Реакција на колумна на Стојан Андов: Богдановски работеше против ВМРО како соработник на УДБА


До „Фокус“ пристигна реакција од Јордан Петровски од Канада на текстот на Стојан Андов „Зошто Драган Богдановски беше против кратенката ВМРО во името новата партија?“ објавен во нашиот неделник бр. 1151, од 28 октомври 2017. Г. Петровски беше споменат во текстот, но бидејќи неговата реакција по својата големина значително го надминува оригиналниот текст на Андов, и поради ограничениот простор во неделникот, за да не го кратиме текстот и да овозможиме дебата и полемика, одлучивме да ја објавиме на веб-страницата на „Фокус“


11/11/2017


Неодамна на страниците на „Фокус“ Стојан Андов даде една негова верзија на македонската историја, која мора да ја побиеме доколку сакаме да излеземе од котелот на комунистичката заблуда. На почетокот на мојата реакција на текстот на г. Андов ќе укажам дека јас никогаш и никаде не сум напишал ниту пак рекол дека сум основач на ВМРО-ДПМНЕ или пак дека сум учествувал во основањето на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак сум бил нејзин член! Јас првите контакти со врвот на партијата сум ги направил на крајот на октомври 1990, после основачкото собрание на партијата во Куманово! Мојата цел во влегувањето во овие преписки е проста: да се открие вистината, зашто само на здрав темел се гради куќа што трае. Зошто се сокрива вистинската историја можеби најдобро ќе биде објаснето од овие два цитата од текстовите на Групацијата на дисиденти и ветерани:„Засега за луѓето од ВМРО-СДРМА (ПРАВДА) не можат да се најдат повеќе податоци. Тоа е од причина што ако ги изучуваме нив ќе видиме дека Македонците се нескршливи, дека за идеалот поднесувале затворања, прогонувања, преживеале голготи и тоа ќе ни биде пример за тоа какви треба и ние да бидеме.
Со години на нас ни се нудат ‘херои’ кои Службата ги скршила и ги направила свои соработници. Што мислиш зар Службата не
може да го сокрие податокот дека Драган Богдановски бил нивни соработник или за било кој друг нивни соработник? Може, но на неа и е целта, да го убие во старт градењето патриотизам во карактерот на Македонецот.“
Дека сме знаеле како ќе се однесуват комунистите од СДСМ и од ДПМНЕ, говори овој цитат од текстот објавен 2010 година „Удбашкото ДПМНЕ ја прокоцка шансата што му ја даде ВМРО Правда!!!“ и тоа на страниците на „ФОКУС:“
„Од друга страна, една група на луѓе поддржана, а по сѐ и финансирана од Груевски, се обидува основањето на ВМРО-ДПМНЕ да го врзе исклучиво за Драган Богдановски и ‘Берлинската група’. Целта е многу јасна. Утре, историчарите кога ќе ги обработуваат писмата, манифестите, декларациите, и досието на Драган Богдановски и кога нема да сретнат ни збор за ВМРО, ќе ја отфрлат тезата дека се работело за нешто сериозно и додавањето на четирите букви ‘ВМРО’ ќе биде третиранo како симболика или само пропаганден потег. Со тоа ќе се изврши најголема историска лага и ќе се документира дека немало континуитет на ВМРО и оти единствена вистина, која ете, ја докажуваат, е дека комунизмот од српска провиниенција ни даде држава: што е и основна цел на антимакедонската политика од 1943/1990 год. и до денес.“
Би сакал да му се заблагодарам на г. Андов што ме спомена во неговиот текст па така ми овозможи да реагирам на ова негово писание а ако дозволи уредништвото на „ФОКУС“ тектов да излезе на нивните страници и така го натера господинот Андов да реагира на напишаното во овој текст ќе биде драгоцен придонес кон расветлувањето на комунистичките историски лаги!
Инаку, со Дане Поповски сме правеле обиди да реагираме на текстовите кои ги пишува господинот Андов во „ФОКУС“ а се врзани за ВМРО, но безуспешно од причина што „ФОКУС“ не сакаше да објавува ништо, бидејки не сме биле споменати. Тоа што Дане Поповски бил еден од основачите на ВМРО-СДРМА (ПРАВДА) не беше доволна причина за „ФОКУС“ да отстапи простор и да им овозможи на своите читатели за првпат да ја слушнат вистината за делувањето на ВМРО после 1945 година, да ја слушнат вистината од луѓето кои за првпат од Организацијата прават обид да ја направт политичка партија, со дозвола на нејзиниот легитимен лидер, Ванчо Михајлов!
Кога човек го чита г. Андов добива впечаток дека тој бил современик на Делчев, Сандански, Александров, соборец на Михајлов, соосоновач на ВМРО-СДРМА со Смичко, Гиге, Дане, Чакра, и Мрме.
Оваа хајка за уништување на Организацијата трае одамна. Таа почнала со Софиското јануарско советување во 1904 год., кога Сандански ја извршува првата поделба во неа, продолжила 1923/4 год., кога НКВД и БКП се обиделе ВМРО да ја стават под своја 100 отсто контрола, но безуспешно, па затоа се прави обид со формирањето на ВМРО Обедината во 1925 (репризирани марифетлуци после 1991 од учениците на НКВД и неговиот клон во Југославија, УДБа, со формирањето на десетици партии со предзнакот ВМРО) да се воспостави таа контрола!
Кон крајот на 1989 две групи на стари борци за обединета, самостојна, суверена и демократска Македонија, независно една од друга, следејќи ги случувањата во светот после падот на Берлинскиот ѕид и веќе неминовниот распад на Југославија сакаат да го остварат нивниот многугодишен сон, заради кој дел од младоста го провеле во Идризово, Зеница и другите КП домови на Југославија, а зрелите години под постојан прогон од УДБа во Македонија и низ Европа, Северна и Јужна Америка.
Групата во Македонија освен идеја не прави ништо поконкретно. Свесни се дека за УДБа ќе се прелесен залак.
Групата што е во емиграција е исклучиво составена од членови на ВМРО-Правда. Овој состав е решен да оди до крај во својата заложба. За да го елиминираат најсилното оружје на УДБа, етикетата која ја им е закачена од раните денови на Титова Југославија— а за која се свесни дека УДБа повторно ќе ја употреби за да ги неутрализира — Ванчомихајловизмот — Костадин Смичковски оди на разговор кај Ванчо Михајлов. Меѓу другото, разговорот има за цел да се постигне согласност со Михајлов тој да не ја оспорува употребата на името ВМРО. Михајлов беспоговорно ги прифаќа барањата на Смичковски. За прифаќање и поддршка на идејата, пресудно кај Михајлов е што и тој е свесен зошто УДБа, за разлика од неговите еднакви, од движењата на Хрватите, Словенците, и Србите, го остава жив: за да биде „Баба Рога“ со која УДБа не само што ќе го плаши граѓанството во Македонија, туку и да биде најмоќната етикета односно кал со која ќе ги валка сите лица кои се неподобни по антимакедонскиот комунистички систем. „Деца, вие бевте и останавте Македонци,“ ќе заклучи Михајлов. „Правете, но знајте дека УДБа ќе ве попречи. Јас сум веќе престар да го менувам она што сум го тврдел за себе сиве овие години.“
Накратко ќе се навратиме подалеку во минатото за да оставиме уште едно многу важно сведочење. Имено, кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години на дваесеттиот век, откако водачите на ВМРО-Правда еден по еден излегуваат од затвор и постигнуваат каква-таква консолидација на своите животи низ светот и во Македонија, заклучуваат дека ВМРО-Правда треба да згасне. Тие сметаат дека движечката сила кон македонското осамостојување повторно треба да стане ВМРО—Организацијата, која е единственото тело кое континуирано се залага за третман на Македонецот како еднаков на секој друг човек на светов. Предводниците на ПРАВДА се свесни дека доколку на чело на Организацијата остане Ванчо Михајлов, тогаш таа нема да биде успешна во својата заложба. Затоа, тие заклучуваат дека е неминовно да се постави нов водач на организацијата. Нивни избор е д-р Костадин Смичковски, човек кој долги години е во самиот врв на ВМРО, поради што Ванчо Михајлов одлично го познава. Братот на Костадин, Бранко е човекот кој се грижи за безбедноста на Михајлов.
Но, како што му е познато на секој читател, транзицијата од Михајлов до Смичковски нема да се случи иако Михајлов бил согласен со тоа да дојде до негова смена. Промената нема да дојде благодарение на дворските игри на луѓето околу Ванчо Михајлов. Тука мора да се издвои Вида Боева (сестрата на проф. Георги Боев и лична секретарка на Михајлов), чија основна грижа и задача е Ванчо да остане на чело на Организацијата, при што етикетата за пробугарскиот карактер на ВМРО би останала негибнатa. Од колкава важност за УДБа е да не дојде до промена во врвот на Организацијата зборува и фактот што луѓето на УДБа во овој период прават обид да го ликвидираат Костадин Смичковски. Смичко ќе мине цели две години во Германија сокривајќи се од џелатите на УДБа. Откако се стекнува со впечаток дека заканата по неговиот живот е мината, Смичковски се враќа во Лугано. Кратко по неговото враќање во Лугано го напаѓа чудна болест за која ниту тој, иако бил лекар, до крајот на животот не ја утврдил дијагнозата. Интересно е што истата болест го зафаќа и зетот на Анте Павелиќ со кој Костадин е многу близок пријател. Смичковски е убеден дека болеста е резултат на обид за негово труење од страна на УДБа. По долгодошно боледување од оваа мистериозна болест, д-р Костадин Смичковски конечно ја губи борбата во зимата 2012 год., но не пред да остави вредни сведочења за неговото учество во делувањето на групата од ВМРО-Правда.
Да се вратиме на случувањата од 1989/90 год. Многу бргу по средбата на Смичковски со Михајлов се случуваат два битни настани, кои по наше видување се клучните во попречувањето на македонското осамостојување, а со тоа и демократизација. Покрај другото, настаните прејасно укажуват дека Ванчо Михајлов бил под контрола, односно, опсервација на УДБа, бидејќи по средбата Михајлов – Смичковски, се појавува Драган Богдановски со идеја за формирање на Демократска партија на Македонија која ќе ја застапува Илинденската идеологија!
Драган Богдановски на почетокот на 1990 најавува формирање на Демократска партија на Македонија по иницијатива на еден академик и двајца универзитетски професори од Скопје кои тајно се среќават со него во Шведска за да му ја изложат идејата.
До ден денес не дознавме кои се двајцата професори и академикот кои биле кај Богдановски. Се надевам г. Андов, кој сугерира запознатост со историјата околу Богдановски, ќе даде одговор на ова битно прашање, односно дека ќе приложи документ од кој ќе ги осознаеме имињата и точниот датум на средбата во прашање. Јас тврдам дека се работи за лага која Богдановски се обидува да му ја „продаде“ на тогаш актуелниот претседател на ДООМ, д-р Богољуб Андоновски! Според сознанијата кои ги има групацијата, таква иницијатива и средба не постои! Од писмото кое Богдановски го упатил до д-р Андоновски се гледаат манипулациите на Богдановски. Имено, тој пишува на 3 февруари 1990, дека во Македонија веке е ФОРМИРАН Иницијативен одбор за создавање на партијата чие Основачко собрание ќе го одржи на 4 февруари 1990. Се надевам дека г. Андов и за ова ќе даде некој доказ!


