Пишува Душан Петровски 22.09.2017

 

Деновиве на социјалните мрежи се огласи Самостојниот оперативен работник на Сужбата за државна безбедност Иван Бабановски, пензиониран професор по државна безбедност, и вечен слуга на Србокомунистичкиот режим, со повик во „CAPS LOCK“ за преименување на улицата и централниот скопски плоштад во чест на „маршалот на Југославија“:

 Драги пријатели,

Ве повикувам да покренеме акција да се врати плоштадот и улицата Маршал Тито во Скопје кои ги избришаа фашистите од ДУИ-ДПМНЕ и сите полтрони и кариеристи од левите партии во Скопје… Маршалот на Југославија со КПЈ беше на чело на НОБ како антифашистичка коалиција славеше победа над фашистичката оска и за прв пат во историјата ѝ донесе слобода и држава на македонскиот народ и македонската нација… Гордо живеев како Македонец во СФРЈ, а се срамам од овие 11 години кои ми ги зацрни еден луд фирер со неговата партиска држава ДУИ-ДПМНЕ ограбувајќи ги РМ и граѓаните до коска… Името на Тито пред идиоти и фашисти како Александровци, Аминди и мизерници за кои јас како професионален безбедњак не сакам да говорам… Фашистите никогаш повеќе нема да имаат место во властите на РМ, Ванчомихајловости, четниците и балистите се црнило во историјата на Македонија. 

Според Бабанчо, Тито за прв пат на македонската нација ѝ донел слобода и држава, и за времето на СФРЈ се чувствувал гордо што бил Македонец. Како оперативец на УДБа, Бабановски е професионален лажов, но и човек чијашто должност е од чесните луѓе да прави лажови.

Бабанчо израснал без татко, па затоа во Тито гледа фигура на родител. Мајка му, своевремена чистачка во кумановскиот КОМИТЕТ истовремено била и „градски точак“. Безмоќен да се справи со срамот, таткото на Бабанчо си го одзел животот со парче коноп, правејќи го овој ѕвер буквален курвин син.

Но, да се вратиме на Тито и на слободата и државата кои им ги подарил на Македонците. Имено, слободата и државата на Тито се од истиот калап по кој деновиве наследникот на КПЈ ѝ носи на Македонија живот и демократија. Додека Бабамовски вели дека ТОЈ бил горд Македонец во СРФЈ, архивите на Службата за државна безбедност се полни со досиеја на Македонци кои биле гонети по основа на македонски национализам; додека во „слободната“ титова Македонија, незадоволството било најголем грев и криминал.

Во оваа прилика ќе ги оставам на мир „Црните страници на УБДа“ и за промена ќе споделам извадоци од две белешки од архивите на ЦИА. Првата белешка која ја цитирам ги дискутира размислувањата на Едвард Кардељ—од нему близок извор, а зборува за менталитетот на Комунистичката партија на Југославија, и односот на раководството кон народот:

Политиката на СКЈ

10. Југословенскиот режим го практикува комунистичкиот систем кој некои просветени функционери во Партијата го означуваат како „раб на гладот/ивица глади.“ Во согласност со овој систем општото население треба да се држи гладно и под притисок од властите за на тој начин да гладните и исплашени луѓе го посветат сето свое слободно време секирајќи се за својата основна егзистенција, како и за егзистенцијата на своите блиски. Следствено, тие стануваат покорни на командите на властите и губат интерес во општествените збднувања (демобилизација). Режимот ги применува сите мерки на свое располагање кон оваа цел: ниски плати, високи цени на производствените производи, задолжително учество во работните акции, неплатена прекувремена работа во натпреварувањата помеѓу разните претпријатија, високи даноци за земјоделците, и други мерки. Главна должност на властите е грижливо да внимава границата на гладот и притисокот да не се премине, и преку зголемувањето и намалувањето на гладот и притисокот, да ги држат луѓето потчинети, но не во очај. (ЦИА 20.VII.1954)

Реално е да се очекува дека ваквата политика на раководството на КПЈ не била водена случајно, туку свесно. Дотолку повеќе ако знаеме дека комунизмот се покажувал како ужасен општествен поредок веќе речиси три десетелтија во Советскиот Сојуз. Како и дека раководителите на југословенската Партија за време на овие три десетлетија минувале периоди на време во СССР. Оттука, не е премногу доколку предложиме дека КПЈ со Тито на чело во ниту еден миг немала намера да го ослободува македонскиот народ, или да му помогне во неговата историска заложба за формирање на своја држава. Но Тито и неговата дружина имале за цел да владеат, а оној којшто сака да владее, неминовно има желба да биде популарен и обужуван. Оттука, незадоволството претставувало кардинален грев.

Во истата белешка можат да се прочитаат и размисливањата на Клубот на министерствата за надворешни работи во однос на применливоста на Лениновата теорија за револуција кон актуелната состојба во Југославија (1954 година):

Југословенскиот народ во моментов не умира од глад, но сепак страда поради нискиот животен стандард, земајќи в’предвид дека околу 70 отсто од населението живее полошо одошто пред војната. Населението е во очај бидејќи луѓето се свесни дека под актуелниот режим нивната состојба не може да се подобри, и бидејќи се невооружени и под постојан надзор на полицијата, не се во можност да го отфрлат режимот. И покрај тоа што очајот постепено расне, не е дојден до тој степен каде луѓето би биле подготвени да учествуваат во револуција. Тие имаат одбој кон режимот, и со пасивни упорити опструкции ги поткопуваат сите обиди на власта да го зголеми прозводството.

Уште од ослободувањето, режимот постојано потфрлува во своето управување со економијата на земјата. Локалните ресурси беа исцпени во обидот да се индустријализира државата. Индустриските претпријатија делуваат нерационално поради некомпетентноста на управителите, неквалификуваните работници, и бирократијата и нивната администрација. Индустриските производи се нискоквалитетни и тешко се продаваат поради нискиот животен стандард на населението. Земјоделското производството е во очајна состојба поради владините аграрни реформи и пасивниот отпор на селаните. И покрај тоа, режимот продолжува со својата економска политика со надеж дека со тек на времето производството ќе се зголеми. Во суштина, во Југославија не постои друг политички живот освен СКЈ кој е под целосна контрола на неколкумина лидери. Управата за државна безбедност е многу добро организирана. Секој обид да се организира некаква опозиција на режимот или некаков револт против режимот во државата, или пак и најмала неортодоксност во Партијата, може лесно да се разоткрие и сузбие од страна на УДБ.

Било какви размислувања дека националистите можат да организираат посериозен револт се неверојатни поради надзорот на УДБ.

 

Тоа биле животот и слободата кои КПЈ со Маршалот на чело ѝ ја донеле на Македонија. Народно кажано, политиката на Комунистите била „ем те тепа, ем не ти дава да плачеш“, а Бабанот бил дело од машината која била задолежена на страдалците да им тури насмевка на лицето.

Втората белешка, од 17 февруари 1950 година, специфично се бави со македонското прашање во Југославија, а чиј автор, судено според јазикот на којшто е пишувана, е Македонец:

Тито мислеше дека со создавањето на македонскиот јазик ќе ги придобие симпатиите на македонскиот народ, а пред сѐ слабата македонска интелигенција којашто воглавно беше образувана во Бугарија, и за која [Тито] мислеше дека е пробугарска. Првично, делуваше дека Тито успеал во оваа цел, и дека Народна Република Македонија му е најверната република. Но таквата ситуација траеше само додека македонската интелигенција, експлоатирајќи ги правата доделени од Тито, мислеа дека се оддалечуваат од Србите и Белград. Тоа делуваше на тренд кон независност. Меѓутоа, со Резолуцијата на Коминтерната, истата македонска Комунистичка интелигенција веруваше дека дошло времето да си ги покажат своите вистински бои и да го спроведат следниот чекор—вклопување на Македонија во Бугарија. Во овој поглед напорите на КПЈ во однос на Македонија се провалија. Обидот на Комунистите да создаде ‘Македонска Република’ се покажа како неуспешен. Комунистите создадоа република без републиканци; социјалистичка република, без социјалисти; создадоа Комунистичко раководство без политички образувани Комунисти. Создадоа јазик којшто никој не го разбира. Создадоа Држава која им е туѓа на граѓаните коишто живеат во неа. Граѓаните се плашат од својата држава, и ја мразат. Само името е реалност, сето друго е лага. Оттука, Македонците не ја поздравија новата Република. Тие се повлекоа и чекаат. Тие се убедени дека моменталнава ситуација е само период на транзиција.

Повикот на овој монструм чиешто место е на Камениот мост за повторно честување на еден од најголемите ѕверови на македонскиот народ е загрижувачки чин. Деновите на македонската држава ѝ се одбројани, а Бабанчо само нѐ потсетува на таа реалност. Вистината е дека ништо не е постојано на овој свет, и за сѐ мора самите да се избориме. Првото доаѓање на Тито било погубно за македонската кауза и нација. Неговото повампирување сигурно нема да биде поарно. Изборот е наш: Слобода или смрт.

„Нова Македонија“ продолжува со пристрастно однесување во полемиката која не по моја волја се води на нејзините страници. Имено, моето писмо „ГОЈКО ЈАКОВЛЕВСКИ, ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА „ЈАК“, НА СЕКОЈА ЛАГА ПА И НА ТВОЈАТА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ“ со кое реагирав на писмото на Гојко Јаковлевски „Зошто атака врз основачите на ВМРО-ДПМНЕ и врз партијата?“ објавено во „Нова Македонија“ не е објавено на интернет изданието на истото издание!? Со необјавувањето на моето писмо читателите кои го следат интернет изданието на „Нова Македонија“ се ускратени да го прочитаат моето писмо и во него да ги видат доказите кои Гојко „ЈАК“ се обидува со лаги да ги демантира во неговиот нов демант. На скенот од рубриката писма се гледа дека моето писмо го нема. Се надевам дека Уредникот на рубриката писма ке го исправи пропустот и ке го објави и тоа писмо.

