Паднаа и комунистите Титовисти во Словенија.
 
Po podatkih vzporednih volitev, ki jih je za nas opravil Inštitut Mediana, je največ glasov dobila stranka SDS Janeza Janše. Obkrožilo jo je 24,4 odstotka volivk in volivcev. Sledi Lista Marjana Šarca z 12,6 odstotka. Na tretjem mestu je SMC Mira Cerarja, ki ima 9,8 odstotka glasov. Sledi Levica Luke Mesca z 9,5 odstotka ter SD Dejana Židana z 9,3 odstotka.
 
Дали победнкот Јанша ке состави влада е прашање .
Партијата на Церар која беше на власт, доживеа катастрофа. Таа е дури трето пласирана.

 

ОСВРТ: 20 ГОДИНИ ОД „ПОЛИЦИЈА И ПОЛИТИКА“

„БУГАРСКА АМБАСАДА“, СЕ УШТЕ НЕРАСЧИСТЕНА ИНТИРГА

 

Пишува Душан Петровски

28.05.2018
Повеќе од една година веќе светската јавност е сведок на ловот на вештерки општо познат под името „Рашагејт“. Според легендата, оваа таканаречена афера се темели на недокажаните и непоткрепени тврдења на американската соросоидна левица дека актуелниот претседател на САД, г. Доналд Трамп ја постигнал неговата неочекувана изборна победа во 2016 година благодарение на некаков нечесен заговор со Кремлин. Тезите на соросоидите, како што е секогаш вообичаено во случаи кога левицата обвинува, постојано се менуваат, а отсуството на докази само се прикажува како потврда на вештоста на сомнителните лица да коват завери.

Првично, обвиението беше дека кандидатот Трамп—независен бизнисмен кој влезе во политиката со очигледната проста намера да ги врати Соединетите Американски Држави на буржуаско-капиталистичките темели на кои се изградени—успеал да ја извлече својата неочекувана победа во ноември 2016 година благодарение на злобна кампања на „лажни вести“ (Fake News) спроведена воглавно преку социјалните мрежи. Набргу по инагурацијата на претседателот Трамп во јавноста се проби веста за некакво „досие“ кое зборува за руски проститутки кои уринирале на хотелскиот душек на кој спиел поранешниот американски претседател Барак Хусеин Обама за време на неговата посета на Москва. „Досието“ подоцна испадна дека било изготвено по нарачка на Демократите и кампањата на Хилари Клинтон, а „сознанијата и податоците“ содржани во него, останаа апсолутно недокажани. Откако се покажа дека „лажните вести“ биле спонтани претприемашки потфати на средношколци од Велес и слични опортунисти, обвинението се сконцентрира на рекламите што наводно руски извори ги купувале на социјалните мрежи преку кои тие „ја подривале амерканската демократија“. Откако обвинувачите успејаа да покажат доказ за само 100.000 УСД во реклами на Facebook (наспроти десетиците и стотици милиони кои ги трошеле официјалните кампањи и „третите странки“ на невладиниот сектор за „отворено општество“), обвиненијата се префрлија на објавите на WikiLeaks и шпекулациите дека емајлите кои беа „протечени“ од незадоволен поддржувач на „демократскиот“ социјалист Берни Сандерс – сега под сомнителни околности покојниот Сет Рич – впрочем биле „хакнати“ од страна на руската ФСБ. Конечно, денес сомненијата на соросоидната левица се темелат на некаква фантазмагорична интрига која вклучува руски хакери, украински русофили, американски порнографски ѕвезди, руски проститутки кои уринираат, и третостепени оператори во кампањата на Трамп. Истовремено, речиси цело ова време, поранешниот директор на ЦИА во својсвто на специјален истражен обвинител става во притвор поранешни припадници на кампањата и на администрацијата на Трамп благодарение на недефинирани контакти со овие лица, противуставно конфискува архиви на адвокатски канцеларии и општо ровари по своја волја барајќи го крунскиот доказ со кој ќе успее да го собори претседателот Трамп слично на недемократското соборување на Ричард Никсон преку аферата „Вотергејт“ во 1973 година. Со други зборови, целата „афера“ е проѕирен нечесен обид на политчко-полицското подземје (Deep State) да ја узурпира демократската волја на американскиот народ да ја отфрли расколничката социјалистичка политика на балканизирање на водечката светска демократија.

Крунскиот доказ дека ова е лов на вештерки беше објавата на Поткомисијата за разузнавање на Конгресот на САД (позната како FISA Report) од февруари годинава во која јасно беше истакнато дека погоре споменатото „досие“ изработено од „пензионираниот“ британски агент Кристофер Стил во име на фирмата Fusion GPS било ползувано како основа за отворање на истрага против кандидатот (односно за ставање во претходна обработка на лицето) Доналд Трамп уште во предизборниот период. Понатамошни информации покажуваат дека во американското Федерално биро за истрага (ФБИ) имало агенти кои активно работеле против изгледите за победа на Трамп (Лиса Пејџ и Питер Строк), а деновиве испливуваат информации и за врбување на крт, односно агент провокатор, ос страна истата агенција во кампањата на Трамп, како и дека Доналд Трамп бил под обрабокта на тајната полиција со месеци наназад пред да стане кандидат.

Доколку на читателот сето ова му делува премногу познато, тоа е од простата причина што, за жал, за македонската јавност ова е веќе видено сценарио. На 28 мај оваа година се навршуваат точно дваесет години од објавата на текстот „Полиција и политика“ во неделникот „Денес“. Тука своевремениот независен бизнисмен и главен финансиер на ВМРО-ДПМНЕ и „окорели“[i] антикомунист, Јордан Петровски, ја опишал оригиналната верзија на „Рашагејт“, во наши кругови позната како „Бугарска амбасада“. Цел на оваа интрига зготвена и одиграна од македонското полициско-политичко подземје била во предвечерието на парламентарните избори 1998 година да се покаже дека партијата ВМРО-ДПМНЕ се финансира од страна на нашиот источен сосед.

И на првите, уште повеќе на вторите парламентарни, како и на првите локални избори, јасно се виде дека наместо во интерес на државата, СДС сите државни расположиви средства ги става во функција на своите политички интереси.

Уште повеќе. Традицијата од југословенскиот период, кога и размислувањата различни од владејачката, тогаш една партија, беа дефинирани и третирани како антидржавни, терористички и сл. се пренесе и во сегашната парламентарна атмосфера кога најмногу националните партии, но и поединците со поголема економска моќ, особено политички недефинираните, останаа предмет на работа на овие служби. Поради тоа подоцна, безмалку кај сите партии, се воспостави вистински синдром на „политичка шпионажа“ до ниво на партиски товар околу тоа колку во партиските редови и кадри има уфрлено луѓе на службата за државна безбедност, кои наспроти законските одредби, работат не во функција на државните, туку на партиските интереси на партијата на власт. Што е најлошо, настаните кои се случуваат ја потврдуваат ова теза и конструкција како во политичките така и во професионалните сфери без исклучоци, до ниво на механизам, фрустрација и уплав дека „СЛУЖБАТА слуша сѐ“.

Во ваква ситуација како единствено сигурен заштитен механизам, кој веќе се формира, е граѓанска воздржаност и повлекување, инаку толку типична за недемократските држави. Не навлегувајки во социолошко-психолошката сложеност на она што ваквата состојба им го носи на граѓаните, зачудува натамошната, очигледна злоупотреба на институцијата за државна безбедност, на сметка на политичките интереси на владеачката СДС. Повеќе факти зборуваат дека речиси ништо не е сменето на релацијата политика-полиција-граѓани. „Историските“ изјави на министерот за внатрешни работи, Томислав Чокревски, за тоа дека тој знае кој од пратениците се „трудни до заби“ но не сака да каже, за полициско-новинарските бракови, вечната евиденција и увид на полицијата, само потврдуваат дека и понатаму функционира комунистичкиот синдром, но сега како државен проблем – политизација на полицијата. Бидејки, ако Чокревски мисли сериозно, а во секој случај треба да се сфати сериозно, тој, можеби несвесно, но сепак помалку авторитетно а повеќе авторитарно, лоцираше „непријатели“ кои Министерството што тој го води постојано ги има под контрола. Апсурдот е во заклучокот дека, според Чокревски, непријателите седат во врвот на системот. Или Чокревски има норми кои не одговараат на еден министер на полиција на парламентарна држава, или СДС преку своите министри за сметка на партиските, државните интереси ги става на страна, или најнакрај најлошото – македонскиот парламентарен систем се распаѓа однатре.

Законот за внатрешни работи во делот за Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање регулира дека предмет на работата на оваа служба е „заштита од шпионажа, тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократски институции, утврдени со Уставот на РМ, со насилни сретства, како и заштита од потешки форми на организиран криминал“. Исто така Законот регулира дека директорот (од неодамна – Зоран Верушевски) е самостоен, а за својата работа им одговара на министерот за внатрешни работи и на Владата. Бидејќи шпионажата, посебно економската, е евидентна, тогаш бездруго и тероризмот, шверцот на оружје во огромни количини е исто така евидентно, како што впрочем се и другите активности насочени кон загрозување и уривање на демократските институции. Ова, потврдено во оценките на премиерот Црвенковски, го наметнува фактот дека надлежните иснтитуции се способни за спроведување на законот. Доколку, пак, ова не е точно, тие најпрвин би почнале да ги решаваат многуте отворени прашања од нивната надлежност, на пример, атентатот врз претседателот Глигоров. Или, дека во спроведувањето на своите надлежности се сериозно, до нефункционираност хендикепирани. Нивната добра желба е друга работа, освен ако не се има намера некој врз судбината на државата и нејзините граѓани да изигрува детектив.

ПОЛИЦИЈАТА КОНСТРУИРА НОВА ПОЛИТИЧКА АФЕРА?

Јордан Петровски, приватен бизнисмен од Куманово, познат и јавно деклариран по своите опозиционерски ставови, иако не е член ниту во една политичка партија, кој во последните неколку години покрај радикалните негативни промени во работењето на својата фирма преживувал и вистински „третман“ од вработени во Дирекцијата, деновиве по долго молчење , за „ДЕНЕС“ изјави:

„Во текот на 1996 година, најпрво со недефинирана надлежност на полициска покана, бев повикан во Министерството за внатрешни работи во Куманово каде на почетокот не се знаеше карактерот на поканата за разговор. Сепак, по првичното чудење во полициската станица, завршив на разговор со лице вработено во секторот за државна безбедност. Подоцнежните десетина телефонски и усни повикувања за контакти доаѓаа од луѓе кои се претставуаа како вработени во секторот за државна безбедност, без лично идентификување, а се спроведуваа како во службените простории на МВР во Куманово, така и во мојот ресторан, каде тие лица си даваа за право да доаѓаат во секое време без да кажат дали се работи за службена или приватна посета на ресторанот. Тоа во мала средина како Куманово не остана без негативни последици кај моите гости.

