Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

Breaking News

СТОЈАНЧЕ ЗА ИЗБОРИТЕ 2011 ПЛАНИРАЛ ДА ПОТРОШИ СКОРО 13 МИЛИОНИ ЕВРА, ОД КАДЕ ПАРИТЕ??

25.03.2011

ОСНОВЕН ТРОШКОВНИК ЗА ИЗБОРИ

( За политичката патија Достоинство)

 

 

1.       Трошоците се планирани за периодот од формирањето на партијата до денот на одржување на изборите

2.       Трошоците се наведени по ставки во прилогот Табела

За организирање и исполнување на кампања согласно предвидените трошоци, потребно е целокупната сума од парите да биде обезбедена најдоцна 7 дена по одржувањето на основачкото собрание на партијата

Општа финансиска конструкција за изборна кампања со солидни финансиски трошоци

ТАБЕЛА

активност

опис/количина

Сума(во евра)

Инфраструктура

 

 

Штабови

 

 

Регионални ( Општински)

Кирии            50х1500 ( за 3 месеци)

Опрема           

Мебел            50х 1500

Компјутери 

50 штаба

 х 5 компјутери= 250 х 400

х 1 фотокопир =     30 х 1000

75.000

 

75.000

 

 

100.000

30.000

Локални (месни )

 

 

Кирии           500х 150  ( за 3 месеци)

 

Пијалици

(кафе сокови, кисела вода, плински боци, пластични чаши)

Дневен трошок по 1 месен штаб е минимум 20 евра

 

Ако штабовите работат во просек по 45 дена, = по 1000 евра од месен штаб

 

500 месни штаба х 1000

 

75.000

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

500.000

Централен штаб во Скопје

Кирија (месечна)

Мебел( 5  канцеларии, сала за состаноци за 25 луѓе + пресцентар + плус аналитички центар + центар за комуникации)

 

Опрема (за видео обезбедување)

Сервери

Компјутери 20 х 800

Софтвер

 

10.000

 

 

 

50.000

 

5.000

50.000

16.000

50.000

Урбани штабови во Скопје

И во останатите градови низ државата

Добро озвучени, со добра музика, опремени со видео бимови и постојано емитување на спотови од времето на бранителите

Отворени за граѓаните, во мали дуќани на најфреквентните места во градот

 

Скопје 20 урбани штаба

Низ целата земја 30 урбани штаба

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Кирија

Пултови

Рекламни материјали

Пијачки,

( се вкупни расходи за функционирањето на еден урбан штаб се 10.000 ЕУ)

50 х 10.000

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

500.000

 

 

 

Комуникација

 

 

Телефони

Телефонски картички

Бензин за возила

 

200 х 200

8000 х 10

Дневно активни по 200 возила на територија на РМ

 

По 20 мегуградски ни цела земја

По 40 л бензин  800 л бензин дневно х 1,3 ЕУ 

околу 1000 ЕУ дневно х 45 дена

 

Околу 180 активни локално

По 10 литра бензин 1800л бензин

Околу 2100 ЕУ дневно х 45 дена

40.000

80.000

 

 

 

 

 

 

45.000

 

 

 

94.500

Логистичка подршка и рекламни материјали за кампањата

 

 

Централен магацин

 

 

Кирија

 

 

2.000

Возила за дистрибуција на материјали од СК до Општинските штабови,

Од таму праземаат локалните возила

(возилата ќе се на наши луѓе а бензинот е ставен во ставка бензин за возила)

 

 

Рекламни материјали

 

 

Мајци + капи

200.000 + 200.000

Количините мора ИТНО да се нарачаат од Кина, и истите да бидат испечатени таму доколку се процени и доколку брендот е готов, или да се резервира сигурна печатница во РМ која не би саботирала во последен момент

400.000 х 1 ЕУ

 

 

 

 

 

 

 

 

400.000

знамиња

 

100 броја 3 х 10 метри ( за митинзи)

Х 100 ЕУ

 

5000 броја 1,5 х 3 метри х 5 ЕУ

 

 

 

10.000

 

25.000

Врвки за телефон, пенкала, запалки, гумени нараквици, елки за во коли

5 вида х 500.000

= 2.500.000 броја х 0,5 ЕУ

 

1.250.000

Плакати и постери

 

Книги, брошури

 

 

 

 

 

 

 

Програма во 100 страници

 

                                                  2.000.000

 

Информативен материјал, во форма на неделен весник или книги, во кои ќе бидат отпечатени највпечатливите делови од животот и најголемите успеси на јунаците од кампањата,

100.000 броја х 1 ЕУ

 

 

Задолжително изготвување на комлетна програма која ќе понуди конкретни решенија на секојдневните проблеми на граѓаните, и презентација на имиња, професионалци кои ќе го понесат товарот наподготовка, промоција и реализација на целата програма

 

Печатење во тираж од 300.000 броја х 1 ЕУР

 

 

 

 

 

 

 

 

100.000

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

300.000

Рекламни агенции и други интелектуални услуги

 

 

Ангажирање на професионална рекламна агенција

Истата е задолжена за креирање на политикита на кампањата согласно секојдневните состојби

Мерење на секојдневните состојби

Мерење на ефектите од кампањата

Оценка кои методи се нај ефикасни а кои најмалку ефикасни

Насочување на кампањата

Изработка на медиа план

Изработка за план на настапи на учесниците на кампањата,

Локално и национално

Изработка или прочистување на јавните говори согласно пулсот на теренот

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

500.000

Агенција за мерење на јавното мислење

Секојдневно преку најразлични методи да спроведува маркетинг мерења, а најчесто (минимум преку ден) да спроведува интерни професионални интервијуа со минимум 25 учесници одбрани по случаен примерок

