Душан Петровски 04.11.2017

Веќе имаме пишувано за тоа што значи „враќањето на животот и слободата“ коишто на Македонија ѝ ги носи гарнитурата на Заев. Тоа се оние живот и слобода—читај заблуда и репресија—кои на Македонија „ѝ ги подари“ Комунистичката партија на Југославија со Маршалот Тито на нејзино чело. Впрочем оние родените до последната деценија од постоењето на СФРЈ паметат дека партијата на Премиерот Заев е всушност македонскиот огранок на партијата на Маршалот, но со модернизирано, евромарскистичко име.

Тоа партијата која сиве овие години, предвидливо, со напори од петни жили се бори да ги заштити ликовите и делата на злосторничкото комунистичко раководство коешто од 1945 година па навака активно работи кон разнебитувањето на македонскиот дух и идентитет, убедувајќи нѐ дека пред нивното зграпчување на уздите на власта Македонците биле небаре добиток што магловито и безумно вегетира. Затоа, наместо расчистување со злосторничкото комунистичко минато, како што тоа го сторија Источно-германците по падот на Берлинскиот Сид, односно како што тоа им го сторија Сојузниците и Израелците на припадниците на Нацистичкиот режим, во Македонија две и пол децении сме сведоци на увеличување и оправдување на комунистичките злостори—ликвидациите и монтираните судења на македонската буржуазија и интелигенција след ВСВ, репресиите врз македонскиот локал-патриотизам, супресијата на вистинската историја, сузбивањето на економскиот развој, итн.—како „придобивки на македонските национални интереси.“

Оттука, наместо со вистинска лустрација, ние се бавиме со „Сина Птица,“ „Дувло,“ „Паравојска,“ „Бугарска амбасада,“ „Големо уво,“ „Пуч,“ итн. Зашто, според македонските „стручњаци за човекови права“ сето тоа било во ред, оти органите на државната безбедност работеле за „потребите на владите,“ а владите оди импликацијата, се безгрешни. Во секој наврат, проблемот со узурпацијата на државното уредување од страна на службите за државна безбедност на јавноста ѝ се претставува како нешто ново, никогаш дотогаш случено—нешто слично на митот за создавањето на македонската нација од страна на КПЈ.

Но, оние коишто се постари, и коишто љубат да се присетат на далечната 1966 година и случајот со тогашниот прв разузнавач на југословенската федерација, Александар Ранковиќ, знаат дека тоталната контрола на Службата за државна безбедност оди многу подлабоко во историјата на оваа држава. Како и во 1966 година, кога истрагата на Извршниот совет на СРМ констатирала дека Службата своерачно остварила целосна систематска контрола врз општеството—од најниските инстанци во работничките совети, па до редовите на културата и образованието, и конечно врз самата Комунистичка партија и нејзините извршни тела, вклучително и државното раководсвто—како лек за систематските недоследности понудила персонални промени.

Во 1966 година, само дваесетина години по формирањето на нова Југославија, Комисијата на Извршниот совет на Собранието на СРМ за испитување на состојбите во органите на државната безбедност во Републиката забележала дека „сегашната состојба на Секретаријатот и државната безбедност се резултат на нивно долгогодишно оформување.“ Разгледувајќи ги заклучоците до кои што дошла Комисијата ќе насетиме дека она го посведочивме низ „Бомбите на Заев“ не е ништо ново, туку дека е само ехо на изнајдувањата на Комисијата на Извршниот совет, одвоени повеќе од пет децении, за една перманентна состојба во која се наоѓа Министреството за внатрешни работи и нејзиниот орган на управата, државната безбедност, без разлика на номиналниот Уставен поредок на Републиката, дека органите за внатрешни работи, а особено органот на државна безбедност: „претставувале еден централистичко-бирократски систем“, кој „бил изолован, затворен и дезинтегриран“ од претставничките тела на државата, кои не одговараат никому; дека дека се поставувале како „најодговорни ако не и единствено повикани“ да ги заштитуваат „придобивките на самоуправниот и демократски систем;“ дека иследувањата на СДБ „немале за цел да се утврди материјалната вистина, туку по секоја цена да се докаже сомнението;“ дека „извештаите и другите материјали што се внесувани во досиејата на одделни лица, не само што немаат карактер на безбедносен материјал, туку значат регистрација и завлегување во меѓусебните односи;“ дека „некои работи и дејствија на органите на државната безбедност биле нормирани со правилници, решенија или други нормативни акти, во спротивност со Уставот и другите законски прописи;“ дека „системот и методот на Службата за државна безбедност преставувале најфлагрантни повреди на уставноста и законитоста, тотална контрола на општеството, узурпација на уставните и законските права на граѓаните;“ дека „прислушкувањето на телефонскте разговори било широко ползувано“ и дека е „вршено отварање на поштата на граѓаните;“ дека предмет на обработка на Службата за државна безбедност биле „граѓани од редот на општествено-политички, јавни и културни работници, раководители на стопански организации;“ дека Службата назначувала директори во стопанските претпријатија, и ги држела под контрола универзитетските прфесори; дека „државната безбедност се претворила во механизам на политичка и идејна контрола врз општеството (наг. Д.П.);“ дека во Службата постоела култура на солидарност со соработниците и лојалност кон ресорот; како и она најзначајното дека работниците и службениците на ресорот за внатрешни работи не биле раположени за соработка со Комисијата, како и дека поголемиот број од нив не биле „во состојба да го разберат вистинското општествено значење на ликвидирање на постојната состојба (наг. Д.П.).“ (Извадок од претстојната книга со работен наслов „Анатомија на пљачка“, предвидена за објава во есен 2018 година)

 

 

(Извадок од Извештајот на Комисијата на Извршниот совет на Собранието на СРМ за испитување на состојбите во органите на државната безбедност во Републиката што сугерира за невозможноста за своероачно делување на поединци во Службата, како и за тоа дека истата се надредува себе си како суперструктура врз целокупното општество.)

