Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ВОДСТВОТО НА ВМРО ДПМНЕ МОРА ДА ПОВИКА НА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ!

Јордан Петровски 16.08.2018

Случувањата од 27.04.2017 година и сите оние кои уследија по тоа јасно укажуваат дека ситуацијата во Македонија во поглед на почитување на Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието е повеќе од алармантна.
Тоа е така е затоа што институциите кои треба да бидат чувари на Уставот и законите не функцинираат. Да потсетам:

„СМК поднесе тужба поради незаконскиот избор на претседател на Собранието до Управен суд! 26.05.2017“

„Поднесена претставка до Уставен суд за изборот на Талат Џафери 10.05.2017“



До ден денешен двата суда не се огласија со пресуда, односно со одлука, иако измина повеке од ЕДНА година!!

ПОДНЕСЕНА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВНИОТ СУД ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА РАСПИШУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМ! 31 јули 2018 година

Левица поднесе иницијатива за оценка на уставноста за одлуката за референдум 08.08.2018


Во двете иницијативи се бара ИТНОСТ од Уставниот суд!! Но од Уставниот суд повтроно молк како и во случајот на изборот на Таљат Џафери!! Тоа што владата веќе наголемо го промовира референдумот и за тоа се трошат БУЏЕТСКИ пари, а решението дали референдумот е Уставен виси во воздух, за Уставниот суд е небитно!

ВМРО ДПМНЕ затоа е должна да ги повика граѓаните на БОЈКОТ и со тоа да пратат јасна порака до демократскиот свет дека промената на власта не ги ослободи институциите на системот! А тоа значи дека институциите се заробени од некој друг, не од формалната власт!! На тој начин ВМРО ДПМНЕ ќе пратат порака дека Дип Стејтот, кој во Македонија како експеримент го инсталира Сорос во сега далечната 1992 година преку својота Фондација отворено општество, останал негибнат! Ќе пратат порака дека од реформите според планот ПРИБЕ нема ми милеметар задвижување напред. Ке пратат порака дека со ова безвластие Макеонија се враќа назад!