Должна е да подготвува квалитетни прашања за анкетите преку интервијуа, да ги спроведува најпрофесионално, и да ги дава резултатите во обработена форма на маркетинг агенцијата, со цел правилно насочување на текот на целата кампања

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

200.000

Продукција,

Должна е во соработка со маркетинг агенцијата да изработи химна, неколку песни, главен спот и 10 помошни спотови за текот на кампањата

Химната и главниот спот мора да бидат готови 10 дена пред почетокот на кампањата

Останатите материјали се подготвуваат секојднево преку исечоци од теренските активности

 

Ангазирање на естрадни уметници

Ангажирање на минимум 5 познати пејачи и минимум тројца глумци или познати шоумени од државата, ( Игор Џамбазов, Тони Михајловски, Влатко Илиевски, Кристина Арнаудова Андријана Јаневска, Владо Јаневски, ... и останати кои се добро прифатени од страна на граѓаните...

 

 

 

 

 

 

 

 

300.000

Простор на локални телевизии

 

2.000.000

Простор на национални телевизиии и весници

 

 

 

5.000.000

                                                                                                                                                 

                                                                                                               Вкупно  11.882.500

Во ценовникот не се ставени цените за ангажирање на експерти за изработка на предизборната програма која би моррало да се изработи прекуу организирање на јавни дебати, работилници, анкети, испитување на јавното мислење, дискусии, анализи на реалните проблеми, и изработка на програмски решенија. Ангажирање на  експерти кои како независни би ја претставувале платформата како надежна и реалана. Ангажирање на познати регионални имиња или градски фаци, истакнати професионалци во општествениот живот кои би се нафатиле да бидат на листите и дел од кампањата на Достоинство.

 

3.     Очекувани резултати од кампањата:

Анализа на конкуренцијата

        Позитивно(предности):

-          Имајки ја во предвид актуелната политичка состојба, согласно анкетите и согласно направените теренски проценки, во Република Македонија постои биполарност на политичката сцена која е во фаза на кршење. Со други зборови, параметарот од повеќе од 53% на незадоволни граѓани и од двете политички опции е сериозен показател дека постои незадоволство од моменталната понуда на политичката сцена, односно се отвара сериозен простор за нова политичка платформа која има можност и шанса да се наметне како сериозен фактор во политиката за следните 15-20 години.

Најголема предност во моментов е асимиллацијата на најголемиот број на мали политички партии од страна на големите, коалиционите партнери (малите партии) го имаат изгубено целосно легитимитетот како независни платформи туку се прапознаваат како безидејни сателити на едната или на другата политичка опција.

Од повеќе од дваесет и пет регистрирани политички партии, најголемиот дел се коалиционо поврзани, односно веќе обезличени и искомпромитирани

 

Негативно(недостатоци):

-          Во моментов истата таа празнина, и целото незадоволство на теренот го гледаат и на него сметаат неколку мали и средни политички партии кои претставуваат дирктна конкиуренција на платформата на Достоинство.

 

ЛДП -( Која ќе се обиде преку превезот на центарот, да ги придобие незадоволните левоориентирани гласачи). Постојат информации дека Јово Манасиевски е под контрола на Груевски, преку неколку криминални случаи, помеѓу кои еден во Куманово со деловен и стамбен простор, друг случај за потпишувани договори за јавни набавки како министер за одбрана со неколку од фирмите на Тоше Пикон.

Предности: Имаат силна кадровска екипираност за мала партија, во самиот врв на партијата имаат повеќе од дваесет звучни имиња кои сами по себе носат поени на партијата.

Недостатоци : Многу слаба, или никаква теренска инфраструктура, особено по малите населени места, непостоење на месни комитети.

Проценка за резултати:

Освоени гласови- Од 25 000 до 60 000

Пратеници- Од 3 до 6

Обединети за Македонија( Е директен конкурент и теренски и идеолошки на нашата политичка партија). Имаат целосна подршка и контрола од СДСМ за нивна употреба како алатка за разбивање на десницата, и придобивање на нивна страна што повеќе од незадоволните гласови на десницата, со главен акцент на старите Вмровски гласачи.

Предности: Солидна теренска структура, и силна подршка во руралните места каде лидерот на партијата повеќе од две годинини е во постојана кампања, и е секојдневно во некое населено место.

Недостатоци : Сериозен недостаток на кадри, особено во највисоките структури на партијата, кое е причина за непостоењето на сериозна програма која би нудела конкретни чекори за излез од економската и политичката криза на државата.

Проценка за резултати:

Освоени гласови- Од  40 000 до 80 000

Пратеници- Од 2 до 8

ЗА ДА НЕ НИ СЕ ПОВТОРУВА 1945, '91, '98, '06, '16... МОРА ДА СЕ ПРЕБРОИМЕ

Јордан Петровски 20.10.2019

За да не ни се повторува 1945, 1991, 1998, 2006, 2016 година, ке мора да се преброиме за да утврдиме кои се мнозинство во Македонија: дали ФЕДЕРАЛИСТИТЕ-ИНТЕРНАЦИОНАЛИСТИТЕ или СУВЕРЕНИСТИТЕ!!
Најлесен и најсигурен начин за да се преброиме се изборите кои се закажани за 12.04.2020. 

