Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

Колумни

Колумни

КРАТКА ИСТОРИЈА НА ТЕРОРОТ - АЗИС КЕЉМЕНДИ ЕНД КОМПАНИ


[Image: 333btar.jpg]

Се сеќава некој на Азис Кељменди? Не верувам дека повеќето се сеќаваат на неговиот лик и дело, ама некој сигурно се сеќава, а ако не се сеќава сега ќе се потсети. Азис Кељменди беше студент на правниот факултет во Приштина, којшто на почетокот на бурните осумдесети години од минатиот век беше расадник на албанскиот шовинизам и иредентизам. Мислам дека и наш Али студирал таму во тоа време на албанската пролет. Ама сега муабетов не е за Али туку за Азис. За тој Азис велат бил добар студент, редовен во секоја смисла. И како што бидува со секој редовен тип, во 1987 година заминал на отслужување и на редовниот воен рок во тогашната ЈНА, поточно, во касарната во Параќин. И сѐ било океј скоро до крајот од неговиот престој во ЈНА.


[Image: 28vr53m.jpg]

Тогаш, на само три недели  пред слекувањето на униформата и враќањето дома, Азис Кељменди, една ноќ го напуштил стражарското место и со автоматска пушка полна со боева муниција влегол во спалната каде биле неговите цимери и почнал да пука. Убил четворица војници и тешко ранил петмина други. Негови другари, соборци и цимери од Босна, Србија и Хрватска. Не им дал шанса да се бранат. Ги егзекутирал на спиење. После се дал во бегство, веројатно свесен за планираниот чин што го направил. Официјалните извештаи на ЈНА по масакрот беа дека се самоубил неколку часа подоцна, зашто наводно и за време на маскарот бил прилично ментално растроен. Но, тоа официјално соопштение на ЈНА беше наменето само за јавноста со цел да ги смири малку страстите во тогаш веќе зовриената југословенска братска заедница и како такво, воопшто не беше точно.

            Мој близок познаник во тоа време беше дел од военото разузнавање и зборуваше дека на бегање од касарната Азис позајмил уште десетина рамки со куршуми и жестоко се борел уште неколку часови кога бил опколен од специјалната единица, сѐ додека не бил ликвидиран. После, затворената истрага покажала дека до гуша бил задоен со идеите за Голема Албанија и дека самиот масакр бил смислен и долго планиран чин за напад на државните институции и војската. Интересно било тоа што, воените истражители по тој чин осуетиле уште десетина други обиди за слични терористички напади на разни касарни низ Косово и пошироко, низ тогашната СФРЈ.

            Не треба да заборавиме дека и години пред овој масакр Србите на Косово, но и другите помали неалбански етникуми беа изложени на терор и разни форми на притисоци од страна на радикалните албански шовинисти, по кои масовно се иселуваа и го напуштаа Косово во текот на осумдесетите години од минатиот век. Репертоарот на тие насилни чинови беше од широк дијапазон. Палење на неалбански куќи и домови, цркви, сквернавење на православни гробишта и десетици случаи на силувања и линчувања кои никогаш не беа расветлени од тогашните косовски власти во кои претежно беа Албанци  Да, тоа не смее да го заборавиме, без разлика што изминативе години од транзициска Македонија, тие факти намерно се преќутуваат и игнорираат од страна на нашите политичари и медиуми само со цел, премногу да не ги нервираме нашите соседи Албанци, кои, ама баш во секоја ситуација кога е ставена под лупа нивната политичка кауза заради некое антидржавно или терористичко дело на нивни брат по крв, веднаш се вадат на тоа дека се угнетени и дека Македонците се полоши од Милошевиќ. Па митот на Милошевиќ се создаде токму затоа што Србите на Косово, долго време пред неговото доаѓање беа незаштитени пред насилствата на албанските сепаратисти и шовинисти. Ете тоа не смее да се заборави. И нека се знае дека е така и никако поинаку.

            И тоа не престана таму, во старата и кутра СФРЈ. Во 2001 година кога веќе се надѕираше независноста на Косово, токму во близина на косовската граница, беше кренат во воздух цивилниот автобус на Ниш Ескпрес при што загинаа единаесет невини патници, а дваесетидвајца други беа ранети. Осудениот на 40 години робија за тој напад, Флорим Ејупи подоцна, по укинувањето на пресудата на второстепениот суд на УНМИК, од Косовскиот Врховен Суд е ослободен од сите обвиненија поради недостаток на докази. Што мислите, што ќе се случи со пресудата од Монструм ако ја префрлиме на разгледување кај Косовскиот Врховен Суд? И судот на УНМИК во случајот со бомбата во Ниш Експрес (како и македонскиот во случајот Монструм) тогаш од Албанците на Косово е обвинет дека пристрасно осудил невин човек само зашто бил Албанец, па Ејупи мораше да биде ослободен. Тоа е, кога нема признание од убиецот или негово селфи од мигот на масакрот, што вели Каролина Астеруд, за косовските судови и албанската јавност е доволно тој човек да се прогласи за невин. И секоја сличност со гранатирањето на автобусот кај Љубанци и маскарот кај Карпалак е случајна.

            Албанскиот екстремизам има само една цел, обединување на сите територии каде живеат Албанци и таа нивна агенда не е рекла-кажала. Содржана е и во еден стоикусур години стар меморандум на Албанската академија на науките, како и во оние од Призренската лига и нема зошто сите  ние  во име на некаков лажен соживот да се правиме мутави и луди дека тоа не е така. Па ако ја изгубивме војната во 2001, не значи дека вечно треба да молчиме и да се повлекуваме пред вистината, само затоа што, таа на нашите соседи не им е пријатна за слушање. После Договорот од Охрид, не знам што повеќе треба да им се даде на Албанците за да бидат среќни. Имаат свои универзитети, имаат двојазичност, активно партиципираат во секоја сфера во општествениот и социјалниот живот, па дури имаат и разни привилегии кои ги нема ниту едно „малцинство“ на светов. Од загарантирани квоти за вработувања и уписи на факултет до високи државни функции. Само, изгледа пак не се нешто среќни со добиеното, па сакаат многу повеќе од тоа и во тоа „многу повеќе“ се крие голема и реална опасност за сите нас. И Албанци и Македонци. Затоа наводните протести против пресудите во случајот Монструм толку лесно се прешалтаа во етнички и територијални барања и претензии на оние кои се бунтуваа и фрлаа камења кон македонските институции и полицајци. Истата онаа задоеност со омраза кон сѐ што не е албанско, со која се одликуваа демонстрантите во Приштина во 1981 година, се читаше и во очите на протестантите пред судот во Скопје. Све је исто, без разлика што ги нема и Тито и Милошевиќ, а повеќето од нас, сѐ потешко се ослободуваат од впечатокот дека можеби Албанците не сакаат да живеат заедно со никој освен со самите себе.

            Ако ме прашате, лично, сакам да останеме заедно и да градиме вистинска заедница и со Албанците и со секој друг во земјава, но само доколку сите го сакаме истото. Оти со сила убајна не бидува, а уште помалку со самозалажување. Затоа и Македонците, но и Албанците мораат да ѝ погледнат на вистината и историјата во очи, колку и да е таа болна и непријатна, па дури тогаш да ги засукаме ракавите и да видиме кај сме, со цел да ги поврземе нитките што отсекогаш нѐ врзувале, а кои очигледно одамна се скинати.   

 Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ

МОНСТРУМОТ ЌЕ УДРИ ПАК


[Image: 333btar.jpg]

Секоја друга пресуда освен доживотен затвор ќе беше неправедна кон роднините на смислено егзекутираните матуранти кај Смилковското Езеро. Секоја друга пресуда од најстрогата која ја содржи нашето казнен систем ќе беше криминална и против-државна, зашто убиството на матурантите беше токму тоа, против-државен терористички акт за да се внесе паника меѓу населението и да се дестабилизира безбедноста во државата.



[Image: 16baalg.jpg]

            Она што мене ми пречи е што казната за такво или слично дело не е смрт, зашто како општество и држава стануваме зрели за такви казни, од причини што безбедноста на државата е на стаклени нозе, радикалниот ислам одамна е инсталиран во Македонија, а освен тоа, сиромаштијата рапидно расте па сѐ повеќе криминал и психопати ќе ги заплиснат нашите улици. Сведоци сте на тоа, почнавме да генерираме сериски убијци и сериски силувачи како оној новинарот и оние млади кичевчани кои неколку месеци го држеа Кичево во паника со своите силувања и убиства на постари дами. Да не зборувам пак за сѐ почестите случаи на педофилија, инцест и малолетничка проституција. Тоа јавно не се кажува, но Македонија може да се пофали со висок степен на убиства и криминал во европски рамки, ако се земе во предвид големината на нејзината територија и бројот на населениоето. И допрва тој степен рапидно ќе расте. Но, за Монструм ми е муабетот.

            Цврсто стојам на ставот дека смртната казна мора да ја воведеме во нашата судско-казнена пракса, зашто во оној којшто направил толку тешко и крволочно казнено дело, верувајте, не останала ниту трочка човечност. Таквиот убиец е предатор кој ќе убие секогаш кога ќе му се укаже можност за тоа, а неговата совест е исклучена. Не постои таква казна поинаква од смртната која може да го смени и да го направи подобар човек. Таквите предатори се непоправливи и опасни дури и за своите затворски цимери и чуварите.

            Е сега, бидејќи убијците се муџахедини и тренирани да убијат било кого без око да им трепне, а родени се или живеат овде во Македонија, лесно може да се претпостави дека не се единствените. Од она што јас го знам, претпоставувам дека предатори како нив, кои наводно се борат за Алах, во Македонија има барем уште триесетина кои слободно шетаат низ улиците на Скопје, Тетово и Куманово. Тие се организирани во мали ударни терористички групи од тројца или петмина, а зад нив постои цела мрежа на јатаци, кои честопати и не знаат кому и зошто му помагаат. Во ова воопшто немојте да се сомневате, зашто после 2001 година, активностите на тие групи никогаш и не престанаа, а еднаш сум имал чест преку двоглед да ги набљудувам нивните вежбовни активности во близина на Кодра Фура, на наша територија и не бев изненаден од тоа што го гледам зашто од порано бев свесен дека нашата држава никогаш не стекна капацитет да се справи со овие групи. И сите надлежни знаат за нив и сите тие, повеќе од деценијаипол молчат за тоа, а безбедноста на државава во нивните извештаи е секогаш на највисоко ниво. Гомненици! Најобично срање!