 

Во тој исти дух на наводното решавање на систематските проблеми доаѓа веста, објавена во порталот „Сведок“ дека:

Поранешниот министер за внатрешни работи и началник во УБК Силјан Аврамоски бил именуван од страна на Владата да ја раководи работната група која треба да ги спроведе реформите над безбедносните служби.

Во оваа прилика нема многу да се задржуваме на ликот и делото на Силјан Аврамовски, оти таа тематика е доволно разработена во текстовите на Јордан Петровски. Тука само ќе се задржиме на еден сегмент од обајвата во „Сведок,“ оној што сугерира дека Аврамовски е американски човек:

Силјан Аврамоски кој за цело време беше на високи позиции во УБК, вклучувајќи и заменик директор, беше официјален офицер на ЦИА за што беше и јавно одликуван.

Она што треба да ѝ е јасно на македонската јавност е дека, и покрај јавното денунцирање на Западот воопшто, и САД специфично од страна на Титовиот режим, след разидувањето на Тито и Сталин во 1948 година, Југославија, од година вжгодина сѐ повеќе станувала американски сојузник. Во такви услови, САД влегувале во меѓудржавните односи со СФРЈ, а подоцна со Р Македонија со став на добра вера—односно САД не воделе политика на режимска промена во Југославија. Истата политика останува непроменета и по распадот на Југославија.

Што значи тоа? Тоа значи дека САД својата политика кон СФРЈ, а подоцна РМ, ја заснова на информациите коишто ги добива од официјалните државни канали—а не од сопствени разузнавачки мрежи коишто ЦИА своерачно ги гради. Конкретно, не е случајот дека Силјан Аврамовски бил американски кадар вметнат во македонскте државни органи, туку тој како македонски кадар бил назначен од македонската страна како нивни застапник во билатералните односи со САД по прашања на државната безбедност. Сосема спротивно на сугестијата дека Аврамовски е човек на ЦИА, е фактот дека тој е син на поранешен управник на Петата управа на СДБ—онаа одговорната за спроведување на оперативната мерка „Полог“, колоквијално позната како пресретнување на телефонските разговори и други облици на комуникација. Фамилијарната врска во случајот на Аврамовски е правило, а не исклучок во персоналните пракси на Службата.

Читајќи ги детално досиејата на УДБа кои се достапни во јавноста, лесно може да се забележи дека македонската служба за државна безбеност на сличен начин соработува и со нејзините еднакви од соседството, што значи дека таа одредува слични офицери за соработка со секоја од нив. Дали тоа значи дека СДБ треба да ја толкуваме како конгломерат на сите држави со кои Македонија одржува пријателски односи? Апсолутно не. Колку и да сака македонскиот режим да ја убедува јавноста на спротивното, реалноста е дека Македонија е суверена држава, и тоа е факт којшто се почитува во меѓународните односи. Прекршувањето на суверенитетот е автоматска причина за војна.

Инаку речено, улогата на Аврамовски во соработката со ЦИА била, односно е, слична на амбасадорска функција. Амбасадорите ги назаначува нивната матична земја, а не државата домаќин. Оттука фактот што Аврамовски бил официјален офицер на Македонија за односите со ЦИА—одликуван или не—не може, и секако—не смее, да се толкува како американски печат за поддршка на манипулативната игра којашто Владата на Заев ја игра со неговото најново назначување.

Македонија е суверена држава, и како таква, таа е одговорна за внатрешно-политичките збиднувања во неа. Ова значи дека самите Македонци се господари на својата судбина. Фактот што тие одбираат да живеат од меѓународните заеми и грантови како белосветски просјаци, е загрижувачки и проблематичен фактор во мачниот развој на нашата држава, но е факт којшто може да се промени во оној миг кога Македонците ќе одберат да престанат да веруваат на голите лаги на режимот. САД—и покрај својата децениска финанскиска дарежливост кон нашата татковина—како и секоја друга пријателски настроена држава, нуди необврзувачки совети кон своите сојузници но не се меша во нивната директна имплементација. Оттука, назначувањето на Силјан Аварамовски за раководител на работната група која треба да ги спроведе реформите над безбедносните служби е само дел од летот во место којшто го диригира органот на управата на Републиката, партиската полиција на КПМ.

Враќањето на СКМ-ПДП на власт, и покрај нивната подновена евромакрсистичка фасада не го менува фактот дека филмот што ѝ го пуштаат на македонската јавност е веќе виден. Разликата помеѓу денешницата и 1945, односно 1992 година е сѐсветстака мрежа, колоквијанло позната како интернет. Таа е границата којашто идеолошката полиција, колку и да се обидува, не може и никогаш нема да може да ја стави под своја контрола, со што ефективно ја губи можноста да ја менува историјата. Па така, единственото постигнување на нивната погрешно насочена и преувеличена драматизација на недоследностите на режимот на Груевски е во тоа што на денешната јавност ѝ дава увид во начинот на кој првобитната Комунистичка тајфа го преувеличувала своето делување во Втората светска војна како и нејзината улога во градењето на македонската нација. Губејќи ја способноста да ја манипулира историјата, србокомунистичкиот режим што владее со Вардарска Македонија полека но сигурно ја губи способноста да ја контролира сегашноста. Тоа е сигурен предвесник дека во догледната иднина во Македонија конечно може да завладее слободата.

