Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ГЛАДНА КОКОШКА ПРОСО СОНУВАЛА !!

Злате Мирчевски 30.09.2017

Читам деновиве една преписка на социјална мрежа на членови на ВМРО НП,ги читам,се јадам во себе, се препукуваат еден со друг и неможев да додржам морав ова од мене да го извадам надовор во јавност. Се препукуваат еден со друг кој бил крив СДСМ што ги откачила за локални избори,односно според мои информации им стиганала СО ПРАВО фактруа од СДСМ ако веќе одат со СДСМ на локални избори, овој пат за разлика од 2013 година со список кој може од ВМРО НП на советничка листа а кој не. И со право, затоа што дел од некој советнички и советници во 2013 година и покрај тоа што знаеа благодарение на која партија највеќе влегоа како советници, урлаа низ партиските ходници во ВМРО НП со барање до лидерот на партијата да им даде упатства како да делувале со советите ? Ајдеее брее, а да побаравте упути за на психолог да ве лечи од амнезија. Зарем набрзина заборавивте дека во 2013 влеговте како опозиција во советите по општините, зарем заборавивте набрзина што зборевте против ДПМНЕ во кампањата тогашна за локални избори, па ви требаше упатство за составување на лего коцките од лидерот ? И пак ке се вратам на тие дечките кој се препукуваа на фејсбук, тие советнички и советници што се продадоа набрзина на ДПМНЕ, која во среда како на тротоар пред МТВ, кој како на сточен пазар во петок, добија ИЗИМ од лидерот на партијата тоа да го направат. Негова вина е 80% а нивна 20% пошто набрзина за личен интерес ги фати амнезија како влегоа по советите, дали како позиција или опозиција а пак ,,визионерот,, не предвиде дека ете 2017 после само 4 години ќе има можност пак да се коалицира со СДСМ и дека СДСМ СО ПРАВО може да се случи да испорача фактура. Е ај ова со фактуриве, ама кога ке се сетам како удобно си се смети на Водно, кај онаа југокомунистичка елита, а како ги плукаше од доле на почеток на 90-тите години за сега да им бидеш комшија и своите ,,визии,, да ги градиш од високо а не од ниско како на почеток на 90-тите.

Има една страна на фејсбук, сега нејкам без дозвола на сопственикот на страна да спомнам за која страна се работи, ама доста е посетена со накај 50.000 членови, е овој споственик пробал неколку пати да те одбрани ама џабе, кога ке прочитам подоле коментари на луѓе за кујќата на Водно итн итн не беее џабе ,ни Џиџи Буфон во најдобра форма вејке неможе да те одрбани од ,,ниско,, !! Време е да појдеш до Лисиче кај семејство Змејковски и ,,капутчето,, кое си го заборавил зад врата да си го нагрнеш пак и да се повлечиш од политика и визионерството да му го оставиш на некој помлад човек без флеки. Дека мака мие да гледам како членови на партијата се тераат во П.М на фејсбук за твојата 80% грешка од 2013 ама дека кај нас сите партии се секти на чело со султанати, па така султанот никој не смее да го помеша да не добие јатаган на врат. Време е за реформи и демократизација и во ВМРО НП. Толку од мене околу вмро-нп.


А сега нешто и за СДСМ.
Го гледам сега скоро профа Фрчкоски на една тв. заедно со друг гостин и обајснува нешто околу реформи во судот па како ке се спроведеле тие реформи па дека во судот имало некој сектори каде што било многу тешко да се реформира дури ни законски таму едноставно неможело да се продре. Па добро бе профа 27 години си запршка во секоја манџа, вака ни го запржи судството на почеток на 90-тите, сега ни сам неможеш да го отплекаш !? Профа бе, до кај не стигна и ти да бидеш се советник ?

Незнам само дали успеа и кај твојот противкандидат за председател на државава Хорхе да станеш советник !?

Можеби си бил и таен советник, кој знае ?

