Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ДАЛИ ЗАЕВ СЕ РАДОЛЖУВА НА КРТОВИТЕ ИЛИ ЦЕНТАРОТ НА МОЌТА ГИ НАГРАДУВА СВОИТЕ „СОРАБОТНИЦИ“

 

Јордан Петровски 18.11.2017

Јанко Бачев во текстот ПАРАШПИОНИТЕ ОД ЧЕЛИЧАРНИЦАТА НА МИНЧО објавен 2006 година открива сериозна афера:

Во предизборната 1998 година СДСМ припремајќи се за опозициско дејствување дојде на идеја да формира паралелна разузнавачка служба под негова контрола. Во таа насока, пред изборите во 1998 година дојде до привидното "збогување" со СДБ на лицето Живко Ѓеоргиевски, тогашен началник на моќната втора оперативна управа во тајната полиција. Тој заминува кај Минчо Јорданов во "Макстил", инаку актуелен вицепремиер во владата на Бучковски. Во "Макстил" "старите пријатели" од времето на УДБА ја договараат реализацијата на веќе дефинираната стратегија за формирање паралелна разузнавачка служба, која на општо задоволство уште тогаш ќе биде формирана

Од аспект на поставеноста на средствата и методите на работа, ова служба во ништо не се разликува од дејствувањето на класичните разузнавачки служби. Има свои оддели за тајно следење и набљудување, за оперативна работа и аналитика. Се работи за мошне мобилна служба, организирана на прицип на база и станици и во овој контекст да спомнам дека имаат база сместена во една здравствена организација, и две станици стационирани во два стана. На теренот како и секоја разузнавачка структура прибираат најразлични оперативни податоци за свои потреби. Интересно е тоа што за време на т.н. владеење на ВМРО-ДПМНЕ, вмровската власт беше контролирана и приклештена помеѓу две разузнавачки структури-онаа легалната СДБ, која Владата на ВМРО-ДПМНЕ божем ја контролира, и веќе спомнатата паралелна служба. Инаку оваа паралелна служба, како и онаа легалната СДБ, по потреба меѓусебно се помагаат во информации, луѓе, мислења и слично. Во прилог на ова, секако е и фактот што во моментот и во МВР и во СДБ знаат и го толерираат функционирањето на оваа вониституционална стуктура. Не е на одмет да спомнам дека во врска со расветлувањето на аферата "Големото уво" вештакот-брат на пратеникот Макрадули-кажа невистина дека само МВР располага со оперативно-технички средства, бидејќи во тоа време веќе функционира спомнатата паралелната разузнавачка структура, а немаше наод и мислење на спомнатиот вештак и за ова т.н.служба.

Што ме натера да се присетам на овој текст и да напишам неколку збора за одредени сомнежи кои се појавија кај мене после аферата „ПУЧ“ или „БОМБИТЕ НА ЗАЕВ“?  Во дебатни емисии  стручни луѓе го објаснија целиот процес на работа на ПЕТАТА Управа и од тие објаснувања стана јасно дека телефонските компаниии се битниот дел во прислушкувањето. И од тука тргнаа прашањата за кои немав одговор!

Ако без Телеком не е возможно прислушкување како тогаш оваа пара-ПЕТА управа која била во склоп на ПАРАШПИОНИТЕ НА СДСМ можела да работи освен ако и таа тоа не го правела преку Телеком!!

Од тука произлегуват две клучни прашања за мене!

Директор на Телеком во период 1998-2002 година, е Ден Дончев кој е кадар на ВМРО ДПМНЕ! Како и зошто Ден Дончев поставен од ВМРО ДПМНЕ дозволил неговата партија да биде мета на прислушкување од СДСМ?

Директор на ДБК исто така бил кадар на ВМРО ДПМНЕ, а ДБК не успеваат да откријат дека постои паралелен систем за прислушкување кој го користи приватен субјект, СДСМ и тоа покрај техниката со која располагаат и обрската која ја имаат!