            И пак ќе кажам нешто што еднаш веќе сум го кажал, поточно, сум го пишал во еден статус на фејсбук кога се случи масакрот кај Смилковци. Пишав дека оваа држава уште долго време нема да ги приведе најсвирепите од убијците на младинците и да ги изнесе на суд. Тоа и се случи. Убеден сум дека оние кои се осудени на доживотен затвор се само јатаците или оние кои давале логистика на терористичката група и помогнале истата да се извлече на безбедно, надвор од државава. Можно е директните виновници како оние најспоменуваните двајца кои наводно лежат затвор во Косово за некое помало дело и уште два-тројца од нив, веќе да ги спремаат за други задачи некаде по балканов или пошироко во светов, такашто тешко да ги видиме зад рашетки во некој македонски затвор. До која мера тоа ќе ја зголеми болката на роднините на убиените матуранти проценете сами, кога и онака веќе трикратно повеќе страдаат штом сфатија дека нашата држава нема капацитет да се справи со добро организирани терористички групи, да ги осуети или пак веднаш по терористичкиот акт да ги приведе и осуди.

            Затоа, велам, оваа или некоја идна власт мора да воведе смртна казна за тешки дела против безбедноста на луѓето и државата, оти во спротивно, случајот Монструм ќе се повторува константно, само под други имиња, а во неговиот смртоносен налет залудно ќе гинат невини луѓе и деца. Премногу кучиња од балканските војни и оние пошироко живеат во нашето соседство и во нашиот двор и тоа не е случајно. Тука се да прават зулуми од широк дијапазон и не смееме да го игнорираме тоа. Една од причините за кои плукам по оваа вмровска власт е токму и таа. Се удираат во гради со својата големомакедонштина, со своето супер-расно потекло, а никогаш отворено не му застанаа на патот на исламскиот радикализам во Македонија кој веќе претставува сериозен проблем за нашата безбедност. Немаат јајца за тоа, зашто имаат други цели, а не силна и безбедна Македонија. Јавноста мора да побара одговорност од нив за тоа и конечно да се разбие глупавиот мит за безбедноста и меѓуетничкиот соживот во Македонија, кој практично не постои.

            Не мразам никого, ниту пак некогаш некого сум мразел и оние кои ме познаваат лично, го знаат тоа, па биле тие Албанци, Турци, Санџаклии или Роми. Токму затоа и во име на тоа, сите ние мора да бидеме многу попаметни и похрабри и да го напуштиме овој бајковиден кошмар во кој живееме две децении. Мора да побараме одговорност од оние кои ги водат нашите племиња по секоја цена, оти во спротивно, цената која ќе ја платиме за оваа наша летаргичност и заслепеност ќе биде многу висока.

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ

КАКО ЖЕЉКО МУ СЕ КАЧИ НА ФИЛИП ВТОРИ


[Image: 333btar.jpg]

Го прчам на една пуста убава плажа на Касандра, онака олабавен со три деца и жена покрај мене, нон-стоп ги пазам да не отидат во длабокото и си велам: Има и полошо! Замислете плажата да беше полна и пред очи да ми парадираа Русинки со зелки капиталки и да кршеа пред мене ореви со тоа газињата! Во една таква ситуација, јас ќе отидев во длабокото, ама со камен на грбот! Тоа е. Или чуваш жена и деца и немаш време за ништо или ѕвериш по Русинки и се фаќаш за пиштол.


[Image: iofev8.jpg]

Јас, ете, немам кога да се фатам за пиштол, а немаше ни за перо да се фатам да не го отворев фејсбукот, оти како викаат: Во здрав хардвер, здрав софтвер! Олабавете се, нема пак да го дрвам за Светото македонско тројство: Грујо, Мито и Корупција, зашто си работи како саат и ич не му чуе. Сите ќе умреме, ама Светото македонско тројство - тешко! Присутно е за везден како и силата на гравитацијата и исто така нѐ влече надолу, чунки е правопропорционално со неа. И ќе нѐ одвлече гарант, зашто веќе почнавме за секоја позајмена чачкалица од ЕУ да враќаме по три кубици дрва. Тоа се вика задолженост, ама колај работа. Да не бевме току духовно тапи како народ ќе нѐ викаа Германци. И така, полека ве вовлекувам во темата на приказнава...

Отворам, нели, фејсбук, кога таму, гледам некој ме тагнал со слика од преполнетата арена Филип Втори за време на концертот на она вообразено копиле Жељко. Шеесет илјади луѓе! Да се најежиш! Од продажба на карти цирка 200 илјади евра. За Жељка пола од тога, рецимо! Добро сега, да не беше придружуван од други ѕвезди којнае дали ќе собереше толку народ. Сепак секоја чест, без цинизам. Си дојде, си отпеа, може нешто си ебна во бекстејџот и се збогати. За два саати пеење лапна просечна пеесетгодишна плата на наш работник и тоа у државна администрација, нели, ако не се земе во предвид тоа дека кај нас во пензија се оди со четириесет години стаж. Значи некој наш јадник, пардон работник од слободните економски зони треба да работи осумдесет години да го земе хонорарот на Жељко за концертот. Сигурен сум дека на многу од оние кои биле на концертот ич не им текнало да ги направат тие компарации. Тие нема што да мислат, кога веќе отишле таму да се забавуваат. Тоа е и целта на оние кои го донеле Жељко во Скопје. Да заработат на оние кои не сакаат да мислат и истите да ги одржат во таква немислечка состојба што подолго време. Ете, сега ми се чини дека и вас ве однесов во длабокото со последнава реченица, ама ајде со ред за да се разбереме, ако воопшто се разбереме, зашто таков е цехот кој го плаќаат оние кои зборуваат и пишуваат за забранети и непријатни нешта.

Немам ништо против тоа кој каква музика слуша. За вкусовите, велат, не се расправа, но и тоа како треба се расправа за универзалните вредности кои мора да ги содржи секое големо уметничко дело. Во делото на Жељко таквите вредности се во дефицит, но реалноста е таква, мнозинството не сака да се заморува со длабоки прашања и поливалентни и комплексни емотивни доживувања кои едно музичко дело носи со себе. На повеќето од нас им е доволна само површната сентиментална мелодрамска димензија на една песна за да нѐ крене или да не турне во мазохистичко самосожалување ако некое наше лане (јагне, срнче или што и да е) ги спакувало куферите и заминало со друг во неповрат. А може во едно такво митско самосожалување, што би рекол Калински, да почнеме да кршиме чаши или пак да искршиме цела кафана или не дај боже, да запалиме пола град, како оној Кеба во неговата песна. Тоа сме ние јебига, ама не затоа што такви сме родени, туку затоа што некој систематски работи тие наши површности уште повеќе да ги изрази, на сметка на разумот и духовната зрелост!

Властите и продуцентските куќи и тоа како знаат да ги злоупотребат нашите фелери во табиетот и инертноста на духот да осознава длабоки нешта и релации, па ни го нудат токму она што го бараме - Цеци, Жељковци, Северини, пиво-фестови, шпански и турски серии. Целата понуда во медиумскиот и шоу бизнисот се сведува на промоција на малограѓанштина и површност, кршење чаши, опивање до бесвест и тоа со амин на власта, која и да е. Тие добро знаат дека не треба да вложуваат во ликови и дела кои ќе го натераат мнозинството да мисли и духовно да се надградува. Затоа гледаме примери кога некој голем уметник е заборавен и турнат настрана како што беше случајот со Вања, а од друга страна со големи пари се промовираат полуидиоти и исто таква музика. Затоа имаме пример кога градоначалникот на Прилеп даде шеесет илјади евра на една кафанска певаљка која згора на сѐ кариерата и славата ја стекна благодарение на крвавите пари на еден српски мафијаш и воен злосторник. Истата таа певаљка е идол на многу млади Македонки. Да прашате некоја од тие фанови дали би постапиле исто за да станат ко Цеца, што мислите што ќе ви одговорат? И најмалку треба да ве чуди кога младите во Македонија се кастрирани од својата автентична бунтовничка природа, па наместо да бидат контра родителите, контра власта, контра општеството, контра естрадата и меин стримот, тие стануваат конформисти и камелеони. Се менуваат преку ноќ, оти се воспитувани секому да влегуваат во положение ако имаат лична корист од тоа, наместо да бидат револуционери и бунтовници во срцето. Сакате свеж пример за тоа себепредавство. Ете ви го Тајзи.

Бетовен рекол дека музиката е добра ако го допре срцето, а очигледно Жељко и тајфата допреа до шеесет илјади луѓе, како што ќе допре верувам и Цеца кога ќе дојде во Скопје Вилиџ, арно ама Бетовен немал поим каква музика ќе се слуша после двеста-триста години и дека идиоти без талент како една Цеца или Мадона да кажеме ќе бидат музички ѕвезди, регионални и светски. Ако тргнеме по таа логика и Аркан, Радован, Алија, Слобо и Туѓман преку своите пеачки пулени допираа до илјадници срца и ја ширеа преку нивните песни пропагандата која доведе до крвави оргии на тлото на некогашната СФРЈ. Не заборавајте, тогаш многу големи пеачки ѕвезди како Оливер Мандиќ да речеме, зазедоа страна со пушка во рака и пукаа на своите некогашни фанови од другата страна. Како беше онаа мудрата: Се што почнува со кич, завршува во крв! А богами кичот кај нас во последниве години рапидно се таложи и немојте да мислите дека неговиот триумф нема да заврши како во мислата која пред малку ја цитирав. Неизбежно е. Знам, некој ќе рече, ме боли таквоето, бев на Жељко и Цеца да се забавувам, супер се. Не велам дека не му се супер, ама сум свесен, дека музиката никогаш не сум ја доживувал само како забава, туку и како канал за пренесување силни пораки кои отрезнуваат до болка и го наведуваат човека да мисли за своето место под сонцето, а не за некоја Стојна која ги спакувала куферите и заминала.

Од тие причини негодувам кога го гледам она што се случува околу мене. Зашто знам каде води сето тоа. Го видов истото на почетокот на девеесетите, го гледам истото сега. Површност и малограѓанштина. Распад на системот и распад на сите големи вредности и нарации. Затоа негодувам кога гледам дека младите денес го немаат својот Дилан, Ленон, Коен, Морисон или Ник Кејв, го немаат ниту Штулиќ и Балашевиќ кои непрестано ќе им зборуваат за бунтот и слободата. Го немаат својот Влатко и Гаро, кои на нов, современ и авангарден начин преку музиката да им раскажат за нивните корени и дедовци. Да, тука се можеби Кирил, Златко и Горан, иако повеќе припаѓаат на онаа старата генерација, ама ними никој нема да им организира и промовира настап за шеесет илјади луѓе. За некој од нив нашава младеж верувам нема ни слушнато, оти се воспитуваат и растат во површност, кич и незнаење. Многу од нив кои дремат на концертите на Жељко или Цеца тешко го разликуваат Бетовен од машина за перење. Ги воспитуваат да бидат и останат интелектуални кепеци, какви што се нивните родители, професорите и оние во власта. Денес во училиштата никој не ја предава лекцијата дека светот ваков каков што е не е добар и дека може да биде многу подобар, ако луѓето станат подобри отколку што се. Денес во училиштата и нашето општество се туркаат настрана сите кои барем малку мислат со своја глава и кои одбиваат да бидат манипулирани со ефтини штосови. Леб и игри. Жељко и Цеца. Простете, ама сѐ уште немам чуено некој кој ја слушал поезијата и музиката на Дилан, Ленон, Морисон или Штулиќ и ја разбрал нивната порака, да потонал во алчност или некаде да започнал војна. Простете и што генерализирам, ама тоа го правам за полесно да се разбереме, нели, ако е воопшто можно.

