Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ЈАСНА КОТЕСКА, КЕРКАТА НА ЈОВАН КОТЕСКИ ВО ОДБРАНА НА ЗЛОСТОРНИЧКИОТ СИСИТЕМ?!

 

 27.09.2016 Јордан Петровски

Реагирам на текстот Хартиените волци на Штази  напишин од госпоѓата Јасна Котеска заради една сериозна невистина. Невистина која неверувам дека е случајна. За причината заради која госпоѓата Јасна Котеска  свесно го направила пропустот не би напишал сега ни збор. Тоа ке го оставам за понатака се разбира ако го обајвите оваа мое укажување и ако госпоѓата Јасна Котеска се одважи да одговори.

 

ЗА ПРВИТЕ 7 ГОДИНИ "САМОСТОЈНОСТ",ДБК СЛЕДЕЛА ПОВЕКЕ ОД 4 ИЛЈАДИ ИДЕОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКИ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ


Госпоѓата Котеска го премолчува прогонот од страна на Тајната Идеолошка Полиција за периодот 1991-2006 година. Период во кој имало прогон и за кој прогон постојат непобитни докази. За да не бидам несериозен јас ке се говорам за периодот 1991-1998 година, бидејки за тој период поседувам непобитни докази.
Госпоѓата Котеска вели дека: "Во сите 46 години (1945-1991) на комунистичка Македонија, официјалниот број на лични комунистички досиеја е 14.572. Неофицијалните извори зборуваат за над 50.000 досиеја водени за македонски дисиденти во сите 46 години југословенски комунизам."
Ке цитирам една изјава на сега веке починатиот директор на Архвот на Македонија, Др. Зоран Тодоровски


Нова Македонија 25/10/10

ЗОРАН ТОДОРОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА МАКЕДОНИЈА


Од кој период се досиејата во Архивот?

- Најголем број се за периодот од 1947 година до 1990 година. Но има досиеја кои се водени и потоа, од 1991 до 1998 година. И покрај тоа што во 1991 се донесе новиот Устав, во кој се гарантирани слободите и правата на граѓаните, тогашната владејачка партија СДСМ продолжи да води вакви досиеја. Најмногу имаше за припадниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа следени, прислушувани и снимани и покрај уставните ограничувања. Значи, според важечките прописи, треба и тогашните први луѓе на МВР да добијат соодветни санкции, бидејќи го кршеа новиот Устав на РМ. Тука се сите министри и главните раководители на службите од 1991 до 1998 година, кои во тој период носеа одлуки за водење досиеја и за следење, прислушување и снимање лица, пред сé, од партиски и идеолошки причини.

Колкав е бројот на досиеја водени во тие седум години?

- Немаме увид во нивната содржина, но според мене, тоа се пет до десет отсто од вкупниот број.


Од оваа изјава произлегува дека бројката на СЛЕДЕНИ лица, лица на кои им се отворени полициски досиеа е помеѓу 2.500 до 5.000! Јас секогаш во моите тествови сум нагласувал дека таа бројка е под 4.000 не заради друго туку сум сакал да не ме обини никој за манипулација со бројот на прогонетите за да власта од тоа време ја прикажам во полошо светло.
Но има една многу битна работа а тоа е дека сите досиеа од периодот 1991-1998 година НЕ СЕ ВО ДРЖАВНИОТ АРХИВ.
Тоа го тврди и Др. Зоран Тодоровски:

Како граѓанин, научник, историчар се плашам дали навистина ќе ни бидат дадени сите досиеја што ги водела ДБК.


Сите досиеа за периодот после 1991 година не се предадени во Архивот, значи точната бројка само можеме да ја нагаѓаме.
Но да не остане само на зборови!! Моето досие кое го имам и врз база на кое добив АЗИЛ во Канада го нема во Архивот.
За оваа мое тврдење поседувам официјален документ. Колкав е бројот на такви  непредадени досиеа незнам и не би сакал да шпекулирам, но кога има доказ за едно, мора да има уште такви досиеа.






Втората сериозна невистина на госпоѓата Котеска е во толкувањето на бројот на прислушкуваните лица. Госпоѓа Котеска вели: "ДПМНЕ следело над 20.000 граѓани во само седум години независна Република Македонија".  Несакам да верувам дека ова е свесно направено!! Имено ако ДПМНЕ за седум години следело 20 илјади а Југокоминистите за 46 години следеле околу 40 илјади луѓе, значи ДПМНЕ е полошо од Југокомунизмот ШЕСТ ПАТИ, ДПМНЕ да било 46 години на власт би следело најмалу 120 ИЛЈАДИ луѓе.
Оваа констатација е далеку од вистината, бидејки нема никаков доказ дека се следени!! Нема отворени досиеа, нема ОПЕРАТИВНА ОБРАБОТКА. Тие 20 илјади прислушкувани НЕ СЕ И СЛЕДЕНИ!! За да се тврди дека се следини, значи отворени им се досиеа, пa мора покрај прислушкување на телефони да има уште мерки, следење, озвучување, надзор од лица на домови, озвучување на домови, надзор од лица на работни простории, озвучување на работни простории, фотографирање и снимање ... ако се употребат сите овие мерки на сите 20 илјади, ДБК ке требала да ангажира преку 300 ИЛЈАДИ соработника.
Еве како постапува СДБ со следено лице:








Бројката од 20 илјади прислушувани граѓани не е голема, според времетраењето на период на прислушкување од седум години, бројот на прислушкуваните луѓе мора да е многу поголем. Каде се тие разговори знае Заев, знаат од ДБК. Но да појаснам за бројката, за искажаното погоре преку пример од моето досие.