 

 

 Гојко „ЈАК“ вели:

Новиот демант, односно напад врз мојата личност, Петровски го почнува со нова лага. Пишува дека по мој наговор му се јавил Лазе Шаршмит, неколку часа пред највеселата ноќ во годината, и тоа на човек што не го познава: „На 31.12.2016 година, по негов наговор, ми се јави извесен Лазе Шаршмит за да ми сугерира да не пишувам текстови во кои објавувам документи за тоа кој навистина е Гојко ’Јак’ и дека ќе ми ја прати неговата книга за да ја прочитам...“. Поголема лага и измислица, не сум прочитал, згора на тоа, измисленото јавување го посочува како клучен доказ на вистината. 

За демант на лагава на лажгото Гојко, Оперативната Позиција во Западен Берлин „ЈАК“ ке понудам два непобитни доказа.

Првиот доказ е дека разговорот со Laze Schaarschmidt бил вистинити и дека во разговорот извсниот Laze ја бара мојата адреса за да ми ја пратат книгата на Гојко „ЈАК“. Тоа од скенов непобитно се потврдува:

 
[Image: Laze_Gojko_1_2.jpg]

И вториот доказ, реакцијата-коментарот на Laze Schaarschmidt на мојот текст, поточно на моето споменување на Laze Schaarschmidt во моето писмото. Еве ја целата дискусија, ако може оваа да се нарече дискусија: 

 
[Image: laze_Gojko.png]


Ова го извадив, а е од реакцијата на Laze Schaarschmidt  на Фејсбук на моето споменување на него во моето писмо за да Гојко „ЈАК“ го види и докаже дека мојот разговор на 31.12.2016 година со Laze Schaarschmidt бил лага, измислица



[Image: laze_Gojko_12.jpg]

 Гојко „ЈАК“ продолжува со лаги и манупулации па вели:

За ненапишаното писмо од Драган Богдановски до мене, кое е измислено, не е потпишано од Драган, го пласира во медиумите како крунски доказ дека не сум бил основач на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е чист фалсификат. Дали сум или не сум основач на партијата, има илјадници пишувани текстови, книги, а впрочем има живи сведоци со кои заеднички учествувавме во формирањето на партијата. Петровски за да ја покрие сопствената лага, во реакцијата посочува дека писмото му го дал потпретседателот на ДООМ и НОФМ за САД, Трајко Трајковски. На овој начин сака одговорноста да му ја префрли на друго лице, во стилот „јас сум чист, писмото го добив и го пласирав“. Нема потреба никому да му се правдам, а најмалку на Петровски, но уште еднаш ќе потврдам дека во Минхен на 31 мај и на 1 и 2 јуни 1990 година, се состанавме: Драган Богдановски, идеологот на ВМРО-ДПМНЕ и јас, Гојко Јаковлески од дијаспората, а од Македонија дојдоа Љупчо Георгиевски, Борче Змејковски и Владо Транталовски.

 

Во моето писмо „ГОЈКО ЈАКОВЛЕВСКИ, ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА ’ЈАК’, НА СЕКОЈА ЛАГА ПА И НА ТВОЈАТА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ“, објавив од каде сум го добил писмото и наместо Гојко „ЈАК“ да провери кај Трајко Трајковски дали постои такво писмо, тој споменувањето на Трајко Трајковски од моја страна го представува како префрлање на мојата одговорност. Причината е јасна, Гојко „ЈАК“ несмее да го контактира Трајко Трајковски, бидејки Трајко Трајковски ке ја каже вистинатаи на тој начин ке потврди дека Гојко „ЈАК“ ЛАЖЕ!! Гојко „ЈАК“ не го коментира доказот, неколкуте различни писма кои ги пишувал Драган Богдановски и од кои се гледа дека писмото кое јас сум го приложил како доказ е пишувано на иста машина и од ист човек, на едно од писмата го има и потписот на Дрган Богдановски. Гојко „ЈАК“ не коментира дека истото писмо за кое вели дека непостои, го објавил и брат му Мане на порталот „Македонска Нација“. Доказите врзани за наводното непосточко писмо за да не ги повторувам се надевам дека моето предходно писмо ке биде објавено на интернет изданието на „Нова Македонија“. Ке ги повторам со очекување! 

Новата лага на Гојко „ЈАК“ во герданот од лаги изнесени во писмото:

Ниту нѐ пречека човек од УДБ-а, а г. Петровски сака на нечесен начин без никаков повод и причина, некој од нас да го направи дека бил шпион на УДБ-а, нишанејќи кон мене.  

Иако на Гојко, Оперативната Позиција во Западен Берлин „ЈАК“ јасно му посочив дека, „добредојде во Минхен на иницијаторите за основање на партијата ќе им посака соработник на македонските тајни служби“ не е мое тврдење, туку дека е тоа тврдење превземено колумната на Јанко Бачев: „Бившиот кодош на вмровците, денес е заменик-директор на тајната полиција – улогата на тајната полиција во дваесетте години на ВМРО - ДПМНЕ “ за која колумна во писмото дадов и линк за да се првери веродостојноста за напишаното!!

„Чудно“ е што Гојко, односно Оперативната Позиција за Западен Берлин „ЈАК“ не реагирал на таа колумна на ЕКС Разузнавачот Јанко Бачев!!  „ЈАК“ не демантирал и не го тужел Јанко Бачев кога го објавил текстот со за него спорниот дел!!

Да продолжам со еден многу интересен цитат од писмото на Гојко:

За идејата за формирање на партијата, Драган ме информира во телефонскиот разговор кога ме побара на почетокот на април 1990 година. Со паѓањето на Берлинскиот ѕид, со обединувањето на двете Германии, веќе се создадени услови и во Македонија да формираме демократска партија,

Да не прилагам други докази мислам дека за секој разумен човек ке е доволно да посочам дека Драган Богдановски  15.03.1990. год., во „Млад Борец“ го обзнанува основањето на ДПМНЕ. Во предходното писмо објавив скен од луѓето кои Драган Богдановски ги назначил во привремениот Координативан совет, таму го нема Гојко „ЈАК“ а го нема затоа што истиот НЕ УЧЕСТВУВАЛ во ОСНОВАЊЕТО НА ДПМНЕ!
Ке потенцирам повторно, зар на почетокот на април, наводно кога Драган му се јавува на Гојко „ЈАК“ и му предлага да формираат демократска партија Драган и Гојко „ЈАК“ ке договараат состанок за после ДВА месеци!! Малку услул Гојко „ЈАК“ во лагите!!

 

[Image: reh3.jpg]

Гојко „ЈАК“ продолжува со лагите па вели:

Во Минхен дискутиравме за програмата на партијата ДПМНЕ. Мислам дека Борис Змејковски предложи да се стави префиксот ВМРО.

Која програма Гојко сте договарале, кога програмата е објавена 15.03.1990 во Млад Борец!! Змејковски само ви пренесува информација дека дошло до спојување на ВМРО и ДПМНЕ!!

На 24.04.1990 година, Дане Поповски со сопругата Стефка пристига во Ресен, каде иако ненајавен на автобуската станица го пречекуваат Диана Транталовска и Борис Змејковски--интересно ке е да објаснат Змејко или Диана како дознале за доаѓањето на Дане? Во тие денови на престојот на Дане Поповски во Царев Двор се финализираат договорите и конечно е договорено спојувањето на ДПМНЕ со ВМРО. Прифатени се двата услова: програмата на ВМРО и во името на партијата првин да стои ВМРО. На конечниот договор покрај Дане Поповски и Змејко биле и Наум Андоновски од село Перово, ресенско, професор по англиски, Гоце Андоновски од Царев Двор и Митко Николовски од село Перово!!

За средбата во Минхен сведочење на Љупчо Георгиевски:



[Image: Gojko_minhen.jpg]



[Image: Gojko_finsii.jpg]

 

За крај текстот го оставив оваа:

Што е многу, многу е, па и од некојси азилант во Канада, што ја напуштил Македонија во годините по менувањето на политичкиот и економскиот систем, кога Македонија стана самостојна држава.

Гојко ако дошло до промена на политичкиот систем во Македонија СДБ/УБК немала да прогонува Македонци, симаптизери или членови на ВМРО ДПМНЕ. Во период 1991 -2000 година, според покојниот др. Зоран Тодоровски директорот на Архивот на Р. Македонија  и др. Јанко Бачев  екс разузнавач, се отворени околу ЧЕТИРИ илјади досиеа. Според некои мои сознанија таа бројка е далеку поголема. Со судскиот процес за добивање на азил докажав дека во Македонија не дошло до промена на политичкиот систем. На такво исто мислење е и Венецијанската комисија која вели дека на Македонија и треба лустрација и за периодот после 1991 година. 

 Јордан Петровски 

политички азилант од Канада

 

  

Јордан Петровски 17.09.2017

Се израдував кога ја слушнав оваа изјава:

„Тргнувајќи од историската автентичност на ВМРО како македонска организација нераскинливо вградена во институционирањето на Република Македонија како независна и демократска држава, а согледувајќи ја актуелната состојба во која се најде нашата партија на целосна внатрешна и надворешна изолација, како резултат на недостигот од внатрешен демократски капацитет, денес ве информираме дека е конституиран Републичкиот штаб за внатрешна демократизација на ВМРО-ДПМНЕ. Првична цел на делување на штабот ќе биде измена на статутот, со што ќе се внесе демократски дух во партијата, а согласно европските стандарди и заложбите на европските сестрински партии“.

Бидејки после долги години, поточно од згаснувањето на „Докторското Крило“ во Куманово за прв пат слушнав дека се појавиле луѓе кои точно го детектирале проблемот во ВМРО ДПМНЕ и чии видувања за решението на проблемот во ВМРО ДПМНЕ коренспондираат со онаа за што јас се залагам и пишувам: 


Изборот мора да се отпочне со САМОКАНДИДИРАЊЕ и овој пат мора да тргне од Опшинските Комитети, тие да бидат првите филтри на патот на кандидатите кон финалната битка . Финална битка со јавна ТВ дебата помеѓу неколкуте кандидати кои ке се “пробијат“ до финалето и избор несмее да биде на конгерс туку со гласање на сите членови на партијата. Гласање кое ке одвива во просториите на Опшинските Комитети.