[Image: 5.png]

Тоа не би било ништо чудно и спорно доколку во Координативниот одбор на партијата не ги вклучува Дане Попоски и Данчо Бојковски, без да ги извести и да добие согласност од нив. Попоски и Бојковски се луѓе од врвот на ВМРО-Правда, десничари чија идеја била Македонија под протекторат на Америка. Првичното име на ВМРО Правда е ВМРО СДРМА (Слободна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка). За овој потег Богдановски за првпат ги известува двајцата во февруари 1990. Во тој разговор Поповски на Богдановски му го пренесува ставот на ВМРО дека тие го условуваат своето учество во формирањето на партијата со тоа, пред ДПМНЕ да стои ВМРО. Богдановски го одбива предлогот. Кај Драган Богдановски постои одбојност кон ВМРО. Тоа може да се заклучи и од неговите пишани работи. Тој скоро никаде не го споменува ВМРО, ниту пак се повикува на ВМРО како историска организација со заложба за изедначување на Македонците со останатите светски народи. За тоа сведочи и Дане Попоски.
Драган Богдановски иднината на Македонија и по распадот на Југославија ја гледа и понатаму со комунистичка идеологија како дел од „Обединета Советска Македонија“ или „Балканска Федерација.“

[Image: 2-2.png] 

Ова не треба да зачудува или пак да предизвика посебно изненадување. Проучувајќи ги подлабоко гледањата на Богдановски, тој по сѐ бил левичар и русофил, поточно сталинист, како што исправно забележал и Андов.
По разијдувањето меѓу Богдановски и вмровците, на 15 март 1990, тој во „Млад Борец“ го објавува Манифестот на ДПМНЕ без да направи корекција во Координативниот совет, односно, без да ги повлече Дане Попоски и Данче Бојковски. Не ги повлекува бидејќи во меѓувреме игра на друга карта—преземање на МААК. По неуспехот за преземање на МААК, Богдановски ги обновува преговорите со ВМРО и на крајот на 26 април 1990 во Царев Двор, ресенско, оди во куќата на Дане Поповски, кој доаѓа во Македонија за да се завршат преговорите и ако не се постигне договор, ВМРО-Правда да отпочне подготовки за самостоен настап.
Мојот текст ќе заличи на каша-попарата на Андов, односно нема да биде комплетен ако аргументирано не ги побијам манипулациите со кои сака Драган Богдановски да го претстави како голем и единствен вистински борец за македонската кауза.
Еве го оргиналниот, а воедно и прв документ, освен летките, кои зад себе ги оставале основачите на ВМРО-Правда. Тоа е програмата и името на партијата која носителите на континуитетот на ВМРО се подготвувале да ја регистираат. Програмата и името се правени пред да се направи разговорот со Ванчо Михајлов, а за да се задржи асоцијацијата на ВМРО, односно да се даде јасно до знаење дека ВМРО е вистинското име на партијата на ДПМ, се додава ПРАВДА!

[Image: 1-3.png]

Забележувате дека името ѝ е ДПМ ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА, името кое — каква „случајност“ — Богдановски го дал на неговата партија!
Инаку, Драган Богдановски во 1950 бил осуден за кражба, а не поради судир со југословенските власти заради определбата за создавање на македонска независна држава како што вели г. Андов!


[Image: 4.png]

