ГЕРОСКИ МОЛЧИ ОД СРАМ, СТРАВ ИЛИ „СТИГЛА ДЕПЕША“?

Јордан Петровски 01.08.2020

Денеска 25.07.2020 откако поминаа 10 дена од мојата прва објава и пет дена од мојата последна објава на продолженијата од текстот посветен на лажниот борец за човекови права Героски, од Героски ни глас ни ништо. 
На фејсбук станицата на Героски каде сѐ уште не сум блокиран, а не сум блокиран заради тоа што не сум коментирал ништо, му ја упатив следнава порака:


1

Господине Героски, 
напишав еден текст од три продолженија во кои ги разобличив вашите лаги изнесени во емисијата „Заспи ако можеш.“  За да не шпекулирам дали вашиот молк е од тоа што не сте ги виделе текстовите ви го праќам последното продолжение од текстот а во него ги имате линковите и до првите две. Така ќе имам потврда дека сте имале можност да го прочитате она што сум го напишал и да добиете можност да ме демантирате.

Според моето искуство со вас веројатно ќе ме блокирате и од оваа ваша страница!! Блокирањето денеска при ваков отворен простор за пренесување на информација е исто како кога нојот ја пика главата во песок за да одбегне да гледа што се случува. Вистината денеска не може да се блокира да дојде до луѓето. Бегството од полемика или демант е само доказ дека се што сум напишал е вистина и она најлошото, вашиот молк е потврда дека тоа што сте го правеле за да ја попречите лустрацијата сте го правеле свесно и со умисла. Зошто сте правеле и сеуште правите така, тоа вие знаете а ќе дојде ден кога за тоа ќе дознаат сите!!

Заради тоа сочекав еве една недела пред да го обајавам овој текст!


И после 6 дена, сѐ уште молк од Героски. За мене, а верувам и за многумина од вас кои ќе го читате овој текст, „чудно“  е новинарскиот ТИТАН, Героски кој никому не му одмолчал било каква критика на неговиот лик и дело после објавата на мојот текст, после решевањето на дилемата дали ги видел тесктовите, сѐ уште е сокриен во глувчешка дупка?

Постојат неколку можни одговори зошто Героски молчи!  

Героски не смее да полемизира затоа што е свесен дека секој обид да полемизира на оваа тема ќе го соголи до крај, односно ке покаже дека бил и е само само аргат на еден тоталитарен систем. Човек станува свесен дека е вистински соголен кога на јавноста ќе ѝ стане јасно дека парите и привилегиите кои ги добивал за исполнување на вакви задачи веќе не се тајна од каде потекнуваат! Тогаш на соголениот единстевно му останува да молчи,  да ја забие главата во песок и да смета дека ако тој не ги гледа текстовите и никој друг нема да ги види!! Но во пракса не е така!! Текстовите, ги гледаат други луѓе!  Доказите во текстовите ги откриваат лагите и манипулациите на Героски! Луѓето читајки ги тесктовите осознаваат што правел, што пишувал, говорел и со тоа свесно и серизоно влијаел на јавното мение за многу злосторници, наместо да добијат казна, бидат представени како жртви и маченици.
Дека оваа што го говорам е точно ке пренесам еден текст на Героски објаве во јануари оваа година:


image

Лустрацијата беше македонска варијанта на „закон на одмазда“ и мора да се поништи!

Јас прво би го лустрирал (прочистил) правосудниот систем, од сите слабости и недоречености, од сите „багови“ што го прават тром, неефикасен и погоден за манипулации, би го „рестартирал“ под итно, па дури потоа, но задолжително во период на намалено ниво на општествените конфликти и на поделеност на нацијата, би ѝ се посветил и на приказната за црнилата од минатото. Но не вака. И не сега.