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ

ТАЈЗИ, ТРЕТОТО ДЕТЕ И СЕКСОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ


[Image: 333btar.jpg]

Како Македонка никоја не љуби, ама и не шара. Којзнае дали Тајзи знае каков таинствен љубовен живот имаат Македонките? Додуша и Македонците не се цвеќиња за мирисање. Нејсе, сѐ што гледате на порниќи го има и кај нас. Со тројца, со петорица, меѓу неколку пара, со магарица, со коза, со доберман или леси. На кока или на Водно. Во кола, во лифт, на мотор, во јавно ве-це, на клупа у парк, во канцеларија. Орално, анално, вагинално и махинално. Во нос и во уво. Во сите отвори! Маж со маж и жена со жена. Па со братучетката, со вујната, со комшијата, со чичкото, со внуката и да не редам понатаму, да не ви се збурбати во стомакот. Еден мој пријател психијатар во душевна болница вели дека за него е нормално да го посетуваат зрели скопјанки, милфарки, кои ги лечи зашто се зависни од секс со своето домашно милениче, што и да е по род. Сексуалниот живот на Македонците и Македонките е толку разновиден и перверзен што дури и начув дека сме биле следни на списокот на Бога за потоп, земјотрес или наезда на скакулци. Содома и Гомора.


[Image: 10477824_10152448745157180_1063126331_n....4639db8e76]

Да, ама оди некој да признае таква работа. Познат и излитен е оној муабет: Ти си ми втор! Ние Македонците одамна не сме невини, по ниту една основа. Само се правиме дека сме такви. Во тој двоен морал лежи нашето проклетсво и баксузлакот. Нашата прва реакција, кога нешто не ни е по ќеф, е да се крене тепихот и причината за нашата вознемиреност да се пикне под него. Сакаме да изигруваме европејци додека во нас дивее духот на паланката. Е, тоа не може. И не е нашиот сексуален живот едеинствената сфера во која сме дволични. Него го земав само како највоочлив пример. Ние сме дволични интегрално. Како личности и како заедница. Што значи ниту сме личности, ниту пак живееме во заедница.

Веќе со години власта нѐ труе со онаа скандалозна и малограѓанска кампања за трето дете. Последен во низата имбецилни реклами за таа кампања, е оној нов музички спот на Тајзи. Секој што се разбира малку од музика ќе ви каже дека таа песна е дно на самото дно во композиторска, аранжманска, естетска и продуцентска смисла, што е и нормално, зашто нејзината цел не е да пренесе некоја длабока порака и да достигне високи естетски и уметнички дострели, туку претставува нарачка од власта со цел идеолошки да ја индоктринира целната група за која е наменета. Нејзините пораки се празни догми на владеачката партија со кои се манипулираат луѓето кои ја конзумираат. Таа песна како идеолошка творба, како и целата кампања за трето дете е дволична од проста причина што оние кои ја туркаат и финансираат со наши пари, задкулисно прават сѐ за да го разорат семејството како јадро на една здрава заедница.

Куп невработени и отпуштени од работа, срамни плати за оние вработените, никаква заштита на работникот во однос на работодавачот, а особено кога се во прашање вработените жени кои се слабо заштитени во фирмите во случај на бременост, кога честопати и ја губат работата ако затруднат. Честопати се сведоци кога работодавачот најдрско им сугерира дека ќе бидат вработени под услов да не останат трудни во одреден временски период. Има жени кои работат по десет и повеќе часови, а за тоа да немаат никаква парична надокнада. Работат како робови во неколку смени, саботи и недели, за осум до десет илјади денари месечна плата. Притоа се изложени на сексуален и друг вид на мобинг кој најчесто останува неказнет. Повеќе се на работа, отколку дома со семејствата ако стигнале да ги создадат. И голем дел од овие нерегуларности се случуваат во славните економски зони на Ставре и Грујо, токму пред нивните преродбенички очи. Не им чуе за тоа, а од друга страна го праќаат Тајзи да црцори за зголемување на наталитетот и трето дете.

А бре има жени што нејќат да помислат ни едно да родат, а камо ли три! Едните од бес, а другите од немаштија. Штета што овие вторите се далеку побројни. На нив ни до секс не им е дојдено, а камо ли до бременост! Егзистенцијалните проблеми се смртоносни за сечиј сексуален нагон, тоа секој го знае. На страна тоа што половина од оние што зборуваат за здраво семејство меѓу маж и жена се двоцевки од голем калибар. Го слушаат исклучиво Елтон Џон и го копираат неговиот начин на живот, кога веќе немаат талент да го копираат неговото дело. И сега, одеднаш, тие се најдоа да ни зборуваат за трето дете. Море ајт таму, шегобијци едни!

Третото дете, утре ќе порасне, ќе стане студент. Треба ли да се школува? Треба ли да има пари да прошета, да оди на море, да полага за возачка, да купи кола, ова или она? Од каде бе преродбеници? Има илјадници семејства што имаат само еден вработен, како што е да кажеме моето. И тоа трето дете не е само нели? Трето е! Што значи има уште двајца пред него. Браќа, сестри или мешано. Тие не треба да се школуваат, да се пратат на одмори и на екскурзии, да се облечат? Гласачите на Грујо честопати знаат да им кажат на оние кои имаат трето дете, а кои сепак негодуваат поради околностите во кои живеат, дека треба да се среќни зашто Грујо бил тој кој им дал надокнада за трето дете. Не сакаат да видат дека таа надокнада од 8300 денари се дава до десетгодишна возраст и завршува таман кога почнуваат вистинските финансиски побарувања за тоа дете да израсне во школуван, комплетен маж или жена. Што треба да прајме ние кои гледаме три деца со една плата? Штом наполнат десет години да му ги однесеме на Грујо дома за да ги причува и да ги дошколува? Да ги прати заедно со неговите деца на некој скап универзитет во странство? Ајде ви се молам.

Не ни треба нам милостина. Оваа држава треба да обезбеди достоинствен живот за секој поединец, а тоа значи да му се овозможи да работи и добро да заработува, а не цел живот да живее на нечиј грб. Зошто да кажеме власта не направи сите ние да можеме нормално да живееме од нашите плати? Тоа е она што го обезбедуваат за своите граѓани сериозните држави. Кој работи не му ја мисли како ќе преживее од први до први, па нека има и пет деца. И имаат. Еден просечен Норвежанец, Германец или Швед, парите за трето дете ако воопшто добива такви, не ги чека со душа за да ги троши за плаќање на месечните сметки за струја, парно, вода, телефон, интернет и телевизија.

Преродбениците да се грижеа малку за својот народ, со оние стотици милиони евра што ги спискаа на споменици и неокласицистички кичерај и барок, ќе отвореа десетици фабричиња за шрафчиња, конзерви и други џиџи-миџи во кои ќе вработеа илјадници луѓе и ќе имаа извоз и далеку помал трговски дефицит, такашто стопанството ќе живнеше, а со него и државата, зашто сите тие фабричиња регуларно ќе плаќаа данок. Тогаш ќе немаше потреба да чекаме некој душевадник од белиот свет да отвори овде фабрика за која нема да плаќа на државата ни денар и ќе ги експлоатира нашите работници за осум илјади денари плата. И знаете што ќе се случи со тие инвеститори? Штом најдат земја со уште помалку платена работна сила, ќе ги склопат нивните монтажни фабрики и преку пристаништето во Солун, адио рагаци! Гуд бај анд фак јор селф! Тоа е логиката на глобализацијата за која Грујо никогаш не зборува во своите прочуени говори пред овчичките од неговото стадо.

Да не зборувам какви сѐ други вложувања преродбениците можеа да направат со цел да поефтини струјата, парното, храната и другите основни трошоци. Беспредметно е сега за тоа пак да се вергла. Вака излезе, наместо прогрес, секој нивни проект има последица масовно иселување на поединци и цели семејства на печалба. Нема кој деца да прави, а они зборат за трето и четврто дете. Чиста демагогија, на која и Пол Пот и Мао би ѝ позавиделе. Не е проблем, ќе најдат они уште десетмина ко Тајзи кои без да мислат ќе ја компромитираат својата личност и талент за да направат песна која само малоумни би ја сфатиле сериозно. Но да се разбереме, такви има во државава со лопата да ги ринеш, затоа ни се случува ова што се случува. Оти нема таков кој еднаш заминал одовде и пишман се вратил, ниту пак има такви кои ќе поверуваат во она дека како Македонка никоја друга не љуби така. Ние децата на социјализмот, имавме можност  на Наше Море да се увериме дека и Русинките, Чехињите, Германките, Швеѓанките знаат да љубат охохооо. И не чекаат двапати да им кажеш или не дај боже да ги молиш.

Затоа немојте повеќе да ги следите нивните идеолошки обоени кампањи. Ниту нив, ниту нивните медиуми. Покажете граѓанска непослушност со тоа што ќе бидете и слепи и глуви кон нив. Само така ќе им демонстрирате дека имате барем елементарна култура, образование, свест и чувство за мерка и дека е невозможно да ве манипулираат дури и кога за таа цел ги злоупотребуваат вашите симпатии или идоли од јавниот живот, без разлика дали е тоа Тајчи или Тајзи. Едноставно помножете ги со нула, зашто тоа и се.    

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ

НЕ СУМ ЈАС ЖИМИ МАЈКА!


[Image: 333btar.jpg]
На концерт во МКЦ, некој тип се мушнал покрај обезбедувањето се качил на некаква конструкција под кровот за оттаму подобро да ги следи своите идоли, ама по некое време, музиката толку го понела или го погодила у срце, што се откачил од конструкцијата на која бил закачен и треснал долу на подиумот, директ врз главата на некоја девојка. Девојкава во длабоко безсознание е пренесена на еден од ургентните центри каде лекарите се бореле за нејзиниот живот. Дај боже да е точно дека се избориле.

