Колку многу властите во Македонија биле загрижени за првиот човек на „ЛАБРАДОР“  Раденко Радолчиќ,  дел од акцијата  „ОПЕРА“, изведувана во Хрватска, говори фактот дека Македонскиот државен врв изведува акција за спасување на Раденко Радојчиќ!! Која е целта на спасувањето на Радојчиќ? Спасување кое било одобрено од Глигоров, Црвенковски, Фрчковски, и Боцинов, а кое можело да ги влоши односите, со Хрватска, каде што Радочиќ со екипата ги минирал еврејските гробишта! Со Србија можело да ги влоши затоа што Радојчиќ немал никакви лични документи, немал ИДЕНТИТЕТ. Секој ке се запраша зошто Србија не му издала лични документи??  За таков потег, да прибира таков човек мора македонскиот државен врв да имал сериозна причина која останува засега неодговорена од актерите на случувањата и се рабира и од СДБ (нели во тоа време според Заев СДБ работела исклучиво за Македонски интереси). Со молкот на СДБ и СДСМ ама со сведочењето на Радојчиќ дадено некоја година по заминувањето од Македонија пред истражните органи на Хрватска, добиваме еден битен одговор, а тоа е дека Глигоров, Фрчковски, Боцинов, Малевски, и „експертската влада“ биле дел од тимот кој требло да го попречи ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО на Македонија.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Се одело дотаму што тогашниот политички врв го советувал Радојчиќ да остане во Македонија, да отпочне бизнис, бизнис во кој  КЕ МУ ПОМОГНЕ ВЛАСТА НА МАКЕДОНИЈА, власта на СДСМ!!.


 
 
 
Се ближеа изборите 1994 година, формирањето на разните ВМРО-а од страна на СЛУЖБАТА не го дадоа очекуваниот резултат па СЛУЖБАТА за спречување на победата на ВМРО ДПМНЕ на изборите 1994 година сите сили ги насочи кон помагање на партијата на Гошев, човекот со „чисти раце“ а влакана совест!! Гошев не сакаше под никакви услови да прифати коалиција со ВМРО ДПМНЕ иако му беше нудено и премиерското место од страна на ВМРО ДПМНЕ!
ВМРО ДПМНЕ, после првиот изборен круг и тешкиот фалсификат со кој Глигоров „победи“ во првиот круг, за да не биде декор и на тој начин даде легитимитет на одлуките кои ке ги носи собранието и владата на СДСМ, одлучи да ги бојкотира изборите во вториот круг а со тоа да остане надвор од парламентот.
 
Неучеството на ВМРО ДПМНЕ во работата на Собранието допринесе граѓаните на Македонија да го видат вистиското лице на СДСМ. Анкетите покажуваа дека СДСМ ке доживее сигурен пораз на изборите кои следат. Белград затоа влече сериозни потези за да губењето на власта на СДСМ не донесе никакви промени во однос на српското влијание во Македонија. Србија решава во април 1996 година да ја „признае“ Македонија и да воспостави „дипломатски“ односи!! 
 
Kada je Beograd pocetkom 1996. zatrazio agreman za prvog ambasadora Zorana Janackovica u politickim krugovima u Skoplju nisu bili nacisto, da li Milosevic misli ozbiljno ili se sprda s najmladjom drzavom u Evropi. Jer, o Janackovicu su stizali najrazlicitiji glasovi. Prema jednima, do raspada bivse Jugoslavije, u policiji Srbije je imao visoku bezbjednosnu duznost i direktan zadatak da „motri“ na Makedoniju. U vrijeme povlacenja JNA iz Makedonije bio je organizator teroristicko-diverzantske cete poznate pod komicnim nazivom „Spasojevi magarci“ ciji je zadatak bio (za ne daj Boze) organizovati akcije koje bi Makedoniju gurnule u ratni pozar. Prema drugima, radi se o jednom od najboljih Milosevicevih obavjestajaca „u fraku“ o cemu govore cinjenice. U vrijeme raspada bivse Jugoslavije bio je kao rukovodilac Sluzbe za informacije i dokumentaciju (SID) tadasnjeg Saveznog sekretarijata za inostrane poslove jedan od glavnih „cistaca terena“ u tadasnjoj Yu-diplomatiji. Zatim je bio jedan od kljucnih ljudi Drzavne bezbjednosti Srbije. S takvom diplomatskom preporukom je Milosevic zatrazio agremane i, za divno cudo, dobio ih! Bivsi predsjednik Kiro Gligorov upoznavsi se s Janackovicevom biografijom bio je spreman povuci agremane ali se iz neobjasnjivih razloga od toga odustalo.
                                                          
Доаѓањето на местото „амбасадор“ на човекот кој со години бил клучен човек на ДБ на Србија веднаш се почувствува во Македонија, поточно почнаа интензивните случувања преку кои се рекомпонираше врвот на ВМРО ДПМНЕ!!
 
Првин се случија „студенстко-средношколските“ протести!!
 
Македонските студенти отпочнале иницијатива за поништување на Претстедателските избори во студентското здружение ССУКМ--забележете дека иницијативата не прави никакво споменување на настава на албански јазик! Во меѓувреме иницијативата на ССУКМ станува киднапирана од страна на Филип Петровски и УМС на ВМРО-ДПМНЕ, и прераснува во сега познатите „Студентско-средношколски протести ’97“.
Причината за „падобранскиот скок“ на пуленот на Генерал Васиљевиќ, Филип Петровски, во студентското движење е да го исполни планот на ОПЕРА—меѓуетнички судири во Македонија; а ја објаснува Оливер Олсен во цитатот кој следи:
Главните настани за Македонија се случуваат за време одморот меѓу двата семестри. Период во кој можеше добро да се организираат протестите. Организацијата на протестите ја презема ВМРО-ДПМНЕ преку Унијата на млади сили. Ректоратот сфаќа дека протестите добиваат политички предзнак и се повлекува од протестите, но, скоро цело време додека траат истите им дава морална поддршка на протестантите. И ССУКМ се повлекува од протестите, но под притисокот од власта.
Како официјален организатор останува Студентската организација на Педагошката академија, а неофицијален организатор всушност е УМС. Сепак, вистински организатори на протестите се српски разузнавачи кои активно, преку свои луѓе, или поточно преку „комановското лоби“ во ВМРО-ДПМНЕ, ги раководат протестите.
Несокриена е врската меѓу службите во Србија и „кумановското лоби“ во ВМРО-ДПМНЕ (Даравелски, Томе Стојановски-Далавера, Филип Петровски). Интересено е што „Кумановското лоби“ паѓа и го губи приматот во исто време кога паѓа Милошевиќ.
Во 1997-мата, во ВМРО-ДПМНЕ, а посебно во УМС, немаше способен човек кој можеше да организира толку добро организирани протести. Самите протести беа организирани во три фази: прво беа само студенски протести, па откако се истрошија студентите беа активирани средношколците, па потоа имаше штрајк со глад.

На Филип Петровски СЛУЖБАТА за време на протестите му отвора досие, но досието на Филип не било отворено за да биде навистина следен, бидејки ако било така, ДБК ке морала против Филип да поднесе Кривична пријава, бидејки во досието на Филип стои дека ИНДИЦИИТЕ заради кои е отворено досието се ДОКАЖАНИ. Според мене досието на Филип имало за цел да го прикаже Филипа како борец за Македонската кауза и жртва на СДСМ, затоа и досието на Филип беше објавено во весниот Македонија Денес, веднаш по освојување на власта на ВМРО ДПМНЕ 1998 година.  Со такво „педигре“, прогонуван од УДБа да му се оправда на Филипа влезот во врвот на ВМРО ДПМНЕ.

Денеска врвот, довчерашните министри, сегашните амбасадори, конзули, директори кои ги именува ДПМНЕ се грото „кадри“ изникнати од тие студенските протести. 

 
Втората направија откако Јаначковиќ амбасадорува во Македонија е РАСКОЛОТ од септември 1997 година, судирот помеѓу МАКЕДОНИСТИ И БУГАРОФИЛИ во врвот на ВМРО ДПМНЕ. Повод за судирот е наводното БУГАРОФИЛСТВО на Доста Димовска, БУГАРОФИЛСТВО со кое е загрозена и самата партија од БУГАРИЗАЦИЈА. Иницијалната каписла за судирот е текстот „ЧАКАМ ТЕ ДА ДОЈДЕШ“  напишан од член на КСИО а објавен во гласилото на УМС „ЗАВЕТ“. 
 

Chakam_te_da_dojdesh_1

 
Епилог на „РАСКОЛОТ“, Доста Димовска останува негибната а многумина од потписниците на петицијата против неa,  Доста ги наградува со високи позиции кога во 1998 година, партијата доаѓа на власт. Покрај КСИО еден од носителите на ОПЕРАЦИЈАТА РАСКОЛ е Филип Петровски.
 

Моја ијава  во Фокус 06.08.1999 година

 
Третата направија откако Јаначковиќ амбасадорува во Македонија е „купувањето“ на Љупчо Георгиевски. Еден од оние кои според некои мои сознанија учествувале во „купувањето“ на Љупчо е и Драган Далаверски бидеји само така може логично да се објасни зошто Љупчо не изразува грам сомнеж кон Драган Даалверски  за кого знае дека иако 1994 година затаил околу 200 илјади марки, пари на Народна Банка на Македонија против него нема никаква судска пресуда:
 
 

 

Според некои шпекулации парите со кои е купен Љупчо потекнуват од државниот швер на цигари, за таа цел неколку луѓе „вмровци од прв заврз“ службата ги вклучува во шверцот на цигари и други стоки. Шверц кој е исклучиво под контролата на службата!

