Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

РЕИНКАРНАЦИИТЕ НА АБАЗ, БЕРИЈА, ЧАШУЛЕ, МАРИНА И РАНКОВИЌ ЌЕ ГИ ПРАВАТ РЕФОРМИТЕ КОИ ГИ БАРА ПРИБЕ

 

Јордан и Душан Петровски 11.11.2017

Да се разбереме: главниот проблем со Службата за државна безбедност не е во прислушкувањето, туку во репресиите—односно угнетувањето. Службата угнетува во име на зачувување на придобивките на социјализмот—утопистичка идеологија заснована на сите најлошите квалитети на човековиот карактер, која ветува мед и млеко а испорачува глад и страдање. Затоа придобивките на социјализмот се придобивки се за една мала гарнитура којашто владее со Македонија од крајот на Втората светска војна до денес, а којашто релано не ги поседува способностите ниту да управува со стадо овци, а камо ли со држава. Тука станува збор за јадрото коешто постојано ги контролира образованието—особено високото—судството, извршната власт, економијата, културата, и секако Тајната идеолошка полиција.

„Бобмите на Заев“ само нѐ потсетија дека УДБа ни бдее над сите. Но, тие се само продолжена примена на оперативната мерка „Полог“ на сила на македонските простори околу 99 години, наменети за исполнување на планот Западен Балкан (Букурешко решение на македонското прашање). „Полог“ е еден од начините на кој се разнебитува македонскиот дух и се двои од она што некогаш бил. „Полог“ е една од мерките со која оние што сакаат да нѐ уништат го работат тоа. Целата игра е Македонија да ја снема и на крај „Стара Србија“ да се припои кон Србија и од Македонците ништо да не остане, и на тој начин да се затвори Македонското прашање.

Продолжената примена на мерката „Полог“ сугерира продолжено постоење и применување на далеку посериозните практики, односно мерки и активности на службите на државната безбедност. Тие се дел од преведувањедо на народот жеден преку вода, начин на кој народот се одржува на границата на гладот. Денес во Македонија повеќе не се гладува, но Македонецот е најсиромашниот Европеец. Тоа е дел од планот кој Заев задоволно го прогласи со „победата“ на локалните избори: дека национализмот бил мртов. Тука Заев мисли на смртта на желбата за независна македонска држава, но незнам дали самиот е свесен за сериозноста на неговите зборови, зашто смртта на македонскиот национализам значи смрт на македонскиот народ.

Тоа е резултат на  политиката на изгладнувањето на народот во 1950тите, односно нејзин одраз во денешницата. Македонецот останува еден од најтешко задолжените жители на држава на европско тло, и во соживот со добро развиен државен шверц, со цел да се поддржат „придобивките на социјализмот“. Угнетувајки, Службата се осигурува дека Македонецот ке остане верен и покрај тоа што е принуден да живее како второстепен граѓанин. Односно Македонецот да остане мирен и покрај тоа што му се сече приликата да слободно да напредува. Во 1950тите, гладувајки народот научил да зависи од држвата соработувајки со Службата, а таа зависност оттогаш наваму генерациски се пренесува од колено на колено. Македонецот е комплето зависен од Службата, односно од нејзиното вреднување за неговото „држење“: пријателско или непријателско.

До распадот на Југославија економијата отворено беше речиси целосно во рацете на државата низ маркситичкото начело на државната сопственост на средствата за производство. Морално-политичката подобност—т.е. „политичка коректност“—одредуваше дали човек може да опстојува и напредува во општеството, односно дали човек може да се образува, вработува, да остане вработен, и дали ке биде шиканиран или ке учсествува во шиканирањето на неговиот сосед. Од 1991ва година навака, економијата е божем пазарна и приватизирана, но морално-политичката подобност е сѐуште решавачкиот фактор во успехот на приватниот бизнисмен, а секако и на приликата за вработувањето во најголемата и најсигурна бранша на економијата—државната администрација, инаку позната како служба.

Изјавите на луѓето од Комисијата за спроведување на реформи во судството, луѓето кои се ново-избрани да ја раководат Тајната полиција, односно УБК, како и луѓето избрани како советници на премиерот Заев по прашање на безбедноста, ме натера да го напишам овој текст. Текстов, како и многу други мои текстови, има за цел да даде јасно до знаење дека е воочена уште една лага на титовите Комунисти: овој пат онаа дека ке ги спороведат реформите на Прибе. Но, зар спротивното е можно? Зар човек со здрав разум може да поверува дека комунсти ке се самораспуштат, односно ке се самоказнат, ако знае дека тие се луѓето кои неизбирајки методи—разни видови на насилие од психолошко до физичко—биле и се чувари и спроведувачи на комунистичката идеологија!