[Image: 14avki8.jpg]

Несреќи на концерти се случувале и се случуваат секаде по светов, ама до скоро уште не бев чул, организаторот на концертот веднаш по несреќата во која имало мртви или повредени, да тврди дека нема врска со она што се случило и дека сѐ било во најдобар ред. Колку и да им е репутацијата загрозена, обично ќе изјават дека прво ќе почекаат да видат истрагата што ќе каже, па потоа ќе излезат со соопштение. Никој од нив одма не излегол да се брани дека нема никаква врска со немилиот настан. Така е по светот, но кај нас нештата природно се извртени наопаку.

Така, директорот на МКЦ кој беше организатор на концертот, не губеше време да излезе пред јавноста и да каже дека обезбедувањето на концертот и организацијата биле беспрекорни. Е како тоа биле беспрекорни, кога некоја будала успеала да мине покрај обезбедувањето, да се искачи некаде под кровот и одозгора да акне долу врз главата на некоја девојка? Дали гледате што прават годините на индоктринација на преродбеничкиот менаџерски кадар кога е во прашање преземањето на личната одговорност? Значи тоа не е од вчера и никако немојте да мислите дека е случајно.

Се сеќавате на потонатиот брод во Охридско Езеро во кој загинаа дваесетина бугарски туристи. Првата реакција на оној Миле, министерчето за транспорт, додуша беше природна. Веднаш ја понуди својата оставка. Но, не поминаа ни неколку часови, кога некој над него во партијата, го поучи дека не треба да избрзува со одлуката и да не ја прифати својата одговорност за несреќата. Така Миле, јунакот наш кој сѐ уште е министерче во тоа министерство, одма се попишмани и ја повлече својата оставка која ја најави преку медиумите. Потоа следуваше и бродоломот со Сведмилк. Се сеќавата некој од власта да презеде одговорност за потопувањето на она што неколку месеци претходно го најавија како голема инвестиција во млечната индустрија? Немаше таков. Сите беа невини. Оттогаш до последнив случај во МКЦ имало уште дваесетина примери во кои приучените менаџерчиња и министерчиња на преродбениците избегнувале да преземат одговорност во разни случаи. 

Меѓу најеклатантните примери за тоа се секако оној со институционалното забошотување на убиството на младиот Нешковски, кога половина од раководниот кадар на МВР на чело со министерката мораа да поднесат оставки, а сепак, мува не ги полази. На таа топ листа, сигурно влегува и скандалот на триото Грујо, Газда Нини и Ден Дончев поврзан со поткуп при продавањето на Македонска банка. И независната експертизата покажа дека гласот на аудио-снимката е на Грујо, ама џабе. Ниту истрага има, ниту пак Грујо ја презеде одговорноста за својата вмешаност. Напротив, со обвинителството кое ги штити неговите дубиозни дела, сега тој ги тужи оние кои го обелоденија скандалот.

Што да очекуваш од полтроните, кога нивниот шеф бега од сопствената одговорност? Тие имаат од кого да учат за избегнувањето од одговорност. И кога НЗС-то на владеачката гарнитура во државава е замижувањето пред сопствените утки и недела, човек не може поинаку да ја дефинира таа држава, освен како НЕОДГОВОРНА. Државата која според Грујо и преродбениците мора да биде пред сѐ, е токму таква – ЖИМИ МАЈКА НЕ СУМ ЈАС! Држава без вистински мажи кои кога ја онадиле утката на летање, храбро ќе станат и ќе кажат: Виновен сум! Ја онадив утката! Онадете ме сега мене! Или да кажеме: Ветив дека ќе направам рај од Македонија, не успеав, си одам, нека дојде поарен од мене!
Вакви индивидуи не се градат со екстерни испитувања и со заокружи го точниот одговор на прашањето дали месечината е портокал, плафоњерка или природен сателит. Такви карактери не се градат во партиските штабови каде се предава само еден предет климоглавологија. Преземањето лична одговорност е способност и одлика само на силни индивидуи со високи морални принципи, а не на мивки кои веруваат дека земјата почнала да се врти откако тие дошле на власт.

Затоа бидете подготвени на уште понепријатни настани и изненадувања во иднина, оти бегањето од одговорноста е заразно и по хоризнотала и по вертикала. И тешко на оној кој ќе биде жртва на некој несреќен случај, зашто ќе нема ни каде да се пожали, ни кому да докаже дека е неправедно оштетен или повреден заради неодговорното однесување на фиљан човек, особено ако тој фиљан човек е битен фраер во власта или пак, некое самобендисано менаџерче поставено на важно раководно место од некоја крупна ѕверка во државата.

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ

НЕКА КРШИ ГЛАВА, НЕ МУ ПИШУВАЈТЕ ПИСМА!


[Image: 333btar.jpg]
Пред точно две години напишав писмо-колумна и го адресирав до Грујо. Во писмото му го кажав сѐ она што би му го кажал да имам прилика да го сретнам во живо, што е малку остварливо. Писмото стана голем хит на интернет-порталите, кои го пренесуваа ко детска сипаница еден на друг. Го прочитаа околу пеесет илјади луѓе и имаше жестоки реакции „за и против“. Оттогаш до сега прочитав барем уште десет писма од други автори адресирани до Пастирот, а кои ги објавуваа печатените или интернет медиумите. Пишувањето писма до Грујо некако стана тренд на автентичната интелектуална малубројна елита и онаа побројната псеудоинтелектуална армада која суштински искажува и штити ставови на други политички партии кои не партиципираат во оваа власт. Како и да е, не ми е муабетот дали писмата кои се изнапишаа беа подобри или полоши од моето, туку за друго станува збор.

[Image: kclam9.jpg]

Ми изгледа дека потребата да му се пише на Пастирот произлегува од несовладливото чувство на немоќ кај поединецот да стори нешто и да ги смени работите во земјава според сопствената замисла. Воопшто не се сомневам во тоа дека Грујо ги чита писмата. Ги чита илјада одсто. Е сега, може да ги чита и малку фризирани откако ќе поминат низ рацете на оној веќе популарниот Ценатар за лаги и манипулации на ДПМНЕ, како превентива да не му го спуштат премногу шеќерот, но секако ги чита. Само проблемот е што не постапува според сугестиите кои му се нудат преку тие писма. Неговото его е толку нараснато што Водно му е до колена. Да го доведеш во Скопје најголемиот црнечки порно-глумец на чија душа лежат барем три илјади дефлорирани девици, тешко дека ќе може да го дупне пастировиот его-химен.

Има пак и некои кои пишуваат за него во трето лице, го критикуваат за потезите што ги влече, но сепак му велат браво за тоа каков апартат за манипулација создал и како стручно го влече својот народ за нос. За такви психопатски далавери, драги мои, не се вели браво! Тоа е исто како на транзициски тајкун да му кажеш: Браво за тоа како се снајде на времето, кога ја покраде компанијата и вработените на кои им беше директор! Не само што е грев е да се величаат нискостите на духот, туку со тоа им давате лош пример на вашите деца и идните генерации. Злото мора да се казни, не да се велича. А можеби, муабетот на таквите скрибомани им е: Кој ни е крив кога нам и на нашите од нашата партија не ни текна на манипулација од таков обем тогаш кога бевме на власт! Они си знаат. Туку да се вратам на Пастирот...

Што да кажеш за човек кого мува не го лази за цел дијапазон критики кои ги доби за изминативе осум години од домашни и странски добронамерни критичари и обични луѓе? За цел свет Македонија стана темен вилает за слободата на говорот, медиумите и информирањето, само за него и неговите газолижачи тоа не е така. Цел свет пишува за новата свилена диктатура која се роди во Македонија и во која на перфиден начин се газат човековите права, само за него и неговите полтрони сѐ е во најдобар ред. Цел свет ни удира пацки за корумпираното судство и судиите, само за него и неговите гавази тоа е непријателска пропаганда со која сака да ѝ се наштети на државата. Цел свет е сигурен дека снимката од негвото на-ти-го-дај-ми-го со газда Нини е автентична, само тој деновие се прави луд и тврди дека „тази дупка, не е дупка“! Деновиве еден куп обични луѓе кукаат на анкетите на Телма телевизија и по интернет порталите дека нова фонтана на плоштадот значи уште поголемо натрупување на веќе пренатрупаниот плоштад, а Пастирот и неговите малоумни соработници тврдат дека фонтаната од два милиони евра е токму за граѓаните на Македонија. За кои граѓани црни Грујо? За оние што те молат да ја напуштиш таа идиотска идеја за нова фонтана на плоштадот? За кој андрак ви е таа фонтана? За во неа да се пораѓаат армија нови родилки кои ќе го зголемат наталитетот на оваа од Господ напуштена земја Македонија?

Во меѓувреме една Македонка која живеела во Уганда, а која по сила на приликите се вратила овде на кратко, но во тој краток престој ѝ бил дијагностициран канцер, преку едно интервју го прашува нашиот драг Пастир, зошто парите што ќе се фукнат за таа факинг фонтана, не се пренаменат за болните од рак како не би ги осиромашувале блиските во желбата да се излечат или барем малку да си го продолжат престојот меѓу своите. Тоа е вистинското прашање за секоја од стотиците глупости кои ги направија преодбениците на чело со Грујо. Каков народ, какви ебани граѓани? Него и неговите ги боли уво за народот! Поголем доказ од ова нема!

Затоа не му пишувајте повеќе писма. Ниту нему, ниту на неговите ебиветри кои глумат министри. Нека кршат глава. Секое ваше писмо го зголемува неговиот презир кон вас и уште повеќе го дуе неговото его за чувството за сопствената големина. Неспособните и психопатите не го препознаваат гласот на разумот дури и со инка некој да им го сипа во мозокот. Од друга страна пак, колку повеќе егото му расте и колку помалку со стапалата го допира тлото, до толку поголеми се шансите да биде урнат и од мало ветре. И тоа ќе биде, оти на лагата ѝ се кратки нозете. И многу поголеми фраери од него биле детронизирани преку ноќ, тоа треба да го знае. Затоа не му пишувајте повеќе. Оставете го сам да си пука во колената. Ќе дојде ден кога тој и неговите и онака ќе платат висока цена за сите страдања во кои го втурнаа и во кои допрва ќе го втурнат својот народ.

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ

КУЛТУРА НА ЛИНЧОТ – ИНКВИЗИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА


[Image: 333btar.jpg]
До пред десетина години верував дека „ловот на вештерки“ и џелатите на инквизицијата се брендови на некој далечен мрачен среден век и дека цркавата, особено католичката, одамна расчистила со тие големи петна од својата историја кога во името на Бога вршела страшна и смртоносна репресија на сите оние кои не се согласувале со нејзините догми. 