Јордан Петровски 03.07.2017

За полесно да се разбере текстот во уводот ке ги наведам задачите на СБД/УБК според Уставот на РМ:

ОБВРСКИ на: Службата за Државна Безбедност / Управата за Безбедност и Контраразузнавање

1.Заштита на БЕЗБЕДНОСТА на Р. Македонија.

2.Откривање и спречување дејствија усмерени на подривање или рушење на со Устав утврдениот поредок на Р. Македонија, поточно  заштита од шпионажа, тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уствот на Р. Македонја со насилни средства, како и заштита од потешки форми на организиран криминал.
 

Тоа што пишувало и пишува во Уставот било и е само мртво слово на хартијата. Од цитатов јасно се гледа која е улогата на Тајната Полиција, цитатов ни го објаснува и србизирањето и комунизирањето на ВМРО ДПМНЕ кое започнало уште со основањето на ДПМНЕ

 

POLITCKA_POLICIJA_A_1111

Планот на Воениот врв на ЈНА за зачувување на Југославија и КОМУНИСТИЧКИОТ Систем:

Адмиралот Бранко Мамула, во својата книга "Случај Југославија" во детали го објасни идејниот, програмскиот и спроведувачкиот пристап на ЈНА, како политички фактор во југословенската државна заедница. Планот бил да се задржи "статустот кво" додека да се смири антикомунистичкото движење во Европа.
Како неопходна мерка за остварување на оваа цел е створена широка мрежа на агенти на КОС низ просторите на бивша Југославија. Воспоставувањето на широка мрежа на свои соработници КОС ја започнува во 1989. година а ја продолжува интензивно низ 1990. и 1991. година. Соработниците на КОС имаат за задача да спроведат подготовки за ДРЖАВЕН УДАР кој би го спровела ЈНА. Главниот елемент кој би послужил како повод за државен удар на ЈНА е национализмот, поточно националшовинистичките „делувања“ на новоснованите национални партии.  Заложбата за „припојување“ на Македонија кон Бугарија-БУГАРСКИТЕ ЛЕТОЦИ, прогласување на Албанска автономија –ИЛИРИДА, прогласување на Српска Автономна Област –САО КУМАНОВО. Тука спаѓа и „ОПЕРА“, оделение за пропагандна војна!! 

Моќта на „ОПЕРА“ ја гледаме на дело, НЕУСТАВНОТО прислушкување на СДБ/УБК кога е на власт СДСМ е легитимно, дури и соработниците, поточно злосторниците кои работеа и работат под покровителство на УКБ против интересите на Македонија како држава , деновиве кренаа глас дека тие биле жртви на „процерсот на лустрација“. Процес кој беше смислен да им ги измие окрвавените раце.

„Изненаѓеноста и Увреѓеноста“ на Милчиново-заевистичката ОПЕРСКА дружина околу замешаноста на СРБИЈА во случувањта во Собранието уште еднаш покажа дека Титовите србокомунисти од СДСМ, Македонците ги сметаат за глупи и тупи и им го потценуваат интелектот!! Милчиново-заевистичката ОПЕРСКА дружина се обидува да не убеди дека од 2006 навака Србија, поточно  СРПСКИТЕ Тајни Служби во Македонија се сметаат како дома а тоа им го овозможила власта на Груевски, а нудат и „сериозен“ доказ за тоа трвдејки дека ете Србија ги формирала  „патриотските“ здруженија, српски разузнавач се сликал за време на случувањата од 27.04.,  „патриотските“ здриженија да ти биле со поголема тежина и важност од: Председатели, Премиери на влади, Министри, Пратеници, Советници, Амбасадори „избрани“ во овие 27 години во Македонија а по налог на Белград!!

Приказната која се обидува да ја протне Милчиново-заевистичката ОПЕРСКА дружина, дека со откривање на Живаљeвиќ се растураат СРПСКИТЕ инсталации во Македонија кои ете за среќа на Македонија кратко траеа, формирани се 2006 ама еве 2017 откриени се,  е толку тенка што верувам дека и самите составувачи на приказнава знаат дека освен оние кои се надеваат на некоја коска од СДСМ како власт, друг нема да поверува. Српската окупација на Вардарскиот дел на Македонија започнала 1912 година и со мал прекин 1914-1918 и 1941-1944/5  трае до ден денешен! Во текстот ке се задржам само на периодот на  „осамостојувањето“ и  „самостојноста“  на Македонија!!  

Да почнам според хронологијата на настаните, не за друго туку да го потсетам Заев каде се корените на СРПСКОТО ВЛИЈАНИЕ во „самостојна“ Македонија и да му укажам дека без ИСТРАГА  и СУДСКА постапка за работата на СДБ/УБК за период 1990 па до отпочнувањето на судскиот процес, СРПСКОТО влијание нема да биде отстрането од Македонија!!

Голубовски после првите повеке партиски избори и победата на ВМРО ДПМНЕ добива задача од СЛУЖБАТА да  „преговора“  со членови на комунистичката „влада“ односно Извршен Совет на чело со Глигорие Гоговски тој Извршен Совет со мали дополни да биде предложен од  ВМРО ДПМНЕ како влада на ВМРО ДПМНЕ. По неуспехот на мисијата на Голубовски, случувањата на езерото Младост, следи нов жесток атак од СЛУЖБИТЕ за растурање на ВМРО ДПМНЕ,   бидејки СЛУЖБИТЕ сватија дека со дозволата да се активира ВМРО ја изгубиле контролата врз паријата ВМРО ДПМНЕ . Атакот на СЛУЖБАТА беше дел од сценариото на ОПЕРА  БУГАРШТИНАТА во ВМРО ДПМНЕ и беше навестен со расфрлање на Бугарските летоци во предизборито . Драган Богдановски, Голубовски, Странката на Југословените, Лигата за Демократија, особено Тортевски ...  се главните кои ке го детектират Бугарофилството на ВМРО ДПМНЕ , а Доста Димовска со својата екипа ке им дава материјали со кои нападите на Богдановски, Голубовски, СЈ, ЛД, .... ке добиваат потврда за вистинитост!!  Сите кои укажуваа на Бугарофилството во ВМРО ДПМНЕ добиваа голема медиумска подршка а со цел да се растури ВМРО ДПМНЕ. Почнаа да се формираат разни вмроа, па така и Голубовски  ја формира  ВМРО ДП! И тој обид на СЛУЖБАТА пропаѓа! Но за жал нанесува огромна штета на ВМРО ДПМНЕ!!

По се веднаш по неуспехот на Голубовски се случува спонтана  "собиранката" на „ загрижен и патриотски народ“ во вилата на Михајло Апостолски: 

„Се собравме во вилата на Михајло Апостолски, кој беше оженет за сестрата на Киро Глигоров, Цвета. Таму бевме јас (Кљусев), Ѓорѓи Наумов, Јордан Мијалков и Борис Змејковски. Ние одлучивме дека, преку Пане Велев, треба да го вратиме Киро во Македонија, зашто тој има доволно искуство да ја води државата’.“

На секој разумен ке му се наметне прашањето по која основа се состанале, што ги поврзувало. КОЈ ГИ ПОВРЗАЛ: Кљусев, Наумов, Мијалков од една страна и Борис Змејковски и Пане Велев од друга страна за заедничка акција да го „донесат“ Киро Глигоров  во Македонија и да го устоличат за Председател!

Уште едно битно прашање, кој кого избрал, дали експертската влада го избрала Председателот на државата за да и даде мандат  :) или пак Председателот на државата експертската влада. Но едно е сигурно дека зад играта стои Белград:

СЕГА: Врз основа на што тврдите дека однесувањето на Глигоров во тие години беше раководено од Белград? Имате ли некакви докази за тоа?

Андов: Дека Глигоров сам не решил да не го даде мандатот на било кој предлог за премиер што ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ, туку дека тој став дошол од Белград, на македонската јавност и беше соопштено од еден наш врвен разузнавач, уште пред неколку години, во телевизиската емисија на новинарот Васко Ефтов “Во центарот”. Таа изјава Глигоров не ја демантираше. А како што знае јавноста, тој со деманти реагира многу често и на поблаги изјави.

Врвниот разузнавач врз чија изјава се базира сведочењето на Андов е сведочење на човек кој бил:

„ шеф на Службата за државна безбедност на Македонија, на која должност бев од март 1991 до јануари 1997 година. Претходно, целиот работен век го минав во областа на безбедноста.“

Еве уште едно сведочење од понов датум, 2011 година а дадено од човек кој бил во самиот врв на СЛУЖБИТЕ:

Водителот: ајде, ова е момент на вистината:

-„Дали е можно некој да дојде на власт во овие бившите ЈУ-републики, да стане некој претседател или премиер, а да не бил агент на УДБА? Дали има некој што е сега на власт во овие нови држави што никнаа на урнатините на СФРЈ, а да не бил Ваш агент?“

Божидар Спасиќ
- „Не мора да бил наш агент, ама мораше ние да се согласиме!' Тоа е важно!!"

  Со операцијата Дувло во 1992 година за времето на владеењето на СДСМ, неовластено беа прислушувани и следени функционери на ВМРО-ДПМНЕ!!

„Сина птица“ тогашната Служба за државна безбедност користи и прислушување и инфилтрирање, за да „намести” припадници на ВМРО-ДПМНЕ во внатрешноста да формират паравоена формација.

     

Да ја спроведат местенката во дело задача имале полковникот на КОС Драган Стојковски Млекце и Добри Величковски Началник на II Управа при СДБ! Дека се работи за местенка можам да тврдам со 100% сигурност заради фактот што обидот за „формирање“ на ПАРАВОЈСКА првин беше направен во Куманово, а меѓу другите цел на местенката бев и јас. Службата испрати свој човек во Куманово, „минер“ од Пробиштип кој беше подготвен да не обучи во поставување на динамит и се разбира да не снабди со динамит, динамит кој требаше да биде поставен во објекти на ЈНА. Благодарејки на Ѓоре Бојаџиев, провокаторот беше откриен. бидејки Ѓоре своето откритие го соопшти јавно некој од соработниците на СДБ, кои ги имало во поголем број во наше опкружување веднаш ги известил неговите претпоставени во СДБ дека нивниот човек е откриен. Трајче така се викаше провокаторот во ист момент го снема, после неколку месеци дознавме дека истиот ден СДБ го префрлила во Белгија!!