Да почнам по ред.

Еве што предлагаат, односно што најмногу ги засега експертите од Комисијата за реформа на суството. Третата точка на нивниот нацрт-план за реформи вели:

Втората поголема новина се однесува на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност (познат како Закон за лустрација), кој беше укинат во 2015 година. Работната група констатира дека штетните последици за лицата кои беа жртви од овој закон, остануваат и денес.

Заради нивна општествена рехабилитација, како и заради заштита на нивниот личен интегритет и достоинство ќе биде воспоставен правен основ за поништување на мерките преземени кон нив.

 

 

 

Нацрт-стратегијата за реформа на правосудниот ... - Akademik.mk

Од ова се гледа дека Комисијата за реформи на судството како приоритетна задача ја поставува личната рехабилитиција на дел од членовите на Комисијата и рехабилитација на партиските и идеолошки „другари“ со кои го извршувале злосторот, односно репресијата и пљачката на македонскиот народ.

Во нивните излагања против лустрацијата како идеја, застапниците на македонската „граѓанска“ левица—кои денес се префрлија од „невладиниот“ во владиниот сектор—зборуваа за фактот дека прогласувањето на независност на Република Македонија и донесувањето на новиот „модерен, плуралистички, и демократски“ Устав автоматски ја ислкучувале потребата од лустрациски процес за периодот по 1991 година. Додуша истата фела ја убедуваше македонската и меѓународната јавност, но и судската елита, дека од лустрација немало потреба ниту за периодот на отворениот диктат на пролетаријатот, односно на Комунистичката партија/Сојуз на комунисти на Југославија (1945-1991 година) зашто прекршувањата на човековите и уставните права биле вршени за потребите на владите. Тука можеме да бидеме дарежливи и да им отстапиме на Милчиновци дека кршењата на уставните права на граѓаните било неопходно, пред сѐ поради тоа што, како што забележале дипломатите на САД, југословенскиот „систем содржи вродени слабости коишто, во отсуство на лидер од големината на Тито (некој чиешто влијание далеку ќе ги надмине неговите уставни овластувања), може да се покаже како нефукционален.“ Прведено на македонски, пионерите на Тито отсекогаш свесно го уредувале устаниот поредок на начин којшто мора да се крши со цел да функционира—за потребите на владејачката гарнитура, се разбира.

Но, додека Мичиновата повраќаница дека уставните и човековите права можеле да се кршат во име на потребите на владите минува како валиден аргумент во свињарникот наречен македонско правосудство, светот ја отфрли таквата безмислена аргументација уште во далечната 1945-6 година со Нирмбершкиот процес, а подоцна и со судењата на Адолф Ајкман, и конечно со Резолуциите 1096 и 1481 на Советот на Европа. Потребите на владите, во националната држава, не можат да ги надминат правата на граѓаните во чиишто раце лежи суверенитетот на истата. Милчин и неговата србокомунистичка банда ја мешаат демократијата со робовладетелскиот феудализам—што е предвидливо ако знае дека тие се деца на Титовиот систем.

Правилата за работа на Тајната полиција за времето на комунистичка Југославија не беа во согласност со демократските начела на кои божем ја втемеливме независна Република Македонија, зашто Службата беше уредена да се справува со „контрареволуционерните“ појави коишто можат да го загрозат државниот поредок. За време на периодот на отворената диктатура на КПЈ/СКЈ една од основните задачи на службите за државна безбедност беше заштита на „придобивките на социјализмот,“ односно задржување на комунистичката гарнитура на власт по секоја цена—што значи дека воведувањето на вистински плурализам ке биде невозможно доколку СДБ продолжи да се уредува со слични или исти правила за работа.

 

Од приложеново решение јасно се гледа дека МВР водено од реформаторот Фрчкоски и во 1994 година работело според „демократските“ закони на Комунистичка Југославија, покрај тоа што тие закони се закони додесени во едноумениот тоталитатрен систем и закони кои не биле во согласност со Уставот на Р. Македонија!! Значи, правилата кои ја уредувале Службата во 1990тите години ја усмерувале нејзината работа кон истите цели како и пред прогласувањето на независноста и донесувањето на новиот Устав.