[Image: 34i0mk6.jpg]
Пред еден месец, оние кои пишуваат за порталот Курир, со цел да предизвикаат верска омраза и да повикаат на линч, ја објавија само првата страна од стрипот кој оди во неделникот Фокус, извлекувајќи го од контекстот на целината и од него направија скандал, обвинувајќи го весникот и авторот дека го сквернавел бога тенденциозно, точно пред Велигден. Нивното неколкукратно објавување на таа манипулација на нивниот портал, нормално беше поттик за лавина негативни реакции од МПЦ и таму некоја си дирекција за борба против дискриминација во која членуваат луѓе блиски до МПЦ и власта, но што е уште пострашно, беше и тригер за некои запалени таканаречени верници кои не го ни виделе стрипот, а почнаа да праќаат ни малку наивни закани по социјалните мрежи кон уредниците на неделникот и авторите на стрипот, за кои веднаш беа известени претставниците на ОБСЕ во Македонија. 

Сите тие на куп, да се малку верници, ќе знаеја дека Христос проповедаше безусловна љубов кон ближниот свој, милосрдие и простување. За него беше многу поважно да придобие макар еден грешник отколку стотина богобојажливи, а ги придобиваше со чиста љубов, никогаш со омраза. Ја презираше силата и силеџиството и ги учеше своите следбеници да го завртат и другиот образ, ако добијат шлаканица по едниот. На крајот, како кулминација на неговата љубов и со желба точно да ја пренесе последната лекција од своето учење, Христос го даде и својот живот за спас на целото човештво. Наместо тоа, големите христијани од Курир кои се нарекуваат новинари, со објавувањето на нивната шашма, отворено повикаа на линч, а големите христијани од МПЦ им се придружија во повикот, па ламентираа за кривични пријави и се закануваа со робии. Ниско од нивна страна. Ниско, непрофесионално и нехристијански во секој поглед. Лаги и клевети.

Темата на епизодата од стрипот која беше објавена во неделникот Фокус на три страници, (значи не на една, само онаа првата која ја објави Курир), беа изборните процеси кај нас, нивни комичен приказ. Во неа немаше никаков потсмев кон бога. Напротив. На почетокот на приказната беше искористена една неумесна изјава на еден од претседателските кандидати кој по првиот круг на претседателските избори изјави дека „во демократија и на Господ понекогаш треба да му се помогне.“ Тоа беа негови зборови, а не мои. Во еден миг, во приказната, Господ се појавува пред него и му вели индиректно дека е тоа хулење и напразно споменување на неговото име, што де факто е, а во библијата децидно стои „да не се споменува напразно името господово“. Да, уште му вели дека се знае кој на кого му помага на овој свет, во смисла дека Господ е оној кој помага, а не обратно. Тука нема никакво сквернавење.

Тогаш ми текна дека некој изгледа се навреди од тоа што Господ во стрипот беше прикажан со бела брада и со женски гради. Добро, реков, може тоа стварно ги навредува, само не знам, од каде оние навредените знаат како изгледа Господ? Го видел ли некој од нив некаде? Од каде се толку сигурни дека нивната ма(ч)оистичка претстава за Бога е точна? Зошто бог не би бил црнец или да кажеме, жена? А што ако е навистина андрогин, како што беше прикажан во стрипот? И кој е толку сигурен дека Бог мора да биде антропоморфен? 

Значи, приказната беше напишана со цел да се потсмева со механизмите кои се користат за кражба на гласови во еден изборен процес и тоа го знаеше секој што ја прочитал таа епизода од стрипот од почеток до крај. Па сепак некои мрачни типчиња во тоа видоа сквернавење на Бога и злоупотребија одредени медиуми да ги повикаат силеџиите кои се кријат под маската на православието да дејствуваат. Исто како што се случи кога ја опседнаа општина Центар, па ѓоамити во одбрана на црквата, корнеа огради, кршеа прозорци и упатуваа смртни закани кон советниците. Така беше и пред четири-пет години на плоштадот, кога физички ги нападнаа студентите од архитектура кои протестираа против изградбата на црква на плоштадот. Со хајката против авторите на стрипот во Фокус, медиумските џелати на инквизицијата и власта сакаа да го дефокусираат вниманието од скандалот „поткуп од Газда Нини“ кој беше обелоденет непосредно пред парламентарните избори, па сепак, закана со тужба е едно, а повик на линч сосема друга работа. Во тој случај, имаше и од двете. На крајот, кога сѐ заврши добро за власта по изборите, ни беше порачано од тој фраерот од дирекцијата за борба против дискриминација дека морале да реагираат воспитно, за да не се повторело другпат. Уште фала треба да му кажеме! Fuck off!

По случајот со стрипот во Фокус, многу актуелен беше Миленко со неговиот текст против некои новинари, кога повика на нивни линч затоа што наводно биле грчки платеници и што ти не. Само, не сфаќам, ако тие негови колеги толку му пречат, што не ги ликвидира сам, туку ги повикува оние дежурни патриотски вознесени силеџии кои тој ги нарекува народ, да го направат тоа место него. Не помина долго по неговиот повик на линч, кога истиот тој тип, на телевизија јавно се произнесе за сексуалните ебоповикливи атрибути на една амбасадорка во Македонија. Тогаш не чув оној фраер од таа дирекцијата за борба против дискриминација, нешто да изреагира и да постапи образовно-воспитно кон Миленко. И тука не завршува сѐ. Формите на институционално насилство се манифестираат и преку поплава од тужби од разни поединци од власта и новинари од медиумите кои се блиски на власта, а кои се упатени кон секој оној кој се дрзнал да ги критикува нивните злосторнички дела од кои се офајдиле со милиони евра и долари, кои очигледно не им се доволно, па сакаат дополнително да се нафатираат од тужбите кои секако ќе ги добијат, зашто многу добро знаат дека тасот на македонската Јустиција одамна е закотвен на една страна, онаа на власта. Така во моментов кај нас се одвива уште еден, институционално заштитен тип на линч кон неистомислениците на власта, а тоа е финансискиот. Оти кога на еден човек преку тужба му бараш отштета од милион денари, а тој годишно заработува двеста илјади денари, не му преостанува ништо друго освен да се обеси. И кога ќе видиш, крајниот исход од линчот е ист. Уништен живот. Со тоа што со финансискиот линч покрај животот на одбраната жртва, ги уништуваш животите и на неговите блиски.

Човек нема да помине поразлично и ако отворено критикува било која друга група која се институционализирала или се бори да го стекне тој статус. Ако ги чепне феминистките, здруженијата за заштита на животни, екологистите од разни невладини организации, масоните или да кажеме хомосексуалците, веднаш ќе биде цел на напад и вербален линч, без разлика на тоа колку е во право или не. Среќа што овие групи во раце ги немаат државните механизми за репресија. Во тој случај, некои од нив, верувам ќе бидат многу покрволочни од некоја верска институција или партија на власт. Секоја од тие групи себеси се смета за единствен и легитимен застапник на вистината и не дај боже ако противречиш. Тогаш си малоумен, мизерен, фашист или хомофоб. Парадоксот со овие групи е во тоа што бараат од оние другите, различните од нив, да бидат транспарентни и толерантни, а самите тоа не се. 

Еве, конкретно за хомосексуалците, оди објасни им дека имаш право на сопствено мислење и убедување и дека според него, не гледаш ништо корисно и оупенмајндит во тоа мажи да стапуваат во брак со други мажи и да одгледуваат деца. Или не дај боже јавно да излезеш и да проговориш за оние речиси двамилиони евра кои годишно легнуваат на сметките на нивните овдешни организации од разни странски фондации, со цел тенденциозно да се промовира во јавноста нивниот стил на живеење заедно со сексуалните афинитети кон партнери од ист пол и сето тоа под маската на прифаќањето на разликите и толеранцијата. Тогаш покрај хомофоб ќе те направат и параноиден шизофреник кој верува во геј и разни други заговори. Не знам дали е геј-заговор во прашање, ама знам, голем дел од тие средства не се ни знае каде завршуваат, зашто не се искористуваат до крај за она за што официјално се наменети. Верувам, ќе се согласите, тоа се многу пари ако се подарени за промоција на само еден хипи-идеал како што е толеранцијата. Што не ми даде мене некој толку пари да ширам позитивна енергија и толеранција? Знаете ли колку љубов и разбирање ќе проповедам во јавноста, ако некој како чичко Фуере наговори некоја европска фондација да ми цалне милион евра? Немате поим каква геј-парада ќе организирам за тие пари! Сѐ наоколу има да блешти од љубов и толеранција! 

Било како било, во нашето општество полека се раѓа една култура на силеџии и насилници и со нејзиното кревање сѐ повеќе ја губиме способноста да чуеме мислења поинакви од нашите. Затоа сѐ повеќе се повлекуваме во разни групи за да можеме полесно да се спротивставиме на вистината за нас, тогаш кога ќе биде изговорена јавно. Чопорот и стадото се најдобри за напад и одбрана, затоа така чопоративно и се напаѓа вистината, која, секогаш бидува обзнанета од поединци, никогаш од стадо. Таа е опасна за секое стадо, чопор, политичка партија, верска институција или секта, секојпат кога ќе ги разголи лажните догми кои ја одржуваат кохезијата во тие групи. Изгледа инквизицијата ќе го следи човештвото уште многу години во иднина, а до кога ние ќе живееме во оваа наша култура на линч, стварно не знам. Ама знам дека крајно време е некој овде да се освести и да му застане на патот на талибанското однесување на одредени поединци, тв-медиуми, интернет-портали и разни инквизиторски институции и групи, оти ако им се дозволи и понатаму лажно да клеветат, неосновано да напаѓаат и да објавуваат што сакаат, брзо ќе дојде и тој ден кога оние лажни верници во нешто, кои во суштина се силеџии, во лажен верски или друг фанатичен занес, ќе пролеат нечија крв, која секако ќе оди на совест токму на тие медиуми, институции или групи.

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ

ОПШТЕСТВО НА МРТВИТЕ МАТУРАНТИ


[Image: 333btar.jpg]

Како по некое непишано правило, набрзо по изборите имаме уште еден до смрт избоден матурант. Така се случи и со Мартин Нешковски пред некоја година, така сега и со Ангел. И двајцата беа жители на Ѓорче Петров. Меѓу тие две убиства се случи и масакрот на Смилковското Езеро, кога сурово беа егзекутирани четворица матуранти, зашто на убијците не им се допаѓала нивната етничка припадност. Тие џелати сѐ уште не одговарале за тоа злодело и најверојатно никогаш нема да одговараат. Наводно лежат во затвор на Косово за некое помало дело, а косовските власти немаат намера да ги екстрадираат овде. И нема да ги екстрадираат, освен ако оние кои ги штитат не направат некоја прифатлива спогодба со македонските власти околу ублажување на казната која ја заслужуваат, а тоа е доживотен затвор без право на помилување. Ако воопшто постои ваква казна во нашиот разбуцан


[Image: 30j05xj.jpg]

 

правосуден систем. Во оние неколку дена по убиството на матурантите, на фејсбук напишав дека не верувам некој од убијците да одговара за свирепата егзекуција. Изгледа не утнав во проценките. По тој масакр, следеше уште едно убиство на средношколец во школски двор, кога убиениот Албанец рипнал да го брани својот другар Македонец од напаѓачите. Во тој период имаше и други лудории со ножеви во училиштата. Нападот во средното хемиско училиште од страна на младинци-хулигани во кој беа ранети и некои професори остана најмногу врежан во сеќавањата. Да не реагирало обезбедувањето, сигурно следниот ден, во школскиот двор ќе се раздаваше блага пченица. Претепувањата пак на патници по етничка линија во градските автобуси нема веќе кој да ги брои. Такви инциденти имаше неколку десетици.

