Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

Зошто нема и нема да има лустрација!!

Овој мој стар текст го преобјавувам за да укажам што ке се случи со ветувањето на Заев за враќање на слободата и демократијата.
Без да се суди на Глигоров и Црвенковски и нивните пулени, Фрчковски, Богоевски, Верушевски, Аврамовски, .... ке нема ни С од слобода и ке нема ни Д од демократија. Се ке биде исто, само МОЖЕБИ ке го нема Груевски.....

 

Пишува Јордан Петровски 05-02-2012

Грујовизмот е само продолжен Глигоровизам односно Колешивизам-Абазовизам. Во демократските и плуралистички општества партиската припадност подразбира придружба во асоцијации на слично-мисленици кои одат во натпревар за подобро утре на себе си vis-à-vis граѓаните изразен преку судир на идеологии. Таквиот наптревар во идеолошки визии не го нема во Македонија. Во случајот Македонија не постои идеолошки судир, туку на дело е борба за тоа кој ќе го освои трофејот наречен формална власт, а со неа и привилегиите, односно пљачката во буквална смисла на зборот, кои како награда за верност и послушност вистинската власт ги дели на нејзините ФОРМАЛНИ носители.

За да не се прекине врската со Колешивизмот-Абазовизмот се погрижи октроисаниот Председател Глигоров со македонската елита на КОС, завиткана во шарена хартија наречена „Експертска влада“. Дали оваа гарнитура, која е на залезот од своите животи ќе дозволи лустрација, сега, кога треба да биде погребана во Алејата на великаните?

Колку вешто сме биле лажани-манипулирани, благодарение на мегафотните на комунистичкиот Режим: Колемишевски, Ризаов, Велиновска, Чомовски и нивните пулени. Оваа банда и денес ја сочинува „елитата“ на македонското новинарство. Но, тие стасале до височините во нивната професија, не поради нивните објективни дела во истражувачкото и аналитичко новинарство, туку поради тоа што биле верни соработници на УДБа и КОС (и пензионираниот Назим Чеграни бил „новинар“); биле лојални пропагандисти на комунистичкиот Режим. Овие луѓе ја сочинуваа армијата на перачи на мозоци, кои секојдневно јавуваа за „катаклизмата на капитализмот“ и пропаста на Америка—за на крајот да не успеат да го видат неизбежниот крах на комунистичката економија. Дали тие ќе дозволат лустрација?

Да не ја заборавиме и „експертската Влада“ која ја предложи Глигоров, за која инсајдер од профилот на Андов просведочи „дека Глигоров сам не решил да не го даде мандатот на било кој предлог за премиер што ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ, туку дека тој став дошол од Белград.“

Но, какви експерти беа овие луѓе? Тие беа членови на Академијата на науките и уметностите на комунистичкиот Режим на СФР Југославија. Тие беа образувани и остручнувани во режимската Школа чија што срж беше дека личните слободи, пазарното општество и плуралната демократија се назадни концепти на кои воопшто и не треба да им се обрнува внимание, а не пак да се проучуваат или применуваат. Тие луѓе беа најголемите лојалисти на системот кој наводно требаше да го заменат, со систем што тие самите нѐ учеа дека е дело на Ѓаволот. Експертите на Глигоров не беа експерти по пазарна економија и плурано општество, туку експерти по прежививањето во и искачувањето кон врвот на насилничкиот Режим.

Овие експерти по Београдска догма го „носат“ Глигоров во Македонија: „Изјавата на Кљусев гласеше вака (парафраза): ‘Се собравме во вилата на Михајло Апостолски, кој беше оженет за сестрата на Киро Глигоров, Цвета. Таму бевме јас, Ѓорѓи Наумов, Јордан Мијалков и Борис Змејковски. Ние одлучивме дека, преку Пане Велев, треба да го вратиме Киро во Македонија, зашто тој има доволно искуство да ја води државата’.“ Што е постаро кокошката или јајцето? – Не е ни битно, важно е дека најстар е Создавателот: во нашиов случај 100% хегемонистичкиот БЕЛГРАД.