Очекувам г. Андов да ја понуди пресудата со која Богдановски во 1950 во Белград е осуден како македонски националист!
Постои документ дека Богдановски воопшто не бил во Аргентина! Целта на патувањето на Богдановски во Бразил, според описот на г. Андов, има многу нелогичности! Богдановски за Бразил можел да замине најрано на почетокот на 1951. Зарем не е чудно, младо момче, веднаш по излегувањето од затвор, кое не знае друг јазик освен македонскиот и српскохрватскиот да тргне на патешествие во Бразил?
За ова интересно е сведочењето на Јоне Шикалевски, човекот кој во логорот во Грција влегол со првата група бегалци а излегол последен и кој веќе после првата година од престојот во логорот одлично го владеел англискиот јазик, станал преведувач на логорската управа, составена од американската војска. Кога воената управа веќе почнала да им дава „визи“ за заминување на логорниците тие сами избирале во која држава ќе заминат. Според сведочењето на Шикалевски излегува дека тврдењето на г. Андов оти Богдановски не можел да замине за Европа, не држи.  Богдановски во логорот доаѓа некаде во 1951 а во тој период веќе немало никакви ограничувања за избор на државата каде ќе сакал да замине секој логораш! Скоро сите логорници, откако пристигале на своите избрани дестинации му пишувале писма на Јоне, со деталите каде се, така што Шикалевски контактирал со сите кои му се јавувале.
Тука се јавуваат прашањата кои ќе си ги постави секој разумен човек: кој му ги обезбедил врските на Богдановски во Бразил и со кого; и кој му го финансирал патувањето и џепарлакот додека не се снајде во Бразил? Во Бразил имало само една група на ВМРО и тоа групата од Богданци. Значи, многу пологично е Богдановски да оди во САД, или во Европа, каде има вмровци и од Куманово и кумановско со кои би имал можност полесно да стапи во контакт.
По враќањето од Бразил, Богдановски останал во Европа. Со што се занимавал во периодот по враќањето од Бразил, па сѐ до 1961, не би коментирал бидејќи нема цврсти докази за тој период. Во 1961, во Париз Богдановски бара начин да влезе во организацијата „Лозари“. Зачестено оди во центарот за емиграција со цел да се сретне со лозарите — по сѐ првото македонско организирано движење во Европа после војната — кои дел од своето слободно време го поминувале во центарот за да им помогнат на новодојдените Македонци. До средбата доаѓа кога Богдановски започнува расправија со некои Бугари во која ја нагласува посебно својата македонска определба. Таа расправија прераснала во тепачка помеѓу Богдановски и Бугарите. Тогаш во тепачката се замешале Данче Бојковски, Петре Јовановски, водачите на Лозарите и уште некои Македонци со цел да го одбранат Богдановски. Од тој момент Богдановски заради својата јасно искажана македонска определба станал нераздвоен придружник на Данче и Петре. Чудно е што Драган дотогаш доаѓал во центарот ама никогаш не се закачал со Бугарите, кога за првпат таму биле Данче и Петре, Богдановски ја покажал својата омраза кон Бугарите!?
Документите за Драгановото кодошење на Данчета како човек кој работел за ЦИА, ги поседувам.
Драган не учествувал во формирањето на ОКМ — организација која подоцна ќе се преименува во ДООМ, па потоа во НФМ. Тој ќе се заинтересира за ОКМ откако таа ќе почне да добива на масовност кај Македонците во емиграција.

[Image: 3-1.png]

Од тој момент во ОКМ, односно во ДООМ, почнуват внатрешните кавги и расправии, а со тоа организацијата наместо да се занимава со она за што е формирана, таа е опструирана со внатрешни кавги. Еве дел од писмо на д-р Андоновски од кое јасно се гледа формата на опструирање на работењето на ДООМ. Метод на опструкција, обиди за формирање на паралелни организации, и партии кои ќе бидат применувани и после формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.


[Image: 1-2.png]

Еве дел од Службена белешка бр.1014 од 27.07.1988 г. од кој јасно се гледа соработничката улога на  Драган:

[Image: 3.png]
[Image: 2-1.png]
[Image: 1-1.png]
[Image: 2.png]

(Легенда: „Брест“ – д-р Андоновски; „Рашомон“ – Драган Богдановски)
Што била целта на СДБ се гледа од овој дел од едно писмо на д-р Андоновски упатено до Драган:

[Image: 1.png]

Заради ограничениот простор ќе се задржам само на уште еден бисер од герданот на манипулации на г. Андов, а кој е обид да се објасни од каде Богдановски добивал пари за својот живот, прашање кое сум го поставил на скоро сите подржувачи на тезата дека Драган не бил соработник на УДБа/СДБ.

Господинот Андов вели: „Поради потфатите за јакнење на македонската национална свест на македонската емиграција во западните земји, Богдановски бил дури директно помаган и заштитуван од страна на македонските тајни служби, а тоа било толерирано од југословенските тајни служби. … [Д]а отпатува во некоја од европските земји каде што се надевал дека ќе развие политичка активност за отцепување на Македонија од Југославија.“
За период во кој југословенските тајни служби убиваат, апсат, судат и репресираат илјадници Македонци, и Хрвати кои се залагаат отцепување на Македонија и Хрватска од Југославија, г. Андов ни вели дека истите тие служби го заштитувале и финанскиски го помагале Богдановски и тоа со знаење на југословенската служба кон неговата наводна цел Македонија да ја отцепи од Југославија. Господине Андов немојте до толку да ја потценувате интелигенцијата на Македонците! Тајната полиција го финсирала Драган за да работи против организациите и луѓето кои работеле на идејата за обединување и осамостојување на Македонија.

Крсте Црвенковски во своите „Дневни записи“ меѓу другото запишал:
„Мене ми е познато дека Богдановски повеќе години, политички и пропагандно, дејствуваше против СРМ и СФРЈ. Тој го издаваше и беше главен автор на списанието на МОД ‘Македонска Нација’. Тој е еден од водачите на екстремното националистичко движење во странство. Но, таа организација , колку што јас можев да насетам, е повеќе чедо на ‘нашата УДБ-а’.“ („Пулс“, Скопје 28.05.1992)

На ова само ќе го додадам сведочењето на Јоне Шикалевски во кое тој, причината за киднапирањето и осудувањето на Драган ја објаснува со тоа што одредена сума на пари која тајната полиција му ја дала на Драган за да изврши плаќање на соработниците и за други активности, тој ги потрошил за себе. Ако бил навистина непријател на Југославија во време кога тајната југословенска полиција ги ликвидирала своите противници ширум светот, зар ќе ризикувала да го киднапира и да го пренесува Богдановски во Југославија? Кога ќе се погледне активноста на Богдановски во Идризово—дадов некои примери погоре—јасно е дека тој бил соработник на УДБа.
За бугарскиот „карактер“ на ВМРО кој г. Андов го докажува со приказни, ќе понудам неколку изјави на луѓе кои биле обвинувани, прогонувани и судени за бугарофилство:
Ние сме прогонувани, судени и затворани како „ванчомихајловисти-бугарофили“ или „бугараши“ во времето на апсолутна власт на србокомунистите. Заминати сме скоро сите од Македонија, некои уште на почетокот на педесеттите, некои на почетокот на седумдесеттите, некои на почетокот на осумдесеттите, некои на почетокот на новиот век. Секој од нас, ако навистина бил бугарофил како што ни стои во обвиненијата, со стапнување на тлото на Европа, Северна или Јужна Америка, ќе се изјаснел за Бугарин. Такви меѓу нас нема! Ние сите сме Македонци.
Се надевам, односно очекувам, г. Андов да ми посочи со име и презиме кои од луѓето од ВМРО – Правда кои избегале од Македонија кога стасале на безбедни дестинации се декларирале како Бугари. Дали ќе може г. Андов да приложи доказ за мене за моето декларирање како Бугарин откако сум дојден во Канада, оти јас сум прогонуван за соработка со БНСР?
Толкувањата за целта, и за националните чувства на водачите на ВМРО на г. Андов јасно потврдуваат дека неговите писанија се строго антимакедонски, кои за цел имаат да ја продолжат лагата која комунистите и САНУ ја сервираат од 1945 па до денес. Да се суди за нација и национални чувства, со денешни поимања за настани од пред еден век е само доказ за нечесната намера на тие што наметнуват таков суд. Секој кој се обидува да дојде до вистината — а таа е единствено во интерес на Македонците — ќе бара и ќе ги цени мислењата на луѓето кои биле современици на тие случувања и кои за тоа оставиле писмена трага.
Англичанецот Брајлсфорд кој неколку години престојува во Македонија како „незаинтересирана“ страна донел и најточен суд за бугарофилството:

„Една од последиците на брзиот економски развој на Бугарија беше, нејзината потреба од работници да охрабри бескраен бран македонски имигранти, кои поминуваа неколку месеци, или неколку години во Кнежеството и потоа се враќаа во своите села со заштеди. Овие луѓе станаа мисионери на бугарската идеја. Тие ја проширија славата на нејзината слобода, нејзиното богатство, и нејзиниот брз развој. Бројот кој оди во Србија е незначителен, и нивните вести за Србија не се многу позитивни иако за сета нејзина политичка нестабилност Србија сѐ уште претставува голема разлика од Турција. Кога уште ќе се додаде покрај сите свои примати, булгарофилските Македонци го започнаа својот прекрасно-организиран револуционерен комитет во 1893 год., српската кауза во Македонија го доживеаа својот смртоносен удар. Со тоа што го нагласуваше својот антагонизам спрема Бугарија, официјална Србија и официјално и отворено застана на страната на Турција, и ништо не можеше да биде пофатално за иднината на било која христијанска раса во Турција. Македонското селанство ќе ја поддржеше било која пропаганда која му ветуваше било каква надеж за брза слобода од отоманското ропство. И конечно, има голема разлика и во пропагандите на балканските држави. Додека Бугарија работеше за автономија на Македонија, Србија и Грција работеа на припојувањето на Македонија со нив. Резултатот е во тоа што нивните активности работат кон профит на нивната земја, додека Бугарите несомнено создаваат дух на локален Македонски патриотизам. Српското движење е чиста официјална агитација, водена и финансирана од Белград; додека и покрај симпатиите на Софија, бугарскиот Револуционерен комитет е вистинска македонска организација.“

Сведочење на Брајлсфорд за востаничкото движење:
„Востаничкото движење навистина е автохтоно македонско движење, подготвено од Македонци, предводено од Македонци, и помогнато од страсното сочувство на општото словенско население. Безмалку не постои село кое не е приклучено кон Организацијата (ВМРО). Во поголемите градови, како Монастир, има неколку поединечни Бугари кои не се активни и волни членови. Пред десет и дваесет години, кога децата во македонските училишта беа учени да ја пеат султановата химна, за пречеци на официјални посетители, тие тајно беа учени да пеат чувствителна песна, ‘слава му нему, кој и да биде, кој ќе ни е ослободител.’“

Агентот на ЦИА, Ангел Кујунџиски од Париз, на 9 мај 1949 год. поднел извештај:
„Ванче Михајлов е тежок анти-комунист и е строго анти-советски настроен. Тој отсекогаш се залагал за независна Македонија, т.е. Македонија која нема да е под јаремот ниту на Бугарија, ниту на Грција, ниту на Југославија, а особено не под јаремот на Русија. Ванче Михајлов е вистински Македонец, и јас само како таков го познавам.
Го прашав Михајлов зошто тој и неговата организација соработувале со монархистичката Влада за време на војната, кога Цар Борис вети дека Македонија ќе ја направи независна држава. Михајлов категорично негираше било каква соработка со Цар Борис од негова страна; понатаму ми рече дека кога Цар Борис и Германците предложиле тој да биде поставен на чело на независна и слободна македонска држава обединета со Бугарија, Михајлов, не само што го одбил предлогот, тој го советувал царот и неговата влада и тие да ја одбијат оваа понуда, бидејќи како и да ѐ, оваа држава би била само привремена, и би била растурена со завршувањето на војната. Михајлов ми кажа дека тој не може да го замисли формирањето на било каква независна македонска држава без претходна согласност од страна на САД. Михајлов многу директно ми рече дека ова тој не го зборува оти јас сум американски државјанин, туку ми објасни дека тој нема доверба кон Англија, и затоа што тој е убеден дека не може да се формира независна македонска држава без претходна согласност на САД. Според Михајлов, Англија има направено многу грешки во овој дел на светот, и дека таа се уште продолжува да прави грешки тука. Според Михајлов, Англија има голема недоверба кон словенските народи. Михајлов вели дека оваа недоверба е неоснована, бидејќи, иако Македонците ја имаат истата вера како Русите, тие никогаш нема да ги имаат истите принципи, и дека Македонците никогаш нема да станат Руси, исто како и што не можат да станат Бугари или Срби. Македонците ќе си останат Македонци, секогаш, дали во рамките на независна Македонија или пак под патронат на ООН или под контрола на грчката држава.“

Извадок од книгата „Херои и убијци“ од Стојан Христов, за првпат објавена во САД во 1937 година:


[Image: Untitled.png]

Конечно, во прилог на неговото извинување во „Нова Македонија“ до господата Андов, Глигоров, и Тупурковски, необјавено останало извинувањето на Драган Богдановски — дел од неговото претсмртно проштално покајание—до раководството и членството на ВМРО ДПМНЕ:

„Со ова писмо го повлекувам како невистинито сето она што го имам напишано против нашата партија особено против нејзиниот смел водач Љубчо Георгиевски. … Сакам да подвлечам дека опасноста за интересите на Македонија не се состои во наводната и непостојна бугароманија на Љубчо Георгиевски туку во србоманијата на Киро Глигоров – диктатор, наследник на српскиот диктатор Лазар Колишевски. Нека ова поздравно писмо биде сфатено како моја искрена исповед и како грижа на мојата совест. Идејно и со своето полувековно политичко минато припаѓам на ВМРО-ДПМНЕ. Како вмровец сакам да умрам и да бидам испратен во гробот од мои вмровци.“

 Јордан Петровски, главен уредник на порталот kotle.ca, Заседавач на Комитетот за демократизација на Р. Македонија, и политички азилант во Канада

ФОКУС

 

Пишува Душан Петровски

29.11.2017

 

Република Македонија во своето државотворно минато нема Јулие Цезар, Октавиан Август, или Маркус Аврелиус, туку има Калигула, Комодиус, и Неро. Таа е таму каде што е затоа што наместо да ги колне и плука овие паразити, таа ги величи и слави.

На денешен ден, 26 години по распадот на крвничкото здружение наречено Титова Југославија, кога наместо Македонија да врви по својата патека на напредокот, многумина сѐуште го слават ликот и делото на Балканскиот Калигула. Слепците коишто го слават сељакот од Кумровец се луѓе од негов калибар: простаци, полуписмени кретени, и ситни преваранти симнати од планина кои станаа општествен крем накитени со академски титули благодарение на, првин фашистичките а потоа и сојузничките пушки, митралези, и шмајзери коишто, наместо да бидат користени за борба против окупаторот, биле складирани за конечната пресметка со „домашниот непријател“ по германското повлекување.

Пред да бидат против Фашистите/Нацистите, Комунистите биле со нив.

'Мајкл МекКонвил, „Мала војна на Балканот: Британско воено делување во завојувана Југославија, 1941-1945“ (стр. 23). Дискутирајќи ја улогата на Михајловиќ во воспоставувањето на првото отпорничко движење во Југославија, МекКонвил пишува: „На 11 мај 1941 година, кога Павелиќ сѐуште ги довршуваше своите подготовки за геноцид во Хрватска, и Тито, агентот на Коминтерната, не работеше ништо да го попречи германскиот окупатор зашто тие беа ортаци во Нацистичко-Советскиот пакт, Михајловиќ пристигна во Равна Гора кадешто го смести својот генералштаб.“'

Да не се чудиме зошто после 26-годишна независност Македонија сѐуште талка во мочуриштето на светскиот поредок. За тоа не е виновен ниту Џес Белји, ниту Кристофер Хил, ниту пак ќе биде Хојт Ли. За тоа е виновен секој малодушен кодош што соработува со Службата. А таквите, за жал, ги има премногу. Тоа е аманетот оставен од нарцисоидниот провинцијалец кој сонувал да биде принц, Јосип Броз Тито.

Времето на влијанието на фондацијата СОРОС врз амбасадата на САД во Македонија полека но сигурно завршува!!

 

„Стејт департментот на САД им додели 5 милиони долари на организациите на Џорџ Сорос во Македонија. Сорос ги употреби парите за превод на ‘Правила за радикалите’ на Сол Алински на македонски и ја дистрибуира книгата низ Македонија. Во парламентот се случи насилство. Многу Македонци си ја сакаат својата земја назад“

 

 

Котле дојде до документ/записник за посетата на комисијата за реформи на УБК на просториите на Петата Управа!

 

ЗАПИСНИК ОД ПОСЕТАТА НА ДРАГИОТ ДРУГАР СИЛЈАН НА ПЕТАТА УПРАВА

Во просторијата влегува  Другарот Силјан, препознатлив со своите мустаќи ала Сталин за да изврши инспекција како шеф на комисијата за реформи на УБК. Уште од врата Другарот Силјан Прашува:

- Како е колеги?
 