Јордан Петровски 02.11.2017

Молкот на „РЕФОРМАТОРИТЕ“, ФРОДЕМ, ФОРУМОТ НА СЛОБОДОУМНИ ПАТРИОТИ, за кадровските решенија на владата на Заев за пополнување на комисиите за реформите на УБК,  реформи на судството,  советот за култура; како и за молкот за оркестрираното плукање по ВМРО, искривувањето на историските факти од една веке докажана група на антинмакедонци и барањето за забрана на употреба на името ВМРО пред името на било која партија од „борците“ за враќање на партијата ВМРО ДПМНЕ на идеологијата на ВМРО и идеологијата на десницата е повеке од чуден и неразбирлив за многумина. Тој молк говори дека „РЕФОРМАТОРИТЕ“, ФРОДЕМ, ФОРУМОТ НА СЛОБОДОУМНИ ПАТРИОТИ,  свесно се дел од играта за елиминирање на ВМРО--односно десницата--од политичката сцена. Водачите на комуњарскот систем не се толку луди за да отворено бараат забрана на десничарски партии--коишто се единствените кои би можеле да ја демократизираат Македонија,  вака плукајки по ВМРО, обвинувајки го ВМРО за се што ке им дојде на ум, тие полека но сигурно веке градат амбиент таа забрана да биде прифатлива за многу луѓе. Кога велам многу луѓе тука мислам на оние неинформираните, а невниот број расне благодарение на продолжениот молк на наводната десница!! 

Забраната на употреба на името ВМРО ке го легализира прогонот кој досега го правеше СДБ/УБК на луѓето кои се вистински демократи, десничари и вистински следбеници на идеологија на ВМРО.  За оние што заборавиле и за оние помладите кои сеуште на своја кожа не го почувствувале прогонот кој Службата им го послужи на вистинските демократи,  десничари и вистински следбеници на идеологија на ВМРО, едно потсетување: тој прогон  не престанал никогаш!! Прогонот бил само покриван со разни имиња, односно „линии на работа“  на Тајната Антимакедонска Полиција: Ванчмихајловизам, Бугарски Врховизам, Екстремизам, Соработка со Бугарски служби!! Од 1991 па до 2000 година, го земам тој период бидејки за тој период благодарејки на законот за слободен пристап до личните досиеја обезбедени се непоибитни докази а бројката на прогонуваните е голема, јас само ке наведам моја проценка а тоа е дека биле прогонувани помеѓу 15 и 20 илјади луѓе!! 

За да нема нејаснотии, немам ни на крај на умот да помислам да тврдам дека сите оние кои делуваат во овие групи се свесни на играта а уште помалку дека свесно прифатиле да ја играт играта или пак дека сите се луѓе на Тајната Идеолошка Полиција.

Изведувачите на работите, односно изведувачите на планот на Тајната Идеолошка Полиција поретко се луѓето кои ја покренале иницијативата, во случајов иницијативата за формирање на ФОРУМОТ НА СЛОБОДОУМНИ ПАТРИОТИ,  ФРОДЕМ,  „РЕФОРМАТОРИТЕ“. Обично Тајната Идеолошка Полиција откако ке се формира групата уфрла свој човек во групата или пак врбува човек од луѓето кои ја започнале иницијативата, човек или неколку „човеци“ кои ке го спроведуваат планот на Тајната Идеолошка Полиција, но најголемото зло не се тие уфрлените или врбиваните туку злото е во тоа што дел од луѓето кои биле покренувачи на иницијативата за формирање на групата,  или пак биле оние кои меѓу првите се приклучиле или дале подршка и кога ке почувствуват, согледаат дека „водството“ почнува да одстапува од прокламираното во старт, наместо да реагираат со барање на оставка на водството кое скршнува од „идеологијата“ тие прифаќаат да ги следат. Причината за прифаќањето лежи во фактот дека ја знаат причината на промената, односно знаат дека Тајната Идеолошка Полиција стои зад промената на „идеологијата“--а тоа е знак за кариеристите дека шансите да се дојде на власт се големи. 

За оние кои незнааат или глумат дека незнааат да повторам!! Во Македонија единствено на власт се доаѓа ако те избере Тајната Идеолошка Полиција. Затоа многумина денеска молчат--„не прочитале“--дека во составот на комисијата за реформа на судството се Фрчкоски, Најчевска, Маргарита Николовска, Гордан Калајџиев, Уранија Пировска; дека во комисијата за реформа на УБК е Силјан Аврамовски, заменикот на Сашо Мијалков, дека во советот за култура се најтврдокорните Марксисти и Титовисти: Милчин, Исмаил, Грчев, Арсовски--се извинувам на неспоменатите, а не ги споменав бидејки текстов тогаш ке беше предолг.

Зар можам, односно смеам да верувам во РЕФОРМАТОРИТЕ, кои јасно велат дека тие несакааат растурање на Тоталитарниот Комунистички Систем?


