Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ТРИ ПРИМЕРИ ЗА „ПАКУВАЊАТА“ НА УДБ-А!


Да се тврди дека УДБ-а не „пакувала“ случаи по самостојноста на Македонија е срамота и греота кон македонскиот граѓанин. Кон секој граѓанин, а особено кон сите оние стотици кои, како и мене, ги искусиле „пакувања“ на своја кожа, поради што некои од нив, како и јас, мораа чарето да си го бараат во емиграција. Во текстов - реакција, ќе се обидам преку три примери да му појаснам на читателот низ примери како работела „службата“ и како безочно во спротивното ги лаже човек кој е професор, кандидат за претседател на држава, поранешен министер, колумнист, „експерт“ за се и сешто, меѓу другото и за човекови права.


пишува Јордан Петровски*

Кога искусен и возрасен човек ќе прочита текст, како овој на творецот на македонскиот устав Љ.Д.Ф., ќе се посомнева дека и точките и запирките во текстот се лага. Толку лага, толку потценување на интелектот на граѓаните на Македонија нема да си дозволи ни преварант со „три шибице" од Камениот мост. Во мојов текст ке се задржам само на тврдењето дека немало "пакување".

Пример прв

Дали случајот "СИНА ПТИЦА" не е пакување? Главен актер е Маноил Јаковлевски, за кого „пакувачите“ од УДБ-а велат: "...се потврдени сознанијата дека се поврзал со екстремното и милитантното крило на оваа партија кое заговара насилно и оружено загрозување на поредокот на Република Македонија загарантиран со Уставот. За таа цел веќе превзема активности за испитување на можности за нелегално купување оружје во странство и негово нелегално внесување во Републикава."...



 

„..За таа цел претседателот на "Задграничниот комитет" Мане Јаковлески од Берлин и секретарот Ристо Паргов од Брисел во неколку наврати престојувале во Бугарија каде воделе преговори со претставници на бугарската армија, за што со одредени потврдени сознанија располага и СДБ."(Предлог за следење на М.Ј. од страна на Втората управа во СДБ при МВР, поднесен од началникот Добри Величковски на 2.12.1991, одобрен истиот ден од потсекретарот Слободан Богоески)




Мане Јаковлевски, како што знае целата македонска јавност воопшто не е суден, ниту осуден, а сознанијата „се потвредни“ !? Не станува збор за ништо друго, туку за успешен обид да се "спакува", дека ВМРО ДПМНЕ е терористичка и пробугарска партија. „Нашиот“ Маноил, по „пакувањето“ е награден и од УДБ-а и од Георгиевски и од Груевски!!!!

Пример втор

Во средината на деведесетите од Народна Банка на Македонија против Драган Далаверски е покрената кривична пријава за затајување на 200 илади марки. На 22 јуни 1995 година било поднесено барање за покренување истражна судска постапка кај судијата при основниот суд во Куманово, Светислав Трајковски. Во текот на наредните три години, четири пати е закажуван претрес на кој Даравелски воопшто не се појавил, бидејќи не бил пронајден за да му се врачена судската покана. Улогата на Даравелски во моето следење, економско уништување и во наметнувањето на криминоген имиџ на владата на Георгиевски, а што дознава откако си го земав моето досије, по се изгледа се причините за "неможноста" да биде пронајден и да му ја врачат поканата за појавување пред суд. Ице „Поштарот“ брзо го пронајдоа ...


Кога дојде на власт ВМРО ДПМНЕ во 1998 за ова разговарав и со Љубчо Георгиевски, за што впрочем веќе сум дал изјава во јавноста: "Во исто време, на Георгиевски повторно му посочив на судбината на судскиот спор кој Народна Банка на Македонија, веќе неколку години безуспешно го води против Даравелски поради неисплатени обврски кон НБМ во износ од 200. 000 ДМ. Кој може да објасни како и зошто, експонирани членови на ВМРО- ДПМНЕ (татко и син) уживаат таква благонаклоност од страна на СДСМ, кога се знаеше како таа власт се однесуваше кон идеолошките неистомисленици!?"

