Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ПОДАНИЧКИОТ, СОРАБОТНИЧКИОТ МЕНТАЛИТЕТ

Деновиве прочитав неколку текста кои најубааво го отсликаа менталитетот на македончето и тоа е причината да го напишам овој текст.
Првин ке ја споменам одата напишана од професорката Мимоза Ристова а посветена на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи со наслов Правдата што извира од очите на Фатиме Фетаи  во кој госпоѓата Мимоза ке напише:

И кога ќе чујам искомплексирани чеда грешни овоземни, премачкани со смрдеата на 7 смртни гревови, како се дрзнуваат да нападнат една сериозно професионална жена (нема да ја фалам колку е згодна и паметна) само поради периферни и ирелевантни за правдата, детаљи, јас сакам да се исповратам. Од злоба и тенденциозно се обидуваат да ја снижат, небаре така ќе бидат поголеми во сопствените очи. Тие грешници од петни и од други жили се кадри да и изнајдат микроскопска прашинка на трепавиците за да ја распнат на крст.

Тие дрски морализатори треба да сфатат дека Фатиме во оваа држава да смее да биде роб на лажните морални кодови создадени од тешки грешници. Ајде да ве видам, кој не грешел нека го фрли првиот камен. А каде згрешила, оваа еманципирана и професионална жена, ви се молам?? Има ли таков што ќе каже каде згрешила???? Да ве чујам???

Да се брани односно докажува професионалноста на госпоѓата Фатиме со одбрана на работи кои госпоѓа Фетаи ги прави во приватниот живот, „ѓускање“, еманципирноста а да с одмолчуват пропустите кои ги направи досега СЈО на кое госпоѓа Фетаи е дел : необновувањето на истрагата за случајот Мартин Нешковски, необновувањето на истрагата за случајот „ШПИОН“, молкот за сериозните индиции дека СДСМ , односно Заев не ги предал сите прислушкувани разговори е сериозен знак на поданичкиот менталитет. 
Одата на госпоѓата мимоза ке ја сватев како пон погодок ако госпоѓата Фетаи кренала глас против овие сериозни пропусти на СЈО и ако тие пропусти не биле исправени поднела оставка.

Вторито пример со кој ке го опишам поданичкиор менталитет е дискусијата која се разви на фб страницата на ЦИВИЛ а во врска со мојата реакција на колумна на господинот Џабир Дерала

Третиот пример е од една дискусија која ја водев со мој пријател која ја водев на ФБ. Тема на нашата дискусиа беа „РЕФОРМАТОРИТЕ“ кои ЌЕ го реформираат ВМРО ДПМНЕ.

Затоа, малку трпение, оти барајки се преку ноќ , можеш да изгубиш од можноста твојата информираност , добронамерност и желба за демократизација на РМ да ни биде од помош. Да не бидеш разбран и одбиен. Дискусијата со П.Богоевски на тоа укажува.