Бранко Героски - 14/01/2020 

Сѐ додека не сфатиме дека правото е систем на јасно дефинирани и цврсто кодирани правила на посредување во односите меѓу луѓето, a правдата концепт на општествено поведение согласно со тие правила и со општо прифатените морални норми, ние, драги мои, ќе си останеме балкански Клондајк. И нема да бидеме на прав пат. Едноставно, нема да нѐ биде.
Патем речено, за оние кои не знаат, Клондајк во Aљаска е област каде што почнува златната треска во Америка и каде што во тој период владее „законот на одмаздата“. Повозрасните читатели можеби ќе се сетат дека името Клондајк – денес синоним за неправда, всушност, за разбирање на правото и на правдата како „закон на посилниот“ – го имаат сретнато во стриповите во кој главен јунак е Текс Вилер.
Но, да се вратам на темата…
Лустрацијата во Македонија беше спроведена токму според „законот на одмаздата“. Иако во основното значење зборот лустрација значи „простување на гревовите“ (lustrum), a во намерата на законодавецот требаше да биде мерка на отстранување на соработниците на поранешните тајни служби од јавниот живот, кај нас таа се сведе на отстрел на политички неподобните.
После извештајот на Прибе во 2015 година, лустрацијата беше запрена.
Без оглед што периодот на владеење на една техничка влада пред избори не е идеален за донесување закони од поголема важност, нема сомнение дека срамниот процес на лустрација, спроведен во време на владеењето на Никола Груевски и под раководство на „џелатот“ Томе Аџиев, мора да се поништи, заедно со сите правни и морални последици што тој ги предизвика. Се надевам дека барем ова е јасно како бел ден.
И воопшто, држава што сака да се пофали дека во неа владее правото, не смее да дозволи разни арбитрерни, божем независни и во основа некомпетентни комисии и тела, да инкриминираат луѓе, да ги „судат“ за вистински или за измислени „гревови“, да делат некоја своја правда и да си поигруваат со човечките судбини. И тука не мислам само на некогашната Лустрациска комисија на Аџиев, туку и на сите други вонсудски инсталации и „дивоградби“ во системот, на кои им е дадено да одлучуваат за работи кои мора да бидат во исклучива надлежност на судовите.
Ете затоа, меѓу другото, упорно и упорно треба да се инсистира на тоа дека владеењето на правото и судските реформи се првенствено работа на доуредување и на иновирање на постоечките, како и на воведување нови, системски решенија, согласно со изворните принципи и значења на поимите право и правда, а секако и според моделите и искуствата на модерната европска правосудна пракса. Можеме ние колку што сакаме да мантраме за „лошите“ и „корумпирани“ обвинители, судии и адвокати, за „политичките притисоци“ и за „мафијата“, но сето тоа ќе бидат само празни зборови ако не се дизајнираат системски фортификации кои ќе нѐ бранат од овие зла.
Добар пример за ова што го велам е враќањето на дел од предметите на некогашното Специјално јавно обвинителство на самиот почеток. Да, секако дека можам да поверувам во тврдењата дека има судии, бранители и други вешти правни експерти што ги користат слабостите на системот, во обид да ги застарат предметите или да ги одложат судските одлуки за некои подобри времиња. Велам, можам да поверувам во тоа, но сепак не се осмелувам така лесно да обвинам судија-поротник дека бил „потплатен од мафијата“. Зарем целата вина за враќањето на еден случај на самиот почеток ќе се фрли на плеќите на судија-поротник, кој се повлекува затоа што објективно, според законот, му дошло време да се пензионира? Вистинското прашање е зошто ништо не е сторено да се воведат системски решенија што ќе ги спречат ваквите злоупотреби, случајните или намерните пропусти на судиите, но и на другите институции во правосудниот систем.
Одговорот на ова дилема е познат, само на страстните навивачи им е тешко со него да се соочат – власта во овие три години не спроведе суштински реформи во правосудството, туку и самата се заплетка во заблудите на „револуционерната правда“ и широко ги распространи очекувањата дека „преките“ судови, во експресни постапки, во еден налет на волунтаризмот како базично читање на правото и разбирање на правдата, автоматски ќе ги донесат очекуваните пресуди и ќе ја задоволат жедта на граѓаните за некаква „шеријатска“ правда. Да биде полошо од тоа, елитната институција што требаше да биде spiritius movens на едно такво разбирање на концептот „правда и мир“ (СЈО), се покажа како легло на криминалот и на корупцијата. Во такви околности, хаваријата на системот, напросто беше неизбежна.
Мислам дека клучен тест за тоа дали сега – поучени од таа хаварија – напредуваме кон едно модерно, европско разбирање на правото и на правдата ќе биде судскиот процес за настаните од 27 април 207 година. За мене, нема никаква дилема дека упадот на група граѓани и насилствата во Собранието на 27 април беа обид за државен удар. Не е точна тезата на Никола Груевски дека станувало збор за отпор на граѓаните против обид за незаконит трансфер на власта. Дури и да е Никола во право, правниот систем во нашата земја (таков каков што е, несовршен) предвидува легални и легитимни постапки како се утврдува незаконитоста. И никој, ама баш никој нема право да го земе законот во свои раце и да „пресудува“ со насилство, на начин како што тоа се случи тој кобен 27 април.
Но, од друга страна, од суштествена важност за кредибилитетот на судскиот процес што е во тек, е актерите во постапката – обвинетите, обвинителите, бранителите и судот – да ги расветлат улогите на сите поединци во настаните, уверливо да ја дефинираат вината или невиноста на секој поединечно, за процесот да резултира со квалитетни пресуди, а судската постапка да биде оценета како квалитетна, правична и со доследно почитување на сите процесни правила. Не смее да има колективно судење, онака „на стадион“. Не постои колективна вина. Не смее да има обиди за изигрување на правдата, но и повреди на правото на одбрана. Не смее да има манипулации со фактите, но и улични и медиумски „судења“ и „пресуди“. Во спротивно, јас ви тврдам дека ќе се соочиме не само со критики на нашиот правосуден систем (кој суштински не е поинаков од оној опишан во извештајот на Прибе), туку и со мечот на европската правда, кој може да ги разочара сите што повторно очекуваат експресни и предизборно мотивирани, драконски пресуди.
Македонија не смее веќе да биде регионален Клондајк, земја во која ќе владее „законот на одмаздата“. Опиени од нашата желба за реванш, ризикуваме од својата пизма да изградиме еден непремостлив перпетуум мобиле, машина за незапирливо перпетуирање на одмаздата. Тоа навистина не води никаде. Треба еднаш да се каже – доста е, може и поинаку.
Затоа, би се осмелил да кажам дека поништувањето на процесот на арбитрерната и одмаздничка лустрација е првиот чекор што претендентите за власта можат да го исчекорат во насока на едно поинакво разбирање на правото и на правдата. Знам дека тоа не е најважната тема што ќе доведе до суштински промени во правосудниот систем (и сигурно не „автоматски“, како што обично посакуваме), но еден таков потег би можел да демонстрира консензуална волја за промени и можеби дури и изблик на еден нов, реформски дух во политиката.
Поинаку кажано, јас прво би го лустрирал (прочистил) правосудниот систем, од сите слабости и недоречености, од сите „багови“ што го прават тром, неефикасен и погоден за манипулации, би го „рестартирал“ под итно, па дури потоа, ама задолжително во период на намалено ниво на општествените конфликти и на поделеност на нацијата, би ѝ се посветил и на приказната за црнилата од минатото. Но не вака. И не сега.