Заев, односно СДСМ (дали тука ке влезе и ДПМНЕ ке дознаме наскоро) и неговите коалициони партнери веке се изјаснија дека тие остануваат процесот за прием во ЕУ да го продолжат како Република Северна Македонија!! Дека ќе направат се договорот со Бугарија да биде докрај завршен, односно да се усогласи „историјата“.

СУВЕРЕНИСТИТЕ -десницата, следбениците на идеата на ВМРО ке бидат оние кои ке понудат ПОНИШТУВАЊЕ на сите закони што ги донел парламентот под претседателство на НЕЛЕГИТИМНО избраниот Претседател на парламентот Таљат Џафери! Ке бидат тие кои ке спроведат лустрација за целот период на владеење на комунистите а тоа е од 1945 па до се надевам 13.04.2020 година. 

Ке понудат и своја визија за демократизација и приклучување  на Македонија кон земјите од Западниот свет!

Да ги потсетам оние што заборавиле или оние што незнаат: ВМРО е единствениот политички субјект на Македонците кои бил и останал за поврзување на Македонија со западниот свет!! Најцврст доказ за тоа е ВМРО СДРМА -Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на АМЕРИКА. Првиот обид ОРГАНИЗАЦИЈАТА ВМРО да стане политичка партија е со формирањето на ВМРО СДРМА!!

Само на овој начин, со ваква предизборна кампања ке имаме чиста и јасна позиција кој е кој и што е што во Македонија. Ке имаме победник кој добил чиста и јасна подршка од гласачите за политиките кои ќе ги спороведува после изборите!! 
За прв пат ке нема, „кога ке дојдам на власт прво ја растурам тајната полиција“!! Ке нема „се колнам во моите деца име не менувам“!! Ке нема „не правам коалиција со терористи“ а после изборите веднаш да се прави коалиција!! Ке нема „парламентот донесе одлука да ги амнестира убијците на цивили Македонци од војната 2001 година и јас бев должен да го спроведам тоа“.  
Ако нема вака чиста и јасна понуда од партиите изборите МОРА ДА БИДАТ БОЈКОТИРАНИ од сите оние на кои им е доста од лаги и подметнувања, на сите оние на кој им е доста од играта Курто и Мурто, од играта едно зборува пред избори а после избори прави што сака!!

КАКВО ОБЕДИНУВАЊЕ Е МОЖНО

ЈорданПетровски 17.02.2020

Во ова предвечерје на избори кои конечно ги прифати Заев, од сите страни доаѓаат повици за обединување. По мое видување ниту еден од овие повици не е искрен. А, не е искрен затоа што не посочува околу што би трабело да се обединиме. Односно, не ја објаснува суштинската цел на обединувањето а тоа е деморатизација и владеењето на правото во Македонија како основен услов за опстанок на Македонија како држава!

Се манипулира, повторно, со веќе по кој знае кој пат повторената приказна, да го срушиме оној што е во моментот на власт Заев денеска , Груевски, Црвенковски/Бучковски, Љупчо, Црвенковски... во минатото. Суштинскиот проблем на Македонија не се личностите кои ни ги нуделе и ни ги нудат да ги рушиме, туку проблемот с во тоа што не е променет системот кој беше воспоставен во 1945 година! Тоа е систем кој почива на политички и економски криминал, политичка и економска корупција, лажен соживот -- братство и единство, систем на присила, систем кој казнува успешни и самостојни луѓе/умови, а кој наградува неморални поведенија, ситем за кој Уставот за коните се парче хартија за кои не треба да се држиме како пијан за плот!! Проблемот е што службите за безбедност кои, според Уставот, треба  да ги санкционираат криминалот и корупцијата се центарот од кои тие се стимулираат. Парите и моќта да обезбедуваат привилегии и да преиначува судски пресуди ѝ се потребни на службата за да ја плаќа соработничката мрежа која е енормно голема и брои околу 400 илјади луѓе!

Оттука, според мене понудата на најголемата опозициска партија, која нуди економска обнова е неостварлива бидејќи 99% од економијата во државата е под капата на Службата! Затоа ми се наметнува прашање, дали Мицкоски мисли да продолжи да ѝ слугува на Службата и само тој и неколкумина околу него да ги почувствуваат бенефитите од промената на човекот кој бил досега на власт, а за тоа како и сите премиери досега да биде обвинет, ама неосусуден, за криминал кој ќе се прикажува во милијарди!?

Ванхауте го беше детектирал проблемот во Македонија со 100% точност! Еве ја неговата дијагноза:

Проблемот не е една партија да се замени со друга, односно да се тргне ВМРО-ДПМНЕ и да дојде СДСМ.
Вие имате системски проблем и тоа е она што треба да се промени.
Рано е да се зборува за каков било друг план. 

Но секогаш пред човек да направи вистинско дело од лукавиот добива понуда да го избере патот по кој ќе тргне и се разбира до која цел ќе стаса. Дали ќе стаса до целта да остане запишан во историјата како човек кој направил големо дело или ќе го избере патот кој води до целта да остане запишан во историјата како човек кој заради некои ситни погодности го изневерил сопствениот збор, сопствената појдовна идеа? А таа беше СМЕНА НА СИСТЕМОТ. Господинот Вaнхојте лукавиот го стави на искушение нудејќи му дружба со фондацијата Отворено опшетство Македонија. Превејаните комунистички манипулатори од ФООМ му понудија на господинот Ванхауте слава. Почнаа да го канат на трибини кадe му даваа простор да говори. Медиумите платени од ФООМ секој ден пишуваа за тоа што рекол Ванхауте. Дали само настапите на трибините, написите во весниците беа причина господинот Ванхауте да заборави на зборот кој го дал, СМЕНА НА СИСТЕМОТ и да стане ДРУГАРОТ Перо во комуњарската братија на ФООМ не би сакaл да шпекулирам.