Во разговорите кои овие лица ги водеа со мене, најмногу се интересираа за моите деловни контакти, а посебно за контактите со лица од Република Бугарија, потоа евентуални познанства со луѓе од бугарската партија ВМРО-СМД. На нивно инсистирање контактирав со бугарскиот амбасадор Ангел Димитров во Скопје, а како повод за тоа беа посочени ненаплатени побарувања од бугарски деловен партнер. До контакт со бугарскиот амбасадор и дојде во бугарската амбасада во Скопје, каде ме однесе лице со свое возило, без да се идентификува, но претставувајќи се како вработен во службата за државна безбедност.

Мојата средба со бугарскиот амбасадор заврши само на разговор и со предлог изнесен од мене, но сугериран од ‘безбедникот’. Имено, според сугестијата предложив по дипломатски пат да ми се обезбеди наплата на побарувањата на мојата фирма. Од страна на амбасадарот Димитров тоа беше оценето како невозможно.

Останатите разговори на кои ме повикуваа службениците на ДБК беа во службените простории на МВР во Куманово, кога, исто така, ми понудија помош и асистенција во граѓански судски спор, со мој доскорешен деловен партнер. Истовремено, лицата кои настапуваа во име на Дирекцијата за државна безбедност (најчесто лицето Кузман), си даваа за право да контактираат со членови на моето семејство на апсолутно недефиниран начин. Поради неиздржливоста на таквиот притисок последниве месеци со истото лице имавме неколку жестоки расправии, по што разговорите и контактите станаа сѐ поретки, речиси прекинати, но во секој случај последиците од нивното влијание се чувствуваат и предизвикуваат кај мене немир, но и страв дека луѓето од тие структури си даваат за право да ме малтретираат како граѓанин, без да бидам заштитен“.

Бидејки во случајов се работи за личност која е блиска кон ВМРО-ДПМНЕ- овската опција, можната конструкција, доколку не се работи за самоволие и злоупотреба на службена должност, е „полициски“ јасна. Преку евентуалното воспоставување „дипломатска“ врска за наплата на побарувањата на Петровски од бугарскиот партнер се гради солидна конструкција за предеизборната кампања и познатите, веќе чуени тврдења дека ВМРО-ДПМНЕ се финансира од Бугарија. Во целиов случај зачудува самоувереноста на лицата кои настапуваат во име на Дирекцијата. Со тоа ги компромитираат сите вработени во неа, зашто се знае дека голем дел од нив, како најдобри и најсовесни професионалци, во изминатите години на градењето на македонската државна самостојност на својот грб изнесоа не мал товар од сложените состојби на југословенскиот распад.

До колку во случајов навистина не се работи за поединечно или групно самоволие, со уште посложени последици е опцијата на поделено функционирање на Дирекцијата за политичко-партиски потреби, што со оглед на насоченоста кон странско дипломатско претставништво реално може да предизвика и сериозен меѓудржавен дипломатски скандал. И да се сака овде да се биде добронамерно критичен во поглед на одговорноста, Законот за внатрешни работи сосема јасно, во член 14, определува дека „Директорот е самостоен во извршувањето на работите на Дирекцијата и за својата работа му одговара на министерот и на Владата на Република Македонија.“[ii]

Официјален демант или коментар за обвиненија кои ги изнесе Петровски во статијата никогаш не допре до јавноста. Тоа секако е дел од одамна-воспоставената култура на страв и заплашување, при што вистината и вистинскиот непријател на македонскиот народ мораат да останат премолчани. Сепак, Петровски добил реплика лице-в-лице од страна на оперативниот работник, инспекторот Кузман Јовановски непосредно по излегувањето од печат на неделникот „Денес“. Одговорот на Јовановски бил дека со ваквиот акт на дрско обзнанување на интригите на Службата, тој не само што си ја запечатил својата иднина, туку и иднината на своите деца. Меѓутоа, бидејќи ДБК е строго бирократска организација, Јовановски по должност бил приморан да изготви службена белешка „во врска со натписот ‘Полиција и политика’“. Во неа, директно одоговарајќи на прашањето на новинарот, кој деновиве претпочита да не се идентификува како автор на текстот, дали тука станувало збор за поединечно или групно самоволие или пак за поделно функционирање на Дирекцијата за политичко-партиски потреби, тој забележал:

Разговорот е обавен врз основа на член 5 и 7 од Правилникот за работа на ДБК и одобрениот предлог ев. бр. 328 од 26.03.1996 година и истиот се водеше по конкретен план (ев. бр. 327 од 26.03.1996 година). Во текот на разговорот освен линискиот главен инспектор од Управата на ДБК во Куманово, беше присутен и во него учествуваше и ресорниот главен инспектор во хххххххххххххххххххххххххххх и истиот е обавен во рамките на програмските активности по линија на работа, спротивставување на дејноста на БНРС.

(…)

На крајот можам да кажам и тоа дека сѐ што е превземено према ПЕТРОВСКИ Душан ЈОРДАН, како и со него е во рамките на правилникот за работа на ДБК, со знаење и договор на I Управа на ДБК, и за тоа редовно е оформувана и оперативна документација (Сл. белешки).[iii]

За запознаените со историјата, врската помеѓу историското ВМ(О)РО и Бугарија е неспорна и релативно јасна. Во периодот на оформувањето на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, бидејќи како производ на историските и социо-економските околности не постоело општоразвиен македонски национален идентитет, христијанските словени кои живееле на просторите на Македонија (од Солун до Козјак, и од Бистрица до Струма) се делеле на гркомани (приврзаници на Грчката патријаршија, меѓу кои се врбојувале и Власите и србоманите) и бугарофили (приврзаници на Бугарската егзархија, на која ѝ припаѓало огромното мнозинство на македонски словени). Сите овие се нарекувале „Македонци“. Новинарот и хуманитарен работник Хенри Ноел Бајрлсофд (чија што книга „Македонија; нејзините народности и нивната иднина“ Комитетот за демократизација на Македонија во моментов ја преведува на македонски јазик, и очекува да биде готова за објава кон крајот на годинава) кој минал долги периоди во Македонија на крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век се обидел да најде одговор на прашњето дали Македонците биле Срби или Бугари. Тој заклучил дека:

Ова прашање постојано се поставува и догматички се одговара во Белград и во Софија. Но, историската лекција очигледно е дека воопшто не постои одговор на ова прашање. Тие не се Срби, затоа што нивната крв не може да биде чисто словенска. Тука мора да има извесни примеси од бугарски и друг неариевски производ (кумански Татари, Печенези, итн.). Од друга страна, тие едвај може да се Бугари, затоа што прилично е јасно дека српските преселби и освојувања сигурно оставиле извесна доза на српска крв во нивните вени, а примесата на неариеваската крв едвај може да биде еднакво значителна како што е во Бугарија. Тие се најверојатно повеќе или помалку она што биле пред оформувањето на бугарското или на српското царство – словенски народ произлезен од различни потекла, кој го населил Полуостровот во различни периоди. Меѓутоа, тие првовремено немале јасна свест за народност и која било моќна словенска сила била во можност да им се наметне.[iv]

Во периодот кога Брајлсфорд ја посетувал Македонија, поголемиот дел од словенското христијанско население се декларирало како бугарско. Помеѓу причините за ваквиот исход, Брајлсфорд го издвоил следното:

Една од последиците на брзиот економски развој на Бугарија е тоа што нејзината постојана побарувачка за работна рака охрабрува незапирлив проток на македонски имигранти, кои минуваат неколку месеци или неколку години во кнежевството и потоа се враќаат во своите села со заштедени пари. Овие луѓе стануваат мисионери на бугарската идеја. Тие ја шират славата на нејзината слобода, нејзиното богатство и нејзиниот брз развој. Бројот на оние што одат во Србија, од друга страна, е релативно незначителен, додека нивните извештаи едвај можат да бидат целосно блаконаклонети – иако и покрај сета нејзина политичка нестабилност, Србија сѐ уште претставува доволно впечатлив контраст наспрема Турција. Кога во прилог на овие предности бугарофилските Македонци го оформија својот извонредно организиран револуционерен комитет во 1893 годинасрпската кауза го доби својот смртоносен удар. Преку нагласувањето на нејзиниот антагонизам кон Бугарија, официјална Србија сега усвои отворена туркофилска политика, а ништо не може да биде пофатално за изгледите на кој било христијански род во Турција. Македонското селанство ќе ја подари својата верност само кон пропагандата што му ветува некаков брз изглед за ослободување од отоманскиот јарем. Конечно, има огромна разлика меѓу ривалските пропаганди: додека Бугарите работат за автомонија на Македонија, Србите и Грците целат само кон нејзино анектирање кон своите земји. Како производ, нивните активности изгледаат дека се наменети за профит на своите држави, додека Бугарите несомнено креираат дух на локален македонски патриотизам. Српското движење е чисто официјална агитација, насочувано и финансирано од Белград, додека, и покрај симпатиите на Софија, бугарскиот Револуционерен комитет е автентично македонска организација[v]. (Наше нагласување, Д.П.)

И додека македонско-бугарската врска продолжила да опстојува и за време на српско-грчката окупација на Македонија – за што македонската јавност ќе биде во можност да се увери со претстојната објава на нашиот превод на „Војната повторно доаѓа; Црна рука врз Европа“ – таа нацело се уништила за време на србокомунистичкот период. Имено, судејќи според досиејата објавени од Државниот архив на Република Македонија, последните останки на бугарофилството во Македонија изумреле со ликвидациите на личностите како Димитар Чкатров и Костадин Терзиев непосредно по „ослободувањето“ во 1945-46 година и поминувањата на личностите како Асен Татарчев во годините што следеле. Додека можеби постоеле некакви меки или сентиментални врски помеѓу антисрбокомунистите и бугарофилството во периодот по 1950 година, тие биле незначителни, додека носителите на македонската кауза од тој период, имено поглаварите на ВМРО-СДРМА, имале исклучиво македонска и прозападна ориентација, а бугарофилството станало дотолку опасна ориентација, што природно, од дарвинистички побуди, чувството исчезнало како определба во македонската политичка палета.

