Кога сите веке се свесни дека комунизмот е мртов, се прават планови како да се зачува и откако ке поминат сите турболенции повторно го реставрираат комунизмот. Но кога Македонија е во прашање тука има и додатна обврска задушувањето/попречување на формирање на партија, движење во Македонија која ке биде за ВИСТИНСКО отцепување од СРБИЈА и за ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА на Македонија. Значи да се попречи загрозување на Српските интереси во Вардарскиот дел на Македонија како да се попречи и загрозување на Бугарските интереси во Пиринскиот дел на Македонија.
Соработката на Белград со Грција по прашање на Македонија не одеше по линијата на КОС!!

Велат дека првиот контакт Каракачанов го прави со Доста Димовска а потоа следи и контактот со Драган Богдановски, контакт кој и самиот Каракачанов го признава. 

 

Од оваа изјава на Каракачанов покрај признанието за средбата со Драган Богдановски можат да се извлечат уште два заклучока:
-Запознавањето на Драган Богдановски со Каракачанов е по налог на УДБа и е тест за Драган дали е лојален кон УДБа, поточно дали ке го пријави запознавањето со Каракачанов. Многу е интересно да дознаеме кој бил извршителот на задачата добиена од УДБа за да го запознае Драган и Каракачанов. Дали тоа била Доста, Мане, Стојче или пак некој друг?
-Тоа што Каракачанов знае дека Драган Богдановски го пријавил на УДБа покажува дека Каракачанов имал одлични врски со УДБа. Кој друг можел да му даде податок дека Драган Богдановски ја известил УДБа за средбата со Каракачанов, ОСВЕН УДБа!!?!

 

За да продолжам понатаму ке  цитирам дел од текстот "ОПЕРАЦИЈА „ПУШТАЈ ВОДА“ "

"....фактот дека весник во Македонија може да добие 2-3 интернет-коментари од читателите за прашање од врвно секојдневно значење, на пример реформите во здравството, но 200-300 коментари ако објави каков било текст на банална тема поврзана со Бугарија.
Јасно е дека оваа игра на бугарските служби би станала здодевна многу бргу, кога не би имало одговор од другата страна. Никој не плаќа да гледа танго за еден. Списокот на Костадинов покажува зошто се едни те исти бугарски политичари се редовни по „македонското прашање“. Но, на нив им возвраќаат се едни те исти новинари, политичари и историчари од македонската страна (истите оние кои што, патем, се на браникот на борбата против лустрацијата, односно пуштањето вода и во Македонија). За конечно да се запре оваа одвратна кавга од типот „вие нам Татари, ние вам Титовисти“, лустрацијата мора што поскоро да се изврши и кај нас. Да се види дека најзапалените Македонци, Албанци, србомани и бугараши во Македонија всушност работат за истата Служба и се „најдобри непријатели“."

 

Да потсетам на борбата против Бугарштината на Љупчо Георгиевски од страна на Голубовски, Драган Богдановски но никој од овие дваица никогаш не ја спомена Доста Димовска!! Зошто??
"Бугарштина" на Доста Димовска ја открива КСИО !!
КСИО е креатор на петицијата за смена на Доста Димовска 1997 година а изведувач на работите е Филип Петровски. Повод е текстот "ЧАКАМ ТЕ ДА ДОЈДЕШ", напишан од еден од членовите на КСИО.

 

 

Чудно е како СДБ и КСИО не го виделе влегувањето на пари, 400 илјади марки сепак голема сума на пари, во ВМРО ДПМНЕ од "ТЕХНОКОМ" фирма керка на GENEX Белград, GENEX  фирма на КОС!!

 

 

Чудно е како СДБ не го известиле кодошите дека КОС алијас GENEX, односно ТЕХНОКОМ преку Радомировиќ му дава пари на Љупчо Георгиевски!

.........., сопругата на Георгиевски е на платен список во фирмата на Радомировиќ "Техноком", заедно беа во Хрватска и Италија, Радомировиќ е најголем спонзор на Партијата, но и лично на Љупчо Георгиевски му помогнал при купувањето на станот, финансирал голем број негови патувања во странство и т.н.

 

Но онаа што мене најмногу ме чуди е тоа што некои луѓе или пак сите од КСИО знаеле според подолу цитираното, кое е земено од текстот "Расколот во ВМРО-ДПМНЕ - Документирана историја! Page 23 of 33" ама не реагирале никако!?? Зошто ли??