Вработените во хор:

-Еве, работиме шефе.
 
Другарот Силјан:
 
- Вие сте свесни дека сте на најважната линија за одбрана на националните интереси и зато на вас денеска ви припаѓа тешка и одговорна задача, таа ке ви ја објасни мојот заменик подоцна.
 
И почнува да врши надзор од монитор до монитор и застанува пред еден монитор, кој го надгледува оператор со мустаќи као неговите.
 
- Како оди?
 
- Следиме еден инкриминиран субјект. Некој клинец, пее во метал-бенд, држи антидржавни говори пред спменикот на Воинот на Коњ.
 
- Ах, така... Клинец викаш. А, кај бил пред 5 години да критикува?
 
- Пред 5 години имал 16 години, шефе.
 
Мала пауза, Другарот Силјан ги замазнува мустаците и прашува:
 
- А, го провери татко му, мајкаму , дедому, бабаму .... се до пето колено треба да се провери!?  Консултирајте ја старата база на податоци. Како што вика нашиот народ: Нова техника применувај, на стара кодошка документација не плукај.
 
Задоволен од силната поента Другарот Силјан се загледува уште подлабоко во мониторот и зачудено извикува:
 
- Гледаш дека разменуваат линкови!!! Зошто не ги проверуваш страниците?
 
- Ама Шефе.....
 
- Нема тука ама. Во ова работа си добар ако си педантен.
 
Операторот ја отвора страницата, кога од неа се гледа порно-видеоклип. Веднаш потоа ги крева веѓите и се мршти, како да сака да каже: ете, во право бев. Но, Друарот Силјан не дозволува да биде збунет.
 
- Ајде мотај, мотај мотај. Гледај го до крај. Што знаеш, можеби првите минути е порно, а потоа е вметнат опасен политички говор во кој повикува рушење на уставен поредок, на бугарска, грчка пропаганда. Младите денес ептен ги бива со ова интернетов, не ги потценувајте. 
 
Операторот се правда дека страницата е странска и дека тоа е невозможна опција, но и дека веке Буарија и Грција не се непријателски држави. Другарот Силјан поцрвенува, готов да пламне и да удри со дланка на маса, кога ситуацијата ја спасува неговиот заменик, кој незабежливо се провнал до него во меѓувреме:
 
- Луѓе, шефот сака да каже дека тоа е како со шлеперите. Однапред се со вода или со банани натоварени, а во преградите стои чиста дрога и странска капиталистичка литература литература
 
Другарот Силјан упатува една насмевка кон заменикот од типот: „е, затоа си најумен од сите и си мој заменик“ и изустува една пофалба само со зборот:
 
-Замениче....
 
Потоа оди кај друг оператор. Тоа е операторот Трајче Трајчевски и забележува дека Трајаче се следи СМС, на некоја жена со презиме Трајчевска, Другарот Силјан веднаш сфаќа во што е работата.
 
- Трајче, додека губиш време на следење на твојата жена, непријателот копа, ја разорува земјава.
 
- Но, шефе, не е само што и' е швалер, туку мислам дека има сериозен опозиционерски и предавнички ангажман.
 
- А, видиш!! Маме им расипано. И со мажени жени одат. Абе комуњар, ништо не им е свето.
 
Заменикот му шепнува на уво , Другар Силјан не си веке заменик на Сашо Мијалков, оваа не е комуњар туку сигурно е некој ВМРО овец!
 
Другарот Силјан се поткашла малку за да го прочисти гласот и соопшти дека
 
-Тие што одат со омажени жени воизвештаите  нема како до вчера да пишувате дека се комуњари туку ке пишувате дека се вмровци., нело ја вративме слободата и демокртијата а тогаш за се беа виновни вмровците.
 
И тргна накај вратата, по него се упати и заменикот , Другарот Силјан го прострела со погледот и му подвикна
 
-Каде тргна , зар заборави дека те доведов тука да им објасниш на колегите за планот играње дрдупка со ПРИБЕ!! До кога бре се мора јас да мислам и работам?
 
Другарорт Силјан се врти кон вработените и им соопштува:
 
-Сега ке прекинете со прислушкувањата , од пред пол час вашата работа ја превзеде резервниот центар за прислушкување. Вие сега ке помогнете во подготовките за пречек на шапшаливе од ЕУ кои ке дојдат да ве исконтролираат утре. Надвор имате два стола за билјар, едно или две пикада кои треба да се внесат и да се постават во просторијава, ке треба да досете од дома по некој шпил карти, домина, не лути се човече и утре па до „даљњега“ дел од вас да игра билјар , дел пикадо, карти, домино, не лути се човече ама сите мора да играте некоја игра и кога и да влезат оваа шапшаливе од ЕУ кои мислат мене ке ме надитрат да ги „убиете“ од прва. И да не заборавам тоа мониторите да бидат исклучени од струја уште сега, да не некој како Трајче ке си ја следи жената  или мажот во швалерации.
 
Сега ДОВИЖДАЊЕ и незаборавете!!
 
Смрт Фашизму Слобода Народу.
 
 
 
 
 
се да се исчисти да нема трага дека сум рекол комуњари. Чекај да биде готов извештајот за ПРИБЕ  за мојата прва посета, немој некој да останал од тоа шпиуните па да пише дека не сум правел инс 
 
 
 
 
 

 

Јордан Петровски 18.11.2017

Јанко Бачев во текстот ПАРАШПИОНИТЕ ОД ЧЕЛИЧАРНИЦАТА НА МИНЧО објавен 2006 година открива сериозна афера:

Во предизборната 1998 година СДСМ припремајќи се за опозициско дејствување дојде на идеја да формира паралелна разузнавачка служба под негова контрола. Во таа насока, пред изборите во 1998 година дојде до привидното "збогување" со СДБ на лицето Живко Ѓеоргиевски, тогашен началник на моќната втора оперативна управа во тајната полиција. Тој заминува кај Минчо Јорданов во "Макстил", инаку актуелен вицепремиер во владата на Бучковски. Во "Макстил" "старите пријатели" од времето на УДБА ја договараат реализацијата на веќе дефинираната стратегија за формирање паралелна разузнавачка служба, која на општо задоволство уште тогаш ќе биде формирана

Од аспект на поставеноста на средствата и методите на работа, ова служба во ништо не се разликува од дејствувањето на класичните разузнавачки служби. Има свои оддели за тајно следење и набљудување, за оперативна работа и аналитика. Се работи за мошне мобилна служба, организирана на прицип на база и станици и во овој контекст да спомнам дека имаат база сместена во една здравствена организација, и две станици стационирани во два стана. На теренот како и секоја разузнавачка структура прибираат најразлични оперативни податоци за свои потреби. Интересно е тоа што за време на т.н. владеење на ВМРО-ДПМНЕ, вмровската власт беше контролирана и приклештена помеѓу две разузнавачки структури-онаа легалната СДБ, која Владата на ВМРО-ДПМНЕ божем ја контролира, и веќе спомнатата паралелна служба. Инаку оваа паралелна служба, како и онаа легалната СДБ, по потреба меѓусебно се помагаат во информации, луѓе, мислења и слично. Во прилог на ова, секако е и фактот што во моментот и во МВР и во СДБ знаат и го толерираат функционирањето на оваа вониституционална стуктура. Не е на одмет да спомнам дека во врска со расветлувањето на аферата "Големото уво" вештакот-брат на пратеникот Макрадули-кажа невистина дека само МВР располага со оперативно-технички средства, бидејќи во тоа време веќе функционира спомнатата паралелната разузнавачка структура, а немаше наод и мислење на спомнатиот вештак и за ова т.н.служба.