Оттука бунтот на ѓорчепетровци овие денови е оправдан. Доста им е од стравот дека некој нивни близок, син или брат може да биде избоден штом излезе од дома. Тие се свесни дека последното убиство нема етнички предзнак, но знаат дека не е последно и што е најлошо, може да биде вовед во нова серија етнички пресметки меѓу младите, доколку државата еднаш засекогаш не му застане на патот на насилството, што тешко да се случи. Барем не во овој живот. Тоа го знаат ѓорчепетровци затоа и се исплашени, затоа и реагираат толку бурно. Таква реакција може да предизвика само голем страв, тоа е повеќе од јасно. Се наметнува прашањето, кој е виновникот за ова што се случува на нашите улици и во нашите маала.

За убиецот на матурантот Ангел се знае дека е деветнаесетгодишен Албанец од село Грчец, со подебело полициско досие. Па добро бе, кој дозволи досието толку да му се здебели до деветнаесетата година од животот? Кој е виновен за тоа што толку опасен деликвент со такво досие слободно шета по улица и се пика по туѓи дворови? Дали е дел од банда или делувал сам? Којзнае дали некогаш ќе дознаеме? Важно во Ѓорче Факинг Петров сите знаат дека криминални банди од Грчец крадат автомобили, велосипеди и моторцикли во нивната населба и ги носат во Грчец, па оттаму прво им ги нудат назад на нивните сопственици за мрсен откуп,  а ако откупот не го добијат, ги продаваат којзнае каде. Како тргнале, утре деца ќе почнат да крадат и да бараат откуп за нив. И сите знаат дека нашата полиција, иако го знае тоа, никогаш не тркнала до Грчец да расчисти со бандите, туку замижува на едно око. Како што правеше и со бандите во Арачиново пред 2001 година, додека не беа убиени тројца полицајци како вовед во воениот конфликт во 2001-та. После се пееше слична песна кога Агим Красниќи од село Кондово упати закани до македонската држава дека ќе го гранатира Скопје. Со месеци во Кондово не смееше да стапне полициска нога и месеци беа потребни да се убеди со арно тогаш популарниот милитант да се сретне со властите и да не го гранатира градов. Ама сега не сакам да досадувам со тие приказни за нашата полиција која некаде, во некои општини слободно смее да фрла шок-бомби, да приведува, да тепа и претепува, додека во други, не смее ни да помисли да влезе без најава и букет рози, зашто таквите приказни се добро познати.

Мене повеќе ме интересира одговорот на прашањето кој става нож или пиштол во рацете на младите и уште колку матуранти треба да паднат избодени до смрт за сите сериозно да го сфатиме она што веќе го знаат ѓорчепетровци, дека оваа држава нема капацитет да се справи со насилството и насилниците токму затоа што самата учествува во нивното создавање. Ќе се прашате: Како? Е па вака некако...

Власта систематски со години наназад го аминува злото применувајќи СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА, која во својата суштина е ГОЛЕМА НЕПРАВДА зашто им дозволува на многу големи злосторници да останат неказнети за извршените злодела. Курето на власта ѝ е многу потврдо кога емитува на телевизија снимки од приведување на свои политички противници кои ги терети за земање мито од двеилјади евра, отколку да приведе други кои зеле мито од два милиони евра. Затоа на власта ѝ се потребни тв-слики на она што тие го сметаат за зло, за што полесно да мине неказнето некое поголемо зло во кое таа е директен учесник или барем, посредник.

Понатаму, оваа власт е толку заслепена од своите таканаречени реформи што не може да ја процени нивната огромна штетност по здравјето на македонското општество. Еве, земете го образованието за пример. Од каде дојде тоа да нашите ученици во основните училишта и гимназиите ги чуваат приватни служби за обезбедување и специјални полициски единици? Оние моронски министерчиња на Грујо кои му удрија реденка на образованието никако да разберат дека многу малку од еден човек има во неговата факултетска диплома и дека дипломата без воспитување е безначајна. Доброто воспитание и моралот треба да бидат кичма на квалитетното образование, а не нешто на кое младите гледаат со презир зашто се свесни дека живеат во држава во која добро воспитаните и оние со високи морални принципи се наоѓаат на маргините втурнати во сурова борба за гола егзистенција. На нивна сметка државата генерира аналфабети со куп дипломи од разни универзитетчиња низ државава кои се спремни и родителите да си ги заколат на спиење ако не добијат дел од наследството или нов бесен автомобил. Малоумниците од министерството за образование за тоа време имаат поважна мисија, да им удираат пацки на професорите, дури и на оние докажаните, доколку не исполниле некоја имбецилна задача од новите наставни програми или пак, ако некоја размазена будала од нивните ученици неосновано ќе ги наклевети за било што. Кутрите професори, не можат ни гласот малку да го повишат пред учениците-пробисвети кои не знаат да бекнат, а бараат високи оценки и очекуваат да ги добијат, зашто некој близок од власта им го чува грбот.

Никој и не може да очекува од нив да се однесуваат поинаку, зашто сѐ што гледаат наоколу во својата околина е насилство, кич и неправда. Младите многу рано ќе научат дека ова општество не им припаѓа на заслужните, туку на гребаторите, затоа оние способните масовно ја напуштаат земјава, убедени дека секаде надвор побрзо би успеале, отколку овде. И не грешат. Надвор никој нема да ги праша чија партиска книшка имаат во џебот. Оние пак, кои остануваат дома, а неправедно се изолирани, соочени се со немаштија и се полнат со гнев, а тој некаде мора да излезе за да не преиде во лудило. Затоа и спортските настани ни личат на Бејрут од осудесетите години на минатиот век. Постојано тепачки меѓу навивачите и прекини на натпреварите. Истото се случуваше и непосредно пред почетокот на крвавата граѓанска војна во СФРЈ. Изгледа лекцијата не ја научивме на туѓата мака, па ќе мора да ја платиме со своја крв.

И тука партиите се главни за тоа навистина да се случи. Не пропуштаат ниту една можност да ја разгорат меѓуетничката омраза меѓу граѓаните на Македонија. На што личеше оној повик на премиерот пред изборите, кога побара 63 пратеника за да им ставел крај на заканите на Албанците? Личеше на лош театар за привлекување на гласачко тело, ништо друго. Е па сега да ги видам големите патриоти и борци против албанските уцени кога како попчиња ќе потпишат коалиција со Али Ахмети и Тачи во дует. Важно ја отворија пандорината кутија пред изборите за грст гласови и победа на изборите, а сега ги боли уво кога матурантите се бушат со ножеви. Ќе излезе на прес онаа беда од министерка да блее како треба да се сочуваат главите студени и да не се подгревааат меѓуетничките судири и толку. Или пак, ќе се обиде со сите сили да спинува некој голем инцидент со зборовите дека тоа е дело на опозицијата во обид да ја дискредитира власта и дека не треба да му се придава големо значење, како што се случи со бунтот на ѓорчепетровци изминативе денови. Сега излезе, опозицијата ги организирала!? Нивните лаги веќе ни кучињата со маст не ги јадат. И тој спин се случува замислете, истиот ден кога таа опозиција објавува дека експертизата потврдила дека гласот во случајот Поткуп од Газда Нини е токму на премиерот.

И не е важно кој е виновен, а кој не во немилиот настан кој го потресе Ѓорче Петров и Македонија. Дали убиецот се бранел или убил зашто сакал крв. Важно е дека попусто отиде уште еден млад живот, кој во случајов излезе вреден колку половен велосипед. И тоа пак ќе се случи, сигурен сум, зашто нашите улици одамна не се безбедни, а на власт се наоѓаат опасна група луѓе на кои желбата да владеат им е поважна од безбедноста и благосостојбата на граѓаните. Затоа, до следниот избоден матурант, до гледање!

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ   

  

КОНЧИТА СО КОБАСИЦАТА И ВУЈЧЕ ДАРВИН


[Image: 333btar.jpg]

Ееееее, вујче Дарвин, куќо стара. Те виделе после овогодинешнава Евровизија си се превртувал во гробот и помислиле дека си несреќен зашто нешто наопаку ти тргнала еволуцијава на човештвото. Колку се глупи, вујче Дарвин! Како не сфаќаат дека се превртуваш од среќа. Ништо поточно не си кажал, жими тебе. Преживуваат најприлагодливите, а тие не мора да бидат и најсилни. Диносаурусите се светол пример за тоа нешто. Денес можеш да ги сретнеш само на цртан филм. А бе земјата се тресела кога газеле по неа во периодот јура, ама џабе. Преживеале бубашвабите, ама они – јок! Слаб им бил штофот за студена клима.


[Image: 33yqsgn.jpg]

Вујче Дарвин, точно е и тоа кога рече дека човекот не потекнува од мајмун, туку од еден заеднички предок, наш и на мајмуните, само што не кажа кој е, па мораше да поминат, еве, дваикусур века за да дојдеме до одговорот на тоа прашање кое го остави отворено. Може не го знаеше одговорот, а може и го знаеше, ама не сакаше да го кажеш за да не ти ги стават мадињата во менгеме, кој те знае. Инквизиција е инквизиција. И тогаш и денес. И денес човек не знае како ќе помине на улица ако реши да напише колумна каква што пишувам јас во овој миг. Сега е позаебано да зборуваш на горливи теми, зашто ИНКВИЗИЦИЈАТА во време сегашно, не е ексклузива само на верските институции, туку и на безброј други групи и групички и сите тие глумат демократичност и отворен дијалог додека не им чепнеш во медот. Тогаш стануваат хиени. Пред две недели почувствував како е кога ме нападна Светата македонска православна инквизиција за стрипот што го пишувам во Фокус, а сега осеќам, ќе ме напупат и геј-инквизиторите за редовите што следуваат. Не им се плашам. Газов мој поминал многу искушенија.

