Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НА МАКЕДОНИЈА НЕ Е ВИНОВЕН ЏЕС БЕЈЛИ, ТУКУ МАРШАЛ ТИТО

 

Пишува Душан Петровски

29.11.2017

 

Република Македонија во своето државотворно минато нема Јулие Цезар, Октавиан Август, или Маркус Аврелиус, туку има Калигула, Комодиус, и Неро. Таа е таму каде што е затоа што наместо да ги колне и плука овие паразити, таа ги величи и слави.

На денешен ден, 26 години по распадот на крвничкото здружение наречено Титова Југославија, кога наместо Македонија да врви по својата патека на напредокот, многумина сѐуште го слават ликот и делото на Балканскиот Калигула. Слепците коишто го слават сељакот од Кумровец се луѓе од негов калибар: простаци, полуписмени кретени, и ситни преваранти симнати од планина кои станаа општествен крем накитени со академски титули благодарение на, првин фашистичките а потоа и сојузничките пушки, митралези, и шмајзери коишто, наместо да бидат користени за борба против окупаторот, биле складирани за конечната пресметка со „домашниот непријател“ по германското повлекување.

Пред да бидат против Фашистите/Нацистите, Комунистите биле со нив.

'Мајкл МекКонвил, „Мала војна на Балканот: Британско воено делување во завојувана Југославија, 1941-1945“ (стр. 23). Дискутирајќи ја улогата на Михајловиќ во воспоставувањето на првото отпорничко движење во Југославија, МекКонвил пишува: „На 11 мај 1941 година, кога Павелиќ сѐуште ги довршуваше своите подготовки за геноцид во Хрватска, и Тито, агентот на Коминтерната, не работеше ништо да го попречи германскиот окупатор зашто тие беа ортаци во Нацистичко-Советскиот пакт, Михајловиќ пристигна во Равна Гора кадешто го смести својот генералштаб.“'

Да не се чудиме зошто после 26-годишна независност Македонија сѐуште талка во мочуриштето на светскиот поредок. За тоа не е виновен ниту Џес Белји, ниту Кристофер Хил, ниту пак ќе биде Хојт Ли. За тоа е виновен секој малодушен кодош што соработува со Службата. А таквите, за жал, ги има премногу. Тоа е аманетот оставен од нарцисоидниот провинцијалец кој сонувал да биде принц, Јосип Броз Тито.