Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ДАЛИ ДУИ НАВИСТИНА ГО ПОДРЖУВА СЈО

 

Јордан Петровски 24.03.2017

Најголем проблем во Македонија е краткото паметење!! Ако не беше краткото паметење лагата на ДУИ дека СЈО било проблем за коалицирање со ДПМНЕ немаше да трае ни 5 минути ама краткото паметење, “вистинољубивите“ гласила и новинари го дадоа својот придонес лагата да опстои скоро три месеци со тенденција да остане трајна вистина.

За да го освежам сеќавањето на оние кои наседнаа на манипулацијата пласирана од кујната на ДУИ ке пренесам два текста. Едниот  текст емизјави на Талат Џафери, кандидат за председател на Парламентот: 

 

Талат Џафери: Катица ни под разно не може да бара измена на закони

Талат Џафери

Дали ДУИ бара изговори за да не ја поддржи работата на Специјалното обвинителство преку блокирање на измените на законот за заштита на сведоци?

„Обвинителката ни под разно не може да бара измени на законите, бидејќи не е надлежна за тоа. Може да бараат тие што се надлежни за тоа“.

Вака за НОВА, Талат Џафери од ДУИ ја коментира изјавата на Јанева, која вчера апелираше до законодавниот дом да ги донесе измените на законот за заштита на сведоци кои ги поднесе СЈО. Обвинителката изјави дека измените се клучни за нивната работа, за да може оваа институција да навлезе во сржта на предметите за Мартин Нешковски, „Монструм“ и „Сопот“.

На прашањето дали ДУИ ќе ја поддржат иницијативата на Јанева, со оглед на тоа што јавно велат дека целосно ја поддржуваат работата на СЈО, координаторот на пратеничката група на ДУИ, Џафери, вели дека треба да се разделат две различни работи кога се работи за нивната поддршка на оваа институција.

„Една е поддршката за СЈО според законот кој е изгласан. А друго е тоа што формално како барател не може да се појави СЈО. Иницијатива може да има секој. А предлог е друго. Предлог за измени може да поднесат 10 илјади граѓани. Не сум добил таква иницијатива како координатор на пратеничката група на ДУИ. Кога ќе ја добијам, тогаш ќе коментирам дали ќе поддржиме“, вели Џафери за НОВА.

И покрај тоа што уште пред неколку месеци Специјалното обвинителство побара измени на овој закон, кој треба да ги засили ингеренциите на обвинителството при заштита на сведоци, засега партиите немаат голем интерес за изгласување на иницијативата.

 

 Вториот текст се резултатите од гласањето за продолжување на мандатот на СЈО:

 

Кој гласаше против измените на СЈО а кој потфрли во своите ветувања

 

Сите од владејачкото мнозинство кои гласаа против измените во Законот за заштита на сведоците гласале и против продолжувањето на рокот на СЈО, плус пратеничката Весна Пемова, додека Солза Грчева, Реџаил Исмаили, Мирсада Емини-Асани, Мирван Џемаили, Селвије Салиу, Шпреса Хадри, Муса Ибраими, Талат Џафери, Ејуп Рустеми и Тоза Топузова-КАревска биле присутни но не гласале.

stenogram3

За да ме демантира ДУИ и господинот иден председател на Парламентот, се надевам дека во понеделникот кога би требело да биде избран во продолжение на таа седница откако ке седне на председателското столше ке предложи како прва точка на работа на новиот Парламент изгласување на законот за ЗАШТИТЕНИ СВЕДОЦИ и ЗАКОН ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА СЈО.