Евровизијата како музички настан ја следам од дете. Тогаш повеќе навијачки, а во последниве петнаесет години чисто сеирџиски, кога веќе престана да биде музички настан, но затоа пак, отвора многу муабети кои и онака немаат врска со музика. Мислам дека последната голема ѕвезда која победи на Евровизија беше Тото Котуњо. После него, тој фестивал практично и не постои како музички спектакл на големи музички имиња, туку повеќе како панаѓур за таленти во травестија, педерастија и разни други алтернативни начини на сексуално изразување. Евровизијата е нешто како пазар за бело робје на кој се регрутираат новајлии за оргиите и сексуалните сатанистички обреди на современите европски потомци на Маркиз Де Сад. Таму, настраноста е хит, а не музиката и тоа не е случајно. Било кој културно-уметнички настан кога ќе се исполитизира до екстрем, станува настран, поточно, го отвора патот на настраноста и престанува да биде и културен и уметнички. А Евровизијата стана токму тоа. Забавна манифестација која стриктно и отворено ја промовира идеологијата на оној политичко-економски сојуз кој се нарекува ЕУ.

Со тој сојуз управуваат моќни лоби-групи на бескрупулозни банкари, хомосексуалци, педофили, ционисти, неонацисти, радикални исламисти, екстремни феминистки и уште што ти не. Сѐ во едно. Да се чудиш. И сите се невини, во бели раквици и насмевка од уво до уво. Мислиш на мравка не газат. Затоа и идеологијата која ја промовираат е таква. Однадвор безопасна и нежна, а суштински монструозна. Затоа честопати ќе ги чуете како проповедаат за политичка коректност кон ближниот свој, за максимална толеранција кон хомосексуалците, кон муслиманите, кон Јеховините Сведоци, кон жените, кон црните и жолтите. Ќе проповедаат до посер против секаква нивна дискриминација, ќе се закануваат и ќе ги казнуваат оние кои ги обвиниле дека ги дискриминаираат, а од друга страна уста не отвораат кога е во прашање сѐ поширокиот јаз помеѓу сиромашните и богатите и дискриминацијата од широк дијапазон на егзистенцијално загрозените групи. Кога тие групи протестираат на плоштадите ширум Европа против социјалните неправди и дискриминацијата со која се соочуваат, за нив, органите на редот на ЕУ имаат подготвено цел арсенал од водени топови, гумени куршуми, солзавци и лисици, оти да се бара социјална правда во денешно време е ерес. Затоа пак, за време на геј-парадите или на протестите на радикалните феминистички групи, истите тие органи на редот се ставени целосно во служба на организаторите и учесниците. Е, ним не смее ни влакно да им падне. Двојни аршини и двојни стандарди. Типично за ЕУ.

И после некој нека каже Европа е стара дама или ќе рече, Европа е курва. Курва и дама била некогаш. Денес Европа е геј. Геј во душата, геј во имиџот, геј во однесувањето, геј во културата. И сѐ што оди во прилог на тоа ГЕЈ за неа е политички коректно и мора да се заштити. Феминистките, радикалните верски и политички групи, нарко бандите, порографската индустрија, ланците за педофилија и малолетничка проституција. Сите тие се на платниот список на ЕУ. Систематски и темелно ја исполнуваат нејзината агенда. Тој политички сојуз може да се одржи само така. Со кротки, исплашени, дезориентирани поданици со релативизирана свест за вредностите и површен однос кон реалноста. Лудиот го прца збунетиот, тоа е голема народна мудрост. И сега некој ќе рече: Добро, и? Каква врска имаат гејовите, радикалните феминистки и бомбашите-самоубијци од Ал Каеда?

Сите тие, а особено геј-движењето се ставени во функција на една малтузијанска идеологија која има за цел драстично да го намали наталитетот на европско тло, разбивајќи го семејството како јадро на едно здраво општество. Само што војната е малку непопуларно средство за ретчење на населението, па сѐ повеќе се користат другите пософистицирани средства. Гејови и феминистки. А математиката е оваа: Колку е населението помалубројно, толку полесно се контролира. Проста малтузијанска математика. Згора на сѐ, уште ако населението е збунето, без јасна претстава за она што е добро, а што зло, што е убаво, а што кич, што е машко, а што женско, тогаш на таквото население комотно можеш да му ставиш оглав и да го однесеш на паша. Затоа многу се вложува во развивање на геј културата и свеста во Европа. Малку кој знае дека во прашање се огромни суми од кои се финансираат геј-организации, геј-паради, непорнографска и порнографска филмска геј-продукција, со тие пари се создаваат и музички и филмски геј-ѕвезди. Повеќето геј-здруженија дури не се ни свесни во каква педерска игра се вклучени кога добиваат пари за своите активности од разни фондации зад кои стојат моќни фаци од највисоките ЕУ-институции и банки, па наивно веруваат дека се борат за некакви права.

Неодамна во Норвешка се одржа детско-младински геј-фестивал, на кој, меѓу другите, имаше еден тинејџер од дванаесет години кој пееше една песна како живее со двајца татковци и како му е супер, па додека едниот вечерта го пегла за у школо, другиот го проверува дали ги научил уроците и дали ја напишал домашната задача. Луѓе да не го видев тоа со свои очи, немаше да верувам. Побарајте го линкот на интернет, не е тешко да го најдете. Нема таков кој може да ме убеди дека зад организацијата на тој фестивал се кријат луѓе со добри намери, па биле тие геј или не. Внимавајте, тоа го гледаат деца и неполнолетни младници со докрај неоформена свест и сексуалност. Што мислите, нема да се збунат кога ќе чујат дека некој нивни врсник живее со двајца татковци и многу му е супер!? Во најдобар случај, тие деца, утре можат да станат двоцевки, ако имаат среќа. Такво дете да го ставиш во темница меѓу сто путиња, куре ќе фати, ама не неговото. Гарантирам.

И после се шокираме кога на Евровизија секоја година ќе ни откријат некоја нова геј-ѕвезда. И тоа не е случајно. Се работи за маркетинг стратегија, со цел да се создаде потреба кај конзументот кон одреден производ. Она што на почеток изгледа шокантно, по некое време станува нормално, а за некој дури и потреба. Way of life! Само треба да се оди чекор по чекор. Ако треба и во сто чекори. Така, евровизиските идеолози почнаа од оној израелскион транвестит што победи пред десетина и повеќе години, па после него се редеа и други геј-јунаци ѓоа Дин из Босне, за цела таа парада на хомосексуалноста да кулминира со овогодинешниот настап и победата на Кончита Вурст, најновиот монструм, добро платен и пуштен од еугеничката лабораторија на ЕУ. Немаше таков меѓу нас на кој не му падна вилицата кога го виде. Ем со цицки, ем со брада. Топол брат со глас на кастрат. После разбрав дека и во неговата родна земја, на неговите земјаци им паднале вилиците кога разбрале дека ќе ги претставува на евросонгот. Најпознатиот австриски кабаре пејач и поранешен учесник на Евровизија искоментирал: Оној кој не знае дали е машко или женско, не му е местото на евровизискиот фестивал, туку во институција за ментални! Белорусија како учесник, со право побара од организаторот на евросонгот да ја исклучи Кончита од фестивалот, зашто оди во прајм-тајм кога ќе го следат и многу малолетници, но организаторот најбезобразно ѝ порача сама да се исклучи, наместо да бара исклучување за Кончита. Инаку, за ваша информација, нејзиното/неговото презиме Вурст (Wurst) на германски значи колбас, па така сите дечиња што го гледаа, а кои знаат германски, научија дека има и тетки со брада кои имаат колбас меѓу нозе, кој по потреба може да се грицка, зоба или да се апнува на секс. Пардон, на екс!

Имаше додуша и други земји кои реагираа негативно на Кончита-со-кобасицата, не само Белорусија. Италија, Хрватска и Србија зазедоа сличен став за она што се случува на Евровизија не само оваа година, туку и години зад нас, па одбија да учествуваат на таа парада на транџи и гејови. И Русите мрчеа нешто, ама Путин сепак ги натера да одат, за да не му извадат муабети дека е латентен геј, зашто мрази гејови. Само ние сме умрени да одиме на таа Евровизија. И запнуваме од петни жили да стигнеме до финале, ама не ни оди. Оваа година дури и спотот на нашата песна-претставничка го направивме малку геј. Саде полу-голи мажи во спотот. Уште да почнеа да се ашкаат меѓу себе. Се кладам дека во следните две години на Евровизија ќе ја пратиме Фифи или онаа Боки 13. А Фифи за да биде по шик и во стилот на Кончита-со-кобасицата, може да си додаде прекар Фифи Ла Суџук. Полека ни доаѓа памет во глава дека е ова епоха на гејови, во која ментално силните и вистински креативните индивидуи се во длабок офсајд, да не речам сенка, а врвовите се окупирани од добро прилагодливи, политички коректни групи во кои се штанцаат Кончити и Чикити, хиени со силиконски цицки и брада на лице, кои на чуден начин продолжија по патот на еволуцијата. Пред пет-шест години еден геј од ЕУ кој рабоеше во Македонија, малку цврцнат се пофали дека неговите топли браќа се имаат инсталирано во секоја влада на земјите во Европа и дека сите луѓе се геј од искона. Веројатно тука мислеше на оној наш и на мајмуните заеднички предок за кој збореше вујче Дарвин. Како тргнало, може да е во право, трнлив е патот на еволуцијата на човекот. Трнлив и полн со изненадувања. Само страв ми е од она homo sapiens, на крајот да не остане само homo, а патот да заврши како слепа уличка.

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ

ОНАА РАБОТА ОТПОЗАДИ ДО КРАЈ И ДУША ВО РАЈ!

 

           
[Image: 333btar.jpg]Како народ го заслуживме секое страдање. Минато и сегашно. И го заслужуваме секое идно. Ние ја мразиме слободата зашто се плашиме од неа. Затоа секогаш реагираме последни, за било што. Кога Србите, Грците и Бугарите ги шутнаа Османлиите и создадоа свои самостојни држави, нам дури тогаш ни текна да креваме востанија, кои пак се покажаа килави, па потонавме под уште пострашни окупации од онаа на Османлиите. 

          
[Image: 2qcm0ow.jpg] 

 

            Потоа за време на Втората светска војна, меѓу последните востанавме против фашистите и нивните верни слуги. Кога во 1943 година, во босанското гратче Јајце се удираа темелите на идната СФРЈугославија, само на нашите делегати не им успеа да стигнат на заседанието. Сите стигнале во Јајце, само нашиве заглавиле на некое бачило. Историјата вели не успеале поради големиот снег и невремето. Којзнае? Добро е што Тито бил човек од збор, па не им пишал неоправдани во дневникот и не ги изоставил Македонците од составот на идната држава. Така се случи, дури во 1945 година првпат во историјата да добиеме република, признат македонски јазик и македонско писмо на кој ќе се школуваат наредните генерации.