 

 

 

Во Законот за работа на СДБ од 1980 година, во член 16 се говори за заштита на ПОРЕДОКОТ УТВРДЕН СО УСТАВОТ на земјата, а таа земја во конкретниот во случај е ЈУГОСЛАВИЈА!!
Исто така во законот од 1984 година за работа на СДБ во член 24 се говори за потребите за безбедноста на СФРЈ!!

Од приложеното се гледа дека Фрчкоски го користи Уставниот закон и по носењето на новиот Устав на Р. Македонија, а со цел да ја користи СДБ како идеолошка полиција! 


Членот 6 од Уставниот закон е јасен:

Но реформаторот Фрчкоски тоа не го почитува, и не ги усогласува законите за работа на СДБ со Уставот на Р. Македонија! Фрчкоски и понатака ги користи законите донесени за време на отворената диктатура на Сојузот на комунисти на Југославија, поточно ги применува сѐ до 1995 година, кога и нему а и на политичкото ПРОЈУГОСЛОВЕНСКО водство на Македонија им станува јасно дека Србија е поразена во Хрватска и во Босна 

Но Уставот за денешниов реформатор неважел тогаш, а треба да веруваме дека ке важи денес!? Тоа што Комунистите имаа целосен медиумски монопол до пред некоја година, како и целосно покритие врз доктирнарното крило—образованието и културата—ги охрабрува погрешно да мислат дека целата македонскат јавност е малоумна.

И од двата документа што ги содржат членовите 16 и 24 кои сега за прв пат ги објавувам се НЕПОБИТНИ докази дека СДБ, се разбира заедно со Глигоров и останатите од политичкиот врв кој бил избран од Белград, работела за зачувување на Југославија!

Понатаму се гледа и голото кршење на Уставот—чишто автор е токму тој—дека Фрчкоски бил тој што потпишувал решенија за отстапување од начелото на неповредловост на тајноста на комуникацијата, наместо судот, како што налагал Уствот во член 17:

        Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.

        Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.

 

Понатаму, објавата на Правилата за работа на СДБ објавени во „Посебен (таен м.з.) службен весник“ 10/92, исто така е спротивно на Уставот!

Член 52

        Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.

        Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.

  

Но бисерот на уставописецот/реформаторот Фркоски со кој тој јасно става до знаење какво ке биде судството после неговите реформи е најуваво објаснето во оваа негова изјава:

Докторот на правни науки и РЕФОРМАТОР на судството вели:

„Ниеден не е невин, апсолутно!! Тоа можат да го потврдат сите што биле вклучени не само јас.“

А во истрагите биле вклучени, од инспекторите па сѐ до директорот на СДБ. Реформаторот Фрчкоски јасно ни укажува на методот на идеолошката полиција: тој како налогодавач на неговите потчинети им заповедувал или да спроведат веке смислено сценарио со кое ке се „докаже вината“ на жртвата или пак тие да смислат и исконструираат обвинение, и во улога на сѐмоќни да ја донесат и пресудата, односно да потврдат дека тоа што тој го говори е единствената вистина. Па според овие бисери на реформаторот на судство Фрчкоски, реформата на судството би требело да биде укинување на судството, затоа што УДБа/УБК е таа која и истражува, и гони, и пресудува, и ги извршува казнено-поправните мерки. А тоа значи многу поевтина држава, нема судови, нема адвокати, нема правни факултети! Ке има само Иделошка полиција и вечерни школи за производство на соработници, инспектори, началници, директори на УБК, министри, раковододители на НВОа и граѓански здруженија. Инаку речено, сѐ да продолжи да фунцкионира и понатака како што било досега.

Дека сето она што го напишав погоре—дека целта на Комисијата за реформи во судството е зачувување на тоталитарниот комунистички сиситем—е така слободно го тврдам затоа што Комисијата не предлага како да се спроведе лустрација по препораките од Советот на Европа за сите посткомунистички држави и, иако секретарот на Венецијанската комисија во изјава за Комитетот за демократизација на Македонија посочи дека на Македонија лустрација ѝ е потребна и тоа не само за период 1945-1991 туку и за периодот после 1991 година (засновано на параграфите 26 и 27 од Мислењето на Венецијанската комисија). Од снимката од разговорот со секретарот на Венцијанската комисија ке добиете појасна слика. 

