Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

РЕФОРМА НА УБК МАЛО МОРГЕН


ЈорданПетровски 27.06.2018

За да ги разбијам лажните надежи на граѓаните дека Заев ке ги исполни условите кои се дадени од ЕУ за давање датум за почеток на преговорите за влез во ЕУ во јуни 2019 година ке пренесам заклучоци на Изврпниот совет на Собранието на СРМ зансостојбите во УДБа, деношната УБК:

 

Службата е централистичко-бирократски систем кој не е склон на промени во менталитетот. Така заклучила Комисијата на Извршниот совет на Собранието на СРМ за испитување на состојбите во органите на државната безбедност во Републиката во 1966 година како производ на аферата „Ранковиќ.“ Во својата истрага, Комисијата понатаму заклучила дека овој систем, „бил изолован, затворен и дезинтегриран“ од претставничките тела на државата, кои „не одговараат никому“; дека се поставувале каконајодговорни, ако не и единствено повикани“ да ги заштитуваат „придобивките“ на „самоуправниот и демократски систем;“ дека иследувањата на СДБ „немале за цел да се утврди материјалната вистина, туку по секоја цена да се докаже сомнението;“ дека „извештаите и другите материјали што се внесувани во досиејата на одделни лица, не само што немаат карактер на безбедносен материјал, туку значат регистрација и завлегување во меѓусебните односи;“ дека „некои работи и дејствија на органите на државната безбедност биле нормирани со правилници, решенија или други нормативни акти, во спротивност со Уставот и другите законски прописи;“ дека „системот и методот на Службата за државна безбедност преставувале најфлагрантни повреди на уставноста и законитоста, тотална контрола на општеството, узурпација на уставните и законските права на граѓаните;“ дека „прислушкувањето на телефонскте разговори било широко ползувано“ и дека е „вршено отварање на поштата на граѓаните;“ дека предмет на обработка на Службата за државна безбедност биле „граѓани од редот на општествено-политички, јавни и културни работници, раководители на стопански организации;“дека Службата назначувала директори во стопанските претпријатија, и ги држела под контрола универзитетските професори; дека „државната безбедност се претворила во механизам на политичка и идејна контрола врз општеството;“ дека во Службата постоела култура на солидарност со соработниците и лојалност кон ресорот; како и она најзначајното дека работниците и службениците на ресорот за внатрешни работи не биле расположени за соработка со Комисијата, како и дека поголемиот број од нив не биле „во состојба да го разберат вистинското општествено значење на ликвидирање на постојната состојба.“


Од овој извештај јасно се гледа дека пред 50 години се детектирани слабостите, односно причините заради кои Тајната Идеолошка Полиција е главниот генератор на кршењето на Уставот, законите, неказнувањето на криминалците , кршење на човековите права и слободи..... 
Изјавата на сегашниот директор на УБК, Горан Николовски, човек кој е скоро 30 години во УБК дека 

УБК беше злоупотребувана 70 години и затоа меѓу народот сме познати како тајна полиција. Целата фама што се крева околу Управата не’ донесе до оваа состојба во која што се наоѓаме денес.“

Јасно говори дека од реформирањето на Тајната Идеолошка Полиција ке нема ништо!! Причина од 1 па до 101  е тоа што луѓето кои го пренесоа од еноумието начинот на работа на Тајната Полиција во повекепартизмот и Самостојна Македонија неможе да ја реформираат Тајната Идеолошка Полиција.
Затоа сум убеден дека Заев неможе да ги спроведе реформите во ниедна свера од онаа што се бара од ЕУ!!