Меѓутоа, тоа не ја спречило службата задолжена за држење на македонскиот народ под србо(-грко)комунистичкиот јарем да го продолжи ловот на потенцијални непријатели на својот систем под плаштот дека тие се бугараши кои коваат завери насилно да го уриваат уставниот поредок на републиката. Па така, секој потенцијален „незадоволник“ (согласно жаргонот на УДБ) од социјално-економските политики на србокомунистичкиот режим бил, покрај другото, обележуван и како потенцијален бугарофил. Истиот овој принцип продложил и по независноста на Република Македонија, пред сѐ поради тоа што за сиот овој период, прогонот на политички противници формално бил и останува недозволен, додека од друга страна бранењето на државата од потенцијални терористи е обврска на секое здраво општество. Затоа, на пример, во 1970-тите години „самостојниот оперативен работник“ Иван Бабановски со помош на агенти провокатори, односно соработници, ковал завери со измислени терористи во кои биле детонирани неколку бомби пред трафики, заведени во аналите на Управата за државна безбедност како оперативна обработка „Пластика“. Од исти побуди, непосредно по осамостујувањето на Македонија изби и аферата „Паравојска“ во која повторно лица од државната безбедност како агенти провокатори се обидувале да организираат терористички организации со лица блиски до антикомунистичката опција. Тука е и заговорот кој ги вклучувал Мане Јаковлевски и Ристо Паргов, каде двајцава наводно договарале испраќање во Македонија на војска од Бугарија од 10.000 души, наоружана и специјално обучена за диверзантско-терористички акции за време на распадот на Југославија.[vi] Конечно, поради истите причини, и бизнисменот Јордан Петровски бил заведен во претходна обработка под сомнението дека тој подготвува услови за насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија.

 

 

Несомнено, прогласувањето на повеќепартизмот во 1990 година створи услови на врвот на македонската политичка сцена да избие партијата ВМРО-ДПМНЕ. Причината за овој развој на настаните треба да е доволно јасна благодарение на понудените извадоци од записите на Брајлсфорд дека името ВМРО отсекогаш било синоним за македонска сувереност. Но, партијата ВМРО-ДПМНЕ не беше само носител на светите букви, туку и на идеите на историското ВМРО, што значеше будење на македонскиот патриотизам и желба за достоинствено постоење помеѓу семејството на народите. Затоа, со прогласувањето на политичкиот плурализам и последователното осамостојување на Република Македонија службата за државна безбедност била принудена да продолжи да ги обработува политичките противници на владеачката србокомунистичка гарнитура под изговор дека тие, како приврзаници на партијата ВМРО-ДПМНЕ, автоматски претставуваат потенцијални терористи решени насилно да го уриваат уставниот поредок на републиката со помош на државните служби на Бугарија.

Лажните вести дека во Македонија сѐ уште има бугараши и дека тие треба да се бараат во редовите на ВМРО-ДПМНЕ зпочнаа уште во првите денови повеќепартискиот систем кога Тито Петковски го организираше растурањето на пробугарски летки во името на водечката промакедонска, а воедно и пропазарна и прозападна партија. Постојани беа и гласините дека лидерството на партијата има симпатии кон Софија, и до некаде тие гласини беа оправдувани од стана на подметантите кртови во партијата предводени од професорката по марксизам, Доста Димовска, која за своите извонредни дела во служба на Службата конечно беше наградена со позицијата Министер за внатрешни работи, а подоцна и амбасадор на РМ во Бугарија. Меѓутоа, сликата за бугараштвото на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините приврзаници беше значајна од уште една причина, овој пат од меѓународен размер. Имено, уште од расколот помеѓу Тито и Сталин, Југославија станала финансиски зависник на добродушноста на САД и на Западот. Комунистите се претставувале себеси како застапници на Западот во комунистичкиот свет, како „Кока-кола социјалисти“ кои во возврат за финанскиката помош и неисплатените кредити требале да играат улога на мамец за другите социјалистички држави дека сојузништвото со Западот е далеку поисплатливо одошто верноста кон Москва. Оваа лага продолжила и во 1990-тите години, кога Киро Глигоров се претставувал себеси и својата свита како про-западно, односно про-ЕУ и про-НАТО ориентирани – лага која што живее до денешен ден – а тогашната опозиција, односно македонските патриоти означени како „ултранационалисти“, ориентирани проруски виа Бугарија. Ова е причината зошто за време на формативните години на македонската држава, Западот беше цврсто во аголот на СДСМ, и зошто истиот Запад, како што велат англичаните, го сврте своето слепо око кон изборната измама во 1994 година.

Инаку, зачетоците на аферата „Бугарската амбасада“ можат да се најдат четири години пред нејзиното извршување, во октомври 1992 година. Тогаш, опишувајќи го Петровски како човек кој произлегува од семејство со „непријателско држење“ и поради тоа што од распаѓањето на социјалистичкиот и воспоставувањето на повеќепартискиот систем тој стоел на „ВМР-овски идеолошко-политички позиции“, поради што „како сопственик на економски јака фирима за време на првите повеќепартиски избори истиот за својата партија одвоил и дал позамашна сума пари за пропаганда и агитација“ и поради тоа што „према сознанијата на СДБ во досегашната соработка со лица од Р. Бугарија истиот прави зделки под сомнителни услови и околности“, а „средината во која се движи и лицата со кои е близок и редовно контактира се лица кои произлегуваат од семејства со исто или слично минато и сегашно држање“ дека тој „треба да претставува интерес на СДБ“.[vii]

Меѓутоа, подлабоката, и впрочем суштинска причина за ковањето на заверата „Бугарска амбасада“, сепак треба да се бара во настојувањата на србо(-грко)комунистичкиот режим којшто владее со Македонија од 1912/1918 година да го одвои народот од својата Организација, и на тој начин целосно да го откорени од својот суштински трудољубив, чесен и верен идентитет. Петровски и основачот и идејниот водач на ВМРО-СДРМА (ПРАВДА), Дане Поповски, во 2011 година дадоа свое сиже на овој феномен:

ВМРО никогаш не згаснало… „Марица“ знае најубаво и најизворно. Прашајте ја, таа нѐ возеше до [нејзините] центри за „демократизација“ и „пацифизација“, наречени од „непријателите“ на комунизмот, станици на милицијата. „Таа“ ќе ви потврди дека ВМРО секогаш било присутно во Македонија и покрај невидениот прогон, судења и убиства.

За да се направи дистинкција од ВМРО-то на Ванчо Михајлов, во 1947. год. ја формиравме ВМРО-СДРМА ПРАВДА и само за неколку месеци постоење собравме преку 28.000 членови, со што ја продолживме борбата за самостојна, суверена и ОБЕДИНЕТА Македонија. Тројца од четворицата основачи се сѐ уште живи а дел од нив никогаш не прекратиле со активностите.

На формирањето на ВМРО-СДРМА ПРАВДА никој не приговараше, па ниту Ванчо Михајлов, иако знаеше за нејзиното основање и делување. Не приговараа ниту во другите делови на Македонија: Пиринска и Егејска, каде што беше возобновено ВМРО, што е јасен и недвосмислен показател, каде е континуитетот на ВМРО!

По многу децении и тешки надмудрувања со комунистичката тајна полиција, раководството на ВМРО - СДРМА ПРАВДА, согледувајќи го моментот-распадот на Југославија, донесе решение на ДПМНЕ да му даде шанса да го продолжи континуитетот на ВМРО и така да се изборат за суверненоста и самостојноста на делот од Македонија кој се наоѓаше во составот на Југославија. Силите во ДПМНЕ кои беа инсталирани од УДБА и кои требеше да им послужат на српско-комунистичките сили како декор дека во Македонија постои плурализам и демократија, многу бргу ја сватија опасноста од четирите златни букви и тргнаа во офанзива да ги елиминираат вистинските носители на идејата на ВМРО. Тој атак беше пресилен за неискусното и чесно гласачко тело внатре во партијата, што на УДБА ѝ овозможи да однесат победа: да не дозволат ниту еден член на ВМРО да влезе во раководните структури на ВМРО ДПМНЕ и со тоа УДБА воспостави целосна контрола врз ВМРО ДПМНЕ. Тие случувања беа пресудни за нашето повлекување.

Борбата против „БУГАРШТИНАТА“ во ВМРО-ДПМНЕ во овие 20 години е всушност перфиден начин за елиминација на македонската идеја и сквернавење на идеалот на ВМРО. Старите, а и новите комунистички структури беа изненадени од две работи: од тоа дека на нивното дело ДПМНЕ,постои иницијатива и желба да се додаде ВМРО и од ефектот кој го предизвикаа четирите златни букви ВМРО кај Македонците.

(…)

Војната на ЈНА против републиките „сепаратисти“ Хрватска и Босна и Херцеговина почна да зема сериозен замав. Меѓународната заедница, како мерка да се спречи крвопролевањето, изготви мерки за економски санкции и трговско ембарго против Југославија–која беше сметана за агресор против волјата на граѓаните на Хрватска и БиХ кои не сакаа повеќе да се дел од таа држава. Затоа и не треба да чуди „коинциденцијата“, што македонската влада која до есента 1991 година „за жива глава“ не даваше да се прогласува македонска независност, одеднаш сврте нов лист и нагло тргна кон барање на „меѓународно признавање“ на независноста.

Но, тоа е само врвот на ледениот брег. Поради ембаргата и санкциите кои ѝ се подготвуваа на Југославија, Милошевиќ итро донесе одлука официјално Македонија да стане посебно правно лице од Југославија, при што би се користела како линија на снабдување и финансирање на долгата војна која претстоеше. За да биде сигурен дека Македонија сепак ќе остане неимплементирана во светските оранизации, го употреби „џокерот“ Грција која под итно го оспори името. Леснотијата со која оспорувањето и прифаќањето да се смени името го прифатија Глигоров, Црвенковски, Андов и Малески јасно укажува дека биле длабоко инволвирани во сценариото и дека тие, веќе со сигурност може да се тврди, СЕ ИЗВЕДУВАЧИ НА РАБОТИТЕ.