Кај мене се прислушкувани ПЕТ телефони, јас сум бил сопственик на ТРИ, чии биле другите два незнам. Едниот телефон бил во мојот ресторан и тој телефон го користеа и гости. Ако земе дека во просек на ден, телефонот го употребиле барем 20 луѓе, што е многу малку, се јавувале од ресторанот или пак се јавувале луѓе за некаква информација за ресторанот, значи биле слушани нивните разговори, тоа се 600 луѓе на месец или околу 7.000 на годината. Пет години важела мерката за прислушкување на тој телефон, значи прислушкувани се преку 30 илјади луѓе. Која е бројката на прислушкувани од другите близу 4 илјади досиеа за тие седум годни за кои има непобитни докази госпоѓо Котеска??
Да не биде говорам за да одбранам некој, еве дел од листа од моето досие кој е прислушкуван. Некој може би ке протолкува дека тие што се јавиле говореле во шифри, зборот "печење" бил шифра за нешто сериозно , по онаа како е обележено од страна на инспекторот.  Бадијала Нушиќ го напишал  "Сомнителното лице" кога од него немало кој да извлече поука.




 За крај уште една потврда дека бројот на досиеа кои се водени на ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ нестомисленици на СДСМ е во илјадници, значи не илјада, две туку повеке

Одлуката на Уставниот суд остро ја критикуваше и директорот на Државниот архив, Зоран Тодоровски. За него таа е нејасна бидејќи за кодошењето по 1991 година сведочеле илјадници досиеја во депото на Архивот.


Јордан Петровски 17.09.2016
Следен од ДБК, досие бр:026452 врз база на тоа досие сум добил АЗИЛ во Канада.

 

пс. мојата реакција редакцијата на доче Веле на Македонски јазик несакаше да ја објави. Ми понудија солуција да напишам коментар под текстот на госоѓата Јасна Котеска. Одговорив дека таков простор за одговор не е соодветен и не дава можност за рамноправен пристасп до читателите. 

 

ппс.за да мојата реакција не биде неразбрана ке дам мало појаснување.
Госпоѓата Јасна Котеска ја почувствувала на сопствена кожа злосторничката рака на Тоталитaрниот Антимакедонски Комунистички Систем преку прогонот, судењето и затворската казна на нејзиниот татко, поетот Јован Котески. Човек кој настрадал во монтиран прогон и судски процес кој завршил со неколкугодишна затворска казна.
Челниците на Тајната Антимакедонска Полиција со Акциите "ПЛАСТИКА I,II,II,IV" имале за цел во пресрет на распадот на Југославија да прикажат дека ВМРО и дел од интелектуалците се ТЕРОРИСТИ.
Значи госпоѓата Јасна Котеска знае ОД ЛИЧНО ИСКУСТВО што значи да бидеш прогонуван, да си дел од тесното семејство на прогонуван, таа тоа го има опишано во својата книга "КОМУНИСТИЧКА ИНТИМА" и наместо во својот текст ја каже вистината, вистината дека ПРОГОНОТ на луѓе заради поинаква идеа, политичка определба не бил прекинат со наводното осамостојување, разделбата со Југославија, таа тоа го премолчува. Го пресконува тој период, пресконува да посочи дека оваа што го дознавме од таканаречените бомби на Заев е само континуитет, поточно доказ дека мислењето на Венецијанската Комисија искажано од Секретарот на комисијата дека на Македонија и е НЕОПХОДНА ЛУСТРАЦИЈА и за период после 1991 година е издржано и мора да се примени. А тоа ке значи СМЕНА НА СИСТЕМОТ што е и потврда на изјавата на Вахауте:

Ванхауте: Проблемот не е една партија да се замени со друга, односно да се тргне ВМРО-ДПМНЕ и да дојде СДСМ.

Ванхауте јасно и прецизно го лоцира проблемот и уште појасно го кажува РЕШЕНИЕТО на проблемот:

Вие имате системски проблем и тоа е она што треба да се промени.

 

Госпоѓата Котеска со текстот, со неоткривањето на континуитетот на прогонот јасно застанува во одбрана на системот. И таа се придружува на:

"опозициското делување во кое акцентот виси врз имитација на промени преку персонални рокади за неколкумина, наместо рушење на привидот на нормалноста преку системски смени, не само што ја подрива опозициската понуда, туку судирот на општеството со државата го сведува на ниво на банален судир помеѓу две клиентелистички мотивирани групации."-Арсим Зеколи