Пред да се појават со јавен проглас и со тоа да дознам за РЕФОРМАТОРИТЕ, испровоциран од појавата на разноразните спасители на вмро ДПМНЕ го напишав следново:

Во ова време—невреме веке почнаа да се јавуват многу „загрижени“ вмроОВЦИ што нудат решение за спас на вмро ДПМНЕ. Загрижените вмроОВЦИ како спасители на партијата нудат луѓе кои биле дел од криминалната и антимакедонската власт на Груевски и братучедите!! Луѓе кои молчеле за криминалите, луѓе кои и денеска не го осудуват Груевски, луѓе кои наместо после првите „бомби“ да побараат оставка од лидерот, тие се впуштија во беспоштедна одбрана на екс-Премиерот. Спас на ВМРО дпмне не е можен ако во Партијата остане и еден човек кој бил дел од власта на Груевски, како во партиската, така и во извршната власт. Без темелно чистење нема можност да се отстранат инсталациите на  Службите: УДБА и КОС-ОПЕРА во партијата.  Единствен начин за чистење на партијата е да се спречи човек на СЛУЖБАТА повторно да биде поставен за нејзин лидер!! За да не дојде повторно човек на Службата на чело на ВМРО ДПМНЕ ке се обидам преку текстов да објаснам некои работи. 

Напишав текст под наслов „ДАЛИ СЛУЖБАТА ПАК КЕ ИЗБЕРЕ ПРЕДСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДПМНЕ со кој се обидов да го пренесам искуството кое го стекнав/ме 1998-2000 година, во обидот спречување на криминализацијата и султанизацијата на партијата!!

Еве едно од десетиците мои мислења со подршка на иницијативата за демокрратизирање на ВМРО ДПМНЕ искажани на Фејсбук: 

 

[Image: a_m_ww_1.jpg]

 

Но како одминуваше времето никако да се појави ветениот нов СТАТУТ, никако РЕФОРМАТОРИТЕ да го понудат на членството, да одат по општинските комитети и да го чујат мислењето на членството за СТАТУТОТ и така да обезбедуваат подршка за свикување на вонреден конгрес, единствен начин да се смени СТАТУТОТ и да се избере нов преседател!! РЕФОРМАТОРИТЕ одбраа друг, за мене нелогичен пат, држеа и држат трибини на кои беше представуван документ во кој детално се претставени проблемите и конкретните решенија, според кои, ВМРО-ДПМНЕ треба да се реформира, со цел да стане современа и демократска партиска структура ама СТАТУТОТ го нема!!  Но затоа полека РЕФОРМАТОРИТЕ се наметнуваат како водачи на некое членство, водачи кои по ниедна основа немат легитимитет!! Немаат легитимитет бидејки НИКОЈ не ги избрал. Да потсетам, тие самите се промовираа во подготвувачи на нов СТАТУТ и ништо повеке од тоа!! Дали свесно или не РЕФОРМАТОРИТЕ го голтнаа кукавичкото јајце кое како „добронамерен совет, мислење“ им е пласирано од некои за РЕФОРМАТОРИТЕ битни подржувачи? Според мене тоа е НВОто ЦИВИЛ кој е промотот на РЕФОРМАТОРИТЕ!! Можеби грешам, ама моето познавање на работата на СЛУЖБАТА ми вели дека сум во право, бидејки според онаа што РЕФОРМАТОРИТЕ сега го прават--впуштање во решавање на прашања , враќање на соработка со САД, ЕУ--се работи кои ги прави легитимно избрано раквоводство.

Дека настанала комплетна промена во начинот како РЕФОРМАТОРИТЕ гледат решение за демократизирањето на ВМРО ДПМНЕ се виде од посетите на Брисел и САД. 

Во САД, Александар Михајловски говори во име на членството, говори за цели на партијата, говори како да е избран од членството на партијата. Кого преставува Александар Михајловски во тие свои настапи, од кого е избран да говори во име на членството? Значи, заложбата на РЕФОРМАТОРИТЕ за демократизирање на партијата која беше најавувана дека ке се случи со носење на нов СТАТУТ се изроди во самоизбор, самопрогласување на водачи на партијата. Каде е изборот кој ке потекне од општинските комитети? Каде е избор во кој секој член ке учествува во изборот на лидерот?? Го нема!! 

Еве неколку скенови во кој Михајловски говори за некои свои видувања или видувања на групата РЕФОРМАТОИ. Би сакал да верувам дека несвесно погрешно се изразува кога вели  дека така мислат и „членовите на партијата“. Инаку, кои и колку се тие членови во чие име тој говори? Дали тие членови се мнозинство во партија Александар неможе да каже, бидејки тој податок ,може да биде познат само после избори во партијата!!



[Image: reformatori_lustracija.png]

 

 

Неколку збора за Руското влијание против кое РЕФОРМАТОРИТе ке се борат. Се поставува прашањето „Во која форма ке се оставри Руското влијание, со окупација на Македонија“?? Сигурно не! Формата на Руското влијание ја знаеме сите многу добро, а таа е најавена и во документите кои ги изготвил Југословенскиот воен врв кон крајот на првата половина на осусмдесетите година на минатиот век. Формата на Руското влијание е преку опстанувањето на КОМУНИСТИЧКИТЕ СИСТЕМИ во што повеке држави во светот. Планот го обзнанил и генералот Мамула во своите мемоари. Мамула опишува како ке се врати комунизмот, односно комунистичкиот систем. Мамула вели, парафразирам: ке направиме приватизација, ке се притаиме додека трајат националистичките еуфории низ бившите комунистички држави и потоа кога сето тоа ке се примири пак ке ја превзмеме власта. СДСМ колку сака нека говори дека прави се за да го елиминира Руското влијаие ама на тоа ке веруваат само луѓе кои незнаат ништо за тоа што се случувало во изминатите 27 години и луѓе кои се одработувачите за опстанок на Руското влијание во Македонија. Советот за култура кој го избра министерот Алајџозовски е составен од елитата на комунистичкиот агинтроп. За членови на таа комисија се што е десничарски ВМРООВСКИ сваќања е фашизам. Односно десничарите се фашисти, како и во времето на Југославија. За сиве овие години само глуви и слепи луѓе не видоа и не слушнаа дека антифашизмот е само реторика за прикривање на комунистичкиот начин на водење со државата!! Да не се враќам на власта на Груевски бидејки таа е минато ке посочам на тоа колку новата власт е антируска!! Во комисијата за реформи на судството се луѓе кои го крешеле Уставот заради прогон на ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ неистомисленици, односно се луѓе кои продолжиле да ја употребуваат Тајната Полиција исклучиво за зачувување на комунистичкиот систем, дека тоа е така постои пресуда на Канадски суд!! Дека пресудата на Кнадскиот суд не е осамено покажува и мислење на Венецијанската комисија со кое се посочува дека Македонија не го сменила комунистичкиот систем ни со носење на Уставот од 1991 година ни со иснталирање на повекепартизам!! За да направите една проверка на ова што го пишувам побарајте дали има текст од лидерот на НВОто, Џабир Дерала, во кој се говори за Неуставните употреби на Тајната Полиција, во кои се говори за носителите на тие прекршувања и во кои се бара осуда на луѓето кои биле носители на функции кои го осмислиле или овозможиле тоа!! Направите и проверка дали таков текст објавил Цивил Медија од било кој автор! Без рушење на комунистичкиор систем нема прекинување на Руското влијание!!

 

 

 

 
Јордан Петровски 15.09.2017
За големите ветувања на Заев, за ВРАЌАЊЕ на слободата, демократија, еднаквоста пред законот,  ....  бев скептик и прашував, во мои текстови и во мои мислења во полемики на ФБ, како може Заев да врати нешто што не постоело? Моите прашања упатени до Заев и останатите членови на водството на СДСМ никогаш не беа одговорени!! Заев како и сите комунисти е тежок манипулант и лажго, тој кога зборува чиниш од него нема поголем демократ и по правдољубив човек ама кога ке ми ги видиш делата јасно станува дека Заев бил само одличен ученик на Тито, Глигоров и се разбита СЛУЖБАТА!! 
 
 
 
 
Лицемер, лицемерно во превод значи:дволичен, пренамагач, превртлив, препреден, измамник

08.09.2017 Катерина Kолозова

Ја чисто процедурално: кога ви велев, тоа платформата не е трик на Груевски за да остане на власт туку се мртви сериозни со неа, вие „ти си релативизаторска вмровка како можеш да му веруваш на толкувањето на Груевски“? Ви кажав и дека јас најмалце имам проблем таму со јазичните права на Албанците туку со очигледниот потег на меѓународната заедница да ги УПОТРЕБИ Албанаците во решавање на „македонското прашање“ како регионално и европско: ви реков, немам проблем со проширувањето на употребата на јазикот, ама има проблем со обидот за ХИБРИДИЗИРАЊЕ на идентитет. Прво, затоа што е безобразно да се форсира бинационален наместо мултикултурен (ме нервира тој збор) или сеграѓански. Второ затоа што е премногу глуп планот за хибридизација. Просто можам да замислам од чии глави блеферски е излезен. Глуп е планот за новиот „славо“-албански идентитет што сакаат да го конструираат. Планот им е исто толку промислена стратегија колку и малоумниот СК 2014 и целата антиквизација. Не знам кој ги советува, ама со истата логика се и едниот и другиот план за идентитетски revamp: мали-Ѓокица инженеринг на идентитет, плукни-па-залепи не бидува. ВИДЕТЕ, ПОСТСТРУКТУРАЛИЗМОТ, И ТОА ДЕКА ИДЕНТИТЕТОТ Е КОНСТРУКТ СТЕ ГО СФАТИЛЕ ТОЛКУ СИМПЛИФИКАТОРСКИ, НИ 6 НА ИСПИТ НЕ БИ ДОБИЛЕ.
Нејсе, основно познавање немате што е конструктивизам.
Е сега, новиот конструкт, тој што го градите, „славоалбанскиот“ е сигурно идентитетот од кој Грците ќе се плашат двојно повеќе одошто од овој „фиромскиов“, и со тоа проблемот не се решава туку се влошува. Албанците ќе останат фрустрирани бидејќи ќе се очекува НОВИОТ идентитет да го живеат ко нивен, а врските со Албанија да ги сечат - trust me, драги другари Апбанци, ќе се очекува двоглавиот орел да го баталите и да го обожавате новиот симбол.
Македонска нација онака како била замислена од вмровските левичари и партизани ќе биде укината: нема да е мнозински словенска. Договорот со Бугарија беше добра основа за уредување на односоите и со Грција, и добра основа за уредување на односот со нас како споменатата нација. Но за хибридов-во-создавање од идентитет, за такво македонство они немаат потпишано договор - проблемот пак ќе се отвори, оти ги ремети нивните наративи за сами себе. Ова нема да им се бендиса, ќе видите - прашајте го Каракачанов.
За крај, чисто процедурално: ЛАЖЕА дека им треба двотретинското мнозинство на ВМРО и дека точките на платформата се неостварливи, дека таа е само тоалет папир нужен да се потпише за да се „сруши режимот.“ ПОУКА за македонската јавност: ПРЕКИНЕТЕ СО ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР И СО НАГАЃАЊЕ ШТО Е ЗАДКУЛИСНО. МАЛКУ ВЕРУВАЈТЕ И НА ТОА ШТО ГО ГЛЕДАТЕ СО ВАШИТЕ ОЧИ, што ви е пред нос. СДСМ, многу лажат и вешто - тоа не го забравајте.
ПРЕПОРАКА до меѓународната јавност: ПРЕКИНЕТЕ ДА СЛУШАТЕ ПРИУЧЕНИ НЕДОУЧЕНИ КВАЗИ-ПОСТМОДЕРНИСИТЧКИ ЛОКАЛНИ ДИЛЕТАНТИ ОД ЕКСПЕРТИ. ДИЛЕТАНТИ СЕ, ПРЕВАРАНТСКИ ПОЗЕРИ. ВЕ ИЗЛАЖАЛЕ: this will not work. А И ВИЕ СТЕ БИЛЕ МРЗЛИВИ.