И те гледам нешто мљацкаш, вртиш со тоа јазикот како пубертетлија у парк на клупа на прво лапање со женската, мука тие нешто, си викаш, уффф колку е поудобно дома со папучите оптегнат у фотеља, отколку Прибе да ти дише у врат. Е да Прибе, е Прибе не е тоа детето што му врза шамар пред факултет ( за некој денар) па детено наведна глава и си замолчи, Прибе вејке ви потпиша јавно една ,,испртаница,, пред да добиете и ФАКТУРА, дека една заробена држава не смее да се замени со друга заробена држава. Па така мислете му ја сега убаво, дали пак ке направите како на почеток на 90-тите ,,пита гомнарка,, од судството во Македонија, пак пак како во периодот 1994/98 ќе се натпреварувате сами без опозиција кој ќе успее повејке судии да врбува. И кога ке го видам тимот со тебе ,Најчевска на времето ,,бранител на човекови права‘‘ од дните на суверено владеење на Б.Ц во Македонија со 0-нула преставки за крешење на човекови права, па Калајџиев, кариерист, се ме се чини дека ако не е Прибе тука да ве ѕирка под лупа на крај ке се сведе на ,,ГЛАДНА КОКОШКА ПРОСО СОНУВАЛА,, а можеби и ова ке се случи, времето ке покаже !? Инаку жал мие за Заев, човекот се труди нешто да направи ама тешко со вас. Со тебе профа или со Героски, дека кога ке се сетам се што не имате пишувано 1999 за договорот за добрососедство со Бугарија, па како сега ретерирате  и се вртите за 360* или пак Героски сега скоро во една преписка со младион новинар Михајловски кој патем и не е битно кога вистината е во прашање, дека до скоро бил на платен список во прогрујовата НОВА ТВ. кога ти извади бе Героски доказ текст твој од 2001 како пишуваш дека ако тогаш се дозволело двојазичност на цела територија на Р.Македонија, тоа ке значело и федерализација, па денес кога те читаме како ретерираш за 360* за законт за употреба на албанаскиот јазик, смешно е веке. Она потурање со боја пред Манда од Палевски го издржа мушки на нозе ама она од младион и надежен новинар Михајловски со доказ твој текст од 2001 ,доби ,,нокаут,, бе Героски одма у прва рунда. Видете бее, 27 години сте запршка во секоја манџа на СДСМ, па не сте вие овде на земјава олицетвренија Исус Христос кој е безгрешен, па така ете ви ги грешките и ретерирањата од она што сте го кажувале во 1999 и 2001 и денес во 2017 за истите работи. Време е и вие и тие како вас истите со исто резонирање да си негрнете ,,капутчињата,, од 90-тите години, да се тргнете од сдсм и јавниот и политички живот во Македонија и да го олабавите  Заев од вашите соовети и ,,визии,, за Македонија. Оставетего да го доврши патот по кој тргнал со помош на западот, конечно оваа држава да успее да го види крајот на тунелот.


А сега и вие од ДПМНЕ !!
Вашиот лидершип во моментов ке ви го објаснам вака. Момак Македонец (ДПМНЕ) кој треба да има секс со девојка Албанка  и сега нели сексот оди по фази, прво предигра, орални задоволства, па втора фаза, пенетрирање и трета фаза, сексот е готов, сега лежи у кревет ,,големиот‘‘ Македонец (ДПМНЕ) и Албанкава, палат по една цигара и сега големиов Македонец почнува да и објаснува на Албанкава каков убав секс имале и дека  се кае за 27 Април вечерта, што ја преварил за друга, ама од сега ќе почне да ја фали секаде, дури ке ја стави едно 5 или 6 пати на листа советничка за град Скопје, за случајно да не се утне еднаш на листата, па  понатаму кај да е ке велезе како советничка и дека од сега па натаму ке ја моли со јавни реклами на Албански јазик секаде до кај ке стигне (на митинзи) низ градов, дека и треба за понатаму, за иден брачен (владин) живот и дека се ќе направи во иднина за да имаат успешен брак, двојазичност, мааа никаков проблем, бидејќи таква ние консталацијата, мора да си најде големиов Македонец (ДПМНЕ) Албанка за доживотен брачен другар со редовен орален секс, он на неА ИСКЛУЧИВО!!

Па добро бее, зарем на свативте таму во ДПМНЕ одма вечерта на 27 Април лидерот ваш кога излезе на ТВ и се огради од тие кој требаше да предизвикаат судир во собрание по кој судир требаше да се прогласи вонредна состојба и тој што се огради од вас и рече кој го прекршил законот да си одговара, или у превод ,,че си лежите за мене,, а тој поточно требаше да остане на власт. И би така, почна судски процес за патриотите и летнаа притвори, главните кој ја отворија вратата од собрание, дека ова беше КЛУЧЕН момент за да се влезе во собрание,Мукоски и Василевски (член на СДСМ) ,живи и здрави и наивни, камерите биле со инфрацрвени зраци ,па не биле тие тие што се гледаат на снимките,туку некој нагоени муфлони со плата пратеничка од по 1000 евра плус патни трошоци како за патување до Куба.
Аххх брее тоа партиите дали леви дали десни, дали мали дали големи ви се секти со сулатанати за репродукција на млади безрбетници со свиткана кичма и отворена уста за орално задоволство на пенис или вагина во зависност дали се работи за председател или председателка на партија или О.Комитет-Одбор. Попатно ги правите и кодоши, онака да пренесе некој нешто да не шушка по партиските кулоари за лидерот. И овие млади лујѓе како ќе ги воспитаат своите деца ? Сине кога ке пораснеш свиткај кичма и зини со широко отворена уста ако сакаш да успееш во животот како јас што успеав да станам во животов партиски портир. Е убаво деее, таман ееее, затоа млади паметни дечки и девојки кој несакаат да ви се понижат фатија џаде од државава и враќање назад нема. РЕСТАРТ треба бее, РЕСТАРТ на се, на партии, во суд, во медиуми, во МВР. Инаку не однесе матната. Јас како што читате пишувам против сите, затоа и нечинам, се држам сега за сега исправено ,ме нема по јавни дебати, дека ке им кажам тоа што нејќат да го слушнат. Затоа за мене голема огромна сатисфакција ќе биде оние неутралние и неопределни да ме разберат пред да се инфецираат во тоа партиските секти кај султанатот. Ај останетеми создравје и со убаво, се слушаме наскоро, се некоја дешавка околу локалниве избори.