Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

Н.П. СРБОВ ИМА ИЗБОР ДА СЕ ИЗВИНИ, ДА ГО ОБЗНАНИ МОЕТО ДВОЈНО КОДОШКО ДОСИЕ ИЛИ ДА ДОБИЕ ТУЖБА

Јордан Петровски 10.10.2016

Луѓето кукавици а тие се и големи лажговци, секогаш кога треба да си ги одбранат лагите тоа го прават во затворен круг, во круг на нивни подржувачи, поточно нивни полтрони! Да нема забуна и полтронот има свои полтрони така си го храни сопственото полтронство и се теши дека сепак и тој не е најдолниот во хиерархијата и него има што му го лижат газот a тоа е човечката несреќа. Тие на личноста за која ке искажат некое свое видување или ке се обидат да го негираат тоа што го изнел некој за нив, тоа го прават на тој начин што на личноста на која се обраќаат му ја ускратат можност да им одговори, да учествува во дискусијата. Секој човек кој ја говори вистината не одбегнува да се соочи директно со оној на кој му се обраќа и така, на убедлив начин докаже дека вистината е на негова страна. 

Деновиве кометирав тв дебата помеѓу Никола Србов и Глигор Стоименов.

 

 

Еве го тој мој коментар:

Мојот лајк е за настапот на господинот Глигор, за разбирањето, вложенот труд, смиреност во обид на еден тежок полтрон и глупак да му помогне да излезе од мракот во кој живее. Смешно па дури жално беше да се слушаш докторант по иторија кој како првооделенче повторува онаа што му го дала учителката како домашна задача за која ке биде испрашуван при посета на инспектори на училиштето, домашно за СЈО, за тоа кој прислушкувал, кој ја попречува работата на СЈО ....
Многумина од луѓево Србов немале можност да го запознат како "научник", јас ја имав таа можност да го запознам и во тој дел и затоа се плашам што тој човек работи во Историскиот Архив на Македонија. За Србов доказ е само тоа што ке му биде наредено да подржува, пласира, брани од оној од кого тој очекува плата, напредување ... докумети и докази се небитни. Впрочем тоа Србов и го покажа на "часот" по право, морал и чесност, кој му го одржа господинот Глигор.

 

Еве една дискусија која заради онаа како се толкуваат историски докази и факти од екипата или како јас ја нарекувам ФАЛАНГАТА на Ачкоска а на која е дел и Никола Србов ја сочував и можете да ја видите тука: И СРБИТЕ КРАДЕЛЕ БУГАРСКА ИСТОРИЈА !!

Денеска ми се јави еден мој пријател и ме праша зошто не му одговорам на Србов, реков дека не сум во тек и прашав каде е коментарот, пријателот ми рече на ѕидот на Србов, се обидов да влезам во профилот на Србов но без успех. Ми стана јасно дека сум блокиран. Го замолив пријателот да ми го ископира мислењето. Тој тоа го стори и еве го мислењето и дискусијата под мислењето:

 

 

 

 

Наместо коментар за тоа што напишал Никола Србов, под скенираново ке го пренесам насловот на текстот бидејки во насловот се сум кажал:

Н.П.СРБОВ ИМА ИЗБОР ДА СЕ ИЗВИНИ, ДА ГО ОБЗНАНИ МОЕТО ДВОЈНО КОДОШКО ДОСИЕ ИЛИ ДА ДОБИЕ ТУЖБА!!

 

 

 

За се стане СОРАБОТНИК на КОС или како што вели Димко, "КОСОВЕЦ" постоеле два предуслова: Да си бил воено лице или да си служел во ЈНА! Но да не остане Димко ускратен за најбитното во препознавањето на тоа кој е 100% КОСОВЕЦ ке му послужи следново: Елитните "КОСОВЕЦИ" се обучувале во 63 ПАДОБРАНСКА во Ниш!!
Јас ниту сум бил воено лице нуту сум служел во ЈНА, најголем срам за МЕКОНСКИ НАЦИОНАЛИСТ И ЕКСТРЕМИСТ беше да служи во ЈНА!!

 "Нечесно" ке е од мене ако не го искоментирам писанието на Јанко бурегџијата и дам објаснување зошто делумно ме банирал

 

 

Мислам дека мојот коментар за постапката на Јанко во оваа видео: 

E причината за неговиот ДЕЛУМЕН бан за мене, имено тој во својата подмолност која ја смета за итроштина само ми оневозможил да коментирам кај него. Значи тој само се плаши од моите коментари. Да напоменам дека јас во моите коментари ниту сум вулгарен, ниту пак користам речиник каков што е на Јанко во оваа ова дискусија кај Србов.
Единствена причина заради која Јанко ми ја ускратил можноста од коментирање е стравот од вистината, вистината која го открива ниското културно ниво на Јанко.

Еве го мојот коментар кој мислам дека бил причина за делумниот бан:

Ваквиот начин на изразување Јанко нека го користи дома, пред неговите деца, сопруга и родители. Срамно е Премиер да гостува кај ваков водител!

Колу тешко му паднала на Јанко вистината која сум ја изнел во мојот коментар за неговата некултура, говори фактот дека Јанко запаметил кога ме блокирал.