Судејки според персоналните назначувања во Комисијата за реформи во судството и нивните приоритети, од однесуањето на истите за време на расправата на темата лустрација во изминатите години, од манипулацијата на Уставниот суд во нивното барање на мислење од Венецијанската комисија по прашањето за лустрација, како и од двата документа кои сега за прв пат ги објавуваме—а се работи за НЕПОБИТНИ докази—јасно се гледа дека СДБ работела за зачувување на Југославија—односно разнебитување на македонскиот дух!!

Лустрацијата која ја спроведе владата на Груевски беше базирана врз закон кој во самата основа беше закон којшто ке попречи вистинска лустација—лустрација во согласност со Резолуциите на Советот на Европа 1096 и 1481. За закон кадешто процесот на лустрација нема до се одвива во институција единствено легитимна да донесе правослина пресуда—судот—да потсетам, гласаа и пратениците на СДСМ.

Јасно е дека побудата на пратениците на СДСМ за ваквиот чин било убедувањето дека таквиот закон ке овозможи строго контролирана лустрација и дека со тоа лустрацијата како процес се става исклучиво во функција на задскривање на вистинското решавање на проблемот со употребата на тајната идеолошка полиција во партиски и идеолошки цели. Но, тука треба да бидеме внимателни за да од ова погоре не добиете погрешен впечаток дека досега лустрираните—говорам за луѓето кои работеле во службите за државна безбедност—се невини, зашто вистината е дека тие се виновни како лисици во кокошарник. Проблемот е во тоа што нивната вина не беше прецизно дефинирана за целата македонска јавност да може да ја увиди—а и во тоа што иситите останаа кримнално неодговорни. Денеска директор на УБК е Горан Николовски, човек кој најголемите унапредувања во Службата ги добил во период 1991-98 година. Раководител на комисијата за Реформи на УБК е Силјан Аврамовски, човек кој во Тајната идеолошка полиција е од првата половина на осумдесетите години на минатиот век. Значи тврдокорен воспитаник на Белград и син на своевремен началник на Петата управа.

 

 

Моето тврдење за нивната вина го темелам врз основа на пресудата на судот за бегалци во Канада, којшто ми одобри азил на основ на доказите воочени во моето полициско досие водено во периодот 1992-98 година, од ПОЛИТИЧКИ и ИДЕОЛОШКИ причини. Министер за внатрешни работи најдолго во тој период бил членот на Комисијата за реформи на судството проф. д-р Љубомир Фрчкоски, кој ги потпишувал решенијата за НЕУСТАВНО прислушкување, следење, сузбивање, и репресирање. Според изјава на директорот на Државниот архив на Р Македонија дадена во 2010 година, подложени на НЕУСТАВЕН прогонот од ПОЛИТИЧКИ и ИДЕОЛОШКИ причини—односно прогонувани и репресирани—биле близу четири илјади луѓе. Според мои истражувања таа бројка е неколку пати поголема!! Зошто повеке верувам во моето истражување? Од простата причина што моето досие денеска го нема во историскиот Архив иако во 2000 година постоело и МВР за тоа ми издаде официјален документ, а и извадок од истото!

За ниту еден од тие прогонувани десетина и повеке илјади луѓе, Тајната полиција не подигнала обвинение, бидејки таа има еден специфичен начин на работа. Имено, Службата прогонот не го прави за да на прогонетиот (предмет на „Претходна обработка“) му ги докаже наводните индиции кои формално послужиле како покритие за отворање на досието, и конечно да покрене обвинение со кое доказите кои ги прибрале ке ги стават на проверка на судот и судот или ке го осуди или ослободи осомничениот. Ова Службата не го прави од неспособност или од незнаење, туку заради тоа што, прво, Тајната полиција неможела да обезбеди такви докази, бидејки лицата кои ги одбрала за прогон не сториле никакво кривично дело.

Всушност, Тајната полиција и онака не се занимава со дела од криминална природа, туку со дела од „контрареволуционерен“ карактер. „Вината“ на сите тие луѓе—по внатрешниот жаргон на УДБа, „незадоволници“—била во тоа што тие имале по некоја основа углед (успешни во работата, во уметноста, спортот и др.), а со тоа и влијание врз некоја група од граѓанството. Тоа за Службата за државна безбедност е најголема опасност, бидејки со тоа некој може да понуди погледи за животот, и поими за слободата и човековите права што се надвор од строго контролираното толкување на тие поими од страна на СИСТЕМОТ!!

