Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

СДБ



Деновиве се води дискусија околу УБК и измените на законот за прислушкувањето, односно за формирање на Оперативно-техничка агенција (ОТА) и реформите во судството, односно за носење на закон за рехабилитација на луѓето кои го кршеле уставот и кои продолжиле службата за државна безбедност да ја користат како Идеолошка полиција иако Уставот од 1991 година гарантирал повекепартизам. 

Повикувањето на некоја анализа или препорака на ЦИА или луѓе од врвот на ЦИА во Македонија беше неприфатливо за луѓето од СДСМ до пред некој месец. Дали тоа е така и денеска, јас сум убеден дека е така. Но за да им дам доказ на Македонците* дека СДСМ само го смениле вокабуларот а размислувањето, односно подготвеноста за вистинита декократизација на Македонија која не е возможна без сериозна реформа на Тајната Полиција и судството ке го пренесам укажувањето на поранешниот шеф на ЦИА  искажано на советување  на преседателите, премиерите , министрите, новомиенуваните директори на тајните полиции на земјите од источна Eвропа кои бараа начин како да се справат со старите структури на тајните полиции, поточно со структурите  на идеолошките полиции, одржано во Софија 1991 година.

Еве ја парафризираната изјава  или советот на William Colby:

Во сите бивши источноевропски комунистички држави во корен треба да се сосечат нивните бивши служби на сигурноста и не само  тоа, туку припадниците на тие служби треба да се отстранат од политичкиот живот, да се отсранат и од  други функции кои имаат поточно кои  даваат  општествена моќ.

Да потсетам, во комисиите кои ги формира владата на Заев за реформи на УБК и Судството се луѓе кои во УБК се од пред осамостојувањето на Македонија, луѓе кои го граделе овој судски систем од 1991 година па навака. Луѓе кои и по динесувањето на новиот устав 1991 година, продолжиле со отворање на досие на Идеолошки и Политичи неистомисленици, продолжиле со НЕУСТАВНО прислушкување. Значи луѓе кои според Villiam Colby не би смееле да учествуваат во политичкиот живот а не да ја креираат работаста на Тајната Полиција и судството! Дали СДСМ ако мојот текст после овој мој текст ке покажат на дело дека советите на ЦИА за нив се добредојдени и ке ги почитуваат??
За да не биде дека само ЦИА размислувала така, ке пренесам и мислење на секретарот на Венецијанската комисија, онаа во која СДСМ има голема доверба, во кое господинот Томас Маркерт вели дека во Македонија и по носењето на новиот устав 1991 година, 

КДРМ*: „Господине Маркерт, дали Комисијата е свесна дека во периодот кој му следи на Устав на РМ од 1991. год. Службата за Државна Безбедност отпочнала да води околу 4.000 досиеа?“
   

Томас Маркерт: „Ова е покриено со кажаното во Параграф 26 и 27 (види подолу) и претставува ‘посебни историски и политички услови’ во уставно општество. Комисијата дава Мислење чија што цел не е да даде пресуда, бидејќи не ѝ се познати сите детали. Оттука следи дека Уставен Суд (на Р Македонија) треба да го примени Мислењето земајќи ги в предвид сите податоци.

 

КРДМ: „Значи при формирањето на оваа Мислење на Комисијата не ѝ било познато дека Службата за Државна Безбедност на Македонија обработувала лица при што се служела со Правилник за Работа кој бил објавуван во Посебен Службен Весник на РМ достапен само до државните органи (меѓу кои и Уставен Суд), но не и до јавноста? Притоа, при водењето на досијеата биле користени мерки како прискушкување на телекомуникациски направи и следење без обезбедување на судски налози. Дали на Комисијата ѝ е познато дека откатко беа отворени досијеата во 2000. год. Јавното Обвинителство не превзеде никакви мерки во однос на кршењето на човековите и уставни права во однос на овие досијеа? Дали ви е познато дека кривичните дела кои биле сторени во водењето на досијеата биле затсарени уште при самото отворање на досијеата, при што оштетените немале можност да бараат законски лек?“

 

Томас Маркерт: „Тука би морал да кажам дека доколку Комисијата била запознаена со овие детали тогаш Мислењето би гласело поинаку, бидејќи во тој случај има смисла за лустрација, и покрај тоа што станува збор за период петнаесетина години подоцна. Сепак, сакам да сме на јасно дека ние даваме општи мислења, и се обидуваме да не носиме пресуди.“

