Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

Томас Марктерт: „Досиејата ја менуваат сликата“

известува Душан Петровски


Деновиве Европската Комисија за Демократија преку Право (Венецијанска Комисија) се произнесе со Мислење во однос на Закон за определување на ограничувачка мерка за вршење на јавна должност (Лустрација) по барање поднесено од Уставен Суд на РМ.
                         [Image: images?q=tbn:ANd9GcSksuocP8XISYmoLBQYaTw...EZvwZKHlGQ]                   
Како што можеше да се предвиди, Мислењето стана предмет на различни толкувања од различните заинтересирани странки. Пред сѐ, гарнитурата која гравитира околу Сорос Фондацијата во Македонија живо се обидува да наметне толкување дека Венецијанска е на нивна страна—односно има исто толкување за лустрација после 1991 год. како нивнито. Тука ќе дадеме пример од Жарко Трајаноски, кој им објаснува на „забеганите лустратори“ дека:

„Венецијанска комисија вели дека нема смисла нашава лустрација по 1991 - од политички, идеолошки, и партиски причини - и дека е неприфатлива стигматизацијата и дискриминацијата на опонентите, како средство за политичка борба во држава во кој...а владее правото“
“Нема легитимна цел лустрирање на поранешни носители на јавна функција.“

Ова според Комитетот за Демократизација на Република Македонија е манипулација со она што е изнесено во Мислењето. Затоа, Комитетот за Демократизација на Република Македонија стапи во контакт со секретарот на Комисијата, Томас Маркерт, со цел да добиеме појаснение на Мислењето. Господинот Маркерт ни објасни дека Мислењето пред сѐ се заснова на историски преседенти од други Источноевропски држави, како и на материјалите кои ѝ биле приложени на Комисијата од страна на Уставен Суд на РМ. „Оваа Мислење е затворено,“ нѐ советуваше Маркерт кога го прашавме дали може да доставиме додатни материјали.

КДРМ: „Господине Маркерт, дали Комисијата е свесна дека во периодот кој му следи на Устав на РМ од 1991. год. Службата за Државна Безбедност отпочнала да води околу 4.000 досиеа?“
    [Image: images?q=tbn:ANd9GcSe-JTFSzstt8FHP2bG1Zf...HxhqXABf_Q]

Томас Маркерт: „Ова е покриено со кажаното во Параграф 26 и 27 (види подолу) и претставува ‘посебни историски и политички услови’ во уставно општество. Комисијата дава Мислење чија што цел не е да даде пресуда, бидејќи не ѝ се познати сите детали. Оттука следи дека Уставен Суд (на Р Македонија) треба да го примени Мислењето земајќи ги в предвид сите податоци.

 

КРДМ: „Значи при формирањето на оваа Мислење на Комисијата не ѝ било познато дека Службата за Државна Безбедност на Македонија обработувала лица при што се служела со Правилник за Работа кој бил објавуван во Посебен Службен Весник на РМ достапен само до државните органи (меѓу кои и Уставен Суд), но не и до јавноста? Притоа, при водењето на досијеата биле користени мерки како прискушкување на телекомуникациски направи и следење без обезбедување на судски налози. Дали на Комисијата ѝ е познато дека откатко беа отворени досијеата во 2000. год. Јавното Обвинителство не превзеде никакви мерки во однос на кршењето на човековите и уставни права во однос на овие досијеа? Дали ви е познато дека кривичните дела кои биле сторени во водењето на досијеата биле затсарени уште при самото отворање на досијеата, при што оштетените немале можност да бараат законски лек?“

 

Томас Маркерт: „Тука би морал да кажам дека доколку Комисијата била запознаена со овие детали тогаш Мислењето би гласело поинаку, бидејќи во тој случај има смисла за лустрација, и покрај тоа што станува збор за период петнаесетина години подоцна. Сепак, сакам да сме на јасно дека ние даваме општи мислења, и се обидуваме да не носиме пресуди.“

КДРМ: „Тогаш да го заокружиме она што го велите: Со оглед на даденото дека СДБ водела досијеа за граѓани на РМ при што се служела со анти-уставни мерки, и земајќи ги в предвид Параграф 26 и 27, дали има смисла за лустрација во Македонија за пероидот кој му следи на 1991. год.?“