Битно за осознавање на вистината за тоа дека СДБ како и власта во Македонија е водена од Белград лежи во причината зошто е употребено сценариото на КОС- ОПЕРА, „ПАРАВОЈСКА“, скоро две години, подоцна од кога требело да биде реализирано и да послужи како причина ЈНА да спроведе државен удар и да ги испоапси „нациналистичките политички водства“ во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија-ја нема Србија!! . Во Хрватска сценариото ПАРАВОЈСКА е реализиранао во октомври 1990 година, случајот Шпегељ!

Првата и најважната причината зошто не е употребено сценариото на КОС- ОПЕРА, „ПАРАВОЈСКА“ е тоа што власта во Македонија била под 100% котрола на КОС-ОПЕРА, односно избрана од Белград!! 

Причина зошто е спроведена операцијата „ПАРАВОЈСКА“ две години подоцна ја кажал самиот Добри Величковски, на состанокот кога е подготвувана акцијата:


 "Вам  Ви е познато дека пред два дена е покрената иницијатива за нови избори. Тоа значи промена на структурата на власта...Сосема јасно. Непосредно пред изборите ќе ги осудиме оние од Велес, ќе направиме еден краток документарен филм од состанокот во "Сина птица", ќе го емитуваме на телевизијата и ќе ја искомпромитираме ВМРО - ДПМНЕ како терористичка. Ако треба и ќе ја забраниме.

Смената на „експертската влада“ мораше да се изврши бидејки „експертската влаада“ беше исклучиво ОПЕРСКА влада, влада за зачувување на Југославија а новите ветришта од Белград бараа влада која ке биде јасно про Милошевиќевска, влада која ке прати порака  дека Македонија ги следи новите ветришта од Белград!! Според член 10 од Уставниот закон единствен ЛЕГАЛЕН И ЛЕГИТИМЕН начин за смена на „експертската влада“ беа нови избори!! Затоа  во април 1992 година во Македонија се реализира ОПЕРСКАТА акција „ПАРАВОЈСКА“ ! Но „Сина Птица“ не ги даде очекуваните резултати, компромитација и забрана на ВМРО ДПМНЕ!! На Глигоров и службата за да ја исполнат НАРЕДБАТА од Белград не и останува ништо друго туку да го прекршат Уставниот закон и Уставот повторно!!

Откако е наметната новата Белградска влада, предводена од Црвенковски, влада која ке биде составена од мешан состав, ред УДБа, Ранковиќевски просрпска и ред КОС, ред КОС ама не од оној тврдо пројугословенскиот бидејки таков КОС во Македонија никогаш и немало!! Дека немало најдобро зборува тоа што во Македонија биле на служба во ЈНА сите големосрби Младиќ, Паниќ, Шљивичанин, ..... значи КОС просрпски,  КОС само со по некој Југословен и тоа заради тоа што е мешан брак во прашање. Таквата влада се прави бидејки Белград нема време да води битка против ВМРО, битка против единствените борци за Самостојна, Суверена и Демократска Македонија. Нема време во тој момент да ја исправи грешката што дозволи да се формира партија која во името ке го носи ВМРО. Таквата влада, владата на Црвенковски, ведаш прави дополнувања на Правилникот за работа на СДБ. Дополнување со кое ке го озакони прогонот на Македонци, членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ, луѓе кои се за фактичко одвојување на Македонија од Белград и во работата на СДБ воведува прогон по линија за работа МАКЕДОНСКИ ВРХОВИЗАМ*. Линија за работа на СДБ  „МАКЕДОНСКИ ВРХОВИЗАМ“ е најсилниот доказ за тоа дека СДБ работела против Македонски интереси, бидејки со таа линија на работа биле прогонувани сите оние кои решение на Македонското прашање го гледале во формирање на Самостојна и суверена Македонска Држава.

 

 

Пишува: Атанас Величков 23.06.2017

Момците и девојките од Хелзиншкиот комитет начело со прекрасната Уранија Пировска, можат комотно да ми опнат една тужба за ширење на говор на омраза, ако случајно овој „фашистички“, „контроверзен“ и антипедофилски текст стигне до нивните очи.

Вчера сосема случајно налетав на колумна чиј автор барем за мене стана познат со една интересна фотосесија насочена против загадувањето на градот Битола. Јас како еден темен балкански субјект не дека ептен се разбирам од перформанси, ама начинот на кој беше изведен протестот ми се допадна. После тоа, истиот тој автор го видов во едно видео на иницијативата „Прав(д)а за сите“. И замислете неговото излагање околу проблематиката со која се бави како „активист за човекови права“ ми беше симпатично. Сепак имам разбирање кон „активистите“ тие секогаш ги забораваат обврските, бидејќи секој човек (па макар бил тој циган, припадник на сексуално малцинство или пак хардкор феминистка ) освен права има и обврски.

И така… Брзам да се согласам за едно нешто со авторот во однос на казните за педофилите: „ Воедно, бидејќи тие се полнолетни и возрасни лица, „казните“ кои за нив ги избираат се повеќе од ужасни.“
Казните се ужасни навистина… Јас лично не знам за педофил кој лежел повеќе од 2 години затвор за делото што го сторил. Вчера уз муабет со една моја драга колешка од студентските денови (со различни сфаќања од моите) спомнав дека за прашањата отворени во колумната на авторот „ја не би дебатирал туку би кастрирал“.

Јас отворено повикувам на кастрација за педофилите. Можете слободно да ме тужите за тоа. Дури инсистирам да станам објект на тужба. Така, јас демократот од конзервативен тип ќе се исправам против изобличената претстава за демократијата на дел од „либералите“, па белки малку се освестат.
Знаете ли што ме „уби“ додека го читав текстот за сексуалноста над рационалноста. Ме погоди моментот дека некој ги сфаќа педофилите како „сексуално маргинализирана заедница“. Педофилијата не е нормална појава. Ако хелените пред неколку илјади години си имале неполнолетни момчиња за забава, тоа не значи дека денес чичковците (бидејќи педофилијата е најчеста појава кај мажите) кои пипкаат дечиња и сакаат полово да општат со нив треба да бидат сфаќани како обесправени суштества.

Обесправени се родителите, кои за жал немаат право да го раскостат, чичкото  што го обљубил или силувал нивното дете. Тие се обесправените во случајот, бидејќи, ако таткото реши да му ја скине главата на педофилот, ќе лежи „ко за човек“, а во меѓувреме претставници на организации за човекови права со ментален склоп сличен на менталниот склоп на авторот на текстот (што стана повод за мојот скромен напис) ќе го преплават нетов со муабети од типот дека „монструми што сечат глави на улица не смеат да се мешат во сексуалните „желби“ на нивните деца и мераците на љубителите на деца“.

Ако денес не го кренеме нашиот глас против перфидното протуркување на тезата дека педофилите се сексуално маргинализирано општество, утре ќе се соочиме со огромен проблем. Утре криворазберената демократија и извитоперениот либерализам на одредени „активисти“, кои никогаш во живот не сработиле нешто реално, туку цело време чекаат некој да им пушти некој денар за одреден проект „што демек помогнал во нешто на некого“ , ќе ни се врати како бумеранг.

Јас ќе останам на браникот на нормалноста. Јас не сум модерен. Јас сум неостварен к*рвар. Грд сум и дебел и затоа никако не ми успева да ја изневерам жена ми. Јас ќе горам во пеколот, но ќе останам нормален. Јас нема да напишам и збор против хомосексуалците. Нема да напишам и еден збор против идеите легализацијата на проституцијата и марихуаната. Тоа се работи со кои јас, лошиот десничар, фашистот, конзервативецот, ограничениот, можам да живеам. Јас не можам и нема да живеам со педофили кои ги уживаат правата на сексуално маргинализирани суштества. Јас повикувам на кастрација за тие црви и не сум сам, позади мене стојат илјадници леви, десни, геј, хетеро, асексуални, цигани, Албанци, Турци, Македонци и други нормални луѓе. Тие луѓе се исто така маргинализирани, бидејќи нивната желба за сузбивање на педофилијата останува нечуена со децении.

PS: Порталот што ја објави колумната на господинот „активист“, им направи таква услуга на сите far-right блогови во Македонија што ми доаѓа да се изгазам од смеење. Драги левичари учесници во проектот Антропол, ве молам продолжете вака… Еден ден вашиот неартикулиран либерализам ќе ви грмне во раце… а може и да ве обљуби во самоодбрана.

