Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ЛУСТРАЦИЈА ПРОТИВ ЛИЦЕМЕРИЕТО

Патот до немерен просперитет

Пишува Душан Петровски

„Лицемерие душо… сите така работиме, сѐ зад кулиси…“

Лицемерието е антитеза на искреноста, а, искреноста, пак е функција на довербата. Довербата е потребна за просперитетот на едно општество. Без доверба не може да функционира слободниот пазар. Општеството може единствено да фукнционира доколку постои доверба помеѓу граѓаните. Довебрата ја создава институцијата на влада*, која што во општество каде што владее правото го држи монополот на насилството. Бидејќи оној што моментално ја контролира институцијата на влада секогаш има можност да ја злоупотреби позицијата—монополот на насилство—граѓаните преку Уставот ја ограничуваат владата со тоа што ѝ дефинираат до каде може да оди во употребата на насилството. Слободниот пазар е единстивениот пат до просперитетот, а слободниот пазар инситира на искреност, оттука, потребата од искреност е зародишпот на правната држава; а, лицемерието е корен на небиднината и мизеријата. За да може општеството да просперира, приватната сопственост мора да биде заштитена како светост, бидејќи тогаш граѓаните се сигурни да влегуваат во слободна трговија која ги остава во поблагопријатна состојба од пред размената.

Кога се работи „сѐ зад кулиси“ тогаш граѓаните не се во можност да се свртат кон соработка и градење на просперитет, будејќи граѓанинот нема поттик да вложи време и труд (богатство) во производство на нешто кое (1) моменталниот извршител на функцијата влада може насилно да му го одземе; или (2) неговиот сосед може да му го одземе без да му го плати, а притоа извршиетелот на функцијата влада да не го заштити производителот, односно да не го казни крадецот.

Искреноста гради врски, а општеството е само множество од врски. Правилата се коренот на правното општество, а нивното спроведување од суштинско значење за општеството навистина да е правно. Пазарното општество—капитализмот—не може ниту да се замисли без доверба, односно без правно општество како негова позадина.

Додека номинално системот на уредување на Република Македонија ги има сите марифети потребни на едно правно општество, реалниот систем на управување е закоренет во лицемерието. Зарем не е лицемерие доколку „темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се:

- владеењето на правото;

- поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;

- политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;

- правната заштита на сопственоста;

- слободата на пазарот и претприемништвото,“

а во стварност законодавната, извршната и судската власт се контролираат од еден центар, за една иста цел—попречување на политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори; правната заштита на сопственоста; слободата на пазарот и претприемништвото—односно, кога инстурментите на извршната власт, во содружништво со судската и законодавната власт, се користат за гонење на сопственици на приватен капитал од идеолошки и политички причини. Службата за државна безбедност, чиј што мандат е да ја брани приватната сопственост на граѓаните на Република Македонија, според нејзино автентично признание во облик на досието ПО „ЦРНИ“ шест годни активно работела насилно да му ја одземе чесно спечалената приватна сопственост на моето семејство.

Во напорите да успее во таа цел, СДБ нечесно избирала добитници и губитници на пазарот. Во такви услови губи целото општество, бидејќи на најспособниот на пазарот не му се дозволува да напредува, туку целиот пазар се враќа на нивото на миленикот на изршителот на функцијата влада. Притоа во третманот на моето семејство биле употребувани мерки во кои институциите на извршната и судската власт насилно му одземале дел од богатството на моето семејтво преку измислени казни и надувани царински стапки, преку попречување на движењето на стоката со која тргувало нашето претпријатие со цел истата да стане неупотреблива; и преку охрабрување на приватни граѓани (како слободни агенти во корист на СДБ) да ги одземаат производите на нашето претпријатие без да ги платат, а притоа да не бидат казнети за грабежот кој го спороведуваат. Слично, биле контактирани и странски државјани и биле охрабрувани да го работат истото—односно да го ограбуваат македонскиот капитал. Резултатот на таквото работење на извршителот на функцијата влада на Република Македонија е општата беда која ја рангира државата како една од најсиромашните држави во Европа, и ја става сѐ поблизу до Третосветска стапка на развиток.

Зарем не е лицемерие кога Член 9 oд Устав државата вели дека „граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од … социјалното потекло, политичкото … уверување; имотната и општествената положба,“ а агентите чија задача е да го бранат тој исти Устав гонат граѓани поради „идеолошки и политичко-идеолошки причини“, заради нивата „активност, потекло, и средината во која се движат како и … сверата на деловната соработка“? Да, како основна причина за сомнителноста на мојот татко се цитира „неговото семејно потекло,“ а не некое негово документирано прекршување законите на државата! Иако, ниту за неговото семејство нема никакви докази дека дејствувале вон рамките на законот.

Причината заради која се целувало на моето семејство била блискоста со политичкиот ривал на извршителот на функцијата влада. Номинално, гарнитурата која тогаш ја извршувало функцијата влада денес е во опозиција, а нејзиниот политички ривал е извршител на функцијата влада—но, не превзема никаква мерка да го расчисти опишаното прекршување на договорот помеѓу граѓаните и извршителот на функицијата влада, со која ќе ги исправи неправдите направени од нив.

Морално прочистување

Повторно се пуштаат различни приказни со кои оние на кои им пречи спроведување на процес на лустрација се обидуваат да го замаглат умот на граѓаните на Република Македонија. Тие се оние истите кои раководат со Република Македонија веќе три генерации. Овој пат гласникот на пораката е извесен професор Маџовски. Тој вели дека цел на лустрацијата треба да биде да им се одземе правото на еден слој луѓе да работат во државни институции, демек да не земаат државни плати. Општо земено тоа точно. Но, суштината зошто тоа е така мора да се разбере.