 

Пишува Душан Петровски 08.09.2017

Откако после единаест-годишно поседување на државниот трон ВМРО-ДПМНЕ се симна од власта почнаа да кружат нормалните повици за реформи во партијата специфично, и десницата општо. Од сето она што го имам видено на оваа тема единствено како нешто свежо ми отскокнува текстот на Никола Џилвиџиев, „Реконструкција на десницата.“ Тука авторот ја одбгегнува старата дискусија за превземање на партијата од рацете на нечесните, несоодветни лидери; ја одбегнува и короларната дискусија за формирање на трета партија—која би била скупина на чесни и соодветни лидери; и зборува конкретно за конечно создавање на вистинско десничарски кадар во Македонија. На тој начин Џилвиџиев луцидно го конкретизира проблемот којшто ја засегнува не само македонската политичка сцена, туку друштвениот живот воопшто: непостоењето на вистинска десница на македонските простори.

Џилвиџиев е сосема во право во неговото тврдење дека во Македонија не постои вистински десничарски кадар. Тоа е единствениот заклучок којшто може да се извлече доклку погледнеме како живеело македонското општество од 1945 година па навака. Во периодот 1945-90 година во училиштата се предаваше Марксизмот; пристапот до слободни информации беше невозможен; пристапот до контра-комунистичка литертура незамислив; економијата под комплетна контрола на државата. Условите сосема малку се изменија во 1990-тите: Марксизмот остана темелот на општествените науки; економијата номинално се приватизира—но сѐуште продолжи да фунцкионира на клиентско-интервенциониостичкиот медот од времето на поретходниот систем; протокот на информации остана ограничен; пристапот до контра-комунистичка литертура продолжи да биде недостапен—или поточно, непожелен. Иако не живеам во Македонија од средината на 2000-та година, сепак, и од далечна Канада лесно воочлив е македонскиот интелектуален и идеолошки лет во место.

Сосема разбирливо е тогаш што разбирањето за десница на македонската политичка сцена овие три децении подразбира воглавно национализам, традиционализам, шупло плукање по комуњарите, и горе долу ништо повеќе, освен ветувањата за подобар и подостоинствен живот. Според оваа гледање на работите, десницата е за капитализам, а капитализмот е приватна сопственост на средствата за производство—услов што во Македонија се исполни со приватизацијата на државните претпријатија. Така, десничарството во Македонија останува сведено на заблудено патриотство, мистичен традиционализам и паушална поддршка за слободниот пазар—без суштинско проучување на суштината на десничарската идеологија. Практично, ВМРО-ДПМНЕ, како олицетвоерние на македонската десница, го практикува своето „десничарство“ на сосема идентичен начин со социјал-демократијата која ја пропагираат наследниците на Сојузот на комунисти.

Џилвиџиев го постулира пробемот:

Иако има репутација за „иселеничка партија“, членството на ВМРО-ДПМНЕ сепак се состои углавном од луѓе кои или живееле во комунистичка Југославија, или се деца на луѓе од комунистичка Југославија. Колку и да се чувствуваат инстинктивно десни, за беља, повеќето луѓе не се свесни до кој нечовечен степен е продрен социјалистичкиот дух длабоко во нивната потсвест. Преку механизмите за индоктринација наречени „медиуми“, „образование“ и „култура“, луѓето уште во младоста се обликувани во крипто-агенти на левите идеологии, иако тие самите можат да се сметаат за центристи или левичари [sic.]. Оттаму имаме ситуација да наводно конзервативната ВМРО-ДПМНЕ стане партијата која нуди бесплатен јавен превоз на пензионерите, вработува десетици илјади членови во државната администрација и постојано ги напумпува субвенциите за земјоделците – дејствија кои се типично социјал-демократски и неприфатливи во десничарската доктрина. Не само народот, туку членството на ВМРО-ДПМНЕ ги бараше овие работи од горниот ешалон, како замена за нивното преќутно одобрување на корупцијата и криминалот. Кажете ми, како е возможна реформа на организација која е трула од дното нагоре?

Но, Џилвиџиев нуди лек. Доколку сме жртви на индокринација, тогаш иљачот е интроспекција, како прв чекор на патот кон целосно просветлување—обратното од индокртинација:

За членството на ВМРО-ДПМНЕ, можам да понудам еден едноставен совет. Реформата почнете ја од себе. Навлезете длабоко во својата психа, најдете ги оние делови кои ве втурнаа во груевистичкиот социјализам замотан во конзервативна обланда и исфрлете ги од себе. Најдете ја зависта, најдете го бесот, алчноста и ароганцијата и исфрлете ги од себе. Внимавајте на све што кажувате и мислите. Сме го имале тој баксуз да поминеме низ стрништето наречено „државно образование“ во младоста, кое грижливо ни има имплантирано мали марксистички ѓаволчиња длабоко во психата. Најдете ги овие демони и исфрлете ги од себе. Само со психолошка дисциплина врз себе можеме да се прочистиме од гревовите кои сега ги припишуваме на ВМРО-ДПМНЕ.

Ситното јадро коешто денеска ја сочинува вистинската десница—познато како либертаријанци—како групација на лица подоброупатени и веќе навлезени во процесот на себепросветлување има должност да биде светилникот којшто ќе го покажува патот на оние кои ја бараат вистината. Џилвиџиев дава нацрт план за изведувањето на овој процес, којшто треба да биде истуркан од добро потковано јадро апостоли:

Корпусот не е организација, не е движење, не е дури ни најобична група на пријатели. Корпусот е класа на граѓани кои независно еден од друг оперираат кон заедничка цел, дури и кога привремено се здружуваат. Она што ги спојува е заедничката идеја. Група независни агенти кои оперираат кон заедничка цел со иста идеја ствараат привид за централизирано и организирано делување, иако не се централно организирани. Ова го нарекуваме спонтан ред.

Спонтаниот ред, нормално, може да се јави и спонтано, и во практиката најчесто се обсервира во оваа форма. Меѓутоа, постои начин спонтаниот ред да се отпочне наменски, т. е. од актери кои свесно сакаат да изградат корпус на независни агенти. Ова се постигнува со оформување институции за производство на кадри на корпусот. Институциите, без оглед на тоа дали се здруженија, невладини организации, медиуми или пак имаат друг облик ги всадуваат и повторуваат идеите кои при навлегувањето во идејниот систем на субјектот, го претвораат во кадар на корпусот. 

Ќе го потсетам читателот дека не станува збор за послушници или платеници, туку за луѓе кои делуваат по своја волја, дејствувајќи под влијание на идеите во сопствените глави. Институциите не постојат да го командуваат корпусот, туку за да го создадат и одржуваат преку пролиферација на идеите. 

Предноста на корпусот над пошироко граѓанско движење е компактноста и гласноста. Мала, но одлучна група луѓе нема проблем со внатрешните несогласувања кои ги следат пошироките граѓански движења, што му дозволува да комуницира со еден глас кој далеку стига, иако може да се работи за малцинско становиште. Предноста над корпусот пак над групата послушници е искреноста. Никој не може да го обвини корпусот за неискреност, хипокризија или мирмидонство ако кадрите навистина веруваат во тоа што го комуницираат и го прават по своја волја, најчесто без компензација. 

Проблемот со кој што се соочува десницата, покрај патологизацијата на ВМРО-ДПМНЕ е и отсуството на десничарски корпус. Како што се виде од изборите на 11ти декември, корпусот може на грб да износи дури и една анемична и безперспективна партија каква што е СДСМ. Да постоеше десничарски корпус, болеста на ВМРО-ДПМНЕ немаше да биде толкав проблем. 

Така што во враќањето на македонската десница, од помала важност ќе биде реформата на ВМРО-ДПМНЕ отколку конструкцијата на десничарски корпус. За беља, ретко кој има волја да одвои средства за конзерви и реакционери, ама па ете среќа во несреќа: живееме во добата на интернетот, каде што пролиферацијата на идеите е многу поевтина и поедноставна. 

Десницата мора да почне да гради институции за креирање кадар на десничарскиот корпус. Со оглед на тоа што енормен процент од населението сеуште е заразено со патолошките идеи на социјализмот, како што е опишано погоре при дијагностицирањето на болеста која го зафати ВМРО-ДПМНЕ, овие институции ќе мора да се сосредоточат на гаење култура на психолошка дисциплина на индивидуално ниво. Еднаш штом ќе бидат истерани социјалистичките бесови од главите на надежните десничари, ќе може да почне пролиферацијата на десната идеологија. Не сум сигурен каков ќе биде пристапот на овие институции, меѓутоа во ниеден случај не смее да биде ист како пристапот на левите институции, со оглед на вродените психолошки разлики меѓу левичарите и десничарите (повеќе кај Dr. Jordan Peterson, овде ). Овие институции претежно би оперирале онлајн, или како локални групи, со оглед на недостатокот од средства кои и се на располагање на десницата.