Истото се случи и со Прибе! Значи, иако Ванхауте и Прибе знаеа дека решението на проблемот не е една партија да се замени со друга, тие не само што го дозволија тоа туку и го наметнаа решението, една партија да се замени со друга, без да се направиат вистински реформи во од нив посочените области.

Има уште една битна работа кој мора да имаме на ум ако сакаме да дојдеме до вистината каде лежи проблемот. Ниту еден премиер освен Заев не биле осомничени и аболицирани за криминал пред да влезат во политиката и да станат премиер! Ама откако станаа премиери за сите се пишува дека сториле криминали, а дел од нив се судени.

Значи изворот на проблемот е СИСТЕМОТ, а не луѓето. Досега ние ги менувавме луѓето и тоа се покажа неуспешно! Зар не гледате дека и сега чуварите на системот пак заговараат да направиме смена на луѓе а не на системот?

Затоа еве ќе изнесам мое видување како да го решиме проблемот, односно како да се промени системот по демократски пат.

Прво и основно е тоа што НИЕДНА ПАРТИЈА сама не може да освои доволно пратеници да го стори менувањето на системот!

Од тука ако се сака промена на системот за да се изградат темелите за градење на демокртска држава мора да се обединат партиите кои сакаат демократска и правна држава, држава во која ќе се почитуваат ИНДИВИДУАЛНИТЕ човекови права и слободи, држава во која сите ќе бидат еднакви пред законот, држава каде што институциите ќе го бранат Уставот, правото и изборната волја на граѓаните искажана на избори, односно обединување на СУВЕРЕНИСТИТЕ!!

Значи обединувањето е можно ако сите партии и движења се откажат од своите идеологии. Левичарите од социјалната држава, десницата од укинување на стекнатите социјални права! Ниедна партија или движење да не го наметнува своето видување во кој сојуз треба Македонија да се приклучи!
Па откако ќе се направи менување на системот,менување кое не смее да трае повеќе од една до една ипол година, да се распишат нови избори и сите партии да учествуваат самостојно или дел од нив како коалиции во изборите на кои ќе ги понудат своите идеолошки определби и своите оределби за влегување во сојузи!

Што треба да се стори доколку обединувањето биде успешно и донесе доволен број пратеници за формирање на влада без да се коалицира со некоја друга партија?

Првин треба да се поништат сите закони, договори, избори на функционери итн. кои се донесени со кршење на Уставот. Тоа е единствено можно да се стори бргу и ефикасно само со лустрација. Затоа владата која ќе биде избрана ќе треба веднаш да побара мислење од Венецијанската комисија за тоа дали во Македонија треба да се спроведе лустрација и за период после 1991 година, иако Венецијанската комисија веќе дала такво мислење. Барањето да биде поткрепено со приложување докази сочинети од законите, правилниците и другите нормативни акти кои се донесени после 1991 година со кои е нормиран НУСТАВЕН прогон на идеолошки и политички противници на системот, а за кој постојат непобитни докази во форма на досиејата на обработуваните! Со тоа ќе се елиминира секаков приговор за спроведувањето на лустрацијата од земјите на ЕУ, Велика Британија и САД, а и на оние кои ќе ги опфати лустрацијата.

Прво и најважно што ќе се добие со лустрацијата е доказ дека сите власти кои ја воделе Македонија од 1991 година биле марионетски и работеле за туѓи интереси. Со тоа и ќе се поништат сите закони, договори и спогодби кои ги донеле, односно прифатиле, тие власти!

Но тука би требало да стои клаузула дека сите договори кои се прогласуваат за неважечки ќе се стават во мирување се до формирање на партиска влада на изборите кои би биле спроведени по распуштање на обединетата (сенародна) влада.

Причина плус за одлагање на примената на поништувањетто на сите договори е следнава:

Според искуствата на Латвија која имала идентични проблеми како Македонија, лустрацијата ќе донесе ЗАБРАНА на партиите кои се произлезени од Комунистичката партија на Македонија и на врхушките од тие партии кои нема да бидат осудени на затворски казни да им се забрани учеството во политичкиот живот.

Значи, на необремените приврзаници на партиите кои ќе бидат збранети мора да им се овозможи да можат да формираат нови партии, да ги консолидираат и рамнопрвно да учествуват на тие избори.

На тие избори партиите како што напишав погоре би ги понудиле своите видувања за сојузи, за државно уредување итн. и победникот на тие избори по пат на референдум би морал според Уставот да провери дали нивната опредлеба за сојуз (дали НАТО, БРИГЗ, ЕУ) е прифатлива за граѓаните.
Сенародната влада би имала задача, покрај лустрацијата да направи попис, да го прочисти избирачкиот список, да ги устрои безбедносните служби по теркот на демокртска држава.

На потег е ВМРО ДПМНЕ!
Тие се партија која треба да повика на обединување под принципите кои ги наведов погоре за да конечно се промени по легален и легитимен пат тоталитарниот комунистички систем и да се растури тајната идеолошка полиција, изворот на сите зла.