Што ме натера да се присетам на овој текст и да напишам неколку збора за одредени сомнежи кои се појавија кај мене после аферата „ПУЧ“ или „БОМБИТЕ НА ЗАЕВ“?  Во дебатни емисии  стручни луѓе го објаснија целиот процес на работа на ПЕТАТА Управа и од тие објаснувања стана јасно дека телефонските компаниии се битниот дел во прислушкувањето. И од тука тргнаа прашањата за кои немав одговор!

Ако без Телеком не е возможно прислушкување како тогаш оваа пара-ПЕТА управа која била во склоп на ПАРАШПИОНИТЕ НА СДСМ можела да работи освен ако и таа тоа не го правела преку Телеком!!

Од тука произлегуват две клучни прашања за мене!

Директор на Телеком во период 1998-2002 година, е Ден Дончев кој е кадар на ВМРО ДПМНЕ! Како и зошто Ден Дончев поставен од ВМРО ДПМНЕ дозволил неговата партија да биде мета на прислушкување од СДСМ?

Директор на ДБК исто така бил кадар на ВМРО ДПМНЕ, а ДБК не успеваат да откријат дека постои паралелен систем за прислушкување кој го користи приватен субјект, СДСМ и тоа покрај техниката со која располагаат и обрската која ја имаат!

Доста Димовска која била министерот на МВР исти така бил кадар на ВМРО ДПМНЕ?



Наследникот на министерката на МВР, Доста Димовска, која даде оставка заради прислушкувањето, односно аферата „Големо Уво“, Љубе Бошкоски, ништо не стори да се открие прислушкувањерто од страна на пара-петата управа на СДСМ.

 


Денеска, поточно по доаѓањето на СДСМ на власт тогашниот директор на Телеком и висок тогашен фунцкионер на ВМРО ДПМНЕ, Ден Дончев е поставен за директор на фондот за здравство, кокошката што на партијата на власт и носи златни јајца.

Зар некој ке ја даде таквата кокошка во раце на непроврен човек, на човек кој не се докажал со својата верност кон СДСМ??

Се шпекулира дека и Љубе Бошковски кој ја превзеде функцијата министер на МВР по аферата „Големо Уво“ ке стане министер во сегашната владата на СДСМ!

 

 

И последното прашање: со што ке биде награден тогашниот премиер на владата и председател на ВМРО ДПМНЕ, Љупчо Герогиевски за непокренување на расчистување со афератите „Сина Птица“, „ДУВЛО“, „ТЕМЕЛ“, „БУГАРСКАТА АМБАСАДА“ и така да открие дека Тајната Идеолошка Полиција во Македонија работела исклучиво за интереси на СРЈ, односно Србија.

Зар имаше полесен начин да се открие центарот кој на ВМРО ДПМНЕ му ја лепи бугарштината од истрагата и судскиот процес за аферата „БУГАРСКА АМБАСАДА“. 

Аферата „Бугарска амбасада“,  е обид на СДБ во 1997 година,  да обезбеди лажни докази дека ВМРО ДПМНЕ го финсира државата Бугарија.
Дел од мое сведочење објавено во неделникот „ДЕНЕС“ во мај 1998 година, сведочење за кое до ден денеска владее молк. 

Бидејќи во случајов се работи за личност која е блиска кон ВМРО-ДПМНЕ-овската опција, можната конструкција, доколку не се работи за самоволие и злоупотреба на службена должност, е ‘полициски’ јасна. Преку евентуалното воспоставување ‘дипломатска’ врска за наплата на побарувањата на Петровски од бугарскиот партнер се гради солидна конструкција за предеизборната кампања и познатите, веќе чуени тврдења дека ВМРО-ДПМНЕ се финансира од Бугарија.

Љупчо, Љубе и го знаеа ова. Љупчо го знаеше уште од времето кога оваа се случуваше, а Љубе откако ВМРО ДПМНЕ дојде на власт и тој доби функција во МВР. Јас ги информирав!! Дека тоа што сум го зборувал е вистина можеле да добијат доказ од моето досие , во кое стои:

По наша иницијатива Петровски прифати да побара помош и од бугарската амбасада во Скопје.

Денеска Љупчо зборува дека Груевски ја извршил србизацијата-југословенизацијата  на ВМРО ДПМНЕ!! Да го потсетам Љупчо на петицијата од 139 Кумановци кои во 1998 година кренаа глас против правењето на  СРПСКО-КРИМИНАЛНО ВМРО, на кое темелтите беа удрени тогаш во 1998 година. Гревски е само продолжувач на таа политика, затоа и беше избран од Љупчо да го наследи.
Се надевам дека именувања кои ги прави Заев со „проверени“ кадри на вмро ДПМНЕ сега, именувањата на Михајло Маневски, Силјан Аврамовски, Ставревски, Јанакиевски кои ги направи Груевски, именувањата и коалициите кои ги направи Љупчо се потврда дека центарот на моќта никогаш не бил во владата и во премиерите. 
За спас и демократизација на Македонија мора да се уништи центарот на моќта, а тоа е Тајната Идеолошка Полиција!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Отстранете ја параполицијата

Нема ниту метар суштински да се помрднеме во реформите на севкупното општество, ако не се направи сериозен исчекор кон отстранување на моќта на она што ги врзува старото и навидум новото - невидливата тајна полиција или параполицијата!

Тие се „невидливи“. Тие преку своите „очи“ и „уши“ се сеприсутни. Тие ако сакаат, знаат или барем се близу до тоа да знаат се'. Тие се само навидум сегашен или поранешен дел од институциите. Тие се само навидум патриоти. Нивните нозе се исцапани во ѓубришта, а нивните раце и метафорично и вистински се во крв до лакти. Нивните џебови се преполни. Обично со валкани пари, иако тие добиваат само дел од големиот колач. Нивниот зачин е секаде присутен во политичкиот и криминалниот живот во општеството. Организираат се'. Од крштевки до погреби. Од стечаи и промовирање олигарси до пералници на пари. Од местење избори, инсценирање инциденти, бунтови до војни. Тие убиваат илегално и анонимно или во експонирани атентати. Тие знаат да компромитираат до коска, користејќи вистински или инсценирани слабости. Подметнуваат и лажат. Подметнуваат долгогодишни „пријателства“ започнати „ни од чега“, па дури и старосвати и кумови... Прават се' ако имаат интерес тоа го сторат.

Овие редови погоре се само запис на зборовите искажани од устата на еден сведок-инсајдер, што ми ги беше бил раскажал на улица и јас само ги пренесувам онака како што ги запаметив во тоа време. Се зборува за еден посебен чувствителен дел од секој безбедносен апарат во секоја нормална држава, т.н. тајна полиција. Само што не се зборува за „видливата“ тајна полиција, која денес во Македонија глуми „варијација на тема“ борба против организираниот криминал. Станува збор за „невидливата“ тајна полиција. Онаа што заедно со политичката елита на крајот од едноумието ги здружи силите и средствата и појде „гласно“ во „перестројката“, за да ја ничкоса и да ја претвори во лажен, фиктивен процес.

Процес во кој многу брзо неприкосновеното место на единствената ком-партија го зазеде автохтоното и интернационалното подземје, кое стана всушност надземје и кое се измеша со тој џган од политичко-полициско дружество. До тој степен што денеска веќе не се препознава кој е кој, а кој е што! Значи, станува збор за оној дел од тајната полиција што можеме да го наречеме параполиција.

Создадени по зачетокот на револуционерниот поредок уште во 1945, структурите на тајната полиција, некогашните ОЗНА -УДБ - СДБ - ДБК - УБК, де факто никогаш не се сменети. Се менувале насловите, се правеле позерски шминки на реструктуризација, та сепак таа тешка и сложена машина не е сменета. Таа параполиција имено изникна токму од оваа легална тајна полиција, во која денес работат кадри што поради својата чесност и принципиелност „не се снашле“ и кадри од партиските листи на послушници... Оние што „многу знаат“ често завршувале како униформирани полицајци по реонските полициски станици во Скопје или станувале „инспектори по раткапни“ (еснафски израз што го употребувале во шега на своја сметка некогашните тајни полицајци „унапредени“ во инспектори по кражби).

