ЦРВЕНИОТ КАРДИНАЛ ГО ДЕТРОНИЗИРАШЕ ПАПАТА-ДАЛИ ОА "ШПИОН" ПОБЕДАТА НА ЦРВЕНИОТ КАРДИНАЛ КЕ ЈА НАПРАВИ ПИРОВА !!??

21.09.2013
Јордан Петровски
Постои едно непишано правило a кое гласи, како ке дојдеш на тронот така и ке си одиш од тронот. Гошев службите го заменија со Црвенковски заради малку поизразената подготвеност на Гошев да ги брани македонските интереси. Црвенковски гледајки што подготвува Цревениот Кардинал со старите пајташи од УЈДИ замаскирани во Балканска Транзициска Правда, да бидам докрај прецизен, зад Балканска Транзициска Правда стоеше и стои КОС, сакаше да биде втор Крсте Црвенковски. Крсте во премрежијата 1990/1991 година, подржан од дел од структурите на СДБ, се обидува да се доближи до ВМРО и праќа свој емисар во Лугано кај Костадин Смичковски, еден од водачите на ВМРО. Црвенковски подржан или поточно насочен од истите структури во СДБ прави "сојуз' со ВМРО НП.

Тоа скршнување на Црвенковски, односно обидот да одглуми дека веке станал македоноист, еве ги закопува воените секири со Љупчо и заедно ке се борат за Македонија против Груевски и ДПМНЕ го разгневи КОС длабоко угнезден и замаскиран во СОРОСИДИТЕ. Да се подсетиме само на текстовите на Гелевски, Трајаноски, Тричковски кои беа плукање против ВМРО а исклучиво заради влегувањето на Црвенковски во коалиција со ВАНЧОМУХАЈЛОВИСТИТЕ и ТОДОРАЛЕКСАНДРОВИСТИТЕ....

Црвенковски се обиде преку улицата да го разниша Груевски. Но со повиците на борба против ФАШИЗМОТ, Бела Чао, повици кои ги наметна Црвениот Кардинал, бидејки тој ги држеше и ги држи средствата за информирање: НОВА, А1ОН, ФОКУС и еден куп портали и порталчиња, тешко можеше Црвенковски да смета на Македонци, на тие такви одамна потрошени финти се палат само југословенољупците и тешките комуњаришта.

Стравот кај Црвениот Кардинал, односно неговите налогодавачи, од евентуалниот успех на бојкотот на собранието и бојкотот на изборите, донесе повлекување на СДСМ од веке освоената "стратешка кота" која беше пат кон победа на двецот Црвенковски-Георгивески на предвремени парламентарни избори кои ке мораа да уследат набргу по март, односно бојкотот на локаните избори.

Груевски од тој вантрешен судир во СДСМ и победата на Црвениот Кардинал извлече голема победа на локалните избори и враќање на пратениците на СДСМ во собрането, поен плус пред Фуле за Груевски. Но доживеа и еден пораз, повлекувањето на Црвенковски од тронот.

Врелиот костен КОС, сега е во рацете на Груевски односно на УДБа.
Црвениот Кардинал, после детронизирањето на ПАПАТА и носење на свои луѓе кои ке го "раководат" СДСМ, тргна во поход кон коцките крај Вардар.
Уапсниве досега во ОА "ШПИОН" се пешадијата, а таа уште пред почетокот на битката беше отпишана од планерите

Таа, пешадијата треба, ако истрагата застане тука, да послужи за подобра позиција на Груевски во "мировните" преговори со КОС а КОС да остане со нечепнато водтво во Македонија.

Треба да се потсетам на уште нешто, истиот центар го организираше и обидот да се турне владата на Љупчо 2000 година.

Така да Грувески нема да ја добие војната ако не оди докрај, до Црвениот Кардинал, до неговите верни и помагачи Најчевска, Пиповска, Фрчковски, Ордановски, Исмаил, Гелевски, Трајаноски ... само така ке ги растури инсталациите на КОС барем за некое време.

Ке биде интерсно ако истрагата посвети малку поголемо внимание на посетата на Ване Цветнов на САД, односно на причината за посетата и налогдавачот таква посета да се реализира.

"ПОВЕКЕПАРТИЗМОТ" ВО МАКЕДОНИЈА

Службите повекепартизмот го испланирале беспрекорно, двете носечки парии ке бидат формирани и контролирани од нив. Проблемот настанува заради апетитие на Милошевиќ.
По растурањето на "ОПЕРА", планот на КОС за зачувување на Југославија, од страна на Милошевиќ 1991/92 година, политичкиот преставник на "ОПЕРА", Сојузот на Комунистите -Движење за Југославиа" во Македонија се инфилтрира во СДСМ, во Србија формира своја партија ЈУЛ, но која беше под стога контрола на семејството Милошевиќ и која служеше пред меѓународната а и македоднската јавност да створи впечаток дека Милошевиќ е борец за зачувување на Југославија.
Додека КОС и УДБа која од 1988/89 година е под контрола на Милошевиќ во Македонија го имаа воскреснатото ВМРО за противник, судир помеѓу нив немаше а и КОС беше видно ослабен од ударот кој му го нанесе Милошевиќ.
Дека КОС закрепнува стана јасно 1998 година, формирањето на Демократска Алтернатива, на Васил Тупурковски. Отогаш се воведува практика кога ДПМНЕ, 100% творбата на УДБа a рекомпонирано по рецепт на Милошевиќ во времето на амбасадорувањето на Зоран Јаначковиќ ке треба да е на власт, за партнер да има партија на КОС. Обидот да ја срушат владата на Љупчо Георгиевски беше планиран од стуктурите на КОС. По мое длабоко уверување на структурите на КОС им припаѓаше таткото на Бранко Црвенковски, Љупчо а кој имал големо влијание врз синот Бранко. По неуспехот на ДА и нејзиното растурање, КОС повторно формира партија, овој пат со стариот и секогаш верен на КОС, Тито Петковски.
Да не беше Тито Петковски, односно КОС, Груевски не можеше да формира влада 2006 година.



 
Read 1005 times