Оваа воедно е и тест за ВМРО ДПМНЕ дали заслужува да добие подршка од оние кои заговарааат бојкот! 

МИСЛЕЊЕ НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА

Извадоци од комплетниот извештај:

 

А. Времен опсег на примена на Закон за лустрација

 

1. Време на усвојување на законот

15. Венецијанската комисија претходно се има справено со ова прашање во контекст на албанскиот Закон за лустрација, во однос на резолуциите и упатствата на Парламентарното собрание и судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и неколку европски уставни судови. Анализата на Комисијата беше како што следи:

16. Упатствата на Парламентарното собрание […] уредуваат, меѓу други услови, дека лустрациските закони треба да се на сила не повеќе од пет години, и во прилог го искажуваат генералниот предлог дека е претпочитливо лустрациските мерки во поранешните комунистички држави да завршат не подоцна од 31 декември 1999 година. Ова е поврзано со заканата која ја претставуваат таквите поранешни режими.

17. Во таа смисла, ЕСЧП утврди дека „настапува од појдовна точка дека демократската држава има право да бара од своите цивилни службеници да бидат лојални на уставните принципи на кои е основана. Во оваа врска го зема предвид искуството на Германија под Виемарската Република и за време на жолчниот период кој му уследи на распадот на тој режим сѐ до усвојувањето на Основниот закон во 1949 година. Германија се обидуваше да одбргне повторување на тие искуства основајќи ја својата нова држава на идејата дека треба да е „демократија која е способна да се брани себе си“. Ниту пак треба да се заборави позицијата на Германија во политичкиот контекст на времето. Овие околности разбирливо додаваат тежина на оваа темелна идеја и на соодветсвувачката должност за политичка должносѕт која им се налага на цивилните службеници.

18. Позицијата на Уставниот суд на Република Чешка во однос на тоа дали јавниот интерес активно да се брани демократскиот поредок на државата е од „безвременска (вечна) природа“ беше следнава: „Демократска држава, и не само во транзиционен период по пад на тоталитаризмот, може да го ограничи пристапот на поединец во државната администрација и јавните сервиси, и да продолжи да бара од нив да исполнат одредени услови, особено во однос на исполнување на услов на (политичка) лојалност.“

19. Уставниот суд на Република Чешка на тој начин усвои поинакво гледиште од онаа на Уставниот суд на Чешката и Словачката Федерална Република, кој во 1992 година се произнесе дека одредбите на релевантните сојузни закони кои предвидуваат ограничен период за ефективност на лустрациските мерки мора да бидат усвоени бидејќи беше предвидено дека „процесот на демократизација (на државата) ќе биде остварен во краток временски период (до 31 декември 1996 година). Наместо тоа, Чешкиот уставен суд утврди дека рокот на важење на ограничувачките мерки на лустрациските закони мора да биде урамнотежен со обѕир на потребите на безбедноста и стабилноста на демократските системи: на тој начин Судот ги прифати амандманите на листрациските закони чија цел беше да отстранат нивните временските ограничувања. Судот забележа дека „определувањето на степенот на развојот на демократијата во дадена држава е општествено и политичко прашање, а не уставно-правно прашање, кое што судот не е во можност да го разгледа.“ Меѓутоа Судот силно ја поддржа идејата за реформа на законите во прашање.

20. Обата горенаведени случаи, како пред ЕСЧП така и пред Уставниот суд на Република Чешка, беа засегнати со пристап до јавната администрација, а не со дисквалификација од државна служба. Меѓутоа, мислење на Венецијанската комисија е дека потребата од лојаност треба слично да се толкува како во случаи на луѓе кои се дел од државната администрација, така и за оние кои конкурираат. 

21. Заклучоците на анализата како што беа дадени од Уставниот суд на Република Чешка се следниве:

„1. Промовирање на идејата дека ‘демократијата треба да е способна да се брани себе си’ е легитимна цел за законите на секоја демократска држава, во било која фаза од нејзиниот развој.

2. Барањето на политичка лојаност на лицата во државната администрација и јавните сервиси се смета за неспорен компонент на концептот дека ‘демократијата треба да е способна да се брани себе си’.

3. Конкретниот степен на лојаност кој се бара зависи од историските, политичките и општествените искуства на секоја посебна држава и на размерот на заканата по демократијата во секоја дадена држава.“

22. Во март 2006 година ЕСЧП усвои слична позиција, прифаќајќи дека дадена држава може да биде обврзана да превземе конкретни мерки да се заштити себе си ‘дури и преку ограничување на гласачките права на луѓе поврзани со стариот комунистички режим повеќе од десет години по падот на (Берлинскиот) Sид.“

16. Полскиот уставен трибунал има изречено во многу јасни црти дека „целта на лустрацијата ќе се состои, пред сѐ, во заштита на демократијата против спомените од тоталитаризмот, додека нејзината секундарна цел, потчинета на остварување на примарната цел, ќе биде поединечното казнување на лицата кои зеле соучество со тоталитарниот режим.“

17. Воведување на лустрациски мерки долг период по отпочнувањето на процесот на демократизација во една држава ризикува кревање на сомнежи за нивните вистински цели. Одмаздата не смее да надвлада врз заштита на демократијата. Оттука, потребни се убедливи причини.