Ова е проект кој може да потрае и 20-30 години. Со оглед на тоа што во моментот десницата е падната, јасно е дека касно го започнуваме. Меѓутоа, еве уште една среќа во несреќа. Левицата го распукна својот корпус.

Лично, не можам да му најдам замерка на нацрт-планот на Џилвиџиев. Но сепак нешто недостасува. Палнот на Џилвиџиев дава механизам за подготвување на кадри, но како што веќе и самиот забележал, суштинскиот проблем со кој се соочува десницата е идеолошката магла во која се наоѓа истата. Десницата—македонска и светска—деновиве е под опсада на националистички настроените социјал-демократи од една проста причина: таа не е исправно дефинирана и децидно диференцирана од другите политички појави. Ако левицата е страната на колективизмот—за којшто ние велиме дека неизбежно мора практично да биде идеологија на угнетување—тогаш десницата мора да понуди поискрена алтернатива од желбата нашите угнетувачи да бидат почесни или поспособни. Темелот на левата идеологија е љубомората, односно желбата за нешто незалужено т.е. туѓо. Темелот на идеологијата на десницата, тогаш, мора да биде заштита од љубомората. Прво: мораме да бидеме идеолошки концизтентни. Второ: нашата идеологија мора да биде чесна во секој аспект.

На десницата ѝ треба не реконстукција, ниту реформа, туку реформација. Деницата мора да престане да биде скупина на колективисти од различни видови—националисти, ама социјалисти; „капиталисти“, ама интервенционисти (крони капиталисти ала Sинго, Амди, Мично); фискални конзервативци, ама социјални либерали, итн. Вистинската десница (за разлика од алтернативната „десница“) мора да биде страната на обратното од угентувањето. Дефинирањето на десницата преку призмата на „национализам/интернационализам“, „комунизам/капитализам“, „религиозност/атеизам“, „конзервативизам/либерализам“ не ни врши функција. Десницата мора да се дефинира себе си на несоборлив темел којшто е отпорен на секаков предизвик. Мисијата на она што Џивлиџиев го нарекува „корпусот“ мора да биде ширењето на правоверието на новото (но навистина старо) десничарство: принципот на нон-агресија, или неповредливост на индивидуата и нејзиниот посед.

Според врутокот на модерното либертатијанство (вистинско десничарство), Мизес инситутутот од Алабама:

Принципот на нон-агресија (НАП) (исто така познат како аксиома на нон-агресија, или анти-угнетувачки принцип или принцип на нулта агресија или принцип на неиницијација на сила) е етички став којшто стипулира дека „агресијата“ е суштински нелегитимна. „Агресијата“ се дефинира како „иницијација“ на физичка сила против личност или посед, закана за насилно делување, или измама против личност или нивни посед. Спротивно од пацифизмот, принципот на нон-агресија не ја исклучува  употребата на сила во полза на самоодбрана. Принципот е деонтолошки (или заснован на правила) етички став.

 

Принципот на нон-агресија е прост, но е немерливо длабок, и како таков е токму она што го бараме во нашата потрага по приварзаници на идејата за лична слобода—бидејќи неприкосновеноста на индивидуата е темелот на десничарството. Поаѓајќи од него, можеме да стасаме до секој потребен заклучок, и да ја собориме секоја неправедна идеја. Поставувајќи го принципот на нон-агресија како темел на државното уредување ја отфрламе потребата од законодавство и го намалуваме влијанието на т.н. граѓански сектор, на политичарите и на нивните суперструктурални институции. Бидејќи принципот на нон-агресија стипулира дека никој не смее на друг да му наштети, секое дејство мора да биде на доброволна основа. Принципот на нон-агресија ги прави невозможни узурпациите од страна на мали групи кои демократијата (како владеење на руљата) ги механизира. Истовремено, принципот на нон-агесија не е наивен повик на пацифизам. Напротив, принципот на нон-агресија одговорноста за својата личност ја става на рамениците на индивидуата—правејќи го принципот на самоодбрана (физичка и интелектуална) свој интегрален дел.

Доколку ја погледнеме историјата на македонскиот народ, многу лесно ќе забележиме дека принципот на нон-агресија е токму она што е во постојана фаза на прекршеност, до толку што ова е главната тема на македонскиот фолкор. Делувањето на историското ВМРО—спонтаниот ред којшто се устроил околу организацијата и борбата за самоопределба е најлуцидно олицетворение на приниципот на нон-агресија во македонската историја. Комунистите во втората половина на двесеттиот век понудија своја измрсена верзија на овој принцип во нивната заложба за еднаквост—но истовремено влегоа во жестока борба со НАП-от од простата причина што колективизмот не ја признава индивидуата и нејзиното природно право да постои (што неизбежно значи да содејствува со природната средина и поединечно да се развива). 

Во пракса, принципот на не-угнетување се прекршува со присилното образование на младината во владини центри за индоктринација; во даночењето; во субевнционирањето на одредени индустрии; во лиценцирањето на професии; во државниот монопол врз монетарниот, правосудскиот, и коловозниот систем; во отворањето на државните граници на туѓинци; во државно-санкционираното загадување на околината од привилегирани странки; во државното финансирање и општо контролирање на културно-забавниот и радиодифузен простор; во масовната државна администрација; во оперирањето на социјалната држава, итн. Но, најгрубото и најжестоко прекршување на принципот на нон-агресија претставува постојаната повреда на приватноста и приватната сопственост. Во Македонија ова е проблем со длабоки корени и широко распостранети гранки. Додека зачетоците на полициската држава на овие простори можеме да ги најдеме некаде во средината на деветнаесетиот век, нејзината завеса сѐуште не сме ја виделе да падне.

Полициската држава во Македонија е жива и здрава и ден денешен, пред сѐ поради синџирот на корупција којшто македонскиот народ не сака да го скрши. Оваа реалност секако не е нерационална, туку е резултат на државната доминација врз економијата. Без разлика дали некој е работник или бизнисмен, уметник или интелектуалец, спортист или лекар, неговиот успех во животот пред сѐ зависи од статусот којшто истиот го ужива со партиската полиција: пријател или непријател. Идеолошката полиција бара пријатели—а пријателството со неа се остварува на само еден начин: кодошејќи, клеветејќи, и завернички делувајќи против своите сограѓани. Мисијата на апостолите на новата десница мора да биде кршењето на синџирот на корупцијата преку образувањето на своите сограѓани за далекусежните последици на нивното кокетирање со тајната полиција.

Многумина од оние коишто се сметаат за конзервативци во принципот на нон-агресија гледаат штура идеологија, бидејќи тука го нема Господ, ја нема татковината, го нема капитализмот, нема морални вредности; туку само четири збора: остави ме на мир. На тој начин „конзервативците“ само си ја издаваат својата интелектуална мрзеливост. Тоа што НАП-от вели дека секој е слободен самиот да си наштети на себе си сѐ додека не му штети на друг, автоматски не значи дека сите треба да бидеме либертини, проститутки, зависници на опиум, и растурикуќи. НАП-от се заснова на фактот дека човекот е себичен, разумен, и дека има интелектуален капацитет да го воочи природното устројство. Човекот е себична појава, и од тоа нема бегање; но тоа не значи самото по себе дека човекот оставен на сопствените уреди само ќе знае да се однесува како див ѕвер.

Внимателниот читател ќе забележи дека јас не зборувам за капитализмот, и за неговата супериорност врз социјализмот како основица на десничарската идеологија. Тоа не е случајно. Капитализмот не е идеологија, туку е пракса—и затоа капитализмот не треба да биде темел на десната идеологија. Оставени на мир, но и без мрежа на социјална сигурност—бидејќи нејзиното финасирање е присилно, и на тој начин се прекршува НАП-от—луѓето неизбежно мораат да ги практикуваат механизмите на слободниот пазар, да штедат и да инвестираат—доколку имаат желба денес да живеат подобро од вчера, а утре подобро од денес. Но, џабе капитализам—т.е. формално-правно слободен пазар—доколку Државата е слободна на еден или друг начин да го конфискува заработеното. Капитализмот—како систем на доброволна, мирољубива соработка—спротивно на марксистичките критики, не може да опстои во општество каде што приватната сопственост е незаштитена. Принципот на неповредливост на индивидуата е она што го дава тој механизам. 

Реформацијата на десницата—т.е. оформувањето на корпусот на новата десница мора да започне од темелот. Идните приврзаници на десницата мора да бидат интимно запознаени со логичното образложение на принципот на нон-агресија; за разлика од догматичното завивање на капитализам, криптовалути, Господ, и татковина. Само така можеме да бидеме од поголема вредност за нашето друштво од преварантите на три кибритки кои уста пенат фалејќи го капитализмот, а кои практикуваат корупција и клиентилизам. Ќе се послужам со корисна аналогија: Џабе ни е ако ги рецитираме Десетте заповеди доколку не ја разбереме суштината зад нив: почитувај го створителот и створеното, не кради, не лажи, не љубомори, не прељубувај, не убивај, не верувај на секому (имај разум—штити се себе си), почитувај ги старите, соработувај со комшијата. Просто речено: биди корисен и немој да уништуваш. Убедувањето дека овие заповеди треба да се почитуваат од страв дека ќе нѐ казни невидливиот човек кој живее зад облаците го карикатуризира карактерот на овие природни (Божји) закони. Секоја Мојесејова заповед во себе содржи принцип којшто се издестилирал низ вековното содејствување на неговото племе со природата и општеството. Доколку знаеме дека друштвото напредува кога напредуваат неговите поединци—бидејќи само поединците дејствуваат—и дека напредокот е заснован на создавање, штедење и инвестирање (комплексно создавање) тогаш можеме да видиме зошто крадењето е грев. Крадењето е непожелна појава, не затоа што ќе се налути Дедо Боже, туку затоа што го оштетува создавачот и му ја попречува можноста да инвестира. Попречувајќи го поединецот да напредува, целото општество страда како последица. Лажењето е непожелно затоа што не ни дава можност реално да ја согледаме состојбата на работите, што ги прави последователните одлуки засновани на грешка и на тој начин го води целото друштво на погрешен пат. Мамењето е повреда врз личноста и поседот на измамената странка. Љубомората е желба за крадеж. Непочитувањето на постарите ги оддалечува младите од мудроста којашто првите ја акумилирале низ своите содејстувувања со животната средина, итн.