Од начинот како Героски ја пласира големата лага--она што сум го болдирал со црвено--се гледа дека е мајстор за пласирање на тоталитарната комунистичка пропаганда. Главната лага е само од три-четириесет збора во текст кој содржи преку 1300 зборови. Ако лагата е нападна, односно е 90% од текстот таа ќе биде лесно воочлива. Вака, таа според просторот е небитна, ама според тежината на искажаното ќе биде запаметена од 90% од читателите. Затоа и мојата анализа на текстот ќе биде насочена само кон тој дел, бидејќи тој дел од лагите на Героски јасно укажуваат дека неговата цел е да се заштитат злосторниците.


Првата лага е значењето на лустрацијата - lustrum луструм

 
image
 

-луструм, во антички Рим, ПРОЧИСТУВАЊЕ на целиот народ со церемонии што се одржуваат на секои пет години, по пописот
период од пет години


-според Британика , лустрацијата е ПРОЧИСТУВАЊЕ

-(religion) A rite of purification, especially washing.-(религија) Ритуал на ПРОЧИСТУВАЕ, особено миење.
-(politics, law) The restoration of credibility to a government by the purging of perpetrators of crimes committed under an earlier regime.-(политика, закон) Враќање на кредибилитетот на владата со ПРОЧИСТУВАЊЕ на сторители на кривични дела извршени под претходен режим. 

Во сите толкувања на lustrum-луструм го нема толкувањето на Героски, дека луструм е ПРОСТУВАЊЕ! Зар ќе поверува некој дека Героски случајно не го нашол вистинското толкување на „луструм“? Ќе се согласите дека е тешко да се поверува при еден куп интернет пребарувачи кои за неколку секунди ви даваат точно значење на зборот, врвен новинар како Героски да не може да дојде до исправниот одговор?