Параполицијата, некогашната полициска елита што ги започна процесите пред две децении и што ги организираа трите големи грабежи во транзицијата во 90-тите години (приватизацијата, шверцот и пирамидалните штедилници), не е таму. Тие или се распоредени како советници за безбедност кај олигарсите или се во и низ политичките партии или тераат некои самостојни бизниси во кои, секако, спаѓа и купопродажба на информации собрани навреме од архивите.

Кај нас сите овие процеси, ми беше бил раскажал сведокот, започнале со феноменот ОКТОПУС или „осумтемина“ од МВР. Тоа било во едно време пред дваесетина години, кога заради потребите на „перестројката“ се инсценирала „гласност“, т.е. бунт во МВР, на чие чело биле осуммина видни припадници. Како луѓе, некој подобар, некој полош. Но, како џандари - речиси ненадминати во улогата што ја одиграле, по што „се заѕидаа“ како еден од столбовите на новата Македонија. Тие што одбиле да играат, откако сфатиле што играат, веќе не ги гледаме...

За да ми појасни колкава е нивната моќ, сведокот ми беше бил покажал кон Србија денес. Тоа е таа иста школа, иста методологија, иста кадровска структура. Таму сега се на дело последиците од работата на видливата, но и на „невидливата“ тајна полиција на „Ледени“ (Јовица Станишиќ), иако човекот беше сменет од Милошевиќ уште во 1998 или 1999. Таа тајна полиција таму, другарчиња на овие нашиве, исто така организираше се' - од доаѓањето на Милошевиќ на власт, преку грабежите и војните, до транспортот на бегалците. Нешто им се протнало и неконтролирано, како геноцидот во Сребреница и загубата на Косово. „Врв“ им се убиството на Стамболиќ, атентатот врз Ѓинѓиќ и криењето на Ратко Младиќ во соработка со другарчињата по Балканот. Ете, тоа е моќта на таа невидлива полиција и штетата што може да ја направи ако се остави нечепната.

Знаејќи го ова, станува јасно дека ние всушност можеме да зборуваме за рецепт за брз напредок во Македонија преку отстранување на моќта на параполицијата. Зашто, кај нив се информациите. Кај нив се методологиите. Кај нив се органограмите на мафијашките структури во Македонија. Кај нив се вистинските и целосните досиеја, оние што не се предадени на државниот архив, кај нив се вистинските регистри на соработниците/кодошите во земјата...

Оттаму, процесот на лустрација, чија зачмаеност деновиве повторно беше тема на новинарско потсетување, не треба да ги плаши политичките партии. Исто како во Србија и тука регистрите на книгите со соработници и нивните имиња, верува нашиот сведок-наратор, се изменети. Притоа се исчистени оние вистински војници на полициско-политичката мафијашка елита што управува со земјата. Таму ќе ги најдете оние што не им се важни или оние што се подметнати и впишани/злоупотребени без нивно знаење. Затоа, храбро и без страв со лустрацијата. Ќе настрадаат само ситните...

На крајот од прикажувањето, сведокот инсистираше дека параполицијата сепак не е најдолниот талог на Македонија. Не. Тоа се само луѓе што му помогнаа на политичкиот талог и заедно ја спроведоа намерата за божемна транзиција, со цел да ја обесчестат секоја идеја за промена. Политичкиот талог не само од времињата на Лазо и Крсте. Туку уште повеќе од времињата на Џобе, Циле, Столе, Тито, итн., итн. Со еден збор, сите оние што некогаш од Виена со Мок или сега од Скопје преку зборовите на покојниот Б. Фотев, на „свој начин“ ни предлагаат да „не се занесуваме“ и да ги разбереме траумите на грчките политички елити кои бараат да постоиме само ако не сме Македонци.

Значи, за тој политички талог станува збор, се разбира, заедно со второстепените нивни помагатели, изнедрени пред се' од двете „здружени злосторнички организации“ што продуцираат правници и економисти. Тие по потреба час министеруваа, час експертираа и пишуваа устави, закони или мировни договори... Денес ги гледаме како играат шах и евоцираат спомени или како пронаоѓаат сведоци по улица за разни атентати... Што е само уште една заедничка политичка игра на параполицијата и на талогот, наменета за откривање на „опасни“ лица со политички амбиции. Ова дообјаснување на сведокот му беше битно, како што ми беше бил кажал, поради правдољубието и вистинољубивоста. По што се сврте и замина. Кон Водно...

Теофил Блажевски (Авторот е новинар)

 

Тешки времиња пријатели...тешки времиња каде егоцентризмот и безобразлукот на глумците во "креирањето” на општествената реалност ја преоѓа секоја мерка. Менталната хигиена е претворена во септичка јама со обесмислени општествени вредности.
Нормативните вредносни критериуми се сведоа само на лојалноста кон егоцентричните ликови,кои во сопствениот лик и дело се гледаат самите себе како единствените “спасители на човештвото”.
“Неморалната снаодливост” е една од најпосакуваните особини на поединци...кои служат за одработка на партиски“работните задачи”.
Секакви “аналитичари”,”стратези” и мудросерковци… ЗДРУЖЕНО ЛАЖАТ...и ја дезинформираат јавноста секој од свој агол.
Системското производство на плитко паметење и поевтинување на граѓанското достоинство заради егзистенцијално осигурување на елементарните услови за преживување...е прва и последна,а воедно една и единствена осмислена цел на политичките кловнови во Македонија.
Така да во моментот ГАДЕЊЕТО....за мене е најопфатен поим кој ја одсликува емотивната состојба на нормален ЧОВЕК во денешна Македонија.
Значи да резимирам...оставени сме сами на себе...додека шупелки,дилетанти,полтрони и медиокритети се веќе 27 години на службена задача кај нас,а поделени во два табора.Едните као позиција..другите као опозиција.И обратно.
Циркус.

 

Јорго Осмали фејсбук статус, пренесен со дозвола на господинот Јорго.

Пишува Душан Петровски 14.11.2017

Признавањето на сопствената одговорност е антиетична на комунистичкиот менталитет. Напротив, барањето на изговори за своите пропусти е нивната главна преокупација. Покојниот американски сенатор и ловец на комуњари од раните денови на Студената војна, Џозеф МекКарти, во едно негово познато обраќање до јавноста мудро заклучил дека ако приврзаникот на комунизмот биде убеден дека е граѓанин на светот, тогаш ќе биде многу полесно тој да се претвори во предавник на сопствениот народ.

Ние Македонците сме сведоци на вистината на оваа мудрост веќе цел век, ако не и повеќе. Предавниците на македонскиот народ, таканаречените интернационалисти роварат помеѓу нас уште од деновите на Младотурската револуција, но сѐ повеќе во годините откако до власт се дограбуваат Болшевиците во Русија. Во дваесетите години на дваесеттиот век тие почнуваат со разнебитувањето на ВМРО и обидите Организацијата да се стави во услуга на Комунистичката интернационала и со формирањето на петоколонашката ВМРО Обединета.

Крајот на Втората светска војна конечно им дава можност на „интернационалистите“—колку звучи ова странски и модерно—да се докрепат до власт и во (Вардарска) Македонија и да почнат со систематското уништување на македонскиот национален дух—проект започнат со т.н. османизација од Малдотурците, а продолжен со србизацијата за време на кралска Југославија. Периодот од 1945 година навака е време на системот на негативна селекција—односно на духовна корупција—којшто им дозволува да напредуваат само на празноглавите, неспособните, љубоморните, и ограничените—односно оние кои се спремни децата да си ги продадат за да се докрепат до некаква позиција на моќ и престиж.

Таков еден кадар е и професор-доктор (!?) Мирјана Најческа, за која порталот Журнал јавува:

Големиот фан на СДСМ и Шарената револуција целосно одлепи. Во својот пост на Фејсбук, Најчевска целосно го негира македонскиот национален идентитет со зборовите:

“Не сум Македонка, туку Земјанка. Време е ние Земјаните да го дигнеме гласот против сите патриоти и патриотчиња, знамепоклоници и идолообожавачи”.

