Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ДОДЕКА ГРУЕВСКИ ГИ ИМА ГЛАСИЛАТА ФИНСИРАНИ ОД МИЛЧИН ЗА “ПРОТИВНИЦИ“ ТОЈ ЌЕ ВЛАДЕЕ ДОДЕКА МУ СЕ САКА

25.03.2017 Јордан Петровски

Гласилата на Милчин во обид да попречат дискусија околу изјавта на Бујар Османи дека предлог на ДУИ за Председател на Парламентот е Талат Џафери пласиираа “трмонуклерана бомба“ :

 

 

Вајгл: Груевски ни рече дека ќе оди до крај, бидејќи не му се оди во затвор

 


Европратеникот стравува дека во Македонија се можни најцрни сценарија.


ПлусинфоПЛУСИНФО ● 19:31 24 март 2017 ● Прочитано 34453

Ситуацијата во Македонија е многу сериозна, но сè уште не е крајно алармантна, изјави денеска Иво Вајгл, член на Европскиот парламент, кој пред неколку дена беше Скопје, каде што го придружуваше европскиот комесар за добрососедска политика и проширување, Јоханес Хан и групата на европските пратениците.

- Секој ден нешто се случува. Сега тие во парламентот се согласија за Комисијата за изборни именувања. Оние кои треба да формираат влада дозволија претседателот на Комисијата да биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, така што ова е знак на толеранција - изјави тој за новинската агенција Анадолија, цитиран од Ал Џезеира.

- Најкарактеристична е, сепак, изјавата која ни ја даде Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој сподели дека тој ќе оди до крај, бидејќи не сака да оди во затвор. Ако тоа е мотивот, тоа значи дека долго време нема да има компромис - вели Вајгл.

Европратеникот вели дека оние кои имаат мнозинство, предводени од СДСМ, сега имаат уште една опција и додава дека главните настани се на улиците.

- ВМРО-ДПМНЕ бескомпромисно ги повика луѓето на улица и тие парадираат, а и они со нив. Се плашам дека ова нешто на улиците може да ескалира, но не може да се предвиди тоа. Не сакам да зборувам за најмрачните сценарија, сепак, таму се можни. Секој ден се повеќе се поттикнува омраза против Албанците. Најверојатно другата страна го прави истото. Албански јазик не знам, па не можам да ги следам нивните медиуми - вели Вајгл.

 

При пласирањето на “термонуклеарната бомба“ “вистинољубивите“ аргати на полициско политичкото подземје кои глумат навони противници на Гревски заборавија дека ниедна лага не трае вечно а пак денеска во време на интернет и на можноста информацијата во ист момент да биде достапна на секој дел од земјината топка, само луд човек ке верува дека лагата ке опстане долго и ке донесе корист на тој што ја смислил и пласирал. Затоа неможам да верувамм дека во пласирањето на оваа лага немало умисла да се сруши имиџот на опозицијата, и таа опозицијата  да биде прикажана дека не се разликува од Груевски. Само луд човек или човек со свесна намера некому да му наштети  ке посегне по лага како оружје да гради имиџ на чеснот, правољубивост на некој политичар или на некоја партија.

Демантот од Вајгл стаса експресно: 

 

Вајгл демантира: Никогаш не сум рекол ништо за Груевски и јас никогаш не ја редуцирам вината на одредено име

 

Известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, денеска во изјава за МИА демантира дека тој за некој медиум изјавил нешто во врска со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ниту дека пренесувал нешто што Груевски му го кажал нему при нивната последна средба во Скопје.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во телефонски разговор од неговата родна Словенија, Вајгл негираше дека воопшто споменувал некого индивидуално во однос на македонската политичка криза, камоли дека, според пишувањето на некои медиуми, тој пренесувал што Груевски нешто и некогаш му кажал на него.

– Јас како човек никогаш не персонифицирам одговорност и не се плеткам во македонската политика со прозивки на некои имиња и луѓе. Јас не знам да ја редуцирам вината на некое одредено име. Јас не зборував за тоа. Јас зборував за тоа што и претходно го кажав за Нова ТВ (интернет сајт, н.з.), а се разбира тоа е дека Македонија мора да ја доживее својата катарза на сопствената политика и патот за натаму е и преку тоа што го прави Специјалното обвинителство. Доколку се утврди низ правосудството, дека постои некаква индивидуална одговорност на било кого, тогаш тој се разбира дека ќе мора во правната држава за тоа да сноси консеквенци, дециден е Вајгл во телефонска изјава за МИА.

На прашањето дали тој лично во некоја изјава или интервју го споменал поранешниот премиер Груевски и нешто што наводно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му го кажал лично, словенечниот европратеник децидно негира.

– Не, не сум зборувал такво нешто. Никаде не сум кажал такво нешто за некого лично, демантира Иво Вајгл.

Известувачот за Македонија во Европарламентот, за крај посочи дека се што тој лично изјавил е кажано директно во микрофон или на телевизија и дека истото е јавно и достапно. Но, според Вајгл, тоа нема директна врска со тоа што некои медиуми го пренеле како негова наводна изјава.

– Се што јас сум кажал и што директно сум го кажал и на телевизија, тоа е се јасно и достапно. Јас стојам на мислењето дека останувам во однос на внатрешните разлики во Македонија на неутрално ниво – завршува Иво Вајгл.

Лажната вест ја пренел и пораталот  ПЛУСИНФО и таму таа вест е прочитана скоро 35 илјади пати, 35 илјади луѓе ПЛУСИНФО успеал да излаже. Јас сум убеден дека барем 1% од тие 25 илјади луже во знак на револт на следните избори нема да гласа за СДСМ. Колку вакви лажни вести пласираат порталите кои наводно се проопозициски, вести кои само му нанесуваат штета на СДСМ.