Затоа ке нема ниту еден извештај од НВОата—конктретно Хелсиншки комитет за човекови права во Македонија—за прогонот на луѓе од ПОЛИТИЧКИ и ИДЕОЛОШКИ причини, иако во 1999/2000 тогашната власт донесе закон со кој ги отвори досиеата на луѓето кои биле прогонувани и репресирани по идеолошко-политичка линија, со што доказите за кршењето на човековите права од страна на УБК станаа достапни до сите, па и до Хелсиншкиот комитет за човекови права!! Кога говорам за нереагирањето на Хелсиншки комитет во периодот кога се отворени досиеата, да споменам дека тогашниот негов председател, професорката Мирјана Најчевска, денеска е член на Комисијата за реформа на судството!!

Втората причина за прогонот на Службата на Македонците е тоа што целта на системот на работа на идеолошката полиција е апсолутна асимилација на целокупното население во наративот на владејачката гарнитура дека сето она што го работи власта—особено онаа од комунистичка провиненција—е во име на македонските национални интереси, иако таа во сашност безуморно работи кон разнебитувањето на последната ронка од македонскиот дух. Инаку речено, основната задача на Тајната полиција е да се осигура дека апсолутно секој граѓанин духовно и интелектуално се потчинува на режимските лаги и ја прифаќа режимската виртуелна реалност—инаку позната како „политичка коректност“—како „правата истина“.  На индивидуално ниво тоа значи дека во секој случај Службата работи со цел да се здобие со нов соработник при што од секој перцептиран противник—„незадоволник“—прави свој човек. Бидејќи, целта е Едноумие!

За да се здобие со нов соработник, Тајната идеолошка полиција не избира средства или начини. Најчест метод се уцените со нешто од што жртвата—предметот на  „Претходна разработка“—се плаши да излезе во јавноста—прељуба, ситен криминал, лична тајна и слично; како и местенка на некој проблем за кој Службата на предметот на претходната обработка ќе му понуди помош за решавање—на пример, задолжување кај лихвар, стопирање на судски предмет и слично. Секако, не треба да го изоставиме шиканирањето—психолошката војна—како основна мерка на репресија. Тука пред сѐ се мисли на изолацијата на „незадоволникот“ од средината во којашто живее, на тој начин створање на животни услови на робија на отворено. Откако службата ке го добие новиот соработник—народно познат како „кодош“—таа почнува со „поставување на задачи“ кон истиот, т.е. тој да послужи во „обработката“ на нов предмет, зашто тоа е конечниот испит на неговата новопечена лојаност. Лојалноста на овие превртени некогашни „непријатели“ секогаш останува под знак на прашање од страна на Службата, зашто таа никогаш не е сигурна во резултатите на нејзуините казнено-поправни, односно превоспитувачки напори. Заради ваквиот метод на обезбедување на соработници, многу малку луѓе успеале да оддолеат на притисоците на Тајната идеолошка полиција и да не станат нејзини соработници. А тоа резултира со нивниот молк и страв од лустрацијата! Затоа и законот за лустрација беше правен за да првенствено ги „откие“ соработниците, а не извршителите и налогодавачите.

Третата, но не и најмалку битна причина зошто органите на државната безбедност не ги носат своите истраги до судска разврска е поврзана со меѓународната финансиска помош—тука спаѓа и меѓународното задолжување—со која се финансира целата оваа рашомонијада што Комунистите ја спроведуваат од 1950тите па навака. Отсуството на политички затвореници—нивниот последен бран завршува во 1960тите—погодно на Западњаците им сигнализира дека југословенскиот „мек комунизам“—Титоизмот—фунцкионира на најхуман начин, па според тоа нема причина зошто да се секне финансиската гага од Запад. Слично погодно, на лажните застапници на човековите права како Најческа и Калајџиоски, им дава изговор да тврдат дека во Македонија немало кршење на човековите права, зашто полицијата не тепала ниту затворала луѓе на политичко-идеолошка основа.