 Колумната е превземена од: ПОГЛЕД.МК

Владимир Костовски 12.08.2011

Македонија во 2001 година беше жртва на едно големо предавство. Една од бандите, левата, во обид да дојде предвреме на власт, учествуваше во организација и поддршка на фингирана војна во Македонија, изведена од радикални албански структури на Косово, подоцна и од Македонија, а кои беа, колку тоа парадоксално да звучи, спроведувачи на српски државни интереси и на интересите на другите наши „мили“ соседи. Секако, тука се вкрстија и интересите на некои од големите сили, но никако пресудно. Големото предавство од 2001 придонесе за поинаква Македонија, а наместо да се извлечат поуките и грешките да не се продлабочат, се случува токму спротивното



Оружените судири или т.н. војна во Македонија од 2001 и ден денешен, десет години подоцна, се уште е тема за која нема единствено видување во научната и публицистичката јавност, уште помалку меѓу онаа голема група луѓе што незаслужено се нарекуваат политичари, а кои де факто, се членови на организации што делуваат на бандитски принцип, а се нарекуваат политички партии. Иако, тие најдобро знаат што точно се случи тогаш!
Десет години подоцна се уште нема одговор на прашањата дали во Македонија имаше војна или имаше внатрешен конфликт, дали имаше агресија или имаше бунт и кои беа целите на едната завојувана страна или да бидеме попрецизни, на едната страна во конфликтот.
Нашето скромно мислење е дека Македонија во 2001 година се соочи со добро организирана и однапред планирана агресија од радикални албански структури уфрелни од Косово. Целите беа повеќe, во зависност од партиципентите во планот и неговот спроведување: поттикннување поширок бунт на албанското население, прогласат големи територии од Македонија под контрола на Алабнците, предизвикување пад на актуелната постоечка влада и доаѓање на левата банда под команда на Црвенковски на власт на нелегитимен и нелегален начин, предвреме и надвор од изборен циклус, извршување влијание за смена на Уставот на Македонија, обезбедување на мафијашките интереси на ослободената територија, остварување на српските интереси на тој начин што Албанците ќе се окарактезиираат како нестабилно малцинство во регионот воопшто, а воедно да се покаже дека КФОР не може да го одржува мирот и стабилноста и дека е потребна ревизија на Kумановскиот договор и враќање на српската власт на Косово...
Се разбира имаше тука и споредни интереси - пред се на Албанија и на Грција, но и на Бугарија, кои, секоја од своја страна, видоа свои интереси во врска со Косово и Македонија, па во подготовките и во изведувањето на операцијата ровареа на свој начин на македонско тло, очекувајќи поразената Македонија да ја месат како тесто и да си ги извлечат сопствените награди.
Првата и основната причина зошто го велиме ова, е фактот дека вистинска причина за војната не постоеше!
Ако денес се тврди дека тоа биле остварувања на колективните права на Албанците во Македонија, тогаш треба да се потсети дека во периодот од 1998, кога на власт дојде ВМРО ДПМНЕ, па до 2001, заедно со нивниот коалиционен партнер ДПА веќе во многу, и законски и практично, ги имаа покренато на повисоко ниво правата на Албанците во Македонија. Во сите погледи, во однос на периодот 1991-1998 г. Сите други причини наведени погоре, беа во игра, а фактите зборуваат и покажуваат дека тоа е така.

Сосотојбите од победата на ВМРО ДПМНЕ во 1998


Прво да потсетиме на периодот од 1998-2001г. На власт е десната банда предводена од Љ. Георгиевски со своите најважни коалициски партнери ДА на В. Тупурковски и ДПА на Арбен Џафери и Мендух Тачи. Владата, иако со бројни корупциски афери - пред се тука се истакнуваа кадрите на ДА, но овие од ВМРО ДПМНЕ воопшто не заостануваа - водеше таква економска политика што придонесе за континуиран пораст на економијата. Во право се оние кои велат дека за тоа придонело и бројното присуство на НАТО во Македонија поради војната притив СРЈ во 1999, но како и да е, ефектот беше поволен. Самите бизнисмени од тоа време знаеа често да изјавуваат дека „Љубчо краде, ама бизнисот се врти, па има за сите“. Ова важи за поголемиот дел од средниот и ситниот бизнис во Македонија. Крупниот, исто така си ја туркаше работата, со тоа што еден по еден, олигарсите се вртеа од левата банда, го напуштаа Црвенковски и преоѓаа, барем формално, кон десната на Георгиевски.
Оној дел од организираниот криминал што најмногу им носеше профит на македонските ограноци на светските мафии и на нивните водства, функционираше и натаму беспрекорно, но, сега со прераспределба по партиска-бандитска-географска основа, принцип што важи и ден денешен.
Се што се однесуваше западно од Групчин во однос на криминални активности, особено во однос на нелегалната трговија со луѓе и проституција, беше препуштено на партнерите од власта, на луѓе блиски или во ДПА. За ова имаме бројни сведоштва од тогашни лица во безбедносните структури и во политиката. Цигарите, дрогата и оружјето, исто така, врвеа без проблем, со тоа што, ќе повториме, географски беа поделени. Истото важи и со другите акцизни стоки, како алкохолот на пример.
Оваа паралелна структура на власт, мафијашката, беше воспоставена многу бргу по освојувањето на власта од страна на ВМРО ДПМНЕ и ДА во 1998 година. Уште по само неколку месеци се виде дека немаат намера да исполнат ниту едно свое ветување од аспект на борбата против криминалот и корупцијата и дека со мафијата имаат склучено пакт, кој се базира на лична и партиска материјална полза. Единствена разлика од пред 1998, беше тоа што сега од тој пакт се исфрлени мафијашите од ПДП, другата албанска партија, која својот политички пат го заврши со 2001 година, како и оние од левата банда олицетворена во СДСМ и предводена од Црвенковски. Впрочем, за ваквата неповолна состојба за левата банда сведочеа и некои тогашни предизборни или друг тип соочувања меѓу Георгиевски и Црвенковски, кога Георгивески, смеејќи му се в лице на Црвенковски, му кажа дека не прават ништо друго освен што го применуваат рецептот на СДСМ - и во однос на олигарсите (кои Бранко тогаш ги нарече „сончогледи“), и во однос на другиот „бизнис“, пред се со цигарите.
Да се обидеме да сумираме. Од 1998-2001 година, во Македонија имаме:
- континуиран економски раст
-стабилни меѓуетнички односи (што се должи и на згрижувањето на околу 300.000 Албанци од Косово во 1999)
-перспектива за натамошно приближување кон ЕУ и НАТО
-омекнување на односите со Албанија и Бугарија
-неформална оценка на меѓународната заедница дека со Македонија владее десна влада, посветена на слобода на пазарот, која постигнува економски резултати
А, сега да видиме кои се најголемите загубари од ваката фактичка состојба:
- СДСМ и нивните сателитски банди
- Србија и другите „мили“ соседи на Македонија и радикалните и безбедносните структури кај нив, кои секогаш ја претпочитале и ја хушкале состојбата на цврста рака кон Македонија
- кормупирани политичири од западните демократии (од типот на Х.Солана) и некои нивни безбедносни структури, кои со стабилизарањето на Македонија и нормализирањето на меѓуетничките односи видоа опасност за натамошно дисциплинирање на Србија и „одработување“ на добиените валкани пари од албанската мафија
- старото разузнавачко милје во Македонија, кое цело време мисли на српските интереси и кое на некој начин се најде загрозено од Георгиевски, особено по бркањето на ДА од владата

