ЕФТОВ, МОРИ ДУШМАНКЕ -СОЛУН Е НАШ!

Владимир Костовски 24.07.2010

Kога би билe сега ЗНМ (Здружение на новинари на Македонија) или некоја друга еснафска организација, дефинитивно како прва задачa би превзеле заложба за здружено реемитување на емисии и други новинарски продукти на типчиња како Васко Ефтов. Нивното „новинарство“ поради фактите што ги добиваат на терен и наредбата и желбата да ја прикажат вистината поинаква, станува толку конфузно, што пропaгандата и кај најнеинформираните е без ефект или постигнува поинаков учинок. Станува збор за самопораз за пропагаторот

Еден од мегафоните што ги користи полициско-политичкото подземје за сеење магла кај  Mакедонците е и персоната Васко Ефтов, кој се нарекува нескромно себе си за новинар и тоа пази богати, новинар од истражувачки ков!

Но, како што е вистината се подостапна за секого со глобализацијата и со континуираните напори на малкуте посветени да го информираат Mакедонецот за сите лаги што му се случувале во историјата, а посебно за лагите од 1941-1945, па до денес, 2010, така и просторот за делување на платенициве станува се' помал.

Во неможност со стари методи дa продолжат со својата класична пропагандна и дезинформирачка активност, таквите типчиња често во последно време запаѓаат во конфузија, оти не се навикнати и методолошки подготвени да се справат со нивните „предизвици“ во новото време.

Едно такво типче, кое со економско образование наместо да си работи на струката, работи на пропагандни филмичиња и си игра телевизија, е Васко Ефтов, повеќе од деценија и пол присутен на медиумскиот простор на . Типчево последните години води една емисија во сопствена продукција наречена „Во центарот“, која моментално се емитува на телевизијата на стариот Стојменов.

Омилена тема на типчево му е историјата и тоа посебно онаа на која не учеа на времето од Белград, со акцент на комунистите како единствени создатели на современа Македонија, земја која има пријатели на север и на југ, а лути непријатели им се Aлбанците и најмногу од сите, Бугарите.

 

СОЛУН Е НАШ!

 

Човечево што не знае ниту „а“ од телевизиско новинарство и што монтажата како процес ја ползува слично како на времето цензорите од скопското кино „Напредок“ (кога  на првите еротски филмови што почнаа да ги прикажуваат во социјализмот ги сечеа најинтересните делови, а ние седнати во дрвените клупи викавме „уа шнајдери“), пред неколку дена ни се обрати со нова епизода во серијалот „Да живеат србите, уа бугарите“, која ја наслови како „Најинтересните контраверзи во текот на Втората Светска Војна на просотор на денешна Македонија“, со поднаслов, „Дали Македонија можеше да го освои Солун“(http://www.kanal5.com.mk/Default.aspx?mId=120)

И оп, први соговорници што се појавија веднаш во емисијата му беа стариот комуњарски генерал Тодор Атанасовски и историчарот кој има конфликт сам со себе, Тодор Чепреганов.

И додека овие двајца, кои од почетокот му одеа во прилог со нивните искажувања, па ги пушташе почесто во емисијата, соговорниците кои што зборуваа дека оние што во 1944 и 1945 барале да одат на Солун, а не на Срем се Mакедонци и немало ништо лошо во тоа, ги покриваше со монтажи и со акцент на фактот дека бунтот во македонската армија од тоа време се случил всушност во 5-тата бугарска дивизија, која по приклучувањето на Бугарија кон антифашистичката коалиција во септември 1944 се приклучи кон Македонската армија.

Според типчево, оние што сакале на Солун, требаше да разбереме дека биле „бугари“.

И таа теза, како и тезата дека Солун бил неосвоивлив во тоа време, се провлекува низ целата емисија. За таа цел Ефтов дури „го жртвува“ и Тито, нарекувајќи ја неговата игра со Егејска Македонија „дамин гамбит“.

Но, вистински проблем за пропагандистот настанува во вториот дел од емисијата, кога практично се соочува со баражни одговори од сите соговорници, вклучувајќи го и генералот Атанасовски, во кои сите од ред му тврдат дека македонскиот антифашизам и партизанското движење биле пред се национално мотивирани и борба за национално ослободување,  а дури потоа се накалемила и револицијата, односно борбата за социјална правда и нов општествен поредок.

 

ТЕМПО БИЛ ВЕЛИКОМАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛИСТ!?

                                                           

И покрај неговата најголема желба во емисијата да ги испропагира сите Mакедонци како Бугари и жртва на Титовиот дамин гамбит, да ги претставиШкатров, Ѓузелов и Ченто како Бугари кои соработувале со окупаторот, а наспроти нив да го претстави Светозар Вукмановиќ Темпо како прв човек кој од центарот на Битола, ли Прилеп ли беше, јавно повикал да се оди на Солун, типчево едноставно се фати сам себе си во таква конфузија, што едноставно човек само може слатко да се насмее.