За да добиете груба слика колкав е бројот на соработниците придобиени преку мерките и активностите на Службата—а не и на оние кои автоматски станале соработници на осонова на нивното „пријателско држење“—ке изнесам пример. Имено во прогонот на секое лице Тајната идеолошка полиција користела од 10 до 30 соработника од различен калибар (пријателска врска, оперативна врска, интимна врска, оперативна позиција, итн.). Ако земеме дека просекот на соработниците е 15 и го помножиме со бројот на досиеа на прогонуваните даден од Директорот на историскиот Архив доаѓаме до бројка од ШЕЕСТ ИЛЈАДИ соработника! Од тие шеест илјади соработника ако има (лустрациска) судска постапка неверувам дека повеке од 1 отсот ке бидат осудени како виновни, зашто виновни за злодело се само оние кои по налог на Службата учествувааат во местенки, и даваат лажни изјави со кои се полнат досиеата на прогонуваниот и со тоа ѝ овозможуваат на Службата да „обезбеди“ доказ за „вината“ на прогонетиот, односно ѝ даваат покритие за нејзините продолжени репресии врз „незадоволникот“.

Дека не постоела вистинска желба кај власта и кај политичките партии за демократизирање на Македонија и укинување на идеолошката полиција најдобро говори попречувањето на обидите на троица репресирани до разрешница на нивниот прогон да дојде по судски пат и на тој начин да се открие неуставната работа на УБК/СДБ. Имено, јас и уште дваица прогонети независно едни од други имаме поднесено кривични пријави за неовластено прислушкување и други злоупотреби од страна на тајната полиција. Судот ги отфрли кривичните пријави како застарени. Интересно е што едната кривична пријава е поднесена неполна година по последната Службена белешка—односно поднесена е во моментот кога е добиено досието—и втората, мојата, е поднесена после 9,5 години од последната службена белешка. И двете кривични пријави се отфрлени заради застареност. Од овие два примери кои ги наведов се гледа дека судот застареноста ја толкува како што сака, а со цел да недозволи судската постапка да отпочне!! 

Судијката Маргарита Цаца-Николовска бивш судија во судот за човекови права во Стразбур а која исто така е член на Комисијата за реформи на судството вели дека основен пропустите од лустрацијата на владата на Груевски е времето кога е спроведена. Но таа иако провела осум години како судија во судот за човекови права не споменува дека постоеле Резолуции за осуда на тоталитарните комунистички системи кои ги донел Советот на Европа и кои власта во Македонија требело да ги прифати и според нив ја спроведе лустрацијата. Па судијката Николова вели:


Требаше веднаш по промена на државниот систем да се спроведе лустрацијата. Кај нас таа се случи дури 18 години подоцна. Реваншизмот е секаде присутен во одлуките за лустрираните. Во ниедна одлука не е констатирано дали им е прекршено некое човеково право на лустрираните. Ние лустрираме шефови во МВР кои си ја вршеле законската работа. Ќе мора да се направи ревизија на целиот процес и да се даде правен лек на оние што се жртви од лустрацијата да имаат право на надоместок на штета. Жално е што јавноста не ги дозна последиците за лустрираните бидејќи имаме последици болест, смрт, а тоа не смее да се занемари.

Судиката заборава дека  Венецијанската комисија е на мислење дека државниот систем не е променет!! Но ставот на судиката Маргарита Цаца-Николовска дека „ние лустрираме шефови во МВР кои си ја вршеле законската работа,“ е врв на нејзина пристрасност во одбрана на нејзините креатори, Тајната идеолошка полиција!! Неможам да верувам дека судија од калибар на Николовска не е запознаен со Нирмбершкиот процес, и со начелото дека одбраната заснована на арументот дека офицерите на државата само си ја вршеле работата е отфрлен како неоснован. Исто така неможам да верувам и дека судија кој бил судија во судот за човекови права во Стразбур може да има толкаво и такво незнаење и да заборава дека сите закони, уредби и правилници за работа на државните органи според македонскиот Устав МОРА да се во склад со Уставот. Како тогаш потпишувањето на НЕУСТАВНИ налози за следење, прислушкување и други репресивни мерки, Маргарита Цаца-Николовска ги смета за исправно делување? Како може Николовска при здрав разум да  тврди дека шефовите во МВР само си ја вршеле законската работа без да се заинтересира дали тие закони биле во склад со Уставот? Неможам да верувам дека судија од судот за човекови права во Стразбур нема да каже ниту збор за жртвите од НЕУСТАВНИОТ прогон вршен од идеолошката тајна полиција, а ке лее крокодилски солзи за лустрираните—околу 300 на број во споредба со десетиците илјади жртви на прогонот на УДБ—чиишто страдања во споредба со жртвите на неуставниот прогон е срамно да се споредуваат.