Подготовки за „омекнување“ на Македонија



Без никакво сомнение, Македонија влезе во фингирната војна во 2001 целосно неподготвена, со некоординиран и ослабен систем за безбедност, со неподготвени оружени сили, пред се АРМ и со многу конфузија, создадена од неспособност, но и намерно ширена.
Во повеќето публикации кои се однесуваат на настаните од 2001 ќе сретнете податоци за случувањата непосредно пред настаните во Танушевци, но ние би се осврнале порано, со теза дека „омекнувањето“ на Македонија, т.е на нејзините капацитети за одбрана и справување со кризни ситуации започна уште во 1999 година.
Првиот чекор со кој се стори тоа, е планот на ДА, т.е. на „големиот македонски син“ Васил Тупурковски, владата да го признае Тајван и на тој начин да издејствува прекин на односите со Кина, постојана членка на СБ на ООН, а со тоа и отстранување на УНПРФОР, набљудувачката мисија на ООН од нашата северна граница кон Косово. Тука никако не смеат да се заборават и лицата како што се Павле Трајанов и Бојан Бојановски. Едниот министер за внатрешни работи кој е сменет пред крајот на првата година од владеењето на владата на Георгиевски, а вториот, директор на СДБ, на тајната полиција, со што таа, слободно може да се каже, остана под целосно влијание на српските разузнавачки структури.
Тука нека не ве буни тоа што П.Т. е сменет. Тоа не значи дека човеков не работел за неговите некогашни формални наредбодавачи. Тоа само значи дека премногу добро работел, а со своите радикални, лично-човечки сфаќања за потребата од „цврстата рака“ кон Албанците, сепак се нашол, парадоксално, како пречка за изведување на планот за „омекнување“ на Македонија. Се разбира, тука немаме простор посебно да објаснуваме за улогата на ДА, која со своите 13 пратеници во тогашниот состав на Собранието и со претседателското место(Саво Климовски) имаше специјална улога на разузнавачките структури за следење, управување и ставање на целосна контрола на ВМРО ДПМНЕ. (Само еден мал пример кој говори за тоа, покрај Бојан Бојановски, е и „љубовната врска“ на министерот за економија од ДА, Жанко Чадо, со српската сива еминенција и човек на сите режими од Милошевиќ па до сега, Милан Беко и нивните апашки операции низ македонското стопанство).
На крајот на 1999 година, со термините за претседателските избори, започнаа поделбите во ВМРО ДПМНЕ, а до крајот на 2000, доаѓа до првиот обид за соборување на Владата на Георгиевски, преку создавање на новото парламентарно мнозинство, во кое требаше да учествуваат ДА со своите 13 пратеници, СДСМ, ПДП, ЛП и други, пред се пратеници од ВМРО ДПМНЕ, кои требаше да ги преземе Боривоје Стојменов, но тоа со помош на лојалните тајни полицајци на Георгиевски беше откриено и обидот беше осуетен. Во оваа операција учествува и Змејковски, Богоевски, Павле Трајанов и други знајни и незнајни, а се уште треба да се расветлува улогата на покојната Димовска.
Како и да е, операцијата на соборување на владата не успеа, ДА е исфрлена од власта, а за нецела година остана без ниту еден пратеник. Македонија доби нова влада и нов претседател на Собранието - Стојан Андов!
Подготовките за „омекнување“ на Македонија продолжија со несмален интензитет и со уште пожестоко спроведување. Непријателите полека се регрупираат. Собранието е во „сигурни“ раце - Стојан Андов. Полицијата е исто така, од порано е во сигурни раце, Доста Димовска. И клучниот дел од полицијата исто така доаѓа во сигурни раце - Горан Митевски, соработник на Силјан Аврамовски и препорачан, според Јанко Бачев, од Мане Јаковлевски, една проминентна „вмровска“ фигура, која преку својот брат Гојко и преку Драган Богдановски, знаеше многу пикантни детали за формирањето на ВМРО ДПМНЕод оние „историски“ состаноци во Германија, во Берлин и Минхен. Директор на Јавна безбедност, т.е на униформираната полиција е покојниот Пане Велев, познат штипски „вмровец“ од времињата на владата на Кљусев и тогашниот министер на МВР Јордан Мијалков, кој воедно е еден од луѓето кои решавале дали од Белград да се донесе Киро Глигоров за прв претседател на Македонија, откако не успеа планот со устоличување на таа функција на Архиепископот, г.г. Михаил. За директор на Агенцијата за разузнавање во таа 2000 година е назначен Драги Гроздановски, многу близок до Димовска, кој ќе остане до крајот на конфликтот во 2001, а ќе биде заменет токму од Димовска во 2002 година. И на крај, во последната безбедносно - разузнавачка структура, онаа на АРМ, ќе се појави името на Сашо Мијалков, актуелниот директор на УБК. Тој во периодот од 1998-2000 година е помошник министер за одбрана и безбедносно разузнавање, од 2000-2001 е Советник на министерот за одбрана, а од 2001 до 2003 е државен советник за безбедносни прашања во владата.
Значи ова се лицата на клучните безбедносни институции во Македонија во годината непосредно пред конфликтот. Кутриот министер за одбрана од тоа време Љубен Пауновски го заборавивме, иако, од денешен аспект се гледа дека воопшто не бил „конфузен и паничен“, како што го оцени јавно „сестра“ Доста, туку бил голема наивна патриотска жртва на семејни и политички стапици.
Во таа 2000 година, во насока на „омекнување“ на Македонија ќе се случат и следниве безбедносно интересни настани.
Во МВР, Димовска формира група за реформа на полицијата и на ДБК (во која, замислете, ќе се најде и „големиот експерт“ за безбедност Сашо Орданоски, веројатно како претставник на група Форум на Фрчко и на Ѓунер), потоа ќе следуваат од многу страни лиферувани информации дека досијеата на голем дел Албанци кои биле на спротивната страна, значи на Албанци соработници, му биле дадени на Мендух Тачи (според тврдењето на Бачев тие во истовреме биле прогласени за неинтересни за обработка, а меѓу таквите биле и Фазли Велиу и Муса Џафери) и конечно, во Агенцијата за разузнавање се врши смена и префрлање на 48 оперативци надвор од Агенцијата кон МВР, додека во самата Агенција се фаворизираат дунстерски и карикатурални фигури каков што е, на пример, Александар Коцарев, син на стариот приучен адвокат Саво, кој замислете едно време ја водеше и аналитиката во Агенцијата.

Што се работело во Военото разузнавање не ни е познато, освен дека тогаш имаше некаква афера и со лицата внатре, а претходно и со некоја скапа опрема за прислушкување, која, иако пристигнала во Македонија, исчезнала на извесно време (повеќе недели), пред да си го најде местото во одбраната.
Во текот на целата 2000 година полека, полека, имаме „загревање“ на нестабилна безбедносна ситуација со подметнати бомби, инциденти на меѓуетнички план и кон крајот на годината, со повеќе извештаи за забележани униформирани лица по македонските планини Шара и Скопска Црна Гора. При секој ваков извештај следуваа смирувачки тонови од Димовска (МВР), од Тачи (ДПА и коалиционен партнер) и од Георгиевски, премиер.

Големото уво - „кукавичје јајце“ на Црвенковски

Но, дефинитивно, најголемото „омекнување“, а воедно и најголемиот трик од планерите на фингираниот конфликт, беше изведен во јануари 2001, со аферата „Големото уво“, пласирана од најтесното раководство на СДСМ и од Црвенковски лично.
Оваа афера Црвенковски ја понуди на јавноста на 18.01.2001. Во истиот ден, кога врз полициска станица во Осломеј, Кичевско е извршен ракетен напад, за што одговорност преземаа терористите на ОНА, во месец непосредно после аферата со неуспешното соборување на владата на Георгиевски и во месец кога се изготвуваа завршните подготовки на ОНА за почеток на агресијата, која имаше за цел да предизвика поголем бунт и прекројување на Уставот, откако увидоа дека територии нема да добијат, пред се, поради меѓународната заедница.
Аферата што ја отвори Црвенковски, сосема сигурно и тогаш и денес може да се оцени како „кукавичје јајце“ подметнато на Македонија, со цел да се сврти вниманието од безбедносната ситуација и да се поткопа дополнително довербата на јавноста во владата на Георгиевски. Аферата беше до толку безобразно пласирана, што за прислушкувањето на политичари, новинари, бизнисмени, тој ја обвини Димовска и МВР, иако добро знаеше дека податоците се од друг прислушен центар, во чија организација, според повеќе вкрстени извори, еден од главните прислушкувачи бил Зоран Верушевски.
За ова добро може да посведочи и тогашниот началник на Петата управа во СДБ(онаа за специјални технички мерки меѓу што е и прислушкувањето), Александар Цветков, кој три дена брутално и нечовечки бил испрашуван(тепан) во просториите на МВР, со цел да се утврди дали тој е поврзан со прислушкувањето. Во истото тоа време, за да се потврди тезата на Црвенковски дека власта прислушкува, со изјави дека само МВР има такви софитицирани средства се изнаредија ликови како Трајанов, Богоевски, Владо Поповски и други.
Како и да е, лидерите на бандите во Македонија и сите други одговорни, наместо за безбедноста, за воени дејства кои беа на повидок и кои можеа да ги видат сите, „дробеа“ за прислушкувањето и за тоа кој кого слушал. Ова не престана подолго време, иако само неколку дена потоа, на 22.01.2001 беше извршен нов ракетен и пешадиски напад врз полициската станица во Теарце, при што загина полицаец, а други двајца беа ранети, за што одговорноста, исто така, ја презеде ОНА. Со ова свое дејство, несомнено, Црвенковски директно влијаеше на онеспособување на вкупните фактори кои и стоеа на Македонија на располагање за подготовка за нејзина одбрана, иако, мораме да нагласиме, главната вина си ја носи и ќе ја носи Георгиевски, зашто власта беше во негови раце. Тука, за него нема оправдување во смисла дали знаел или не знаел дека левата банда и старите разузнавачки структури се зафркаваат со него како ќе си посакаат.

Танушевци и А1


Дека станува збор за поширок заговор против Македонија, нам ни служи и примерот со откривањето на терористичката група во Танушевци на 16.02.2001 година од страна на тв екипа на А1 предводена од Жане Лупевска.
На Котле е веќе објавено тврдење како Лупевска решила да замине за селото на самата граница со Косово и да прави репортажа за условите за живот на населението. Накратко, нашето тврдење и натаму е исто, т.е. дека Лупевска тогаш е жртва на „џандарска“ игра со цел подгревање на тензијата и започнување на оружениот конфликт со строго зацртани крајни цели на планерите.
Дека тоа е така, потврда ни е и фактот што одговорните лица во Полицијата и Армијата морале да знаат за тоа што се случува во Танушевци, бидејќи во тоа време во непосредна близина на селото функционира погранична база со редовни патроли, а соодветно, морале тие информации да ги споделуваат и со политичкото водство - претседател на влада (и министрите за одбрана и за внатрешни), претседател на држава и претседател на паралмент. Тоа што Георгиевски денес тврди дека никој не го информирал за ништо во тој поглед, е факт кој што мора да се провери, иако ние мислиме дека делумно лаже!
Но, бидејќи немаше никаква реакција од страна на одговорните политичари, планерите решаваат да ги забрзаат работите со тоа што ќе ја запознаат јавноста дека Македонија е веќе во војна, затоа што веќе не контролира дел од својата територија. Така и бидна. Војната формално започна со довлекување на покрупни армиски и полициски сили околу Танушевци и со нападите со цел заземање на селото.
Се друго што се одвиваше натаму, особено од 1-ви март 2001, кога започнаа нападите врз тетовско и Тетово од страна на ОНА, па до потпишувањето на Рамковниот договор во Охрид во август 2001 година, е само потврда на претходно реченото, односно на нашето главно тврдење, дека Македонија во таа година (и пред тоа и после), е жртва на заговор и предавство извршено од многу фигури во политиката, полицијата и армијата, како и кај дел од нејзиното население кое кренало оружје кон сопствената држава.
Ова особено ќе стане појасно по остварување на преодната цел, формирањето на влада на широка коалиција во мај 2001, во која СДСМ на нелегитимен начин повторно се добра до власт, иако изборите беа на ред дури година и половина подоцна.