Следејќи го НАП-от до својот логички заклучок безусловно доаѓаме до заклучоците дека патријархијата, кохезивноста на друштвото, самодисциплината, и слободниот пазар се општествено најпожелните појави. Но, истовремено се изземаме од праксата прислино да ги наметнуваме овие заклучоци врз оние чиишто умови учат исклучиво од своето искуство; или пак коишто немаат амбиција да живеат подобро. Разликата е што следејќи догма му улиме на Господ отфрлајќи го најголемиот дар со кој тој нѐ почестил, одбивајќи да го рабереме Космосот којшто тој грижливо го изградил; додека при следењето на НАП-от се служиме со највредната дарба со која Господ нѐ надарил: разумот.

Да се разбереме: ние сме во потрага по нова десница, не по „нов човек“. Човекот, каков што ѐ е доволен, бидејќи е надарен со разум, сочувство, и нагон за опстанок; а принципот на неповреда на индивидуата е прост и логичен. Луѓето се луѓе, она што ги разликува резултатите на нивните напори е системот на нивното друштвено уредување. Она што го направило Западот напреден до степенот којшто денес го сведочиме не била социјалната држава, туку почитувањето на принципот на нон-агресија, од што како секундарни појави се појавиле слободните пазари, образовните институции, добротвотрните организации, итн, а како резлутат на овие пракси и институции сиот материјален просперитет на овие држави. Затоа не треба да изненадува што во овие идеолошко матни времиња кога Маркскизмот се обидува да ја повтори Револуцијата од пред еден век, Мизесијанското либертаријанство е идеологијата која најбргу се шири. Затоа, заборавете го мртвиот коњ наречен ВМРО-ДПМНЕ. Тој и онака е само конструкција на  политичко-полициското подземје и никогаш нема да биде дом на десницата. Наместо тоа, да тргнете во мисија да оформиме нова десница. А, доколку сме искрени во нашите тврдења дека сме за нова десница, тогаш процесот мораме да го започнеме од темелниот послтулат: заштитата на основната општествена единица—човекот.

 

 

Пишува Душан Петровски 08.09.2017

На 8 септември 1991 година, ден недела, во тогашната сојузна југословенска република Македонија се одржа референдум. Иако прашањето на референдумот немаше врска со прогласувањето независнот, туку дали граѓаните се за нов сојуз на јужнословенските народи, а Македонија се раздружи од тогаш постониот југословенски сојуз со донесувањето на новиот 17 ноември 1991 година, 8 септември остана забележан како Ден на независноста на Република Македонија. Во годините што уследија, па сѐ до денешен ден, оваа мала држава не успеа да постигне ниту една од објективите кои ги зацрта на почетокот: влез во ЕУ и НАТО, повисок стандард на живот, демократски стандарди, итн. За да разбереме зошто е тоа така, полезно е да се навратиме на случувањата во периодот кога беше прогласена независноста.

 

Грешка

1. акт или состојба на неуко или непредпазливо отстапување од Кодексот на однесување

2. чин, на ненамерно отстапување од вистината или точноста

3. чин, кој преку незнаење, недостаток или несреќен случај се оддалечува од целта или не успева да се постигне она што треба да се направи

 

„Гласот 'за' суверена и самостојна Македонија е глас за здружување во Сојуз на суверени држави во Југославија. Повеќедецениското опстојување и заедничкиот соживот на овој простор е основата врз која ги осознаваме и нашите интереси за неговата иднина. Гласот 'за' референдумот е повик за престанување на безумната војна и крвопролевањата во Јуогславија. Не ни требаат нови човечки жртви, нови историски омрази, националистички страсти и болни апетити за прекројување на некакви нови граници и сојузништва. Југославија ни е потребна како модерен сојуз на суверени држави, во кој равноправноста и толерантноста се услов да опстоиме и виза да се придружиме таму каде што природно припаѓаме, во европскиот дом на народите.“ (Киро Глигоров, 28 август 1991 година)

„Грешка“ подразбира резултат на дејност на ненамерно промашување на целта. „Грешки“ не се прават со умисла, т.е. ипланирано или намерно. Дека „грешките“ кои се направија во раните денови на независноста, но и кои продолжуваат да се прават денес (Тиранска платформа, задолжување на државата, антиквизација, итн.) не беа случајни е фактот што целото општествено богатство заврши во рацете на оние кои ги направија тие „грешки“, а истите остануваат неказнети. Низ минатите скоро триесет години во македонската политичка реалност имаше премногу такви примери за да се набројат сите, но најзначајните и секако оние со најголема тежина по судбината на државата и народот кој живее во неа, беа сторени во времето на самите зачетоци на таканаречената Независност, во периодот 1990-1993 година. Сето она што следеше беше само инерциско извршување на процесите кои беа започнати во тие неслучајно хаотични години на црната магија која ја спроведе Србокомунистичката мафија. 

Новото сонце на слободата што требаше да изгрее по колапсот на Железната Завеса не блесна со својот сјај, бидеќи Комунизмот не умре со падот на Берлинскиот Ѕид, туку само волците се променија во ново руно и тргнаа во освојувањето на нови хоризони, Брисел и Њу Јорк. Така и во Македонија, волците од Комунисти станаа Социјалдемократи, Реформисти-либерали, Демократи, Социјалисти, Работници, Селани, Еманципирани, Просперитетлии, а во екстремни случаи и Независни, па дури и „националисти“. „Другарите“ станаа „граѓани“. И самата држава си го промени името—но методите на Комунистите и државата со која сè уште раководат останаа исти.

 

УДБа ПРЕВЗЕМА МЕРКИ И АКТИВНОСТИ

 

Согледувајќи дека дуваат ветришта на промени и знаејќи дека е мудро повеќекратиот колапс на економијата на Југославија да се претстави како резултат на надворешни влијанија Србокомунистичката мафија одлучи дека мора да спроведе мерки и активности да се заштити себеси од „внатрешниот и надворешниот непријател“: народот и вистината. Кон таа цел во 1990 година се обзнани „плуарилзмот“ и беа спуштени забраните за постоење на партии надвор од Сојузот на Комунисти.

Следно, во есента се оджаа наводно слободни повеќепартиски избори; се формираше Парламент; се назначи Претседател и се формираше „ексепретска“ Влада. Велам „наводно слободни избори“ бидејќи доколку се спроведе анализа на случувањата тогаш се согледува дека исходот на Изборите, како и составот на Парламентот играа маргинална улога во веќе зацртаните планови за активности кои задкулисно беа направени од страната на властодржците во ЦК. За тоа колку е силно дејството на црната магија сведочи реалноста дека сè уште мнозинството на народот е под впечаток дека работите се промениле, дека нема комунизам или Југославија, дека Eдноумието е минато или пак, дека некој поединец кој не е со србокомунистичко морално-политички подобно педигре можел да стори нешто поинаку од претходно подготвеното сценарио.

На фиктивните избори кои формираа Собрание им следуваше назначувањето на Претседател. На овој чин му следуваше назначувањето на марионетската влада на експерти по Марксизам. Следно на списпокот на мерки и активности беше ремек делото на комплетното фрлање на законските и договорните процедури во мискер—за да не се знае ни кој пие, ни кој плаќа. „Недопуслтиво е Македонија допрва да се става пред референдум за да се изјаснат граѓаните за нејзината сувереност. Во Преамбулата на сегашниот Устав, како и во документите на АСНОМ, Македонија е веќе декларирана како суверена и самостојна држава. Негирање на тогаш стекнатиот суверенитет е воедно кршење на Уставот.“ (Љубчо Георгиевски, 20 седница на Собранието на СРМ, 8 август 1991.) Секако, оваа процедура не беше запазена од страната на извршната власт—а задната цел на ова беше јасно искажаната желба на истата Македонија да остане составен дел на некаква југословенска федерација, тогаш или во моментот кога „југословенската криза“ ќе се реши.

Дека свесно се работело да се направат процедурарлни пропусти, говори следнава небулоза на Кљусев—извлечена од истиот ракав со одлуката на Уставниот суд дека тој орган не е надлежен да одлучува по прашања за кршење на Уставот на државата—истресена на Седница на Владата оджана на 17 октомври 1991, каде тој тврди дека „со [Собраниска н.з.] одлука не се прогласува самостојна, суверена и независна држава. Со таквата одлука нема да се постигнат политичко-правни и економски ефекти. Сите суштествени прашања за самостојност, сувереност и независност ќе се решат со новиот Устав.“ Значи, наместо да се запази процедуралниот ред и прво Парламентот да изгласа и прогласи Независност од СФР Југославија, па народот да ја ратифицира таа одлука на референдум, согласно АСНОМскиот Устав на Република Македонија се одигра една совршено перфидна игра која направи премногу процедурални дупки и прилики за негирање на сувереноста на Република Македонија. И самиот Кљусев знаел дека овој негов став е погрешен, а ефектите на порцедуралните пропусти почнаа да го покажуваат своето грдо лице уште со одбивањето на Грција да ја признае нашата државност и тековниот спор во врска со името на нашата држава и идентитетот на нашиот народ. Но, околу ова подоцна.

 

УСПЕШНИОТ РЕФЕРЕНДУМ НА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ЈА ИЗРАЗИ ВОЛЈАТА ЗА ДОГОВОР ВО ИДЕН СОЈУЗ НА СУВЕРЕНИ ДРЖАВИ НА ЈУГОСЛАВИЈА

 

Комунистичкиот систем нè учи да ги почитуваме само култните личности кои системот ги воздигнува, но не и законите, склучените договори и меѓународните прописи. Затоа лесно успеваат да манипулираат со различните фактички ситуации кога нашата држава доживува неуспех. Значи, формално-правно патот до независноста требаше да биде релативно некомплициран, како што беа случаите на Словенија и Хрватска. Бидејќи на АСНОМ Македонија била прогласена за независна и суверена Република која своеволно пристапила на ФНРЈ, Собранието на СР Македонија ја имало полномошната моќ да изгласа и прогласи раздружување од југословенската федерација. Ова би требало да биде ратификувано од народот со реферндумско прашање: „Дали ја поддржувате одлуката на Собранието на СРМ за напуштање на југословенската федерација?“ Зависно од успехот или неуспехот на тој Референдум, Македонија ќе станела или не независна република, сè во согласност со Уставот на државата. Доколку работите се извршија на овој начин, македонската државност и самостојност не ќе можеа да бидат под прашање никогаш и од никој.