Томас Маркерт: „Земајќи го в предвид она што го велите, би рекол дека тоа ја менува сликата.“

На оние кои им е познат правничкиот јазик, лесно може да им стане јасно дека образложението е далекусежно. Венецијанската Комисија дава Мислење во однос на она што ѝ е приложено како дело. Но, земајќи го в предвид работењето на СДБ пост-Устав 1991. год., станува јасно дека Мислењето какво што е дава оправдание за лустрација за овој период бидејќи таквото работење на државните органи претставува „посебен историско-политички услов“—осносно демоктратскиот поредок бил превратен од страна на старите комунистички врховници и хронично биле вршени тешки дела против човековите права. Овие прекршивања, се подложни на затворски казни. Едниствениот проблем во Македонија, како што му беше објаснето ин а г. Маркерт, е во тоа што делата биле застарени уште во моментот кога доказите станале достапни.

Сепак, тука се јавува прашањето: Зошто Уставен Суд не приложил до Комисијата ништо во однос на досиејата водени после 1991. год.—осносно зошто Уставен се обидел да прикрие дел од случајот? КДРМ ќе се обиде да добие одговор на ова прашање преку Кривична Пријава до Уставен Суд.

Според образложението на Венецијанска и нејзиниот секретар, повторно излегува дека КДРМ бил во право кога ја советуваше Владата на РМ како поднесувач на Законот за лустрација дека телото на законот мора да содржи Преамбула со образложение зошто е неопходна оваа мерка за периодот после донесувањето на Устав на РМ.

Еве ги релевантите Параграфи од Мислењето на Венецијанска Комисија:

Параграф 24


Следи дека засновање на одлука за лишување на лице од позиција врз основа на однесување кое датира – најмалку 21 година, а можеби и 78 години, може – ако воопшто – да биде оправдано само врз основа на најсериозни прекршувања, во конкретно масивни и повторувани прекршувања на основните права, кои истовремено би биле основ за значителна затворска казна под кривичниот закон.


Параграф 26


Венецијанската Комисија забележува дека Европскиот Суд за Човекови Права (ЕСЧП), во една
прилика одреди дека примена на лустрациски мерки во однос на дела строени после завршувањето на тоталитарен режим биле прифатливи и не ја нарушуваат Европската Конвенција за Човекови Права (ЕКЧП). Во случајот на Жданока против Латвија централното прашање беше статутарна одредба која забранува на лица кои „активно учествувале после 13-ти јануару 1991. год.“ во Комунистичка Партија на Латвија (КПЛ) да учествуваат во парламентарни избори (1998 и 2002). Одредбата била донесена од Парламентот поради тоа што кратко време после Декларацијата за Независност од 4-ти мај, 1990. год., КПЛ била вмешана во организирање и спроведување на државни удари во јануари и август 1991. год. против новоформираниот демократски режим. Откако било согледано и особено земени во обзир историскиот и политички контекст во кој оспорената мерка била превземена, било заклучено дека било разумно од страна на легислатурата да претпостави дека водечки лица во КПЛ имале анти-демократско држење, поради што ЕСЧП пресуди дека немало прекршување на Член 3 од Протокол Бр. 1. Конкретно, ЕСЧП пресуди дека додека такви мерки не можат да бидат прифатливи во контекст, на пример, на држава која што има долго-воспоставени рамки на демократски институции, сепак може да се сметаат за прифатливи во случајот на Латвија со оглед на историскиот и политички контекст кој водел до нејзиното установување, како и со оглед на заканата кон новиот демократски поредок поставена од препородот на идеи кои, доколку им се дозволи да здобијат корени, можат да станат способни да го возвратат тоталитарниот режим.      

Параграф 27


На Венецијанската Комисија не ѝ е познато дека постоеле посебни историско-политички услови (т.е. движења или активности вперени кон нарушување на демократскиот поредок или кон загрозување на заштитата на човековите права) во „поранешната Југословенска Република Македонија“ по прифаќањето на Уставот. Треба да биде забележано дека овој контекст ,,поранешната Југословенска Република Македонија“ била држава-членка на Советот на Европа од 1995. год., и како таква, била под надзор за својата демократска ефикасност и усогласеност со Европски стандади.