Во моментот кога „експертите“ ја завршија задачата—поставувањето на темелите на лажниот плурализам—заминаа на заслужен одмор. Младобудниот и од Колемишевски откриен и препорачан Бранко Црвенковски стана октроиран Премиер. За овој вундеркинд кој на дваесет и кусур години стана првиот човек на извршната власт не се ни обидоа да нѐ убедат дека е стручњак. Тој, самиот ни се претстави како „шлепер“ кој треба да ја згази идеолошката опозиција како „жаба на патот“. Сликовита метафора за прогонот на симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ што беше спорведен под негова палка во деведесетите години на минатиот Век. За овој процес јас пишувам веќе четиринаесет години. Од ден на ден, сѐ повеќе докази излегуваат на виделина за прекршувањето на човековите права, но и Уставот на РМ кој извршната власт треба да го чува, од времето на „Шлеперот“. Дали Црвенковски и неговата дружина ќе дозволат лустрација која нив треба да ги однесе в зандани?

На изборите 1994. год., беше повторен октроираниот Претседател, кој бидејќи не го оставија сам им даде имза и формално да си го присебат она што го пљачкаа од АСНОМ до денешен ден: сиот општествен имот, за кој оние експертине нѐ образуваа дека е народен, а всушност во лична корист на тесно избраната комунистичка Елита која стаса на своето место низ крвава револуција. Ќе дозволат ли лустрација Штерјо, Чифлиганец, Свето—Пивара, Ѕинго, Јасна, Камче и уште стотина ајдуци со тапија?!

Во 1998. год. мораше да се покаже „плурализмот“ на дело. Крилото на експертската влада што го доведе Глигоров по директива станаа „ВМРОвци од прв заврз“: да не биде утка вистинските југокомуњари од Сојуз на Комунисти—Покрет за Југославија се трансформираа во Демократска алтернатива, на чие чело застана „човекот што ја растури Југославија“. „Љубче“ стана победник, а тоа што екипата му беше целата составена од Јаначковиќ, Љубчета уво не го заболе. Тој го освои трофејот, а тоа значеше дека доби шанса да ја спроведе прагмата на дело: да пљачка до каде му гледа гладното око. Зарем тој ќе дозволи лустрација, која ќе докаже црно-на-бело дека жртвувал илјадници членови и симпатизери за шака долари?

Дојде 2002. год. и „повратак отписаних“: пак Црвенковски. Ако се расчепка војната од 2001. год., без која Црвенковски немаше да може да го спроведе својот „подвиг,“ ќе има кандидати и за бесилка, не само за затвор. Лустрација нема шанса!



Сега е побеник Груевски со фамилијата, крвни и идеолошки наследници на експертите кои го донесоа Глигоров. Груевски ја доби шансата да си ја задоволи самобендисаноста, а во меѓувреме оние околу него да пљачкаат. Доколку оваа гарнитура спроведе лустрација, тоа ќе биде сечење на гранката на која седат. Груевски е опкружен со истите луѓе—минус еден или двајца—кои беа во кругот на вујко му. Дикратурата ниту започнува, ниту завршува со еден човек (погледнете го Египет). За таа да биде стварност, потребни се слоеви на нејзини спроведувачи и одржувачи: новинари, образувачи, законодавци, судии, полицајци и финансиери.

Мака ли е по немањето председателски кабинети, државнички протоколи , или пак кешот бргу се троши па Бранко со екипата почна да кука и обинува за кршење на човекови права, диктатура, да продава демократија и да бара лустрација? И се знае го доби она што единствено ѝ е познато на номиналната власт: диференцијација! Но, таа не е страшна, само со прст се покажува на некое моментално страшило што треба да го оттргне вниманието на народот помеѓу спортски наптревари, Грчки банкроти, евровозиски хистерии и меѓуетнички судири.



Авторот е Претседател на Комитет за демократизација на Република Македонија