 

РЕФОРМАТОРИ, комунистичкиот систем го реформирале досега илјадници РЕФОРМАТОРИ, ама тој останал ист!! Останал систем на тортура за различно мислење, тортура за различна идеологија од комунистичката, систем на страв, ситем кој води битка за еднаквост во сиромаштијата на обичните луѓе!!

Зар можам да верувам во ФРОДЕМ после коалицијата во која учествуваа на минатогодишните декемвриски избори?

 

 

Ке постапат ли поразлично од Георгиевски кој Слободан Богоевски го назначи за свој советник, или од Груевски кој наместо раскин со Тајната Идеолошка Полиција како еден од главните предуслови за демократизирање на Македонија го назначи Силјан Аврамовски за заменик директор во УБК, или поразлично од Заев кој на зборови ветуваше заедничко пеење на ИЗГРЕЈ ЗОРА НА СЛОБОДТА, а околу субе ги собра Љубомир Фрчкоски, Зоран Верушевски, и Силјан Аврамовски, луѓе кои  почитувањето на ИЗГРЕЈ ЗОРА НА СЛОБОДАТА, химната на ВМРО го сметат како смртен грев и таквите луѓе ги прогонувале и пак ке ги прогонуваат.
Мислам дека десницата, односно верните почитувачи на идеалот на ВМРО несмеат во оваа војна која комунистите и комуњарите ја започнаа и која ке ја водат до последен „жив“ десничар и ВМРО вец да чекаат џелатите да ги водат на „бесилка“ како јагњиња. 
Затоа мора да се обединат околу вистински лидер, лидер кој не бил дел од власта партиска и политчка од 1991 па до денска.

 

 Јордан Петровски 28.10.2017

Човек кога најмалку се надева добива потврда за некои работи кои ги напишал и кажал одамна. А тоа што сум напишал, говорел и сѐуште пишувам и говорам, е тоа дека во Македонија нема НВО, т.е. граѓански здруженија кои вистински го застапуваат почитувањето на индивидуални човекови права и слободи, за почитување на Уставот, како и онаа најбитното, да имаат ист критериум и со тоа да ги осудуваат сите починители на таквите прекршувања без оглед од која политичка партија се или која им е идеологијата. 

Жарко Трјаноски, магистер по човекови права, деновиве имаше интересен ФБ статус! ФБ статус кој говори многу за тоа какви „демократи“ и почитувачи на Уставот, како и за резолуциите кои се врзани за почитување на човковите права и слободи се експертите, магистирите и луѓето кои ги водат Хелсиншки Комитет и другите НВОа кои за себе си велат дека се во функција на заштитата на човековите права и слободи.

 

 

Основните белези по кои се препознаваат демократски и слободни општества се Невладините Организации, граѓанските здруженија и медиумите!! Тоа се  најбитните столбови на одбраната на демократија, слободата на говорот, еднаквоста пред законот, и другите белези на слободно општество, и кои секаде во демократскиот свет не се под контрола на власта, ниту под контрола на политичка партија. Во Македонскиот случај, тоа значи дa не се под контрола на Тајната Идеолошка Полиција!!  Тие столбови се оние на кои се потпираат луѓето за да го контролираат системот, да ја контролираат власта, а со тоа работата на институциите. НВОата и Граѓанските здруженија во Македонија се со изместена улога. Тие се центри на политичка моќ иако не се политички партии. Тие се без политички  легитимитет, бидејки не учествуваат на избори и со самото тоа не ја ставаат на проверка нивната подршка на политиките кои ги пропагираат. Тие се параполитички центри, односно тие станаа замена за политичките комесари! Тотално изместена функција на НВОата и граѓанските здруженија, но сосема свесно изместена!!

Тоа изместување најубаво се гледа од статусов на Жарко Трајаноски, бивш член на Хелиснши комитет (во кои НВОа и граѓански здруженија денеска членува Трајаноски незнам), и човек кој се претставува како МАГИСТАР ПО ЧОВЕКОВИ ПРАВА!!

Според оваа што ке следи ке треба да се оцени за какви човекови права Трајаноски е магистар??

Трајаноски бара да им се одземат линценците за образување на студенти и научници на членовите на комисијата која ја оценувала докторската дисертација на Горан Грујовски, сега обвинет за неуставно прилушкување а во чиј состав биле: проф. д-р Никола Матовски, академик проф. д-р Владо Камбовски, проф. д-р Никола Тупанчески (ментор), проф. д-р Гордана Бужаровска и проф. д-р Гордан Калајџиев, а која го оценувала научниот труд на Горан Грујовски во 2014 година!!

Причина за казнување на членовите на комисијата според Трајаноски е затоа што за Горан Грујоски, СЈО од 2016 година води истрага за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало, а од причина за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права!!

Првото прашање до магитерот по човекови права Трајаноски, дали Горан Грујовски е осуден со ПРАВОСЛИНА пресуда за нелегалното, поточно НЕУСТАВНОТО прислушкување?  Одговорот е не, не е осуден!! Трајаноски како магистер по човекови права морал и мора да знае и да се залага за почитување на човековото право за презумпција на невиност , онаа што е запишано и во Уствот на Македонија  во Член 13:

        Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука 

Горан Грујоски бранел докторска дисертација со наслов „Употреба на посебните истражни мерки“, а ја бранел во 2014 година. Во тоа време комисијата незнаела за  НЕУСТАВНОТО прислушкување за кое во 2016 е покрената истрага против Горан Грујовски. А и да знала комисијата, нејзината улога не е да биде судија за лицето Горан Грујовски туку нејзината улога била да го оцени она што го напишал Горан Грујовски во докторската дисертација. 