8. Должност на македонскиот Уставен суд е со посебно внимание да ја разгледа артикулацијата на конкретните причини кои ги изнесуваат властите за спроведување на лустрациски законски мерки толку многу години по завршувањето на комунистичкиот режим.

2. Период од минатото за разгледување

21. Венецијанската комисија смета, бидејќи цел на лустрацијата е да се ограничи пристап до државата администрација на луѓе со антидемократски ставови, дека периодот за разгледување би требало да биде ограничен, бидејќи активностите во длабокото минато обично не сочинуваат убедливи докази за актуелните ставови на дадена личност ниту пак за нивното идно поведение. Тоа е причината за основното временско ограничување кое е дадено во сегмент „ј“ од Упатствата. Од тука следи дека колку подалеку датираат примедбените активности на личноста, толку посериозен треба да е нивната индивидуална вина и нивниот престап од минатото.

22. Истражувањето на одреден период, кој почива 21 до 68 години во минатото (кога истекува Законот за лустација согласно член 41 овие бројки може да се наможат до 31-78) може да е вреден за образованието на јавноста. Тоа може да биде составен дел од „подигање на совеста“ кон која Парламентарното собрание на советот на Европа повикува во својата Резолуција 1481 (2006 година), и истовремено може да се покаже како полезно во однос на давање утеха на жртвите на тоталитарниот режим.

24. Следи дека засновање на одлука за лишување на лице од позиција врз основа на однесување кое датира – најмалку 21 година, а можеби и 78 години, може – ако воопшто – да биде оправдано само врз основа на најсериозни прекршувања, во конкретно масовни и повеќекратни прекршувања на основните права, кои истовремено би биле основ за значителна затворска казна под кривичниот закон. 

25. Што се однесува до примената на лустрациските мерки за периодот по завршувањето на комунистичкиот тоталитарен режим, Венецијанската комисија нагласува дека демократски уставен поредок треба да може да се брани себе си директно преку демократското фунцкионирање на неговите институции, имплементацијата на владеењето на правото и на заштитните мерки за одбрана на човековите права. Прво, демократската влада е одговорна пред електоратот, кој може да ѝ одбие реизбор. Второ, во држава каде што владее правото таа е самата потчинета на законските и уставните рамки. Трето, злодела сторени од припадници на демократска влада се подложни на криминална судска постапка. Конечно, секоја демократска држава има право од своите службеници да захтева минимално ниво на лојалност и може да ги разрешува од нивната должност во спротивно, без притоа да се потпира на специјланиот лустрациски инструмент.

26. Венецијанската комисија забележува дека Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), во една прилика одреди дека примена на лустрациски мерки во однос на дела сторени по завршувањето на тоталитарен режим биле прифатливи и не ја нарушуваат Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП). Во случајот на Жданока против Латвија централното прашање беше статутарна одредба која забранува на лица кои „активно учествувале после 13 јануари 1991 година“ во Комунистичка партија на Латвија (КПЛ) да учествуваат во парламентарни избори (1998 и 2002). Одредбата била донесена од Парламентот поради тоа што кратко време по Декларацијата за независност од 4 мај, 1990 година, КПЛ била вмешана во организирање и спроведување на државни удари против новоформираниот демократски режим во јануари и август 1991 година. Откако било согледано и особено земени во обѕир историскиот и политички контекст во кој оспорената мерка била превземена, било заклучено дека било разумно од страна на законодавниот дом да претпостави дека водечки лица во КПЛ имале антидемократски ставови, поради што ЕСЧП пресуди дека немало прекршување на член 3 од протокол бр. 1. Конкретно, ЕСЧП пресуди дека додека такви мерки не можат да бидат прифатливи во контекст, на пример, на држава која што има долго-воспоставени рамки на демократски институции, сепак може да се сметаат за прифатливи во случајот на Латвија со оглед на историскиот и политички контекст кој водел до нејзиното установување, како и со оглед на заканата кон новиот демократски поредок поставена од препородот на идеи кои, доколку им се дозволи да здобијат корени, можат да станат способни да го возвратат тоталитарниот режим.

27. На Венецијанската комисија не ѝ е познато дека постоеле посебни историско-политички услови (т.е. движења или активности вперени кон нарушување на демократскиот поредок или кон загрозување на заштитата на човековите права) во „поранешната Југословенска Република Македонија“ по прифаќањето на Уставот. Треба да биде забележано дека овој контекст „поранешната Југословенска Република Македонија“ била држава-членка на Советот на Европа од 1995. год., и како таква, била под надзор за својата демократска ефикасност и усогласеност со Европски стандади.

28. … Треба да се забележи дека … стигматизацијата и дискриминацијата на политичките противници не претставува прифатиливо средство на политички наптревар во држава каде што владее правото.

29. Не е место на Венецијанската комисија да го цени легитимитетот на продолжувањето на примената на Законот за лустрација за дела сторени по 17 ноември 1991 година, туку тоа е должност на македонскиот Уставен суд.

------------------

Целосен превод на резиме од мислењето:

 

Бивша југословенска република Македонија - закон за „лустрација“

 

Позадина

По пат на писмо од 7 септември 2012 година Претседателот на уставниот суд на Македонија побара од Венецијанската комисија да изготви amicus curae мислење во однос на поплака со која се оспорува уставноста на Закон за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, пристап до документи и објава на соработка со органите на државната безбедност (во понатамошниот тек: „Закон за лустрација“) која во моментов е пред Судот.