Наместо тоа, се спроведе една процедура која ги остави македонскиот народ, како и меѓународната заедница во забуна околу намерите на Македонија, па наспроти Уставот на СРМ–врхвниот закон во државата–првин имаше Референдум. На Референдумот се одговараше на двосмислено прашањен при што гласачот се прашуваше дали на власта ѝ дава „право да стапи во идниот сојуз на суверените држави на Југославија?“ Иако прогласувањето на независност на Р Македонија од СФРЈ можеше и требаше да биде релативно брз процес благодарение на процедурите кои беа оставени од АСНОМ, како и земајќи ја предвид на волјата на народот и фактот дека Југославија се распаѓаше побргу од кула карти пред вентилатор, сепак, Србокомунистичката мафија стори сè за да го забави, па дури и попречи тој процес. Па затоа, додека Словенија и Хрватска донесоа декларации за напуштање на федерацијата во рана 1991 година, а референдумски тоа го ратифицираа на крајот на месец јуни истата година и со тоа станаа комплетно независни, суверени и самостојни држави, Македонија тргна кон наводната независност дури на крајот на 1991 година.

Околу тоа дали воопшто Македонија да се готви за независност, по кој пат да се оди, дали да има референдум, кое да биде прашањето на референдумот и што уште не, се расправаше безмалку до самиот свршен чин. Самата одлука за референдумот да се орджи на 8 септември беше донесена на Владина седница дури на 5 август 1991 година, со што се дадоа само четири недели за подготовка, а Собранието го потврди датумот и прашањето три дена подоцна. Значи првин се развлекуваше расправата, а подоцна Србокомунистичката мафија беше таа што инсистираше да се побрза со референдумот, ставајќи рок до кога да се случи референдумот прво, пред да го договори прашањето за кое ќе се гласа. Каков парадокс!? Сето ова време Парламентот не донесе декларација за независност или било каква одлука за напуштање на југословеснката федерација. Во летото ’91 започнаа воените конфликти на ЈНА против северните Републики кои се отцепуваа од СФРЈ.

Тоа требаше да биде повод за македонската законодавна и извршна власт т.е. Парламент и Влада да ја забрзаат процедурата на македонската независност затоа што во конфиктот гинеа македонски војници. На 15 септември 1991 година Владата на СР Македонија се произнесе со соопштение во однос на распаленото насилство во северните републики нагласувајќи дека:

Меѓуетничката војна во Хрватска (Владата н.з.) не за смета за своја; ја осудува употребата на сила; не може да дозволи синовите на Македонија да учествуваат во една безумна и валкана војна и да гинат за туѓи, иако јавно недекларирани и недефинирани интереси.

Но, дека оние од власта не беа искрени во овие изјави говори фаткот дека неуспешен остана еден од обидите да се забрзаат процесите преку „единствен начин за ефикасна заштита на животите на македонските војници во ЈНА [со] итното суспендирање на сојузниот закон за народна одбрана [на ЈНА во Македонија] и итното донесување на Закон за народна одбрана на Република Македонија,“ кој беше предложен од страна на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ на седница на Собранието на СРМ, на 28 август 1991. Погледнете ги датумите на изјавите и сè ќе ви стане јасно. До тоа забрзување не дојде ни по Референдумот на 8 септември, бидејќи рефендумот не беше прецизен дали народот се изјаснува за самостојност или за иден сојуз на југосовенските републики. Владата на Кљусев, Глигоров и нивните поддржувачи олицетворени во левиот блок предводедни од СДСМ и Претседателот на Собранието, спокојно одложуваа било каква одлука која Македонија би ја ставила на пат поинаков од оној кој ќе го одбере Југославија – иако југославијата во која Македонија стапи своеволно во 1945 година веќе не постоеше. На барањата на ВМРО-ДПМНЕ да се изгласа декларација за независност, како и барањата за донесување а закон за народна одбрана на РМ, за да може нашите војници да се донесат дома, власта одговараше дека тоа е непотребно губење на време, бидејќи новиот Устав на кој се работи ќе ја декларира Македонија како независна држава.

Како што веќе видовме, Глигоров, Владата, СДСМ и нивните коалициони партнери кои се противеа на отцепувањето на Македонија од СФР Југославија продолжија да ги застапуваат истите ставови и после успешниот Референдум. За тоа сведочат следните изјави:

 

Едностраниот и неразумен потег на Словенија покажува дека влегуваме во ретроградни и анахродни процеси. Ние мораме отворено да кажеме дека не признаваме никаков толар во финансиските односи со Словенија, зашто тоа во никој случај не може да биде пресметковна единица. (Стојан Андов, 16 октовмри 1991)

 

Ние југословенскиот простор сè уште го гледаме како врзно ткиво во економијата, сообраќајот, во големите системи. (Никола Кљусев, Премиер на СРМ, 17 октомври 1991)

Како и легендарната изјава на Глигоров дека „успешниот референдум на граѓаните на Македонија ги потврди историските стремежи за самостојна и суверена држава и ја изрази волјата за договор во иден сојуз на суверени држави на Југославија.“ 

Но иако дури до среде октомври власта ја држеше опцијата за зачувување на Југославија како единствена, наеднаш наводно се забрзува постапката за прогласување независност и меѓународно признавање, токму од истите луѓе кои за ова несакаа ниту да дискутираат за ова прашање! Зошто?

 

ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИ, ТУКУ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА

 

Повторно се одигра процедурлана игра која остави многу дупки кои сѐуште ја гонат Македонија. Повторно се изоставија процедурите кои беа оставени од АСНОМ и наместо прогласување на независност, Владата реши тоа да го стори преку ескпресно донесување на нов Устав—ислкучиво долг и комплициран рафт на закони. Уставот кој беше усвоен на 6 јануари 1992 година, кој е во главно сè уште на сила во Македонија, наспроти инсистирањата на ВМРО-ДПМНЕ да е национален, власта се определи за тој да биде граѓански. Според тогашната ВМРО-ДПМНЕ граѓанскиот Устав

не одговара на фактот дека Македонија за прв пат формира самостојна држава. За разлика од многу демократски држави што многу порано го решиле прашањето за самостојна држава, како и националното прашање, ние сме ставени пред историски мигови сега целосно да ги решиме тие две основни прашања за македонскиот народ. (Гледиштето дека носители на сувереноста се граѓаните, а не македонскиот народ е н.з.) идентично со она на политичките кругови во соседните земји кои го негираат македонскиот народ—ставот на Бугарија е дека во македонската држава не живее македонски народ, туку население, т.е. граѓани; на иста линија е и тврдењето на Мицотакис дека на територијата на Македонија живее недефинирано население, измешани етнички групи, т.е. граѓани; токму поради многубројните негатори на македонскиот народ и држава, не би смеело преставниците на левите партии во Парламентот да подлегнуваат на притисоците од ПДП и НДП дека носители на државноста се граѓаните, а не македонскиот народ. („Нова Македонија“, 22 октомври 1991 година, стр. 4)

Ваквите укажувања на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кои патем времето ги покажа за исправни, беа залудни. Граѓанскиот Устав, кој го подготви патот за Рамковниот Договор од 2001 година и Тиранската платформа од 2017 година, беше изгласан на седница на Собранието на СРМ, по чиј повод, Претседателот Глигоров меѓу другото подвлече дека „во југословенската криза ќе продолжиме, не жалејќи напори и иницијативи, да се бориме за мир, за излез од кризата, за успех на Хашките преговори, за асоцијација на југословенските држави“. Молам!? Асоцијација на југословенските држави? Па, нели Уставот требаше да ја потврди независноста и самостојноста на Република Македонија?

 

Суверенитет

1. надмоќ особено на едно врз друго политичко тело

2. слобода од надворешна контрола: автономија

3. контролирачко влијание

Недопустливо е Македонија допрва да се става пред реферндум за да се изјаснат граѓаните за нејзината сувереност. Според Преамбулата во сегашниот Устав, како и во документите на АСНОМ, Македонија е веќе декларирана како суверена и самостојна држава. Смешно е прашањето што треба да му го поставиме на народот – дали сака да биде слободен. Љубчо Георгиевски 29 август 1991 година.

 

ВЕТЕР И МАГЛA

 

Покрај двата прекршоци на граѓанските права кои го снајдоа македонскиот народ непосредно по првите повеќепартиски избори во 1990 година со назначувањето на Киро Глигоров за Претседател на СРМ и неговата последователна кражба на владиниот мандат од рацете на најбројната партија во Парламентот и неговото доделување на истиот на неговиот колега Никола Кљусев, очигледно е дека се случил уште еден прекршок на процедурите на македонската држава. Кога Република Македонија веќе била независна и суверена држава уште од АСНОМ, тогаш која беше целта на референдумот кој се одржа на 8 септември 1991?

Во годината која му претходеше на референдумот имаше многу превирања, расправии, дебати и предавања. ВМРО-ДПМНЕ со своите симпатизери настојуваше првин за југословенска конфедерација во која републиките ќе имаат многу повеќе независност одошто тоа беше случајот дотогаш, а подоцна кога започнаа воените судири во Словенија и Хрватска—за комплетна независност и раздружување од било каква верзија на Југославија. Од друга страна Киро Глигоров, Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Стојан Андов, Владата на Никола Кљусев и нивните приврзаници се држеа до каменитиот став дека

 

„нашата прва опција не е да создадеме самостојна, независна, отцепена Македонија. Ние сакаме самостојна Македонија која ќе одлучува да стапи во Сојуз на суверените држави. Денес е реално да се зборува за Сојуз на суверени држави. Ние мислиме дека од ден на ден станува сѐ пореално, не само да се зборува, туку да се создаде тој сојуз, без оглед што има средини, има републики кои имаат некоја желба нешто друго да протуркаат.” (Стојан Андов „Нова Македонија“ 17 август 1991 година)

 

Со други зборови, таканаречениот лев блок, инсистраше на било каква југословенска заедница, па макар и намалена верзија во која нема да имаат присуство сите поранешни членки на Федерацијата.

