Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

НОВОТО ИМЕ ДА СЕ ВНЕСЕ И ВО УСТАВОТ МОЖЕ ЛЕСНО И ЛЕГАЛНО ДА СЕ ПОНИШТИ!!

 

Jордан Петровски 16.04.2018

Заев и СДСМ, Мицковски и ВМРО ДПМНЕ,  според пресуда на Судот за Човекови Права во Стразбур а на која се повикува Венецијанска комисија, треба да бидат свесни дека првата влада на Р. Македонија која ке застане во одбрана на Македонските интереси а до такво нешто МОРА да дојде, ке се повика на тоа дека во Македонија, СДСМ на власт неколкупати дошол со државен удар и без проблем ке го поништи договорот за новото име кој ке го направи Заев па и да успее Заев да обезбеди двотретинско мнозинсто и да го смени и Уставот. 

Венецијанската Комисија забележува дека Европскиот Суд за Човекови Права (ЕСЧП), во една прилика одреди дека примена на лустрациски мерки во однос на дела строени после завршувањето на тоталитарен режим биле прифатливи и не ја нарушуваат Европската Конвенција за Човекови Права (ЕКЧП). Во случајот на Жданока против Латвија централното прашање беше статутарна одредба која забранува на лица кои „активно учествувале после 13-ти јануару 1991. год.“ во Комунистичка Партија на Латвија (КПЛ) да учествуваат во парламентарни избори (1998 и 2002). Одредбата била донесена од Парламентот поради тоа што кратко време после Декларацијата за Независност од 4-ти мај, 1990. год., КПЛ била ВМЕШАНА ВО ОРГАНИЗИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДРЖАВНИ УДАРИ во јануари и август 1991. год. против новоформираниот демократски режим. Откако било согледано и особено земени во предвид историскиот и политички контекст во кој оспорената мерка била превземена, било заклучено дека било разумно од страна на легислатурата да претпостави дека водечки лица во КПЛ имале АНТИ-ДЕМОКРАТСКО држење! 

Оваа мислење на Венецијанската комисија да беше применето досега Македонија ке можеше да ги прекине на легитимен и легален начин преговорите со Грција и да побара пријем во ООН под името Македонија и да биде примена без проблем.
Да потсетам само на државните удари кои ги направи СДСМ :

1. Недоделувањето на мандат од страна на Глигоров на победничката партија ВМРО ДПМНЕ после првите повекепартиски избори 1990 година.
2. Непочитувањето на членот 10 од Уставниот закон 1992 година, кога беше изгласана недоверба на експерската влада:

 

3. Доделувањето 1992 година на мандат на СДСМ двапати едно подруго.
4. Изборниот криминал 1994 година., поточно прогласувањето на Глигоров за победник во првиот круг на изборите.
Ке прескокнам неколку настани кои би можеле без проблем да се третираат како државен удар и ке дојдам до случувањата со оваа влааст
5. Неделеовничкиот избор на Таљат Џафери за председател на собранието.