А бре Васко мори душманке, да пукнеш ме насмеа!

Темпо бил големомакедонски националист, тврди во еден дел на емисијата, а во другиот соговорниците му кажуваат дека по оценки на Кардељ и Темпо, Тито издава наредба на некоја тајна седница на ЦК да се ликвидираат сите македонски национално определни водачи, еден по еден!

Ем, башка и Михајло Апостолски, командантот на Генералштабот на НОВ на Македонија, според Ефтов бил жртва на Тито, иако соговорниците му потврдија дека по бунтот на Калето и во Штип, тој ја расформирал таа петта Бугарска армија и ги пратил луѓето на Срем.

Но, кремот дојде на крајот! Во два дела. Едниот е, дека Лазар Колишевски бил жртва за Македонија, а сите ние (така и се обрати на професор д-р Вера Ачковска), сме го правеле предавник!!! И вториот дел од кремот - Солун не сме можеле војнички да го освоиме дури и да сме сакале!!!

 

ВАСЕ: СЕДНИ И ПИШУЈ И НАУЧИ НЕШТО

 

Абе дете, пошто си многу глупо да ти ги повториме фактите што ти ги кажуваат и самите соговорници, а ти седни и запишувај, па повторувај после за да поднаучиш нешто.

Прво, станува збор за природна желба на Македонците во тоа време да си го земат своето, што било разделено и расчеречено во 1913.

Второ, самиот генерал Атанасовски ти кажува дека тој на два пати престојувал во Кукуш со војска, каде пиел кафе и ги чекал тамошните жени да ги извезат македонските знамиња.

Трето, истиот тој ти кажива дека таму немало повеќе од 15 илјади војска, и иако тврди дека таа британска, американска и грчка војска била супериорна, заборава да каже дека кон крајот на 1944 и во 1945 Македонија веќе имала околу 100 илјади луѓе под оружје, строго формациски организирани, а од техника немале само авиони.

Четврто, во времето на бунтот, самите соговорнци ти кажуваат дека Македонија неколку месеци живеела и дејствувала како самостојна држава и за својата слобода сама е заслужна, оти колку што знаеш белким, српски војски тука немало. Последните срби фатиле уџум со влегувањето на бугарите во втората половина на април 1941 година.

Петтто и покрај сите обиди да го прикажеш Ванчо Михајлов како непријател на Македонија, она што успееш да докажеш е, дека човекот сакал самостојна држава Македонија, во случајов под фашистичка капа. Но, кога видел дека таа работа веќе не врви, си се повлекол како попче.

Шесто, големо прашање е дали Михајлов се сретнал навистина само со Шкатров и Ѓузелов и компанија или се сретнал и со претставници на ГШ на НОВ, т.е. со комунистите.

Седмо, повторно самите соговорнци во текот на емисијата ти кажаа дека овие двајца, па и Ченто, биле т.н. граѓанска опција и на крајот од војната целта им била Македонија, т.е. се залагале за граѓанско помирување и единство на Mакедонците. Тоа што под влијание на Србија, т.е. комунистите, не само што не дошло, туку по војната дошло до брутално натамошно разединување меѓу македонците, е дело на комуњарите, а не на овие стрелани, мачени и прогонувани без потреба

 

ТАЈНИТЕ НА ЛАЗО

 

Осмо, Лазар Колишевски, т.е. Лазар Панев Колишев, е деклариран Бугарин (за да се спаси од смрт со стрелање од бугарската власт), со српски произход. Тој човек кој најраната младост ја поминал воспитуван во домови за деца  без родители и во занаетчиски школи и фабрики во Србија, својата љубов кон србите ја има стекнато уште тогаш! Зошто без родители ќе прашаш, но кога веќе не знаеш, прочитај малку. Татко му што цел живот го криел од јавноста и никогаш не зборувал многу за него и за брат му кој умре во Србија како најголем сиромав, мислам во Крагуевац, не ги почитувал ама баш ич (и татко му и брат му имале голема склоност кон чашката), додека мајка си, во најрано детство, во родното си село, несакајќи ја повредува со застарена гранaта од Балканските војни и ја ослепува, т.е. убива.

И тука лежи најголемата тајна на Лазо. Човек кој од најраното детство носи траума од таков тип и чувство на вина кон самиот себе, не може да ги сака другите луѓе, ниту пак, животните и секогаш е подготвен безмилосно да убива. Од таму е големата страст на Лазо да лови и убива, не само диви свињи, туку и мечки, диви кози и елени, па дури и со калашњиков да пука во рибник (Горна Белица) и така да „лови пастрмки“.

Ич да не зборуваме пак, за страста да ликвидира без судења, зашто, нели, „војна и револуцијата биле во прашање“, како и да ги убива ранетите македонски момчиња од Егејска Македонија кои биле на лекување во Катланово и во Јасеново, а кои после лекувањето, задоени со идејата да ја ослободат својата Македонија, сакале да се вратат Леринско и Костурско, на своите огништа и да им помогнат на своите браќа и сестри. Но тие кутрите, разбирале дека народот веќе не решава, дека Македонија веќе не е на Македонците ами на Србите и Русите.