Уште 1999 година во текстот "ДОСТА ДИМОВСКА РАБОТИ ПРОТИВ ВМРО ДПМНЕ" напишав дека РАСКОЛОТ е ФИКТИВЕН. Напишаното тогаш во овие изминати скоро дваесетина години се потврди неброено пати:

 

 

 

Но доказите дека постои нераскинлива врска помеѓу УДБа и БСДС за да се попречи загрозување на Српските интереси во Вардарскиот дел на Македонија како да се попречи и загрозување на Бугарските интереси во Пиринскиот дел на Македонија ги добив со случајот 'Бугарска Амбасада" или Обидот на УДБа да обезбеди лажни материјални докази дека ВМРО ДПМНЕ се финсира од Бугарија, поточно ВМРО ДПМНЕ го финсира Бугарската влада. Времето на случувањето е кога во Бугарија на власт се комунистите а премиер е Жан Виденов! Eден ситен детал за Жан Виденов, тој бил "идеолог на младежката радикална комунистическа организация „Че Гевара“."

Од друга страна во Македонија за амбасадор на СР Југославија, всашност СРБИЈА е испратен Зоран Јаначковиќ инаку кој пред да дојде во Скопје, бил Шеф на СДБ на Србија и Началник на СИД-тајната служба во дипломатијата. Овие делови од биографијата повеке му прилегаат на Губернатор одошто на Амбасадор!! 

УДБа за оваа местенка ме ангажираше мене, затоа што сметала дека после четиригодишно следење и моето економско уништување ке сум беспоговорно подготвен да ги извршам задачите кои ке ми ги зададат!! 

По наша иницијатива Петровски прифати да побара и од БУГАРСКАТА АМБАСАДА во Скопје

 

[Image: Document60_2-3-2_zps00dafddd.jpg]

 

Во постдерегистрациските постапки на УДБ е најголемиот злостор! Само во главите на монструми може да се смислат такви гадости какви користела УДБа, СДБ, УБК, подметнување на љубовни афери, финасиско уништување, местенка за соучеснишво во некој криминал или терористички акт ...:

„западнал во моментална финансиска криза која беше искористена како посебен момент за обавување и прифаќање на разговор од истиот.

А финсиската криза ја предизвикале луѓе на службата, еве само еден доказ:


".....е наша пријателска врска од порано...зел роба во вреднсот од 1,5 милиони марки и не им дал пари"

На разговорот инспекторите пројавија интерес за мое побарување од фирма од Бугарија кое датираше од 1993 година. Ми дадоа и „совет": „Во врска со неговиот спор со фирмата **** по наша иницијатива Петровски прифати да побара помош и од бугарската амбасада во Скопје". Ме заинтересира што е играта, што стои зад ненадејната и неочекувана грижа на УДБ. Проценив дека во играта само можам да настрадам јас, а јас немав веќе што да изгубам. УДБ тоа веќе го одработи, нејзини луѓе ми зедоа сé!!

Затоа прифатив да го направам следниот чекор. Следниот чекор беше со инспекторот Кузман, со возило кое тој го возеше со цивилни таблички ме одвезе во бугарската амбасада. Состанокот го договорив јас претходно благодарејќи на убавите впечатоци кои ги понел амбасадорот Димитров од мојот ресторан. Бугарскиот амбасадор Димитров година или две пред тоа беше гостин во мојот ресторан, го доведоа луѓе од кумановскиот театар по театарскатата претстава „Црнила". Му објаснив на господинот Димитров дека имам побарувања од фирма од Бугарија и дека водам легален судски спор и дали можам да очекувам помош од амбсадата-тоа беа инструкциите на УДБ. Амбасадорот беше многу јасен, таква можност не постои!! Eдинствено господинот Димитров може да го замоли економското аташе да провери каде е и зошто е закочена судската постапка, а да го стори тоа ќе треба да му дадам број на предмет. Му го пренесов разговорот на инспекторот Кузман по патот за Куманово со заклучок дека нема никакви шанси да ми се помогне. Кузман беше упорен да му ги дадам на амбасадорот бараните податоци. Тоа ми беше премногу нелогично и сомнително. Утредента се јавив на должникот од Бугарија. Се случи чудо, човекот одговори на мојот телефонски повик, дотогаш кога и да се јавев него го „немаше", го прашав дали има шанси да го прекинеме спорот и да ми го плати долгот. Уште едно чудо, рече дека ќе ми даде дел од парите. Веднаш прашав каде, за да појдам таму: дали да се сретнеме на граница или тој ќе дојде во Куманово. Одговорот беше најголемото чудо. Ќе ми ги дал парите преку „нивното посолство". Сé веќе беше јасно. Истовремено, заклучив дека не сум веќе загрозен само јас и затоа играта мораше да ја прекинам. Се простив за век и веков од мои лични со труд заработени 230 илјади долари. 