Гледано чисто објектвно, како стратегија, тоа беше генијален потег на Милошевиќ. Затоа се донесе одлуката официјално Македонија да се дистанцира од СР Југославија и да бара меѓународно признавање како независна и самостојна држава. За да во очите на меѓународната заедница Македонија делува како држава со вистинска амбиција да стане суверена и самостојна, и да воспостави демократија и да му се придружи на остатокот од напредниот и ментално нормалниот свет, одлично им послужи Љубчо Георгивски, кој во времето 1990-1995 година беше вистински следбеник на идеата на ВМРО.

Во моментот кога Милошевиќ беше приморан да потпише капитулација во Дејтон на македонската „самостојност“ ѝ дојде крај. Во Скопје дојде „генерал“ Зоран Јаначковиќ да си ја разбуди заспаната војска и тој лично да ја води операцијата „смрт на Македонија и Македонците“. Љубчо беше експресно префрлен од следбеник на идејата на ВМРО во следбеник на доларите. Колку беше голема заслепеноста од сјајот на парите на Љубчо зборува примерот дека Јаначковиќ му го смени скоро целото негово блиско опкружување: дојдоа „дечки“ за кои Љубчо беше предупредуван дека се испрдоци на УДБА и КОС, односно на Јаначковиќ и генералот на КОС, Васиљевиќ.

Има неколку тешки докази за длабоката инволвираност на двете влади, наводно со провмровска провиненција, за нивната поврзаност со Белград, но, ќе издвоиме само две. Ги двоиме овие две поради тоа што се толку лесно решливи, а воедно најбрзо и најлесно водат до демонтажата на инсталациите од север и тоа во двете главни служби КОС и СДБ или како ние ја викаме од „милост“ УДБА.

1. Случајот „Сина Птица“, е дело на КОС и е копија на „случјот Шпегељ“—случај што е работен по сценарио на „ОПЕРА“ и кој имал за цел да го прикаже раководстото, се разбира не целото (само оние кои не се дел од сценариото на УДБА за формирање на ВМРО-ДПМНЕ) и дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои под обвинение дека се вооружуваат и прават паралелна воена формација, ќе бидат уапсени. Тука владата на Љубчо Георгиевски, но пред сѐ самиот Георгиевски, има 102% одговорност зошто Д.С.-Млекце и ден-денес шета слободен и можеби подготвува некои нови сценарија.

2. Наметнувањето на „БУГАРШТИНАТА“ на ВМРО. Почнувајки од „летоците“ во 1990, па летоците кои ги растураше Аце „Циганот“ во 1994 година и случајот со бугарската амбасада во 1997.

Можеби за летоците во 1990 и 1994 година не можат да се најдат докази. Но затоа пак, случувањата со обидот да се докаже дека ВМРО-ДПМНЕ се финансира од Бугарија, е најлесен и најбрз начин да се дојде до врвот на српските инсталации во Македонија. Затоа зачудува фактот што двете влади на ВМРО-ДПМНЕ не го истераа расчистувањето до крај. За волја на вистината, за владата на Љубчо има една олеснителна околност: многу бргу по дозволата да имаме слободен увид во досиеата, се случи „војната“ во 2001 година.[viii]

Номиналното образложение за политичко-идеолошката обработка на Петровски е дадена во предлогот за неговото заведување во претходна обработка, број 26 452 од 13.04.1993 година каде се наведува дека:

Сознанијата и податоците со кои располага СДБ, укажуваат дека Петровски Јордан се занимава со разузнавачка активност во корист на БНРС, насочена кон насилна промена или загрозување на Уставниот поредок и безбедноста на Републиката. Истиот произлегува од средно имотно семејство од Куманово, кое во времето на НОБ било на страна на окупаторот.[ix] (…) Јордан е сопственик на приватно претпријатие „Снежана и Синови“. Како сопственик на фирма истиот има воспоставено повеќе деловни и приватни односи и остварува редовни контакти со повеќе лица од Р. Бугарија, Русија и други ИЕ земји. Посебно внимание заслужува неговата деловна соработка со приватни и општествени фирми од Р. Бугарија, а посебно контатките со Огњан Петков, началник на Одделение на министерство за трговија на Р. Бугарија, за кого располагаме со потврдени сознанија дека се користи од БНРС. Пред соработник на СДБ Петков има изјавено дека на сопственици на фирми од Р. Македонија кои се членови или симпатизери на ВМРО, максимално да им се излегува во пресрет. Тоа бил официјален став на државата. Работата со такви фирми како што е на Јордан Петровски, била од државен интерес.

(…) 

Целта на заведување во ПО на Петровски е откривање, следење, потврдување и документирање на неговата противуставна активност, поради што ќе биде изготвен и посебен план на оперативни и оперативно-технички мерки и активности, кој ќе биде составен дел од овој предлог.[x]

Планот на оперативни и оперативно-технички мерки и активности кои биле превземени во врска со претходната обработка на Јордан Петровски со цел „откривање, потврдување, документирање и спречување на непријателската активност на ПО ‘ЦРНИ’“ предвидувал дека:

1.     Ќе биде проучен кругот на блиските пријателски врски од подрачјето и пошироко, со цел изнаоѓање позитивно лице за користење,

2.     Проучување на деловната соработка со лица сопственици на фирми од подрачјето и пошироко, со цел изнаоѓање позитивно лице за користење,

3.     Ќе се проучат врските и односите на ПО „Црни“, со хххххххххххххххх, со цел согледување можност за пристап и негово понатамошно користење према „Црни“,

4.     Примена на мерката ххххххх на неговиот домашен телефон,

5.     Примена на мерката ххххххх на неговиот телефон во фирмата „Снежана и Синови“,

6.     Разговор ххххххххххххххххххххх во врска со неговата деловна соработка со приватни и општествени фирми од Р. Бугарија,

7.     Проучување на врските и односите на ПО „Црни“ со ххххххххххххххх хххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххх[xi]

Додека последователен „План на оперативни и оперативно-технички мерки и активности“ додал дека:

1.     Понасочено и поорганизирано ќе се користат оперативните врски ххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххх

2.     Повремено ќе се користи и хххххххххххххххххххххххххххххххххххххх

(…)

6.     Продолжување со откривање и продолжување на неговите врски со Р. Бугарија, поготово од редовите на ВМРО – СМД, деловни и др. врски,

7.     Примена на мерката Следење во земјата, кога патува надвор од Куманово,

8.     Примена на мерката следење за време на негово патување и престој во Р. Бугарија,

9.     Зависно од добиените резултати по реализација на овие мерки, ќе биде определен нашиот однос и третман.[xii]

Понатамошна службена белешка за информативен разговор со цел „добивање на сознанија за активноста на ОО ‘РИМЉАНИН’“  фрла светло на вистинската природа на обработката на Петровски од страна на СДБ:

Изворот не информира дека тој (односно претпријатијата хххххххххххх ххххххххххх од Белград за кои работи) деловно соработува со Јордан Петровски (носителот на ПО „Црни“ по линија на ххххх сопственикот на претпријатието „Снежана и Синови“; со Драган Стојановски сопственикот на претријатието „Мак Микс“ ПТ СМД и неговиот партнер Предраг Димковски ххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххх Сите тројца биле спонзори на партијата ВМРО-ДПМНЕ на последните избори, а тој лично во тоа време им зел роба ххххххххххххххх во вредност од 1,5 милион ДЕМ и не им дал пари веднаш туку сега им дава намештај од претпријатието „КОМПО“. Поради оваа тројцата му биле многу лути на изворот бидејќи дел од парите требале да ги користат во предизборната трка.[xiii]

Во истата белешка се среќава и дејноста на агентот провокатор, ОО „Римљанин“ кој глуми терорист:

Во времето на изборите, нивниот изборен штаб се наоѓал во кафиќот „Студио-54“, на Драган, и изворот редовно се гледал со нив тука. Притоа забележал дека Предраг хххххххххххххх редовно ја напаѓал постојната власт, нарекувајќи ги со погрдни зборови, дури рекол дека ќе мора лично да се вооружаат, за да можат власта да ја земат со сила, бидејќи по мирен пат немаат шанса да ги добијат изборите.[xiv]

Конечно, изворот, кој во оперативниот коментар се обележува како „наша пријателска врска од порано“, и кој претходно изјавил дека на финансиерите на ВМРО-ДПМНЕ им зел роба вредност од 1,5 милион ДЕМ, а за која не им дал пари, туку со задоцнување почнал да им праќа мебел во компензација, рекол дека:

Сите тројца имаат земено кредити од банка, и имаат проблеми со исплаќање на камати, бидејќи неработеле успешно. Јордан и Драган ги дале кафиќите под хипотека, а Предраг има земено своевремено „заем за вработување“.[xv]

По четиригодишна обраборка на неговите деловни врски под образложение дека тој претставува опасност по мирот и уставниот поредок на Републиката, кумановската Управа на дирекцијата за безбедност и контраразузнавање во март 1996 година оценила дека пристигнал погодниот час за „расчистување“ со Петровски. Притоа складно изготвила „План за обабување на информативен разговор“ со него:

Врз основа на предлогот и изнесените податоци и сознанија за севкупната разузнавачка дејност на Петровски Јордан, а заради расчистување на неговите врски и контакти со безбедносно интересни лица од Р. Бугарија, СР Југославија, Русија и Украина, се планираат следните мерки и активности:

- разговорот би отпочнал со изнесување на негови биографски податоци, како и податоци за неговото потесно семејство;

-  изнесување на податоци во врска со неговата финансиска состојба како приватен бизнисмен, кој колку му долгува и на кого и колку тој му долгува;

- откривање на родбинските и пријателски врски на подрачјето на општината, Републиката и пошироко;

- откривање на родбинските и пријателските врски во други земји, со посебен акцент на неговите врски во Бугарија, СР Југославија, Русија и Украина;

- расчистување на неговите врски со Огњан Петков, трговски аташе во амбасадата на Р. Бугарија во Белград;

- изнесување податоци во врска со неговата намера за негово иселување од Р. Македонија;

- конкретизирање на сознанијата во врска со неговите контакти со ххххххххххххх и со лица пројавени со својата противуставна активност од позиции на МЕ[xvi] и Врховизам;

- зависно од текот и развојот на разговорот и зависно од изнесените сознанија и податоци како одговори на нашите прашања, ќе му бидат поставувани и др. прашања со цел расчистување на извесни нејаснотии и дилеми.[xvii]

На 23 октомври 1996 година, четири години по првичниот интерес на Службата во Јордан Петровски, оперативниот работник кој бил задолжен за неговата обработка поднел „Предлог“ за негово „дерегистрирање од претходна обработка“ со образложение дека:

Сознанијата и податоците со кои располагаше ДБК за Петровски Душан Јордан, укажува дека истиот се занимава со разузнавачка активност во корист на БНРС, насочена кон насилна промена или загрозување на Уставниот поредок и безбедноста на Републиката.