 

Стандарди

Европските стандарди во полето на лустрацијата воглавно произлегуваат од три извори:

  • Европската конвенција за човекови права и основни слободи и јуриспруденцијата на на Европскиот суд за човекови права;
  • Судската пракса на националните уставни судови;
  • Резолуциите на парламентарното собрание на советот на Европа (ПССЕ), имено, Резолуција 1096 (1996) за мерки за демолирање на наследството на поранешните комунистички тоталитарни системи и Резолуција 1481 (2006) за потребата од меѓународна осуда на тоталитарните комунистички системи. Резолуцијата 1096 на ПССЕ која посочува на „Директивите за осигурување на лустрациски закони и слични административни мерки се во согласност со потребите на држава заснована на владеење на правото“ како упатство.

Amicus curae мислењето на Венецијанската комисија во однос на албанскиот Закон за лустрација е засновано на овие стандарди и додава во прилог.

Суштината на овие стандарди може да се сумира во следниве четири клучни критериуми кои се однесуваат на лустрациски постапки:

  • вината мора да се докаже во секој посебен случај;
  • правото на одбрана, презумпцијата на невиност и правото на апелација на суд мора да бидат гарантирани;
  • различните функции и цели на лустрацијата, имено заштита на ново-никнатата демократија и криминално право, на пр. казнување на луѓе за кои се претпоставува дека се виновни, мора да се почитуваат;
  • лустрацијата има строги временски ограничувања, како за периодот на нејзино спроведување така и за периодот за кој важи.

Заклучоци

Целта на amicus curae мислењето подготвено за македонскиот Уставен суд не е наменето да ја цени уставноста на Законот за лустрација, туку на Судот да му достави материјал во однос на согласноста на овој Закон со Европската конвенција за човекови права како и елементи од компаративно уставно право со цел на Судот да му го збогати фондот со материјали за разгледување. Последниот збор во однос на обрзувачкото толкување на македонскиот Устав и ограничувањата кои ги поставува на Законот за лустрација почива кај Уставниот суд. Венецијанската комисија нагласува дека таквото толкување е обврзувачко за сите национални институции од административната, судската и законодавната бранша, кои се обврзани да го почитуваат и да се придржуваат до него.

Венецијанската комисија го анализираше Законот за лустрација во однос на четири главни прашања: а) неговиот временски обем на примена; б) личниот обем на примена; в) процедуралните гаранции за лицата кон кои лустрациските мерки се применуваат; г) објава на имињата на лицата за кои се смета дека соработувале со тоталитарниот режим.

Венецијанската комисија дојде до следниве главни заклучоци:

а)  Воведување на лустрациски мерки долг период по отпочнувањето на процесот на демократизација во една држава ризикува кревање на сомнежи за нивните вистински цели. Одмаздата не смее да надвлада врз заштита на демократијата. Оттука, потребни се убедливи причини.

Бидејќи целта на лустрацијата е на луѓе со антидемократско поведение да им се забрани пристап до државна служба, и бидејќи можноста за позитивни промени на поведението и однесувањето на лице не треба да биде потценето, примената на лустрациски мерки за дела кои датираат 21 до 68 години во минатото (или дури 31-78 до истекувањето на рокот на Законот за лустрација) може — ако воопшто — да се оправда на основа на најсериозни облици на злочин, особено масивни и многукратни прекшувања на основните права кои истовремено би покренале значителни затворски казни под криминално право.

Примена на лустрациски мерки во однос на дела сторени по завршувањето на тоталитарниот режим може да се оправда само во контекст на исклучителни историски и политички околности, и не во држава со долговоспоставен поредок на демократски институции, бидејќи демократскиот уставен поредок треба да се брани себе си директно преку имплементација на владеење на правото и мерки за заштита на човековите права.

Што се однесува до времетраењето на лустрациските мерки, тоа треба да зависи од една страна од напредокот на воспоставување на демократска држава која се раководи со владеење на правото и од друга страна од капацитетот за позитивна промена на поведенијата и навиките на предметите на лустрацијата. Ограничено времетрање за секоја лустрациона мерка треба да биде определено со цел да се одбегне дискриминаторен третман на лица во слична ситуација на основа на тоа кога биле усвоени лустрациските мерки.

б)  Примена на лустрациски мерки за позиции во приватни или полуприватни организации оди преку целта на лустрација, чија намена е да елиминира лица од уживање на владина моќ доколку не може да им се довери нејзиното уживање во согласнос со демократските принципи.

Оспорената врска со тоталитарниот режим мора да биде дефинирана на многу прецизен начин.

в)  Отсуството на лицето засегнато со процедурата пред Комисијата за верификација на факти е во спротивност со неговите или нејзините права на одбрана, забележително правото на равенство. Процедурата пред Комисијата за верификација на факти и процедурата за апелација мора да бидат детално регулирани со цел да се усогласат со принципите на владеење на правото и праведна примена на законите.

г)  Името на лицето за кое се одредува дека е сораборник мора да се објави дури по конечна одлука на суд, бидејќи само во случај кога соработката е конечно докажана негативните ефекти на објавата по репутацијата на тоа лице може да се смета за пропорционална мерка потребна во демократско општество.

Целиот извештај наанглиски е на линкот :ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА

ДАЛИ ЈО КЕ ПОКРЕНЕ ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ЗАЕВ ЗА „НЕПРОПИСНО ОДНЕСУВАЊЕ“ -ЛАЖЕЊЕ ВО ЈАВНА СЛУЖБА

Судење му се заканува на Борис Џонсон

Судија во Судот во Вестминстер денеска одлучи дека Џонсон, поранешен министер за надворешни работи на Велика Британија, мора да одговори на наводите дека извршил три прекршоци за непрописно однесување во јавна служба.