 

Како и да е, Референдумот дојде и мина, но гледајќи ги работите од историска перспектива, се чини дека донесе повеќе конфузија одошто решенија. Несомнено причина за тоа беше нејасната формулација на референдумското прашање—„Дали сте за суверена и самостојна Република Македонија со право да стапи во идниот сојуз на суверените држави на Југославија?“—кое всушност претставуваше две различни прашања, а на кои можеше да се даде само еден одговор. Но, како што веќе спомнав, комунистичкиот метод се темели на црната магија на одржување на екстериерен хаос, флање песок во очи, илузии со чад и огледала, продавање на ветер и магла, за да на оние кои се надвор од системот не им е јасно која е целта на владетелите.

Па затоа иако народот—или барем доминантното мнозинство—мислеше дека гласал „ЗА“ суверена и самостојна Република Македонија, само девет дена после овој историски чин за турската известувачка агенција „Анатолија“ Глигоров гордо и децидно ќе го обзнани неговиот регенериран елан за решавањето на југословенската криза, тврдејќи дека

 

успешниот референдум на граѓаните на Македонија ги потврди историските стремежи за самостојна и суверена држава и ја изрази волјата за договор во иден сојуз на суверени држави на Југославија.

Така македонскиот народ беше изигран да ја даде својата недвосмислена поддршка кон агендата на Глигоров и неговата банда дека „основна и приоритетна определба на Македонија е да се зачува југословенската заедница во форма на сојуз на суверени држави.“ (Бранко Црвенковски, 8 септември 1991 година.)

 

СЛУШАЈ ШТО ЗБОРУВАМ, НЕ ГЛЕДАЈ ШТО РАБОТАМ

 

Славете си вие што сакате, но вистината е дека

 

секој може да види дека Македонија на 8 септември нема да гласа за отцепување, туку се изјаснува да биде слободна, самостојна и суверена држава и да се здружи со оние кои сакаат со неа да живеат. Нема да бидеме задоволни со 70 или со 90 отсто од тие што ќе излезат, туку треба да излезат сите, секој да се појави и да го даде својот глас за суверена и самостојна Македонија и за иднината на равноправна Југославија, легитимација пред целиот свет и никакви санкции, чети, воени дејствија нема да можат да ни застанат на патот.” (Киро Глигоров 29 август 1991 година)

 Вистината е тоа што е. Од неа може да се бега, но не може да се избега. Доколку на некој сеуште не му е јасно: државниот врв на Македонија кој беше на власт од 1990 до 1998 година живееше и работеше под претпоставката дека на 8 септември 1991 година 1.052.090 гласачи им дале неприкосновен мандат да бараат било каков начин да ја внесат Македонија во било каков југословенски сојуз.

 

Кога ќе помине ова време, ќе се увериме дека не само што мораме, туку и умееме да живееме заедно и заедно да го градиме нашиот заеднички дом... Југославија и само Југославија и ништо друго освен Југославија. (Киро Глигоров, 1991 година)

 

Со полна пареа се спрегнаа на работа и бидејќи „никакви санкции нема да можат да ни застанат на патот,“ Македонија редовно и ситематски го кршеше меѓународното ембарго против СР Југославија за времето на таканаречената граѓанска војна (како што ја ословуваа југоносталгичарите) во Хрватска и Босна и Херцеговина. Благодарение на македонската руда, мазут и прехрамбени продукти како и нафата која одеше транзит од Грција за Србија преку Табановце; благодарение шверцот на цигари за кој допрва ќе се учи, преку кој се полнеа приватните но и државните жиро сметки преку кои се купуваше социјален мир во Македонија; благодарение на непочитувањето на меѓународните санкции против СР Југославија, југословенските каси беа полнети преку кршењето на ембаргото со извозот на српска муниција, преку Македонија, за Тајланд, како и преку македонскиот извоз за Србија на систем за противвоздушна одбрана, а од друга страна преку македонски компании блиски на македонското Министерство за одбрана беа набавувани резервни делови за авиони и хеликоптери, како и илјадници тони алуминиум за гизли, милиони каписли за куршуми и купишта друга воена опрема, експлозиви, рачни фрлачи, гориво за ракети, и којзнае што уште не—благодарение на сето ова покојниот Слободан Милошевиќ кој беше на челото на осакатената СР Југославија успеа од конфликт кој не требаше да трае подолго од неколку дена да истурка место за себеси во најтемните анали на историјата со бесмислената војна која истарја скоро четири години. Секако, благодарение на верните пионерчиња на Србокомунистичката мафија кои само си ја вршеа својата задача која според нивната халуциногена ментална состојба им ја зададе народот на 8 септември 1991 година: да ја сочуваат Југославија.

Нормално, продолжи и општата култуно-општествена и економска соработка меѓу „двете“ земји, Македонија и СР Југославија. Северниот дел на Македонија сѐуште добиваше сигнал од РТВ Белград, на приватните радио станици насекаде низ државата сѐ повеќе трештеше српската верзија на нуклеарно оружје – сѐунишувачкиот турбофолк; локалните ТВ станици пренесуваа драми и комедии од српска продукција и наптревари од југословеските спортски лиги како македонските воопшто да не постоеја; таканаречените независни како и државни медиуми, а впрочем најчесто Претседателот Глигоров секојдневно ствараа анимозитет кон Хрватска и Словенија; српски естрадни ѕвезди се доведуваа да прават турнеи низ Македонија и така натаму. Некои работи никогаш не се менуваат, зарем не?

 

ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ ИЛИ КРАЈ НА ПОЧЕТОКОТ

 

Една од клучните мерки кон спроведувањето на „неприкосновениот мандат“ беше за Премиер на Македонија на тиресет годишен неизживеан мангуп, член на Сојузот на комунисти, четнички внук и син на офицер на ЈНА. Човек, роден во Сараево, кој и до ден денешен и покрај дваесет годишна кариера во врвот на Македонската политика е воглавно енигма за македоскиот народ. На пример, при едно просто пребарување на Google може да се најде само една оскудна биографија на сатјот Wikipedia. Но, не е енигма што му лежеше близу срцето на Бранко Црвенковски, кој на прес-конференција на 2 јули 1991 година храбро му соопшти на светот дека „СДСМ одлуките (за прогласување независност н.з.) на Словенија и Хрватска ги смета за нелегитимни бидејќи се донесени како еднострани акти, па според тоа не постои ниту фактичка состојба на посебни држави.“ Како и дека „основна и приоритетна определба на Македонија е да се зачува југословенската заедница во форма на сојуз на суверени држави.“

За нас особено значајно е да не дојде до распарчување на Југославија, затоа што тоа би не одвело кон неизбежно применување на недемократски и насилни методи. (13 април, 1991 година, Кавадарци. Стојан Андов Претседател на Собранието на СРМ)

Затоа, Црвенковски не губеше време, туку ги завитка ракавите и заедно со неговата тазе Влада за само месец дена откако го превзеде кормилото од Никола Кљусев ја донесе одредбата 10/92 со која започна прогонот на граѓани на Република Македонија заради политички и политчко-идеолошки причини. Се прогонуваа граѓани заради идеологии на македонски национализам и таканаречен врховизам. Во наводно независна, суверена и самостојна Македонија. Како печурки после дожд никнаа аферите, то ест Оперативните Акции: „Дувло“, „Сина Птица“, „Павароти“, „База“, „Темел“, како и досиејата „Книга“, „Лејди“, „Црни“, „Валенса“ и многу други. Невиден број членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ беа шпиунирани, кодошени и прогонувани во фиктивни сличаи на „бугараштво“ од страна на полициско-политичкото подземје. Како може да се протолкува ваквото дејствување на македонската власт освен како чистење на теренот од противниците на Југославија. Патем, употребувајќи ја теоријата на релативитет, релативно на Цренковски, Кљусев навистина личи на ВМРО-вски Премиер.

 

ОАЗАТА НА МИРОТ

 

Овогодишната осмосептемвриска ретроскетива ќе ја заобиколам со една дума околу мирното одвојување на Македонија од југословенскиот сојуз, за разлика од војните за независност во северните републики. Мојот татко, политичкиот дисидент Јордан Петровски, сиве овие години во приватни разговори ми зборуваше за симптоматичноста на отсуството на војна за независност на Македонија. Моето првично толкување на оваа забелешка се слеваше на идејата дека држава се прави со крв, и поради тоа што не падна крв во име на независноста на Македонија, народот не вложи доволно за иднината на оваа држава доволно да го засега. 

Но, гледано од друга гледна точка, забелешката на татко ми може да се протолкува и на следниов начин: Македонија се раздвои од СФРЈ без војна затоа што во тој момент и воопшто не постоеше вистинско движење за независност како тоа што било во првата половина на дваесеттиот век. Седумдесет годишната србо-комунистичка окупација на Македонија си ја завршила работата и го уништило македонскиот ослободителен дух. Точно е дека љубовта кон желбата за независна македонска држава бргу се разбуди; но во 1991 година, немаше ниту сенка од духот на 1893. На такви темели беше поставена Оазата на Киро, и не треба да нѐ чуди фактот што наследниците на Сојузот на комунисти денес по забрзана постапка работатат да ја докусурат оваа трагична појава.

 

 

Душан Петровски  05.09.2017

 

 

Има една партија која постојано се бори да ја уништи Македонија. Не е албанска, туку е југословенска. Југословените ја направија, и ни ја турија на глава (ама и у г'з). За време раније, таа партија (која своевремено била забранувана од српскиот крал) формалмно го забрани локал патриотизмот--македонштината--наречувајќи го фашизам. Својата борба против овој „локалпатриотски фашизам“ ја спроведе на најжестоко фашистички начин, контролирајќи секој аспект од животот, забранувајќи секаква мисла и појава која ја проценуваше за закана по својата неприкосновена власт. Подоцна ја симна формалната забрана на македонштината, но продолжи да ја гони и угнетува. Редно е тогаш, што истата партија којашто со напори од петни жили ја уништува Македонија и македонштината од 1945 година е истата што сака да ѝ го зададе смртниот удар, на нормално, фашстички начин, во името на братсвото и единството.