Постапкава на магистерот за човекови права Трајаноски заличува како на постапките на ОЗНА и УДБА кога подготвувале обвиненија за „внатрешните и надворешните непријатели“, па затоа прави каша попара со времињата кога се случувале настаните според кои магистерот за човекови права Трајаноски го формулира своето обвинение и ја носи  пресудата. Врв на демократија е кога цело е, кога се може сѐ!! Па на Идеолошкиот Полицаец му даваш тој да го смисли обвинението и се разбира тој да ја донесе и пресудата!  Магистерот за човекови права Трајаноски, во случајов зел нешто од 2014, зел друго од 2016, зел  трето од 2017 година, ама со никава поврзаност со докторската дисертација! И изготвува инквизиторско обвинување и за Грујовски и за комисијата. Казната која во своето писание ја изрекува магистерот за човекови права Трајаноски  е одземање линценците за образување на студенти и научници, а следствено на тоа--од каде го црпе ваквото „правничко“ знаење магистерот за човекови права: ОЗНА, УДБа, ЧЕКА, НКВД--сигурно би следело одземање на граѓански права на членовите на комисијата и упатување во некој каменолом на превоспитување со тешка физичка и психичка тортура. 

Да ја дополнам сликата за магистерот за човекови права ке го споменам неговиот текст И „Големиот братучед“ полнел досиеја од политичкo-идеолошки причини, објавен на 07.08.2012 во ОКНО, од кој ке се добие уште појасна слика за магистерот а со тоа и за причината зошто Македонија секој нов ден е сѐ подалеку од демократизирање! Ке цитирам само една реченица која открива дека магистерот е само бранител на прекршителите на човековите права и слободи!

Кој ќе ја понесе политичката и кривичната одговорност за прекршените човекови права со продолжување на полнењето досиеја водени од политички и идеолошки причинии во периодот по 1 септември 2006 година?

Според фб статусот на магистерот, немало „полнењето досиеја водени од политички и идеолошки причини“ пред 01.09.2006 година, па затоа не сум сретнал досега никаде  магистерот за човекови права Трајаноски да спомене за „полнење на досиеа“  за период 1991-1998 година.  Дали неспоменувањето на „полнењето досиеја водени од политички и идеолошки причини“ за период 1991- 1998 година е заради неговата слепа омраза кон демократија, кон слободата на говорот, кон еднаквоста пред законот или пак слепата послушност од некои причини е врзана за личностите: Фрчкоски, Богоевски, Верушевски? Но дека на секоја лага и се кратки нозете, па така и на неговата потврдува самиот магистар за човекови права. Дека имало полнења и пред 1 септември 2006 година признава и самиот магистар со следниов цитат од остиот текст:


Кој му дал овластување на „Големиот братучед“ да продолжи со следењето на здруженија на граѓани, пратеници и други политички активни лица, користејќи ги соработниците од својата мрежа?

Значи,  ако „овалстувањето“ на „Големиот братучед“, односно Сашо Мијалков, било дадено од Фрчкоски, Богоевски или Верушевски тогаш „полнењето досиеја водени од политички и идеолошки причини“ ке било легално и легитимно според магистерот, иако мерките со кои ке биле полнети досиеата  се НЕУСТАВНИ !! Неуставноста на мерките кога е во прашање Фрчкоски, Богоевски, Верушевски, и екипата на СДСМ Титовистичка, магистерот можел да ја види од решенијата за прислушкување кој ги потпишувал Фрчкоски како Министерот на МВР, но според тоа како го толкува и почитува Уставот, тој е министер од времето на НАРОДНАТА МИЛИЦИЈА. Инаку Фрчкоски е и поранешниот генерален секретар на Форумот за човекови права од кого според сваќањето на заштитата на човековите права магистерот го учел занаетот!

Еве како доктор на правни науки инаку сега член на комисијата, избрана од Заев, за реформи на судството ја почитува со Устав загарантираната презумција на невиност:

     

 

Докторот на правни науки и РЕФОРМАТОРОТ на судството  вели:


Ниеден не е невин, апсолутно!! Тоа можат да го потврдат сите што биле вклучени не само јас

А биле вклучени, од инспекторите на СДБ па се до директорот на СДБ, исто размислување како на магистерот за човекови права Трајаноски,  од Идеолошкиот Полицаец на кој си му дал тој да го смисли и исконструира обвинението сега од него бараш тој да ја донесе и пресудата, односно да потврди дека тоа што тој го говори е единствената вистина. Па според овие бисери на магистерот за човекови права Транјаноски и реформаторот на судство Фрчкоски, реформата на судството би требело да биде укинување на судството, затоа што УДБа-УБК е таа која и ке гони и ке пресудува. А тоа значи многу поевтина држава, нема судови, нема адвокати, нема правни факултети! Ке има само Иделошка Полиција и вечерни школи за производство на соработници, инспектори, началници, директори на УБК и министри!

За крај на текстов, РЕШЕНИЕ за прислушкување кое го потпишал министерот на Народната Милиција, Љубомир Фрчкоски, според магистерот Трајански во времето кога немало „полнењето досиеја водени од политички и идеолошки причини“. Во време за кое Бордот за Бегалци на Канада додели АЗИЛ на лице кое било прогонувано од  политички и идеолошки причини!! 



