Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ЗБОР—ДВА ЗА ДРУГОТО МАЛЦИНСТВО

 

 

Пишува: Петар Петровски 10.03.2017

 

Деновиве македонското општество е соочено со голема политичка криза, предизвикана од фактот што ниту една политичка партија не освои 61 пратеник, при што би се здобила со можноста да формирала влада, апсолутна влада. 

 

Како капак на оваа политичка криза, доаѓа и толкувањето на Член 90 од Македонскиот Устав, каде што се претпоставува дека нешто се подразбира, кое стана преседан благодарение на настаните од 1991/1992 година, кога председателот Киро Глигоров, на два пати го прекрши Уставот со нераспишување на избори по падот на експертската влада предоводена од Никола Кљусев и двапати го даваше мандатот на СДСМ. Тој  срамен чин, на кој се прекрши Уставот а со тоа се сложи и Уставниот суд, е од каде произлегува најголемата забуна.

 

Во овој тескт ќе го протолкуваме Член 90 од Македонскиот устав кој го вели следново:

 

Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. “ (Наше нагласување)

Формирањето на Влада е процес од неколку чекори.

Но најзначен во моментов е вториот услов мандатот: да се додели партијата или партиите кои имаат освоено мнозинство на мандати. Клучно тука е што Член 90 не говори за мнознинство мандати од вкупниот број на пратеници, што значи дека „мнозинство“ тука се однесува на онаа партија или групација на партии кои настапиле на изборите заедно и кои освоиле најлголем борј на мандати. 

Според парламентарните процедури како во Англија и Канада, мандатот треба да го добие Никола Груевски бидејќи има освоено 51 пратеник, и зошто ниедна партија не влезе во формална коалиција пред самите избори, туку сите настапија посебно. Пост-изборното коалицирање е начелно одбиено од системите на Канада и Англија. 

Мнозинството гласови од вкупниот број пратеници станува релевантно на следниот чекор: прифаќањето на предлог-владата од страна на Собранието. Собранието има два избора: да ѝ даде прилика на предложената Влада да профунционира; или да го одбие предлогот и да предизвика нови Избори.

Според терминилогијата на Вестминстер, ваквиот парламент се вика hung parliament (буквално: обесен парламент), т.е. ситуација каде ниедна партија не го освоила потребното мнозинство од вкупниот број на пратеници (50%+1 пратеник) на изборите,  и во тој случај Предсетаделот е должен да го додели мандатот на таа партија што го има освоено мнозинството пратеници односно најмоногу мандати. Во овој случај според резултатите на последниве избори, мандатарот ќе биде Премиер и Предводник на малцинска влада, исто како што требаше да биде случај и во рана 1991 година.

Тоа значи дека доколку Груевски сака да опстане на власт ќе мора да ги решава проблемите на македонската република, како организираниот криминал, корупцијата и Лустрацијата, прашање по прашање, и за секое од нив ќе мора да се здобива со поддршката на опозицијата. Ако не ги исполни ветувањата дека ќе се справи со тие проблеми, опозицијата има прилика во секој момент да ја стави Владата пред гласање за нејзина доверба.

Најдобар пример се Канадските изборни циклуси од 2006-2011, каде во Канада имаше 3 малцински влади и една мнозинска влада предоводена од лидерот на канадската Конзервативна партија Стивен Харпер. Кога воозбновената Конзервативна партија под водство на Стивен Харпер првпат дојде на власт во 2006, го доби мандатот според тоа што доби просто мнозинство, а не апсолутно мнозинство.

Имено од 1993 до 2006, на власт беа Либералите предводени од Пол Мартин, но во 2004 година се отвори истрага околу скандалот за спозонрирање каде се откри дека државни пари отишле во фирми блиски до Либерлната партија. За балкански услови „скандалот“ шега, бидејќи стануваше збор за грабеж од околу педесетина милиони долари проневерени низ текот на половина деценија. Електоратот сепак ги казни суетните Либерали.

Мнозинската влада спадна на малцинска влада, од 133 пратеника на 103 пратеника. Додека во истата изборната 2004 година, Конзервативната партија од 78 пратеника дојде до 99 пратеника. Инаку истрагата за Скандалот за спонзорирање, ја водеше поранешниот судија Џон Гомери.

Додека новиот Премиерот Стивен Харпер имаше малцински влади во периодот 2006-2011, тие се одржуваа со тоа што беше спремен да преговара и да се договорува со опозоционите партии во самиот парламент, околу законите кои се донесуваа во самиот парламент. Конзервативната Партија, за првпат доби мнозинство во 2011, откако со своите постапки како партија на власт се покажа како зрела на Канадските избирачи поради што ја добија и доверба да формираат мнозинска влада.

Значи, ва што се случува во Р Македонија овие три месеци воопшто не е Уставна криза. 

***

Што се однесува до самото коалицирање, постојат два вида на коалиции на формалини и неформални. Според првиот принцип на формална коалиција, таа коалиција треба да се обзнани пред самите избори, и ако таа колиција добие на избори тогаш коалиционите партнери имаат право да добијат свои министри во идната влада, што е случај во Германија, но не во Канада и Англија. А сето тоа е поради изборниот модел, додека Германија има мешан изборен модел (мнозински со пропорционален, Канада и Англија го користат мнозинскиот изборен модел).

Додека ако се формира некаков пакт да коалиционите партнери не влезат во идната влада, тогаш таа коалиција се вика неформална коалиција, каде партијата на власт за да опстане на власт за времетраење на нејзината власт помалите партии ќе и даваат подршка но без учество на нивни министри.

Во Канадксиот парламент има и такви случаии каде постоеше мировен пакт или пак неформална коалиција, тоа беше случајот во 1974 година, кога Либералната влада предводена од Пјер Елиот Трудо влезе во неформална коалиција со НДП со освоени 31 пратеник, бидејќи разликата помеѓу Либералната партија со освоени 109 пратеника, и  второпласираната Конзервативната партија освоени 107 пратеника беше 2 пратеника., додека за апсолутно мнозинство се потребни 133 пратеника.

Кога на изборите исходот е ваков, со малцинска влада исходот е поради недовербата или неодлучноста на избирачите од понудата на самите партии. Во случајот на Македонија тоа е неперспективноста и отсуството на демократијата во Македонското општество. Но сепак малцинската влада е еден вид на благослов, поради тоа што ја држи власта одговорна, додека мнозинската влада е еден вид на проклетија бидејќи секое мнозинство без некоја проверка е пат кон неодговорност  и тиранија на мнозинството.