(…)

Севкупните сознанија со кои располагаше ДБК за Петровски Јордан, како и за семејството од кое потекнува, даваа основи на сомненија дека истиот БНРС, го користи или создава услови за негово ангажирање и користење према нашата земја, поради што во текот на месец мај 1993 година беше заведен во ПО под псевдонимот „Црни“, а со цел откривање, следење, документирање и попречување на неговата противуставна активност, за што беа превземени повеќе оперативни и оперативно-технички мерики хххххххххххх и активности. ххххххххххххх хххххххххххххххххххххххххххххххххххх

Иако беа превземени мерки и активности не беа во целост потврдени сознанијата и податоците поради кои беше заведен, поради што беше одлучено со истиот да се обави информативен разговор, по претходно изготвен предлог и конкретно изготвен план.[xviii]

И, иако четиригодишното следење, прислушкување, подметнување на кодоши и провокатори не успеале да ги потврдат сомненијата дека Петровски превзема разузнавачки дејности против уставниот поредок и безбедноста на Македонија, според оперативниот работник, овој меѓународен шпиун признал сѐ кога бил учтиво прашан за неговата активност!

 

 

Во разговорот во поголема мерка потврдени се сознанијата и податоците поради кои беше заведен, а исто така Петровски ги прифати контактите со ДБК, поради што предлагам да се дерегистрира од ПО, бидејќи нема основ за понатамошен оперативен третман.[xix]

Има еден интересен детал што не е спомнат во „предлогот за дерегистрација“ на Петровски, но кој оперативниот работник Јовановски го забележал во неговиот коментар на статијата „Полиција и политика“ во неговото образложение зошто Службата, по четиригодшна тајна обработка на Петровски, конечно му пришла на директен контакт:

Општ впечаток од разговорот беше дека се работи за лице кое во своето деловно работење подлабоко има навлезено во повеќе финансиски зделки и малверзации одошто западнал во моментална финансиска криза, која беше искористена како посебен момент за обавување и прифаќање на разговор на истиот, како и побарување заштита и помош во расветлување на граѓанскиот спор со неговите поранешни деловни пријатели Драган Даравелски и Предраг Димковски од Куманово од кои физички бил нападнат и претепан на улица.[xx]

Предлогот бил усвоен на 13 ноевмри 1996 година. Во периодот што следел Петровски бил заведен во чистилиштето на „дерегистрираните“. Во оваа фаза Службата започнала да му поставува задачи од чиешто исполнение зависел неговиот иден третман.

Од разговорот [од 15.07.1996 година] се заклучи дека истиот имал навлезено доста длабоко во повеќе зделки и трансакции со повеќе лица и фирми (но и во финансиска криза) од Р. Бугарија, Украина и СРЈ, а што посебно е битно за ДБК, истиот прифати соработка и продолжување на контактите со ДБК, при што би информирал за работи и состојби од овие земји, а кои се од интерес на ДБК. Во овој контекст по наша инцијатива истиот требаше да ги продолжи и интензивира веќе воспоставените врски и контакти со Огњан Петков од Министерството за надворешни работи на Р. Бугарија, раководител на трговското претставништво на Р. Бугарија во Белград, СРЈ, како и со хххххххххххххх од Скопје.

Непосредно по разговорот, по наша иницијатива Петровски оствари контакт со Огњан Петков во Белград со цел да побара помош за негово посредување за поскорешно завршување на судскиот спор со фирмата „Неси 2“ од Софија која му должела поголема сума парични средства (информирано од наша сл. белешка бр. 1169 од 28.11.1996 година). Исто така по наше упорно инсистирање на 17.11.1997 година од 11,30-12,00 часот Петровски оствари контакт со ххххххххххххх во Скопје. По претходен телефонски договор ххххххххххххх го прими на триесет минутен разговор во приемната просторија на самиот влез во амбасадата.

III. ДОБИЕНИ СОЗНАНИЈА И ПОДАТОЦИ ОД ДЕЛОКРУГ НА ДБК:

За време на контактот и разговорот Петровски во кратки црти му го објаснил спорот со фирмите должнички од Р. Бугарија, а истовремено ја ставил на увид и расположивата документација, при што замолил и побарал негово посредување и помош за поскорешно и правилно окончување на случајот.

На оваа ххххххххххххххх рекол, дека тоа не спаѓало во делокругот на работите што тој ги обавувал, меѓутоа ќе се потрудел, а поготово ќе го ангажирал конзулот (не спомена никакво име) за да се заангажирал во случајот, најверојатно со нивното појавување кај адвокатот кој го застапувал Петровски и кај сопствениците на „Неси 2“, ќе сфателе дека се работи за фирма која е од државен интерес. Но за тоа Петровски требало да направи фотокопија од расположивата документација од споменатите фирми од Р. Бугарија, име и презиме на сопствениците, број на телефони, и име и презиме на неговиот адвокат што го застапува како и неговиот телефонски број и во текот на наредната недела сите тие работи му ги донесе на рака.[xxi](Нагласено од Д.П.)

Забележете дека сѐ она што следи по зборот „најверојатно“ – односно, дека со појавувањето на „конзулот“ кај „адвокатот кој го застапувал Петровски и кај сопствениците на [фирмата] ‘Неси 2’, ќе сфателе дека се работи за фирма која е од државен интерес“ – не е цитат на она што го пренел Петровски, туку дека станува збор за претпоставка на оперативниот работник. Земајќи ја претпоставката „здраво за готово“ тој во „оперативниот коментар“ продолжил да ја кове заверата:

Сознанијата и податоците од разговорот со Петровски за неговиот контакт со ххххххххххх сметаме дека се интересни и заслужуваат наше внимание. Сметаме дека се искрено презентирани. Заслужува посебно внимание исказот на хххххххххх за негово појавување и посредување пред адвокатот и спорните фирми од Р. Бугарија со кои се спори Петровски како сопственик на фирмата „Снежана и Синови“, дека ќе сфатат дека се работи за фирма од државен интерес, зашто ДБК располагаше со оперативен податок, дека фирмата на Петровски Јордан од Куманово била од интерес за Р. Буагрија и требало да ѝ се помогне на неа и други како неа.

Сметаме дека Петровски засега добро е примен од страна на хххххххххххх поради што предлагаме за наредниот контакт Петровски да биде инструиран со помош на I Управа на ДБК. [xxii] (Наше нагласување, Д.П.)

Следната службена белешка, од речиси една година подоцна е мошне поучна. Интересно да се спомене тука е дека во меѓувремието помеѓу погорната белешка и онаа што следи, имено во летото 1997 година, изби „расколот“ помеѓу „македонистите“ и „бугарофилите“ во ВМРО-ДПМНЕ, кој беше предизвикан од текстот „Чакам те да дојдеш“ од перото на „поранешниот“ безбедњак Александар Диневски, а објавено во весникот на Унијата на млади сили на истата партија, „Завет“. Десет години подоцна на интернетските форуми почна да кружи памфлет „Расколот во ВМРО-ДПМНЕ – Документирана историја“. Тогаш беше очигледно дека работниот материјал е ракопис за книга која требаше дефинитивно да ја потврди „бугарштината“ на оние со ВМРОвска определба. Меѓутоа, благодарение на острите дискусии помеѓу Диневски и Петровски на форумот kotle.ca, се откри заверата и книгата остана незавршен проект. Сепак, интересно е да забележиме тука дека „поранешниот“ оперативен работник на службите на државната безбедност Диневски, прави еден извонреден превид, имено, како што забележал Петровски:

Можеби памфлетот не би ни привлекол толкаво влијание ако не беше напишан од искусен СДБовец. А кога на искусен СДБовец ќе му се „поткраде грешка“: да не го гледа слонот, а мравката да ја претставува поголема и од слонот, сомнежот сам се раѓа. Во една изјава во „Нова Македонија“ од 04.09.1997 година, Чедо Радомировиќ вели дека го финансирал ВМРО-ДПМНЕ со 400.000 германски марки. Пак ајде да кажеме: не е чудно. Но, Радомировиќ беше само ДИРЕКТОР на „ТЕХНОКОМ“, а не нејзин сопственик. Сопственик на „Техноком“ беше „ГЕНЕКС“, а „ГЕНЕКС“ е фирма на КОС. Диневски никаде во памфлетот не се занимава со прашањето зошто КОС го финансира ВМРО-ДПМНЕ или непобитниот доказот за туѓо влијание кој го има во раце го игнорира, додека туѓото влијание за кое нема таков цврст доказ го обработува дури и е подготвен да издаде книга![xxiii]

Конечно сега можеме да преминеме на претпоследната службена белешка која ни е достапна од досието „ЦРНИ“, која како што веќе навестивме, е мошне поучна:

II. Разговорот е обавен по наша инцијатива, а имаше за цел добивање безбедносно интересни сознанија и податоци од евентуално реализираните задачи кои му беа поставени на последниот контакт одржан со истиот на 03.09.1997 година во ресторанот „Баба Цана“, кои му беа исто така поставувани и од негова страна прифатени на контактот остварен на 19.12.1996 година во истиот ресторан, во присаство на главниот инспектор хххххххххххххххххххххххххххх поставените задачи се однесуваа на неговите контакти кои требаше да ги оствари со Огњан Петков од Бугарското трговско претставништво во Белград, како и неговите контакти со Ангел Димитров амбаххххххххххх хххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххџххџххџџхџхџххџхџхџхџхџхџхџхџхџхџхџхџхџххџхџхџхџхџхџхџхџхџџхџхџхџхџхџхџхџх

Белене, со која поради настанатите недоразбирања во финанскиското работење, нивните меѓусебни односи од 1993 година, се нарушени при што истите му останале должни поголема сума на пари, поради што во тек е судска постапка што ја води тој, преку свој адвокатски застапник.