Од понатамошниот развој на настаните во годините потоа, јасно му е на секој што ќе го чита овој текст, како реагирал Георгиевски и луѓето околу него во врска со случајот со Даравелски. И тука, без сомневање, станува збор за "пакување " и тоа успешно, наменето за криминализација и УДБОИЗАЦИЈА на врвот партијата. Далаверски беше награден и од УДБ-а и од Георгиевски!!! Пример трет, во неколку „слики“

Следниот пример ќе објасни и едно неуспешно, но без сомнение „пакување“ со многу труд од страна на УДБ-а, а го пишувам врз основа на извадоци од моето досије:

Слика прва 23.10.1996 година:

„..Иако беа превземени мерки и активности, не беа во целост потврдени сознанијата и податоците поради кој беше заведен(Јордан Петровски-заб.моја) ... поради што предлагаме истиот да се дерегистрира од ПО, бидејќи нема основ за понатамошен оперативен третман.“




РЕШЕНИЕ
за ДЕРЕГИСТРИРАЊЕ ... за лицето ПЕТРОВСКИ Душан ЈОРДАН ...
Лицето се води ппод псевдоним "ЦРНИ"
О б р а з л о ж е н и е

Од податоците и образложението од поднесениот Предлог .... се констатира дека повеќе не постоијат причини за понатамошно водење на ПО, заради што е одлучено како во диспозитивот.



Слика втора:23.12.1996 година

Информативен разговор во кој зеде учество и главниот инспектор џџџџџџ е обавен на наша иницијатива, а имаше за цел согледуввање на однос и држање на Петровски према нас... НЕЛИ СУМ ДЕРЕГИСТРИРАН ??? ....као и извесна компромитација пред неговите пријатели и истомисленици кои, редовно навраѓаат во ресторанот.
Во врска со спорот со фирмата xxxxxx по наша иницијатива , Петровски прифати да побара помош и од бугарската амбасада ....


Во тоа време ме заинтересира што е играта, што стои зад ненадејната и неочекувана грижа на УДБ-а. Проценив дека во играта само можам да настрадам јас, а јас, а веќе немав што повеќе материјално да изгубам. УДБ-а тоа веќе претходно го одработи, нејзини луѓе ми зедоа сé, за што докази повторно има во моето досије во врска со мојот бизнис партнер: „(Тој-заб.моја)...е наша пријателска врска од порано...зел роба во вреднсот од 1,5 милиони марки и не им дал пари“.

Затоа прифатив да го направам следниот чекор. Следниот чекор беше со инспекторот Кузман, со возило кое тој го возеше со цивилни таблички да ме одвезе во Бугарската амбасада, на состанок кој јас го договорив претходно, благодарејќи на убавите впечатоци кои ги понел тогашниот амбасадор Димитров од мојот ресторан. Бугарскиот амбасадор Димитров неколку месеци пред тоа беше гостин во мојот ресторант, не мој, туку го доведоа луѓе од кумановскиот театар, после театарската представа „ЦРНИЛА“. Откако се запознавме му објаснив на господинот Димитров дека имам побарувања од фирма од Бугарија и дека водам легален судски спор и дали можам да очекувам помош од амбсадата-тоа беа инструкциите на УДБ-а. Амбасадорот беше многу јасен, таква можност не постои. Единствено може да го замоли економското аташе да провери да каде е спорот и зошто е закочена судската постапка, а за да го стори тоа ќе треба да му дадам број на предмет.