[Image: 6xtev4.jpg]

 пс. дека реформата на судтвото ке оди кон тоа судството да стане уште поревносен извршител на налозите на Идеолошката Полиција, говори фактот што во комисијата покрај Фрчкоски  членуваат уште и: Мирјана Најчевска, Гордан Калаџиев, Маргарита Цаца Николовска, Мирјана Лазарова Трајковска, Уранија Пировска ..... луѓе кои никогаш не кажале збор на осуда за НУСТАВНОТО „полнење на досиеата на политичките и идеолошките противници“ за периодот пред 2006 годна, поточно за период 1991-1998 година, период за кои со отварањето на досиеата се обезбедија непобитни докази дека такво дело постоело а според функциите кои ги имале биле должни да го сторат тоа!!

 

Јордан Петровски 21.10.2017

Дали овие мислења на Миленко, „Американскиот Виза Офицер“ Неделковски за неговата „службена брачна“ другарка  Мирка, носител на колајно на Путин, Велиновска, значат дека нивниот  „службениот брак“ е  завршен?? Дали со овие мислења Виза Офицерот Миленко  и два виза на Мирка за влез кај Заев и така да и го обезбеди континуитетот секогаш да е со врвот на власта или пак едноставно со Мирка, нисителот на Путиновото колајно брише „патос“ за да си обезбеди некаква си олеснителна околност ке покаже времето!!

 

 

 


 

Миленко со ова што го напишал ја убил Мирка.  Миленко не потсетува  дека Мирка, кога Груевски станал премиер заборавила дега Груевски е мало човече со наполенски менталитет, заборавила дека Груевски е личност со сиромашен политички капацитет, заборавила дека Груевски имал чудовишни димензии, суровост, одмаздољубивост.  Груевски за Мирка кога станал премиер,  стана најумниот, наголемиот, најпатриотот а сето тоа станал Груевски затоа што: нежалел државни пари за да ја награди Мирка или пак фалењерто на Груевски на Мирка и било по службена должност, односно запишано во описот на работните задачи. Сега Груевски го најде судбината која го најде и Црвенковски, а каква судбина ке ја најде Мирка која секогаш досега била со оној кој го има државното кесе?! Дали пак ке добие да го води „службениот билтен“ на СДБ/УБК во кој ке најавува кој ке биде прогонуван од Тајната Идеолошка Комунистичка Милиција , онаа штого правеше во „ПУЛС“  или пак ке биде хибернирана за да ја разбудат кога пак ке им затреба ке дознаеме многу бргу!!

 

 

Петар Богојески вели:

 

-Во Брисел и Вашингтон се обудуваме да го спасиме ВМРО... да не започне девмровизација на РМ, на сметка на нужната дегруевизација на ВМРО!!! Сега јасно е?!?

 

Патријата се спасува во Брисел и Вашингтон ама не со дружење со Вејгеловци и Фуеревци, ... и останата комунистичко/левичарска братија. Партијата се спасува ако го запознаете Прибе со вистинското лице на „реформите“ на Заев и со биографиите на лицата кои Заев ги одбрал да ги направат реформите,  делот од  нивните биографии од 1991 па навака ке е повеке од доволен !

Вие досега збор не рековте дома а за надвор дека сте рекле неможам да верувам, за : именувањето на раководните луѓе во УБК, за именувањата во Советот за култура,  за именувањата во комисијата за реформи на судството, збор не рековте за онаа што го подготвува комисијата за реформа на судството, збор не рековте за  панел дискусиите на „невладините„ каде што е и ЦИВИЛ, вашиот промотор.  Дискусии каде се наметнува историска лага дека политичка полиција постоела само од 2006 па навака, лага со која се подготвува законски пат за профилирање на партијата!!

Со закон поместување на кратенката ВМРО во историјата и музеите (бидејки нели „сите сме ВМРО“) и одземање на привилегијата само дел од партиите неосновано да се кредитираат на изборите злоупотребувајки ја истата.

Тие дискусии  треба да послужат за покритие на работата на комисијата за реформи на судството пред „вашите“ нови пријатели од Брисел, инаку вистински продржувачи на СДСМ за да пишат во извештаите дека работата на комисијата  била демократска, бидејки комисијата ете го слуша гласот на НВОата!!

Одите во Брисел и барате подршка од левичарски партии. Средбите со Вејгл, Фуере, .... ке помогне на ВМРО ДПНМНЕ како средби со Фрчкоски, Грчев, Тричкоски на кои ке се бара помош за ВМРО!! Сите досегашни активности на „Реформаторите“ повеке заличуваат на замајување на членството дека се работи нешто а со тоа се купува време за СДСМ да го турка озаконувањето на амнестирање на злосторот кој го стори СДСМ од 1991 и целата вина за недемокатизирањето на Македонија да ја лоцира во периодот 2006-2016 година. 

Се среќавате со Фуере кој десет години беше тука ама во тие десет години освен безрезервна подршка на СДСМ  не стори ништо друго , дали ке наведете еден пример за тоа што стори Фуере за демократизацијата на Македонија во тие десет години. Дали стори нешто Фуере за времето на неговиот абасадорски мандат за спроведување на Резолуциите за Осуда на Комунистичките Злостори донесени од Советот на Европа.