            Речеси половина век подоцна, кога се распаѓаше таа држава во која за првпат бевме признаени како народ, сите братски народи се отцепија и прогласија независност, а ние пак останавме меѓу последните. До последно се колебавме што да сториме. Дали да тргнеме по патот на независноста или да продолжиме во раскантаната и преполовена композиција во која останаа само Србија и Црна Гора. Сепак, на крајот, како да се срамиме од поголемиот брат Србија и некако со пола уста прогласивме независност, која немаше да се случи ако на референдумското ливче не стоеше она, парафразирам: „гласам за независност, но со можност за присоединување кон Југославија.“ Некој од македонските тајните служби очигледно добро си го познавал својот колеблив народ па му паднал на памет мудар штос за да го намами и полесно да одлучи  за независност.

            Е, најпосле, барем на хартија, ја добивме и независноста, ама стравот од слобода остана притаен и го манифестиравме секогаш кога беше најпотребно да бидеме храбри и одлучни. Сите од отцепените братски народи влегоа во ОН со уставните им имиња, само ние влеговме со сменето име. Дај што ќе дадеш, не прајме проблем! После, во наредните години, за да ни биде полесно на душата си направивме филм дека сме фактор на стабилност на балканот и „оаза на мирот“. Така ја дочекавме и 2001 година кога бевме физички нападнати однадвор и одвнатре. Тогаш меѓународната заедница и НАТО недвосмислено и пријателски ни порачаа: Драги мирољубиви Македонци, во вашата оаза на мирот, на вашата територија слободно се шетаат терористи, екстремисти и разни нарко-банди! Разбудете се од сонот, од нас имате еден месец, земајте метлата и изметете ја оазата, поточно дворот! Џабе ни порачаа така. После кога видоа дека и за тоа се колебаме, рекоа: Од овие ни народ бидува ни држава бидува, ќе се замешаме оти немаме нерви за уште една долготрајна касапаана на Балканот. Ко се колебаат, тогаш нека ја делат државата со терористите! Јеби га! И најпосле, двете страни ќе ни се клањаат нам!

            Следуваше референдумот против новата територијална поделба на општините. Тогаш против гласавме околу 450000 луѓе. Се знаеше дека референдумот нема да успее, зашто поделбата беше договорена уште во 2001 со Охридскиот договор, со кој Македонија потпиша неформална окупација на дел од својата територија и ја отстапи на оние против кои војуваше. Затоа беше потребна новата поделба на општините, за да се исполни ветеното од договорот во Охрид и Албанците да добијат територии каде ќе воспостават речеси парелелни државни институции и власт. Ех само да знаете колку е денес лесно тие општини да прогласат непослушност кон централната власт и да се одметнат, да кренат востание или бунт. Доволно е само Груевски да каже: Доволно ми се оние 63 пратеника што ги добив на изборите, такашто, не ги љуљам ни Тачи ни Али! Со нив не правам коалиција!

            Тогаш големи мои патриоти ќе сфатите колку е слаб и зависен вашиот Пастир и дека, кога би рекол такво нешто за миг ќе се вратиме во 2001 година, само што овој пат ќе останеме без пола териториј,а на која пак, ќе живеат само триесетина проценти од сите Македонци. Другите ќе отпатуваат, кој на оној свет, кој беглец на печалба. Затоа да се паѓа на неговите шашми за големомакедонштината која не трпи уцени од Албанците е знак на крајна неупатеност, неукост и заслепеност. Албанците се тие кои во моментов се главен фактор за стабилноста на Македонија, сакале ние тоа да го признаеме или не. Пастирот може да им се заканува и да ги плаши само Македонците, но не и Албанците. Тие тоа многу добро го знаат за разлика од стотиците илјади Македонци кои ја проголтаа онаа предизборна лага на Пастирот дека доста му е од албанските уценувачи и негови партнери во власта.

            Ако. Набрзо, гласачите пастирови ќе се разбудат од трансот и ќе го фатат уште еднаш во лага, а потоа ќе се разбудат и од сонот за економските успеси на владата, сега кога ќе почне да се стега јамката околу нивниот џеб. На адреса на владата на Пастирот веќе почнаа да стигаат за наплата старите камати, иако неговиот кум Ставре, свесно одбива да каже дека се тоа само каматите, а главнината на старите долгови и понатаму останува нечепната. За тоа време пак, се прават нови и нови задолжувања.  Во таа смисла како и за сѐ друго, пак ќе бидеме последни и големата економска криза за нас допрва следи. Ќе има многу отпуштања од работа и ќе има нови даноци кои дополнително ќе го испразнат џебот на Македонците.

            Го заслужуваме тоа, бидете сигурни, зашто секогаш поважно ни беше спокојството од слободата сами да одлучуваме за нашата судбина. Пастирот и оваа власт се типична материјализација на нашиот страв од слобода. Поради тој страв овој народ не само што не успева да ги препознае неговите вистински непријатели, туку честопати во душманот гледа пријател. Тој мазохизам, тоа уживање да се биде цицан и силуван без престан, полека станува наш македонски бренд. Европските и светски медиуми веќе наголемо и поодамна пишуваат за нашата демократија како за близнак на Белорусија, а на табелата за слободата на медиумите сме на чекор од  категоријата земји со целосно неслободни медиуми. Од таа категорија нѐ делат само три бода. Во меѓувреме, мува не нѐ лази. Патирот ни е супер и сите сме супер. Е па нема уште долго. Кога сме неуки, заслепени и исплашени, ќе мора лекциите и понатаму да ги учиме на потешкиот начин, со страдање. Оти онаа работа отпозади до крај и душа во рај, тоа не може! Ниту било, ниту ќе биде! Амин!  

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ

ТОА ГО РЕЧЕ ПЛАТОН, А НЕ ЈАС!


[Image: 333btar.jpg]
Да не го дрвам и јас околу регуларноста на изборите кои останаа зад нас, одма ќе кажам, тие не беа ниту фер, ниту слободни, ниту регуларни. Не беа фер затоа што на кандидатите ни одблизу не им беше овозможен рамноправен третман во медиумите. Во денешно време кога сликата и рекламата се најмоќните оружја за создавање разни потреби и желби кај конзументите, да му се одземе некому рекламното време за да се претстави себеси или својот производ, значи истиот тивко да се збрише од пазарот. Без телевизиски медиум зад себе стануваш неконкурентен. Губиш. Џабе беа укажувањата на разни странски и домашни авторитети, особено по првиот круг на претседателските избори, дека опозициските партии добиваат катастрофално малку рекламен простор на националните телевизии за да ги претстават своите партиски програми и кандидати. Џабе беа и забелешките за непринципиелната пристрасност на тие телевизии кон владеачките партии и нивните кандидати. Власта едноставно реши да ја обезоружи опозицијата, па потоа да ја пушти во рингот како топовски месо. Сликовито да се изразам, тоа е исто како сега Грција да реши да ја нападне Македонија од воздух, кога веќе знае дека немаме никаква противвоздушна одбрана, ниту пак современи ракетни системи за да го одбијат евентуалниот напад. Знаете што ќе биде ако го нападнат Скопје со ескадрила фантоми? Касапаана. Еден споменик нема да остане, а жители такуѓере.

[Image: 10307006_10152347224607180_2094637156_n....e=536466B7]
Изборите не беа ниту слободни, затоа што евидентни беа притисоците на гласачите од страна на владеачките партии. Од поткуп со фалшиво брашно полно мушички или во кеш од 500 до 1000 денари, преку уцени, до застрашувања и закани за губење на работните места. Да не правиме муабет за оние други нерегуларности како гласачката екскурзија на селаните од Пустец низ гласачките места во Македонија, потоа, случаите на семејно гласање, гласно прозивка на гласачите на некои гласачки места, евиденција на гласачите во непосредна близина на гласачките места од страна на личности кои не се назначени од ДИК да го прават тоа, а имаше и случаи кога гласаа луѓе кои живеат на непостоечки адреси или во фантомски влезови на некоја зграда. Трагикомично.

Затоа удирањето во гради на победниците и оние илјадници „благодарам“ кои Ѓорчев ги испрати секаде каде неговите победија, беа полни со цинизам, но и со добро прикриена горчина дека се победи на истиот начин како што се владее, по пат на сила. Себично е тоа што заради нивното континуирано насилство, сите ние допрва ќе испиеме уште безброј чаши пелин. Не заборавајте, многу големи финансиски скандали кои паднаа на главите на најмоќните луѓе на владеачката партија, најверојатно ќе останат нерасветлени во наредните години, но секако ќе бидат тригер за придвижување на некои други механизми низ кои ќе се манифестира правдата, ваква или онаква.

Де факто, никој не нѐ тепаше по раце кога заокружувавме зад параванот. И никој со сила не ги натера неодлучните да останат неодлучни и да не гласаат. Така, мнозинството од оние кои гласаа, одлучи. Си ја сака оваа власт и ваквата Македонија. Платон бил во право кога по смртта на Сократ рекол дека демократијата не е добра зашто честопати ѝ допушта на толпата да одлучи, а толпата за Платон е неразумна, необразувана и како таква, полезна за секаков вид манипулација. Повторувам, ова не се мои зборови, туку на големиот Платон, па сега вие, пред да изплукате некого кој зборува дека Македонија со ваков лесно подведлив народ нема никогаш да доживее благосостојба, сетете се дека тоа веќе го кажал еден брилијантен ум пред него и не ложете ја кладата. 

Во една од минатите колумни напишав дека да бев на местото на Пастирот ќе посакав пораз на овие избори, нели, под услов никој да не ми ја извадеше онаа афера за поткупот од Газда Нини. Но, Пастирот избра победа која според мене, ќе се покаже за горка еден ден. Затоа исправно е да му се остави да владее сам. Опозицијата направи фатална грешка кога пред неколку месеци, послуша одредени свои ментори од Брисел и избра да излезе на локалните избори. Да не излезеше, Пастирот денес немаше да турка нов мандат. Оттука, исправна е нејзината одлука да се врати на ОТПОРОТ и да ги врати мандатите во парламентот, зашто тоа е единствениот начин да се заштити од понатамошното компромитирање, кога веќе чукна часот за носење на најтешките одлуки кои целосно ќе го доведат под прашање патриотизмот, добронамерноста и чесноста на оваа власт. Секое партиципирање во законодавната власт под такви околности неодминливо ќе компромитира секого, без исклучок. И оние во опозицијата и оние кутри чесни поединци од власта кои еден ден, убеден сум, ќе се срамат и каат што молчеле тогаш кога требало да зборуваат гласно и да ги спречат своите претпоставени во нивниот уништувачки поход против својот народ. 

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