Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЛУСТРИРАЊЕ НА ЈОРДАН МИЈАЛКОВ

11.09.2014

Деновиве, Маноил-Мане Јаковлевски на ФБ објави документ од кој се гледа дека бил прислушкуван. Прислушкувањето било во времето кога министер на полицијата бил сега веке починатиот Јордан Мијалков, јас дојдов до РЕШЕНИЕТО за прислушкување. Решението за прислушкување спред правилникот за работа на ДБК единствено го одобрува-потпишува министерот, тогаш министер бил Јордан Мијалков, бидејки предходникот на Јордан Мијалков, Јован Трпеновски е лустриран а и наследникот на Јордан Мијалков во министерската фотелја Љубомир Фрчковски е лустриран, ми беше чудно и неможев да верувам дека имало прекин во кршењето на човековите права од страна на МВР, поточно од ДБК само за време на министерувањето на покојниот Јордан Мијалков. Благодарејки на Маноил-Мане Јаковлевски и таа дилема веке ја немам. Затоа решив да поднесам иницијатива до Комисијата за верификација на факти да го провери досието на Маноил-Мане Јаковлевски и се разбира и други досиеа од тоа време, досието на Црномаров, досието на ОО Римљанин, на ОО Микрон, ОО Книга, ОП "ЈАК"   и други и така да покаже дека пред законот сите се исти.