Да ви укажам на нешто  за што неверувам дека знаете а за кое постојат документи, ако не постоеше техничка пречка, граѓани на Р. Македонија да понесуваат жалби за работата на евроамбасадорите и други предствници на ЕУ, Фуере сигурно ке беше отповикан од амбасадорување во Македонија врз основа на одлука на обусманот на ЕУ!!

Се нафаќате на многу сериозна мисија а не дозволувате вистинска дебата!! Баталете ги изговорите, за оваа не е време и слично,  ако сега не е време, кога ке е време? Дали ке е време кога повторено друг, а не членството ке го избире председателот на партијата?? Сега се води одлучувачката битка за спас на партијата. Затоа отворете ги вашите ФБ групи до крај и почитувајте го вистински и искрено првиот амамандман на уставот на САД!!

Изгответе го СТУТОТ и дајте го на расправа, одете од ОК до ОК и барајте подршка за СТАТУТОТ и барајте од членството тоа да бара промени во партијата по тој СТАТУТ.. Без подршка од членството, ниту САД, ниту Брисел ке ја демократизираат партијата, а ако не се демортизира партијата брги и вистински, партијата ке ја снајде судбината на патијата на Тадиќ во Србија атоа значи ВМРО ДПМНЕ ке стане маргинална партија!! За изготвување и промоција на СТАТУТОТ побарајте и ке добиете финсиска помош од членството.

 

 14.10.2017

 

Народот се расправа кој е патриот а кој предавник а СЛУЖБАТА-УДБа И КОС ги пљачкосува. Правосудството е катастрофа, суди по диктат на  СЛУЖБАТА-УДБа И КОС. Политичките и Идеолошките неистомисленици се прогонуваат СЕУШТЕ по истите линии на работа како и пред 1991 година. Медиумите ги контролира СЛУЖБАТА-УДБа И КОС! Мракот ке трае се додека не се расветли минатото, барем она од 1990 па навака, а минатото неможат да го расветлат луѓето од минатото кои беа креатори на мракот, Најчевска, Фрчковски, Верушевски, Бошковски, Трајановски, Милчин, Пендаровски, Јанкуловска, Мијалков, Калачџиев, Пировска,  ....... долг е списокот, предолг за жал!

 

„СМК поднесе тужба поради незаконскиот избор на претседател на Собранието до Управен суд! 26.05.2017“

„Поднесена претставка до Уставен суд за изборот на Талат Џафери 10.05.2017“

 

 

Пишува Душан Петровки 06.10.2017

 

Оние со кои сум „пријател“ на фејсбук знаат дека имам афинитет за лајкување и споделување на меми. Впрочем мемите ми се толкава обсесија, што успеав мојот татко во својата седма декада да го свртам кон овој вид на изразување. Сликата вреди илјада зборови, што ги прави мемите ефективен начин на брза комуникација на идеи.

Деновиве тролајќи го фејсбуко налетав на една мима споделена од еден мој ДПМНЕвски „пријател“ којашто особено ми го привлече вниманието. Мимата е оваа подоле, а е во стилот на народната „Село гори, баба се чешла.“ 

 

 

Пораката е јасна: селото што гори е Македонија: Платформа, двојазичност, продавање на името, итн; бабата што се чешла се опонентите на тајфата околу Груевски—односно поддржувачите на Вландата на Зајко Кукурајко. Бабата што се чешла се кратковидите критичари на Груевски на коишто им дојдоа преку глава неговите измами и лаги. Мемава, поради тоа што ДПМНЕвците ја ползуваат кон свои пропагандни цели кажува само дел од вистината. Но, без галје, ние сме тука да ги фатиме манипулациите на обете банди. Нас, не нѐ интересираат ситните раскусурувања помеѓу двете крила на југокомунистичкиот галеб, туку нѐ интересира долгорочниот опстанок на нашата нација. 

ДПМНЕ крадеше. Да. Но доаѓањето на животот и слободата кобајаги значеа дека некој ќе одговара за грабежот што ДПМНЕвците наводно го правеле. Колку што ме држи умот, пред помалку од една година Македонија беше „под диктатура“, органите на државната безбедност беа „злоупотребувани без преседан,“ а ист беше и наративот околу грабежот којшто го правела вландата на Груевски. После полугодишно влечење и тегнење, Мурто конечно се симна од коњот за да може малку да појава братот му близнак, Курто. Курто, пошто бил вундеркинд, диктатурата на Мурто ја растури дури го пиел утринското каве—и тоа без ниту едно апсење, ниту една мацонка, или било каква реформа во органите на државната безбедност! И види богати, во Македонија ти дојде живот, и почна бркањето на странски инвестиции, коишто едно време се викаа „миљардата на Циле.“

Да не заборавиме, за време на единаесет-годишното владеење на ДМПНЕ, секојдневно бевме потсетувани дека СДС крадеше. Пред тоа 15-септемврискиот режим на Бранко нѐ потсетуваше дека вландата на Љубчо крадеше, а пред тоа вландата на Љубчо нѐ потетуваше дека првата вланда на Бранко крадеше. Првата влада на Бранко нѐ потсетуваше за становите што преку проневера ги лапнаа припадниците на вландата Кљусев; а власта за времето на Југославија постојано нѐ потсетуваше за тоа колку лошо ни било за време раније. Тоа води до еден заклучок: дека политиката на планирано осиромашување на народот, која ја вовеле Комунистите во 1945 година, сѐуште е на сила, и дека не постои намера помеѓу раководството за било каква промена на курсот.