Факти што индицираат на предавство


Нашето тврдење за големото предавство го темелиме на повеќе факти поврзани со политичката, економската, безбедносно - воената и меѓународната ситуација, кои ги гледаме како целина од 1999 до крајот на 2001.
Политичката и економската веќе ја објаснивме и главните мотиви на домашните предавници поврзани со политички и економски мотиви нам ни се јасни, а веруваме и вам. Што се однесува до воено-безбедносната состојба пред, а особено за време на војната, предавството го гледаме во следниве факти, кои ќе се обидеме да ги сублимираме во неколку поглавни точки:
- пред да започне војната се правени дупки во безбедносниот систем, кои никако не можат да бидат правени од незнаење или од грешка
- пред да започне војната, дополнително со афери од типот на Големото уво и пренагласување на корупциски случаи, се поткопуваше вербата на граѓаните дека имаат влада и институции кои можат да се справат со одбрана на територијалниот интегритет на земјата
-во самиот почеток на војната и на првиот состанок на Советот за безбедност, советодавно тело на претседателот на државата, началникот на Генералшатабот на АРМ Ј. Андреевски изнесува смирувачка оценка дека состојбата не била алармантна, дека станувало збор за групички, итн, итн, со што во заблуда се доведуваат факторите кои можеле да преземат порешителни чекори за сузбивање на оружените групи и затворање на конфликтот на почетокот, на самата граница
-една од главните грешки во текот на оружените дејства, а која никако не е случајна, е пропаста на мобилизацискиот систем на АРМ. Немушто, невешто, незиградено, поткопувано намерно. Како и да е, резултатите се шокирачки. Според релевантни армиски податоци, за време на целото изведување на воените дејства, АРМ успеала да направи пополнетост на мобилизарните резервни единици со едвај 50 отсто, со тоа што, некои единици биле пополнети само со 20 отсто, а бројни се случаите и кога мобилизираните единици биле без оружје и опрема или, дури, и кога биле расформирани зашто одбиле да одат на фронт (случајот со беровскиот баталјон)
-најголемото предавство е сторено со одбивањето на СДСМ и нивните сателити да се прогласи воена состојба. Ова во март и април упорно го бараше ВМРО ДПМНЕ, а на крај дефетистички крена раце и се согласи наместо за воена состојба Собранието да расправа за Владата за широката коалиција. Левата банда упорно во тоа време ширеше дефетизам во јавноста, пуштајќи гласини дека „воената состојба ќе му овозможела на Георгиевски да владее без избори до бескрај“ или дека со тоа „Македонија ќе си ја поткопала својата шанса за во ЕУ и НАТО, зашто тоа ќе значело вовед во граѓанска војна“. Но ова не е случајно според нас, зашто прогласување на воена состојба ќе овозможеше потрајна мобилизација и на луѓе и на ресурси во цел на одбрана на татковината. Вака, без тоа, според законот, мобилизираните единици можеа да се држат под униформа максимум 30 дена, а потоа да се демобилизираат. На тој начин, ниту во жива сила, ниту во логистика, не дојде до израз реалната надмоќ на Македонија да се справи со околу 4000 во почетокот, до 8000 терористи на крајот од т.н. војна. Покрај тоа, со непрогласувањето воена состојба, се создаваше дополнителна збунка и кај населението и кај учесниците во одбраната, околу тоа против кого и против што и за што се борат
- во текот на поголемите воени операции јасно се гледаат два фактора на неуспех, кои можат да се подведат под предавство: непреземање решителни одговори со воени средства или кога ќе се преземеа и ќе дадеа некој резултат, акциите со наредби од ГШ или од политичарите се запираа, а освоеното подрачје од страна на македонските одбранбени сили се напушташе. Примерите се бројни: Тетовско Кале и сите освоени села во Шар Планина, Ваксинце и Слупчане, Арачиново, патниот правец Тетово - Јажинце и др. Во еден дел од овие случаи се препознава неукост и неспособност на генералите во АРМ (впрочем за нецели 9 месеца беа сменети тројца началници на ГШ), во друг дел се гледа погрешно и неуко мешање на претседателот на државата и на владата во воени операции, а во трет дел се гледа намерно поткопување на воените успеси со намера да се оствари крајната цел на планерите и учесниците во фингираната војна.
-намерните поткопувања на воените операции според досегашни достапни неофицијални податоци со кои располагаме и ние, но и јавноста од различни извори (публицистички, новинарски, разузнавачки), можат да се групираат во две групи-саботажи и советувања за погрешни наредби на оние што ги издаваат. Во саботажи, местенки и класични предавства можат да се сметаат Вејце, Карпалак, Љуботенски бачила...За сите овие случаи има информации дека станува збор за намерни местенки за да се реализира крајниот план. За намерно советувани погрешни одлуки кои влијаат врз состојбата на фронтовите можат да се сметаат акциите на освојување на Тетовското Кале и подшарпланинските села и повторно оставање на територијата на ОНА после акцијата, акциите во Ваксинце, Слупчане и Матејче, повлекување на единиците од десната страна на патот Тетово - Јажинце, Арачиново и Радуша.
- соло тајни контакти со непријателот оддржувани и во Гостивар и во Шипковица, со цел некакво преговарање, а притоа не се информирани ниту премиерот, ниту претседателот. Тука повторно извира нашиот смешен и трагичен лик Бучко, како и неговите лица од доверба во тој период Марјан Ѓуровски и Драган Стојмановски-Млекце

Меѓународна ситуација и замешателства


Две работи треба да се истакнат на почетокот. Првата е дека главен планер на фингирната војна во Македонија беше Србија, а дека другите отпосле се приклучија, барајќи си ги своите интереси. Втората е, дека меѓународната заедница цело време беше на страната на Македонија, дури, иако, тоа така не ни се чинело при крајот на војната и при потпишувањето на Рамковниот.
Не треба посебно да се објаснува дека главниот мотив за натамошна турбуленција преку албанскиот фактор во регионот го имаше токму Србија, незадоволна од сопствените порази под водство на Милошевиќ и загубата и на Косово по НАТО бомбардирањето во 1999. Србија во 2000 се соочуваше со предизвици во Јужна Србија каде дејствуваше огранок на УЧК, како и со можност, додека е уште свежо, да го ревидира Кумановскиот договор и да ја спроведе резолуцијата на ООН која предвидува(ше), враќање на српски безбедносни сили на косовските граници. За да го спроведе ова полесно и за да го олабави притисокот во јужна Србија, на Белград му одговара прикажување на Албанците како нестабилно племе со огромни територијални претензии кои би завршиле со Голема Албанија. Македонија беше одлично тло да се вежба овој план.
Досијеата за дел од водството на ОНА, за Али, за Фазли, за М. Џафери, за Гзим Острени...а, кои брзо беа затворени од само една причина, зашто се точни, го поткрепуваат нашето тврдење. Има уште еден факт кој оди во прилог. Имено, две-три години по почетокот на војната, Георгиевски за прв пат призна дека неколку недели пред Танушевци, од највисокиот српски врв бил информиран дека Македонија ќе биде нападната од структури на УЧК, т.е. ОНА. Овој потег на Србите, доколку не станува за „недоразбирање“ меѓу нивните разузнавачки структури кои го спремале планот и нивните политичари кои добронамерно го кажале на Македонија, всушност е одлично алиби за Белград. - Па ние ви кажавме, како можете нас да не сомничите за двојна игра, нели? Тоа би бил логичниот одговор на секое такво, во тоа време официјално обвинување.
И конечно, не треба да се потцени фактот што добар дел од ОНА беше облечена во униформи на „Јумко“ од Врање, а во нивниот арсенал, покрај полуавтоматски и автоматски пушки и муниција од Крагуевац, можеше да се најде и по некоја „Црна стрела“, една од најмоќните снајперски пушки на светот со голем калибар, а е од српско производство.
Што се однесува до дилемите дека војната ни ја сместиле „клетите“ Американци и „курвата“ Европа, тука не треба ни да се зборува со неинформираните. Доволно ќе биде само да се погледнат сите официјални и неофицијални изјави на американскиот политички и воен врв(Буш и Пауел), како и на повеќето земји членки на ЕУ (особено на Британците и на нивниот тогашен челник на НАТО, Робертсон), па да се види кој на чија страна бил. Целата меѓународна заедница, генерално и даваше целосна поддршка на Македонија и на нејзините политичари и институции да се справат со терористите. Она што веројатно ги изненадило, е тоа што виделе дека тука на клучни позиици има еден куп предавници и неспособни, кои немаат чувство и однос кон зборовите патриотизам, држава, татковина, народ.
Така што, вадењето примери за двојната игра на меѓународните фактори не држат вода, а примерите со платениците во Арачиново или со шпионското и неријателското однесување на дел од припадниците на ОБСЕ или Меѓународниот Црвен Крст, не се показател за мејнстрим политиката на Америка и на ЕУ кон Македонија од тоа време.

За Трајковски, Георгиевски, советниците и генералите


Врховниот командант беше покојниот Борис Трајковски, кој беше советуван од четири клучни лица: Владо Поповски, Љубомир Фрчковски, Стево Пендаровски, како и од Доста Димовска. Наброениве, собено првите двајца, се заслужни „воени стратези“ кои честопати го наведувале Трајковски да носи погрешни одлуки во врска со командувањето со единиците, а особено нивно дело е Арачиново и срамниот пораз што го претрпе АРМ и полицијата таму, иако и бројно и со воена техника, армијата беше надмоќна
Премиер беше Георгиевски, кој имаше какво таква ефективна функција до формирањето на владата на широката коалиција во мај. По тој период, пред се поради МВР, предовдено од Љубе Бошковски и АРМ, во која замешателство имаше СДСМ преку Владо Бучковски и „нивните“ генерали, Владата дејствуваше како збир на партии со различни ставови и интереси околу настаните во 2001.
Љубе, интересно, со помош на српските „Црвени беретки“ и на Улемек -Легија, формираше покрупна воено-полициска единица на ранг на бригада, „Лавови“ и при крајот на конфликтот преземаше соло акции. Бучковски пак, се истакна со неспроведување на наредба на Трајковски за заземање на патниот правец Тетово- Јажинце и враќање на вештачкиот прекин на огнот од почетокот на јули, т.е. препуштање на левата страна на патот под целосна контрола на ОНА. Но, особено се истакна во битката кај Радуша, кога и тој и ГШ се оглушува два дена на повиците на полициските единици да добијат засилување, бидејќи се соочуваат со офанзива од Косово на бројна единица на ОНА!!!
Како интересни ликови кои на овој или оној начин придонеле за поразот на Македонците ќе ги наведеме и генералите Андревски и Петровски, и двајцата началници на ГШ на АРМ. Првиот, со нечинење во почетниот период во војната, вториот, особено со битката за Арачиново, каде, како тенкист по род, наместо да ги употреби тенковите за фронтален напад на селото, тој ги вкопа во депласмани и ги користеше како артилериско орудие, а пешадискиот напад го препушти на полицијата, која не беше ништо друго, туку „топовско месо“. Незнаење? Во секој случај не!
Во оваа група секако нема да го заборавиме ниту генерал Сокол Митревски, денешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, кој во таа 2001 година беше назначен за командант на Скопската област. Упатени велат дека тој имал една од клучните улоги во „грешката“ со необезбедуваниот конвој од Прилеп за Тетово, при што кај месноста Карпалак настрадаа во заседа десет резервисти на АРМ.