 

КОЈ ГО ПРЕДАДЕ КУЗМАН, КОЈ ЈА ПРЕДАДЕ ЕГЕЈСКА?

 

На крај „момак“, ако сакаш нешто за историја да поднаучиш, за контроверзите на Втората Светска Војна на територијата на Македонија, да те упатиме кон една вистинска контроверза. Откриј како загина Кузман Јосифовски Питу. Кој го предаде, од каде, кон каде бегал, кај го раниле и кој одбил да го лекува во тогашната градска болница, односно зошто бил оставен да искрвари до смрт!

Испитај ги овие факти, покажи ги презимињата на луѓето, види дали тоа има врска со намерата на комунистите да спречат каков било контакт со кого било, па и со Михајлов, дали има врска со едиснтвената причина зошто Македонија се приклучи кон антифашистичкиот блок, т.е. ослободување на сите три дела на Македонија распарчени во 1913, па после јави се со нова емисија.

Ако имаш троа акал и храброст да ги повикаш историчарите кои сето ова го знаат, а впрочем тоа го знаат и сите оние кои ти ги имаше во емисијата, тогаш јави се со нова емисија. Но, бидејќи тоа ти не го разбираш, а и немаш ни таква намера - ниту на крај на памет, а конечно, бидејќи не им е во интерес ни на оние на кои им должиш и за кои работиш, ние такво нешто од тебе не очекуваме.

Значи, драг читателу, овде не станува збор за вистината за Македонија. Овде не станува збор за тоа кој бил Лазо или зошто не сме отишле на Солун, а сме гинеле за Срем. Тие прашања во историјата, па и во оваа македонскава, што низ учебници, многу повеќе низ публицистика, е расчистена. Македонија и во тие трагични и тешки воени и повоени години била жртва на Русија која играјќи на великонационалните политики на балканските држави Србија, Бугарија и Грција, била жртвувана и употребена како, да го цитираме омилениот му на Ефтов,Тито, „монета за поткусуравање“. Таа жртва, која преку граѓанската војна во Грција резултурала со уште една голема трагедија за Македонија и македонскиот народ, вистина е игра на „големата маса“, еден отворен покер, но како срповедувачи на таа големa трагедија ќе останат во историјата запишани комунистите. Оние во врвот на Русија, Југославија, Србија, Македонија, а нај на крај и последното предавничко раководство на грчко-македонските комунисти во Егејска! Тоа големо предавство за македонскиот народ нема да биде избришано. Дали можело поинаку, ние мислиме - да. Дали било возможно да се направи продор и да се ослободи Егејска, ние мислиме - да. Но, за тоа, за Лазо и за Кузман, во некоја друга прилика

Овде само сакавме да разобличиме уште една лага на комунистите, презентирана преку нивните полуписмени мегафони и невешти манипулатори преку занаетот кој не го научиле баш најдобро – новинарството и мас медиумите.

Како и да е друже Ефтов, да ти повторам уште еднаш, ние што знаеме што е што, ти добро не изнасмеа!

 

ДОСИЕАТА - ИСТОРИСКА ШАНСА ЗА МАКЕДОНИЈА

 

А сега нешто за крај, што има само делумна врска со темава! Оваа спрдачина со досијеата е од многу голема важност. Станува збор за историска шанса Македонија и Mакедонците да разберат чиј протекторат биле последниве 80 години и од кого биле злопупотребувани, гнетени и чувани во мрак. Играва, патем, е многу поголема отколку што на прв поглед се чини. Воопшто не би се кладеле дека е од локални или регионални размери. Повеќе би типувале дека е од глобални размери со две опции: или финален притисок врз Србија да се одвои од Русија или пак, Србија да биде казнета затоа што се приклонува кон Запад. Зашто не заборавајте, во последната деценија до досијеата во Белград и во Скопје, покрај Русите кои ги имаа со децении, дојдоа и Американците.

Тоа што нус ефект од оваа поголема игра може да биде промена на името (поздрав до Леонов), тоа што може да падне „десната“ банда притисната од досијеата на ОНА, а во втора фаза и досијета на истакнати „историски“ членови на ВМРО ДПМНЕ и на власт повторно да дојде „левата“ банда, СДСМ, тоа на „големата маса“, на масата на отворениот и затворениот покер што го играат САД и Русија, тоа воопшто не е битно.

Како што рековме погоре, они се глуви и слепи за малите држави како нашата и си ги тераат своите агенди. Само од нас и од никој друг, зависи дали од ракавот ќе извадиме некој скриен џокер или ќе бидеме јагне што во страв и немоќ го чека „ножот“. Без оглед дали бил спакуван во „демократска“ или „автократска“ обвивка!!!

 

 

Read 116 times