III. Во текот на разговорот не се добиени очекуваните сознанија и податоци, од причини што Петровски не ги реализирал договорените контакти и разговори со Огњан Петков и Ангел Димитров, а тоа не направил, по него, поради тоа што до толку економски опаднал што самиот со сопругата без ниту едно лице вработени од страна, го држат ресторанот „Баба Цана“ и покрај тоа што немале никаква заработка, морале да го одржуваат поради тоа што морале нешто да работат, а и се надеваат на подобри времиња, од една и поради тоа што изгубиле верба во институциите на системот како во Р. Бугарија исто така и во Р. Македонија од друга страна.[xxiv] (Наше нагласување, Д.П.)

Какви „сознанија и податоци“ очекувале оперативните работници на ДБК од „задачите“ кои му ги поставиле на Петровски, а кои се однесувале на негово расчистување на долгови со приватни фирми од Бугарија? Понатаму белешката продолжува:

Во Р. Македонија, правосудните органи – судовите биле воопшто неефикасни. Спорот што го водел со ххххххххххххх и Драган Далаверски од Куманово сѐ уште бил на почеток, шест пати било закажувано рочиште на спорот под изговор дека споменатите странки против кои се води спорот, судот не можел да ги пронајде и уредно да ги покани, за што Петровски смета дека и оваа институција е искорумпирана, и судијата што треба да решава по предметот прави некакви малверзации со споменатите странки.

На крајот од разговорот Петровски побара помош, колку што може ДБК да повлијае во судот за да се побрза и оконча постапката.

Неговото барање беше прифатено од наша страна, а до крајот на оваа недела истиот зеде како задача и обврска да му се јави по телефон и закаже контакт со Амбасадорот Ангел Димитров, во Скопје, каде би му го изнел случајот со фирмата „Константинови 90“ и побарал помош од негова страна, за што е можно побрзо реализирање на истиот.

IV. ОПЕРАТИВЕН КОМЕНТАР:

Ваквото однесување на Петровски е сомнително. Истиот на неколку наврати ветува дека ќе ги реализира договорените задачи, кои одат во негов но и во прилог на ДБК, а пак воопшто не е направен обид за нивно реализирање под изговор дека причината за тоа е само од економска природа, што таквото негово прикажување го прифаќаме со резерва.

Повторен контакт со истиот е договорен за 30.10.1997 година во ресторанот „Баба Цана“.[xxv] (Нагласено од Д.П.)

Тука се јавува очигледното логично прашање: Што е тоа што може да ѝ биде од прилог на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање во исплатата на приватен долг на приватна фирма која се сомничи за подготвување на терен за насилно уривање на уставниот поредок на Републиката?

*          *          *          *          *

Како што веќе споменавме погоре, ниту Министерството за внатрешни работи ниту Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање излегоа со реакција во јавноста по прашањето покренато со текстот „Полиција и политка“, односно аферата „Бугарска амбасада“.

Меѓутоа, аферата остана неистражена и по победата на ВМРО-ДПМНЕ во изборите во 1998 година. Со промената на власта и новите назначувања кои уследија како последица се случија неколку работи кои остануваат индикативни за тоа дека партијата впрочем била провалена од страна на Службата, и дека таа веќе не била онаа на која народот толку масовно ѝ пријде во 1990 година. За министер за внатрешни работи во владата на Љубчо Георгиевски беше назначена професорката по марскизам и носител на наводното бугарашко крило во патријата, Доста Димовска. За неа, по нејзината релативно рана смрт, нејзиниот  претходник и човек кој бил министер за време на поголемиот дел од подготовките на „Бугарска амбасада“, Љубомир Д. Фрчкоски, обзнани дека отсекогаш за него таа била „сестра Достич“, дотолку блиска што му била гост на неговата втора свадба. Индикативно беше и назначувањето на Драган (Стојановски) Даравелски за директор на царинската управа како и неговото де-факто назначување за кумановски паша. Овој потег предизвика револт во кумановскиот окружен комитет на партијата предводен од таканареченото Докторско крило кое со директни и отворени писма до раководството на партијата и владата се обидуваше да го сврти вниманието на оние кои се во позиција да носат одлуки дека избраните лица се валкани антидемократи. Револтот кулминираше со петицијата на која речиси 150 ветерани на ВМРО-ДПМНЕ од градот се осмелија да го стават својот потпис на петиција до Љубчо Георгевски со барање за отстранување на Даравелски од неговата новоназначена позиција.

Петровски излезе во јавноста уште два пати во летото 1999 година, преку неделникот „Фокус“ со директни критики кон кадровската и безбедносната политика на новата влада. Последниот текст од неговиот серијал „Криминализацијата на ВМРО-ДПМНЕ“, поради интервенција на ДБК, остана необјавен сѐ до 2003 година. По излегувањето на двата текста во „Фокус“ и револтот на Докторското крило чиј штаб беше ресторанот на Петровски, „Баба Цана“, обрачот околу неговото семејство се стегна до коска, што беше повод за последователното бегство на семејството Петровски во Канада кон крајот на 2000година.

Во меѓувреме беа отворени архивите на службите на државната безбедност. Но, ниту еден Јавен обвинител не си зеде за сходно да отпочне истрага во дубиозното работење на УДБ за време на македонската независност, кога аферите како „Бугарска амбасада“, кои според записот на инспекторот Јовановски биле спроведувани во согласност со Правилникот за работа на УДБ/ДБК, биле противречни на начелата на Уставот на РМ. Неми по прашањето останаа и остануваат и таканаречените невладини организации на соросоидниот октопод наречен „граѓански сектор“, кои сепак не испуштаат можност да ја ползуваат аферата „Големо уво“ како доказ за злоупотреба на службите на државната безбедност од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Нивните единствени коментари во оваа насока се дека сето она што го работеле службите на државата безбедност против македонските патриоти било за потребите на владите на РМ, што според нив, како столбови на македонската демократија, било сосем исправно и согласно со начелата на отвореното општество.

Конечно, нема во однос на аферата „Бугарска амбасада“ остана и самата Амбасада на Република Бугарија во Скопје, како и бугарската држава воопшто. Таа во „Полиција и политика“ беше обвинета за соработка со тајната служба на нашата Република во завера против тогашната водечка националистичко-пазарна опозициона партија. Поаѓајќи од фактот што Бугарија била обвинувана за мешање во внатрешните работи на Македонија уште од почетокот на дваесеттиот век, зарем не ќе беше логично бугарските власти да сторат сѐ што е во нивна можност да го демантираат обвинението дека тие повторно си поигруваат со судбината на „нивните браќа“. Своевидно целосно заокружување на аферата „Бугарска амбасада“ поетски дојде во текот на изминатата недела кога поранешниот амбасадот Ангел Димитров – истиот за кој се зборува во службените белешки погоре – беше назначен за претседател од бугарска страна на екипа во „преговорите за спорните прашања и општата историја“ произлезени од договорот за добрососедски односи кој го склучи владата на СДСМ-ДУИ предводена од Зоран Заев.

*          *          *          *          *

И покрај релативно обемната должна на овој осврт, целата историја на аферата „Бугарска амбасада“ и нејзното суштинско место во контекст на пошироката историја на Македонија и регионот сепак не е доловена тука. За тоа македонската јавност ќе треба да се стрпи уште малку.

 

 



[i] Досие „ЦРНИ“. Ев. бр. 348, 03.06.1998 година, УДБК – Куманово.

[ii] „Денес“. 28 мај 1998 година. „Полција и политика“.

[iii] Досие „ЦРНИ“. Ев. бр. 348, 03.06.1998 година, УДБК – Куманово.

[iv] Brailsford. Henri Noel. „Macedonia; Its Races and Their Future,“ London 1906, стр. 101.

[v] Ibid., стр. 105.

[vi] Досие „Македонска национална гарда“. Ев. бр. 189, 14.09.1992 година МВР – СДБ Скопје.

[vii] Досие „ЦРНИ“. Ев. бр. 892, 09.10.1992 година, ОРУСДБ – Куманово.

[viii] „Фокус“. 14 октомври 2010. „УДБАШКОТО ДПМНЕ ЈА ПРОКОЦКА ШАНСАТА ШТО МУ ЈА ДАДЕ ВМРО ПРАВДА!!!“ (http://kotle.ca/39-kolumni/167-2011-06-17-11-50-16)

[ix] Судејќи според фактот дека Македонците во тој период се гледале себеси како повеќе сродни со Бугарите одошто со Србите, и судејќи според тоа дека партизаните во Македонија се појавуваат како некаква реална сила дури некаде во 1943 година, и дека не постоел вистински отпор против Бугарите, логичниот заклучок е дека поголемиот дел од македонското словенско христијанско население било на страна на бугарскиот окупатор.

[x] Досие „ЦРНИ“. Ев. бр. 308, 13.04.1993 година, РУСДБ – Куманово.

[xi] Досие „ЦРНИ“. Ев. бр. 309, 08.04.1993 година, РУСДБ – Куманово.

[xii] Досие „ЦРНИ“. Ев. бр. 218, 28.03.1994 година, РУСДБ – Куманово.

[xiii] Досие „ЦРНИ“. Ев. бр. 363, 19.04.1995 година, УДБК – Куманово.

[xiv] Ibid.

[xv] Ibid.

[xvi] „МЕ“: Македонски екстремизам.

[xvii] Досие „ЦРНИ“. Ев. бр. 327, 26.03.1996 година, УДБК – Куманово.

[xviii] Досие „ЦРНИ“. Ев. бр. 1049, 23.10. 1996 година, УДБК – Куманово.

[xix] Ibid.

[xx] Досие „ЦРНИ“. Ев. бр. 348, 03.06.1998 година, УДБК – Куманово.

[xxi] Досие „ЦРНИ“. Ев бр. 1176, 18.11.1997 година. УДБК – Куманово.

[xxii] Ibid.

[xxiii] „Фокус“. 14 октомври 2010. „УДБАШКОТО ДПМНЕ ЈА ПРОКОЦКА ШАНСАТА ШТО МУ ЈА ДАДЕ ВМРО ПРАВДА!!!“ (http://kotle.ca/39-kolumni/167-2011-06-17-11-50-16)

[xxiv] Досие „ЦРНИ“. Ев бр. 1119, 28.10.1997 година. УДБК – Куманово.

[xxv] Ibid.

21.05.2018
Со идењето на власт во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ со новото раководство почнува да се расчистува и да се реформира, полека ги дистанцира настрана повеќето постари по партиски стаж членови на партијата , политичко-тактички ги игнорираше повеќето основачи и ветерани на партијата, го негираше и игнорираше и првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ со првото раководство. Извршниот комитет на партијата со претседателот приготвија,нова внатрешна политичка стратегија за доброто на раководството и на партијата. На таа внатрешна политичка стратегија на владеење на ВМРО-ДПМНЕ никој од Извршниот комитет(ИК) и Централниот комитет(ЦК) не се спротивстави ( со исклучок на некои членови на партијата кои размислуваа на долги стази на партијата и неменување на идеологијата ).