Му го пренесов разговорот на инспекторот Кузман по патот за Куманово, со заклучок дека нема никакви шанси да ми се помогне. Кузман беше упорен да му ги дадам на амбасадорот бараните податоци. Тоа ми беше премногу нелогично и сомнително. Утредента ден се јавив на должникот од Бугарија. Се случи чудо, човекот одговори на мојот телефонски повик, иако дотогаш, кога и да се јавев него го „немаше“. Го прашав дали има шанси да го прекинеме спорот и да ми го плати долгот. Уште едно чудо доживеав - рече дека ќе ми даде дел од парите. Веднаш прашав каде, за да појдам таму: дали да се сретнеме на граница или тој ќе дојде во Куманово. Одговорот беше најголемото чудо. Ќе ми ги дал парите преку „нивното посолство“. Сé веќе ми беше јасно. Заклучив дека не сум веќе загрозен само јас и затоа играта мораше да ја прекинам. Слика трета: 28.10.1997 година: „..Разговорот е обавен по наша иницијатива, а имаше за цел добивање безбедносно интересни сознаниа и податоци од евентуално реализираните задачи кои му беа поставени на последниот контакт одржан на 03.09.1997 година во ...... а кои му беа исто така поставувани и од негова страна прифатени на контактот остварен на 19.12.1996 година во истиот ..“ Оперативен коментар: „Ваквото двојно однесување на Петровски е сомнително. Истиот на неколку наврати ветува дека ќе ги реализира договорените задачи, кои одат во негов прилог, но и во прилог на ДБК, а пак воопшто не е направен обид за нивно реализирање ..“ * * *

"Пакувањето" не им успеа.

На денот на исплатата, јас ќе отидев во амбасадата на Бугарија во Скопје со возачи на ДБК, ќе ги земев парите, а штом ќе излезев надвор, истите тие од ДБК што ме возеле до амбасадата, ќе ме уапсеа со куферче полно пари. И ете, крунски доказ дека државата Бугарија го финансира ВМРО-ДПМНЕ! Замислете ја веста што ќе се вртеше по медиумите: Јордан Петровски, познат финансиер на ВМРО-ДПМНЕ, фатен со куферче полно пари како излегува од бугарската амбасада!

ДБК со мене подготвуваше многу јасна, провидна местенка. На ВМРО-ДПМНЕ, кусо време пред изборите во 1998, ќе му се залепеше етикетата дека е пробугарска партија. Истовремено, ќе имаше и оправдување за дотогашното мое следење од страна на ДБК, божем ете, јас навистина сум бил бугарски човек. Затворен случај.

Слика трета: 03.06.1998 година

ПРИЗНАНИЕТО НА ОБИДОТ НА МЕСТЕНКАТА


„..западнал во моментална финансиска криза која беше искористена како посебен момент за обавување и прифаќање на разговор од истиот.“ „..Во врска со неговиот спор со фирмата **** по наша иницијатива Петровски прифати да побара помош и од бугарската амбасада во Скопје

 




Цената што не прифатиф ја знам и таа ја платив. Морав со сопругата на 50 години да барам азил и да почнав буквално од нула нов живот, да им го одземам детството и младоста на синовите ....
Конечната цена кој ќе ја плати??? Дали пак јас што се дрзнав да покренам кривична пријава или Груевски, Јанкуловска & Цо, кои лажат па сушат дека ке спроведат лустација, во лагата Шутка со се кумановски Средорек и Бараке, неможе вода да им носи. "Сумата" ке биде гооолема, судам по стравот кој го имаат: пратија дур во Канада, "кодош" со тапија и "педигре" да ги организира "пријателските врски" и "позитивните граѓани". Другарите од: Обвинителството, Судскиот Совет, Основниот Суд СКОПЈЕ 1 се глупираат во одолговлекувањето на процеслот да ти е жал кога гледаш колку ниско може да падне човек за да купат ден и предметот да застаре а немаат уште многу им требаат само уште пет години, пет поминаа, успеаа да несторат ништо.

Што ке беше со мене да прифатев да го "спакувам" доказот дека ВМРО ДПМНЕ се финасира од Бугарија. Мислам дека денеска ке бев во Македонија, ке бев близу до Груевски, ке бев член на неколку управни одбори и по се еден од ОСНОВАЧИТЕ НА ПАРТИЈАТА, можеби Фрчко ке ме канеше и насвадба и ке седев до сеста Достиќ .... Путин и Сталин душа да и простат.

Текстот е објавен пред 3 години, ама решив да го преобјавам