Југословенскиот режим го практикува комунистичкиот систем кој некои просветени функционери во Партијата го означуваат како „раб на гладот/ивица глади.“ Во согласност со овој систем општото население треба да се држи гладно и под притисок од властите за на тој начин да гладните и исплашени луѓе го посветат сето свое слободно време загрижени се за својата основна егзистенција, како и за егзистенцијата на своите блиски. Следствено, тие стануваат покорни на командите на властите и губат интерес во општествените збиднувања (демобилизација). Режимот ги применува сите мерки на свое располагање кон оваа цел: ниски плати, високи цени на производствените производи, задолжително учество во работните акции, неплатена прекувремена работа во натпреварувањата помеѓу разните претпријатија, високи даноци за земјоделците, и други мерки. Главна должност на властите е грижливо да внимава границата на гладот и притисокот да не се премине, и преку зголемувањето и намалувањето на гладот и притисокот, да ги држат луѓето потчинети, но не во очај. -извадок од уизвештај на ЦИА

Фактот дека не постои промена во политиката на владеачката гарнитура во однос на економската состојба сугерира нешто уште позагрижувачко: дека политиката за етничко чистење на Македонците е исто така сѐуште на сила. Таа политика му е позната на секој Македонец, и му е врежана во потсвеста. Ветриштата на интернационализмот коишто сѐ послино дуваат деновиве, на нас Македонците, како на еден од најмалкубројите народи на светот, треба да ни бидат предупредување дека она што било започнато со Балканските војни—односно со укинувањето на Охридската Архирепископија (1767 година)—може многу брзо да се заврши сега. Четирите генерации родени во изминатово столетие не случајно сѐ повеќе—и физички и духовно—се одвојуваат од своето етнично наследство. Сѐ помалку Македонци живеат близу гробовите на своите дедовци; сѐ помалку Македонци ја имаат врската со „нашата вера убава“; сѐ помалку Македонци го зборуваат својот мајчин јазик; сѐ помалку Македоци ги знаат старите песни за нашите јунаци и ајдуци; сѐ помалку Македоци ги играат прочуените народни ора; општо речено, сѐ помалку Македонци знаат што значи да си Македонец.

Она што деновие се случува во Каталонија сугерира дека интернационалистите и покрај неможноста да се скрие вистината благодарение на интернетот, сепак се подготвени со помош на секава сила и неправда да ги угнетуваат малите народи, коишто единствено сакаат да бидат оставени на мир. Ако Каталонците останат куси во нивниот обид за прогласување на независност, тогаш црно му се пишува на нашиот народ.

Да се вратиме на мимата околу селото и бабата. Да помислиме вака: селото што гори е македонскиот идентитет—оној што веќе претрпел значителни промени во изминатиот век: промена на јазикот, сечење на врската со Христијанската вера, менување на основниот начин на живеење преку присилното празнење на селата и неиздржливата индустријализација којашто ги загадува почвата, водата, и воздухот, како што Службата ги загадува умот, телото, и духот на Македонецот. Селото гори, ама сѐуште не е целсно изгорено.

Бабата што се чешла е секој Македонец што си ја продава душата соработувајќи со Службата за пусто работно место во државното јасло. Од време на време течението на историјата бара од дадена генерација да се истакне со својата храброст и чесност. Грешката на генерацијата на моите дедовци, првата генерација македонски атеисти—чиишто гробови, благодарение на нивните кратковиди одлуки да соработуваат со системот, денес се далеку од мене—мора да се исправи доколку сакаме македонското име, коешто ја предатира пишаната историја, да им го пренесеме на нашите деца.

Ние сме Македонци. Не е случајно што барем три други народи сакаат да нѐ посвојат и да нѝ го прогласат гордото минато за нивно. Предавањето на минатото значи предавање на иднината. Дали сте спремни историјата да ве запамети како мивките коишто без срам и перде ја фрлија во огин една од најдолгите истории на светов? Пред околу еден век и половина, соочени со истиот предизвик, нашите прародители ја имале доблеста да ја видат опасноста на нивната понатамошна пасивност, и благодарение на нивната тесна врска со христијанската моралност го отпочнале најлегендарното ослободително движење на доцниот деветнаесетти и раниот дваесетти век. Време е да ја научиме лекцијата којашто тие ни ја оставиле, и да го оствариме аманетот за којшто тие несебично се фрлиле себе си во огинот за да нѐ спасат нас, притоа спасувајќи си ги своите души.

 

Joрдан Петровски 04.10.2017

Златко Теодосиевски во својата последна колумна во пост скриптум  како одговор на Теона Митевска а во врска со нивната полемика за документарниот филм „Кога денот немаше име“  а со тематика за убиството кај Смилковско Езеро вели:

Она што всушност треба да го направат е да им пишат на семејствата на обвинетите кои одлежаа толку години затвор, а кои што – директно и неотповикливо – беа прогласени за виновни токму (и) преку нивното филмувано „остварување“. Ако имаат толку, и таква, доблест, се разбира. А ја немаат, знам, ниту ќе ја имаат. И тоа се нешта што се учат во првите години од животот и во рамките на семејстовото.

Дали Златко Тодороваски откако ке го слушне видеово ке собере храборост па да му пише на Заев и да го праша како се чувствуваат семејствата на убиените ??

{youtube}www.youtube.com/watch?v=CxM72LKAf80{/youtube}