Јас го користам примерот со моето семејство само за да го демонстрирам менталитетот и гледањето на светот на оние кои, покрај тоа што биле на извршни функции, биле, и сѐ уште ги има на образонвни, судски, новинарски и слични функции каде што тие имаат прилика да делуваат врз свеста на македонските граѓани. На пример, Љубомир Д Фрчкоски е професор на Правен факлутет. Тој ги калеми новите генерации на адвокати, судии и пратеници на Република Македонија. Зарем треба некој да биде зачуден од фактот што Мирјана Најческа се смета за врвен правен стручњак во Македонија кога нејзе ја ставаме во контекстот на производ на Правен факултет граден од луѓе од калемот на Фрчкоски? Отстранувањето на еден таков човек (Фрчкоски) од неговата позиција е од суштинско значење за понатамошниот успех на македонското општество. Тоа е една од практичните цели на тој процес.

Секако, најзначајната цел на лустрацијата е моралната порака која треба да се испрати: дека (до 1991. год.) непочитувањето на човековите права и слободи, меѓу кои правото на приватна сопственост е прво, (и после 1991. год.) непочитувањето на Уставот на државата не се толерира во оваа општество. Моралната порака на лустрацијата која треба да се спроведе за перодот по 1991. год. е дека лицемерието веќе нема да владее со Република Македонија. За тие денови, очигледно, сѐ уште ќе чекаме.

Коренот на лицемерието

Секако, целата дискусија се сведува на тоа дека номиналниот уставен поредок на Република Македонија а само една голема лага—односно лицемерие. Кога ја започнавме серијата текстови за случајот на синдикалистот Блажо Стојаноски напоменавме дека кога се случи промената на општествениот систем од Едноуме во плурализам, тоа Комунистичката власт го стори неиспровоцирана. Кога некој своеволно се откажува од моќта за која крволочно се борел педесет години, нешто тука е сомнително. Уште понелогично, барем на површина, е зошто сиот напор потоа за и покрај промената, сѐ да остане исто. Едниственото разумно објаснение е доста просто, но доклку се има доволно позанавње на науката на економијата. Имено, економските научници, посебно тука се истакнува Лудвиг вон Мизез, низ годините успеале теоретски да го докажат она што ние го видовме во раните деведесетти години на минатиот век, при колапсот на комунизмот: до просперитетот може да се пристигне само на еден начин—преку слободен пазар и слободно општество каде што приватната соптвеност е максимално заштитена и почитувана. Според вон Мизез социјализмот нема равентсво—односно, социјзмот неминовно го води општеството до економски колапс. Науката докажала (а праксата потврди) дека исто како што водата не може да тече угоре, така и социјализмот не може да произведе долготраен економски просперитет. Причината за напуштањето на комунизмот и прифаќањето на плураното општество се крие во оваа вистина.

Но, тука има еден проблем. Во општесвото кое што е навистина слободно и пазарот кој што е чисто капиталистички не може да постои опшетствена статичност—односно, не може да створат постојани класи на граѓани, туку, поради постојаните промени во релативните поставености на луѓето, тие постојано се менуваат во своите класни позиции. Оваа вистина значи дека оние кои биле властодржците за времето на Едноумието, и покрај предноста со која влегле во плурализмот, набргу би биле заменети од некоја друга гарнитура на граѓани, која после не така долг период би била заменета со некоја трета гарнитура; сѐ додека македонското општество напредува и проспрерира. Фактот дека македонското општество е статично значи дека не постои слобода во пазарот, а со тоа и воопшто.

Како што бевме сведоци, комунистичкото општество кое што се градеше од 1944. до 1991. год. го снајде неминовниот економски колапс. Низ историјата, во времињата на економиски колапс на централистичките општества на планирана економија, каква што беше онаа на СФРЈ, властодржците ги чекала крвава револуција. Низ спроведувањето на симултанката на воведувањето лажен плурализам, властодржците во СФРЈ (а со тоа и на Македонија) куртулија од одговорноста за нивната неспособност. Новиот уставен поредок на плурализам и пазарно општество им ја даде приликата вината за неповолните животни услови на граѓаните да ја префрлат на сметка на приватните граѓани, а не онаму каде што ѝ е вистинското место: во канџите на централната власт.

Како до немерениот просперитет?

Во душата на нашите Души сите ние сме трговци: се обидуваме да истргуваме што повеќе производ за што помалку труд. Затоа личната слобода е војна која се води низ течението на целиот човечки живот. Секој ден е битка. Прв чекор кон победата е да се отпечати овој текст и да се чита секоја ноќ. Вториот чекор е да се разбере смислата на пораката и да се рассее на што повеќе луѓе. Тогаш ќе започне патот кон слободното општество кое самото со себе ќе го донесе просперитетот. Но, и тогаш ќе мора да се остане внимателен за некој да не ја злоупотреби благосостојбата и да почне да повикува на стагнација со еден или друг изговор, а со вистинска цел за да остане на врвот на општествената пирамида.

* Поимот ВЛАДА, иако звучи премногу слично на зборот ВЛАДЕТЕЛ, не потекнува од истиот корен. Додека ВЛАДЕТЕЛОТ има конотација на СОПСТВЕНИК на народот, ВЛАДАТА е во СОПСТВЕНИШТВО на народот.