Да потсетам дека и Комисијата за лустрација работела според закони кои ги донело Собранието!! Тогаш според логиката на Николовска, нема простор за ревизија на нејзината работа.

Интересно е и мислењето на професорот Гордан Калајџиев—кој исто така е член на Комисијата за реформа на судството, а е и актуелен председател на Хелсиншкиот комитет—искажано на панел дискусија за реформите во судтвото и во УБК, а мислење коешто го издава менталитетот на старо-новото јадро кое тргнува во мисија повторно да го пренесе народот жеден преку вода:

Бараме итни и темелни реформи во целиот сектор, безбедносниот систем. Не може да сме задоволни од пристапот на Владата дека они се „добри момчиња“ и сега системот за следење на комуникациите кој лесно можеше да биде злоупотребуван од друга власт, нема да биде злоупотребуван само затоа што имаме нова гарнитура. … Се бараат гаранции и соодветен механизам дека нема повеќе да опстојува политичка полиција, туку функционални и транспарентни безбедносни служби.

Професорот Гордан Калајџиев кој е актуелен председател на Хелсиншкиот комитет, исто така никогаш не посочи дека имало НЕУСТАВНО прислушкување во периодот 1991-2000 година. Како тоа до вчера немаше политичка полиција—и покрај досиејата на УБДа достапни до јавноста, и моите лични контакти со него низ изминатава деценија коишто сугерираа на спротивното—но, сега одеднаш имало политичка полиција, ама таа како што оди импликацијата била на сила само за периодот 2006-2016 година? Се поставува и прашањето, зошто Калајџиев нема проблем ниту со членувањето на еден од главните спроведувачи на полициската држава за клучниот период на македонската независност, ЉД Фрчкоски, во Комисијата за реформи во судството, или пак за раководењето на Силјан Аврамовски со Комисијата за реформи во УБК.

Државата, односно нацијата, не е играчка со која можат да се играат деца и абдали а таа да може сето тоа да го издржи и преживее. Државата е сериозна работа, за сериозни луѓе кои што имаат на ум што значи управувањето со едно домакинство како појдовна точка на едно општество. Гарнитурата која што владее со Македонија е јадро на параспури и паликуќи, луѓе коишто немаат ниту приближно допирна точка со сериозниот живот, со домакинското управување, и со реалните потреби на реалниот свет. Македонија е сѐ што имаме, а со неа си поигруваат незериозни, неадекватни шалабајзери и хохтаплери потекнати од најобични бандити, љубоморници, нарцисоиди, и нихилисти, луѓе без морален компас и со неограничена желба да доминираат, па макар и тоа да значи дека се буквални шефчиња на кенефчиња. Овие неспособници коишто владејат со Македонија немаат чувство на историја и традиција, тие живеат со Титовата мантра: „После мене потоп.“ Тие немаат намера да остават подобра држава за своите деца, па затоа го принудуваат и народот, кој потекнува од домакинска традиција, да трне во нивниот самоунишувачки марш заедно со нив.

Веке 27 години народот се расправа кој е патриот а кој предавник, додека Тајната идеолошка полиција ги пљачкосува: материјално, душевно, и најмногу, духовно. Правосудството е катастрофа, коешто, единствено разгледува тужби со зелено светло од Службата, кога истите можат да се применат како дел од репресивните мерки и активности коишто таа ги превзема против „незадоволниците“; инаку правосудството небаре не постои. Политичките и идеолошките неистомисленици се прогонуваат сѐуште по истите линии и со истите методи на работа како и пред 1991 година. Медиумите, како и образованието ги контролира Тајната идеолошка полиција! Мракот ке трае се додека не се расветли минатото, барем она од 1990 па навака, а минатото неможат да го расветлат луѓето од минатото кои беа креатори на мракот!! Затоа на Македонија ѝ е очајно потребно раскинувањето со идеологијата и праксата на луѓето како Фрчоски, Најческа, Калајџиев, Николовска, и Аврамовски. Инаку, не само што ке ја изгубиме државата, ке ја изгубиме и нацијата.