Тоа се однесува на тврдењата кои Џонсон, инаку заговорник на Брегзит, ги изнел пред и после референдумот за излез на Велика Британија од Европската унија во 2016 година.

Вкупно 52 отсто од Британците на референдумот поддржаа излез, а 48 проценти гласаа за останување во Европската унија.

За време на двата наведени периоди, обвинетиот постојано ја лажел и ја мамел британската јавност во врска со трошоците на британското членство во Европската унија, експлицитно наведувајќи или заклучувајќи дека таа цена изнесува 350 милиони фунти (околу 400 милиони евра) неделно, се вели во случајот против Џонсон.

Во пишаната пресуда, судијката Маргот Колман навела дека тие тврдења не се докажани, но оти Џонсон би требало да се соочи со судење. 

Дали ке се одважи Јавното Обинителство да покрене обвинение против Зоран Заев за изнесените лаги за „СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО“, за СЛУЧАЈОТ НЕШКОВСКИ“, за НЕМЕНУВАЊЕ НАИМЕТО,  за НЕМЕНУВАЊЕ НА УСТАВОТ,  за  добиениот датум за почеток на преговорите со ЕУ

image



Еве уште докази!!


Заев: Одлуката на ЕУ е мотивирачка за Македонија

Заев: Одлуката на ЕУ е мотивирачка за Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска изрази, како што рече, огромно задоволство од вчерашната одлука за добивање датум за преговори со Европската унија во јуни 2019. – Имајќи предвид дека во мај 2019 година се изборите за Европскиот парламент, одлуката на ЕУ е комплетно со нашите очекувања. Ние сме среќни и дополнително мотивирани, рече Заев денеска пред почетокот

Заев: Одлуката на ЕУ е мотивирачка за Македонија

Заев: Одлуката на ЕУ е мотивирачка за Македонија

- Имајќи предвид дека во мај 2019 година се изборите за Европскиот парламент, одлуката на ЕУ е комплетно со нашите очекувања. Ние сме среќни и дополнително мотивирани, рече Заев денеска пред почетокот на својот говор на 98. РОС-РОТ семинар во Собранието. Тој им се заблагодари на сите земји членки на Европската унија за оваа, како што рече, мотивирачка

Одлуката за датум во јуни 2019 и договорот за името во фокусот на отворањето на Рос Рот семинарот

Одлуката за датум во јуни 2019 и договорот за името во фокусот на отворањето на Рос Рот семинарот

Во Скопје денеска започна тридневниот 98. Рос Рот семинар посветен на Евроатланската интеграција на Западен Балкан: зајакнување на Европскиот мировен процес. Претседателот на Собранието Талат Џафери во воведното обраќање рече дека е убеден оти договорот за спорот со името потпишан од премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, најдоцна до крајот на годинава

Заев: Одлуката на ЕУ е мотивирачка за Македонија

Заев: Одлуката на ЕУ е мотивирачка за Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска изрази, како што рече, огромно задоволство од вчерашната одлука за добивање датум за преговори со Европската унија во јуни 2019. – Имајќи предвид дека во мај 2019 година се изборите за Европскиот парламент, одлуката на ЕУ е комплетно со нашите очекувања. Ние сме среќни и дополнително мотивирани, рече Заев денеска пред почетокот

Заев задоволен од одлуката за добивање условен датум за преговори со ЕУ

Заев задоволен од одлуката за добивање условен датум за преговори со ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска изрази, како што рече, огромно задоволство од вчерашната одлука за добивање датум за преговори со Европската унија во јуни 2019. – Имајќи предвид дека во мај 2019 година се изборите за Европскиот парламент, одлуката на ЕУ е комплетно со нашите очекувања. Ние сме среќни и дополнително мотивирани, рече Заев денеска пред почетокот

Одлуката за датум во јуни 2019 и договорот за името во фокусот на отворањето на Рос Рот семинарот

Одлуката за датум во јуни 2019 и договорот за името во фокусот на отворањето на Рос Рот семинарот

Претседателот на Собранието Талат Џафери во воведното обраќање рече дека е убеден оти договорот за спорот со името потпишан од премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, најдоцна до крајот на годинава ќе биде имплементиран од двете страни во целост, и Македонија во декември оваа година или на почетокот на јануари ќе стане триесетта полноправна членка

Заев: Одлуката на ЕУ е мотивирачка за Македонија

Заев: Одлуката на ЕУ е мотивирачка за Македонија

Заев: Одлуката на ЕУ е мотивирачка за Македонија Премиерот Зоран Заев денеска изрази, како што рече, огромно задоволство од вчерашната одлука за добивање датум за преговори со Европската унија во јуни 2019. – Имајќи предвид дека во мај 2019 година се изборите за Европскиот парламент, одлуката на ЕУ е комплетно со нашите очекувања. Ние сме среќни и

Заев: Одлуката на ЕУ е мотивирачка за Македонија

Заев: Одлуката на ЕУ е мотивирачка за Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска изрази, како што рече, огромно задоволство од вчерашната одлука за добивање датум за преговори со Европската унија во јуни 2019. - Имајќи предвид дека во мај 2019 година се изборите за Европскиот