Новото,важното,главното во стратегијата беше дисциплината,контролата на сите членови во ИК и ОК(Општински комитети) и нивниот редовен отчет на функционирање и работење,  а ударниот потег од стратегијата на партијата беше зачленување на нови членови со секакво убедување и обетување. Еден дел од стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ беше игнорирање на било какви невладини организации, а најинтересното и најкоментираното во вмровската стратегија за владеење се случи кога ИК дозволи придобивање лево ориентирани граѓани и членови на СДСМ. ИК и ОКомитети за придобивање и зачленување на лево ориентираните граѓани и членови на СДСМ  работеа неколку години на разни начини со нудење и обетување на разни места за работа и функција.  Илјадници лево ориентирани граѓани,членови на други партии, членови на СДСМ преминаа во  ВМРО-ДПМНЕ и добија добри места во властта и во партијата. Но полека со влегувањето на илјадниците лево ориентирани граѓани и членови од други леви партии, ВМРО-ДПМНЕ почна да ја губи својата вистинска идеологија, да го губи демохристијанството, да го губи конзервативното, ги измеша боите на партијата, изгуби битни вредности што секој член на ВМРО-ДПМНЕ им верувал и се грижел. Таа политичка стратегија на придобивање на СДСМ членови и лево оринтирани други граѓани и партии функционираше ефикасно и тоа се покажа на предвремените парламентарни и локални избори кога  ВМРО-ДПМНЕ се зацврсти уште појако во локалната и извршната власт. Но со тоа зацврстување во властта, претседателот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја презеде цврсто палката во своја рака. Во партијата само со дозвола негова или на двајца, тројца се носеа важните одлуки и стратегии за работа на партијата и владата, другите членови на ИК, ЦК и владата беа наречени кревачи на рака. Критиките што ги имаше од членовите на партијата (млади и ветерани) не се слушаа,не се почитуваа, не им се веруваше се игнорираа на разни начини.

СДСМ беше тотално разнишано,размонтирано,понижено,омаловажувано на разни политички начини. Со тие неколку политички потези од вмровската стратегија, раководството на ВМРО-ДПМНЕ го налути многу раководството  на СДСМ, а претседателот на СДСМ  и раководството почнуваат да размислуваат како да се одмаздат политички на  ВМРО-ДПМНЕ. Извршниот одбор на СДСМ и претседателот неколку години приготвуваат контра вмровска политичка стратегија спрема моќното,непобедливо и во облаци заминато ВМРО-ДПМНЕ.

ИО на СДСМ на чело со претседателот има спремено контра политичката стратегија, а таа беше обратна од  вмровската стратегија. Првиот потег на СДСМ почна со придобивање на албанските граѓани во Македонија,придобивање на повеќето албански партии. СДСМ полека но сигурно се спријатели и ги придоби пријателски и политички соседните држави Албанија и Бугарија, иако секогаш тие биле поблиски со ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ исто за партнери ги придоби т.е. им ги зеде на ВМРО-ДПМНЕ  неколку битни,моќни држави во Европа.

Со контра стратегијата на  ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ почна да ги придобива незадоволните симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ, со неколку политички потези почна да ги придобива и бранителите,да придобива демохристијани,конзервативци,придоби десноориентирани граѓани во Македонија, СДСМ успеа да се доближи многу силно  во МПЦ и во ИВЗ.Така СДСМ презеде нешто идеолошко од ВМРО-ДПМНЕ , а ВМРО-ДПМНЕ задржа нешто идеолошко од СДСМ.

На крајот од оваа кратка политичка анализа за измешаната политичка идеологија на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Македонија во периодот од 2006 до 2016 година, ќе завршам со заклучок  дека двете политички партии ако за брзо време не си го усогласат партискиот статус не си ги променат партиските реакции и акции до крајот на 2018 година и ако не си го најдат вистинскиот пат што членството го чека и се надева, може слободно да си ги променат имињата : СДСМ да се преименува во СДСМ - ВМРО, а ВМРО-ДПМНЕ да се преименува во ВМРО - СДСМ.

 

 

Дипломиран политиколог

Вецко Здравeски

 

Тони Димитриевски 16.05.2018 фејзбук статус

Tricko veli:

site sme nie bajrami

Jas bi preciziral poinaku: "prilichno e mozno vo sekoj od nas da chuchi po nekoe malo bajramche", no i bi dodal - zarem nema nishto poprirodno, vazno i odgovorno od lichnoto, uporno, obiduvanje da se razbere, nadmine, anulira, nadraste - bajramcheto vo sekoj od nas, vo imeto na sopstveniot zivot i perspektivi!?
Dopolnitelno, slucajot (ova malku pretenciozno ama neka e) "Bajram" ne treba da se tretira ni kako prosta "estetska" ili "vrednosna" komparacija ili diferencijacija, nasproti raznite djordjevci, donevci, bozinovci (slucajno sorosovi pitomci), ili koi da se drugi likovi od javnata scena. Dotolku povece shto retko koj ne bi se soglasil (a gleam Tricko se soglasuva) deka celokupnata javna scena od osamostojuvanjeto do denes funkcionira po chisto "bajramovskite principi".
Od ona shto go chitam poveke izleguva deka reakciite na obichnite lugje okolu "bajramizacijata"- lugje bez pretenzii za politicki angazman, ama so golem interes za vodenje normalen zivot so normalni shansi za sebeostvaruvanje - ne se motivirani od "umetnickite vpechatoci", tuku od potrebata ili ocekuvanjeto za sozdavanje i gradenje novi principi, standardi,vrednosti, povedenie vo javnoto ili politicko deluvanje.
Valjda e toa supstratot shto ja pravi normalnosta, normalnost, ako ne se lazam. Se soglasuvam deka ni e nuzna opshta promena na politickata elita i na kulturnata i ekonomska osnova na opshtestvoto (nezavisno od toa kakvi nasoki na tie promeni posakuvame), ama ne mi e jasno kako toa bi se izvelo ako ne se pocne so eden edinstven, prv, cekor na eliminiranje- na eden "bajram", pa drug "bajram" itn.
Ili pak da se stigne do normalnosta ako se priznava odnosno dava (politicki) legitimitet na "bajramizacijata" faktorizirajki ja ne samo kako politichka "realnost", tuku i kako - utvrden genetski falc na gradjanstvoto . Zgora na toa ne sme unikatni oti takvi "faktori" ima sekade vklucitelno i vo razvienite demokratii. Znachi dobivame stameno "nuzno zlo". Ja nepametam deka nekoi od politickite lideri neposredno pred i po sekoj izboren ciklus ovde ne posegnale po alibito na nekakvo "nuzno zlo". Nie "nuzni zla" shtancame vo sekoja prigoda i po sekakov povod. Ete i slucajot "bajram" taka stanuva "nuzno zlo" chija specificna tezina e nadopolneta so opshtoto negovo znachenje na gnilost - seprisutna na politickata scena. I izleguva deka ne sme ja razbrale neprijatnata pozicija vo koja se naodja Zaev kojashto za nego (i za nas) sugerira oti toj mora da se spravi so takvata gnilost pravejchi od nea kompot. Drugo chare se nema, protiv usudot sho ni e daden - se sami "bajramovci" - ne se moze.
Mojot pokoen tatko porano chestopati znaeshe da mi rece deka ne treba da chepkam gomno- oti ke me otepa so smrdeata. I den denes veruvam vo tochnosta na taa pouka. Zaev ili koi da e drug politichar koj se nafatil da ja prevzeme odgovornosta i doverbata za vodenje ima dolznost - ne da kalkulira so "nuznoto zlo", tuku da go eliminira, bez predumisla, bez pardon. Ne gleam drug nachin za vospostavuvanje na normalnost, osven ako ne zboruvame za razlichni oblici na normalnost, shto e mnogu mozno, kako shto mi se chini.

 

Јордан Петровски 02.05.2018

Многупати досега сум напишал дека една од причините зошто ЕУ и САД не реагираат соодветно кога предлагаат мерки како Македонија да излезе од кризата, како причина сум наведувал дека тоа се должи на нивното непознавање на ситуацијата. Поточно заради извештаите кои од Македонија до своите централи и до своите финсиери ги праќаат НВО-ата како Хелсиншки комитет, Хјуман Рајтс, Метаморфозис и Фондацијата Отворено Општество, попозната како Фондација СОРОС, Зелена Лупа и др. Ова се извештаите врз чија база многу влади ја градат својата надворешна политика кон одредени држави, во случајов кон Македонија. 
До заклучок дека извештаите на НВО-ата од Македонија се непотполни, слободно можам да кажам лажни, дојдов кога ги добив сите документи (тука спаѓаат документи кои ги прибирале адвокатите кои ме застапуваа и документи кои ги прибирала државата Канада) за мојот процес за добивање политички азил во Канада, процес кој траеше од јануари 2001 до декември 2004 година, со две рочишта, невообичаено долго за процесите за азил во Канада.
Причината за вака долгиот процес и двете сослушувања лежеше во фактот дека ниту моите адвокати, ниту државата Канада не можеа да пронајдат било каков извештај за прогон на политички и идеолошки неистомисленици во Македонија. За мја среќа, јас како доказ за мојот прогон го бев можност да го приложам моето полициско досие, доказ кој непобитно укажуваше дека ситемот во Македонија и покрај повекепартизмот и нов Устав останал тоталитарен, онаков каков бил во времето на комунистичка Југославија. 

Деновиве на фејсбук од  постот на Филип Стојановски, програмски директор на МЕТАОРФОЗИС дознав дека тие правеле некакво истажување на тема Прелиминарен извештај за состојбите поврзани со примената на законските рамки поврзани со прислушување .

 

Се понадевав дека во овој извештај конечно ке најдам една целосна слика за прислушкувањето во Р. Македонија.
Мене најмногу ме интересираше делот „Практика на националните институции за заштита на правата на граѓаните“ бидејки тој дел е многу битен за градење сликата кај западните држави за прислушкувањето во Македонија!