Втората лага е дека лустрацијата според Резолуцијата 1096 треба само да послужи само за отстранување на соработниците на поранешните тајни служби од јавниот живот. За жал во Македонија благодарејки на Геровци, Милчиновци, Најчевки, Цаци, Урании, ... тоталитарниот комунистички ситем не е ПОРАНЕШЕН !!

Членот 7 од Резолуцијата 1096 вели:

Собранието исто така препорачува кривичните дела извршени од поединци за време на комунистичкиот тоталитарен режим да бидат гонети и казнети според стандардниот кривичен законик. Ако кривичниот законик предвидува статут на ограничувања за некои кривични дела, тоа може да се продолжи, бидејќи тоа е само процедурална, а не суштинска материја. Сепак, донесувањето и примената на ретроактивни кривични закони не е дозволено. Од друга страна, судењето и казнувањето на кое било лице за кое било дело или пропуст кое во моментот кога е сторено не претставува кривично дело според националното законодавство, но кое се сметало за кривично дело според општите начела на законите признати од цивилизираните нации, е дозволено. Покрај тоа, кога некое лице јасно постапило спротивно на човековите права, тврдењето дека постапило по наредба не исклучува ниту незаконитост, ниту индивидуална вина.

Од јавниот живот според Резолуцијата треба да се отстранат:

1.Наследството на поранешните комунистички тоталитаристички системи е длабоко …  ова е причината зошто старите структури и мислени обрасци треба да се демонтираат и надминат.
3.Опасностите од неуспешен процес на транзиција се повеќекратни. Во најдобар случај, олигархијата ќе владее наместо демократијата, корупцијата наместо владеењето на правото и организираниот криминал наместо човековите права. 
4.Оттука, демократска држава заснована врз владеење на правото мора да го демонтира наследството на поранешните комунистички тоталитаристички системи
6.Овој процес мора да вклучува трансформација на менталитетите (трансформација на срца и умови)
11.Што се однесува до постапувањето со лица кои не сториле кривични дела за кои може да се гони во согласност со став 7, но кои сепак држеле високи позиции во поранешните тоталитаристички комунистички режими и ги поддржувале, Собранието забележува дека некои држави сметаат дека е потребно да се воведат административни мерки, како што се закони за лустрација или за декомунизација. Целта на овие мерки е да се исклучат лицата од вршење владина должност доколку не им се верува дека тоа ќе го сторат во согласност со демократските принципи, бидејќи тие во минатото не покажале никаква посветеност или верба во нив и немаат интерес или мотивација да направат транзиција кон нив сега.

Ако Героски ги прочитал овие неколку точки од Резолуцијата, во нив првин ќе се пронашол себеси. Ќе се пронашол, затоа што Героски бил (и останува) дел од ударната тупаница на старите стуктури, бидејќи бил вработен како новинар во гласилото на Комунистичката партија. Во тој весник можеле да бидат вработени само луѓе кои се со проверен и докажан 100% комунистички ТОТАЛИТАРЕН менталитет. Луѓе кои ќе го бранат тој систем до последната капка сопствена крв! Но проблемот не би бил толку голем за Македонија и демократијата во Македонија ако само во гласилото на Комунистичката партија „КОМУНИСТ“ работеле луѓе кои ги избирала партијата. Проблем е што Комунистичката партија, односно чуварот на партијата и системот, „УДБа“, е онаа која ги избирала новинарите во сите медиуми!!

За Героски да ме дементира, односно да докаже дека без намера го правел сево ова што сум го напишал во четириве продолженија, доволно ќе биде тој да се извини на оние кои ги обвинувал во неговите текстови и да напише барем една статија во кои ќе ги осуди вистинските злосторници, оние кои се лустрирани и со ваква лустрација која не беше според Резолуцијата 1096. Лустрација која имаше за цел да не дозволи промена на системот. За тоа не е виновна Комисијата, туку виновен е творецот на Законот!

 

ГЕРОСКИ--БОТ ИЛИ ИДИОТ ИЛИ ПАК И ДВЕТЕ ИЛИ ПАК МОЖЕБИ НЕШТО ТРЕТО ? трет дел

Read 100 times