Доста Димовска која била министерот на МВР исти така бил кадар на ВМРО ДПМНЕ?

[Image: Sestra_Dostic_i_Frle-1.jpg] 


Наследникот на министерката на МВР, Доста Димовска, која даде оставка заради прислушкувањето, односно аферата „Големо Уво“, Љубе Бошкоски, ништо не стори да се открие прислушкувањерто од страна на пара-петата управа на СДСМ.

 
 


Денеска, поточно по доаѓањето на СДСМ на власт тогашниот директор на Телеком и висок тогашен фунцкионер на ВМРО ДПМНЕ, Ден Дончев е поставен за директор на фондот за здравство, кокошката што на партијата на власт и носи златни јајца.

Зар некој ке ја даде таквата кокошка во раце на непроврен човек, на човек кој не се докажал со својата верност кон СДСМ??

Се шпекулира дека и Љубе Бошковски кој ја превзеде функцијата министер на МВР по аферата „Големо Уво“ ке стане министер во сегашната владата на СДСМ!

 

 

И последното прашање: со што ке биде награден тогашниот премиер на владата и председател на ВМРО ДПМНЕ, Љупчо Герогиевски за непокренување на расчистување со афератите „Сина Птица“, „ДУВЛО“, „ТЕМЕЛ“, „БУГАРСКАТА АМБАСАДА“ и така да открие дека Тајната Идеолошка Полиција во Македонија работела исклучиво за интереси на СРЈ, односно Србија.

Зар имаше полесен начин да се открие центарот кој на ВМРО ДПМНЕ му ја лепи бугарштината од истрагата и судскиот процес за аферата „БУГАРСКА АМБАСАДА“. 

Аферата „Бугарска амбасада“,  е обид на СДБ во 1997 година,  да обезбеди лажни докази дека ВМРО ДПМНЕ го финсира државата Бугарија.
Дел од мое сведочење објавено во неделникот „ДЕНЕС“ во мај 1998 година, сведочење за кое до ден денеска владее молк. 

Бидејќи во случајов се работи за личност која е блиска кон ВМРО-ДПМНЕ-овската опција, можната конструкција, доколку не се работи за самоволие и злоупотреба на службена должност, е ‘полициски’ јасна. Преку евентуалното воспоставување ‘дипломатска’ врска за наплата на побарувањата на Петровски од бугарскиот партнер се гради солидна конструкција за предеизборната кампања и познатите, веќе чуени тврдења дека ВМРО-ДПМНЕ се финансира од Бугарија.

Љупчо, Љубе и го знаеа ова. Љупчо го знаеше уште од времето кога оваа се случуваше, а Љубе откако ВМРО ДПМНЕ дојде на власт и тој доби функција во МВР. Јас ги информирав!! Дека тоа што сум го зборувал е вистина можеле да добијат доказ од моето досие , во кое стои:

По наша иницијатива Петровски прифати да побара помош и од бугарската амбасада во Скопје.

Денеска Љупчо зборува дека Груевски ја извршил србизацијата-југословенизацијата  на ВМРО ДПМНЕ!! Да го потсетам Љупчо на петицијата од 139 Кумановци кои во 1998 година кренаа глас против правењето на  СРПСКО-КРИМИНАЛНО ВМРО, на кое темелтите беа удрени тогаш во 1998 година. Гревски е само продолжувач на таа политика, затоа и беше избран од Љупчо да го наследи.
Се надевам дека именувања кои ги прави Заев со „проверени“ кадри на вмро ДПМНЕ сега, именувањата на Михајло Маневски, Силјан Аврамовски, Ставревски, Јанакиевски кои ги направи Груевски, именувањата и коалициите кои ги направи Љупчо се потврда дека центарот на моќта никогаш не бил во владата и во премиерите. 
За спас и демократизација на Македонија мора да се уништи центарот на моќта, а тоа е Тајната Идеолошка Полиција!