[Image: Metamorfozis_7.png]

Во извештајот како пример за неуставно прислушкување се споменува аферата Големото Уво од 2000 година, а авторите ни збор не напишале дека во таа 2000 година се отворени депоата на Тајната идеолошка полиција и на јавноста и така станаа достапни досиеата на луѓето кои биле прогонувани како идеолошки и политички противници на Комунистичкиот систем. Ке беше донекаде разбирливо што авторите не го споменале отворањето на досиеата ако на виделина не излезе дека Тајната идеолошка полиција го продолжила прогонот на исти лица кои ги гонела и пред 1991 година, но на луѓето кои биле прогонувани пред 1991 година, им се придодадени и нови, оние кои своите заложби за самостојна, суверена и демократска Македонија ги изразиле кога бил најавен повекепартизмот, значи во период после 1990 година.  Колкава е бројката на прогонувани  по 1991 година, најдобро говори фактот дека Тајната идеолошка полиција имала „регрутирано“ преку 350 илјади соработника.
Сите прогонувани лица од политички и идеолошки причини се НУСТАВНО: прислушкувани, следени, користени се и други оперативно-технички мерки. Во тие оперативно-технички мерки спаѓаат озвучување на домовите, работните простории, подметнување на провокатори, прислушкување на телефони итн.,  и сето тоа е правено неуставно!!
Ке наведам само хронолошки неколку големи афери кои ги осмислила и спровела Тајната идеолошка полиција во периодот 1991-2000 година, а кои биле насочени кон партијата ВМРО ДПМНЕ, со цел во зародиш да го попречи стварањето на вистинска демократска партија во Македонија:

1. „Бугарски Летоци“
2. „ДУВЛО“
3. „Сина Птица“
4. „Темел“
5. „Раскол“
6. „Бугарска амбасада“


7. Обидот со купување на пратеници и градење на афери во 2000 година за рушење на легитимно избраната влада на Георгиевски:

Само два месеци подоцна ќе стане јасно што содржел планот Б. Бевме сведоци на обидот за рушење на коалицијата одвнатре, преку таканареченото 'ново парламентарно мнозинство'НПМ, каде главните борци ќе бидат алтернативците на Циле и група пратеници што од ДПМНЕ ќе ги отцепи потпретседателот Борис Стојменов. Деталите И сценариото за планот Б се разработувани на тајни средбите што се одржувани во една приватна куќа на Водно. Планот не успеа. Се виде дека и Љубчо не седел со скрстени раце. Но тогаш се покажа дека владата се уште ја има подршката однадвор.

КАКО ДБК ЈА УРИВАЛА ВЛАДАТА НА ГЕОРГИЕВСКИ

После книгата 'Од Осака до Дижонска' во која преку сопственото  искуство ни ја пренесе криминална транзиција, авторот екс бизнисменот Борче Трајковски наскоро ќе го издаде продолжението, насловено како 'Досие БОЈ- врвна тајна'. Првичната верзија Фокус имаше можност да ја прочита уште минатата година. Во ова возбудливо четиво, Трајковски го опфаќа периодот 2000 и 2001-ва година, кога за да избегне издржување на едногодишната казна затвор станува соработник на службата.
Ви го пренесуваме делот кога агентот од ДБК, што тој го именува како 'Михајло', во 2000-тата му дава налог на Борче односно БОЈ да му даде наводна 'сигурна' информација на Латас од ТВ Сител дека 'Љубчо подготвува акција против дваесетина видни бизнисмени'. Задачата 'Михајло' му ја објаснил со следниве инструкции:
- Слушај ме внимателно. Оваа Влада мора да падне! Веќе со сигурност знаеме дека 'Дебелиот' ќе ја напушти коалицијата со Георгиевски и ќе излезе од Владата. Тој со себе ќе повлече доволно пратеници што ќе значи дека Владата ќе го загуби мнозинството ... Како и да е, неколку одбрани луѓе од ДБК, меѓу кои сум и јас, подготвуваме повеќе скандали и афери кои треба дополнително да го разнишаат Георгиевски и морам да признам дека имаме сериозен проблем со подготовките. Не знаеме што да одбереме. Пливаат во афери и скандали! Реакциите што ги добиваме од Интерпол, Еуропол и другите разузнавачки служби од надвор, се многу сериозни. Бараат да интервенираме, а не знаат дека ни се врзани и рацете и нозете, и ушите и очите.

Во 1999 година е донесен законот за слободен пристап кон досиеата и со тоа беше овозможено аферите Бугарска Амбасада, Расколот, Темел, Дувло, Сина Птица итн. да добијат потврда дека се дело на Тајната идеолошка полиција. Покрај потврдите дека споменатите афери се дело на Тајната идеолошка полиција на виделина излезе и дека е вршено масовно прекршување на со Устав загарантираното правото на тајност на писмата и на сите други облици на општење, за кое нема збор во прелиминарниот извештај.
Бидејки на сајтот на МЕТАМОРФОЗИС стои дека текстовите и содржината во нив се единствена одговорност на авторите и дека за тоа не може да се смета дека тие го одразуваат гледиштето на фоданцијата „Метаморфозис“ помислив дека ке прифатат да објават текст кој ке ја даде и сликата за прислушкувањето и другите форми на злоупотреба на СД/УБК.



Од таа причина од име на Комитетот за Демократизација на Македонија, испратив меил во кој понудивме соработка за да извештајот ја претстави вистинската состојба во Македонија.


[Image: Metamorfozis_12_A.png]

 

 

Бидејки и по неколку дена не добив никаков одговор од „Метаморфосис“ на мојот меил, се обидов да го контактирам поставувачот на веста на Фејсзбук, господинот Филип Стојановски, програмски директор на фондацијата :

 
 
 
 
 
 
 Дека Филип Стојановски, човекот со кој се ободов да дискутирам не е еди кој си во Метаморфозис говори следниов скен:
 
 

Но и тој мој обид остана безуспешен господинот Стојановски не најде за сходно да одговори. Знак дека Метаморфозис итекако се слага со извештајот и е подготвен по секоја цена да го брани!
Аферата Големото Уво беше обелоденета за да се сврти вниманието на јавноста од досиеата!! Не одговарањето на Метаморфозис на мојот меил, ме наведува на мисла дека текстописците, односно „истражувачите“, кои Метаморфозис можеби и ги платил за извештајот и можеби и им дал инструкции од каде да почнат да ја градат приказната за злопупотреби на УБК. Приказна која во вид на извештај пак ке покаже дека само кога „некомунистичката “ а во бит итекако комунистичка ДПМНЕ само комунистичка од Сталинистичката провинеција е на власт, се прават злоупотреби на УВК, односно Петата Управа. Битката на Титовости и Сталинисти во левицата ке трае се додека постои коунистичката идеа во Макееонија!!
И кога беше обзнанета аферата „Големото Уво“ и кога беше обзнанета аферата „БОМБИ“ не се појави ниту еден разговор од прислушкување на лице кое е прогонувано, односно лице за кое УБК/УДБ води доисе од Идеолошки и Политички причини. 
За крај на текстов, се додека не превземаме ништо за да на земјите од светот кои ги финансираат  НВО ата, Граѓанските Здруженија кои се творби на Тајната Идеолошка Полиција и кои во светот ја градат сликата за безгрешноста на Комунистичкиот Тоталитарен Ситемот, кој во Македеонија опстојува од 1945 година и ке опстојува се додека преку судски процес не биде растурена Тајната Идеолошка Полиција. Само со растурање на Тајната Идеолошка Полиција , односно со нејзино елиминирање од општествената и политичката сцена во Македонија ке има слобода на медиумите, слобода на говор, слобода на политичка мисла и здружување, еднаковст пред законите, почитување на индивидуални човекови права и слободи. За да го оствариме тоа мора, оние кои се сметаат за вистински демократи а демократ само оној човек кој еднаково ги осудува фашизмот и комунизмот, да „формираат“ барем едно вистинско НВО!

 
 
 

 

 

НА САМИОТОТ ВО СОФИЈА МУ СЕ ЗАКАНУВА ДЕБАКАЛ ПОРАДИ КОСОВО

ЕУ се обидува со дипломатски финеси да спречи фијаско на самитот за Западниот Балкан, кој следната недела треба да се одржи во Софија. Во моментов, сите сигнали упатуваат на можна конфронтација, јавува агенцијата ДПА.

 
NATO Osterweiterung (Getty Images/AFP/A. Nimani)

 

Кавгата околу статусот на Косово ги засенува подготовките за самитот ЕУ-Западен Балкан следната недела. Проблемот е во тоа што пет земји-членки на ЕУ не ја признаваат еднострано прогласената независност на Косово во 2008 година и сакаат тоа јасно да го стават до знаење и на самитот во Софија. Ништо не смее да биде интерпретирано на начин кој би укажувал дека независноста на Косово е општо прифатена.

За да го истурка самитот според првичниот план, ЕУ сега се обидува да го реши проблемот со дипломатски акробации. Па така, во завршната декларација од состанокот ќе треба да се говори за „партнери од

Spanien Pressekonferenz von Mariano Rajoy (Reuters/S. Perez)

Шпанскиот премиер Мариано Рахој ќе го бојкотира самитот во Софија

Западниот Балкан“, а не за „држави од Западниот Балкан“, дознава германската агенција ДПА од извори во ЕУ. Дополнително, местата одредени за шефовите на влади и држави ќе бидат одбележани со нивните лични имиња, а не со имињата на државите кои ги претставуваат.

Со ваквите решенија, организаторите се надеваат дека ќе успеат да го спречат најавениот бојкот на земјите како Грција, Романија, Кипар и Словачка кои не ја признаваат независноста на Косово. Шпанскиот премиер Мануел Рахој, според најавите на дипломати, веќе решил да не учествува на самитот. Во Мадрид велат дека Рахој не сака да дозволи да биде фотографиран во близина на косовскиот претседател поради проблемите со сепаратистичкото движење во Каталонија.

Bulgarien Parlament (Imago/R. Unkel)

Не се очекуваат конкретни резултати од Самитот во Софија

Според изворите на ДПА, од самитот не се очекуваат никакви конкретни резултати. Речиси е исклучено дека државите од Западниот Балкан од шефовите на држави и влади на ЕУ би можеле да добијат конкретно ветување за влез во ЕУ. Европската Комисија во својата неодамна објавена Стратегија ја наведе 2025 година како можен датум за прием на земји од Западниот Балкан, но веднаш се соочи со остри критики. Критичарите сметаат дека овие земји се многу далеку од исполнување на критериумите за влез во ЕУ.

DW