Најчевска завршува со страшна порака кон македонскиот народ:

“Нациите се изживеана работа”.

За „Земјаните“ како Најческа, „нациите се изживеана работа“ зашто гагата денес доаѓа од каналите на интернационал-социјалистот Сорос. Дека Најческа ги крои своите ставови по потреба на времето зборува фактот што таквиот став во Титова Југославија (след 1948 година) би ѝ заслужил одмор на море, на островот Голи Оток, со сѐ курс по превоспитување. Но, тогаш во духот на југословенскиот национал-социјализам, а со цел да напредува во системот, „Земјанката“ Најческа била верен Југословен—во предавство на идејата која ја застапувал нејзиниот информбировски татко.

Дека кроењето на ставот по потрба на условите е согласно духот на југословенскиот комунист говори следниов извадок од историјата на Сојузот на комунисти на Југославија:

 

Пета земаљска конференција КПЈ

Од највећег значаја за припреме које је КПЈ предузимала у циљу оспособљавања за наредне историјске задатке који су се налазили, била је Пета земаљска конференција која је одржана од 19. до 23. октобра 1940. године у предграђу Загреба.

Основни закључци су били да је конференција разрадила политичку линију КПЈ у условима Другог светског ратаПартија није долазила у сукоб са Коминтерном али је слободније тумачила њену генералну линију, анализирајући националну стварност. (Извор: Историја на СКЈ)

 

Откако Комунистите се докрепиле до власта во Југославија благодарение на Комунистичката Интернационала, и кога пресметале дека Советскиот Сојуз повеќе не им е потребен, а американската гага е помрсна, тие станале националисти. Но во сето тоа една работа останала постојана: македонскиот национализам секогаш бил на мета. Па така денес, кога е потребно да го стават последниот клин во ковчегот на македонската народност, тие национализмот го прогласуваат за „превазиѓена ствар.“

Најческа и нејзините приврзаници, постојано се користат со некакви празни фрази и жаргони коишто треба да ја сигнализираат нивната напредност—„прогресивност“—но во суштина ја издаваат нивната игнорантност и детинетост. Тие како второодделенчиња зборуваат за свет без граници, без војна, и кадешто сиромаштијата се лечи преку печатењето пари, но како второодделенчиња го немаат капацитетот да ги разберат овие концепти! Да разберат зошто постојат границите, да согледаат дека во вистинскиот свет војната е секојдневна реалност, дека парите не се решение за сиромаштијата.

Нејзиното истапување против национализмот, односно традиционализмот, го издава нејзиното апсолутно непознавање на историјата на човековата цивилизација, а уште помалку на механизмот на економскиот, културениот, и општествениот напредок—а оттука и нејзината целосна неспособност да резонира. Најтврдокорно националистичка, т.е. традиционалистичка нација на светот се Евреите, коишто и покрај речиси универзалната омразеност којашто ги следи со илјадници години, сочинуваат невообичаено висока порција од најмоќните и најбогатите луѓе на светот. Зошто е тоа така? Зашто е Евреите се грижат за своите работи, за своите деца, за своите домови. Евреите, каде и да се на светот, се Евреи.

Нацијата е продолжение на семејството, и тоа не теоретски, туку фактички. Народот дели одредена доза на ДНК, но уште повеќе, споделува заедничка традиција и заедничко минато. Нацијата, како и патријархијата, не произлегла од нечиј каприц, туку од практичната потреба, пред сѐ и над сѐ, за опстанок!

Во спротивно, не постои случај во историјата каде што нација којашто се откажала од својот идентитет, односно којашто се откажала од должноста за обезбедување на својот опстанок, го преживеала првиот напад од своите непријатели, или првиот наплив на мигранти. Американските Индијанци биле „Земјани“ коишто живееле близу до идеалот на Најческа, и знаеме каде се тие денес. Евреите каде и да се на светот се Евреи, а Најческа во својата домашна држава е „Земјанка.“ Затоа што таквите апсолутни неодговорници како неа се во позиции на одговорност во македонската држава, таа држава живее како питач, изгубена во времето и во просторот.

Општеството е сериозна работа, за сериозни луѓе. Во еврејската традиција „добриот човек“ е сериозниот човек („Меншч“). Сериозниот човек е оној што ја разбрал суштината на светот, и кому му е јасно дека неговата должност во животот е одговорноста кон неговите деца—што неминовно значи одговорност кон неговото минато. Традиционализмот означува благодарност кон оние што нѐ створиле и нѐ исчувале, но означува и скромност дека ние не сме сѐзнаечки, зашто светот е премногу голем, неговата историја неверојатно долга, а човечкиот живот е краток и човековата способност да научи сѐ од ништо во рамките на еден живот е невозможна.

На Најческа ѝ пречи национализмот, затоа што тој е природна појава, како љубовта на родителот кон детето и обратно. На Најческа ѝ пречи национализмот, затоа нејзе и нејзиниот вид им пречи сѐ што е природно, зашто природата е вистината, а тие живеат во свет на фантазија. „Земјаните“ како Најческа го денунцираат традиционализмот затоа што тој е заснован на реалноста: дека без работа нема ручек, дека без подоготовка нема одбрана, дека без дисциплина нема цивилизација. Тие бараат способните и работливите луѓе да го споделуваат заработеното со мрзешливите, со цел да тие („Земјаните“) не се мачат да работат—туку да седат на нивните чардаци, да си го сркаат кафето, и да им попуваат на овие што ‘рмбаат како да ги трошат плодовите на својот труд. Тие сонуваат за „мир на светот, крај на војната, и свет без граници“ за да не треба да се замачат да ги извршат поготовките кои се потребни за самоодрана. Тие измислуваат секакви глупави фрази, како „токсичната мажественост“ за да си ја оправдаат својата мрзешливост да креваат товар. Тие ја мразат традицијата зашто таа вели дека параспурлукот, расипокуќништвото, сексуалната распуштеност, негрижата за своите деца, м’рзата, и дрогирањето, и сличните антиопштествени појави се штетни за здравјето на заедницата. Од такви ’рѓи човек не бидува—а тие сакаат да раководат со општеството.

Денес, кога екстремниот исламизам лудува по светот, и кога околу една петина од населението на Македонија е муслиманско, и кога земјата е запоседната од неброени илјадници таканаречени мигранти, исто така од исламска вероисповест, „Земјанката“ Најческа го денунцира единствениот одбрамбен механизам: национализмот. Веќе рековме дека „Земјанката“ Најческа нема никаква врска со реалноста и со историјата, ниту со резонирањето, па затоа таа неможе да ги поврзе работите и да помисли дека еднаш Македонците ја направиле грешката да им дозволат на азијатските муслумани да ја запоседнат нашата земја, и дека резултатот на таквиот пропуст било петвековното турско ропство—затоа што и умерениот ислам проповеда доминација врз немуслиманското население. А зарем треба да потсетуваме за територијалните претензии на нашите соседи и нивната желба македонската нација да исчезне од картата на светот? 

Таквите како Најческа—но и лидерот на партијата којашто таа ја поддржува, Зоран Заев—практичните луѓе во редовите на нашите непријатели ги сметаат за корисни идиоти. Луѓе коишто го разводенуваат националното ткиво, луѓе коишто ги отвораат портите на странските осовојувачи—поробувачи—а сѐ со цел да покажат дека тие се најпаметните и најсовремените. „Земјанката“ Најческа го денунцира национализмот затоа што во спротивно, таа треба да одговара за делото означено од сериозните луѓе како најтежок прекршок што еден човек може да го стори: предавството на сопственото племе.

***

Ќе ве оставиме со белешка од досието на „Младонационалистот“ Кире Мојсовски од декември 1969 година. Белешката е Изјава дадена од неговиот другар Илко Наумовски, како дел од „расчистувањето“ со една група средношколци коишто се понеле по идејата за независна обединета македонска држава. Од неа се гледа системскиот пристап на службата на државната безбедност кон прашањето на македонскиот патриотизам, но и маката на системот да ја уништи оваа сосема природна појава.