Рамковниот е пораз, премаскиран како договор за иднината


Откако целите на фингираната војна од страна на планерите и изведувачите беа постигнати, а во истовреме САД и ЕУ видоа дека во оваа земја Македонија, на челни позиции во власт и во опозиција седат кретени кои се подготвени за власт и за пари да ја загубат војната и уво да не ги боли ако за тоа крварат и граѓаните на Македонија, па решија да се замешаат да ги санираат последиците, следуваше потпишувањето на Рамковниот договор од Охрид. Договорот од Охрид не е ништо друго, туку озаконување на фактички пораз претрпен на терен, преточен во договор кој е замаскиран како договор за иднината на Македонија. Во тој договор нема ништо што не можеше или не беше на пат да се постигне со мирни средства, со политички преговори и разговори. Но, со тој договор е сменет Уставот, темелно, при што Македонија веќе не е држава на Македонците и на другите, туку е држава на Македонците и на народи кои веќе имаа свои држави. Овој поделен суверенитет на некој начин создава предуслови за федерализација на државата, де факто, иако де јуре таа е унитарна држава. Тоа што Андов нешто скокаше и покажуваше задоцнет „патриотизам“ околу преамбулата, тоа беше само маска за да се прикрие и неговата улога во реализацијата на планот на планерите и изведувачите.
Десет години подоцна, ништо не е чудно за информираните. Како, покрај се, да се чудиме зошто Грувески дава амнестија за воени злосторства, да се чудиме зошто Бесими не дошол на Карпалак, туку ни крив ни должен го испраќаат Н. Тодоров или зошто нема спомен обележје таму, кога низ цела држава се трошат силни милиони евра за споменици!?
Кога и после десет години предавниците на Македонија во 2001 година и натаму се фактори во државата, и во власт и во опозиција, кога и натаму раководат со политички банди што се интересираат за пари и власт, а не за демократија, човекови права или ЕУ и НАТО, кога ни после 10 години нема дефиниција за тоа дали Македонија беше во војна и со кого, кога по 10 години МВР добива два пати поголем буџет од АРМ..., како тогаш да веруваме дека поуките - оние за кои бесрамно зборува Муса Џафери објаснувајќи зошто нивниот министер не дошол кај Карпалк - се извлечени?
Не, Македонија ниту ги извлекла поуките, ниту пак, има перспектива, се додека со нејзе владеат предавници. Системот што ги поставил - тоа е оној систем кој брзо, брзо, преку трупа, ги закопа досијеата за водството на ОНА, а од кои јасно се гледаше дека тие цело време работеле за Србите - никогаш нема да дозволи Македонија да стане просперитетна држава. Тој ист систем, кој сега работи нешто како ОЗТ(Организација на здружен труд) составен од бројни ООЗТ-а (Основни организации на здружен труд), нема да дозволи да ги видиме вистинските досијеа од кои ќе се види кои биле наредбодавачите и извршителите во пеколниот план, Македонија да биде само едно ООЗТ на Србија!
Затоа, можеби ќе беше поприродно, доколку Груевски, човечето што сега лажно покажува патриотизам со тоа што не оди во Охрди на „јубилејот“, наместо на Пелинце на Втори Август да ни го цитира Черчил, да одбереше нешто од мислите на Никола Пашиќ, или од стариот Евангелос Венизелос за тоа, што се Македонците и чија е Македонија.
Ако говорот го завршеше со „Живела Србија“, фактички гледано, немаше да погреши!

 

 

02.06.2017

Заев 2015 година деде една многу интересна, поточно ТодорАлексанровска или ВанчоМијаловистичка изјава, оваа карактиристика ја давам според пресудите кои ги изрекувал Комунистичкиот суд на они кои ја пееле и почитувале оваа химна .
Изјавата на Заев гласи:
 
[Image: ZaevZoranad0f7.jpg]

 

 

Кога Заев ја говори вистината, поточно кога Заев го покажува вистинското лице и намерите? Кога ја давал изјавата дека првата Химна на Македонија и Химна на ВМРО ИЗГРЕЈ ЗОРА НА СЛОБОДАТА   сите заедно да ја пееме повторно или денеска со обзнанувањето на министрите, од калибарот на министерот за култура и неговото „кумровачко“  друштво ?  Умните луѓе велат за човек се суди според делата а не според зборовите! 

 

 

 


 
Viktor Kanzurov

Ако ова е екипата на новиот министер за култура, можам само да констатирам, без да генерализирам за сите луѓе на сликата, дека ниту во времето на најголемиот и најцентрализиран југоунитаризам, Службата за државна безбедност, со денови и недели да комбинирала, пак не би успеала да го екипира Министерството за (не)култура со посоодветен за ТОЈ и ТОГАШЕН момент кадровски потенцијал.

Овде го гледаме југословеноидниот шовинист и бугарофоб Перо Арсовски, па догматизираниот Југословен, бесен противник на ИСТОРИСКАТА ВМРО-вска традиција и не многу успешен поранешен заменик министер за (не)култура Златко Теодосиевски, потоа југокомунистичкиот екстремист и своевремено неуспешен градоначалник на скопската општина Центар, Мирослав Грчев, кој (исто како и актерот Перо), од дното на душата, го мрази ИСТОРИСКОТО ВМРО и без никаква аргументација, го става во ист (идеолошки и секаков) ранг со денешното клептоманско ДПМНЕ-Ваљево, тука е и лустрираниот соработник на „старата“ служба и непара успешен некогашен министер за (не)култура Ѓунер Исмаил, а до новиот министер се истопорило едно, со потекло од „Плоштад Неслобода“, ѓомити прикриено и суптилно, но патолошко неонацистче од антибугарска провиниенција, инаку апологетче на филмски памфлети, произведени од режимот на ДПМНЕ-Ваљево и потпрени на историски фабрикации, од типот на „Ослободување на Скопје“.

Претпоставувам дека овие петмина прво ќе посакаат да удрат на паметникот на Тодор Александров во Скопје и на секој музејски и каков и да е друг белег, кој асоцира на македонската борба против поробувањето и асимилирањето од 1913-1915 и од 1918-1941 година.

 

 
пс.  на сликава недостасуваат уште неколкумина битни ВМРО мразачи: Владе Милчин, Југослав Петровски, Ѓорѓе Марјановиќ, Жарко Трајаноски , Мирјана Најчевска !! Се надевам при следното фотографирање „министерот“ нема да ги заборави.

 

Пишува Душан Петровски 19.05.2017

„Дојче Веле“. Звучи странски, па мора да е официјалниот глас на Владата и совеста на Германија. Во далаверата, односно во уметноста на продавањето ветер и магла, имиџот е сѐ. Така и со овој пропаганден мегафон на македонскиот (Комунистички) естаблишмент. Текстот „Иванов тешко го навреди Берлин“ на новинарката Катерина Блажевска—исто така персона со од естаблишментот граден имиџ, во нејзин случај на обејктивен борец за правдата—е полн со инсинуации и полувистини. 

Во текстот, Блажевска во најоштри црти го критикува Претседателот Иванов за неговиот критички осврт за работата на германската амбасадорка во Македонија, којшто тој го изразил во директен разговор со германската Канцеланрка. Блажевска текстот го темели, пред сѐ, не на изјавите на германски офицални лица или институции, туку „фрапираните“ (поранешни) македонски амбасадори, воглавно прдежите на експертутката Нано Ружин. Прдежите на Ружин, кои го претставуваат поголемиот дел од текстот, го објаснуваат дипломатскиот бон-тон на Царството Недојдија, чиј сосед е Царството на Бранко Коцкица.

Под поднаслов „Дипломатски скандал“ каде што Блажевска опширно го цитира експертот по лижење газови, таа вели:

Нано Ружин, поранешен амбасадор на РМ во НАТО во Брисел, потсетува дека според Конвенцијата од Виена (18.04.1961) „амбасадорот на една држава го претставува претседателот на државата во странство“, односно според класичната дипломатија, „амбасадорот го претставува својот суверен кај друг суверен“. Привилегиите што ги користи амбасадорот, согласно таа Ковенција, всушност не се однесуваат на неговата личност, туку на неговата држава.

„Во демократските системи амбасадорот не ја претставува само личноста на својот државник туку и сопствената држава, во нејзиното единство и диверзификација. Овие обврски му наметнуваат на секој амбасадор да контактира со поголем број луѓе, да одржува регуларни односи и со власта и со опозицијата, да толкува, понекогаш да дава објаснувања, дури и да трпи критики. Но, кога тие критики доаѓаат од највисокиот државен субјект, како што е председателот Иванов, со употреба на недипломатски и варварски речник, тоа асоцира на член 9 од Виенската Конвенција. Според овој член, и со оглед на непредвидливоста на Иванов, тој може да ја прогласи германската амбасадорка Алтхаузер за persona non grata“ вели Ружин.

