Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

РЕФОРМАТОРИ ПРОТИВ УЗУРПАТОРИ !!

 

 

 

Злате Мирчевски 16.08.2017

Се вжешти битката внатрепартиска во ВМРО-ДПМНЕ. Од една страна има реформатори,членови на ВМРО-ДПМНЕ кој бараат измени во партискиот статут кој му дава на лидерот на партијата целосна моќ, букавлно му овозможува да прави што сака, решава, разрешува, дисциплинира итн а пак од друга страна има узурпатори во врвот на партијата кој се кријат зад името ВМРО и десна демохристијанска идеологија и се ова во овие 14 години откако лидер на партијата е Никола Груевски успешно го прават.

За овие 14 години низ партијата продефилираа еден куп комунисти, социјалисти, либералдемократи чиста клиентела за лични и лукративни интереси. Во прилог на ова што го пишувам е и последниот предлог за Ген-Сек на партијата Христијан Мицкоски кој на крај се покажа дека бил член и на ЛДП. А да не пишувам воопшто за новиот И.К, глава ги фркна старите партиски членови. Е ај што врвот на партија е пред С.Ј.О, ајде ете, до сега во Македонија нема партија која владеела а не се огрешиле нејзини членови кои биле на раководни позиции гледајќи го медот на тацна државен, ете сите грешеле ама и сите партии на власт си ставале свој Зврелвски кој ќе ги штити а правдата ќе биде селективна, ама пак од каде идејата курсот идеолошки на партијата целосно да го свртат во ЛЕВО. Русија им стана ѕвезда водилка, Путин им стана ЕЛ-НАЦИОНАЛЕ, на дечките од УМС ринг-тон песни им се хитовите на Цеца и Карлеуша, НАТО организацијата им стана фашистичко друштво, демек дури постоеше Варшавскиот (руски) Пакт ,демек овие беа Грин-Пис, врвна светска демократија, си памтат убаво во Унгарија и тогашната Чехословачка а и во останатите земји членки на тој пакт колку им беше ,,убаво‘‘. Ама забораваат дека ние Македонија бара да се придружиме во НАТО и  ЕУ.

Зошто сегашново раководство на ВМРО-ДПМНЕ не го послуша ,,гласот на нивниот народ,, и не ги повлече барањата за членување таму ? Одеа во Брисел на ,,баци рака,, а овде нивните мегафони го инструираа ,,нивниот народ,, да плукаат по се што доаѓа од запад. Нејсе, за гревовите на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ има уште многу да се пишува, впрочем 11 години да си на власт па неможе да не оставиш било какви траги зад себе. Ако продолжам со пишување, се плашам со овој мој ,,бестселер,, за раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ме стават за директор на С.В.П на местото на Дарко Лешоски. Малку шега од моја страна, се извинувам. Реформаторите се полетни момци, членови на ВМРО-ДПМНЕ, како членови на партија која го има она ,,Д,, во името на партија-ДЕМОКРАТСКА, не прават грев во име на демократијата. Се борат со сите демократски средства што ги имаат на располагање да ја ДОдемократизираат својата партија. Центарот на моќ од врвот на партијата да се префрли кај најниските партиски ешалони, кај обичниот член на партија, на обичниот член на партијата да му се даде шанса да си го одбере оној во своето место на живеење за кој мисли дека најдобро ќе ги преставува во највискиот законодавен дом, Македонски Парламент и оној за кој мисли дека најдобро ќе сработи за неговата општина, дали како советник дали како градоначалник. Бараат само измени во статутот партиски. Од демократска гледна точка, момци ама ГРЕВ НИКАКОВ ОВДЕ НЕМАТЕ!!, згора на се, не се закануваат ако не успеат дека ке прават нова партија  и така пак по старата УДБАШКА пракса ке настане уште едно ВМРО , ВМРО кое ке откине некоја илјадарка гласачи. Оној кој ќе ви се спротивстави а патем ќе каже дека и е голем демократ, советувајтего и кажетему ја дефиницијата на Абрахам Линколн што е ДЕМОКРАТИЈА ? А според Абрахам Линколн демократија е ,,УПРАВУВАЊЕ НА НАРОДОТ ,ОД НАРОДОТ И ЗА НАРОДОТ,, а не управување од еден центар на мојќ и од еден човек.