После овие два примера станува јасно дека само наивните можат да веруваат во реформи! Реформи во УБК кои ке ги прават луѓе кои кариерата во УБК ја започнале пред деведесетите или на самиот почеток на деведесетите и сега се поставуваат на раководни места или луѓе кои работеле во УБК.  Ситуацијата и во судството е иста, луѓе кои ги правеа: Уставот, законите, „реформите“, кои доведоа до вакава состојба, денеска пак се  главните носители на реформи во судство. Има една непобитна вистина која гласи:

Тоталитарниот систем ке трае се додека не се расветли минатото, барем она од 1990 па навака, а минатото неможат да го расветлат луѓето од минатото кои беа креатори  продолжението на тоталитарниот југословњнко сиситем!! Затоа на Македонија ѝ е очајно потребно раскинувањето со идеологијата и праксата на луѓето како Фрчоски, Најческа, Калајџиев, Николовска, Аврамовски и редица други кои беа во власта, во образовниот сиситем.

Без прочистување на УБК , МВР, образовните институции, особено Правните факултети, од луѓе за кои постојат непобитни докази дека директно учествувале во попречувањето на демократизирањето на Македонија  невозможна е смена на тоталитарниот систем! 

Поранешниот министер на МВР а денешен реформатор на судството и најгласниот заговорник на амнестија за оние кои заради своите функции се луѓе кои го пресадиле тоталитарниот комунистички југословенски систем и во плурална Македонија и кој бил креатор на неуставните правилници за работа на СДБ во интервју за „Утрински весник“, пак, ќе изнесе изнесе следново:

Вообичаено, сите министри ги одобрувале ваквите предлози. Предлозите што ги расправа таканаречената Kомисија за лустрација во мојот случај (Миле Неделковски, Димитар Црномаров по бугарска линија, владиката Петар по српска и извесен Фејзиу по албанска линија) се оперативни обработки и заведени од мојот претходник, а јас само ги продолжив. Истото тоа го направија и моите наследници. Тоа е нормална работа - ќе рече Фрчкоски.

Изјавата  на Фрчкоски е признание за неговиот злостор!!  Тој вели:

јас само ги продолжив. Истото тоа го направија и моите наследници. Тоа е нормална работа - ќе рече Фрчкоски.

Значи Фрчкоски и покрај тоа што е донесен новиот Устав, тој пишувачот на Уставот не го почитувал Уставот. Уставот кој го регулира прислушкувањето, односно забранува било каква форма на следење на комуникации без судски налог е донесен на 17.12.1991 година, Фрчкоски е првиот министер на МВР што работел според тој Устав!! Неговиот предходник Ј. Мијалков загина во сообраќајна несреќа само еден месец по донесувањето на новиот Устав. Фрчкоски  според негово сопствено признание потпишал ијадници НЕУСТАВНИ решенија за прислушкување на лица чии прогон бил отпочнат 1992, 1993, 1994, 1995 година.

Искреноста во намерата да се направат реформи најдобро се гледа во тоа дали се прифаќаат искуства од држави каде што успешно е демонтиран комунистичкиот тоталитарен систем. Од скенираното се гледа една од мерките кои ги спровела  држава за да успешно го спроведе раскинувањето со тоталитарниот комунистилчки систем, па просудете сами колку ке се успешни реформите во Македонија кога ке се согледа составот на комисиите за реформи!!

 


Главната цел на виновниците за реинсталирање на тоталитарниот југословенски комунистички сиситем во Р. Македонија и после донесувањето на новиот Устав и воспоставување на повекепартизмот инсталирани во Комисијата за реформи на судството е да го амнестираат сопствениот злостор. 

Работната група констатира дека штетните последици за лицата кои беа жртви од овој закон (познат како Закон за лустрација), остануваат и денес.
Заради нивна општествена рехабилитација, како и заради заштита на нивниот личен интегритет и достоинство ќе биде воспоставен правен основ за поништување на мерките преземени кон нив.