Според него, речникот што Иванов го употребил кон германската амбасадорка „не е само дипломатски скандал со негативни последици за односите меѓу Германија и Македонија, туку и навреда кон најмоќната сила на ЕУ и кон канцеларката Меркел“.

Според Ружин, додека амбасадорот—гостинот—може да биде полдежен на кртики за неговата работа, тие критики не смееле да доаѓаат од претседателот на државата домаќин. Зарем тоа не е малку апсурдно ако знаеме дека според поделбата на власта во Р Македонија, надворешната политика и државната одбрана потпаѓаат под доменот на Претседателот на Републиката. Ако претседателот, како прв дипломат и врховен командант не смее да го критикува врховниот разузнавач на Германија за Македонија—фрау Алтхаузер—тогаш кој смее?

Македонија е тешко затруена држава, на која ривал може да ѝ биде само Северна Кореа. Потелкото на трулежот се прдежите на експертутуките, преститутките, и воспитувачите во македонското општество кои што колективно немаат ниту ронка морален интегиртет. Нивната деструктивна моќ е причина за темното доба кое ја опседнува нашата татковина. Денес тие нѐ убедуваат дека „пусти Запад“ ја диригира играта на музичка столица која е во извед последниве две години. Улогата на странските претставници отсекогаш погрешно ѝ се претставува на македонската јавност.

Во македонската јавност, благодарение на официјалната пропаганда—маспроп—како и на чаршиските муабети—микропропаганда—тие се претставуваат како вистинските кројачи на судбината на Македонија. Вистинската улога на амбасадорите т.е. прибирачите на информации—шпиуни—коишто ја градат сликата за земјата домаќин со која се користи нивата матична држава, се превуеличува во улога на господари на космосот.

Како што вели Ружин, странските дипломати се луѓе кои што контактираат со разни лица од македонскиот јавен живот. И тука се крие зајакот: Македонскиот естаблишмент—Црвената аристократија која деновиве најдобро е застапена во редовите на „Соросоидите,“ старите комуњари кои живеат на грбот на Џорџ Сорос—е оној кој го држи монополот на контактите со странските претставници. Зошто е тоа така е предмет на поголема расправа, чиј што ден доаѓа.

 
 

--

 

Јордан Петровски 18.05.2017

Премногу потврди во само 24 часа за точноста на мојот текст ДАЛИ СЛУЖБАТА ПАК КЕ ИЗБЕРЕ ПРЕДСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДПМНЕ! Прв се јави Фридом Хаус и  самопрогласениот застапник на Македонски интереси “надобудниот“ Никола Димитров, советник на председателот на Македонија кој загуби војна, со неговиот настап на дискусија во Фридом Хаус, Кризата во Македонија – ризик за автократски тренд , потоа следеше изјавата на Мали Слобо, сега министер за надворешни равботи на Србија, Ивица Дачиќ, Дачиќ го обвини Заев дека ги нарушува односите помеѓу Белград и Скопје, и како јагодка на врвот на шлагот изјавата на Иванов и коментарот на дојче Веле на Македонски:

 

Иванов ја обвини германската амбасадорка за ширење „лажни вести“

Македонскиот претседател во реакција по денешното соопштение на германското МНР, ја обвини амбасадорката на оваа земја дека шири лажни вести и тврди дека Меркел му се извинувала поради тоа

 
Mazedonien Präsident Ivanov (picture-alliance/AA/M. Sulooca)

 

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов вечерва остро ја нападна германската амбасадорка во земјата Кристине Алтхаузер, обвинувајќи ја дека шири „лажни вести“. Иванов оценува дека нивото на германската амбасадорка е „навреда за земјата“. Повод за оценката на Иванов е денешното соопштение на официјален Берлин во кое се поздравува доделувањето на мандатот, но и се критикува Иванов поради тоа што дозволил да мине толку време пред да му го додели на парламентарното мнозинство. 
Но, изјавата беше објавена директно од германското Министерство за надворешни работи, а не од германската амбасада во Скопје. 
„Треба да нѐ загрижи квалитетот на дел од дипломатите во Република Македонија. Амбасадорот на германското министерство се служеше со лажни вести, па Меркел мораше да се извинува за неточни информации кои ги добивала од нивната амбасада“, рече Иванов во интервју за ТВ Нова на бизнисменот Сеад Кочан. Тој не кажа кога се одржала средбата со Меркел на која таа му се извинила, но алудираше на критиката за доцнењето со давањето на мандатот. 
„Апелирам до Германија дека вакво ниво на дипломати е навреда за нашата земја. Недозволиво е на лажни информации да темелат соопштение од германска амбасада. Како порано да го дадам мандатот? Со кршење на уставот?“, праша Иванов во интервјуто. 

 

Вториот дел на текстот е текст кој како да е пишуван од златните пера Титовистичкко/Гебелсовската пропаганда. Наместо Дојче Веле да се позанимава дали изјавата на Иванов за “извинувањето“ од страна на Меркел навистина се случило и така ни пружи можност да ја дознаеме вистината, да дознаеме кој ја говори вистината тие в текстот зземаат страна. Во продолжение на текстот кој го обајви Дојче Веле на Македонски а кој не е потпишан од кого е, ни нуди додворувачко полтронски текст кој треба да не убеди дека Иванов не ја говори вистината. 


Претходно, германското МНР му порача на Иванов дека одамна требало да го додели мандатот. 
„Добро е што претседателот Иванов попушти и престана да го блокира формирањето на новата влада. Оваа одлука требаше одамна да се случи и конечно го рефлектира исходот од изборите во декември 2016 во земјата“, беше наведено во изјавата на германското министерство за надворешни работи. 
Германското МНР, но и министрите Франк-Валтер Штајнмајер и Зигмар Габриел во повеќе наврати во изминатите 12 месеци директно го критикуваа македонскиот претседател. Штајнмајер, кој во меѓувреме беше избран за германски претседател, тоа за првпат го стори по прогласената аболиција минатата година, а Габриел пред неколку недели, пред и по, крвавите инциденти во Собранието.  

На вториов дел од текстот , на делот на текстот кој е додворувачко полтронски се надоврза и Никола Димитров, човек кој не избира средстава како да стане длод власта која се прават напори да се формира од ОПЕРИСТИ и МАРКСИСТИ ЛЕНИНИСТИ!!!!!

 

 

  Лајквите под текстот пак ми говорат дека светлосни години сме далеку од градење на дмократско општество во Македонија!! 

Јордан Петровски 11.05.2017

Добив еден текст од кој ке издвојам дел и ке го објавам:

 

Љубчо Георгиевски и неговите „народњаци“ договориле да одат на листи заедно со својата матична партија – ВМРО-ДПМНЕ. Со загрижување ја објавија оваа вест сите либертаси, пљусинфовци и заробени печати!

Информациите се дека било се договорено за ВМРО-Народна да добие две сигурни пратенички места (плус уште едно многу веројатно) и едно силно министерско место во новата Влада што би била предводена повторно од Груевски. На ден пред да се објави ова конечно обединување на вмровското политичко ткиво, на сцена стапуваат Бејли, Дејвид Стивенсон и ЦИА-шите од американската амбасада во Скопје, кои преку висок чиновник од Македонската црква (духовник на половина од македонскиот политички врв) го носат Љубчо Георгиевски во амбасадата и со познатите методи (кај бугарскиот гражданин тоа се неговите сметки по странство со милиони евра заработени додека ја предводеше македонската Влада) го уценуваат да се откаже од коалиција со Груевски и повторно да оди сам (добро, овојпат со ќерамидната партија на ЦИАшкиот наемник во Ирак и со политичката сестра Љуба) на избори, со што уште еднаш му нанесе удар на ВМРО-ДПМНЕ, одземајќи му со своите 25 илјади гласови или околу четири пратеници (според Д’Онтов модел, а не севкупен број!).

ВМРО-Народна ќе биде претставена во новата Влада на Република Македонија, предводена од Зоран Заев. И тоа преку миинистер! Идејата е тоа да биде Никола Димитров (чоек без идеологија, но на целосна услуга на западните разузнавачи и на партиите со анти-македонски чувства) на позиција министер за надворешни работи или некој друг (можеби и Љубчо Георгиевски), на позиција, на пример - министер за администрација.
 
И тука доаѓаме до Понтонскиот мост. Инсталирањето на ВМРО-Народна во Владата на Заев ќе биде со цел премин на членството на ВМРО-ДПМНЕ од државната администрација во партијата на Љубчо (под уцена со бркање од работа, се разбира), но и на големиот дел од високо-позиционираните државни чиновници, познати по честите прескоци од партија во партија (посебно на големиот број „народњаци“ што изминатите години се стекнаа со добри државни позиции како резултат на нивното враќање во ВМРО-ДПМНЕ). Овој премин се очекува да ги ослаби внатрешните позиции на партијата на Никола Груевски, но и тука не е крајот!
Идејата на ЦИА-шите од „длабоката држава“ во американската амбасада е преминот преку Понтонскиот мост од ВМРО-ДПМНЕ во ВМРО-Народна да заврши со пратеници! Бејли и Стивенсон на Заев му имаат обезбедено 69 гласа во македонското Собрание (СДС плус сите албански партии), но им треба двотретинско мнозинство (81 пратеник) за менување на Устав со цел имплементирање на Тиранската платформа и што е најважно - за менување на државното име, симболите, химната и ... импичмент на единствениот неконтролабилен за странците елемент во македонската држава – претседателот Ѓорге Иванов!

 

Се надевам дека Љупчо Георгиевски ке одговори на овие сериозни обвинувања.