Зошто се простив??
Претпоставката за можното сценарио која ја изнесе новинарот Илија Максимовски кога во мај 1998 година во текстот Полиција и политика го обзнани настанотпосле разговорот со мојот должин се потврди!

Бидејки во случајов се работи за личност која е блиска кон ВМРО-ДПМНЕ- овската опција, можната конструкција, доколку не се работи за самоволие и злоупотреба на службена должност, е ‘полициски” јасна. Преку евентуалното воспоставување “дипломатска” врска за наплата на побарувањата на Петровски од бугарскиот партнер се гради солидна конструкција за предеизборната кампања и познатите, веќе чуени тврдења дека ВМРО-ДПМНЕ се финансира од Бугарија.

Морав да најдам начин да се ослободам од притисоците на УБК а единствен начин беше да проговорам јавно за притисоците кои ги имам од УБК. Имав срeќа што Илија Максимовски беше доволно храбар и "луд" да објави таква приказна верувајки само на мој збор.

Со инспекторот Кузман средбата не беше нималку пријатна, со весникот под мишка Кузман истури еден куп закани, но заканата дека со објaвувањето на случајот во весник: "сум ставил печат и на твоите деца“, беше мое осознавање што ме чека, во каков пекол ке живеам јас и моето семејство ако на власт остане СДСМ, тогаш сеуште незнаев дека падот од власт на СДСМ ке биде само смена помеѓу Курто и Мурто, незнаев дека Љупчо е веке купен од Јаначковиќевите аргати. Иако за местенката на УБК, Љупчо Георгиевски знеше скоро од самиот момент кога местенката беше во тек, бидејки јас го запознав со местенката. Љубе Бошковски го запознав со местенката од моментот кога се формира владата и кога Љубе доби место во МВР. И дваицата не мрднаа ни со малото прсте да открие со непобитни докази дека Бугарофилството на ВМРО ДПМНЕ е производ на УБК. ако се откриеше дека Бугарофилството е производ на УДК ке се откиеше дека еден куп БУГАРОФИЛИ во ВМРО ДПМНЕ се всашност луѓе на БеОград, луѓе кои требаше да го правад привидот дека во Р. Македонија непостои СРПСКО влијание, туку опсаноста доаѓа од Бугарија!!
Едно прашање до оние кои на напишаново гледаат со скепса, дали е можно Србија да наметне свое влијание, да ја води Тајна Полиција во Пиринска Македонија ....??
Заради тоа за мене наместо да поминат проблемите тие продолжија со уште пожестоко темпо.   

Јас му реков на Кузмана дематирајте ако не е точно тоа го рабесна уште повеке, беше подготвен да употреби и физичка сила врз мене, за среќа разоворот го водевме на улица па се воздржа , се сврте и замина. Од тој ден ме "оставија на мира", ги прекинаа контактите со мене.

Текстот ПОЛИЦИЈА И ПОЛИТИКА е објавен на 28.05.1998 година во неделникот "ДЕНЕС"

Да објавиш вакво сведочење и да нема реакција од Хелсиншки, Народниот правобранител, Јавниот Обинител, .... зборува за фактот дека сите се иманувани на тие функции со амин на тајната АНТИМАКЕДОНСКА полиција.

 

- Сметате дека македонската ДБК соработувала со бугарската тајна служба во оваа холивудска местенка со цел да се урниса угледот на ВМРО-ДПМНЕ, а вие да завршите во затвор?

Сигурно. Во тоа сум убеден. Зошто одненадеж должникот стана подготвенда ги врати парите? Зошто ДБК се интересираше за случајот? Јас целиот настан го објавив во весник. Зошто немаше реакции од бугарската амбасада? Ќе имаше барем едно протестно писмо за таквото правење сценарија од страна на ДБК кон бугарската амбасада.

Read 2052 times