Каква е таа лустрација во која ги немаше жртвите, каква е таа лустрација во која им беше оневозможено на жртвите задоволување на правдата да бараат во единствената институција за оценување на тоа дали некој е невин или виновен и која ако лицето е виновно му одредува казна, која според важечките закони во Македонија за такви дела е од 5 до 10 години затвор! Дека неказнувањеето на злосторот кој го направија луѓето кои го водеа МВР, СДБ, политичкиот врв на СДСМ кој беше идеолошки креатор на таквите закони не е пропуст на поеднец говори фактот што после отворањето на досиеата 2000 година , Републичкиот Јавен Обинител не покрена постапка по службена должност за процесуирање на и судска постапка против лицата кои биле носители на тие дејаниа. За неказнувањето на злосторот голема ако не и еднаква вина како и луѓето од МВР, СДБ и врвот на СДСМ имаат и  Хелсиншки комитет, ФООМ и уште неколку други НВО а и „експерти“ по човекови права кои не застанаа во одбрана луѓето чии човекови права и слободи биле кршени, што нели е нивна основна дејност!  Тоа говори дека  законите за лустрација на владата на Грувески не беа наменети за исправање на неправдите и казнување на злосторниците, туку беа комунистичка пресметка , неброено пати видена од 1945 па до денеска. 

Да се вратам на барањето на дел од членовите на комисијата за реформи на судството дека „лустрираните“  претрпели штетни последици од „лустрацијата“ а кое мислење по се го прифатиле и оние кои во комисијата членуваат а не ја познаваат доволно проблематиката или пак нивните демократски капацитети се креирани од нивниот комунистички менталитет. Ваквиот закон ако биде донесен ке биде само продолжение на злосторот на „лустрираните“, сега само со вовлекување на нови соучесници со кои тие сакат да го покријат својот злостор. Ако Р. Македонија продолжи да опстојува каки држава ке мора да дојде ден кога ке созреат демократските сили во државата и тие сили за да ја демократизираат државата ке мора  како и секаде во демократскиот свет да ги судат оние кои се виновни за продолжение на тоталитарниот ситем во Макеонија, затоа оние кои во комисијата се со недоволно познавање на проблематиката не ке е лошо да подразмислат за тоа што и како ке прават околу „реформите“ на судството.
Ако новата власт се придржува на најавите на врвините луѓе на СДСМ во предизборието дека ке спроведат лустрација според Резолуциите на Советот на Европа:

 

Тогаш најнормално е во реформите на судството да се имплементира  член 7 од Резолуцијата 1096!

Во кој се вели:

-”Собранието исто така препорачува, казнивите дејства што биле сторени за време на комунистичкиот тоталитарен режим да се гонат и казнуваат врз основа на општоважечките казнени закони. Доколку тие предвидуваат застарување на одредени злосторства, рокот може да се продолжи, бидејќи се работи за процедурално, а не за содржинско значење. Доколку донесувањето и употребата на ретроактивни казнени закони е забрането, но дозволено е судење и казнување лица за дејства или пропуштања, кои во време на сторувањето не биле казниви според домашното право, казниви се во согласност со општите начела на правото на цивилизираните народи. До толку повеќе; доколку лицето ги прекршувало човековите права, неговиот приговор дека само извршувал наредби не ја исклучува ниту противправноста, ниту неговата индивидуална вина”


Со имплементација на членот 7 ке се оневозможи досегашната праксата на судовите да кога беа покренувани кривични пријави против потписниците на неуставните решение за следење, прислушкување  ги отфррлаат заради застареност. Со судските процеси ке се утврди дали носителите на функции кои денеска велат дека биле жртви на законот за лустрација или пак таквиот закон им овозможил да не бидат казнети соодветно за своите злостори. Таквите процеси ке  ја откријат вистинската моќ на Тајната Идеолошка Полиција! Ќе откријат за чии интереси работела Тајната Идеолошка Полиција, ке откријат каде се „украдните“ пари, ке откријат кој доделувал титули на газди во приватизацијата, ке откријат каде милијардите од шверцот на цигари, дрога, оружје ...

Има едно правило по кое најлесно се доаѓа до вистината а тоа правило вели следи ги парите и се ке дознаеш. УБК покрај парите од буџет се финсира и со средства врз кои нема контрола ниедна институција на државата. тие средства УБК сама ги обезбедува и тоа од нелегални извори-шверц!! 

 

 

 

бидејки таквите луѓе посочуваат каде е проблемот членовите на комисијата за реформи на УБК бидејки незнат скоро ништо за работењето на УБк лесно паѓаат во стапицата и прослушкувањето го сметаат како единстев и најбитен за злопутребата на УБК од власта.

 

 

 

 

 

Македонците* сите луѓе кои поседуваат Македонски пасош, државјанство се Македонци!